КАФЕ ПАУЗА

Tag: последици

  • 4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубов

    4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубов

    Искуствата што ги доживуваме како деца, особено оние до 3-годишна возраст, остануваат со нас и кога ќе станеме возрасни. Доколку растете со недостаток од љубов и поддршка, емоционално ќе се затворите и ќе се оддалечувате од другите, со надеж дека ќе се заштитите од болката. Емоционалните рани остануваат и можат да имаат влијание врз целиот ваш живот. Затоа важно е да бидете свесни за нив и за проблемите што можат да ги предизвикаат, со цел да можете да ги надминете.rnrn4 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои пораснале без љубовrn

    1. Анксиозност

    rnАнксиозноста е најчестото ментално нарушување и е поврзана со растењето во нефункционално семејство. Доколку како деца сте биле сведоци или жртви на искористување, доколку сте биле сами, не ви дозволувале да бидете креативни и ве казнувале за секој неуспех, голема е веројатноста да се соочите со анксиозност подоцна во животот.rn

    2. Тешкотии во комуникацијата и интеракцијата со другите

    rnНедостатокот од љубов резултира и со потешкотии во комуникацијата и физичкиот контакт. Тешко ги искажувате вашите чувства и мисли, проблем ви е да прегрнете некого или целосно избегнувате физички контакт. Сте научиле да ги држите другите настрана за да не ве повредат. Исто така се јавуваат и проблеми како ниска самодоверба, недостаток од верба и страв од напуштање.rn

    3. Сомнеж

    rnДоколку сте ги гледале нештата различно од вашите родителите, доколку ве обвинувале за нешто што не сте го направиле, доколку ве казнувале за нешто за коешто не сте биле виновни, голема е веројатноста да се сомневате во многу нешта. Се сомневате во вашите чувства, мисли и интуиција. Тешко одредувате што е правилно, а што не, односно што е вистина, а што лага.rn

    4. Внатрешно критикување

    rnДоколку не сте пораснале со доволно љубов, поддршка и емоционална поврзаност, потешко ќе изградите самодоверба. Доколку ве искористувале и ви кажувале дека не сте доволно вредни, последицата може да биде ниска самодоверба и строги критики кон себе. Ова се јавува на училиште, на работа, во врските… Во разни области од животот, чувствувате како да не сте доволно добри или вредни.rnrnВажно е да ги надминете овие тешкотии и да ја вратите вашата внатрешна моќ. Немојте да ги обвинувате родителите и не им замерувајте за нивните грешки. Не постојат совршени родители и сите грешат, а тоа го знаат сите кои имаат деца. Простете им на родителите и почнете да работите на себе, а истовремено обидете се да не ги повторувате нивните грешки.rnrnПогледнете и кои се последиците врз децата од конфликтите на родителите.

  • 6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

    6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

    Секоја жена сака да изгледа убаво, а шминката е еден од начините да го постигне тоа. Со шминката лесно можете да ги прекриете речиси сите несовршености, но и таа има свои недостатоци. Овие продукти се полни со хемикалии кои понекогаш можат да ѝ наштетат на вашата кожа. Па погледнете зошто понекогаш е добро да го одморите лицето од шминка.rnrn6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминкаrn

    1. Ќе ви се намалат порите

    rnКога честичките од шминката доаѓаат во контакт со штетните материи од воздухот, се создава нечистотија која ги затвора порите. По некое време овие пори се прошируваат и можат да ви создадат големи проблеми. Доколку не користите шминка, кожата ќе го регулира овој проблем, а ќе се намали и појавувањето на брчките.rn

    2. Помалку мозолчиња

    rnРедовното шминкање може да предизвика појава на мозолчиња поради токсините кои се впиваат во кожата. Четките за шминкање можат дополнително да го влошат проблемот. Доколку не ги чистите редовно, на нив се создаваат бактерии кои потоа завршуваат на вашата кожа. Сето ова предизвикува проблеми со акни и мозолчиња.rn

    3. Навлажнување на сувата кожа

    rnШминката навистина ѝ штети на сувата кожа бидејќи го спречува природното обновување на клетките. Наместо тоа, мртвите клетки се таложат и кожата почнува да се суши. Доколку имате проблем со сува кожа, најдобро е да избегнувате шминка, или да најдете продукти кои се погодни за вашиот тип. Исто така редовно користете хидратантна крема.rn

