КАФЕ ПАУЗА

Tag: поезија

  • Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

    Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

    За многумина од нас првата асоцијација за Куба е градот Хавана. Но, повеќето туристи кои имале можност да ја посетат оваа земја ќе ви кажат дека вистинска кубанска магија се крие во гратчето Тринидад. Градот кој се карактеризира со мали калдрмисани улички, згради од 18 и 19 век во пастелни бои и уредени барокни плоштади, е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.rnrnСветскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот домrnrnДоколку поминете покрај канделабрите од ковано железо на плоштадот Мајор кон автобуската станица, ќе здогледате човек кој седи покрај количка и чкрта во својот тефтер. Неговото име е Луис Мартинез.rnrnМартинез е автор на повеќе од 3.000 песни за градови и знаменитости ширум светот. Неговата умешност се состои во тоа да го опишува секое место со прецизни и живописни детали како тукушто да го видел со свои очи. Сепак, Мартинез никогаш не ја напуштил Куба. Во изминатите 20 години тој работел како амал на автобуската станица во Тринидад, при што дење разговарал со туристите, а ноќе ги проучувал старите атласи и преку нив го „запознал“ светот.rnrn

    Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом
    Alice Bellincioni & Giulia Paltrinieri
    rnrnДолго време многу Кубанци како Мартинез можеле само да се прашуваат што се наоѓа преку океанот. По револуцијата во 1961 година, тогашниот претседател Фидел Кастро донел строги ограничувања за патување со цел да ги спречи Кубанците масовно да заминат од земјата. Забраната останала на сила повеќе од 50 години сè до 2013 година кога тогашниот водач Раул Кастро го укинал законот според кој сите граѓани кои сакале да патуваат во странство морале да бараат владина дозвола.rnrnНо, за многумина кои исто како и Мартинез биле само деца кога земјата ги затворила границите, читањето книги и проучувањето мапи било единствениот начин да се „напушти“ Куба.rnrnДенес, Мартинез, кого не го служи здравјето како што тој самиот изјавува, продолжува да пишува и да запознава нови пријатели од странство кои му го носат светот во Тринидад.rnrnОткако ја прочитавте неверојатната приказна за Луис Мартинез, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те причини поради кои ќе се вљубите во Куба.rnrnИзвор: bbc.com

  • Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

    Стихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноски

    Во нашата редакција деновиве пристигнаа неколку интересни поетски дела, напишани од Андреј Лозаноски.rnrnКафе пауза секогаш им отстапува место на креативните творци, кои имаат што да споделат со нашите читатели.rnrnУживајте во овие мудро склопени рими!rnrnСтихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноскиrn

    Моја пријателке

    rn

    Видов едни двајца самиrnкон крајот му се ближеа,rnѓаволот изгледа ги мамиrnдвајцата заедно мижеа.

    rn

    И понекогаш ќе ти текнеrnза љубов права и за нив,rnкако нив ако човек клекнеrnтој нема душа, нема здив.

    rn

    Не се само тие без душиrnмногу такви кубичат број,rnне сакаат, гордоста гушиrnглавата в земја, како ној.

    rn

    Многу сакав да ги скратамrnтие сцени во нашето кино,rnсо филмови ич не баратамrnмоја пријателке, Фросино.

    rnСтихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноскиrn

    Пролет и ти

    rn

    Ново утро, нова пролет, сѐrnти, како месец на цутење,rnзборуваш само со ќутењеrnгледаш сѐ и не кажуваш не.

    rn

    Секој нов ден, нова шансаrnсо пролетта да имаме спојrnи пак да бидам само твој,rnслично на лик од романса.

    rn

    Твојот лик не кажува јасно,rnдали бури ќе нѐ повредат,rnдали ветрови ќе нѐ одведат,rnза нас, никогаш не е касно.

    rn

    Твојата душа ме држи за ракаrnме бара со тебе да течам,rnво љубов да ја облечам,rnмојата ако умре, да нема мака.

    rnСтихови со двојни рими, заразни и фини низ поезијата на Андреј Лозаноскиrn

    Ах

    rn

    Покрај сѐ што лошо билоrnпрости ми барем еднаш,rnкажи ми дека ме гледаш,rnколку и да е сиво и гнило.

