Французите навистина знаат да направат добри филмови за вечните вредности, а најважното од сè е што го прават тоа на природен, топол начин. Речиси секој француски филм ќе ве натера да размислувате длабоко. Па ако ви е доста од холивудски филмови, дајте ѝ шанса на француската кинематографија.rn
1. „Црна плима“ (Fleuve noir)
rn
rnrnФрансоа Висконти го истражува исчезнувањето на еден тинејџер. Сите изгледаат сомнително – родителите на момчето, неговата учителка и речиси секој што го познавал. Со секоја измината минута се намалуваат шансите да се најде момчето.rn
2. „Една нација, еден крал“ (Un peuple et son roi)
rn
rnrnФилмот раскажува за настаните што се случиле во 1789-та година, за време на почетокот на Француската револуција.rn
3. „Се чувствувам добро“ (I feel good)
rn
rnrnРоднините и пријателите на Жак постојано работат, имаат бескорисни хобија и не прават ништо друго. Наскоро тој ќе полни 50 години и не сака да го живее животот на неговите пријатели. Жак сака да се збогати што е можно побрзо, а фактот дека има само бела бањарка и пар влечки воопшто не го плаши.rn
4. „Ветување во зората“ (La promesse de l’aube)
rn
rnrnФилмот е направен според автобиографијата на авторот Ромен Гари. Ова е приказна за самохрана мајка која му кажала на синот дека ќе има прекрасна иднина, и покрај тоа што минуваат низ навистина тежок период. Благодарение на цврстата верба и љубовта, нејзиниот син ги остварува неговите соништа.rn
5. „Верен маж“ (L’Homme fidèle)
rn
rnrnОва е приказна за маж чиј живот секогаш е полн со радост и со разочарување. Неговата бивша девојка му се враќа, откако го оставила за неговиот најдобар пријател кој неодамна умрел.rn
6. „Потони или пливај“ (Le grand bain)
rn
rnrnАко луѓето навистина сакаат да направат нешто, никако не можете да ги сопрете. Во Франција, 7 пријатели се собираат за да направат едно нешто. Сакаат зад нив да ги остават животите на возрасните и проблемите. Но, начинот на којшто сакаат да го направат ова е навистина интересен.rn
7. „Миа и белиот лав“ (Mia et le lion blanc)
rn
rnrn11-годишно девојче се сели од Лондон во Африка со нејзиното семејство. Таа расте на фарма каде што наоѓа нов пријател – мал бел лав по име Чарли. Кога лавот ќе порасне, таткото на девојчето сака да го продаде со цел да ја спаси нејзината пријателка. Но, тогаш девојчето бега од дома.rn
8. „Полна куќа“ (Les dents, pipi et au lit)
rn
rnrnАнтоан, кој е ерген што сака да се забавува, живее во прекрасен стан со неговиот пријател Том. Том планира да се сели во Лос Анџелес и пред да замине му наоѓа нов цимер. Новиот цимер е убава жена со две мали деца.rn
9. „Реми, ничие момче“ (Rémi sans famille)
rn
rnrn10-годишниот сирак по име Реми среќава еден музичар. Заедно патуваат низ Франција во 19-тиот век, а Реми пее за да заработи пари. Момчето ужива во неговиот живот, има пријатели животни и дознава нешто повеќе за неговите родители.rnrnПогледнете и некои од највисоко рангираните филмови на IMDb.

