КАФЕ ПАУЗА

Tag: последици

  • Како да ја кажете вистината која боли?

    Како да ја кажете вистината која боли?

    Понекогаш мора да се кажат некои работи кои некому нема да му се допаднат и можеби ќе го заболат. Ако се прашувате како да постапите во вакви ситуации следете ги овие неколку совети за да ги минимизирате можните штетни последици.rnrnКако да ја кажете вистината која боли?rnrnБидете сигурни дека помагате. Ако се сомневате дека само ја осудувате другата личност, подобро е да размислите уште малку за она што сакате да го кажете. Кога ќе се осигурате дека не сте оптоварени со личните фрустрации туку сакате само да помогнете, зборувајте слободно.rnrnВерувајте му на внатрешниот глас. Вашиот мозок знае како да ви прати порака за она што навистина сакате да го направите. Смирете се, сослушајте се себеси и донесете одлука.rnrnПреиспитајте го вашиот страв. Размислете за тоа дали ќе биде полесно да живеете со последиците од кажувањето на вистината или од нејзиното некажување. Обидете се да бидете храбри.rnrnКако да ја кажете вистината која боли?rnrnСпремете тактика. Ако се работи за нешто сериозно, корисно е да размислите за тоа како може да се одвива разговорот и да спремите тактика. Одберете некое мирно место за разговор каде што никој нема да ви пречи и добро објаснете ѝ на личноста дека имате исклучиво добри намери со она што сакате да ѝ го соопштите.rnrnПобарајте дозвола да зборувате за проблемот. Прашајте ја другата личност дали е заинтересирана за вашето видување на работите пред да кажете што било. Ако почувствувате некаков отпор, речете дека ќе разговарате друг пат. Само немојте некој ваков момент да го користите како оправдување за да се повлечете.rnrnОбрнете внимание на последиците од нечие однесување. Кога некому му кажувате дека неговото или нејзиното однесување не чини, разбирливо е да наидете на отпор. Затоа предочете ги последиците од таквото однесување со цел да бидете поуверливи.rnrnКако да ја кажете вистината која боли?rnrnИскажете ги вашите намери. Нека знаат дека немате цел да ги навредите, туку да придонесете кон нивното подобрување.rnrnНе доведувајте ги во прашање вашите намери. Ако другата личност ви возврати негативно, немојте да се повлекувате велејќи дека не требало така да кажете или постапите. Со тоа ќе оставите впечаток дека не сте сигурни за она што сте сакале да им го кажете и ќе можат да се сомневаат во вашата искреност.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

    Филм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)

    Епска драма за поврзаноста меѓу минатото, сегашноста и иднината

    rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)Режија: Том Тиквер, Енди Вачовски, Лана ВачовскиrnrnУлоги: Том Хенкс, Хали Бери, Хуго Вивинг, Џим Броудбент, Џим Старџис, Хју ГрантrnrnВреметраење: 172 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 октомври 2012rnrnЖанр: научна фантастика, мистерија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

    rnrnНе е лесно да се најдат зборови со кои прецизно може да се опише искуството од гледањето на „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas). Истражувајќи подрачја кои за филмската индустрија досега биле непознати или малку познати, овој филм изгледа како да е сам во својот жанр.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnДејството е извонредно креиран мозаик од шест различни приказни сместени на шест различни локации во шест различни времиња. Истите ликови се провлекуваат низ сите приказни кои се поврзани меѓу себе така што нивните дела во една ера оставаат последици врз нивните наследници во идните светови. Така, гледаме како карактерите се менуваат низ времето или како еден чин на добрина предизвикува бројни позитивни реакции во иднина.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnОвде не може да се зборува за хронолошко одвивање на дејството како што сме навикнале од другите филмови, затоа што авторите постојано нè носат од една во друга ера. Но, од труењето на млад адвокат во деветнаесеттиот век, преку неприликите на еден музичар во 1936 година, па сè до пост-апокалиптичниот Хаваи каде што останале дел од последните луѓе на овој свет – сите се поврзани. Во поврзувањето на настаните од различни ери многу помагаат и некои мудрости кои ликовите незабележливо ги кажуваат низ дијалозите.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnПокрај уникатниот начин на прикажување на настаните, овој филм брилира и во поглед на техничките ефекти. Ако сакате реални сцени од измислени светови, тогаш оние од „Атлас на облаците“ несомнено ќе ве воодушеват. Сепак, не останува сè само на компјутерските анимации. Овде е собрана фантастична актерска екипа која извонредно си ја врши работата, при што секој од нив толкува по неколку ликови.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)rnrnСето ова може да звучи комплицирано, но сигурно нема да ви биде здодевно. Иако трае без малку три часа, еднаш штом го сфатите дејството тоа ќе се претвори во забавно филмско доживување. Не е од оние филмови кои мора да се гледаат по повеќе пати за да се разберат, но сепак морате да бидете трпеливи со него. Неговата тежина е слична со онаа на Дрвото на животот (Tree of Life) или Господин Никој (Mr Nobody). Затоа, препорачливо е кога ќе седнете да го гледате да имате желба да погледнете токму ваков тежок филм и да бидете добро одморени. Оваа епска драма добро ќе ви возврати за тоа.rnrnФилм: Атлас на облаците (Cloud Atlas)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Карма

