Автор: Даркоrnrn
rnrnОтсјај од огледало,rnтрепери, те бара…rnвечерната магла ја разбива,rnнурка во длабочината на душатаrnи… пронаоѓа пајажина.rnrnКапката роса,rnкондензат на една чиста љубов,rnполека се слева во потокот солзи,rnврели, солени, полни копнеж.rnrnШепоти едно срце,rnрецитира поезија, љубовна,rnја буди душата да му створи мелодија,rnда ги разгори чувствата,rnпоривот љубовен да го скротат,rnда ја врзат муграта со денот иден.rnrnСликата полноќна,rnнасликана од солзи,rnљубов и копнеж,rnсрце растреперено,rnдуша вознесена од чувства,rnлесно потпрена на ѕидот,rnплете вистинска приказна,rnмоја љубена.
Tag: поезија
-

Полноќна
-

Боли
Автор: Al_ex_an_drarn(поднесено преку „Предложи содржина“)
Боли кога од мене без збор си заминуваш,rnболи кога срцето крваво в дланка ми го враќаш.rnБоли…rnЈас срце ти давам твое да биде,rnболи… но, не сфаќаш!rnБоли кога ќе поминеш покрај менеrnи ме оставаш без здив,rnболи кога си студен и не си повеќе Ти…rnБоли кога ми даваш лажна надеж,rnболи зашто подоцна знам, се каеш.rnБоли додека од очи солзи лијат,rnболи, тие три години љубовна рана кријат.rnБоли, зашто се повредувам самата себе,rnболи, но не толку колку што сум повредена од Тебе!rnБоли, зашто не верувам во СРЕЌЕН КРАЈrnболи… боли до очај!rnБоли кога ги спомнуваш годините,rnболи кога ми ги набројуваш причините.rnБоли, и се научив да живеам со оваа рана,rnболи зашто во оваа љубов јас останав сама.rnДенес боли…rnНо, утре далеку ќе бидам јасrnќе си спомнеш за мојата љубов,rnќе ти недостига мојот глас…rnтогаш ќе знаеш колку Боли…rnи колку сум те сакала!rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Посакај
Автор: Al_ex_an_drarn(поднесено преку „Предложи содржина“)
Посакај да сум пролет,rnи ќе расцутам во твојата градина.rnПосакај да сум росен цвет,rnи секое утро ќе ме гледаш под прозорец.rnПосакај да сум жолто лисје,rnи паѓајќи ќе се сплеткам низ твојата коса.rnПосакај да сум број,rnда ме запаметиш во својата меморија.rnПосакај да сум солза,rnи ќе се стркалам низ твоето лице,rnќе се претворам во плач,rnи ќе се исушам на твоите усни.rnПосакај да сум синџирче,rnи ќе се сврзам околу твојот врат.rnПосакај да сум оган,rnи ќе ги стоплам твоите гради.rnПосакај да сум искра,rnво мене ќе видиш нова надеж.rnПосакај да сум дете,rnи јас одново ќе се родам за Тебе.rnПосакај да сум машина,rnи ќе ме допреш со твоите прсти.rnПосакај да сум песна,rnи ќе ме испееш низ нови ноти.rnПосакај да сум добар филм,rnи ќе ме изгледаш по сто пати.rnПосакај да сум книга,rnи ќе ме читаш до доцна.rnПосакај да сум светлост,rnи секогаш ќе те избавам од темнината.rnПосакај да сум правда,rnи секогаш ќе ја зборувам вистината.rnСамо не посакај да сум заборав,rnби заминала без да ти ја признам Љубовта!rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Додај ме за пријател
Автор: Столеrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rn