    rn

    Јас и немам лоша намераrnпокрај сѐ друго што немам,rnне можам туѓо да земам,rnлош сум само пред камера.

    rn

    Секое лето ми остава есенrnда паднам и јас како лист,rnво умот и мислите нечист,rnзаспан во тунел црн и тесен.

    rn

    Кога лебот остава трошка,rnверувам, среќата го сакаrnсекого што ќе подава рака,rnбара шанса, бара прошка.

    rnИмате и вие нешто што би сакале да го споделите со читателите на Кафе пауза? Пишете ни преку контакт формуларот подолу. [gdl_icon type=” icon-arrow-down” color=”#222″ size=”12px”] [gdl_icon type=” icon-arrow-down” color=”#222″ size=”12px”] [gdl_icon type=” icon-arrow-down” color=”#222″ size=”12px”]

  • Стефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат

    Стефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат

    Многумина млади луѓе имаат инспирација и мотив, но и талент за да успеат да создадат литературно дело, но голем е и бројот на оние кои никогаш нема да се обидат да го направат тоа. Причините се многу, почнувајќи од недовербата во квалитетот на она што би произлегло од нив, па сè до стравот од неприфаќање и неразбирање од публиката. Но, постојат и такви кои и покрај младоста и неискуството, целосно верувале во својот талент и се препуштиле на патувањето наречено создавање свое лично дело – поетска збирка или роман.rnrnСтефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат  rnrnНа оваа тема поразговаравме со младиот Стефан Марковски, кој зад себе има голем творечки опус и во поезија и во проза, а неодамна го промовираше својот втор роман „Еретички писма“, во издание на издавачката куќа „Три“. Приказната е структурирана во шест дела во кои вајарот Максимилијан создава бронзени статуи посветени на шесте типови љубов – Ерос, Лудус, Сторге, Прагма, Манија и Агапе, минувајќи низ различни фази од животот, односно сонот и јавето, човечкото и божественото.rnОна што најпрво нè заинтересира да го чуеме од Марковски, беше кога го препознал клучниот момент во кој одлучил дека ќе се посвети на пишувањето.rn

    „Еден од најзначајните мигови беше оној при завршувањето на првото романче во основноучилишните денови со работен наслов ‘Уличните утра’, еден вид авантуристичко-‘мисловна’ крими-драма. Претходно објавував поетски творби во училишните списанија, но завршувањето на оваа прва подолга проза не само што ме инспирираше да продолжам да пишувам, туку и ме научи да го оддржувам и постепено да го подобрувам фокусот на внимание во однос на ваквиот израз.“

    rnПонекогаш, младите писатели, делумно поради неискуството во оваа област, а делумно и поради самите околности, може да „западнат“ во замки. Една од тие е и на своето дело да гледаат како медиум за изразување и можност да бидат чуени, а еве што за тоа вели Марковски:rn

    „Префинетоста на писателот на 21 век освен што подразбира интензивна ‘комуникација’ со дела од други автори, подразбира и сеопшта информираност за состојбите и тековите во книжевноста, уметноста, културата и општеството со кои е во континуиран процес на општење. Сето ова пред сѐ подразбира постојана себенадградба која овозможува ориентираност кон знаењето, иднината и можност за ‘писателски придонес’ кон заедницата, нешто што ценам дека недостига во свеста на младите автори кои неретко ја перципираат книжевноста како прибежиште од социјалниот хаос или пак, единствено како медиум за изразување и можност да бидат слушнати, односно читани.“

    rnСтефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат  rnrnМногумина искусни автори, кога би се вратиле на почетоците, веројатно би направиле некои измени во однос на содржината, структурата на делото и пристапот кон обработувањето на избраната тема. Како автор кој зад себе има неколку поетски остварувања и два романа, Марковски ни раскажа дали и што би променил во своите најрани дела.rn

