Ги миете забите додека ги облекувате пантолоните и јадете додека со едната рака ги врзувате чевлите. Вашиот телефон ѕвони непрекинато во изминатите дваесет минути, а сѐ уште не сте избрале ни која кошула ќе ја облечете за излегувањето. Вашето доцнење станува хроничен проблем во друштвото, па решавате еден ден да ги изненадите и да пристигнете пред закажаното време. И од никаде, сосема случајно, пред вас се појавува Јутјуб и заглавувате таму гледајќи смешни видеа со мачки, па повторно ве чекаат повеќе од половина час. Да, вие нема да стигнете точно на време, никогаш и никаде во животот и следниве знаци го покажуваат токму тоа!rnrn
rnrn1. Дел од вашата рутина на подготвување вклучува и извинување, кое објаснува зошто ќе доцните 15 минути.rnrn2. И веќе го смислувате изговорот во вашата глава, дури и пред да бидете сигурни дека ќе доцните.rnrn3. Исто така издвојувате 2 часа за да ја наместите косата или да изберете облека, најчесто поради тоа што поминувате час и четириесет и пет минути од тоа време во лежење на креветот и буквално безделничење.rnrn4. Бројот на случаи кога сте испратиле порака „Доаѓам!“ додека сѐ уште не сте ги облекле ниту пантолоните е навистина голем.rnrn5. Доцните дури и кога сте се договориле вашиот колега да ве собере со автомобил. Некако пред да излезете од дома ви излегуваат уште 3 други нешта кои го бараат вашето внимание.rnrn6. Кога доцнењето е апсолутно исклучено, во ситуации кога се работи за интервју за работа, свадба или авионски лет, тогаш се откажувате од барем 1 до 2 часа спиење, кои ги додавате на нормалното време потребно за подготовка. И сепак на крај трчате и стигнувате во последна минута.rnrn7. Бројот на пати кога го притискате копчето за снуз на вашиот телефон секое утро е навистина навредлив. Тоа е главната причина поради која секојдневно на работа доаѓате испотени и без здив затоа што трчале.rnrn8. И кога другите луѓе се шегуваат дека наутро го исклучуваат алармот два или три пати пред да станат, вие си размислувате „Ох, колку слатко“.rnrn9. Кога правите планови во групна порака, секогаш вас ве прашуваат во кое време точно да се сретнете.rnrn10. Вообичаено е другите да изберат време и потоа да додадат дваесет минути, до половина час гратис период за вашето пристигнување.rnrn11. Секогаш правите планови во вашата глава дека ќе стигнете порано овој пат за да им покажете дека можете. Но потоа навлегувате во црна дупка од бескорисни нешта, како гледање видеа на Јутјуб, читање артикли на Википедија за нешта кои воопшто не ви е грижа и бескрајно „шетање“ на по ѕидовите на Фејсбук и Инстаграм. И следното нешто кое го правите е пишување порака со изговор зошто доцните.rnrn12. Кога немате никаков притисок од време, никогаш нема сообраќаен метеж и секогаш ги фаќате зелените светла на семафорот. Но кога веќе доцните 15-тина минути, сѐ што може дополнително да придонесе кон вашето време на доцнење, ќе тргне наопаку.rnrn13. И потоа кога на вашите пријатели ќе им објаснете за сите овие луди причини зошто доцните повеќе од вообичаеното, тие само незаинтересирано ќе се насмевнат затоа што многу добро ги знаат вашите изговори.rnrn14. Не сте сигурни како изгледа некаде да одите лежерно и без брзање бидејќи вие секогаш сте личноста која ги заобиколува лежерните личности затоа што веќе доцните.rnrn15. Луѓето често велат дека доцнењето е знак на ароганција, како вашето време да е поважно од времето на другите. И дефинитивно разбирате зошто би го рекле тоа и зошто се чувствуваат така. Но во реалноста, вашето доцнење е само знак дека сте премногу оптимистични неранимајковци.
