КАФЕ ПАУЗА

Tag: растење

  • Како да станете повисоки и да го подобрите држењето на телото за само 1 недела?

    Како да станете повисоки и да го подобрите држењето на телото за само 1 недела?

    Алис Робинсон од Англија тестирала неколку популарни техники и успеала да „порасне“ 1,5 сантиметри за една недела. Таа го истегнувала рбетниот столб и го зголемувала интервертебралниот диск за 1-2 милиметри. Правилното држење на телото исто така може да додаде некој сантиметар на вашата височина.rn

    Како е ова возможно?

    rn(1)kako-da-stanete-povisoki-i-da-go-podobrite-drzhenjeto-na-teloto-za-edna-nedela-kafepauza.mkrnrnВсушност, вие станувате повисоки додека спиете. Дури и 10-минутно лежење на грб додава 5 милиметри височина. Ова се случува поради „смалување“ на ‘рбетот во текот на денот, и неговото враќање во нормала кога сте легнати. Можете издолжувањето да го направите „трајно“ со одредени вежби. Сепак, ако сте ги поминале годините за раст (над 25) нема да има некои зачудувачки резултати.rn

    Возење велосипед

    rn(2)kako-da-stanete-povisoki-i-da-go-podobrite-drzhenjeto-na-teloto-za-edna-nedela-kafepauza.mkrnrnЗа да пораснете додека возете велосипед, наместете го седиштето повисоко, така што ќе мора да ја истегнете ногата за да ги допрете педалите. Но, немојте да го поставите премногу високо бидејќи може да ги оштетите колената.rn

    Висење на шипка

    rn(3)kako-da-stanete-povisoki-i-da-go-podobrite-drzhenjeto-na-teloto-za-edna-nedela-kafepauza.mkrnrnОва е лесна вежба. Не треба да правите ништо, само висете најдолго што можете, и постепено зголемувајте го времето. Оваа вежба помага во зајакнување на мускулите на стомакот и грбот.rn

    Стоење на рамена

    rn(4)kako-da-stanete-povisoki-i-da-go-podobrite-drzhenjeto-na-teloto-za-edna-nedela-kafepauza.mkrnrnВо оваа поза истегнете ги нозете нагоре најмногу што можете. Важно е телото да ви биде под прав агол и внимавајте да не ви „паднат“ нозете, бидејќи можете да се повредите.rn

    Правете ја вежбата „кобра“

    rn(5)kako-da-stanete-povisoki-i-da-go-podobrite-drzhenjeto-na-teloto-za-edna-nedela-kafepauza.mkrnrnПокрај тоа што е одлична за вашиот ‘рбет, оваа вежба ќе ви ги истегне грбот, стомачни мускули, задниот дел од колковите и задникот.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не

    10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не

    За жал, не можеме да останеме деца целиот наш живот. Како што минуваат годините, така добиваме сѐ повеќе обврски и сфаќаме колку е сериозен светот на возрасните. Порано или подоцна сите ќе пораснеме, а таа промена знае да биде многу тешка. Не е лесно да се прифати новиот сериозен начин на живот, но обидете се да ги согледате позитивните страни на целата ситуација. Ова се 10-те знаци дека созревате…rnrn10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или неrn

    1. Сакате да поминувате време со семејството

    rnКога сте биле тинејџери, сигурно не сте сакале да присуствувате на сите тие здодевни семејни собири. Веројатно сте претпочитале да поминувате време со вашите пријатели. Но, како што ќе почнете да созревате, така сѐ повеќе ќе уживате во друштвото на семејството и со задоволство ќе одите на сите семејни ручеци, бидејќи тоа ќе биде ваш избор, а не нечија заповед.rn

    2. Сакате да седите дома

    rnНа сите тинејџери им паѓа многу тешко кога мораат да останат дома додека цело друштво е излезено. Но, сега кога некој ќе ви ги откаже плановите или воопшто не сте ни направиле некакви планови, со нетрпение чекате да дојдете дома и да си посветите време на себе.rn

    3. Готвењето и чистењето ви причинуваат необјасниво задоволство

    rnГотвењето и чистењето порано сте ги сметале за здодевни обврски кои се ги мразеле и сте одбегнувале да ги правите. Меѓутоа, сега како повозрасни уживате да пробувате нови рецепти и да готвите за други луѓе. Се чувствувате исполнети кога домот ви е чист и кога сѐ ви е средено.rn

