Луѓето се чувствуваат поспано веднаш по јадењето и не сакаат да прават ништо друго освен да дремнат. Но, ова е токму тоа што не треба да го правите. Спиењето или лежењето веднаш откако сте јаделе може да има навистина непријатни последици. Можеби дури и ќе препознаете некои од симптомите, но сигурно не сте знаеле дека тие се последица на дремката веднаш по оброкот.rn
1. Ќе имате киселини во желудникот
rn
rnrnКиселината се произведува при варење на храната, а гравитацијата е од голема помош, бидејќи го принудува протокот на течност надолу. Кога лежите, киселината се движи низ стомакот и може да дојде во контакт со чувствителните делови на дигестивниот систем. Ова може да доведе да имате киселини, болно чувство на печење во градите или во грлото.rn
2. Влијае врз квалитетот на спиењето
rn
rnrnАко сте јаделе голем оброк непосредно пред да дремете, процесот на варење на храната продолжува додека спиете. Причината за лош сон може да биде различна за секого. Можеби вашиот мозок е поактивен за време на фазата на варење на храната предизвикувајќи да не спиете многу длабоко. Исто така, зависи од тоа колку и каков вид храна сте јаделе.rn
3. Живописните соништа или кошмари стануваат почести
rn
rnrnКако што е споменато претходно, вашиот метаболизам придонесува вашиот мозок да стане поактивен. Кога ќе влезете во РЕМ-фазата, тогаш сонувате најмногу. Ако забележите дека сонувате навистина живописни, па дури и морничави соништа, тогаш обидете се да не јадете веднаш пред да си легнете.rn
4. Ќе се будите многу почесто бидејќи чувствувате потреба да одите во тоалет
rn
rnrnНекои луѓе чувствуваат зголемена потреба за уринирање навечер, позната како ноктурија. Ова може да биде поврзано со количината кофеин во храната што ја јадете. Тоа значи дека вашата храна може да биде диуретик или со други зборови, ве тера да уринирате повеќе. Кофеинот најмногу го има во кафето. Но, она што не го знаат многу луѓе е дека го има и во чајот, во сите печени десерти што содржат чоколадо и во некои лекови.rn
5. Можеби ќе се здебелите
rn
rnrnАко легнете веднаш по јадењето, не му давате на телото доволно време да ги потроши калориите од вашиот оброк. Иако може да се чувствувате многу поспани по некој голем оброк и сè што сакате да направите е да дремнете, подобро е да се обидете да останете будни ако не сакате да имате неколку килограми повеќе.rn
Колку време треба да помине пред да легнете да спиете по оброкот?
rn
rnrnЗа да не се појават проблеми како киселини или непроспиени ноќи, треба да почекате целата содржина од желудникот да стигне до тенкото црево пред да дремнете или да легнете да спиете. Нутриционистите велат дека за тоа се потребни околу 3 часа.rnrnПрочитајте што навистина се случува кога на вашата храна ќе слета мува.







rnrnМногу луѓе се убедени дека првата жена, Ева, била направена од првиот маж, Адам. А понекогаш дури и не го поставуваме прашањето зошто Бог го одбрал токму реброто на Адам за да ја создаде Ева. Всушност, оваа информација не е ништо повеќе од грешка во преводот. Преведувачот веројатно не знаел дека хебрејскиот збор tsela има две значења – ребро и рефлексија. Па, Бог ја создал жената како рефлексија на мажот.rn
rnrnВо 1977-ма година, тогашниот претседател на САД, Џими Картер, ја посетил Полска. Бил придржуван од толкувач на јазици. Картер го започнал неговиот говор со поздрав: „Дојдов да го откријам вашето мислење и да разберам што сакаат луѓето од Полска во иднина.“ Толкувачот ги превел зборовите како: „Сакам да имам интимност со луѓето од Полска.“rnrnНо, ова не бил крајот на проблемите на Картер. Неговите зборови: „Ја напуштив САД ова утро…“ биле претворени во „Ја напуштив САД, за никогаш да не се вратам.“ Говорот на претседателот бил исмејуван долго време.rn
rnrnПознатите зборови на Исус: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ игла, отколку на богатиот да влезе во Божјото царство“ се појавуваат два пати во Библијата. Додека некои луѓе веруваат дека ова е само хипербола, другите сметаат дека иглата ја претставува тесната порта на тврдината во Ерусалим. Но всушност овој поетски цитат е резултат на мешање на два збора – kamelos (камила) со kamilos (конец, јаже). Па најверојатно поточен е преводот: „Полесно е конецот да помине низ игла, отколку богатиот да влезе во Божјото царство.“rn