Tag: последици
-

15 знаци дека секогаш ќе доцните
-

7 знаци дека пиете премногу кафе
Доколку се сомневате дека во текот на денот пиете повеќе кафе отколку што треба, проверете кои се негативните последици од прекумерното уживање во оваа магична напивка. Додека умерената количина кафе може да го подобри вашето паметење и невролошко здравје, прекумерната консумација може да ги наруши телесните, физиолошки функции.rnrn
rn1. Прескокнување на срцето
rnКофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и може да ги забрза срцевите отчукувања. Луѓето кои внесуваат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат прескокнувања на срцето.rn
2. Нервоза и тресење
rnТресење, немир, нервоза – вака изгледа овој симптом предизвикан од прекумерна консумација на кафето. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.rn
3. Често одење во тоалет
rnКофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање. Ова е повеќе непријатен отколку страшен проблем, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.rn
4. Болки во стомакот
rnКофеинот може да го стимулира дигестивниот тракт, што може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареја. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.rn
5. Анксиозност
rnАко кафето, вашата утринска радост, ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да го пиете и да преминете на чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.rn
6. Мачнина
rnВисокото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната. Посетете го својот доктор и намалете го бројот на кафиња во денот, па видете дали состојбата се подобрила.rn
7. Несоница
rnКафето може да нѐ расони, но и да нѐ оддалечи од потребниот сон. Кофеинот циркулира низ нашето тело дури и после неколку часа од консумацијата, па затоа влијае и на бесконечните превртувања во кревет и беспомошните обиди да заспиеме. Немој да пиете кафе пред легнување и обидете се да го смирите организмот со шолја чај од камилица.
-

Негативни последици од пиењето зелен чај
Драги дами, доколку сте сакале да ослабете сигурно веќе сте го испробале зелениот чај. Дури и ако го немате лично користено, тогаш сигурно сте слушнале дека служи за намалување на килограмите. Меѓутоа, како и секоја останата работа на овој свет, така и оваа не е совршена. Зелениот чај, како и секој друг препарат, има свои предности и маани. Да, точно е дека е здрав, а и како не би бил кога има билно потекло? Сепак, преголемата количина може да доведе до разни негативни последици. Можеби некои сте ги почувствувале, а воопшто не сте ни претпоставиле дека се од чајот.rnrn
rnrnВеројатно се прашувате која е таа прекумерна количина? Околу 5 шолји дневно. Доколку сте во Англија и ги користите нивните шолји за чај, тогаш можеби 5 шолји на ден се во ред. Но, во наши услови, 2 шолји зелен чај на ден се доволни. Сета количина над оваа ќе биде штетна за вашиот организам.rnrnОвој чај и тоа како е здрав ако го пиете во нормални количини. Нема потреба да го избегнувате, туку само да го прилагодите на себе и на својот организам. Доколку не го направите тоа, може да почувствувате главоболка, вознемирен стомак, немир, треперење, срцева аритмија, мачнина, губење на апетитот… Исто така, обидете се да не пиете зелен чај доцна навечер, бидејќи лошо ќе влијае на вашиот сон.rnrn
rnrnА сега она најважното – според некои истражувања консумирањето зелен чај е штетно во комбинација со антидепресиви, апчиња за смирување, лекови против алергии и пилули за контрацепција. Зелениот чај исто така не се препорачува за анемичните луѓе. За да ги избегнете овие опасности, бидете умерени. Сите добри страни на зелениот чај важат, но со внимателно консумирање.rnrnСепак, добрите страни на зелениот чај, според некои експерти, се дека го забавува стареењето, го забрзува метаболизмот и ги согорува на мастите. Значи, тој има многу предности доколку се консумира во препорачаната дневна доза.rnrn
-

Другата страна на диетите: 4 негативни последици од слабеењето за кои никој не зборува
Диетите секогаш изгледаат како добра идеја, особено кај оние личности кои имаат прекумерна тежина. Нивната цел е да се намалат вишокот килограми со цел да се достигне поголемо здравје на телото. Но, и покрај тоа што на прв поглед делува како тие да донесат само позитивни новости, сепак има неколку негативни последици за кои малку се зборува. Погледнете за што станува збор…
rn

rn
1. Опуштена кожа
rn
Топењето маснотии од критичните места на телото не доаѓа со цврсти плочки на стомакот. Доколку изгубите многу килограми одеднаш, вие би можеле да завршите со вишок кожа која поради намалената еластичност ќе виси. Кожата е многу повеќе опуштена кај оние личности кои за краток временски период изгубиле екстремна количина килограми или кои се постари.
