КАФЕ ПАУЗА

Tag: предлози

  • Сакото е клучно парче облека оваа пролет: 6 предлози како да го носите

    Сакото е клучно парче облека оваа пролет: 6 предлози како да го носите

    Сакото одамна ја напушти деловната рамка и стана составен дел од уличната мода, а нема жена на која не ѝ се допаѓа ова парче облека. Може да се носи на повеќе начини, како дел од неформален, но и малку поформален стајлинг.rnrnВо моментов, најпопуларни се оние модели со големи рамена, но и оние изработени од кожа. Правилото да се носи исклучиво во комбинација со елегантни чевли и свечени парчиња облека веќе не важи. Сакото може да се комбинира со спортски патики и да изгледа многу интересно.rnrnВо продолжение ќе погледнете интересни комбинации што ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви послужат како инспирација.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by TyLynn Nguyen (@tylynnnguyen)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by www.QUESTIONLOOK.com 🇫🇷 Paris (@questionlook)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by sense shop (@senseshopgr)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Inspi by loan (@inspi.by.loan)

    rnrn

    rnrn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @stylebynelli

    rnrn

    rnrnrnПогледнете кои се најпопуларните модели на чанти за сезоната пролет/лето 2021 година.

  • Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Времето што ќе го поминете дома можете да го искористите на многу начини, од дружење со семејството до учење нови работи, играње игри, вежбање итн. Но, за да внесете малку смеа и позитивна енергија, особено во овој период кога вестите ве вознемируваат, погледнете го овој список и изберете некој од филмовите што ќе ви го подобрат расположението.rn

    1. „Голема риба“ (Big Fish)

    rnhttps://youtu.be/M3YVTgTl-F0rn

    2. „Потрага по среќа“ (The Pursuit Of Happyness)

    rnhttps://youtu.be/DMOBlEcRuw8rn

    3. „Валкан танц“ (Dirty Dancing)

    rnhttps://youtu.be/eIcmQNy9FsMrn

    4. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rn

    5. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris)

    rnhttps://youtu.be/FAfR8omt-CYrn

    6. „Вистинска романса“ (True Romance)

    rnhttps://youtu.be/P6DW0HtpT-0rn

    7. „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting)

    rnhttps://youtu.be/PaZVjZEFkRsrn

    8. „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ (Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain)

    rnhttps://youtu.be/RMbFcxbLMrYrn

    9. „Те чека мејл“ (You’ve Got Mail)

    rnhttps://youtu.be/bjP4s7UUnK8rn

    10. „Џуно“ (Juno)

    rnhttps://youtu.be/QuN0Z65sp5crn

    11. „Мали женички“ (Little Women)

    rnhttps://youtu.be/AST2-4db4icrn

    12. „Луда, глупава, љубов“ (Crazy, Stupid, Love)

    rnhttps://youtu.be/8iCwtxJejikrnrnПогледнете го и овој список со филмови што ќе ве прошетаат низ светот овој викенд.

  • 10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку

    10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку

    Повеќето луѓе имаат свои омилени ТВ-емисии и филмови, па понекогаш е тешко да го замислите одморот по долгиот работен ден без нив. Но, поради изобилството на измислени приказни што ги имате на располагање, може да ги пропуштите филмовите за вистинските настани и феномени што можат да ви ги прошират хоризонтите. Во продолжение погледнете го списокот на најдобрите документарни филмови и ТВ-серии од последните години.rn

    1. „Цената на сè“ (The Price Of Everytning)

    rnhttps://youtu.be/2mbqcY9g5CMrnrnОвој двократен кандидат за Оскар се обидува да открие како се формира цената на уметничките дека. Влијателни креатори, организатори на аукции и други специјалисти во областа на истражувањето помагаат да се открие тоа.rn

    2. „Нашата планета“ (Our Planet)

    rnhttps://youtu.be/aETNYyrqNYErnrnОва е мини-серија за тешкиот живот на дивиот свет поради климатските промени. Екипата на „Нашата планета“ создадена од Би-Би-Си работеше на познатата серија 4 години. Тимот, кој се состоеше од 600 луѓе, посети 50 земји на различни континенти со цел да го процени влијанието на луѓето врз флората и фауната.rn

    3. „Вистинската цена“ (The True Cost)

    rnhttps://youtu.be/QPMU1VHgmEornrnОвој скандалозен документарец ги истражува внатрешните тајни на светот на модата, во потрага по одговорот на прашањето: „Која е цената на модата?“. Луѓето што стојат зад овој филм направија одлична работа и ги посетија не само модните ревии, туку и земјите од третиот свет каде што ја открија шокантната вистина за индустријата.rn

