КАФЕ ПАУЗА

Tag: предлози

  • Листа за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зона

    Листа за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зона

    Патувањето е совршениот начин да ја напуштите вашата удобна зона. Новите искуства можат да бидат застрашувачки, но патувањето ќе ве присили да ги прифатите. Ќе се најдете сами на улица, ќе разговарате со странци, па дури ќе пробате и храна за која не сте ни знаеле дека постои. Овие нешта предизвикуваат вистински страв, па повеќето ги избегнуваат. Сепак, дознаваме многу повеќе за светот и самите себеси кога пробуваме нови нешта. Па, ако сакате да излезете од удобната зона со помош на патување, оваа листа ќе ви помогне во тоа.rn

    1. Падобранство

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnАко сте во потрага по вистинска авантура, не барајте понатаму. Падобранството е неверојатно искуство и е одлично за секој што сака да се соочи со своите стравови. Адреналинот ќе го чувствувате долго откако ќе се вратите на земја.rn

    2. Патувајте сами

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnПатувањето сами сигурно ќе ве истурка од удобната зона. Има нешто посебно во тоа да се појавите на непознато место каде што не познавате никого. Ќе биде потребно за секоја одлука да размислувате сами. Можеби ќе бидете преплашени, но ова е одлична шанса да се предизвикате и подобро да се запознаете. Се разбира, ќе сретнете и многу пријатели и ќе откриете дека сте посилни отколку што сте мислеле.rn

    3. Патување со ранец

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnОвој вид патување не е за секого. Нема постојано да ви биде забавно да носите тежок ранец и да спиете во соба полна странци. Но, ова е уникатна можност да го видите светот со помал буџет. Ќе сретнете многу патници кои живеат целосно различни животи од вашиот. Ќе уживате во добрите моменти и ќе научите да се справите со лошите.rn

    4. Искачете вулкан

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnЗвучи навистина лудо, зарем не? Ако некогаш се најдете во Гватемала, немојте да го испуштите искачувањето на вулканот Акатенанго. Ова е вистински физички предизвик, но искуството ќе биде незаборавно.rn

    5. Бидете сместени кај кубанско семејство

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnКуба е дестинација како никоја друга. Тешко е да најдете Интернет, а животот е многу поразличен од она на што сме навикнати. Но прекрасните луѓе, шармантната архитектура, оригиналната историја и живата музика ќе ве натераат да се вљубите во Куба. За вистински да го почувствувате кубанскиот живот, поминете време со локално семејство.rn

    6. Откријте ги тајните на пазарите во Маракеш

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnГлетките, мирисите и звуците на овој раздвижен пазар ќе ги разбудат сите ваши сетила. Ќе пронајдете неверојатни работи низ лавиринтите на пазарот. На почетокот ќе се чувствувате изгубено, но ќе уживате во држава која е целосно поразлична од вашата. А сигурно ќе најдете и некој сувенир кој засекогаш ќе ве потсетува на оваа посета.rn

    7. Одете на место на кое не сте биле досега

    rnЛиста за патување за девојките кои сакаат да излезат од удобната зонаrnrnПонекогаш нема потреба од ништо драстично за да излезете од удобната зона. Доволно е да посетите и град од вашата држава за да ја смените секојдневната рутина. Шетањето по нови улици, пробувањето нови ресторани и спиењето во нов кревет може да ви биде доволно непознато за да ви го размрда животот. Излегувањето од вашиот меур е искуство за себе.rnrnПогледнете ги и овие предлози за патување во 2018 година.