rn
2. Депресија
rn
Губењето килограми најчесто се поврзува со растење на расположението и самодовербата, но една неодамнешна студија покажала и дека во овие моменти луѓето се многу ранливи па токму затоа и се посклони на развивање депресија.
rn
3. Губење љубов
rn
Многу често постојат примери кога партнерите решаваат заедно да ослабат. Но, заедничкото одржување диета води и кон почести караниците и недоразбирања, особено ако на едниот партнер му оди подобро одошто на другиот.
rn
4. Болки во стомакот
rn
Луѓето кои брзо губат несакани килограми можат да развијат проблеми со камења во жолчката, кои потоа резултираат со болка во желудникот, мачнина и понекогаш развивање температура.
rn
-

Таблети, компјутери и мобилни телефони: Како технологијата влијае врз вашата убавина?
Доколку спаѓате во оние 50% кои попрво би се откажале од сексот отколку од својот мобилен телефон, тогаш уште веднаш ви соопштуваме дека последиците врз вашата убавина и здравје од постојаната употреба на технологија се огромни.rnrn
rnrnОвие уреди, во кои спаѓаат мобилните телефони, компјутерите, таблетите и сличните гаџети можат да ја нарушат вашата убавина, без да бидете свесни. Акни, недоволен сон, испукани нокти, сува коса… – ова се само неколку од проблемите кои ги предизвикува модерната технологија. Во продолжение ви претставуваме неколку решенија на овие лоши влијанија кои настануваат поради прекумерна употреба на модерна технологија.rn1. Екранот како огледало
rnДоколку поминувате многу време пред екранот од компјутерот ви се чини дека тоа станало вашето второ „јас“ или пак ваше огледало. Всушност дури ни пред него не поминувате толку многу време колку што поминувате пред компјутер. Ова може да доведе до оштетување на видот и подгрбавеност.rnrnРешение: Задолжително прилагодете го екранот во висина на очите, така што кога ќе седите пред компјутер да бидете во исправена положба. Додека седите, правете мали вежби за истегнување на `рбетот и задолжително истегнувајте го вратот со кружни движења на главата. Правете го ова додека ви е убаво и пријатно.rn
2. „Гнасни разговори“
rnИстражувањата покажуваат дека 93% од тестираните мобилни телефони содржат бактерии на себе. Мобилните телефони ги држиме во близина на нашите образи и линијата на брадата – најзастапеното место каде се јавуваат акни, а ова дефинитивно ја влошува состојбата.rnrnРешение: За да ги спречите бактериите, секојдневно чистете го телефонот со алкохол или тоник.rn
3. Екран на допир
rnЕкраните на допир се многу практични за сурфање на Интернет, но дали некогаш сте помислиле колку пати дневно фаќате квака, притискате копче за лифт, а потоа го допирате својот уред….rnrnРешение: Фактички и немаме некое специфично решение освен да ве советуваме помалку да го допирате вашиот телефон или таблет и почесто да ги миете рацете.rn
4. Сурфање во кревет
rnСигурно пред да си легнете гледате што има на социјалните мрежи. Токму таа силна светлина која директно продира до вашето лице испраќа мозочни сигнали дека не мора да се создава мелатонин – хормонот кој го контролира сонот – затоа што тој вообичаено се активира во темнина. Недостатокот на сон води до прекумерно лачење адреналин што може да има негативно влијание на вашата кожа.rnrnРешение: Не носете никакви блескави уреди во спалната соба, но ако не можете да се контролирате, симнете мобилна апликација која автоматски ја намалува светлината на екранот кога е време за спиење.