    4. „Пожар во рајот“ (Fire In Paradise)

    rnhttps://youtu.be/5KNAl23NwMErnrnПожарите станаа глобален проблем за целото човештво. Прво Сибир, а сега и Австралија е уништена од оваа непогода. Но, малкумина од нас знаат за трагедијата на Рајскиот град во Калифорнија што се случи есента во 2018 година. Пожарот што избувна поради дефект во далноводите го претвори малиот град во пепел, каде што останаа само најочајните жители. Уште поголем пожар зафати огромен дел од државата, но филмот ја прикажува приказната на начинот на кој се сеќаваат луѓето што го населувале некогаш огромниот град.rn

    5. „Мраз на оган“ (Ice On Fire)

    rnhttps://youtu.be/Elf0RFBhr8IrnrnОва е документарен филм за еколошката криза и е продуциран од Леонардо Ди Каприо. За разлика од другите слични филмови, тој вели дека не е сè изгубено за човештвото ако ги преземеме неопходните активности. Во филмот се откриени тие корисни активности.rn

    6. „Чистачите“ (The Cleaners)

    rnhttps://youtu.be/iGCGhD8i-o4rnrnФилмот е дизајниран да ги прикаже фактите на „дигиталното чистење“, што е активност на отстранување на непотребните информации од Интернетот. Пет искусни чистачи ги споделуваат тајните на оваа професија. Креаторите на филмот исто така интервјуираа луѓе од различни краеви на светот на кои силно им влијание цензурата на Интернет.rn

    7. „Аполо 11“ (Apollo 11)

    rnhttps://youtu.be/tpLrp0SW8ygrnrnОвој документарен филм е за слетувањето на астронаутите на Месечината. Содржи ретки видеа и интервјуа со учесниците на тој настан. Целта на филмот е едноставна: да ги растера сите сомнежи за реалноста на настанот кои сè уште се присутни.rn

    8. „Лица и места“ (Visages Villages)

    rnhttps://youtu.be/DE9GgLA62KcrnrnОва е филмска авантура каде што режисерот, Анес Варда и еден фотограф патуваат низ предградијата на Франција. Тоа е неверојатен филм за случајните средби, за необичните пријателства и за убавината на околниот свет. Документарецот беше номиниран за Оскар во 2018 година.rn

    9. „Една чудна карпа“ (One Strange Rock)

    rnhttps://youtu.be/XrC4vDcWmxkrnrnОва е ТВ-серија за тајните на нашата планета што илјадници научници постојано се обидуваат да ги откријат. Ќе научите какви откритија сака да расплетува науката во современиот свет.rn

    10. „Дивиот Амстердам“ (Wild Amsterdam)

    rnhttps://youtu.be/a7s8wGkqtHQrnrnПогледнете го животот на неверојатниот Амстердам низ очите на мачорот по име Фритс, како и низ очите на другите локални животни. Филмот е создаден за да покаже дека градот не постои само за луѓето, туку дека и животните можат да најдат удобност на неговите улици.rnrnПогледнете го списокот со документарни филмови што треба да ги изгледате за проширување на свесноста за менталното здравје.

  • 3 пролетни модни комбинации за на работа

    3 пролетни модни комбинации за на работа

    Што да облечете за на работа, а да не бидете здодевни? Како да ги почитувате правилата за облекување, а сепак да се истакнете? Веројатно често си ги поставувате овие прашања додека ја барате совршената модна комбинација за на работа. За утро без паника, пробајте некоја од следниве 3 модни комбинации.rn

    1. Со црвено никогаш нема да погрешите

    rn3 пролетни модни комбинации за на работаrnrnАко постои боја која автоматски го подобрува расположението, ви ја враќа енергијата и ви го поправа денот, тоа е црвената. Малку црвено во вашата деловна модна комбинација ќе ѝ додаде доза живост. Можете да одберете црвена кошула и впечатливи црвени балетанки наместо рамни салонки.rn

    2. Играјте си со боите

    rn3 пролетни модни комбинации за на работаrnrnОваа пролет е во знакот на живите бои кои слободно можете да ги носите и на работа. Костимите во боја никогаш не биле попопуларни. Слободно одберете ја омилената боја и мудро искомбинирајте ја. Кога станува збор за чевлите, кога ќе земете предвид дека треба да работите 8 часа, најдобро е да одберете удобни кожни чевли. Панталоните од костимите не изгледаат добро само со салонки, па слободно комбинирајте ги со патики, мокасини, сандали или балетанки.rn