    4. Ќе се намалат алергиските реакции

    rnМногу продукти за шминкање се полни со сулфати и метали, а токму тие можат да предизвикаат алергии. Алергиите можат да се манифестираат како црвенило или сувост, а тоа значи дека одреден вид шминка не одговара на вашата кожаrn

    5. Подобро здравје

    rnКога ќе ја намалите нечистотијата на кожата, таа ќе стане мазна и нежна. Доколку можете 2-3 дена неделно да избегнувате шминки, вашата кожа, но и вашето тело ќе бидат поздрави. Имено, канцерогените материи кои се наоѓаат во кармините можат да го зголемат и ризикот од висок притисок, па дури и да делуваат на вашата плодност.rn

    6. Помалку воспаленија на очите

    rnДоколку ве чешаат очите или сте забележале отоци и црвенило, причината може да биде вашата шминка. Всушност, маскарата го поттикнува ширењето на бактериите и може да предизвика непријатно чувство на очите.rnrnОд голема важност е и какви продукти за шминкање користите, па погледнете ги знаците кои покажуваат дека купувате шминка која не ви одговара.

  • Најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот

    Најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот

    Современиот начин на живот ни наметнува достигнувања – сите мораме да работиме, да имаме и да постигнеме сè, но едвај стигнуваме. Ова брзање ја прави површноста неизбежна, бидејќи никој нема време да се посвети на нешто. На овој начин сите ги уништуваме нашите нерви и здравје. Дознајте кои се најчестите последици врз здравјето од нашиот современ начин на живот.rnrnНајчестите последици врз здравјето од современиот начин на животrn

    1. Нездрава исхрана

    rnМожеби имате нормална тежина и совршена линија, но тоа воопшто не значи дека се храните здраво. На вашата линија влијае и генетиката, метаболизмот и хормоните, па тоа што сте слаби не значи дека ќе го зачувате здравјето. Доколку често јадете благо, пиете газирани пијалаци и консумирате нездрава храна со многу адитиви и шеќери, ризикувате во иднина да се соочите со висок холестерол, висок притисок, дијабетес и слично. Потребно е да јадете повеќе зеленчук, житарици и риба и да го исфрлите шеќерот од исхраната.rn

    2. Премалку спиење, премногу излегување (и алкохол)

    rnКога се излегува за време на викенд, најчесто тоа трае до утринските часови и се пие многу алкохол во зачадени простории. Кога ќе ја поминете 30-тата година, ќе почнете да попуштате. Организмот си бара дисциплина – редовно време за спиење, 8-часовен сон, минување време на свеж воздух и опуштање. Ноќните излегувања предизвикуваат уморен изглед, бледило и подочници, а на кожата можат да се појават акни и митесери. Исто така, поради недостатокот од сон може да почнете и да се дебелеете. Ова не значи дека треба да се откажете од излегувањето, туку правете го умерено. Односно, излегувајте само кога можете добро да се одморите наредниот ден.rn

    3. Постојан стрес

    rnОдамна е потврдено дека стресот е корен на речиси сите болести на современиот човек. Денес многу почесто сме подложни на болести со срцето кои се последица од стресот. Навистина е тешко да го избегнете бидејќи секојдневно сте изложени на стрес на работа. Доколку имате и приватни и семејни проблеми, тогаш сте притиснати од сите страни и морате да најдете начин да се ослободите од негативноста. За оваа цел потребни ви се активности што ве опуштаат, како шетање во природа, дружба со саканите или некаков спорт.rn

    4. Ризичен секс

    rnВо сериозните врски партнерите често ги отфрлаат кондомите и не воведуваат друго средство за контрацепција. На овој начин ризикувате несакана бременост, а прекинувањето на бременоста не само што е трауматичен настан, туку е ризичен и за репродуктивното здравје. Доколку пак имате незаштитен секс со нов партнер или често ги менувате партнерите, го зголемувате ризикот од полово преносливи болести кои можат да ви го уништат животот.rn

    5. Земање антибиотици

    rnЧестото земање антибиотици на своја рака може да ја наруши цревната флора, но и да предизвика толеранција на нивната употреба. На овој начин го ослабувате вашиот имунитет. Па затоа секогаш пред да земате антибиотици, или какви било лекови, консултирајте се со вашиот лекар. Исто така ослободете се од негативните навики што ви го уништуваат здравјето.rnrnПогледнете и кои се најголемите проблеми во модерните љубовни врски.