  • 5 одлични фризури за девојки со кружно лице

    5 одлични фризури за девојки со кружно лице

    Кога станува збор за фризури, ако имате кружно лице вашата цел би требало да биде фризура која визуелно ќе го издолжи лицето. Доколку спаѓате во оваа група и сакате да направите некоја промена, овие 5 предлози ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Брановиден боб

    rn5 одлични фризури за девојки со кружно лицеrnrnТапите рабови создаваат неверојатен контраст со кружното лице, додека оваа должина на косата ќе направи вашиот врат да изгледа подолг. Ако ја скратувате косата, осигурете се должината да биде околу 7 центиметри под брадата за најдобар ефект.rn

    2. Рамен боб

    rn5 одлични фризури за девојки со кружно лицеrnrnБидејќи кружното лице секогаш изгледа премногу младо и „слатко“, оваа фризура ќе му даде подобар изглед. Рамниот боб создава совршена рамнотежа.rn

    3. Кратка коса со волумен

    rn5 одлични фризури за девојки со кружно лицеrnrnМожеби мислите дека кратката коса само ќе ја нагласи формата на вашето лице, но всушност важи спротивното. Важно е волуменот да биде на врвот на главата, на овој начин издолжувајќи го лицето.rn

    4. Долги слоеви

    rn5 одлични фризури за девојки со кружно лицеrnrnЦелта на оваа фризура е да го врамите лицето со нежни локни кои ќе ги нагласат вашите јаболкници и очи. Притоа вашите лице и врат ќе изгледаат многу подобро.rn

    5. Разделени шишки

    rn5 одлични фризури за девојки со кружно лицеrnrnРамните шишки можат да направат вашето лице да изгледа уште помладо. Ако ги разделите шишките на средина, визуелно ќе ја промените формата на челото и вашето лице ќе изгледа издолжено.rnrnПробајте ги и овие интересни фризури кои можете да ги направите сами.

  • 4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

    4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

    Можеби на почетокот ви се допаѓале белите ѕидови, но со текот на времето едноставно сте посакале промена. За среќа, нема потреба да го менувате целиот простор за да внесете малку свежина во домот. Овие 4 едноставни начини ќе ви помогнат да акцентирате некои делови од домот со малку боја.rn

    1. Направете ѕид-галерија

    rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnСекој дом треба да има некоја декорација на ѕидот. Но, ако се обидувате да наредите многу фотографии во рамки сигурно ќе потрошите многу пари. Па, за да го освежите ѕидот закачете ткаени кошници, декоративни чинии или шарени огледала. Искористете секојдневни предмети кои веќе ги имате. Со ова не само што ќе додадете боја, туку ќе создадете и неверојатна точка на фокус во просторијата.rn

    2. Обојте нешто функционално

    rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnИако ѕидот-галерија е одлична идеја, можете да пробате и нешто ново. Наместо да го обоите целиот ѕид, обојте нешто функционално како масичката до креветот или гардероберот. Одберете ја омилената боја и фатете се за работа.rn

    3. Шарени килими

    rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnСветлите и храбри принтови на килимите можат да направат вистинско чудо. Не само што ќе ја „развеселат“ просторијата, туку ќе создадат и нова димензија. Ако имате тепих со неутрална боја, можете врз него да постелите килим. Се разбира, држете се до еден принт кој ќе одговара на темата на вашата просторија.rn

    4. Кога не знаете што, исполнете ја просторијата со растенија

    rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnЕдна обична вазна со рози може да додаде вистинска природна убавина во вашата соба. Покрај тоа, можете да ја искористете вашата имагинација и да правите ваши аранжмани. Наредете повеќе саксии една до друга, или една врз друга. Ако не сакате цвеќиња, секогаш можете да користите зелени растенија.rnrnПогледнете ги и овие дизајнерски трикови кои ќе го променат изгледот на вашиот дом.

  • 5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

    5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираат

    Ако вашата листа за читање за месец март сè уште не е готова, оваа листа ќе ви помогне. Погледнете неколку предлози за книги со неверојатни приказни кои навистина ќе ве фасцинираат.rn

    1. Династијата Медичи: Во име на кралицата (I Medici: Una Regina al Potere) – Матео Струкул

    rn5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираатrnrnПо смртта на Франсоа I, додека се разгорува верската војна, Катарина Медичи е опкружена со дворски интриги, предавства и игри во ноќта.rn