    4. Времето за спиење е вашиот омилен дел од денот

    rnПорано воопшто не сте сакале да спиете и постојано сте си наоѓале причина да останете будни барем уште 30 минути повеќе одошто треба. Сега работите се сменети и одвај чекате да му се придружите на креветот. Сакате да си легнувате во пристојно време и добро да се наспиете.rn

    5. Викендите ви служат за да ги довршите работите за кои не сте имале време во текот на неделата

    rnПорано викендите сте ги користеле за да се дружите со вашите пријатели, да одите на шопинг или да спортувате. Сега, викендите се совршено време за да чистите, готвите, перете и да ги довршите сите ситни обврски пред да започне неделата.rnrn10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или неrn

    6. Не се гледате со пријателите секој ден

    rnКога сте оделе на училиште, сте можеле да се видите со пријателите минимум 5 пати неделно. Сега, можете се гледате само за време на вечерите и викендите, бидејќи сите се зафатени со работа.rn

    7. Сами си ги закажувате лекарските прегледи

    rnНе можете да кажете дека сте возрасни ако мајка ви сѐ уште ви ги закажува прегледите на заболекар! Како што созревате, ќе забележите дека оваа обврска ви припаѓа вам и ваша одговорност е да си го закажете прегледот.rn

    8. Живеете според вашиот личен распоред

    rnКога сте биле помлади, точно сте знаеле како ќе изгледа вашиот ден, бидејќи сте имале само неколку планови кои сте требале да ги запаметите. Сега одите на факултет, на работа, имате состаноци и договорени средби, така што морате да си го проверите распоредот пред да направите нови планови.rn

    9. Вашиот метаболизам не работи како порано

    rnМалите деца можат да јадат што сакаат кога сакаат. Сигурно сте се прејадувале со сладоледи и колачиња како помлади и не сте имале проблем со вишокот килограми. Но, сега треба да внимавате на исхраната за да изгледате добро. Освен тоа, треба и да вежбате ако не сакате да ја изгубите витката линија.rn

    10. Конечно ја разбирате реченицата: „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“

    rnСе сеќавате на оваа ужасна реченица што сте ја слушале од вашите родители? Мислевте дека никогаш нема да се согласите со нив, но сега сфаќате дека тие биле во право. Сега навистина разбирате што сакале да ви кажат со овие зборови!rnrnВо ред е да пораснете. Созревањето е неизбежен дел од животот. Мора да поминете низ таа фаза за да ги постигнете вашите животни цели. Гледајте го тоа како нешто позитивно и фокусирајте се на вашиот напредок.rnrnВо продолжение прочитајте ги и овие 10 знаци дека можеби станувате возрасни.

  • Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

    Природен регенератор за јакнење и побрз раст на ноктите. Брзо, лесно и ефикасно!

    Ако имате голема желба да имате долги и убави нокти, а не сте љубител на надградувањето, не ви преостанува ништо друго освен да ги израснете вашите. Може да користите многу додатоци во исхраната кои овозможуваат побрз раст на ноктите и косата, разни витамини и природни маски против листање на ноктите. Доколку сакате да видите брзи резултати, испробајте го следниов совет и гледајте како вашите нокти растат.rnrn1-priroden-regenerator-za-jaknenje-i-pobrz-rast-na-noktite-brzo-lesno-i-efikasno-www.kafepauza.mk_rnrnСè што треба да направите е да истолчите неколку чешниња лук и да ги истриете ноктите. Држете ги така околу половина час, а потоa измијте ги рацете. За полесно да се ослободите од мирисот, ставете малку лимон и истријте ги рацете. Овој популарен зеленчук ги зајакнува ноктите.rnrnДоколку не ви се допаѓа овој начин, тогаш слободно испробајте го регенераторот за јакнење и побрз раст на ноктите од лук.rnrnИсецекјате на ситни парчиња едно чешне лук и ставете го во безбоен лак. Оставете го да отстои 48 часа. Секој втор ден премачкувајте ги ноктите. Не бришете ги слоевите 4-5 пати. После петтиот пат, избришете ги и премачкајте ги повторно. За краток временски период (2-3 недели) ќе бидете воодушевени. Ќе имате цврсти нокти кои повеќе нема да се листаат.rnrnРецептот е проверен, малку има интензивен мирис поради лукот, но многу брзо исчезнува. Па, нека тоа не ве спречи за на природен начин да добиете убави, сјајни и цврсти нокти.