    3. Принтови

    rn3 пролетни модни комбинации за на работаrnrnТочките, карираните и животинските принтови се последниот тренд кој можете многу лесно да го вметнете во вашата деловна модна комбинација. Доколку сте романтични, слободно одберете миди фустан со точки и дополнете го со сако. Со оваа комбинација одлично ќе стојат балетанките со отворена пета, кои исто така се хит оваа сезона. Целата комбинација завршете ја со романтична сламена торба и без сомнение ќе направите комбинација со некои од најпопуларните пролетни трендови.rnrnПогледнете ги и овие модни комбинации за поголема самодоверба на интервју за работа.

  • 12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настани

    12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настани

    Филмовите направени според вистински настани немаат влијание само врз публиката, туку и врз актерите што глумат во нив. Тие навистина се обидуваат да го прикажат нивниот лик најреално што можат, па понекогаш овој лик може да стане и дел од нивниот живот. Во продолжение погледнете некои од најпознатите филмови, за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според вистински приказни.rn

    1. „Авијатичарот“ (The Aviator)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnОвој филм го прикажува животот на Хауард Хјуз, пионер во авијацијата и режисер. Хауард станал успешен филмски продуцент во периодот од 1927-ма до 1947-ма година, но истовремено морал да се соочува со сериозни симптоми на опсесивно компулсивно нарушување. Во улогата на Хауард го гледаме Леонардо Дикаприо, кој навистина добро го доловил неговиот карактер. Филмот е адаптација на книгата „Тајниот живот“ (The Secret Life) од Чарлс Хигхем.rn

    2. „Кошмар на улицата на брестовите“ (А Nightmare on Elm Street)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnОвој филм кој исплаши многумина не е само филм. Вес Крејвен, режисерот на филмот, ја добил идејата од вистинска приказна што ја прочитал во весник. Приказната била за 18 бегалци кои умреле под мистериозни околности, откако наводно имале кошмар.rn

    3. „Лов на црвениот октомври“ (The Hunt for Red October)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnАмериканскиот трилер со Шон Конери и Алек Болдвин во главните улоги е направен според истоимениот роман на Том Кленси од 1984-та година. Приказната од ерата на Студената војна е за советски капетан кој сака да им наштети на бродовите на САД и нивните офицери. Но, неговите планови се уништени кога еден американски агент од ЦИА мора да ѝ покаже докази на морнарицата на САД пред двете држави да започнат вистинска војна.rn

    4. „Хотел Руанда“ (Hotel Rwanda)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnМногумина го нарекуваат овој филм африканска верзија на „Шиндлеровата листа“. Филмот е направен според вистински настани кои се случиле Руанда во 1994-та година. Во филмот гледаме како хотелиерот Пол Русесабагина им ги спасува животите на илјадници бегалци, нудејќи им засолниште во хотел. Филмот прикажува како политиката си игра со животите на обичните луѓе и како геноцидот и насилството можат да предизвикаат трајна штета врз човештвото.rn

    5. „Руди“ (Rudy)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnОвој филм беше голем хит и навистина им го привлече вниманието на гледачите. Филмот е направен според животната приказна на Даниел „Руди“ Руетигер, кој бил физички и финансиски неспособен да биде дел од фудбалскиот тим во неговиот колеџ. Исто така, Руди бил дијагностициран и со дислексија. Но, неговата посветеност му помогнала да стане познат фудбалер.rn

    6. „Падот на црниот јастреб“ (Black Hawk Down)

    rn12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настаниrnrnВо 1993-та година, војниците на САД имала задача да го фатат Мохамед Фарах Аидид. Настанот бил покриен од новинарот Марк Боуден, кој подоцна напишал и книга за тоа. Филмот од 2001-ва година е адаптација на оваа книга.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штикли

    3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штикли

    Понекогаш е тешко да им одолеете на чевлите со високи потпетици, но факт е дека тие се навистина неудобни. За среќа, доколку не сте љубители на штиклите, постојат рамни обувки кои се одлична замена за нив.rnrnРамните чевли станаа хит оваа пролет бидејќи се практични, но и елегантни. Одлично се вклопуваат и со секојдневните, и со професионалните комбинации, а некои модели се совршени и за вечерно излегување. Доколку барате начин да ги замените штиклите со нешто поудобно, погледнете ги овие предлози.rn