-

Спремни за фитнес: 5 нешта кои не би требало да ги правите пред тренинг
Направете добра плејлиста, соодветно облечете се и малку истегнете се. Сега сте потполно спремни за тренинг. Но, пред да започнете, обрнете внимание да не ги направите овие грешки бидејќи можат да имаат големи последици врз мускулите и воопшто врз вашето здравје.rnrn
rn1. Да пиете алкохол
rnПа макар било и само една чаша. Која било количина алкохол пред тренинг е многу за вашиот организам. Во зависност од нивото на толеранција, кај едни тоа може да има поголемо влијание, кај други помало. Но сепак, алкохолот може да предизвика поспаност, дехидратација, стеснување на крвните садови, намалени моторни функции и многубројни други ефекти кои не се добри при вежбањето. Дури и само една чаша алкохол може да го намали нивото на шеќерот во крвта – што може да доведе до ослабување на мускулите, а пак тоа може да резултира со нивна повреда.rn
2. Да пиете премногу вода
rnИмате уште еден саат до тренингот и наеднаш сфаќате дека во последно време воопшто не сте пиеле вода. Затоа одлучувате сега да испиете што е можно повеќе. Од старт правите грешка. Кога ќе се напиете многу вода, наместо да бидете добро хидрирани, вие ќе го постигнете спротивниот ефект. Бубрезите можат да обработат само еден литар вода во еден саат, така што ако испиете повеќе од тоа може да се случи да добиете хипонатремија.rnrn
rnrnТоа е состојба во која крвта премногу се разредува, а концентрацијата на натриумови јони нагло опаѓа. Нејзините симптоми се губење на енергија, ослабување на мускулите и грчеви. Иако е тешко (но не и невозможно) да испиете повеќе од еден литар вода во рок од еден час, сепак докторите велат дека не е добро да пиете ни по две до три чаши вода во еден час. Особено не ако правите вежби со скокање. Затоа што така ќе ја чувствувате водата во стомакот, а тоа може да предизвика и повраќање.rn3. Да јадете претерано зачинета храна
rnОсвен ако не сакате да ждригате за време на тренингот. Ваквата храна во комбинација со вежбање може да го зголеми ризикот од испуштање на желудочна киселина до хранопроводот, која го иритира и создава ждригавица. Ова може да ви пречи за време на тренингот, предизвикувајќи ви болка или горчлив вкус во устата. Поради тоа што на стомакот му е потребна крв за да може да ја свари храната, мускулите нема да ја добијат во потребната количина – што значи дека тренингот ќе го завршите многу порано одошто треба.rnrnПред тренинг избегнувајте: месо, јајца, пченка – т.е. храна што е тешка за варење. Наместо тоа одберете некое лесно овошје или оброк полн со јаглехидрати кои ќе ви ја дадат потребната енергија.rn
4. Да имате секс
rnАко сакате да имате секс пред тренинг, тоа веројатно ви е лоша идеја. Сексот ќе ви ја истроши целата енергија што ви е потребна за тренингот. Плус, при сексуалниот однос се ослободува окситоцин – хормонот на среќата кој го опушта телото, а ваквото опуштање не е добро пред вежбање.rnrn
rn5. Да се обидувате да ги допрете прстите на ногата
rnОваа вежба е големо НЕ кога станува збор за загревање на телото. Кога вежбате, мускулите треба што појако и поинтензивно да се контрахираат, но ако ги истегнете на ваков начин, ја намалувате нивната сила. Едно истражување покажало дека силата на мускулите на луѓето што се истегнуваат на овој начин била за 8,36% намалена во однос на оние кои имале динамично истегнување пред тренингот.