  • 14 нешта што се случуваат со вашето тело кога ќе се здебелите

    14 нешта што се случуваат со вашето тело кога ќе се здебелите

    Вишокот килограми има поголемо влијание на вашето тело освен само на вашата телесна тежина. Здебелувањето во текот на една година можеби не изгледа лошо, но новите килограми можат да се додаваат со текот на времето, а тоа да има сериозни последици. Следнава листа ќе ви покаже што се случува со телото кога се дебелеете и ќе ве натера повеќе да внимавате на исхраната и на начинот на живот.rnrn14 нешта што се случуваат со вашето тело кога ќе се здебелитеrn

    1. Сетилото за вкус ослабува и предизвикува прејадување

    rnИзгледа како да се дебелееме бидејќи храната што ја јадеме ни е вкусна, но ова не е вистина. Истражувањата докажале дека дебелината го намалува сетилото за вкус за 25%. Ова ги тера луѓето да консумираат уште повеќе храна бидејќи се обидуваат да го пробаат истиот богат вкус што го чувствувале претходно.rn

    2. Главоболките стануваат почести

    rnДебелеењето го зголемува ризикот од ненадејни главоболки. Луѓето со вишок килограми почесто страдаат од хронични главоболки. Важно е да знаете дека дебелината не ги предизвикува главоболките, туку е ризичен фактор што ги зголемува можностите за нивна појава.rn

    3. Се зголемува нивото на холестерол во крвта

    rnНа телото му е потребен холестеролот за да гради здрави клетки, но неговото големо количество го зголемува ризикот од болести на срцето. Дебелеењето го зголемува нивото на холестерол, а со тоа и ризикот од масни наслаги на крвните садови. Овие наслаги го отежнуваат дотокот на крв, па срцето не добива доволно кислород и се намалува дотокот на крв до мозокот. Со ова се зголемува ризикот од инфаркт и мозочен удар.rn

    4. Можно е да се чувствувате подепресивно секој ден

    rnПостои силна врска помеѓу дебелината и депресијата. Дебелеењето има психолошко влијание што предизвикува депресија, особено кај жените. Едно истражување покажало дека дебелите луѓе имаат 55% поголем ризик да страдаат од депресија за разлика од другите.rn

    5. Можно е да се појават проблеми со плодноста

    rnЕдна од најопасните последици од дебелеењето е намалувањето на плодноста кај жените. Дебелината има влијание на менструалниот циклус на жената и на квалитетот на нејзините јајце клетки.rn

    6. Болки во мускулите

    rnДебелеењето предизвикува недостаток од витамин Д – важна материја што му помага на телото да го апсорбира калциумот и што го поттикнува растењето на коските. Луѓето со недостаток од витамин Д можат да чувствуваат болки во мускулите. Иако можеби сметате дека внесувате доволно витамин Д од сонцето или преку додатоци, вишокот масно ткиво може да го разгради.rn

    7. Ќе почнете да ‘рчите

    rnДебелината влијае на целото ваше тело. Се здебелува и делот околу вашите врат и грло, а со тоа се намалува дишниот пат. Како резултат, ќе почнете да ‘рчите многу гласно.rn

    8. Вишокот килограми предизвикуваат промени во вашата ДНК

    rnИако нашите гени не се менуваат во текот на животот, животниот стил може да има влијание врз нив. Здебелувањето може да направи промени во вашата ДНК, а ова има многу поопасни последици отколку што изгледа. Оваа промена го зголемува ризикот од дијабетес и кај родителите и кај децата.rn

    9. Проблеми со често уринирање

    rnАко сте забележале дека одите во тоалет почесто, можеби треба да обрнете внимание на тоа. Ова може да биде знак на болест на бубрезите предизвикана од вишокот килограми. Дебелите и луѓето со вишок килограми имаат 7 пати поголем ризик од развивање проблеми со бубрезите.rn

    10. Тешкотии при дишењето

    rnВишокот килограми може да го сопре вашето дишење во текот на ноќта – нарушување познато како апнеа. Ова се случува кога горниот дел од дишниот пат е блокиран, па доток на воздух е намален или запира целосно. Тогаш мозокот праќа сигнал да се разбудите, а ова постојано будење ви крати од сонот.rn

    11. Вишокот калории се претвораат во сало

    rnКога ќе ја надминете дневната граница за калории и кога ќе изедете премногу, јаглехидратите и молекулите на масти се претвораат во сало. Консумирањето екстра калории ги зголемува резервите со сало на телото, па вие се дебелеете.rn