rnrnГлавниот лик, Ли Шо, се обидува да се справи со смртта на нејзиниот сопруг. Живее со нејзината загуба и се надева дека ќе ги обнови врските со пријателите и со семејството. Ли ја очекуваат многу драматични настани, но таа верува дека може да надмине сè. Оваа серија ќе ве натера да сочувствувате со ликовите, а можеби дури и да заплачете со нив.rn
rnrnДејството се одвива во измислениот град на Стивен Кинг, Касл Рок. Ова е место каде што сериските убијци слободно шетаат по улиците, бесните кучиња ги напаѓаат луѓето и самиот ѓавол им продава проколнати предмети на луѓето. По самоубиството на чуварот од авторот Шошанк, еден млад маж е пронајден во близина на затворот. Никој не знае кој е, а мажот го кажува само името на неговиот адвокат кој е роден во Касл Рок.rn
rnrnСемејството Крејн во минатото купило куќа за да ја реновира и да ја продаде. Децата во сегашноста се сеќаваат на нивното детство во наводно проколнатата куќа. Настаните од минатото имале влијание на иднината – еден од браќата е писател, една од сестрите е психијатар, а најмладиот брат страда од зависност. Сите деца се оддалечени од нивниот татко кој не сака да им каже што навистина се случило во куќата, ноќта кога мајка им починала.rn
rnrnГлавниот лик е успешен менаџер на книжарница и среќава шармантна млада писателка. Љубовта на мажот набрзо се претвора во вистинска опсесија. Тој почнува да ја пребарува на социјалните мрежи за да дознае повеќе за неа и се обидува да ѝ се доближи што е можно повеќе. По некое време се претвора во вистински тиранин кој е подготвен да направи буквално сè ако нешто му застане на патот.rnrnПродолжува на 
rnrnОва место во североисточна Италија е прекрасно, но не секогаш знае како да привлече посетители. Овде ќе најдете многу современа уметност, концерти со електронска музика, автопортрет на Леонардо да Винчи и неверојатни алпски патеки за планинарење. По пат ќе сретнете села кои нудат некои од најдобрите вина и тартуфи во Италија.rn
rnrnПред 50 години во срцето на Кетскилс се одржал Вудсток, фестивал што дефинира цела генерација. Иако можеби децата на цвеќето веќе имаат нивни внуци, слободниот дух преовладува во овој реон. Овде има одлични ресторани, пивници и многу концерти. Ако сакате да бидете дел од историјата, во август 2019-та година ќе се одржи 50-тата годишнина на Вудсток.rn
rnrnОвој дел од Перу е дом на некои од најстарите култури на континентот и некои од најдивите пејзажи во светот. Токму овој дел ја прави Јужна Америка спектакуларна. Поради зголемениот интерес, подобрена е инфраструктурата на целиот север, а летовите од Лима кон север се зачестени.rn
rnrnОвде се наоѓа најголемото чудо на државата – Улуру. Во 2019-та година ова место ќе биде затворено за планинари, речиси 150 години откако авантуристите ја освоиле карпата. Наместо тоа, посетителите ќе бидат освоени од неверојатната природа и култура.rn
rnrnВо овој предел вискито има историја долга илјадници години. Само изминативе две години во Шкотска се отворени 20 нови дестилерии, a се очекуваат уште толку до 2020-та година. Овде ќе научите за производството на виски и неговите вкусови, но ќе сведочите и на најмалку населениот дел од Европа.rnrnПродолжува на 
rnrn„Константин“ не е класичен хорор филм, но ќе ве исплаши на негов начин. Филмот е направен според стрипот од DC „Хелблејзер“ (Hellblazer). Во главна улога ќе го видите Киану Ривс кој глуми егзорцист/детектив по име Константин. Тој открива мрачен заговор во кој се вклучени сите – од ангелите до самиот ѓавол.rn
rnrnОва можеби не е најстрашниот филм на листата, но приказната е доволно интересна за да ве заинтересира. Филмот е направен според истоимената книга на Ан Рис и е дел од колекцијата новели „Вампирски хроники“ (Vampire Chronicles). За само две книги од серијалот се направени филмови. Во филмот е раскажана приказната на вампирот Лестат (Том Круз) и е претставена на навистина мрачен начин.rn