-

5 модни детали кои влијаат на вашето здравје
Сето она што го внесуваме во организмот влијае на нашето здравје. Но, дали знаевте дека дури и изборот на облека може да биде причина за вашите здравствени проблеми?rnrn
rn1. Мини сукњи
rnЗа жал, мини сукњите се прилично опасни по здравјето. Ако бутовите не ви се добро прекриени можете да соберете разни бактерии од местата каде што седите. Едно истражување исто така покажало дека мини сукњите поттикнуваат создавање целулит, особено ако често се наоѓате во ладни простории – на пример, климатизирана соба. Наводно, студенилото го тера телото да создаде заштитен слој маснотија, а тоа најчесто резултира со создавање на целулит.rnrn
rn2. Големи чанти
rnЗа мажите, женската торба е синоним за црна дупка. Тоа е така затоа што во женските торби може да се најде апсолутно сѐ. Ова особено важи за големите летни торби за на плажа, затоа што тука има најмногу креми, пешкири и други тешки работи. Големите и тешки чанти можат да ви создадат проблеми со ‘рбетот и правилното држење на телото.rnrnРешението? „Нурнете“ во торбата и исфрлете сѐ што не ви е потребно.rn
3. Градник
rnДа не нѐ разберете погрешно, не велиме дека воопшто не треба да ги носите – баш напротив, тој им дава добра поддршка на градите и особено им е важен на жените со побуен граден дел. Но, ако носите градник со погрешна величина, а околу 70% од жените ја прават таа грешка, тогаш можете да почувствувате болки во грбот, влошено држење на телото, па дури и болки во градите.rnrnЗатоа најдобро е уште веднаш да научите како да го одберете правиот градник. Измерете го обемот под градите, а потоа и обемот на градите. Не се водете според конфекциската величина, туку измерете се и на лице место пронајдете што ви одговара.rnrn
rn4. Апостолки
rnАко мислите дека болката во стапалата како резултат на носењето високи потпетици ќе исчезне доколку носите целосно рамни обувки, тогаш правите голема грешка. Всушност и апостолките се многу лош избор на обувки затоа што на ниеден начин не го поддржуваат стапалото. Тие не го пратат свивањето на стапалото. Кога ги носиме доаѓа до нерамномерно распоредување на силата врз стапалото, што пак создава статички пореметувања.rn
5. Високи потпетици
rnЏенифер Лоренс не залудно високите потпетици ги нарече „обувки на ѓаволот“. Освен што се неудобни, тие создаваат проблеми со коскениот систем. Но, ние сето тоа го трпиме затоа што ни ги издолжуваат нозете, ни го подигнуваат задникот и нема ниеден пар обувки кои повеќе одговараат со летните фустани.rnrnНо, ако редовно носите високи потпетици, ризикувате да добиете артритис, изместување на зглобот или деформација на коските на стапалото. За последново прашајте ја Викторија Бекам.rnrnРешението е да не ги носите премногу често. Иако сепак убаво е понекогаш да добиете неколку сантиметри плус, зарем не?rnrn

-

5 претпоставки кои може да имаат катастрофални последици на вашата врска
Претпоставките се секогаш лош избор кога станува збор за љубовните врски. Решаваме да се водиме според некои измислени стереотипи, па наместо среќна врска, се наоѓаме себеси како водиме долги и бесполезни расправии со партнерот. И каде води тоа? Сигурно не на некое убаво место исполнето со љубов и слога.rnrn
rnrnБидејќи е секогаш потешко, но поисплатливо да ги рашириме видиците и за промена да претпоставиме дека она кое го знаеме е погрешно, еве кои од тие наши претпоставки се наоѓаат меѓу првите пет кои дефинитивно треба да се променат.rn1. Ако ме сакаш, тогаш ќе знаеш како размислувам
rnОва е кратко и јасно кажано – невозможно. Партнерот не може да знае како размислувате, тој може да претпостави. А како што веќе заклучивме, тоа и не е така паметна идеја. Наместо тоа, кажете му што ви поминува низ глава и не му се лутете кога во слични ситуации и самиот ќе ве праша.rn
2. Ќе бевме посреќни доколку сексуалниот живот ни беше подобар
rnПроблемите во сексуалниот живот се ретко проблеми кои се јавуваат поради тоа што за него немате доволно голема желба или не ви се допаѓа. Сексот и интимноста се тесно поврзани со секојдневието на врската, па додека сите позитивни работи влијаат само позитивно на вашиот сексуален однос со партнерот, така и сите негативни работи влијаат негативно. Проблемот е секогаш посериозен отколку што ви делува. Сѐ што треба е да застанете и да размислите што е она што навистина ви пречи вам или на партнерот и заедно со него/неа да најдете решение за него.rn