    Карма

    Нема човек кој никогаш не згрешил, кој не направил или не помислил нешто лошо. Да се правиме дека сме безгрешни не е во ред, некогаш и самата лоша помисла е грев, ама ние сме обични луѓе кои не секогаш можат да ги избегнат лошите мисли и одлуки. Сигурно сте чуле дека доброто со добро се враќа, а лошото со лошо, дека сè се враќа и сè се плаќа. Но, дали вреди да си ја расипете сегашноста, а воедно и иднината плашејќи се од моментот кога ќе треба да платите за направеното?КармаДали постои мерило за големината на некое добро или лошо дело? Дали сè без исклучок се враќа сразмерно со направеното дело? Дали постои карма?rnrnОд религиски аспект, кармата влече корени од хиндуизмот и будизмот и се објаснува како збир од причинско-последични акции кои во целост го одредуваат сегашниот и идниот момент. Некои религии стојат зад теоријата дека некој Бог или водич ја игра главната улога и одлучува како кармата ќе се движи, додека други тврдат дека самата личност ја предизвикува својата карма. Можеби сте чуле и за одредени објаснувања за поврзаноста на кармата со реинкарнацијата, односно повторното раѓање на духот кој би живеел во друго тело. Па така, според тие објаснувања, реинкарнацијата ќе се повторува сè додека духот не плати за лошото дело кое го направил. Други пак, тврдат дека кармата се пренесува од генерација на генерација.rnrnВо модерниот свет често слушаме за поимот карма, настрана од нејзината поврзаност со различни религии, кармата често знае да стане тема на муабет меѓу луѓето. На некои самиот поим им звучи страшно па го одбегнуваат, други цврсто се уверени дека постои, а трети си ја објаснуваат како движечка сила во универзумот, лоша или добра енергија која ја испраќаме и која ни се враќа. Секој си има право да верува во што сака и на свој начин да ги разбира и објаснува појавите околу себе. За некои и самата помисла дека сториле нешто лошо и исчекувањето на кармата е доволна казна. Но, не можам а да не помислам зошто би требало да си ја уништиме сегашноста плашејќи се од тоа што би можело да нè снајде? Не вреди да се саботираме самите себе прашувајќи се дали го заслужуваме она што го имаме и дали сè е праведно. На крајот на краиштата, ако толку ве плаши помислата дека лошото би ви се вратило, помислете на сè добро што сте направиле. Кога веќе верувате во лоша карма, верувајте дека постои и добра.rnrnНекои не би сакале воопшто ни да помислат на кармата, верувајќи дека таа мора да биде поврзана со нешто лошо и мрачно, но други веруваат во тие причинско-последични состојби. Без разлика колку сте навлезени во оваа тема и колку се интересирате за неа, моето лично мислење е дека не може сè да биде праведно. Животот напати не е фер и не постои тој совршен баланс каде е изедначено секое добро или лошо што сте го направиле со секое добро или лошо кое ќе ви се врати. Всушност, кои сме ние да процениме колку било добро делото кое сме го направиле? Како што вели татко ми: „Не секогаш доброто дело ќе ви се врати со добрина, но самото чувство дека некому сте помогнале е награда за вас.“rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно внимание

    Сериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно внимание

    Кога станува збор за надворешната убавина, многу несакани појави знаеме лесно да ги прикриеме со шминка или некој веќе испробан трик. Но постојат одредени проблеми кои се посериозни отколку што мислиме, и на кои треба да им се обрне внимание за да не дојде до несакани последици. Еве што советуваат експертите.rnrnСериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно вниманиеrn

    Истенчена, кршлива коса

    rnВаши претпоставки: дека е резултат од претерана употреба на пегла или фен за коса или пак резултат од стареењеrnrnМожна причина: недостаток на протеиниrnrnОбјаснување: Недостатокот на протеини може да придонесе до опаѓање на косата и значително да го успори нејзиниот раст. Оваа појава е најчеста кај вегетаријанците, но и кај сите оние кои не конзумираат доволно протеини. Пожелно е да конзумирате што е можно повеќе риба, пилешко и зрнест зеленчук.rn