    2. Палата од хартија (Paper Palace) – Ерин Вот

    rn5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираатrnrnАко сака да се спаси себеси и девојката која е силна и подготвена да направи сè за луѓето што ги сака, Рид Ројал ќе мора да го остави зад себе своето мрачно минато.rn

    3. Фатална убавина (Beauty is a Wound) – Ека Курниаван

    rn5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираатrnrnОвој роман е палета од необични ликови, суштества од бајките, мешавина од разни култури и раси, како и автентични историски настани.rn

    4. Вегетаријанка (The Vegetarian) – Хан Канг

    rn5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираатrnrnШокантен роман кој раскажува за девојка која одеднаш одлучува да донесе големи промени во својата исхрана кои имаат големо влијание на неа и нејзиното семејство.rn

    5. Валентина во мрачната соба (Valentina in the Dark Room) – Еви Блејк

    rn5 книги за овој месец што ќе ве фасцинираатrnrnСтанува збор за еротско љубовен роман за девојка за која писателката пронашла инспирација во истоимениот графички роман од италијански мајстор за стрипови.rnrnПогледнете ги и овие 12 книги кои се одлични за читање пред спиење.

  • Астрологијата ви открива со кој да го поминете Денот на вљубените

    Астрологијата ви открива со кој да го поминете Денот на вљубените

    Можеби сметате дека е очигледно кој со кого ќе го помине Денот на вљубените, но всушност има многу опции – пријатели, семејство, па дури и самите вие… Можеби сè уште не сте сигурни како сакате да прославите. Можеби сте во врска, но сакате таа ноќ да ја поминете со пријателите. Вашиот хороскопски знак ќе ви помогне да одлучите како да го поминете Денот на вљубените.rnrnАстрологијата ви открива со кој да го поминете Денот на вљубенитеrn

    Овен: Нов познаник

    rnОвните со нивната самодоверба немаат проблем да привлечат нови луѓе во нивниот живот, а нивниот авантуристички дух значи дека секогаш се подготвени за нешто ново. Па, најдобриот состанок за Денот на вљубените е мистериозниот странец кој неодамна се појавил на сцената.rn

    Бик: Вашиот партнер

    rnПоминете го овој ден со вашиот партнер следејќи ја традицијата која важи за Денот на вљубените.rn

    Близнаци: Личноста од апликацијата за запознавање

    rnЗа прилагодливите Близнаци, најдобриот начин да го прослават овој празник е со некој нов. Најдобро некој кој ќе се восхитува на нивната дарба за разговарање.rn

    Рак: Вашето маче или куче

    rnРаковите се едни од најсаканите личности, па чудно е да го поминат празникот сами. Но кога во текот на целата година го давате вашето срце, потребен ви е и ден за одмор и за љубов кон себе.rn

    Лав: Вашиот партнер

    rnДенот на вљубените е измислен за дарежливите луѓе како Лавовите. Па, уживајте во традицијата со партнерот и одберете некоја романтична активност.rn

    Девица: Со најдобриот пријател

    rnНе дека Девиците не сакаат романтика, но сакаат тоа да биде по нивни правила. Сигурно нема да потрошат многу пари на чудни активности за Денот на вљубените. Најдобро ќе си поминат на ручек или пијачка со најдобриот пријател.rn

    Вага: Романтика со партнерот

    rnКога сакате, можете да бидете најромантичната личност. Вагите очекуваат вечера со свеќи, ливчиња од ружи и страсна ноќ со партнерот.rn

    Скорпија: Во кревет со партнерот

    rnСекој кој е во врска со Скорпија нека почне со подготовки уште на 13-ти февруари. Скорпиите имаат многу интересни планови за во кревет за Денот на вљубените.rn

    Стрелец: Доцна дружба со пријател

    rnПостои голема веројатност Стрелците да го дочекаат Денот на вљубените неподготвени. Тие се премногу зафатени уживајќи во секојдневниот живот наместо да се фокусираат на овој празник. Ова не значи дека нема да го прослават, но ќе биде како и секоја дружба со пријателите.rn