    12. Понекогаш клетките се претвораат во клетки на рак

    rnДебелеењето не значи дека ќе ви се појави рак, туку дека значително ќе ви се зголеми ризикот. Лошата исхрана, пушењето и пиењето алкохол исто така го зголемуваат ризикот од рак. Доколку барате начин да се трансформирате, започнете со нешто едноставно – исфрлете ги шеќерите и алкохолот од исхраната и обидете се да пушите помалку.rn

    13. Се покачуваат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта

    rnДебелеењето го зголемува крвниот притисок, а со тоа и ризикот од мозочен удар и деменција. Покрај тоа вишокот килограми го зголемува и ризикот од дијабетес. Телото со прекумерна тежина го користи инсулинот на „неприроден“ начин.rn

    14. Ќе се чувствувате поанксиозни

    rnСпоред едно ново истражување, вишокот сало во телото ја зголемува можноста за појава на анксиозност. Истражувачите истакнале дека жените со прекумерна тежина многу почесто страдаат од анксиозност. Кога ослабеле, симптомите на анксиозност се намалиле и тие се чувствувале подобро. Слабеењето ја менува хемијата на мозокот и го поттикнува да лачи серотонин, познат како хормонот на среќата.rnrnДознајте и што се случува со вашите тело и ум кога слабеете.

  • 10 причини зошто треба да ги замените пластичните кеси со платнена торба

    10 причини зошто треба да ги замените пластичните кеси со платнена торба

    Пластичните кеси се навистина погодни за пренесување на продуктите од продавницата до дома. Тие се дел од нашиот секојдневен живот, па ретко размислуваме за нив. Иако овие кеси се навистина практични, нанесуваат многу штета на животната средина, како и на нашето здравје. Поради ова многу градови ширум светот ја забранија нивната употреба. Следниве причини ќе ве убедат и вие да се ослободите од пластичните кеси и еднаш засекогаш да ги замените со платнени торби за шопинг.rnrn10 причини зошто да ги замените пластичните кеси со платнена торбаrn

    1. Пластичните кеси ги загадуваат водите и копното

    rnБидејќи се многу лесни, овие кеси лесно минуваат големо растојание по воздушен или воден пат. Често се закачуваат на гранките од дрвата, патуваат по површината на водата и на овој начин го загадуваат опкружувањето.rn

    2. Направени се од необновливи извори и имаат влијание на климата

    rnПовеќето од овие кеси се направени од материјал добиен од нафта и природен гас. И двата материјали се необновливи ресурси и нивното извлекување предизвикува глобални климатски промени. За производството на 9 пластични кеси потребна е исто толку енергија колку што би потрошил автомобил за возење еден километар.rn

    3. Пластичните кеси остануваат во природата

    rnИако пластичните кеси се разградуваат, кога ситните честички ќе стигнат во океанот продолжуваат да опстануваат во телата на други живи битија. Според процените, по површината на океанот пловат околу милион штетни честички настанати од разградувањето на пластичните кеси.rn

    4. Штетни се за животните

    rnРазградените честички од кесите често завршуваат во храната на малите животни. Поради ова тие можат да страдаат од инфекција или да бидат отруени.rn

    5. Штетни се за здравјето на луѓето

    rnПластичните кеси содржат хормонски хемикалии кои се штетни за човечкото здравје. Преку синџирот на исхрана, овие штетни материи стигнуваат и до нашиот организам и го загрозуваат нашето здравје.rn

    6. Имаат своја цена

    rnКај нас пластичните кеси се наплаќаат. На местата каде што се бесплатни, нивната цена е вметната во производите.rn

    7. Тешко се рециклираат

    rnПовеќето објекти за рециклирање не ги исполнуваат условите за рециклирање пластични кеси, па затоа и не ги прифаќаат. Од пластичните кеси се рециклираат само 5%.rn

    8. Овие кеси подразбираат екстремни трошоци

    rnПластичните кеси предизвикуваат многу надворешни трошоци кои често не ги земаме предвид. Овде спаѓаат негативното влијание врз животот, оштетувањето на животната средина и загрозувањето на флората и фауната.rn

    9. Постои поквалитетна алтернатива

    rnКога користењето на платнената торба ќе ви стане навика, ќе се убедите во нејзината предност. Пред сè, платнените торби се многу поиздржливи. Покрај тоа нивната голема побарувачка ќе отвори работни места за повеќе луѓе.rn

    10. Многу земји ја забранија употребата на пластични кеси

    rn40 држави ширум светот ја забранија употребата и производството на пластичните кеси. Оваа забрана се препорачува и на глобално ниво.rnrnЗа да ја зачувате околината, погледнете кои се видовите пластика што треба да престанете да ги употребувате уште денес.