  • Иновативни саксии кои го менуваат својот облик како што растението расте

    Иновативни саксии кои го менуваат својот облик како што растението расте

    Овој иновативен дизајн на саксии е инспириран од јапонската уметност оригами. Тие растат заедно со вашите растенија, овозможувајќи им повеќе простор за почва и место за нивните корења. Зад дизајнот стои дуото Бајк и Бегам Ајескан, кои имаат свое студио.rnrn(1) Иновативни саксии кои го менуваат својот облик како што растението растеrn

    „Во природата, сè еволуира, се адаптира, расте, цвета, се распаѓа, умира, се впива и се користи одново“, велат тие. „Модерниот пристап на дизајн е сосема спротивното. Тука нештата постојат во 3 фази: објектите се создаваат, употребуваат и на крај се фрлаат… Оваа саксија, преку внимателно пресметани оригами обрасци, ја имитираат способноста на природата да расте и да се трансформира со тек на време, овозможувајќи му го на растениото она што му е вистински потребно.“

    rn

  • Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

    Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

    Растењето никогаш не било лесно и никој не може однапред да ве подготви за светот на возрасните. Постојат проблеми со кои ќе се соочите за кои како тинејџери никогаш не би ни помислиле дека можат да постојат. Но, вистината е дека и покрај тоа што има негативни страни и многу обврски, постојат и цел тон нови и возбудливи нешта кои го прават вашиот живот како возрасни прекрасен. Погледнете дел од нив…rnrnНеочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасниrn

    Самостојно истражување

    rnЕдно од најчудните делови на „возрасниот“ живот се сите оние „рандом џебови“ од слободно време. Вие немате притисок да учите за испити, ниту пак да читате за семинари, па токму затоа можете слободно да излезете сами во град и да шетате без никакви грижи. Едно од најдобрите чувства на светот е знаењето дека времето е само ваше и дека вие одлучувате што ќе правите со него.rn

    Гордоста дека успевате сами

    rnНе постои подобро чувство од она кога успевате сами да си ги платите сметките. Вие работите, заработувате и ги распределувате парите онака како што вие сакате. Одвреме-навреме и ќе се почестите нешто за добро завршената работа, па дури и покрај тоа што не сте милионери, сепак можете да кажете дека со труд сте стигнале онаму каде што сте сега.rn

    Излегување во бар и пиење само една пијачка

    rnСите тинејџери и млади возрасни понекогаш (читајте: не многу ретко) прават дискутабилни и неодговорни одлуки кога станува збор за алкохолот. Тие едвај чекаат да дојде викендот за да можат целосно да се опуштат и притоа немаат никаква граница и не можат да проценат кога да престанат. Но, откако ќе ги надминете овие луди денови, вие веќе немате потреба од сите тие викенди кои изобилуваат со алкохол. Вие сте задоволни со само една чаша вино и разговор со вашите најблиски.rnrnДа се биде возрасен значи да се однесува одговорно, а дел од ова однесување е и знаењето на вашите граници. Тоа не значи дека одвреме-навреме нема да претерате, но со оглед на тоа што мамурлакот е сè потежок со текот на годините, со тек на време едноставно веќе нема да ви вреди за маката.rn

    Запознавање пријатели на неконвенционални начини

    rnЗапознавањето луѓе беше многу едноставно за време на средно и факултет. Без разлика дали патувавте со истиот автобус или пак, бевте во ист клас, секогаш налетувавте на луѓе со слични интереси како вашите. Но, откако почнувате со секојдневна работа, вашиот живот добива сосема нова насока и повеќе не сте изложени на толку нови пријателства истовремено. Токму затоа лесно е да се почувствувате невидливи и сами. Но, наместо да бидете тажни, вие можете да се обидете да го најдете тинејџерот во себе, онаа личност која лесно наоѓала пријатели во минатото, и со нејзина помош да излезете од вашата удобна зона и повторно да почнете да го ширите вашиот круг на пријателства. Без разлика дали тоа ќе биде на работа или пак, во маркетот.rn