3. Кога само би го направил/а ова или она, тогаш сѐ ќе биде во ред
rnНема. Очекувањето една по друга работа и надевањето дека со нивното исполнување ќе бидете посреќни може да доведе до само уште поголемо незадоволство. На овој начин, вие секогаш ќе се соочувате со нешто плус што ви е потребно. Никогаш нема да ви биде доволно тоа што го имате и постојано ќе очекувате од нешто или некој да ја исполни таа јама која ќе станува поголема од ден на ден. Обидете се да се радувате на она кое го имате. Научете да се задоволите со оној покрај вас. Престанете да очекувате.rnrn
rn4. Секогаш треба да ти бидам приоритет
rnДа, во поголем дел од случаите треба. Но не секогаш. Никогаш секогаш. Тоа е нереално да се очекува од кого било, а најмалку од партнерот. Она кое веројатно се случува кога нема да се најдете на прво место е лутење од ваша страна и расправии кои одат до бесконечност. А дали е тоа логично кога причината била итен случај во семејството на партнерот или краен рок на работа? Наместо карање, помислете на оние ситуации кога навистина требало да му/ѝ бидете на прво место. Дали тој/таа беше покрај вас? Тие се оние кои се важни, а не оние водени од некој непромислен хир. Да бидете среќни и исполнети е секогаш на вас и на очекувањата кои ќе ги поставите пред себе. Не правете ги невозможни.rn
5. Досега веќе требаше да најдеме решение
rnНекои проблеми бараат повеќе време за да се решат. Некои, пак, не можеме сами да ги решиме. Совршена врска не постои, а согласно со ова, не постои ни решение кое е еднакво добро за сите парови и сите проблеми. Понекогаш треба само да си дадеме повеќе време. Некогаш можеби и да побараме помош. Трета страна на нештата, сосема објективна, може да биде како свежо и разладувачко ветре на топол летен ден. Не плашете се да ги погледнете работите од таа перспектива. И не очекувајте да ги решите проблемите побрзо отколку што навистина е потребно за нив. Бидејќи проблемот чие решение е само наметнато е проблем кој, кога повторно ќе се јави, ќе биде многу поостар од претходниот пат.rnrn
rnrnСите ние имаме право на свое мислење. Логично и очекувано е да правиме претпоставки и да се водиме според нив. Но, истовремено е пожелно да не се држиме строго до нив со оглед на тоа што тие можат навистина многу негативно да влијаат на врската. Затоа, слушајте повеќе, прашувајте повеќе, споделувајте повеќе… Комуникацијата е основна кога е врската во прашање и без неа е невозможно врската да опстане. -

10 сериозни несакани последици од апчињата за спиење
Постојат многу причини поради кои настанува несоницата. Дел од нив се работата, стресот, претерано пушење цигари, притисок и несигурности, проблеми во врската или огромни промени во животот. Многумина решаваат да се справат со овој проблем така што ќе почнат да пијат апчиња за спиење. Но, дали ги знаете сите оние сериозни несакани последици кои можат да настанат од долготрајното пиење апчиња за спиење?rnrn
rn1. Вашето тело создава отпорност кон нив
rnМногу жени и мажи кои се борат со несоница користат апчиња за спиење, кои на почетокот супер функционираат. Но, со тек на време работите се менуваат. Вашето тело полека создава отпорност на ефектот од овие апчиња, па тоа може да доведе до предозирање со фатален исход.rn
2. Парасомнија (непредвидливо однесување)
rnОдредени апчиња за спиење можат да предизвикаат парасомнија, состојба во која луѓето се во полусвесна состојба која може да доведе до месечарење или амнезија. Оние кои ја доживуваат оваа несакана последица можат да прават многу нешта додека спијат и откако ќе се разбудат да не се сеќаваат буквално на ништо. Ова однесување може да биде многу ризично.rn
3. Поспаност
rnКај некои луѓе апчињата за спиење имаат многу посилен ефект отколку кај други. Тие можат да се чувствуваат многу поспано откако ќе се разбудат утрото и тоа чувство може да ги следи и во текот на денот. Поспаноста е опасна за оние кои се зад волан. Од друга страна, некои луѓе можат без причина да се разбудат порано отколку што треба. Без разлика на ситуацијата, овие состојби влијаат негативно врз вашата ефикасност на работа.rn
4. Тие можат да создадат зависност
rnНекои жени и мажи по подолга консумација, не можат воопшто да заспијат без да се напијат од овие апчиња. Оваа состојба докторите ја нарекуваат несоница која се враќа и таа се смета за полоша од почестите проблеми со спиењето. Кај некои луѓе дури е потребна и медицинска интервенција со цел да поминат преку процесот на одвикнување.rn