    „Првиот роман ‘Еднонасочно’ којшто излезе од печат во моите доцни средноучилишни денови заслужува обемно ‘полирање’ како на план на израз, така и во структурирањето и развојот на приказната. Кај моите први две поетски дела, како и психолошко-филозофските книги, исто така постојат делови кои би подлегнале на големи промени иако во однос на вторите најголемиот дел од тезите сѐ уште го застапувам. Се работи за книги кои сведочат за мојот индивидуален авторски пат и како такви, самиот најчесто ги гледам токму низ таа перспектива.“

    rnКако и секој љубител на пишаниот збор, така и Марковски има свои идоли и омилени дела од светската литература, па затоа не можеше да издвои еден конкретен автор кој го инспирирал. На нашето прашање кои биле неговите омилени автори од кои црпи инспирација, тој ни раскажа дека пред сè, постои влијание од книжевните класици на Иго, По, Бодлер, Пушкин, Достоевски, но и од мислители како Лајбниц, Спиноза, Декарт, Аристотел, Хераклит и Дарвин. Кај едните пронаоѓа литерарна визуелизација, а кај другите филозофска поддршка.rnrnЗа да се создаде едно дело, најчесто е потребно да се следи инспирацијата, но и добро да се истражи темата за која се пишува, а еве што вели нашиот соговорник за тоа:rn

    „Јас сум еден од оние кои прават обемни истражувања особено доколку станува збор за област за која се потребни детални знаења. На пример, во последниот роман ‘Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено’ станува збор за вајар на бронзени статуи при што описот на процесот на вајање изискува консултации со професионалци и соодветна литература како би бил доловен на начин кој барем се доближува до оној од реалноста. Како што веќе спомнав, ориентираноста кон знаењето и новите информации се едни од факторите кои овозможуваат успешен спој од различните пристапи во контекст на полиметодичноста којашто ја подразбира процесот на книжевно создавање.“

    rnСтефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат  rnrnКако и секој автор, така и Марковски би се вратил на почетоците за да промени некои нешта во своите први дела, на пример поедноставен израз во поезијата, но и поконцизно прикажување на приказната кога се работи за прозните дела.rnrnВо врска со новиот роман „Еретички писма“, нè интересираше дали постоел момент во кој сакал да се откаже од пишувањето и реализацијата, на што добивме одговор кој отсликува млад автор кој точно знае и предвидува кој чекор е следен:rn

    „Не, затоа што неговата ‘голема идеја’ заедно со нејзините поединечни шест столба кои го чинат и структурираат нејзиниот мозаик ги имав во глава уште пред да започнам со пишување, а во такви случаи пишувањето како процес вистински не е особено далечен од некаков експлозивен ‘механизиран’ или ‘погонски’ пренос на информации, со тој исклучок што на творечка спонтаност се оставаат механизмите кои го разубавуваат, поетизираат изразот.“

    rnСо ова, се потврдува и дека реализацијата на едно литературно дело во најголем процент зависи од тоа авторот уште од самиот почеток да ја има конкретната идеја, за да знае како понатаму да ја гради приказната врз таа основа.rnrnСтефан Марковски до младите писатели: Усовршувањето на авторот е невозможно без поголем творечки потфат  rnrnЗа крај, побаравме од Марковски да упати совет до сите оние кои имаат инспирација и талент, но сè уште не собрале доволно храброст за да почнат со пишување.rn

    „Надградувањето е континуирано и се заснова како на читање и збогатување на изразот, така и во однос на самата содржина, распоредот на одделните сегменти и слоеви од и во приказната. Но, надградувањето нема да биде постигнато без ‘мастило на хартија’, без поголем творечки потфат од кој потоа, нема да се биде незадоволен. Реалното незадоволство од сопственото дело е нужно доколку еден автор претендира кон себеусовршување и хармонизирање меѓу внатрешните пориви и оставеното на хартија т.е. пренесеното преку неа. Постојат голем број вежби за покренување на креативноста и творечко ‘размрдување’ кои го адаптираат умот на моментно осмислување креативни алтернативи на приказни при зададени или услови кои самиот ги задава (ликови, простор-време, ситуации, наративен пристап). Сите овие решенија и пристапи кон пишувањето како облик на креативно творештво задаваат база од која младите автори можат индивидуално да го извлечат најпотребното за себе врз основа на сеопфатно втемелена и реална проценка.“

    rnПишувањето литературно дело, особено кај помлади и помалку искусни автори не секогаш е тешка активност. Всушност, со вистинската идеја, правилниот пристап и секако, неизоставниот талент за изразување, младиот автор може својата кариера да ја започне со успешно првенче, иако во иднина секогаш ќе сака да можел да го направи барем малку подобро. Поради тоа е важна поддршката, но и вербата во сопствените можности дека и покрај сè, целиот труд ќе резултира со успешно дело и дека во иднина публиката ќе може да прочита уште многу од тој автор.rnrnПрочитајте ги и овие 9 знаци дека сте родени да бидете писатели.