    Уживање во вашето друштво

    rnЕдна од најтешките вистини за созревањето е фактот што сите продолжуваат понатаму. Без разлика дали станува збор за брак, деца, преселување во друг град или држава, луѓето на некој начин се оддалечуваат. Па, токму затоа мора да започнете врска со себе. Вие треба да научите да ги слушате вашите желби и потреби, понекогаш да барате утеха во неудобната тишина, како и навистина да сакате да бидете сами. Зошто да не излезете некогаш на вечера во ресторан сами со себе? Тоа е сосема природно и ви овозможува слободно време кое можете да го поминете сами со вашите мисли.rn

    Целосно познавање на себе

    rnПоголемиот дел од адолесценцијата како и во периодот на млади возрасни, многу луѓе постојано се обидуваат да го кажат и направат она што сметаат дека е правилно за луѓето околу нив, дури и ако тоа значи дека ќе одат спротивно од своите верувања. Тоа се случува поради потребата да се припаѓа. Но, кога ќе преминете во светот на возрасните, вие учите како да се прифатите себеси, во целост. Повеќе не се плашите да ја слушате музиката која ви ја бара срцето, ниту пак да ја покажете вашата желба за готвење, бидејќи навистина сакате да бидете 100% вие.rn

    Блаженство кое доаѓа од непознатото

    rnДа бидеме реални, животот е навистина стресен. Особено во почетокот, откако ќе завршите со студирањето и ќе почнете да одите на интервјуа. Или пак, кога ќе почнете да работите и кога ќе сфатите дека парите едвај ви помагаат да го истуркате месецот. Во тие моменти сте убедени дека никогаш нема да успеете во ништо. Но, голем дел од растењето е да прифатите дека многу од работите се вон ваша контрола и дека колку и да се обидувате, сепак многу нешта нема да излезат онака како што сте ги планирале. Ова не секогаш е лошо, од каде знаете, можеби понекогаш токму тие ќе ви помогнат да погледнете кон животот од друга перспектива.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи за кои помалите сестри треба да им заблагодарат на своите постари сестри

    5 работи за кои помалите сестри треба да им заблагодарат на своите постари сестри

    Сестрите секогаш се многу поврзани меѓу себе. Растат заедно една покрај друга, понекогаш и не се поднесуваат, но најголемиот дел од времето се неразделни другарки. Тие си се едно од најголемите богатства кои ги имаат и велат дека кога ќе пораснат сфаќаат колку си значат една на друга. Оние помалите тврдат и дека секоја од нив треба да ѝ се заблагодари на постарата за овие работи…rnrn5 работи за кои помалите сестри треба да им заблагодарат на своите постари сестриrn

    1. Постарата прва ги прави грешките кои помалата би ги направила да не беше таа

    rnПоради ова помалите сестри имаат привилегија да растат покрај некого од кого може да учат и од она што им го зборуваат, но и од грешките што тие ги прават. Така можат одблиску да се уверат какви би биле последиците од некои работи кои сакаат да ги направат.rn

    2. Има кој да ви даде одлични модни совети

    rnПостарите сестри секогаш знаат најдобро што треба да облечете за да изгледате прекрасно. Со нејзините совети секогаш изгледате како да сте чекор пред врсничките, а таа знае и што е она во кое имате поголеми шанси кај момчето кое ви се допаѓа.rn

    3. Таа секогаш ве брани кога сте во конфликт со родителите

    rnИ самата поминала низ многу вакви конфликти и знае колку ви е потребна нејзината помош. Сигурно казните кои сте ги добивале биле многу поблаги затоа што таа некако успевала да ги наговори родителите дека не било ваша вина. Сте се извлекле многу пати благодарение на неа.rn

    4. Знае како да ве утеши и да биде критична кон вас

    rnТаа е личноста на која ѝ ги доверувате љубовните проблеми или проблемите со родителите, а таа секогаш знае како да ве ислуша и да ве утеши. Пред неа можете да го отворите целото свое срце. Вашата постара ќе каже сè што е потребно да се каже за вие да се чувствувате подобро, но и ќе биде критична ако не сте во право или ако вашата реакција е претерана.rn

    5. Таа ви е многу блиска другарка

    rnНе сте сестри затоа што така сте сакале, туку затоа што така определил животот. Но, тоа што сте толку блиски другарки е ваш избор и резултат на многу убави моменти кои сте ги поминале заедно додека сте растеле и созревале. Сте поминале заедно низ работи како момчиња, проблеми на училиште, проблеми со родителите, заеднички одмори… Што повеќе би можеле да посакате од вашата постара сестра?