5. Апчињата за спиење можат да предизвикаат чувство на горење кај срцето
rnДали тие вредат толку за следниот ден да страдате од ова непријатно чувство кај срцето? Оние кои имаат проблеми со хранопроводот и желудникот ги искусуваат овие несакани последици во многу поинтензивен степен. Студиите покажале дека користењето специфични апчиња за спиење можат да го зголемат ризикот од појава на киселини кај корисниците.rn
6. Ризик од прерана смрт и канцер
rnЕдна неодамнешна студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија открила дека апчињата за спиење го скратуваат животниот век. Оваа студија покажала дека со нивна консумација, луѓето се изложуваат на ризик од преголемо количество апчиња за спиење. Но, не само тоа. Редовното потпирање на апчињата за спиење може да води и кон развивање рак.rn
7. Ризик од загуба на меморија
rnПостарите корисници можат да доживеат проблеми со меморијата доколку подолго време пијат апчиња за спиење. Една студија покажала дека постарите кои ги пијат овие апчиња повеќе од 3 месеци се и повеќе изложени на Алцхајмерова болест.rn
8. Алергиска реакција
rnОва е нешто со кое малкумина се соочуваат, но сепак нивниот број е доволен за да се спомне. Доколку вашето тело е алергично на некоја од состојките кои се присутни во апчињата за спиење, вие можете да развиете проблеми со дишењето и сериозно отекување на лицето.rn
9. Интеракција со алкохол
rnНекои видови апчиња за спиење кои се земаат заедно со алкохол, можат да го зголемат ефектот на двете. Како резултат, вие ќе се разбудите многу поуморни и помамурни од кога било претходно.rn
10. Промени во однесувањето
rnОние кои стануваат зависни од користењето апчиња за спиење покажуваат промени во однесувањето како нервоза и лесна иритација. Многумина исто така често се жалат и на ненадејни промени во расположението.rn
Алтернативи на апчињата за спиење:
rn
- rn011
- Јога
- Медитација
- Промена во спалната соба, вклучувајќи го и осветлувањето и други елементи кои би можеле да го одвлекуваат вашето внимание
- Храна која делува смирувачки на телото
- Бањање
- Музика која смирува
- Ароматерапија
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Потресно писмо од едно детенце чии родители се разведуваат
Неговите родители се разведуваат, но тој одлучил на најдобриот начин да ги потсети дека не патат само тие, туку и нивното дете. Покажувајќи дека децата и тоа како ги чувствуваат последиците од разводот, ова дете во зборови ги претворило сите свои емоции. Неговото емотивно писмо брзо стана хит на интернет, а неговите трогнувачки зборови допреа до секој родител кој го прочитал.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnДраги мамо и тато, знам дека патите. И јас патам. Се чувствувам како да се хранам со вашата тензија, страв и шок. Иако сум млад и не можам вербално да опишам што ни се случува во нашите животи, го чувствувам влијанието. Срцето ми се крши секој пат кога треба да се откажам од некој родител. Моето чувство на сигурност исчезна.rnrnВе молам не претпоставувајте дека сум отпорен. Не претпоставувајте дека животот ќе ми биде ист како претходно и дека ќе продолжам исто да ве сакам. Јас сум човечко суштество, исто како и вие. Моите потреби се исти како вашите. Ми треба љубов, внимание, грижа, стабилност, доследност, наклонетост, разбирање, трпение и најмногу да бидам сакан.rnrnКога се карате за мене и кога ме ставате во центарот на вашите расправии, ми праќате порака дека победата во кавгата е поважна од мојот живот. Учам од вас дека подобро е да се биде во право отколку да се биде сакан. Ме учите дека ме направила личност која е невозможно да се сака и која не е во ред и дека и јас на некој начин не сум во ред.rnrnМожеби не го разбирате ова денес, јас сум толку мал што не ни размислувате за мојата иднина, но заради вас имам поголеми шанси и самиот да се разведам. Мојата сигурност е ваша работа. Без вас и вашата заштита, нема кој да ме брани од светот.rnrnЕден ден, овој почетен шок ќе избледи. Но, тоа какви родители бевте во текот на оваа криза никогаш нема да избледнее. Или ќе ја чувствувам вашата смисла за несебичност, поддршка и заштита, или ќе имам лузна на срцето со порака во која пишува: „Добрите работи им се случуваат на добрите луѓе. Јас мора да сум лош.“rnrn[/message_box]