rnrnОва е можеби најчудниот филм на листата и раскажува за момче чии мачка и куче го тераат да прави ужасни работи. За разлика од повеќето хорор филмови кои го покажуваат ужасот од тоа да ве брка некој убиец, во овој филм ја гледаме перспективата на убиецот. Ова е морничав, но и интересен филм кој ни покажува како можеби изгледа умот на еден сериски убиец.rn
rnrnКласиката за момчето што може да зборува со мртви и неговиот психолог не само што е морничава, туку го има и еден од најголемите пресврти во историјата на кинематографијата. Доколку на некој начин сè уште не го знаете крајот, изгледајте го филмот уште веднаш.rn
rnrnРемек-делото на режисерот Дејвид Финчер раскажува за двајца детективи играни од Бред Пит и Морган Фриман. Тие се обидуваат да фатат сериски убиец чии убиства претставуваат по еден од 7-те смртни гревови. И овој филм има неверојатен пресврт пред самиот крај. Исто така подгответе се и за неколку одвратни сцени.rn
rnrnОва е можеби најмалку познатиот филм на листава. Во филмот се раскажува за еден маж по име Логан кој е поканет на забава кај неговата бивша сопруга. Напнатоста се зголемува кога тој почнува да забележува дека се случуваат некои чудни нешта. Истовремено ќе се обидувате самите да ја сложите сложувалката и да сфатите што навистина се случува.rnrnДали знаете 
rnrnСтанува збор за сосема нова хорор ТВ серија со натприродна тематика. Оваа серија ќе вклучува по една епизода што ќе биде објавена за време на првиот петок од месецот, и ќе трае во текот на целата година. Секоја од овие епизоди е инспирирана од празник за време на месецот на објава и сите ќе бидат во форма на трилери.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Ba0NqqVhjZwrnrn
rnrnПоследниот предлог на оваа листа ни доаѓа од Шпанија. Лас Енсинас е најексклузивното училиште во целата држава, каде што елитните семејства ги испраќаат своите деца. Но, откако земјотресот ќе уништи едно друго училиште, три тинејџери од работната класа ќе бидат префрлени таму – започнувајќи војна меѓу оние што имаат сè и оние што немаат ништо. Оваа војна ќе доведе дури и до убиство. Но, кој е виновникот?rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QNwhAdrdwp0
rnrnДенес може да биде вистински предизвик да најдете време само за себе. Постојано сте зафатени, па наместо залудно да го трошите и она малку слободно време што го имате, зошто да не го искористите за нешто корисно? Погледнете ги 10-те активности со кои би можеле да го замените гледањето телевизија.rn
rnrnИ покрај ова, книгите остануваат најдобрите извори за медитација, од кои повеќето биле напишани долго пред појавата на Интернетот. Постојат навистина многу дела за медитација и понекогаш изборот може да биде тежок. Некои книги се за формалната, седечка медитација, додека други ве учат како да медитирате целиот живот. Па, за да ви го олесниме барањето, погледнете кои се најдобрите книги за медитација за почетници и искусни.rn
rnrnВо ова кратко дело, зен мастерот Тич Нат Хан на многу едноставен начин објаснува како да почнете со медитација дома. Овде ќе најдете многу креативни техники и предлози кои се многу повеќе од само седење и медитирање. Оваа книга е одлична за почетниците кои бараат нешто едноставно.rn
rnrnЗа разлика од повеќето книги, ова дело е напишано за скептици од скептик – спикерот за „ABC News“, Ден Харис. Ако сметате дека и кај вас постои сомнеж или некогаш постоел, па сакате да слушнете слично мислење, оваа книга е совршена за вас.rn
rnrnОва е навистина уникатно дело. Пред сè, бидејќи на некој начин е аудио книга, а второ, бидејќи не обрнува многу внимание на самата техника, туку на справувањето со нештата што ќе се случат за време на и како резултат од длабокото медитирање. Алан Вотс е совршената личност за споделување на овие информации бидејќи знае да го направи тоа на навистина едноставен начин. Ако сакате да почнете со подлабока медитација и да научите нешто повеќе за оваа техника, не смеете да ја игнорирате оваа класична аудио колекција.rn