Погледни го мојот профил,rnизмами се да стиснеш „Add friend“.rnМожеби не бев вреден за да ме викнеш на кафе,rnама барем однесувај се како што е во тренд.rnrnСе знаеме девојко, не биди инат.rnЗнам дека од мене чекаш да направам потег,rnама мене „фраер“ ми е средно име,rnедноставно не сум таков човек.rnrnСменив и слика за повеќе да те привлечам,rnсе активирав и на другите мрежи.rnНемам намера на мене да те навлечам,rnсамо сакам да ми бидеш виртуелен френд.rnrnПа имавме нешто мајку му стара,rnкликни за да знам дека осети страст.rnНаправи ми „Follow“ или барем прати едно „Invite to connect“,rnизбери си мрежа, само пушти некој глас.rnrnЗнам дека и тебе те мами тоа копче, тој линк,rnби сакал да ти олеснам,rnно јас нема да го направам тој клик.rnrnАко треба, уште долго ќе чекам тоа да се случи,rnа можеби во меѓувреме и во живо ќе те сретнам.rnЕ тогаш нема да дојдам да ти кажам „здраво“,rnНо ќе дојдам да ти признаам: да ме додадеш за френд уште чекам.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Оваа есен
Автор:
rnrn
rnrnПод нозе крцка златест прав,rnсрцето згрчено, болно од страв.rnНад глава се мурти сив облак,rnпред очи паѓа густа магла.rnТалкам изгубена низ својот сон,rnмоето единствено безбедно гнездо.rnТалкам, мечтаејќи по Тебе,rnне, не се уморив да се уништувам себе.rnИ, не знам која есен е по ред,rnодамна јас престанав да ги бројам годините.rnТи си запишан во моето срце,rnи твоето место не е во спомените!rnОваа есен не е ништо без Тебе,rnсамо едно здодевно годишно време.rnОбоена во палета со разни бои,rnсекоја своја судбина си крои.rnИ нека не престане да врне дожд,rnи нека е црно бела,rnи нека ги изнесе на виделина сите свои дела…rnАко си Ти до мене и Таа станува толку неважна и далечна…rnОВАА ЕСЕН.rnКаква и да е, само помината нека е со Тебе! -

Грев
Автор: Искраrnrn
rnrnРазменети насмевки, дискретни допири,rnневин флерт помеѓу двајца во толпата…rnДве енергии, две посакувања, две страсти…rnФилмот започна да се снима, а сценариото допрва ќе се пишува.rnrnКопнеж за повеќе, потисната желба,rnлетно овошје среде зимска сезона.rnПред нас театар, а ние дел од филм,rnглавните улоги сепак не сме јас и ти.rnrnВкус на чоколадо, меки усни,rnбрзи бакнежи, несинхронизирани допири.rnГолеми очекувања, тешки разочарувања,rnно, мислите упорно ја враќаат првата сцена.rnrnБеше сладок грев, јас твојата искусна грешница,rnсакав да бидам светица…rnСепак, наместо грижа на совест, повторно изби страст,rnа другиот ден веќе ништо од нас.rnrnЈас допирам до срце, ти по моето тело,rnпосегам по твојата рака, ти по моите гради,rnСепак… го заобиколивме искушението,rnго потиснавме привлекувањето, го избегнавме соблекувањето…rnrnНазад во мојот филм, ти во твојата драма,rnназад во совршеноста, очи во очи со реалноста.rnНека остане сè таму каде што сè беше,rnиако се прашувам што ли беше за тебе. -

И после сè
Автор: Еленаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)
И после сè, ние сме само силуета,rnфигура од кал осудена да живее на два света,rnживееме чекорејќи на сите страни,rnгорди на себе, прикривајќи ги своите мани.rnБрзаме во сè, знаејќи дека времето е скапоценоrnи токму тука го испуштаме она што ни е драгоцено.rnБарајќи голема среќа,rnиспуштаме љубов, радост и доблест полна вреќа.rnНо, крајот секогаш ќе биде ист,rnцелиот живот ќе остане роман со еден недопишан лист.rnА бесмртноста на човекот лежи во самиот тебеrnсо сите работи кои ги чуваш во себе,rnсо секоја зачувана насмевка, поглед или гласrnоној што го сакаме засекогаш ќе остане меѓу нас.rnСекој момент со тебе за мене ќе остане најубав спомен,rnзатоа почивај во вечен помен.rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rn
———————————————————————————————————————————————————————
rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Половично делче и празнина
Автор: Миле Трајкоскиrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rn
Тој: Тука си во некој полусвет, во некој полусон.rnТаа: Ти никогаш ни тоа не си го имал.rnТој: Зарем можев да го имам?rnТаа: Можеше.rnТој: Без тебе?rnТаа: Без нас.rnТој: Немав ништо, знаеш и ти.rnТаа: Никогаш не си ми кажал.rnТој: Еве сега знаеш.rnТаа: Знам за празнината твоја.rnТој: Jас за твојата половина која не е цела.rnТаа: Со празнина не можеш да ја пополниш.rnТој: Кога замина, само тоа остана.rnТаа: Не се обиде да ме запреш.rnТој: Не сакав да бидам виновникот кој ќе ти го менува животот.rnТаа: Сега си.rnТој: Зарем ќе останеше?rnТаа: Не е важно сега тоа.rnТој: Никогаш и не било.rnТаа: Паметиш врнеше?rnТој: Tи сакаше дожд.rnТаа: Tи ги криеше твоите солзи.rnТој: Дождот беше посилен и од твоите.rnТаа: Секогаш ќе биде.rnТој: Никогаш повеќе, оти нема веќе солзи.rnТаа: Дождот секогаш ќе ги има капките.rnТој: Заборави.rnТаа: Види паѓа дожд.rnТој: Дојди со мене.rnТаа: Не можам, морам да заминам по мојот пат.rnТој: Земи го и дождот.rnТаа: Ќе оставам дел кај тебе, засекогаш да ги крие нашите солзи.rnТој: Чао.rnТаа: Немам време за тоа повеќе.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Биди ми љубов
Автор: Ирена Постоловаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rn
Биди сонце на моите очи,rnтопи ми го срцето во студените ноќи.rnБиди месечина на моето небо,rnсвети му најсјајно на него.rnПлакни ми ја душата со секоја нова сончевина,rnисполни ми го денот со свежина.rnБиди моја вечна сенка, моја храна, сласт,rnподари ми најсилна љубов, искреност и страст.rnБиди со мене и кога ќе си заминеш,rnпрати ми бакнежи и прегратки по ветрот,rnи во недостигот, со мене ќе останеш.rnЧувај ме кога ќе ме прегрнува темнината,rnпосакај ми слатка и добра ноќ во тишината.rnДозволи ни, трепките – сонот, а јас тебе да те љубам,rnда те сонувам, и в зори од таа убавина да се разбудам.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Живот
Автор: Eленаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)
Зошто е животот толку тежок? Или пак срцето е она што многу сака?rnШто ако некоја шанса не успееме да ја фатиме со рака?rnПостои ли живот после смртта, има ли пекол и рај? Каде ќе биде нашиот крај..rnШто ако нешто се згреши, кога на крајот сè ќе се реши.rnПонекогаш е потребно да нè крене голем бран за на крај да уживаме во мирниот океан.rnПотребен ли е стравот во нас дека животот може да ни згасне за час?rnКолку ќе бидеме среќни ако за сè се грижиме, ако мируваме во место и не се движиме.rnЖивот ли е тоа така, ако сè се добива без мака.rnКоја ќе биде нашата цел ако за тоа што го сакаме не вложиме ни дел.rnШто и да правиш верувај во себе, и никогаш не гледај го тој пред тебе.rnСлушај ги твоите мисли, а не на некој друг и не оставај сè да се врти во круг.rnЗграпчи го секој момент што животот ти го дава и за сè двапати размисли со твојата глава.rnНикој не е толку верен како што се прави, сите твои муабети еден ден на виделина ќе ги стави.rnИ секој твој совет ќе го искористи против тебе, затоа што така ќе се прави горд со самиот себе.rnИ после сè што си направил треба себеси да се цениш, колку и да си различен имај свое јас и немој да се смениш.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.