    Јарец: Со партнерот, но не до доцна

    rnЈарците сакат да го прославуваат Денот на вљубените со партнерот. Тие уживаат во романтиката и страста, сè додека може да се вратат дома и да си легнат во разумно време. Утре ги чека работа, а тие секогаш мислат однапред.rn

    Водолија: Љубов кон себе

    rnВодолиите секогаш мислат на другите, а ова е една од причините зошто сите ги сакаат. Поради ова заслужуваат ден само за себе. Денот на вљубените е одлична можност да се свртат кон себе и да си ја подарат љубовта која обично им ја даваат на другите.rn

    Риби: Состанок кој сте го планирале вие

    rnРибите ги поминале последните неколку недели планирајќи го Денот на вљубените. Тие секогаш сакаат да добиваат подароци, но тоа не се ни споредува со радоста кога тие подаруваат.rnrnДали знаете што навистина мислат хороскопските знаци за Денот на вљубените?

  • 6 книги кои вреди да ги прочитате пред да излезат филмовите во 2018 година

    6 книги кои вреди да ги прочитате пред да излезат филмовите во 2018 година

    Руски шпиони, немирни зајаци и пензионери авантуристи. Оваа година нè очекуваат навистина одлични филмови. Но има добри вести и за љубителите на пишаниот збор. Повеќето од овие филмови се направени според книги кои навистина вреди да се прочитаат. Погледнете некои од најдобрите книги кои треба да ги прочитате пред да ги изгледате нивните филмски верзии.rn

    1. „Трагач по слободно време“ – Мајкл Задоријан (The Leisure Seeker)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnИстоимениот филм ќе ја има својата премиера на 19-ти јануари. Ова е приказна за пар кој е долго време во брак и тргнува на патување од Бостон до Флорида во нивната камп приколка. Сопругот страда од деменција, а сопругата се соочува со загубата на мажот со кој е веќе 50 години. Ако сакате прекрасна, тажна љубовна приказна, ова е книга за вас. Исто така погледнете го и филмот бидејќи во главните улоги се неверојатните Хелен Милер и Доналд Сатерленд.rn

    2. „Приказна за зајакот Питер“ – Беатрикс Потер (The Tale of Peter Rabbit)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnМожеби ова е книга за деца издадена во далечната 1902-ра година, но тоа не треба да ве спречи да уживате во неа. Приказната е за немирниот зајак Питер кој е непријател со господин Мекгрегор. Премиерата на филмот е на 9-ти февруари, а во главните улоги се Џејмс Корден, Маргот Роби и Сиа.rn

    3. Трилогијата „Јужен дофат“ – Џеф Вандермир (Southern Reach)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnФилмот е наречен „Уништување“ (Annihilation) и е направен според првата книга од трилогијата. Ова е дистописки роман од 2014-та година и ја раскажува приказната за тим од 4 жени – биолог, антрополог, психолог и геодет. Тие се испратени во мистериозната „Ареа Икс“ за да го мапираат теренот, да ги документираат нивните истражувања и да избегнат „контаминација“. Пред да го изгледате филмот чија премиера е на 23-ти февруари, не пропуштајте да го прочитате ова морничаво ремек-дело. Во главните улоги во филмот се Натали Портман, Џина Родригез, Теса Томпсон и Оскар Ајзак.rn

    4. „Црвениот врабец“ – Дејвид Метјус (Red Sparrow)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnВо шпионскиот трилер на Дејвид Метјус од 2013-та година, се раскажува за руската агентка Доминика Егорова. Важно е да се спомене дека книгата е напишана според вистинското искуство на авторот кој работел во ЦИА. Премиерата на филмот е на 2-ри март, а во главната улога ќе ја гледаме Џенифер Лоренс.rn

    5. „Портите на времето“ – Меделин Лингл (A Wrinkle in Time)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnОвој научно фантастичен роман од 1962-ра година раскажува за тинејџерка која патува низ просторот и времето обидувајќи се да го најде нејзиниот исчезнат татко. Книгата е вистинска класика и иако е наменета за помлади читатели, сите можат да уживаат во неа. Премиерата на истоимениот филм е на 9-ти март, а во главните улоги се Рис Витерспун, Минди Колинг и Опра.rn