    1. Оксфордки

    rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnДоколку сакате патики, но сепак барате малку поелегантна варијанта, оксфордките се совршениот избор за вас. Можеби овие чевли некогаш биле карактеристични само за учениците, но денес ги носат сите. Изгледаат навистина одлично и се најдобрите обувки за променливо време. Иако малку се во „машки“ стил, оксфордките секогаш изгледаат добро со романтични, секојдневни, вечерни и професионални комбинации.rn

    2. Балетанки

    rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnИ оваа година на модната сцена истапуваат балетанките, за кои слободно можеме да кажеме дека се безвременски тренд. Веројатно и да не постои жена или девојка што не ги сака и што нема барем еден пар во својот дом. Секоја нова колекција што се појавува изгледа подобро и попримамливо. Оваа пролет најголем хит ќе бидат балетанките со отворена пета и со животински принт, но нема да изостанат и класичните модели.rn

    3. Мокасини

    rn3 модели на ниски чевли за девојките кои не сакаат штиклиrnrnМокасините се класика која оправдано се враќа секоја сезона. На почетокот се комбинираа со формална облека, но сега стануваат дел и од секојдневните комбинации. Можете да ги носите со панталони, здолништа и фустани. Со други зборови, можете да ги носите со сè.rnrnПогледнете ги и моделите на балетанки што мора да ги имате оваа пролет.

  • 3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

    3 одлични модни комбинации за дневно излегување во град

    Денес е првиот пролетен ден, а најдобриот начин да го прославите е да испиете кафе на сонце. Бидејќи веројатно сакате и во оваа прилика да изгледате беспрекорно, во продолжение погледнете неколку предлози за модна инспирација.rn

    1. Комбинација со патики

    rn3 одлични модни комбинации за дневно излегување во градrnrnПокрај тоа што лесно се комбинираат со секаква облека, белите патики ќе ви помогнат да постигнете разни модни стилови. Нивниот минимализам е одлична инспирација за разни дневни комбинации, вклучувајќи го и излегувањето на кафе. Патиките можете да ги комбинирате со класични фармерки и голема кошула. Целата комбинација дополнете ја со интересен ремен, големи обетки и лежерна торба.rn

    2. Комбинација со рамни чевли

    rn3 одлични модни комбинации за дневно излегување во градrnrnИзминативе неколку сезони рамните чевли им станаа омилен моден додаток на трендсетерките. Бидејќи излегувањето во град бара удобност, овие обувки се совршени за таа прилика. Можете да одберете светли балетанки кои одлично стојат со фустан, особено со цветен дезен. Целиот изглед можете да го дополните со чанта во боја, персонализиран накит и впечатливи очила за сонце.rn

    3. Комбинација со високи потпетици

    rn3 одлични модни комбинации за дневно излегување во градrnrnТоплото време значи дека конечно ќе можете да ги носите разните пролетни штикли кои се одлични за секоја прилика. За излегување во град можете да ги комбинирате со тексас фустан со копчиња и едноставен џемпер. Можете да ја освежите комбинацијата со интересна марама и чанта со дречлива боја, како на пример, тренди розова.rnrnДоколку не ви се допаѓаат овие предлози, погледнете ги комбинациите на бои кои секогаш изгледаат беспрекорно.

  • 11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

    11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

    Оскарите се најпрестижната филмска награда. Но кои филмови се номинирани и наградувани не зависи само од квалитет на филмот, туку и од политиката, жанрот, па дури и репутацијата на режисерите и актерите. Поради ова многу филмови остануваат игнорирани од Академијата, но тоа не значи дека не се добри. Погледнете 11 од нив…rn

    1. „Јавачот“ (The Rider)

    rn11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднааrnrnНа почетокот, филмот ќе ви изгледа како едноставна приказна за животот на момче од САД – тоа се повредува, мора да се откаже од неговиот коњ за тренингот и го враќа во индијанско засолниште. Но во текот на филмот ќе сфатите дека ова не е само драма за нечиј тежок живот. Оваа личност го бара нејзиниот идентитет во филмот. Овој филм сигурно ќе ве допре, бидејќи секој од нас сака да го најде неговото место во светот.rn

    2. „Моди“ (Maudie)

    rn11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднааrnrnОва е нискобуџетен филм од Ирскиот филмски фестивал. Приказната е романтична и смешна и ни докажува дека љубовта не зависи од логиката. Љубовта навистина може да го промени човекот. Гледачите ќе сведочат на развојот на врската помеѓу две обични личности – продавач на риба и чистачка со болест. Благодарение на љубовта на продавачот, чистачката го развива нејзиниот интерес за уметноста и станува позната артистка.rn