  • 10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот

    10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот

    Растењето со брат и/или сестра ве прави она што сте денес. Тие се вашите први пријатели, но и први непријатели. Токму затоа сите настани со нив ве научиле како да се справувате со другите луѓе и ве направиле посилни во однос на справувањето со проблемите. Тие се бесценет дел од вашиот живот, и покрај тоа што како деца не сте можеле да го забележите тоа…rnrn10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братотrn

    1. Порано игравте видео игри, а денес играте игри со пораки

    rnИ покрај тоа што порано седевте на каучот и игравте игри на нинтендо или сони, денес вие водите секојдневна битка за како меѓусебно да се насмеете со најурнебесните мемиња и селфиња кои можете да ги направите.rn

    2. Порано се издававте на вашите родители, а денес ги чувате вашите најдлабоки тајни

    rnКога бевте помлади, беше во ред да го издадете и да ја обвините незрелоста за вашето однесување, но како што растете, така сфаќате дека всушност вашите браќа и/или сестри се најдобрите чувачи на тајни. Вие си кажувате сè за вашиот живот и воопшто не се грижите дека ќе бидете осудувани од нив или пак, дека тие ќе ја пренесат оваа тајна понатаму.rn

    3. Порано се натпреварувате едни со други, а сега сте си најголемата поддршка

    rnДодека растевте беше сосема нормално да се надминувате со цел да бидете најдобри во сè. Ова се случува поради постојаното споредување со вашите браќа и/или сестри и токму тоа може да биде стресно за млада личност. Но, сега кога сте постари веќе знаете кои се вашите силни страни, соништа и способности и токму затоа сте си најголемата поддршка која постои. Вие играте за истиот тим!rn

    4. Порано бевте љубоморни едни на други, но денес се цените онакви какви што навистина сте

    rnМногу е лесно да се биде љубоморен на братот или сестрата, особено ако имаат одреден талент. Но, како што растете така сфаќате дека и вие имате таленти, кои и покрај тоа што се различни, сепак и тие вредат исто колку нивните. Вие ги цените и се гордеете со нив.rn

    5. Порано мислевте дека тој или таа е од Марс, но денес се гледате себеси во нив

    rnКако дете, многу е лесно да се запрашате како е воопшто можно да сте во роднинска врска со овие луѓе, но како што растете така сфаќате дека вие сте исти како вашите браќа и/или сестри. Вие сте изградени од истата основа, без разлика на тоа колку сте различни.rn

    6. Порано бевте посесивни, а денес делите сè.

    rnКога станува збор за делење, вие го почитувавте правилото „што е мое, мое е“. Но, денес сфаќате дека вашите браќа и сестри се вашето семејство и дека тие се единствените луѓе кои навистина вредат. Стварите си се ствари, но семејството е засекогаш!rn

    7. Порано сте прифатиле дека сте заглавени еден со друг, но сега знаете дека не постои друга личност со која сте поблиски

    rnНе можете да ја избирате вашата фамилија, точно. И без разлика на тоа колку ве полудувале вашите браќа и/или сестри додека сте растеле, вие не можете да го замислите животот без нив. Тие можеби не се совршени, но дефинитивно се ваши! Тие се оние кои ве направиле личноста која сте денес.rn

    8. Порано полудувавте кога сестра ви ви ја крадеше вашата облека, но сега и вие ја „крадете“ нејзината

    rnТаа секогаш го гледала вашиот шкаф како нејзин личен бутик од кој зема сè што ѝ се допаѓа и токму ова ве полудувало кога бевте помлади. Вие поминувавте часови барајќи ги вашите фармерки со висок струк пред да дознаете дека сестра ви веќе ги носи на неа. И покрај тоа што не сте сигурни кога развила сопствен стил или пак, кога купила подобра облека, вие во моментов постојано се облекувате од нејзиниот шкаф.rn

    9. Порано сакавте да бидете целосно одделени, но сега сте горди затоа што сте дел од истата група

    rnВие сакавте да бидете своја личност и да не ве поврзуваат со вашите браќа и/или сестри на никој начин бидејќи тоа влијае врз вашиот карактер. Не сакавте да бидете познати како „помладата сестра на Дијана“ или „постариот брат на Марко“. Вие сакавте да бидете ВИЕ! Но, денес сте среќни затоа што ве гледаат како група бидејќи знаете колку добра комбинација сте заедно.rn