  • 7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младост

    7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младост

    Интензитетот на трауматичните инциденти се разликува од личност до личност. Траумите од детството можат да бидат од страв од напуштање, до страв од физичко малтретирање. Многу возрасни личност присилно се соочуваат со траумите кои ги преживеале како деца, и тоа во текот на целиот нивен живот. Иако се обидуваат да ги сокријат мислејќи дека така ќе се заштитат, доколку спаѓате во оваа група важно е да знаете кои се особините предизвикани од вашите трауми со цел полесно да се справите со нив.rnrn7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младостrn

    1. Повторувачки панични напади

    rnОние кои во младоста се соочувале со трауми, често ги чувствуваат последиците и подоцна. Без разлика што им се случило кога била деца, влијанието продолжува и кога се возрасни. Овие луѓе постојано очекуваат да им се случи нешто лошо и целиот свет го гледаат како закана. Поради ова често паничат, дури и кога се свесни дека нема причина за тоа. Паничните напади се појавуваат дури и кога се соочени со малку стрес.rn

    2. Остануваат во зоната на удобност

    rnСекое трауматично искуство од детството има моќ целосно да го промени остатокот од животот. Овие луѓе постојано ќе чувствуваат грижа бидејќи нема да сакаат повторно да се најдат во таа ситуација, ниту пак некоја слична. Стануваат премногу внимателни и не сакаат да ризикуваат, дури и кога знаат дека тоа е неопходно. Остануваат само онаму каде што им е удобно, а понекогаш поради ова воопшто не го користат нивниот целосен потенцијал.rn

    3. Преплавени се со страв

    rnТраумите можат да предизвикаат и стравови кои воопшто не ви се јасни или логични. Тоа може да биде страв од алкохол, возење во автомобил и многу други работи. Важно е да се обидете да го контролирате тој страв пред да му дозволите да го преземе вашиот живот. Имајте на ум дека тој не може да ве повреди.rn

    4. Повлечени се

    rnКога луѓето ќе поминат низ толку многу, понекогаш им е полесно само да се сокријат од целото сожалување, советување и обвинување од останатиот свет. Доколку го чувствувате ова, излегувајте во друштво само кога морате и сокријте се од љубопитните очи на другите. Во овој случај станува збор за социјална анксиозност, а за тоа можете да побарате професионална помош.rn

    5. Пасивна агресија

    rnПонекогаш е полесно да направите нешто отколку директно да се соочите со вашите проблеми. Многу често овие луѓе се премногу исплашени да се соочат, па ги потиснуваат бесот и лутината. По некое време ќе започне пасивното агресивно однесување, но со ова воопшто не се ослободувате од негативноста.rn

    6. Чувствуваат постојана напнатост

    rnМожеби трауматичното искуство завршило многу одамна, но на жртвите може да им биде тешко да се опуштат. Свесни се дека околностите се промениле, но секогаш ќе го очекуваат враќањето на старите проблеми, дури и несвесно. Тие се постојано напнати, а ова ги спречува да го живеат нивниот живот. Најчесто ова се појавува кај луѓето кои доживеале физичко малтретирање, но и кај оние кои се соочиле со премногу ментален стрес.rn

    7. Живеат во улога на жртва

    rnОва се случува кога жртвата на некој начин ќе се навикне на оваа улога. Бидејќи долго биле третирани како беспомошни жртви, со текот на времето ќе почнат и да веруваат во тоа. Тие сметаат дека е посигурно да слушаат наредби, наместо да ги даваат. Ќе ги послушаат наредбите дури и ако не се согласуваат со нив, бидејќи сам така се чувствуваат безбедно.rnrnОбидете се да ги одговорите и прашањата кои ќе ви помогнат да откриете дали вашето детство има негативно влијание врз вашето здравје.

  • Што ќе се случи ако земате премногу мелатонин?

    Што ќе се случи ако земате премногу мелатонин?

    Ако имате проблем со заспивањето, мелатонинот ви е можеби најдобриот пријател. Кога не ви помага првата доза, веројатно помислувате да земете уште една. Но пред да го направите тоа, важно е да знаете што се случува ако земате премногу мелатонин.rnrnШто ќе се случи ако земате премногу мелатонин?rnrnМелатонинот е хормон кој природно се лачи во телото. Додека земањето премногу мелатонин како додаток нема да ве убие, сепак постојат некои несакани ефекти. „Премногу“ мелатонин е нејасен поим, и тоа со причина. Дозите варираат помеѓу разните брендови, а чувствителноста на хормонот е различна кај сите. Кај возрасните, дозата над 30 милиграми може да биде опасна. Најчестата доза за возрасни е помеѓу 0,2 до 5 милиграми, но обрнете внимание како навистина се чувствувате.rnrnНајизненадувачки несакан ефект од земањето премногу мелатонин е хиперактивноста, која е сосема спротивно од она што сакате да го постигнете. Исто така може да се појават раздразливост, главоболки, вртоглавица, проблеми со цревата, болки во зглобовите, анксиозност и претерано спиење. Ако прв пат земате додатоци со мелатонин, експертите советуваат да почнете со најмалата доза и да видите како ви делува.rnrnМелатонинот е додаток во исхраната, а не лек, па не е регулиран од Администрацијата за храна и лекови. Ова може да го отежни интерпретирањето на резултатите од истражувањата поврзани со хормонот бидејќи тие не ја наведуваат неговата формулација. Мелатонинот е безбеден доколку се зема во пократок период, но не постојат никакви истражувања за долгорочната безбедност. Па, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да се одлучите да земате мелатонин. Важно е да го третирате како и секоја пилула за спиење што би ја користеле под надзор на вашиот лекар.rnrnИако не можете да станете зависни од мелатонин, сепак има потенцијал да реагира со одредени лекови како оние против коагулација, за крвен притисок, антидепресиви, лекови за дијабетичари, некои видови контрацепција и слично. Покрај тоа, додатоците со мелатонин не се препорачливи за луѓето со автоимуни болести.rnrnЗемањето мелатонин може да предизвика поживи соништа, па дури и кошмари. Научниците сметаат дека не е самиот хормон одговорен за соништата, туку подлабоката РЕМ фаза што ја предизвикува, а на којашто не сте навикнати. Обидете се да дознаете што можете да очекувате за да не бидете исплашени.rnrnЗа крај, без разлика што мелатонинот не се гледа како лек, не значи дека не треба да го третирате така. Секогаш користете го според упатството и не заборавајте на советите од вашиот лекар.rnrnЗнаевте ли дека некои видови храна предизвикуваат живописни соништа?

  • Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

    Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

    Ако случајно живеевте во некој дел од светот кој е склон кон долги, студени и темни зими, тогаш вашиот секојдневен живот навистина ќе се разубави штом ќе се појави сонцето. Луѓето обично ја сакаат пролетта бидејќи тоа значи ослободување од големите јакни и напуштање на канцеларијата пред надвор да биде темно.rnrnШто ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?rnrnИсто така, сонцето е добро за нашето тело. Тоа ни помага наутро да станеме од кревет, ги зајакнува нашите коски со витамин Д, и можно е да штити од сезонска депресија. Со други зборови, сите ние би биле поспани и со многу психолошки проблеми доколку сонцето го нема цела недела. Губењето на сонцето би имало многу поголемо и позначајно влијание на луѓето кои живеат на Земјата.rnrnПрвото нешто што веројатно ќе го забележите е дека планетата ќе стане многу темна, а за брзо и многу студена. Иако не го чувствуваме тоа, Земјата постојано се врти. Оваа ротација е забележана со календарски денови. Дневните часови се периодите кога вашето место на планетата ротира кон сонцето, а ноќта паѓа кога истото место ротира од сонцето. Ако сонцето исчезне, денот би се претворил во ноќ за околу 8,5 минути – време што ѝ е потребно на сончевата светлина да стигне до Земјата.rnrnСтуденото време ќе биде поблаго и промената нема да биде одеднаш како со темницата. Планетата на температурата ќе се спушти на околу -17,8 степени Целзиусови во текот на неделата. Ова е студено, но не е доволно да го смрзне човештвото и другите живи форми на Земјата. Барем не веднаш.rnrnАко нема сонце, тоа значи дека нема да постои ни фотосинтеза – процесот при кој растенијата ја претвораат сончевата светлина во енергија. Како што растителниот свет ќе почне да умира, животните што се хранат од него ќе останат без извор на храна.rnrnЗа површината на температурата да стигне до -73,3 степени ќе биде потребна цела година. Мразот нема да биде единствениот проблем. Многу животни форми и луѓето нема да можат да преживеат без постојан извор на енергија и топлина.rnrnНајголемото влијание на еднонеделниот одмор на сонцето нема да биде на површината на Земјата, туку во вселената. Додека планетата ротира околу својата оска, таа истовремено ротира и околу сонцето. Сонцето има дијаметар отприлика 100 пати поголем од оној на Земјата и предизвикува гравитационо влечење на сите планети од Сончевиот систем. Гравитацијата е онаа што ги „тера“ планетите да ротираат околу нашата ѕвезда. Земјата ќе залута и кога-тогаш ќе се судри со комета, метеор, па можеби и со друга планета.rnrnЗнаете ли кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото со тоа?

  • 9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

    9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

    Глобалното затоплување често е инспирација за многу филмови, па затоа и постојано гледаме на екраните како планетата често умира поради ова. Но изгледа дека овие филмови не се многу далеку од реалноста. Изминативе 3 векови просечната температура на воздухот е покачена за 1 степен. До 2050-та година веројатно ќе се покачи за уште 0,5 степени. Овие навидум мали промени можат да предизвикаат навистина сериозни проблеми за човештвото.rn

    1. Суша

    rn9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплувањеrnrnПоследиците од глобалното затоплување му се јасни секому. Се разбира, не сите делови од планетата се во опасност, туку најмногу јужните. На пример, изминативе 3 години во Јужна Африка имало само просечен број врнежи. Ова значи дека жителите имаат помалку свежа вода и почва. Со други зборови, научниците предупредуваат дека доколку не направиме нешто за ситуацијата, количеството свежа вода ќе се намали.rn

    2. Поројни дождови

    rn9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплувањеrnrnИнтересно е што овој проблем не му се спротивставува на претходниот. Поради топлината, водата ќе испарува од површината и ќе заврши во атмосферата. Ова може да резултира со тропски дождови во повеќето делови од планетата. Проблемот со сушата не може да се реши со врнежите – водата само ќе се заврши во реките и езерата, ќе испари од таму и циклусот ќе се повтори.rn

    3. Поплави

    rn9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплувањеrnrnПоројните дождови ќе го покачат нивото на водата во морињата. За многу држави ова значи зголемен број на поплави. Поплавите се деструктивни дури и сега – невозможно е да ги контролираме и речиси секогаш има некој трагичен случај. Со глобалното затоплување, поплавите само ќе се влошат. Многу плажи и брегови ќе бидат покриени со вода.rn

    4. Инсекти

    rn9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплувањеrnrnАко има каква било предност од глобалното затоплување, таа е за инсектите. Благодарение на промената на климата, инсектите ќе мигрираат во северните делови каде што не можеле да преживеат претходно. Нивниот број драстично ќе се зголеми, па за околу 30 години ќе има многу повеќе комарци, пајаци, болви и крлежи. Ова е навистина лошо за луѓето. Ќе почнат да се прошируваат многу болести, а бројот на дрва ќе се намали.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Експерт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млеко

    Експерт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млеко

    Млечните производи, вклучувајќи го и кравјото млеко, се важен дел од исхраната на луѓето на запад. Многу луѓе консумираат млеко за појадок секое утро, а редовно јадат и други млечни производи како јогурт и сирење. Ова се случува најчесто во САД и државите од северна Европа, како Финска и Шведска.rnrnЕксперт објаснува зошто треба да престанете да пиете кравјо млекоrnrnНе е изненадувачки што консумирањето млечни производи е често во овие делови од светот. Повеќето луѓе кои живеат овде можат да консумираат храна со лактоза без да имаат проблеми со стомакот. Покрај тоа тие веруваат дека е навистина здраво да се консумираат млеко и млечни производи. Ова верување е всадено во нашите умови со текот на генерациите, најмногу помогнато од млечната индустрија и властите кои го нагласуваат фактот дека овие прехранбени производи се богати со калциум, протеини и витамини.rnrnНо, она што го забораваме често е дека млечните производи се додадени во нашата исхрана неодамна. Во речиси 99,6% од историјата на луѓето, ниту еден човек не консумирал редовно млеко од друго животно. Покрај тоа млекото е посебен вид храна чија цел е индуцирање на развојот и созревањето на цицачите. Со други зборови, од гледна точка на Дарвин, млекото не се совпаѓа со биологијата на луѓето.rn

    Дали млекото навистина ни прави добро?

    rnМлечните производи како сирење и јогурт содржат многу штетни состојки. Покрај тоа млечните протеини можат да предизвикаат многу проблеми со здравјето од кои многу се поврзани со стомакот. Еден експерт, доктор Бодо Мелник решил да објасни зошто млекото не е добро за нас.rn

    Што е она што луѓето не го знаат за млекото?

    rnМногу луѓе се научени дека млекото е полно со квалитетни протеини, калциум и витамини и е важен дел од здравата исхрана. Но какво е влијанието на консумирањето млеко од друго животно? Што го прави млекото поразлично од другите делови од исхраната?rnrnМлекото не е едноставна храна туку софистициран ендокрин систем за сигнализирање на цицачите што го поттикнува растењето. Млекото овозможува две клучни нешта за да ја изврши оваа задача: есенцијални разгранети аминокиселини и софтвер за регулирање на гените. Овие нешта ја зголемуваат активноста на протеинот mTORC1. Претераната активност на овој протеин предизвикува разни болести како дебелина, дијабетес тип 2, рак и невродегенеративни болести.rn

    Кои се „лошите“ супстанци во млекото?

    rnПретераната активност на mTORC1 предизвикува болести што зависат од возраста. Овие протеини се активираат од разгранети аминокиселини кои ги има во изобилство во протеините од сурутка и казеин. Микро РНК добиена од млеко не само што ја поттикнува лактацијата кај луѓето, туку ја поттикнува и адипогенезата. Со селекцијата на млечните крави, пастеризацијата и чувањето во фрижидер, луѓето се постојано изложени на микро РНК од млеко. Целта на микро РНК од кравјото млеко е да го поттикне растењето на телињата, но не и кај луѓето. Бидејќи ферментацијата и кој било третман со топлина го уништуваат РНК системот на млекото, ферментираните млечни производи се со помал ризик.rn

    Кои болести се појавуваат со консумацијата на млеко?

    rnБолестите кои се појавуваат со честото консумирање млеко и млечни производи се акни, дебелина, дијабетес тип 2, рак на простата и Паркинсонова болест.rn

    Која е поврзаноста помеѓу исхраната и акните?

    rnПостојат многу докази од контролирани клинички истражувања кои покажуваат дека консумирањето млеко предизвикува акни. Изминативе 3 години дерматолошките здруженија се премислија и ја прифатија поврзаноста помеѓу исхраната и акните. Постојат 2 најголеми предизвикувачи на акни – млеко и хипергликемични јаглехидрати. И двете го активираат mTORC1. Консумирањето млеко го зголемува нивото на разгранети аминокиселини и инсулин. Храната со висок гликемичен индекс исто така го зголемува нивото на инсулин. Млекото и шеќерот, едни од најчестите состојки во исхраната на западниот човек, ја поттикнуваат активноста на mTORC1.rn

    Какво е влијанието на другите млечни производи врз mTORC1?

    rnПостојат многу истражувања кои покажуваат влошување на акните со претерано внесување протеини. Ова не е редок случај кај бодибилдингот и фитнесот. Во Германија консумирањето на сирење се зголемило 5 пати од 1950-та година до денес. Ова покажува колку многу млечни производи се консумираат во развиените земји.rn

    Која е врската помеѓу здравјето на коските и консумирањето млеко?

    rnНеодамнешните истражувања дале цврсти докази дека консумирањето млеко и млечни производи го зголемува ризикот од скршеници на коски, особено на колковите, кај постарите луѓе. Покрај тоа се открила и цврста врска помеѓу консумирањето млеко и ризикот од смрт.rn

    Која храна ќе ви помогне да внесете доволно калциум во организмот?

    rnМногу зеленчуци, како брокулата, и минералната вода се богати со калциум. Она што е важно за здравјето на коските е редовна физичка активност и витамин Д кој се добива од сончевата светлина. Количеството калциум во кравјото млеко има за цел да го поттикне растот на коските кај телињата кои ја дуплираат нивната тежина по само 40 денови. Кај луѓето за ова се потребни 180 денови. Покрај тоа, тежината на скелетот на возрасните крави и луѓето е многу различна.rnrnПогледнете и што друго се случува со вашето тело кога консумирате премногу млечни производи.