    6. „Сајмон наспроти агендата на Хомо сапиенс“ – Беки Албертали (Simon v. the Homo Sapiens Agenda)

    rn6 книги кои вреди да ги прочитате оваа зима пред да излезат филмовитеrnrnОвој роман за млади од 2015-та година е за тинејџер кој се справува со неговата хомосексуалност. Книгата е одлична за љубителите на авторот Џон Грин. Филмот направен според книгата го носи името „Со љубов, Сајмон“ (Love, Simon) и премиерата е закажана за 16-ти март. Оваа приказна ќе ве натера да се вљубите во паметниот и неверојатниот главен лик.rnrnПогледнете ги и книгите кои треба да ги прочита секој млад човек во своите 20-ти.

  • За добар почеток на новата година: 9 одлуки кои треба да ги донесете уште денес!

    За добар почеток на новата година: 9 одлуки кои треба да ги донесете уште денес!

    Со доаѓањето на новата година, сигурно сакате одново да го изградите вашиот живот па затоа донесувате безброј новогодишни одлуки. Но вие, како и повеќето луѓе, веројатно ги заборавате овие одлуки за само еден месец, па „новиот“ живот ви станува идентичен со оној пред Нова година.rnrn9-neobichni-i-kreativni-novogodishni-odluki-kafepauza.mkrnrnМожеби проблемот не е во вас. Можеби ви е здодевно постојано да донесувате исти новогодишни одлуки секоја година. Сигурно ви се познати некои – да вежбате повеќе, да ослабите, да се храните поздраво… Па зошто оваа година да не ги прекршите правилата и да пробате некоја нова одлука? Направете нешто забавно, креативно, интересно. Погледнете неколку предлози за нови и креативни новогодишни одлуки.rn

    1. Изгледајте 10 филмови што се режирани од жени

    rnАко повеќето филмови кои ги имате изгледано се американски, 95% од нив се режирани од мажи, а во 99% од нив главната улога ја имаат исто мажи. Но зошто е ова важно?rn

    „Приказните се начинот на кој го разбираме светот и нашето место во него. Со нивна помош развиваме емпатија за луѓето кои имале искуства различни од нашите“, изјавила актерката Наоми Мекдагал Џоунс.

    rnИстражувањата покажувале дека филмовите кои ги гледате имаат влијание на вашиот избор за кариера, на вашите врски, на вашето ментално здравје и на уште многу други работи. Па, обидете се да изгледате филмови режирани од жени за да видите како ќе се промени вашата перспектива.rn

    2. Одберете личност со која не се согласувате и однесете ја на ручек

    rnСите ние ги судиме оние што не размислуваат како нас. Како резултат на ова ние не ја гледаме нивната човечност, туку се фокусираме на разликите. Можете ли да се сетите на некој кој го судите само затоа што има различно мислење од вас? Поканете го на ручек. Се разбира, пред да се сретнете поставете некои правила – никој од вас нема да предизвикува, да се брани или да прекинува. Бидете љубопитни и реални. И се разбира, слушајте што има да ви каже таа личност. Кога Елизабет Лесер го направила ова, таа и нејзиниот соговорник сфатиле дека всушност имаат почит еден кон друг.rn

    „Ниту еден од нас не се обидуваше да го промени другиот, но исто така не се преправавме дека нашите разлики ќе исчезнат. Наместо тоа заедно ги направивме првите чекори и ги надминавме избрзаните реакции.“

    rn

    3. Закажете си време еднаш неделно да ви биде здодевно

    rnАко вашиот мозок е постојано окупиран, големи се шансите да ги испуштате некои од најдобрите идеи.rn