rnrnОва е совршениот модерен водич за медитација од таткото на „модерната свесност“. Како и „10% посреќни“, и оваа книга е за секој што не го сака будистичкото објаснување или поврзувањето со што било друго што има „духовна“ перспектива. Сепак, ова не значи дека книгата е плитка бидејќи и самиот Џон медитира. Делото е одлично за почетници кои не сакаат да мешаат и религија. Ако сакате директен водич што не само што ве учи да медитирате, туку и ви кажува што е важно, тогаш ова е книгата за вас.rn
rnrnНапишана од тибетски будистички учител, оваа книга влегува подлабоко во медитацијата на интересен начин со кој се истакнува од другите дела. Чогјам бил интересна и на некој начин контроверзна личност додека бил жив. Нос неговата мудрост и знаење за медитацијата се без сомнение уникатни и додаваат нова димензија на останатите книги.rnrnПогледнете и некои од 
rnrnОвој регион е на италијанската страна на Алпите и е познат по неверојатното вино. Покрај тоа овде ќе најдете неверојатно чоколадо, рижото и над 160 видови сирење – вистински рај за храна. Ако ви досадат пиењето и јадењето, што сигурно нема да се случи, секогаш можете да ги истражувате средновековните села и замоци. Септември е одличен период за посета бидејќи е почеток на сезоната на тартуфи кои можете да ги најдете по пониска цена. Можете да најмите и водич кој ќе ви помогне во истражувањето, да одите да берете тартуфи или да го посетите винскиот регион Ланге кој е заштитен од УНЕСКО.rn
rnrnКалдрми, невозможни градски ѕидови и стара архитектура – шетањето низ овој град ќе ве убеди дека сте во Европа. Квебек од неодамна е под заштита на УНЕСКО и е единственото место од ваков вид во кој живеат луѓе. Овде можете да зборувате француски и да уживате во француската храна. Квебек секогаш е популарен во текот на летото, но во септември и почетокот на есента гужвата се расчистува. Ова значи многу пониски цени.rn
rnrnСо плажата од 95 километри, не е ни чудно што Миртл Бич е омилена дестинација на многумина. Всушност, секоја година овој град го посетуваат 15 милиони туристи. Можеби одат за сонцето и песокот, но остануваат поради шармот на малиот град кој има шеталиште покрај океанот, прекрасен центар, многу забавни паркови и над 100 терени за голф. Цените во септември се значително пониски, а водата и времето сè уште се совршени.rn
rnrnЗа ова патување, како и за повеќето, ќе ви треба повеќе од еден викенд. Но, нема да зажалите ако го посетите Шангај. Модерниот град е дом на 24 милиони луѓе, како и на културната, финансиската и технолошката индустрија. Па, ова не е град за оние со слабо срце. Можете да одите на крстарење или да го посетите пазарот во стариот град. Исто така би требало да ги видите и старите водни кули веднаш до градот.rnrnАко ја чекате есента, погледнете кои се 
rn
rnrnОвие планини се наоѓаат во провинцијата Хунан и имаат околу 100 природни платформи за набљудување. За да стигнете до овде ќе треба да патувате со жичара.rn
rnrnСанторини е место со некои од најголемите вулкански ерупции низ историјата. Оваа група грчки острови има живописни градови покрај плажа и медитерански зајдисонца. Можете да уживате во прекрасната храна и задолжително пробајте го специјалното козјо сирење.rn
rnrnСместен на планина над долината Урубамба во Перу, ова е можеби најневеројатниот остаток од империјата на Инките.rn
rnrnСоставени од неколку вулкански острови во северниот Атлантик, Азорските Острови се познати по нивната природна убавина и изолација. Покрај тоа ова место е навистина евтино за посета.rn
rnrnПротегајќи се на илјадници километри, Големиот кинески ѕид е заштитен од УНЕСКО од 1987-ма година. Погледот, историјата и неверојатната архитектура го прават ова место задолжително за посетување.rnrnПродолжува на