rnrnПостои популарно недоразбирање дека Канарските Острови го добиле името по канаринците што живеат таму. Но, важи обратното – птиците го добиле името по островот. Островите биле именувани поради големиот број кучиња што живееле на нив, и диви и питоми. Името Канарски потекнува од латинскиот збор Canariae Insulae, што би можело да се преведи како Кучешки Острови. Според друга верзија, фоките кои живееле во големи групи, порано биле нарекувани кучиња.rn
rnrnВо 1840-та година, Британците потпишале договор со поглаварите Маори, според кој Нов Зеланд станал британска колонија. Се верува дека овој договор е почетокот на државата Нов Зеланд. Првично, договорот бил напишан на англиски, а потоа бил преведен од локален мисионер. Преведениот текст содржел многу грешки и разлики од оригиналот, па имало многу контрадикции. Сепак, локалните жители се согласиле со условите без воопшто да го прочитаат текстот.rnrnПо потпишувањето, Британците добиле целосна контрола над домородното население и имале право да продаваат земја – нешто што не било дел од преведениот документ. Луѓето Маори почнале вооружени бунтови, а новата власт се борела против нив. Во 19-тиот век, властите во Нов Зеланд одлучиле да ги прогласат документите за неважечки.rn
rnrnВо 1980-та година, Шпанецот по име Вили Рамирез бил примен во американска болница. Тој бил во критична состојба, но семејството не можело да објасни што му е бидејќи никој не зборувал англиски. Рамирез имал труење со храна. Еден од докторите направил грешка во преводот, па лекарите мислеле дека Рамирез е пијан или консумирал премногу дрога. По погрешната дијагноза, лекарите започнале третман што предизвикал компликации и парализа на екстремитетите. Поради ова, болницата му исплатила на Рамирез 70 милиони евра за оштета.rnrnПогледнете и 

rnrnНајчестата причина за ниска температура е нарушената функција на тироидната и надбубрежната жлезда, а може да укажува и на Адисонова болест, хипотиреоза, дијабетес, намалена работа на бубрезите и црниот дроб и слично.rnrnПонекогаш може да станува збор и за хормонална нерамнотежа. Ниското ниво на тестостерон кај мажите или високото ниво на естроген, а ниското на прогестерон кај жените, може да предизвика намалување на телесната температура.rnrnПроблемот со ниската температура е тоа што имунолошкиот систем не може правилно да се справи со болестите. Поради ова телото станува погодно место за вируси и развој на инфекции, кои долго нема да бидат откриени поради ниската температура.rnrnНормалната температура кај повеќето луѓе е помеѓу 36 и 37 степени Целзиусови. Хипотермијата, или ниската телесна температура, е пониска од 35 степени. Хипотермијата се случува кога има нарушување на нервниот систем, кое се манифестира како автоимуна дисфункција. Во овој случај станува збор за оштетување на делот од хипоталамусот во кој се наоѓа центарот за регулирање на телесната температура. Причината можат да бидат и некои видови лекови, како бензодиазепин, барбитурат, бутирофенон и слично. Симптомите најчесто се низок крвен притисок, исцрпеност, поспаност и препотување.rnrnНекои луѓе имаат пониска, а некои повисока температура на телото, но тоа не мора да значи дека имаат проблем со здравјето. Постојат луѓе чија нормална телесна температура е малку над 35 степени, па за нив висока температура би претставувала онаа од 37 степени Целзиусови.rnrnЧесто, телесната температура може да се намали и поради изложување на студ. Во овој случај може да се појави тахикардија, забрзано чукање на срцето и стеснување на крвните садови.rnrn„Преладувањето“ под 32 степени предизвикува намалена спроводливост до срцето, а со тоа се забавува и неговата работа. Тогаш се зголемува вискозноста на крвта, па може да настане тромбоза, а дури и проблеми со свеста.rnrnДоколку постојано ви е ладно или топло,