    „Кога ви е здодевно, вие активирате мрежа во вашиот мозок која е наречена ‘стандардна’. Овој режим ни помага да ги поврземе нашите идеи и да решиме некои од најтешките проблеми. Понекогаш правиме и нешто што е наречено автобиографско планирање. Ова е кога ги погледнуваме нашите животи, обрнуваме внимание на големите моменти, создаваме лична нарација и поставуваме цели и планови за нивно постигнување“, изјавил Моноус Зомороди.

    rnПа, оставете го вашиот смартфон и закажете си време за правење ништо.rn

    4. Допишувајте се со некој од затвор

    rnПонекогаш е потребно само едно писмо за да се промени нечиј живот. Кога Марлон Питерсон бил во затвор, тој почнал да добива писма полни со приказни и цртежи од деца. Овие писма правеле да се чувствува како да е важен. Исто така, тој ги споделувал писмата и цртежите со луѓето кои биле во неговата ќелија. Сега тројцата затвореници се навистина успешни луѓе. Марлон вели дека за тоа им должат на писмата.rn

    „Ми се зголеми чувството за вредност. Тие писма ми покажаа како можам да придонесам за оваа планета.“

    rnЕднаш месечно собирајте се со неколку пријатели и пишувајте писма за затвореници. Вашите зборови може ќе бидат потребната мотивација и надеж за некој целосно да си го промени животот.rn

    5. Направете едно нешто што ве плаши, знаејќи дека ќе бидете одбиени

    rnСакате да го надминете стравот од одбивање? Едноставно изложете се на него. 30 дена барајте нов начин да бидете одбиени. Направете го она што го направил авторот Џиа Џианг. Побарајте гратис хамбургер во сендвичарата или побарајте му 100 евра на некој странец. На крајот ќе се ослободите од болката која доаѓа со одбивањето, болката која не ви дозволува да ги постигнете вашите цели.rn

    „Одбивањето ми беше проблем целиот живот бидејќи бегав од него. Но почнав да го прифаќам. Го претворив во најголемиот дар од мојот живот.“

    rn

    6. Секоја недела разговарајте со странец

    rnЛесно е да заглавите во некоја рутина и да ги заборавите луѓето околу вас. Оваа година посветете се на разговарање со странци, без разлика дали е личноста која чека до вас во редица, некој кој го гледате секое утро кога одите на работа или пак, некој родител од училиштето на вашето дете. Дури и само едно „Здраво“ или „Како сте денес“ може да ви го разубави денот и да направи другата личност да се чувствува видено.rn

    „Кога разговарате со странци вие правите убави прекини во очекуваната нарација во вашите секојдневни животи“, изјавила Кио Старк.

    rnЌе се изненадите колку нови и неочекувани конекции можете да направите.rn

    7. Прославете некој неуспех со пријателите

    rnМногу од најпознатите приказни за успех почнуваат со ризична идеја. Но многу често стравот од неуспех не ни дозволува да пробаме да направиме нешто. Па зошто да не го прифатите овој страв? Помислете на момент кога сте доживеале навистина голем неуспех, а потоа прославете го. Ова ќе ве охрабри да ги следите дури и најлудите идеи и ќе престанете да се грижите што ќе кажат другите ако не успеете. Поканете неколку пријатели на вечера и прославете го неуспехот. Направете цела забава и обидете се да забележите што можете да постигнете кога нема да ви биде страв од неуспехот.rn

    8. Цел месец кажувајте „Да“ за сè

    rnПробајте го овој интересен експеримент. Кажувајте „Да“ за сè што ве плаши. Кренете рака и прифатете некој нов проект на работа. Одржете јавен говор за проблем кој ви пречи. Отидете на часот по кик-бокс кој долго го избегнувате. Кога продуцентот Шонда Рајмс одлучила да вика „Да“ за нештата што ја правеле нервозна, таа отишла многу подалеку од својата удобна зона.rn

    „Самото правење на нешто што ме плаши направи да ми исчезне стравот од истото. ‘Да’ го промени мојот живот. ‘Да’ ме промени мене.“

    rn

    9. Купувајте овошја и зеленчуци што не изгледаат совршено

    rnДали одите во продавница и ги разгледувате продуктите сè додека не го најдете оној без недостатоци? Нашата желба за совршена храна води до тони храна која се фрла. Цела третина од храната всушност се фрла.rn

    „Не станува збор за расипана храна. Се фрла храна која е добра и свежа“, изјавил активистот Тристрам Стјуард.

    rnОваа година обидете се да купувате овошја и зеленчуци што не се совршени. И тие се исто толку добри за јадење, а на овој начин ќе помогнете при намалување на фрлање храна.