    Пеги на усните

    rnВаши претпоставки: незначајна појава на која не треба да се обрнува внимание или штетен ефект од сонцетоrnrnМожна причина: Peutz-Jeghers (Пеуц-Јегерс) синдромrnrnОбјаснување: Без паника, во повеќето случаи пегите на усните се безопасни. Доколку се виолетови, би можеле да бидат симптоми на Пеуц-Јегерс синдромот. Ова е генетско нарушување кое може да резултира со рак. Доколку се појави какво било сомневање од ваша страна, би требало веднаш да се консултирате со лекар, дерматолог.rnrnСериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно вниманиеrn

    Темни кругови околу очите

    rnВаши претпоставки: резултат на стрес или непроспиени ноќиrnrnМожна причина: хронични алергииrnrnОбјаснување: Алергиите можат да се појават од многу причини, најчесто не им обрнуваме внимание бидејќи сме секојдневно изложени на нив. Доколку се алергиска реакција, состојбата може да се влоши од чешање и константно допирање на круговите околу очите. Доколку ви се појавуваат одредено време и покрај тоа што сте одбегнувале стрес и сте спиеле добро, консултирајте се со лекар бидејќи во тој случај најверојатно станува збор за некаква алергија.rn

    Линии на ноктите и промена на нивната боја

    rnВаши претпоставки: последица од користење на лакови и отстранувачи на лак за нокти или повреда на ноктотrnrnМожна причина: посериозно нарушување на здравјетоrnrnОбјаснување: Секогаш кога ќе го отстраните лакот за нокти, добро погледнете ги вашите нокти и проверете дали има некаква промена на нив. Во повеќето случаи, промената на бојата (како пожолтување на врвовите) е последица од лакот за нокти. Но може да биде недостаток на витамин, штета предизвикана од УВ зраци или синдром на рак. Иако последната опција е најверојатно дека не е причината, доколку состојбата на вашите нокти не се промени во рок од еден месец, задолжително посетете доктор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изваден заб: што потоа?

    Изваден заб: што потоа?

    Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnrnЗагубата на само еден заб во усната празнина незабележливо почнува да влијае на состојбата на останатите заби. Изваден заб: што потоа?Иако во прво време се чини неверојатно, треба да знаете дека промените што ќе ги претрпат останатите заби и коската низ годините, може да доведат до загуба на други заби. Со тоа се намалува способноста за џвакање, и како што се зголемува бројот на загубени заби, имате проблеми со изговорот, ги губите естетиката и самодовербата. Погледнете на анимацијата како се случува тоа:rn

    rnЗатоа, реставрирањето на изгубените заби претставува обврска кон вашето здравје. Она што треба да го знаете за начините на надоместување на забите е следново:rnrn1. Сите досегашни студии покажале дека денталните импланти се најсигурниот и најпредвидливиот начин да се третира губењето на забите. Светот веќе го одбележа 30-годишното искуство во поставувањето на дентални импланти, а стручњаците ја оценуваат успешноста на процедурата со над 97% во рамки од 10 години.rnrn2. За разлика од денталните мостови, за кои е потребно состружување на најчесто здрави заби, денталните импланти се фиксирани за коската во која претходно бил сместен извадениот заб. Со тоа најреално се имитира природната всаденост на забите внатре во виличните коски.rnrn3. Идеалната замена за забот кој се вади, со некои исклучоци, се прави при истата посета, со тоа што веднаш по вадењето се поставува имплантот заедно со привремен заб. На тој начин се постигнува максимално зачувување на естетиката и воопшто нема да ги почувствувате последиците од вадењето на забот.rn

    rnИнформирајте се! Со соодветна нега, денталниот имплант ќе Ве служи доживотно.rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со љубовните чувства кон колегата?

    Како да се справите со љубовните чувства кон колегата?

    Да се заљубите во некоја личност може да ви се случи каде и да сте, па дури и на работното место. Ваквата ситуација може да биде сплеткана, особено бидејќи многу фирми не поддржуваат љубовни врски помеѓу вработени. Појавата на чувства за ваш колега, има потенцијал да постане многу непријатна ситуација, поради многу причини. Постојат многу нешта кои треба да ги земете предвид пред да се решите да „бркнете“ некој ваш колега/колешка:Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?rn

    1. Останете професионални

    rnБез разлика како се чувствувате, „дружба си е дружба, служба си е служба“, и вие морате да останете професионални на вашето работно место. Ако почнете да го губите времето занимавајќи се со вашата симпатија, наместо да ги сработите вашите работни задачи, нештата може да станат многу грди, за многу кратко време. Доколку пак останете професионални, ќе си ја задржите вашата работа и работејќи ќе можете одвреме-навреме да го извадите вашиот колега од мислите. Ова е особено важно, доколку не сакате симпатијата да знае за вашите чувства.rn

    2. Немојте да дозволите да ве искористува

    rnПостојат типови луѓе, кои кога ќе забележат дека имате чувства за нив, почнуваат да ги злоупотребуваат и да манипулираат со вас. Во човековата природа е кога ви се допаѓа некој премногу, да посакате да му/ѝ однесете ручек или кафе или да направите некој друг симпатичен гест. Но, додека вие сте заслепени и заљубени до уши, вашиот колега може да си извлече корист од таквата ситуација, дури и доколку не се чувствува исто како вас. Додека вие мислите дека сте го освоиле неговото/нејзиното срце, тој/таа секојдневно ќе ужива во бесплатното кафенце, ручек и внимание од вас. Е таквиот расплет на ситуацијата, на никој не би му се допаднал, па ни вам.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?rn

    3. Гледајте на вистинската страна

    rnОва значи дека треба да избегувате занесно да зјапате во вашата симпатија додека сте на работното место. Расеаноста и заљубеното зјапање во него/неа, може да ги открие вашите емоции побрзо отколку што очекувате. Покрај тоа, многу е непрофесионално да зјапате така и тоа може да ви донесе некаква неволја.rn

    4. Фантазии Vs. професионализам

    rnКоја некој многу ви се допаѓа, не е воопшто чудно да почнете да фантазирате за таа личност, сонувајќи дека еден ден ќе бидете среќни и заљубени. Исто така, не е чудно ако фантазиите ви го поматат чувството за реалност, особено кога работите во иста фирма со личноста по која „лудувате“, бидејќи секојдневно поминувате многу време заедно. Многу е важно да не одите на „седмо небо“ додека сте на работа. Стојте цврсто на нозе, останете реални и однесувајте се како вистински професионалец, кој умее да ја одвои работата од „валканите мисли“ за колегата/колешката.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?rn

    5. Соочете се со реалноста

    rnОбидете се да размислувате трезвено за оние работи кои ви се најважни. Прво, каква е политиката на компанијата во која работите во врска со „канцелариските романтики“ и како би реагирал шефот кога би дознал за вашата врска? Второ, дали личноста која ви се допаѓа ги има истите чувства за вас? Трето, дали навистина верувате дека вие двајца би можеле да бидете во љубовна врска? Чувствата не се нешто што може да се контролира, но не дозволувајте тие да ви го поматат здравиот разум.rn

    6. Однесувајте се кул

    rnПред вашата симпатија однесувајте се кул, смирено и прибрано. Немојте да бидете сентиментални, вештачки или премногу да се кикотите за нешто што тој/таа го кажал/а, а не е толку смешно. Едноставно не дозволувајте чувствата да ви влијаат да се однесувате на таков начин. Ако не можете да го спречите будалестото однесување, тогаш секогаш кога ќе забележите дека чудно се однесувате, правете се како ништо да не се случува со вас, особено ако морате да работите тимска работа.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?rn

    7. Можете ли да ги сносите последиците?

    rnДоколку навистина сакате да започнете сериозна врска со личност која работи со вас, пред да го направите тој чекор мора да почнете да размислувате на последиците. Дали врската може да ја загрози вашата работа? Што ќе се случи доколку раскинете? Какви ќе бидат условите за работа во текот на вашата врска и какви би биле доколку раскинете? Ако желбата да бидете со таа личност „тежи“ повеќе од евентуалните последици, сепак, обидувајте се најмногу што е можно да го одвојувате професионалниот од љубовниот живот.rnКако да се справите со љубовните чувства спрема колегата?Се случува „канцелариските врски“ да функционираат одлично и да не наштетат на работата на ниеден од партнерите. Но, доколку се случи „пеперутките во стомакот да умрат“ после некое време, целата ситуација може да стане многу непријатна и чудна, дури и ако не сте планирале така да биде. Вакви работи се случуваат и ретки се случаите кога приказната завршува како во филмовите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

    Кафето најчесто се консумира со идејата дека кофеинот ќе го зголеми когнитивното функционирање и ќе го подобри расположението на консументот.  Всушност, многумина навистина и не можат да функционираат без утринското кафе. Тоа е така, бидејќи кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува уморот и ја зголемува будноста. Меѓутоа како и се друго, кафето мора да се консумира во умерени количини за да го има посакуваниот ефект и за да се избегнат можните непосакувани последици од претерувањето.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnСпоред експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnНо, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?