    3. „Колумбус“ (Columbus)

    rn11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднааrnrnОва е уште една моќна драма што не доби многу внимание од критичарите. Маж од Јужна Кореја доаѓа во мал град во САД за да се грижи за неговиот болен татко. Овде среќава жена со слична ситуација како неговата. Очигледно, би требало помеѓу нив да се развие романтична љубов, но наместо тоа добивате сентиментална приказна со длабок интелектуален контекст и тешки прашања за љубовта и семејството, што ќе ве натераат да размислите за вашиот живот.rn

    4. „Менди“ (Mandy)

    rn11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднааrnrnОва е психолошки трилер за брзата трансформација на еден примерен граѓанин во насилен ловец. Еден дрвосечач живее во шумата со жена што ја сака и сè изгледа совршено. Но, жената е киднапирана. Иако дејството изгледа тривијално, откритието за киднаперите, сетот, па дури и музиката го прават филмот навистина уникатен.rn

    5. „Кеди“ (Kedi)

    rn11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднааrnrnДоколку сакате добар мотивационен филм, ова е најдобриот избор. Ова е навистина оригинален филм за нашите миленичиња, прикажан преку нивни очи. Филмот е сместен во Истанбул, град во кој живеат илјадници мачки. Гледачите можат да ги следат патеките на мачките и да научат нешто за историјата на древниот град. Не само што ќе ги видите животните со разни карактери и нивните животи, туку ќе ги видите и луѓето кои се грижат за нив.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролет

    5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролет

    Постојат многу модели на обувки што се совршени за пролетта, но изгледа дека никој не може да им одолее на балетанките. Бидејќи се удобни и практични, тие се погодни за секоја прилика. Доколку и вам балетанките ви се омилените обувки, сигурно ќе ги посакате овие модели.rn

    1. Светло розова боја

    rn5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролетrnrnОваа нијанса е нежна, привлечна и женствена, па е неизоставен дел од пролетната сезона. Покрај тоа, ова е една од најпопуларните бои во светот, па без проблем ќе ја најдете на обувки, но и на секакви парчиња облека. Балетанките со оваа боја лесно се комбинираат со други нијанси и сигурно ќе го освежат вашиот изглед.rn

    2. Животински принт

    rn5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролетrnrnМожеби го сакате, а можеби и не, но животинскиот принт секогаш е популарен. Можете да го сретнете на разни парчиња облека, додатоци, како и на балетанки. Доколку одберете балетанки со ваков принт, најдобро ќе биде остатокот од облеката да биде без дезен.rn

    3. Живи бои

    rn5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролетrnrnДоколку сте храбри, балетанките со живи бои се одлични за вас. Можеби една од најдобрите бои е црвената, а со неа сигурно нема да останете незабележани. Со црвени балетанки можете секоја обична комбинација да ја претворите во нешто извонредно.rn

    4. Металик боја

    rn5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролетrnrnЗа да го однесете вашиот стил на ново ниво, не ви се потребни многу работи. Можете да го постигнете тоа со само неколку додатоци со металик боја. Балетанките со оваа нијанса се едноставни, а истовремено се впечатливи. Покрај тоа, тие визуелно ќе ги издолжат вашите нозе.rn

    5. Цветен дезен

    rn5 модели на балетанки што мора да ги имате оваа пролетrnrnЦветниот дезен е можеби најпопуларниот на светот, без разлика за која сезона станува збор. Се разбира, најчесто го гледаме во пролет и лето, а доколку ви се допаѓа можете да го носите и на нозете. Балетанките со цветен дезен изгледаат шармантно, привлечно и модерно.rnrnПогледнете ги и боите што ќе бидат хит оваа пролет.

  • 8 предлози за едноставна и здрава вечера

    8 предлози за едноставна и здрава вечера

    Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.rn

    1. Пржен зеленчук

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnШто е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.rnrnДоброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.rnrnВреме за подготовка: 10-15 минутиrn

    2. Пица со домати и босилек

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnЗа повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.rnrnВреме за подготовка: 15 минутиrn

    3. Смуди од овошје и зеленчук

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnСмудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.rnrnИ овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrn

    4. Чинија за појадок

    rn8 предлози за едноставна и здрава вечераrnrnЗошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.rnrnВреме за подготовка: 5-10 минутиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn