КАФЕ ПАУЗА

Tag: последици

  • Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

    Неочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќите

    Постојат толку многу супермоќи коишто би сакале да ги поседуваме. Повеќето луѓе сакаат да ја имаат моќта да ги читаат туѓите мисли или да патуваат низ времето. Но, малкумина размислуваат за непријатностите што би ги предизвикале овие необични способности.rn

    Телепатија

    rnНеочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќитеrn

    Како ја замислуваме?

    rnБи било интересно да ја знаете туѓата намера во врска со вас, да читате нечии мисли и да знаете дали некој ве лажe. Однапред ќе знаете што сака да каже некој и ќе ги научите желбите и тајните на сите. Оваа моќ би ви помогнала и да спречите некое злодело.rn

    Како навистина изгледа?

    rnНо што е со фактот дека ќе ги слушате мислите на сите луѓе? Ова ќе биде непресушен доток на информации. Без разлика каде сте и што правите, ќе ги слушате мислите на луѓето околу вас. А овие мисли нема да течат како разговор. Луѓето брзо минуваат од една мисла кон друга. Толку многу непотребни и неповрзани информации ќе ве полудат.rn

    Невидливост

    rnНеочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќитеrn

    Како ја замислуваме?

    rnАко станете невидливи ќе можете да правите што сакате. Ќе можете да влегувате во забранети места, да се криете кога сакате и никој нема да ве фати.rn

    Како навистина изгледа?

    rnЌе биде навистина тешко да се движите низ толпа ако сте невидливи. Луѓето ќе ве туркаат бидејќи нема да ве гледаат. Ќе треба да бидете премногу внимателни. Покрај тоа, оваа супермоќ е ваша, но не и на вашата облека. Секојпат кога ќе бидете невидливи ќе бидете голи.rn

    Телепортација

    rnНеочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќитеrn

    Како ја замислуваме?

    rnРечиси секој сака да може да стигне од едно на друго место за само една секунда. Можете да седите дома и да гледате телевизија, а за неколку секунди да бидете во друга држава.rn

    Како навистина изгледа?

    rnНо, не е сè толку едноставно. Со цел да отидете на некое место нема да биде доволно само да го замислите. Ќе треба многу јасно да се замислите таму. Но што ако местото не е исто како во вашето сеќавање? Нашите умови често бришат детали и ги полнат сеќавањата со други ситници. Што ако местото се променило од последен пат кога сте биле таму? Можете да завршите никаде. Истовремено ќе треба да имате голема контрола над моќта. Ако малку залутате со мислите и се замислите на плажа, можно е веднаш да се телепортирате таму.rn

    Телекинеза

    rnНеочекувани непријатности што би ги предизвикале супермоќитеrn

    Како ја замислуваме?

    rnОва е моќ за мрзливите. Ќе нема никаква потреба од станување ако сте заборавиле нешто во другата просторија. Звучи интересно, зарем не?rn

    Како навистина изгледа?

    rnРазмислете, колку често посакуваниот предмет ќе дојде право во вашите раце земајќи предвид дека го контролирате само со вашиот ум? Постои голема можност предметот да „слета“ на вашата глава или пак да падне на подот. За оваа моќ е потребна голема самодисциплина.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

    Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

    Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега? Иако деновиве е очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа што го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.rn

    Што претставува загадувањето на воздухот?

    rn(1)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mkrnrnЗагадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.rn

    Причина за загадување на воздухот

    rn(2)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mkrnrnЗагадувањето е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува нашата цивилизација. Најчесто тоа е предизвикано од човечки активности како рударство, градење, транспорт, индустрија, агрикултура и слично. Секоја активност која вклучува согорување, користење хемикалии и/или произведување многу прашина придонесува за загадувањето на воздухот. Модерното загадување најчесто е од сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште придонесуваат за зголемување на проблемот. Постојат и природни загадувачи на воздухот, како вулкански ерупции и пожари, но тие се многу ретки.rn

    Кои гасови загадуваат најмногу?

    rnNew Delhi: An arial view of the Central Delhi after thick layer of smog covered the national capital region on Nov 8, 2017. (Photo: IANS)rnrnСекој гас може да се квалификува како загадувач ако неговата концентрација му штети на здравјето. Ова значи дека постојат многу гасови кои може да бидат одговорни за загадувањето, но следниве 10 се најчести.rn

    1. Сулфур диоксид

    rnЈагленот, нафтата и другите горива често се нечисти и содржат сулфур, како и некои органски соединенија. Кога сулфурот согорува со кислородот, се добива сулфур диоксид. Електраните кои работат на јаглен се најголеми производители и најголеми загадувачи со овој гас.rn

    2. Јаглероден моноксид

    rnОвој гас се формира кога горивата немаат доволно кислород за целосно да согорат. Најчесто настанува од автомобилите, а може да се наталожи и во вашиот дом.rn

    3. Јаглероден диоксид

    rnОвој гас обично не се смета за загадувач. Ние издишуваме јаглероден диоксид кој пак растенијата го користат за „дишење“. Сепак, и овој гас е стакленички и може да се создаде од мотори и електрани. Од почетокот на Индустриската револуција, јаглеродниот диоксид се таложи во атмосферата на Земјата и придонесува за проблемот со промената на климата.rn

    4. Азотни оксиди

    rnЗагадувањето од азот диоксид и азот оксид потекнува од моторите на возилата и електраните. Тој е одговорен за формирањето кисел дожд, озон и смог.rn

    5. Испарливи органски соединенија

    rnОвие хемикалии испаруваат лесно на секојдневна температура, па стануваат гасови. Најчесто се користат во боите кои ги користиме во домот. За жал, и тие се одговорни за загадувањето на воздухот и можат да остават долготрајни последици кај луѓето.rn

    6. Честички

    rnЧестичките се виновни за потемнувањето на зградите и тешкотиите во дишењето. Нивната големина е различна и најчесто се последица од сообраќајот.rn

    7. Озон

    rnОзонот, познат и како трикислород е вид кислороден гас. Во стратосферата, тој нè штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Но на ниво на земјата може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.rn

    8. Хлорофлуорокарбонати

    rnНекогаш се сметале како безопасни, па овие гасови се користеле во ладилниците. Подоцна се открило дека му штетат на озонот на Земјата.rn

    9. Несогорени јаглеводороди

    rnНафтата и другите горива се направени од органски соединенија кои содржат јаглерод и водород. Кога правилно се согоруваат тие се претвораат во безопасен јаглероден диоксид и вода. Но, кога согорувањето не е целосно тие испуштаат јаглероден моноксид или остануваат во воздухот создавајќи смог.rn

    10. Олово и тешки метали

    rnОловото и другите токсични тешки метали може да се рашират низ воздухот како отровни соединенија или како аеросоли.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Што ќе се случи со вашето тело ако секојдневно пиете Кока-кола?

    Што ќе се случи со вашето тело ако секојдневно пиете Кока-кола?

    Сè повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека газираните пијалаци предизвикуваат вистински хаос во нашиот организам. Ако секојдневно пиете од овие пијалаци, можеби листава ќе ве натера да го промените тоа.rn

    1. Недостаток на витамини

    rnrnrnФосфорната киселина која ја има во Кока-колата, во комбинација со кофеинот ги отстранува хранливите материи и витамини од вашето тело, и тоа 60 минути откако ќе го испиете пијалакот. Замислете што се случува кога пиете секој ден.rn

    2. Ерозија на забите

    rn(2)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnВисоката киселост и шеќерот во Кока-колата предизвикуваат кариес. На ова додајте го ниското ниво на калциум поради недостатокот од витамини, и ќе завршите со расипани заби. И нема да биде потребно многу долго време за тоа да се случи.rn

    3. Анксиозност

    rn(3)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnПокрај недостатокот од сон, и анксиозноста е несакан ефект од консумирањето кофеин. Секоја лименка Кока-кола содржи исто количество кофеин како и шолја силно кафе. Исто така, докажано е дека може да биде и заразана. Па штом ќе решите да се откажете од овој пијалак можете да почувствувате главоболки, замор, па дури и депресија.rn

    4. Дебелина

    rnrnrnКога станува збор за вишокот килограми, повеќе се мисли на тоа како се чувствувате отколку како изгледате. Самото тоа што имате некој килограм повеќе не е проблем, но тоа може да го зголеми притисокот на вашиот кардиоваскуларен систем, како и на вашите зглобови и коски. Имајте на ум дека тие веќе се ослабени поради недостатокот од калциум.rn

    5. Проблеми со кожата

    rn(5)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnСекојдневното пиење Кока-кола го има истиот ефект на кожата како и пушењето цигари. Газираните пијалаци предизвикуваат воспалување на кожата поради големото количество шеќер во нив. Тие ја дехидрираат кожата и ги истакнуваат линиите и брчките на лицето. Го забрзуваат стареењето на кожата, може да предизвикаат егзема, многу сува кожа и акни.rn

    6. Проблеми со срцето и крвта

    rn(6)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnЗголеменото ниво на холестерол може да предизвика инфаркт. Ако пиете по една лименка Кока-кола дневно, вие веќе можно е да имате висок крвен притисок. Жените кои консумираат по една лименка дневно, имаат поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2.rn

    7. Ризик од рак

    rn(7)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnОва не значи дека ќе добиете рак ако секојдневно пиете Кока-кола. Но, поради молекулите на бензен во овој пијалак и неговото пластично пакување, лекарите препорачуваат да го ограничите внесувањето на една лименка неделно за да го намалите ризикот од рак.rn

    8. Проблеми со бубрезите

    rn(8)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-ako-sekojdnevno-piete-koka-kola-kafepauza.mkrnrnАко мислите дека диеталната Кока-кола е побезбедна, тогаш се лажете. Таа можеби не содржи шеќер, но има вештачки засладувачи кои не се добри за вашите бубрези, особено ако ја пиете секој ден.rnrnПогледнете ги и останатите проблеми кои ги предизвикуваат газираните пијалаци.

  • Зошто мора веднаш да престанете со бојадисување на косата?

    Зошто мора веднаш да престанете со бојадисување на косата?

    Кога сакаме драстично да го промениме изгледот, а да не потрошиме многу пари, нема подобра метода од бојадисување на косата. Луѓето ја менуваат бојата на косата илјадници години наназад. Дури и старите Египќани користеле к’на за да ги сокријат своите седи влакна. Денес се доволни само неколку минути за да ја сокриеме седата коса или да дознаеме дали русокосите навистина подобро се забавуваат, а сето тоа благодарение на производите за бојадисување на косата кои можеме да ги купиме во скоро секоја продавница. Бојадисувањето на косата е полесно од кога било порано, но и понатаму не е добра идеја. Не станува збор само за изборот на погрешна боја или неквалитетна фарба, туку за многу посериозни последици и проблеми.rnrn1-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    Што ѝ прави фарбата на вашата коса?

    rnКако делува фарбата, зависи од нејзината боја и трајност. Меѓутоа, генерално, фарбата и нејзините хемикалии продираат во кутикулите на косата за да ја променат нејзината боја. Овој процес ја менува и структурата на вашата коса, а промената на структурата можете и самите да ја почувствувате по бојадисувањето. Ова е особено точно кога станува збор за избелување на косата, кое ја прави посува и погруба.rnrn2-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Бојадисувањето може да доведе до губење на косата

    rnНикој не сака да ја изгуби косата кога ќе остари, особено жените. При редовно бојадисување опаѓаат само оштетените влакна, но тоа може да се случи во толкави количини што ќе ви ја проретчи косата. Штетните хемикалии во фарбите со тек на време ја прават косата слаба и кршлива. Малку е веројатно дека губењето на косата ќе биде трајно, но со тек на време ќе се влоши доколку продолжите континуирано да ја бојадисувате косата.rnrn3-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    2. Алергиска реакција

    rnВо сите фризерски салони ќе ви препорачаат да направите тест на кожата пред да ја бојадисате косата со конкретна фарба. Фарбите за коса содржат фенилендиамин, хемикалија за која е познато дека ја иритира кожата.rnrn4-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Некои хемикалии во фарбите за коса се поврзани со појава на рак

    rnИзгледа дека денес сѐ е поврзано со ракот. Меѓутоа, загриженоста околу фарбите за коса е легитимна. Тие содржат над 5.000 хемикалии. Не се сите поврзани со ракот, но за голем број се смета дека се канцерогени. Ако сакате да се заштитите од тие штетни состојки, едноставно немојте да користите фарби за коса.rnrn5-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бојадисувањето ја суши косата

    rnСувата коса е проблем за многу жени, без разлика дали ја бојадисуваат својата коса или не. Сушењето со фен, фенирањето, исправувањето и сите останати активности кои вклучуваат користење топлина, не ѝ прават никакво добро на вашата коса. Влошувањето на состојбата допринесува и употребата на хидроген, кој се користи како база за фарбата. Тој е одлично средство за осветлување на косата, чија цел е таа подобро да ја прима бојата, но исто така е и причина за тоа што таа изгледа како слама.rnrn6-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Скапо одржување

    rnАко ја бојадисувате косата, сигурно знаете колку е скапо нејзиното одржување. Самото потстрижување на женската коса е поскапо од машкото, а ако на тоа го додадете и бојадисувањето и третманите кои бојадисаната коса ги бара, ќе добиете прилично голема парична сума која месечно ја давате само за фризер.rnrn7-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Трошење време

    rnБојадисувањето на вашата коса не чини само пари, туку и време. Нема ништо полошо од тоа цела сабота да ја поминете на столицата во салонот чекајќи бојата да „се фати“. Веќе и онака сте зафатени, па неколку слободни часа секогаш се добредојдено изненадување.rnrn8-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rn

    7. Грациозно прифатете ја седата коса

    rnСосема е нормално да посакате да го вратите времето пред вашата коса да почне да добива сивкасто-бела нијанса. Бојадисувањето на косата изгледа како сигурно и едноставно решение, но уште подобра опција е да дозволите таа да се менува природно. Многу жени гордо и достоинствено ја носат својата седа коса, што прави да изгледаат самоуверено и сигурно во себе. Освен тоа, седата коса е изненадувачки убава.rnrn9-eve-zoshto-momentalno-morate-da-prestanete-so-bojadisuvanje-na-kosata-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку ја бојадисувате косата во домашни услови или пак сакате да го направите тоа по првпат, тогаш ова се заповедите за успешно бојадисување на косата во домашни услови.

  • Хроничната негативност е отров за телото, душата и умот

    Хроничната негативност е отров за телото, душата и умот

    Жалењето се толерира сè додека има некаква логика зад него. Истото важи и за трагедиите. Многу луѓе околу нас постојано се жалат и им ги раскажуваат своите трагични животни приказни на другите. Животот не е секогаш фер и понекогаш луѓето немаат многу среќа. Но, премногу негативност не е добро ниту за физичкото, ниту за менталното здравје.rnrnhronichnata-negativnost-e-otrov-za-vashite-telo-dusha-i-um-kafepauza.mkrn

    Што е премногу негативност?

    rnКога ќе се случи некаква трагична несреќа, тоа секако е негативно. Но, негативноста станува хронична кога една личност секогаш ги гледа само лошите страни на секоја животна ситуација. Луѓето умираат, луѓето раскинуваат и продолжуваат понатаму, луѓето се водени од 7-те смртни гревови… Но, ние не можеме да контролираме ништо освен нашето однесување и нашите мисли. Ако постојано се жалите за нешто, тоа не ви е од помош. Ако постојано ја гледате негативноста во секоја ситуација, но и кај другите, можете да се изгубите. Ова песимистичко однесување навистина е штетно, а многу често влијае и на вашето здравје. Погледнете што всушност ви прави негативноста.rn

    1. Влијае на вашиот имунитет

    rnЗамислете си дека одите на работа. Сте подготвиле некаква презентација и за неа ви е потребен совршениот костим. Но, не можете да го пронајдете и станувате гневни. Наместо да облечете нешто друго, вие го трошите вашето време жалејќи се за костимот кој не можете да го најдете, и веројатно ќе кажете и нешто непријатно. Ова го зголемува нивото на стрес. Вашиот крвен притисок се зголемува. Според истражувањата, само 5 минути гнев имаат лошо влијание на имунитетот. Ова е вистински шок за вашето здравје, а може да резултира и со намалена продуктивност.rn

    2. Се појавуваат разни здравствени проблеми

    rnРаботите на некој проект чиј краен рок се наближува. Наместо да работите, вие почнувате да се плашите од резултатот. Можеби ќе наидете на некои проблеми во текот на работењето. Овие проблеми ќе ве натераат да мислите дека нема да стигнете на време и грижите само се зголемуваат. Многу често овие ситуации предизвикуваат главоболка. Негативните емоции како гнев, анксиозност и слично предизвикуваат благи здравствени проблеми, но понекогаш и срцев удар. Ако подолго сте изложени на стрес, здравјето на вашето срце се влошува. Според докторите, срцевите удари многу често се предизвикани од стрес, а негативноста е онаа која го храни стресот.rn

    3. Ќе станете цинични

    rnКога постојано го барате негативното кај сите, вие ќе престанете да им верувате на другите и ќе станете цинични. Овие луѓе пак се на поголем ризик од деменција за разлика од луѓето кои им веруваат на другите. Хроничната негативност може да направи вистински хаос во вашиот мозок и да предизвика непотребни компликации во животот.rnrnАко ја храните негативноста, таа ќе допре до секој дел од вашиот живот. Психолозите истражувале многу за оваа појава. Според резултатите кои ги добиле, заклучиле дека кога луѓето комуницираат едни со други, тие се под влијание од заемните навики како движењето на телото, гестикулациите и изразите на лицето. Уште поважно, тие се под влијание и на своите мисли. Замислете дека сте во група од пет луѓе. Тројца од нив се песимисти. Ги сретнувате секој ден и ги слушате само негативните делови од нивниот ден. Полека почнувате да верувате во оваа негативност и да ја применувате. Ова пак почнува да предизвикува проблеми во вашиот живот.rnrnНегативноста нема никогаш да ви биде од корист. Таа само ќе ве вознемири и ќе ви донесе уште повеќе негативност. Грижењето за сè нема да го смени резултатот на ништо. Треба да бидете силни и да ги прифатите работите онакви какви што се. Верувајте во себе, и ако почнете да размислувате негативно, веднаш сменете ги мислите. Секогаш обидувајте се да ја гледате позитивната страна.rnrnОвие верувања ќе ви помогнат да го ослободите вашиот ум од негативните мисли.

  • 11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски

    11-те кариери кои имаат најлошо влијание на љубовните врски

    Користејќи информации за бројот на разводи и стресот од работното место, направена е листа на кариери кои ја отежнуваат рамнотежата помеѓу работата и љубовниот живот. На оваа листа не се наоѓаат само очигледните работни места (како на пример, егзотични танчари) туку и некои кои неочекувано ја влошуваат вашата љубовна врска. Па, погледнете за кои станува збор.rn

    1. Вработени во казино

    rn(1)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrnrnПовеќето казина работат постојано, па вработените имаат необични смени и многу често работат и за празници. Покрај тоа, овие луѓе постојано се околу алкохол, коцкање и средина за забава, па ова може да додаде притисок на врската. Истражување од 2010 година покажало дека кај луѓето со оваа професија стапката на развод била 31,4%.rn

    2. Масери

    rnMan having a massagernrnКога ќе го земете предвид фактот дека масажата вклучува физички контакт, не ни треба да ви објаснуваме зошто ова работно место се нашло на листата. „Кои ти беа денешните клиенти?“ и „Што всушност правеше цел ден?“ се некои од прашањата кои масерите ги добиваат од своите (љубоморни) партнери. Според едно истражување, разводите во оваа професија се многу чести – 38,2%.rn

    3. Шанкери и келнери

    rnBartender mixing drinksrnrnШанкерите постојано се опкружени со луѓе кои консумираат алкохол. Тие многу често не знаат до кога ќе се задржат на работното место. Истото се случува и со келнерите – необични работни часови, работа со луѓе, а понекогаш и финансиски проблеми. Стапката на развод во оваа професија е 38,4%rn

    4. Атлетичари, забавувачи и танчари

    rn(4)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrnrnБраковите, разделбите и разводите на познатите ѕвезди постојано се мета на јавноста. Можеби самата професија го прави тоа: честите патувања, вниманието и стресот може да бидат проблем за секоја врска. Кај танчарите е забележана највисока стапка на развод, и тоа од 43,1%.rn

    5. Полицајци и пожарникари

    rn(5)11-te-rabotni-mesta-koi-imaat-najlosho-vlijanie-na-ljubovnite-vrski-kafepauza.mkrnrnПолицајците и пожарникарите имаат можеби најопасно работно место. Секој ден кога тргнуваат на работа постои ризик да бидат повредени, или во најлош случај, да загинат. Покрај тоа тие се изложени на многу стрес кој понекогаш резултира со ментални нарушувања.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Што ќе се случи ако никогаш не излегувате на сонце?

    Што ќе се случи ако никогаш не излегувате на сонце?

    Многу од нас не му придаваат важност на сонцето. Дури и кога е облачно, знаеме дека тоа е некаде над облаците и дека повторно ќе се појави. Но дали знаете колку всушност му е потребно на нашето тело? Погледнете што би се случило со вашето здравје ако не се изложувате доволно на сончева светлина.rn

    1. Го ризикувате здравјето на вашето срце

    rn(1)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnБез сончева светлина нашето тело не може да произведува витамин Д. Овој витамин нè штити од многу срцеви заболувања. Ултравиолетовите зраци пак го регулираат крвниот притисок. Па, недостатокот од сончева светлина ќе води до кардиоваскуларни проблеми.rn

    2. Ќе бидете тажни

    rn(2)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnБез сонце ќе имате пониско ниво на серотонин, хормонот на среќата. Иако постојат и други начини со кои можете да го подобрите вашето расположение, изложувањето на сонце е најлесниот и најприродниот начин, особено ако го комбинирате со физичка активност.rn

    3. Проблеми со нервите

    rn(3)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnСе верува дека ако децата не се изложуваат редовно на сончева светлина, кога ќе бидат возрасни ќе бидат посклони кон склероза, болест на централниот нервен систем.rn

    4. Болки низ целото тело

    rn(4)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnАко не излегувате на сончева светлина, подгответе се за болки низ целото тело. Сонцето ги топли мускулите и ја намалува болката предизвикана од нарушувањата како артритис.rn

    5. Намалена плодност

    rn(5)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnБез сончева светлина, женското тело ќе има повеќе мелатонин. Овој хормон ја намалува плодноста, а со тоа и шансата за забременување. Покрај тоа, кај жените кои поретко се изложуваат на сончева светлина менопаузата се појавува порано. Кај мажите пак недостатокот од сончева светлина влијае на нивото на тестостерон.rn

    6. Ослабен имунитет

    rn(6)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnПомалку сончева светлина значи помалку бели крвни зрнца. А кога имате помалку бели крвни зрнца, на вашето тело му е потешко да се бори против инфекциите.rn

    7. Кариес

    rn(7)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnДури и нашите заби страдаат од недостаток на сончева светлина. Се открило дека луѓето кои поретко излегуваат на сонце имаат повеќе проблеми со забите, најчесто со кариес.rn

    8. Зимска депресија

    rn(8)shto-kje-se-sluchi-ako-nikogash-ne-izleguvate-na-sonce-kafepauza.mkrnrnБез сончева светлина постојано ќе се мачите со сезонската депресија. Овој вид депресија е предизвикан од недостаток на сончева светлина, а вештачката светлина не може да ја замени природната.rnrnИако сончевата светлина е многу важна за нашето здравје, важно е да знаете дека и премногу сонце не е добро. Ултравиолетовите зраци може да предизвикаат изгореници и разни болести на кожата, па дури и рак. Потребна е умереност во сè.rnrnДоколку сте претерале со изложеноста на сонце, овие совети ќе ви помогнат да ги третирате изгорениците.