  • 5 работни позиции кои можете да ги работите од дома доколку ви се потребни дополнителни финансии

    5 работни позиции кои можете да ги работите од дома доколку ви се потребни дополнителни финансии

    Кога ќе почувствувате дека моменталната работа не ви носи доволно пари, идејата за приватен бизнис сигурно ви звучи како одлична. Да бидете сам свој газда во денешно време е многу атрактивно, а тоа е воедно и најефикасен начин да почувствувате финансиска слобода. Сега повеќе од кога било порано имате можности и немате изговор зошто не сте успешни, бидејќи Интернетот ви овозможува безброј одлични работни можности. Благодарение на него се отстранете сите географски бариери, а исто така и не е важно колку години имате, ниту која националност сте. Можете да бидете во вашата спална соба, а да работите во некој дел во Сингапур и на нив да им ги нудите вашите услуги. Во продолжение издвоивме 5 работи за кои ви е потребен само Интернет, добри идеи и вештини.rnrn1-5-sjajni-raboti-koi-mozhete-da-gi-rabotite-od-doma-www.kafepauza.mk_rn

    1. Онлајн продажба на производи

    rnМожете да направите онлајн продавница и на тој начин да продавате производи. Доколку немате сопствен бренд, постојат неколку начини да продавате познати производи, кои во суштина никогаш не мора ни да ги видите, така што ќе ги купите од трето лице и ќе ги препродадете на вашите клиенти. А, можете и да осмислите ваш уникатен производ кој ќе може да се набави само преку вашиот веб-сајт.rn

    2. Фриленс пишување

    rnСпособноста за пишувањето онлајн статии во последните неколку години е многу ценета, бидејќи постои огромна побарувачка за содржини. Вие можете со пишување во слободното време да дојдете до дополнителни пари.rn

    3. Блогирање

    rnМногу луѓе се заинтересираа за идејата да го претворат блогирањето во бизнис. Тоа е тешка работа, што бара многу посветеност. Тешка е бидејќи бара голем број различни вештини, многу креативност и умствена работа. Но со многу страст, ова е одлична шанса да се пробиете и да заработите многу пари.rnrnrn

    4. Интернет пазарење

    rnМожеби сте слушнале дека некој од вашите познаници се обидел да експериментира со Интернет продажба и дека успеал да заработи многу пари. Како што постојат продавници што продаваат на големо, така можете да најдете и веб-сајтови што го прават истото. Можете да купите некои предмети во голема количина (без да потрошите многу пари), и потоа истите да ги препродадете поединечно и да заработите. Ако не се обидете и не се посветите на нешто, тоа нема да може да ви донесе финансиска слобода.rn

    5. Виртуелен асистент

    rnВиртуелните помошници се како асистенти од друг дел на светот. Ова индустрија расте многу брзо. Проверете на Гугл што се бара од еден виртуелен помошник и можеби ќе се пронајдете себеси во таа кариера.rnrnРаботењето од дома има свои предности, а овие вистини ги знаат само оние кои работат од дома.

  • 9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено

    9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено

    Зимата е веќе на прагот и сигурно сè помалку ви се излегува на студеното време. Во овој период не можете да одите на прошетка, да возите велосипед или да правите што било на отворено со саканиот. Па затоа, погледнете ги овие предлози за состанок кои се одлични кога надвор е навистина студено.rn

    1. Одете на кино

    rn(2)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnЗошто да не ја замените вообичаената ноќ со нешто ново? Одете во кино и погледнете некој од најновите филмови. Се разбира дека е поскапо отколку да останете дома, но ова ви е можност да ја промените средина без да бидете изложени на студот.rn

    2. Посетете музеј

    rn(3)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnАко уживате во уметноста, тогаш одлично. Ако не, побарајте некоја интересна изложба која ќе ви го подобри расположението.rn

    3. Одете во театар

    rn(4)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnСакате нешто подинамично? Упатете се кон театарот и изгледајте некоја претстава. Исто така можете да побарате дали има и некое стендап шоу кои ќе ве насмее и ќе ве стопли.rn

    4. Играјте ласертаг

    rn(5)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnАко сте поактивни, ова е одличен состанок за вас. Овој спорт е веќе достапен и кај нас, па зошто да не му дадете шанса?rn

    5. Прошетајте во некој трговски

    rn(6)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnУпатете се кон некој затворен трговски центар и шетајте низ продавниците. Нема потреба да купувате ништо, а сепак ќе си поминете одлично.rn

    6. Посетете засолниште за животни

    rn(7)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnПобарајте во вашиот град засолниште за животни, или пак одете во продавница за миленичиња. Кој знае, можеби ќе си заминете дома со нов пријател.rn

    7. Имајте долга и убава вечера

    rn(8)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnАко сакате тивка вечер со вашиот партнер, но не сакате да останете дома, упатете се кон некој убав ресторан. Нема потреба од ништо луксузно или гламурозно, доволно е да сте заедно и да уживате.rn

    8. Заедно посетувајте некој курс

    rn(9)9-idei-za-sostanok-so-sakaniot-koga-vremeto-e-studeno-kafepauza.mkrnrnПронајдете кои курсеви се одржуваат и заедно посетете некој. Без разлика дали е тоа за цртање или пишување. Ќе си поминете одлично, а можеби ќе се појави и некој скриен талент.rn

    9. Останете дома под ќебе

    rnCouple watching TV togetherrnrnСе разбира, нема ништо лошо во тоа да останете дома и цела вечер да не правите ништо, топлејќи се под ќебето. Направете пуканки, подгответе нешто за пиење и релаксирајте се.rnrnАко ви се потребни уште идеи, погледнете ги и овие предлози за уникатен состанок.

  • Необични веб-сајтови кои ќе ви се најдат кога ви е здодевно

    Необични веб-сајтови кои ќе ви се најдат кога ви е здодевно

    Понекогаш имаме премногу слободно време. Можеби денес порано сте завршиле со обврските, или пак навистина ви е здодевно на работното место. Можеби повеќе не ви се допаѓаат старите веб-сајтови, а не ве интересираат ни новостите на социјалните мрежи. Во продолжение погледнете неколку алтернативни веб-сајтови кои ќе ви помогнат кога ви е здодевно.rn

    1. The Secret Door

    rn(1)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnСекогаш кога ќе ја отворите „тајната врата“ завршувате на ново и неочекувано место.rn

    2. Radiooooo

    rn(2)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОдберете дата и држава и ќе можете да слушате музика која била популарна на тоа место во тој период од историјата.rn

    3. Liveplasma

    rn(3)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnВо зависност од параметрите кои ќе ги внесете, овој веб-сајт ви препорачува нова музика, филмови и серии кои би ви се допаднале.rn

    4. GeoGuessr

    rn(4)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОвој веб-сајт ги користи мапите на Гугл и ве носи на одредена локација во светот. Вашата задача е да погодите каде се наоѓате.rn

    5. The Museum of Endangered Sounds

    rn(5)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnКако што исчезнуваат старите работи, со нив исчезнуваат и звуците кои ги правеле. За среќа, на овој веб-сајт се зачувани многу вакви звуци. Навистина неверојатен поглед кон минатото.rn

    6. 8-bit icon

    rn(6)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОвој веб-сајт ви овозможува да направите оригинален и необичен онлајн аватар.rn

    7. Rainfor

    rn(7)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОпуштете се и бидете едно со природата користејќи го овој уникатен веб-сајт.rnrnПродолжува на следната страница…rn