    10. Порано бевте смртоносни непријатели, денес сте најдобри пријатели

    rnДали постои поспротивставено ривалство од она помеѓу браќата и/или сестрите? Тие се најголемиот натпревар и најдобрите играчи кои ги познавате. Но, денес сте возрасни и ова ривалство е веќе далеку позади вас бидејќи денес правите сè што е во ваша моќ за да си помогнете едни на други. Денес сте најдобрите пријатели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 причини зошто растењето со цртаните филмови од 90-тите години ве направило подобра личност денес

    9 причини зошто растењето со цртаните филмови од 90-тите години ве направило подобра личност денес

    Се сеќавате на вашето детство? Помните колку многу ги сакавте цртаните филмови и колку често се поистоветувавте со главните ликови? Погледнете ги наредниве 9 причини зошто децата кои растеле со цртаните филмови од 80-тите и 90-тите имале многу подобро детство во споредба со оние кои денес растат со смартфони и екрани на допир…rnrn9 причини зошто растењето со цртаните филмови во 90-тите години ве направило подобра личностrn

    1. Цртаните филмови беа причина за будење

    rnСе сеќавате на времето кога не ви беше никаков проблем дури и за викенди да станете во 6 часот само за да можете од почеток да ги гледате цртаните филмови кои толку многу ги обожававте? Идејата дека ќе се гледаат цртани филмови беше она што ве одржуваше будни, мотивирани и желни за живот.rn

    2. Тие ве инспирираа да цртате

    rnЦртаните филмови нè инспирираа да ги цртаме нашите омилени ликови на последните страници од тетратките за училиште. Денес е многу тешко да се цртаат новите ликови од анимираните филмови бидејќи децата забораваат на својата креативност покрај сите можности кои ни ги нуди технологијата…rn

    3. Со нивна помош учевте дека животот не секогаш е розов

    rnПлановите се менуваат, личностите во кои имате целосна доверба изневеруваат, ништо не е онака како што изгледа… Овие цртани филмови на детски начин ни ја покажуваа вистинската боја на светот и нè подготвуваа за реалноста.rn

    4. Секогаш постои лекција

    rnИ покрај тоа што лекцијата не секогаш беше очигледна, секој цртан филм од 80-тите и 90-тите години успеваше да нè научи на нешто ново. Сè што беше потребно е да ги отворите вашите очи и ум и активно да ја следите приказната…rn

    5. Добивавте сексуална едукација дури и ако не го забележувавте тоа

    rnТокму тука и е убавината на цртаните филмови. Преку невина и детска игра тие ве научија на вредности кои и ден-денес ве водат безбедно низ животот…rn

    6. Ви покажаа што точно значи одговорноста

    rnРедовното следење на вашиот омилен цртан филм кој почнуваше по завршувањето на часовите е можеби првата обврска која сами сте решиле да ја почитувате. Децата на овој начин ја разбираа важноста на приоритетите, а тоа е една од најважните лекции кои можат да се научат.rn

    7. Ве научија да заземете став и да се држите до него

    rnЦртаните филмови беа можеби првото нешто во нашиот живот кое сме го бранеле. Без разлика дали станува збор за дебата со родителите или пријателите, вие секогаш знаевте како да го одбраните тоа што го сакате и да го поддржите со цврсти факти. Сигурни сме дека и денес се однесувате на истиот начин кон вашите ставови.rn

    8. Научивте како да бидете трпеливи

    rnПорано немаше можност онлајн да им пристапиме на сите епизоди од нашиот омилен цртан филм. Доколку сакавте да ги гледате, мораше да чекате од една до друга епизода. Но, токму таа возбуда од исчекувањето ја правеше и самата епизода да биде многу подобра во вашите очи.rn

    9. Модели на однесување

    rnСите ние имавме еден лик од цртаните филмови на кои бескрајно му се воодушевувавме. Тој беше нашиот модел на однесување и ние се обидувавме да бидеме колку што е можно послични на него. Кој можеше во тоа време да нè убеди дека суперхероите не постојат? Нашата цел беше да го направиме светот подобар и токму на тоа нè инспирираа ликовите од цртаните!

  • Филм: Момчештво (Boyhood)

    Филм: Момчештво (Boyhood)

    Најдобриот филм на нашето време

    rnФилм: Момчештво (Boyhood)Режија: Ричард ЛинклатерrnrnУлоги: Елар Колтрејн, Патриша Аркет, Итан Хоук, Лорелај ЛинклатерrnrnВреметраење: 165 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 август 2014rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Момчештво“ е најдобриот филм на нашето време, или барем еден од најдобрите. Процесот на растењето е магија, а кога тоа ќе се донесе на екранот со сите негови бои, големата живописност и шарм, тогаш неизбежно се добива парче филмско задоволство кое прави гледачот да се чувствува убаво и да го запамети тоа. Заслугата за тоа во најголем дел ја носи режисерот и сценарист Ричард Линклатер, кој уште во деведесеттите години на минатиот век добил желба да сними филм за растењето и поврзаноста на децата со родителите во тој процес. Знаејќи дека повеќе различни актери кои толкуваат една иста улога можат да ја разводнат неговата идеја, се одлучил на оригинален потег – филмот го снимал со истите актери во текот на 12 години. Оние што се мали кога почнува филмот ги гледаме како растат, оние што се возрасни ги гледаме како стареат. Линклатер ја собирал екипата одвреме-навреме и снимале по неколку сцени кои се однесуваат токму на возраста на актерите токму во периодот на снимањето.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnПочетокот на овој еп е во 2002 година кога малиот Мејсон има 7 години и оди во прво одделение. Тој живее со постарата сестра и самохраната мајка. Го нема видено татко му речиси година и пол, но тогаш тој се враќа и ги посетува своите деца по еден викенд на секои две недели. Тоа се деновите кога Мејсон го прашува татко си дали постојат еднорози, а оттогаш па натаму приказната продолжува со совршени и едвај забележливи премини од еден во друг период, а Мејсон е сè позрел во секој нареден дел. Она што денес е разговор за еднорози, утре е опседнатост со видео игри, па разговори за девојки. Линклатер одвојува по неколку клучни моменти во секој од периодите, давајќи ни слика за неговиот развој и за влијанието на родителите и околината врз него. Притоа ги следиме и неговите родители низ нивниот процес на растење и созревање, правењето грешки, каењето и исправањето на грешките.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnНеобично делува следењето на овие луѓе како што одминуваат годините. Се изгледа премногу реално за ова да биде филм. Мејсон расте, го менува изгледот, почнува да му расте брада… а тоа навистина е истиот актер кој само пред минути беше во прво одделение. Ова личи на тајмлапс видео во кое е сместено најважното од 12 години снимање на вистинска животна приказна, а не на филм. Главна причина за тоа е оригиналниот пристап на режисерот, но голема заслуга оди и на сметка на извонредната глума на актерската екипа. Зарем некој би помислил дека Итан Хоук не му е навистина татко на она мало љубопитно момче кое созрева заедно со него како актер? Друг убедлив фактор е површното внесување на настани од односните периоди и музиката која била актуелна во тоа време. Така, слушаме за војната во Ирак само колку да разбереме за кое време се работи, а останатото е во служба на портретирање на про-демократски и пацифистички настроениот татко. Тоа е доволно за раскажување на ваква интимна приказна.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnНо, ова е само мал дел од причините поради кои „Момчештво“ го има угледот кој го има, и кај публиката и кај критичарите. Можам до бескрај да ги набројувам неговите елементи кои го прават вреден за гледање, но тогаш би ви одзел од она што ве чека ако решите да го гледате. На крајот на краиштата, приказната е таква што секој би можел да се препознае себеси во некој од ликовите. Секој од нас растел и со себе ги носи белезите кои минатите настани и луѓе ги оставиле врз него. 2 часа и 45 минути се дури малку за да се изгледа тоа одново.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога ќе пораснам ќе бидам…

    Кога ќе пораснам ќе бидам…

    Паметите ли што сте сакале да станете кога ќе пораснете? Пред да почне да го работи тоа што сакаат неговите родители или околината, или пред да почне да се грижи дали ќе најде работа и за каква плата, секое дете сонува да влезе во определена улога кога ќе порасне избирајќи ја според возбудата која таа му ја носи. Ова се петнаесетте најчести нивни желби.rnrn

    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Астронаут
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Музичар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Актер/ка
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Балерина
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Професор
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Пожарникар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Полицаец
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Писател
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Детектив
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Фудбалер (или каков било спортист)
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Ветеринар
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Научник
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Пилот
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Адвокат
    rnrn
    Кога ќе пораснам ќе бидам...
    Лекар
    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.