  • 15 физички последици од скршеното срце

    15 физички последици од скршеното срце

    Никој не сака да заврши со скршено срце. Но, ако ја погледнеме големата слика, овие моменти се лекции, како и можности за зајакнување на духот. Иако можеби има и некои предности, скршеното срце има и физички последици. Кога ќе дознаете кои се, ќе можете подобро да се разберете и вие, и луѓето околу вас кои се во иста ситуација.rnrn15-fizichki-posledici-od-skrshenoto-srce-kafepauza.mkrn

    1. Физичка болка

    rnНекои од најчестите болки кои се чувствуваат се главоболка, болка во стомакот или буквално болка во срцето. Менталниот и емоционалниот стрес се манифестираат преку овие физички болки.rn

    2. Нивото на стрес се зголемува

    rnСтресот не е добар за нашето тело. Иако понекогаш тој нè тера да направиме некоја промена, премногу стрес има негативни последици на здравјето. Најдобро е во овие моменти да се релаксирате и да одвоите повеќе време за вас.rn

    3. Промена во апетитот

    rnМногу луѓе целосно забораваат на своите потреби, па може и воопшто да не јадат. Поради ова слабеат. Други пак се справуваат со скршеното срце со храната која им дава некаква утеха, па поради ова може да се здебелат.rn

    4. Чувство на голема тага

    rnНормално е да бидете тажни, но ако не можете да излезете од таа состојба, вашата тага може да се претвори и во депресија. Ако почувствувате дека сте психолошки нестабилни, разговарајте со некој и побарајте помош.rn

    5. Намалена концентрација

    rnБидејќи вашиот ум е оптоварен со многуте емоции кои доаѓаат со скршеното срце, може да забележите намалување на концентрацијата. Ова резултира со многу грешки на работното место но и во други задачи кои претходно сте ги извршувале одлично. Затоа после ваква епизода, најдобро е да одморите од вашата секојдневна рутина.rn

    6. Забавување на срцето

    rnНормално е оваа состојба да има влијание на вашето физичко срце. Но, ако забележите големи промени, консултирајте се со вашиот лекар. Може да бидете „погодени“ од синдромот на скршено срце кој се појавува во вакви ситуации.rn

    7. Проблеми со спиењето

    rnЌе имате проблеми со спиењето бидејќи навечер постојано ќе мислите на личноста која ве повредила. Без разлика колку се обидувате, сонот никако не може да дојде. Обидете се да слушате тивка музика која ќе ве опушти.rn

    8. Зголемена чувствителност

    rnКога сте во болна ситуација, вие станувате ранливи. Дури и најмалите забелешки може да ве повредат повеќе отколку што треба. Ако можете, избегнувајте ги негативните луѓе и ситуации. Во овие моменти не ви е потребна дополнителна негативна енергија.rn

    9. Ќе сакате да бидете сами

    rnКога сте повредени, нормално е да имате потреба да бидете сами. Самотијата може да ви помогне полесно да ја надминете болката. И се разбира, не сакате другите да ве гледаат во оваа ранлива состојба.rn

    10. Синдром на повлекување

    rnОвие симптоми се нормални после скршено срце. Вие сте биле навикнати на некој што одеднаш исчезнува од вашиот живот. Оваа разделба е вистински шок за вас. Исто така, рутината која сте ја имале со оваа личност исчезнува и целиот ваш живот ќе се промени.rn

    11. Нередовни менструални циклуси

    rnНаучниците истражувања покажале дека стресот може да води до одложени или нередовни менструални циклуси. Скршеното срце не само што ги повредува чувствата на жената, туку има влијание и на нејзината женственост.rn

    12. Намален имунитет

    rnБидејќи стресот го ослабува телото, со него ослабува и вашиот имунитет. Ова ви го зголемува ризикот од разни болести и инфекции. Обидете се да не дозволите вашето скршено срце да ве доведе до овде.rn

    13. Паѓање на косата

    rnПаѓањето на косата е неизбежен ефект од стресот. Обидете се да се опуштите и да правите работи кои ви причинуваат задоволство за да не му дозволите на стресот да ве обземе.rn

    14. Болни менструални циклуси

    rnСтресот може да предизвика болки кај жените за време на нивниот циклус. Обидете се да правите некои вежби кои ќе го намалат интензитетот на болките. Или пак, разговарајте со вашиот лекар за некои лекови кои ќе ви помогнат.rn

    15. Сомневање во себе

    rnКога ви е скршено срцето, нормално е да се сомневате во себе и да се прашувате за вашата вредност. Ова се случува бидејќи скршеното срце ја разнишува вашата самодоверба. Во ред е да се чувствувате вака, но немојте да заглавите во оваа состојба.rn

    Заклучок

    rnСкршеното срце не мора да биде од романтичен партнер кој ве повредил. Тоа може да биде резултат на семеен конфликт, проблеми кај пријателството или губење на довербата во некого. Каква и да е ситуацијата, запомнете дека е во ред да се чувствувате вака, но не дозволувајте тоа да трае предолго. Она што е важно е лекцијата која сте ја научиле и силата која сте ја стекнале од ова искуство.rnrnПогледнете и зошто скршеното срце може да биде добро за љубовта.

  • 5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови

    5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови

    Ако сте личност со пристап до Интернет, голема е веројатноста да сте изгледале барем еден порнографски филм. Бидејќи порнографијата е толку честа, веќе секој од нас ја гледа како норма. Не се обрнува внимание на несаканите ефекти, а многу парови и професионалци се расправаат за тоа дали е дел од здрава љубовна врска.rnrn5-shtetni-i-nesakani-efekti-od-gledanje-ponografkski-filmovi-kafepauza.mkrnrnСигурно имате слушнато за штетните последици од порнографијата, но дали знаевте кои се тие? Прочитајте во продолжение.rn

    1. Ги уништува врските

    rnНаправени се неколку истражувања за влијанието на порнографските филмови на романтичните врски, и резултатите се алармантни. Според Focus on the Family, порнографијата го намалува сексуалното задоволство.rn

    „Еден од најлошите несакани ефекти од порнографијата е тоа што ја саботира способноста да уживате во нормален секс.“

    rnОва може да води до многу проблеми во врската или бракот. Според психолозите, порнографијата може да биде причина за неверство. Истражувањето покажало дека луѓето кои многу ретко гледале филмови за возрасни имале пониско ниво на негативна комуникација, биле повеќе посветени на врската и доживувале поголемо сексуално задоволство.rn

    2. Создава зависност

    rnМозочниот центар за награда реагира позитивно на работи кои ни се потребни за преживување, како на пример, храната. Кога се активира овој дел од мозокот, тој лачи допамин. Допаминот создава пријатно и убаво чувство. Па на овој начин ние ќе ги повторуваме работите кои ни се неопходни за преживување. Овој центар за награда реагира исто со дрога и со други супстанци кои создаваат зависност, вклучувајќи ја и порнографијата. По некое време мозокот се навикнува на овие филмови, и почнува да бара повеќе. Корисниците често се обидуваат да надоместат гледајќи ги овие филмови подолго, или пак бараат поинтензивен материјал за да ја достигнат возбудата која ја чувствувале на почетокот. Како и дрогата, и оваа навика може да се влоши и на крај на зависникот му е многу тешко да се откаже. Сепак важно е да запомните дека не се зависници сите што гледаат филмови за возрасни.rn

    3. Дава нереални очекувања

    rnНе е тајна дека порнографската индустрија е само тоа – индустрија. За да заработат пари, тие прават сè да изгледа совршено. Актерите во овие филмови имаат цел тим луѓе кои се грижат за нивниот изглед, а понекогаш прават и по некоја пластична операција. Токму ова им дава нереални очекувања на луѓето за тоа како треба да изгледа сексот.rn

    4. Децата добиваат нездраво сексуално образование

    rnЗа жал, децата и тинејџерите имаат многу лесен пристап до порнографските филмови. Едно истражување покажало дека 94% од децата биле изложени на овие филмови пред да наполнат 14 години. 53% од нив верувале дека она што го изгледале е реален приказ за еден интимен однос. Некои деца дури почнале и да го имитираат однесувањето на актерите во филмовите.rn

    5. Создава чувство на осаменост

    rnСе сеќавате на допаминот кој го спомнавме погоре? Додека тој прави да се чувствувате убаво некој период, порнографските филмови создаваат и чувство на осаменост. Според доктор Гери Брукс, психолог кој веќе 30 години работел со зависници од порнографија, колку повеќе некој гледа филмови за возрасни, толку поосамено се чувствува. Луѓето со овој проблем многу често не разговараат за тоа поради страв од одбивање, повреда и други слични причини. Порнографијата не треба да биде нешто за коешто не се разговара. Многу луѓе имаат проблем со неа, па важно е да се создаде атмосфера со љубов наместо со срам и потсмевање. Како и со многу други проблеми, така и со оној со порнографијата не можете да се справите сами.rn

    Што да направите?

    rnАко препознавате кој било од овие несакани ефекти, побарајте помош. Немојте да се чувствувате осамено или засрамено бидејќи многу луѓе се во истата ситуација. Ако не можете лично да разговарате со некого, постојат многу онлајн извори кои можат да ви помогнат. Ако знаете некој со ваков проблем, немојте да го терате да се откаже со срам. Бидете добри кон него, покажете почит и љубов и дајте му ја помошта и поддршката која му е потребна.

  • Што се случува со вашето тело кога потиснувате интензивни емоции?

    Што се случува со вашето тело кога потиснувате интензивни емоции?

    Денес живееме во свет каде што никој не сака да слушне како се чувствувате. Никому не му е пријатно да слуша за туѓите емоции и сите преферираат луѓето да си го носат своето „среќно лице“ а проблемите да ги чуваат за себе.rnrn10-raboti-koi-se-sluchuvaat-koga-gi-potisnuvate-vashite-emocii-kafepauza.mkrnrnЗа жал, ова прикривање и потиснување не само што е лошо за менталното здравје, туку последици трпи и телото. Во продолжение се 10-те работи кои се случуваат со вашето физичко здравје кога си ги потиснувате емоции. Можеби токму овие информации ќе ве инспирираат поотворено да разговарате за своите чувства и да се обидете да го пронајдете внатрешниот мир.rn

    1. Висок крвен притисок

    rnБидејќи за потиснувањето на емоциите е потребна енергија, личноста која го прави ова често се справува со висок крвен притисок. Всушност, многу луѓе тврдат дека кога се гневни или кога чувствуваат екстремна тага, нивното срце забрзува. Ова е опасно како за мозокот, така и за целото тело.rn

    2. Зголемување на тежината

    rnДобро познат факт е дека луѓето кои се под стрес, а не се справуваат со него се склони кон прејадување. Ова се случува потсвесно, како начин за контролирање на стресот. Ако некој нема здрав „издувен вентил“, како вежбање, пишување, или што било креативно, многу е лесно да ја зголеми својата телесна тежина.rn

    3. Дигестивни проблеми

    rnПотиснувањето на емоциите може да резултира со проблеми со дигестијата. Стресот го забавува дигестивниот систем а ова резултира со намалена апсорпција. Всушност, многу луѓе се соочуваат со киселини, дијареја, констипација и слично кога се изложени на многу стрес.rn

    4. Триење на забите

    rnДали сте знаеле дека триењето на забите може да биде знак дека имате паразити? Покрај тоа, оваа појава е и резултат на потиснување на емоциите. Многу често триењето на забите се случува кога некој е гневен или фрустриран. Тоа може да предизвика болки во вилицата и главата, но и да ги уништи вашите заби.rn

    5. Појава на брчки

    rnБрчките не се секогаш резултат на стареење. Многу луѓе кои ги потиснуваат своите емоции прават загрижени изрази на лицето кои пак, предизвикуваат појавување на линии и брчки.rn

    6. Проблеми со спиењето

    rnАко многу често ви е тешко да заспиете, можеби е време да ги искажете вашите чувства. Лошиот сон е симптом на акумулиран стрес кој не ви дозволува да заспиете. А како што веќе сигурно знаете, спиењето е клучно за правилно функционирање на телото.rn

    7. Намалено производство на окситоцин

    rnОкситоцинот е хормон кој прави да се чувствувате убаво и најчесто се лачи кога се прегрнувате или кога споделувате интимни моменти со блиска личност. Овој хормон има голема улога во справувањето со стресот и анксиозноста. Но, кога ги потиснувате емоциите, неговото производство се намалува и само си ја влошувате ситуацијата.rn

    8. Намалување на активноста на темпоралниот лобус

    rnОвој дел од мозокот е одговорен за сеќавањата и за основните сетила, вклучувајќи го видот, слухот и допирот. Ако ги потиснувате емоциите, овој дел од мозокот може многу да трпи.rn

    9. Ослабен имунитет

    rnКога сте бомбардирани со стрес, вашиот имунитет ослабува. Не само што почесто ќе се разболувате, туку ова ќе има влијание и на другите делови од вашиот живот како што се врските, работата и вашите цели. Најдете време и начин да се справите со стресот со цел да го зачувате вашето здравје.rn

    10. Губење на меморијата

    rnСтресот кој потекнува од потиснувањето на емоциите може да предизвика губење на меморијата. Но, има начин да го спречите тоа. Одвојувајте повеќе време за релаксација (наполнете си ја кадата, читајте, прошетајте…) и уживајте во придобивките.rnrnОваа едноставна техника ќе ви помогне да се справите со стресот.