  • 7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поети

    7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поети

    Кога помислуваме на поет, добиваме слика за посветена личност, полна со имагинација, со доза на софистицираност и строги навики. Но, нивните животи, хобија и ексцентрични карактеристики некогаш не се вклопуваат во таа слика. Ова се 7 забавни факти за некои од најпознатите поети:rn

    1. Чарлс Буковски обожавал мачки

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnТој бил воодушевен од овие суштества, а и самиот бил сопственик на мачката Минкс. Во една своја поема тој наведува дека неговите мачки му ја враќаат храброста секогаш кога се чувствувал лошо.rn

    2. Пабло Неруда пишувал поеми со зелено мастило

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnПопуларниот поет имал мастилно пенкало кое рачно го полнел со зелено мастило. Тој верувал дека зелената е боја на надежта.rn

    3. Сафо била Адел на нејзиното време

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnПејачката Адел е позната по тоа што својата поезија ја претвори во песни. За поетесата Сафо се верува дека ги пишувала своите дела за истите да бидат изведувани во придружба на музика и ако живееше во денешно време, сигурно би била познат текстописец.rn

    4. Елизабет Бишоп одбила да биде полово специфицирана во антологиja

    rnrnrnТаа збеснувала секогаш кога талентот бил припишуван на нејзиниот пол, а одбила да биде дел од антологијата „Жени поети на англиски јазик“ (The Women Poets in English). За нејзе било глупаво да се прави поделба на поетите.rn

    5. Лорд Бајрон чувал мечка како миленик

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКолеџот Тринити од Кембриџ им забранувал на студентите да чуваат кучиња, а студентот Џорџ Гордон Бајрон бил нивен голем љубител. Тој дури и напишал поетски епитаф за неговото починато куче. Бајрон во писмо до пријател признал дека си купил мече, бидејќи никаде немало забрана за чување мечки, а кога го прашале што ќе прави со него, одговорил дека му прави друштво.rn

    6. Урната на Дороти Паркер била чувана во архива цели 20 години

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКога поетесата починала во 1967 година, оставила инструкции дека целото наследство го остава на Мартин Лутер Кинг Јуниор и нејзиното тело да биде кремирано. Сепак, не навела каде да биде истурена пепелта. Нејзината урна 20 години била предмет на спор и била чувана во архива на нејзиниот адвокат. Потоа била преместена во меморијална градина, а на плакетата над пепелта пишува: „Извинете за мојата прашина“.rn

    7. Вилијам Карлос Вилијамс верувал дека тоа што е доктор го направило добар поет

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКако поет, тој инспирација наоѓал во својата струка, педијатријата и во пациентите. Во автобиографијата од 1967 година објаснил дека неговите две професии се инспирираат меѓусебно и формираат целина.

  • 11 филмови инспирирани од поеми

    11 филмови инспирирани од поеми

    Романите, расказите, стриповите и драмите се неисцрпна инспирација за Холивуд. Според книги се снимени голем број филмови и ТВ серии, некои повеќе, а некои помалку успешни. Но, некогаш и поезијата може да послужи како инспирација, а ова се 11 примери дека реализацијата може да биде навистина успешна и да донесе многу филмски награди.rn

    1. „О, брате, каде си?“ (O Brother, Where Art Thou?)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnСтанува збор за ексцентрична комедија на браќата Џоел и Итан Коен, за тројца затворски бегалци кои се обидуваат да стигнат дома, за да го најдат скриениот плен од грабежот на банка. Во филмот глумат Џорџ Клуни, Џон Туртуро и Тим Блејк Нелсон. Сценариото делумно е базирано на „Одисеја“, но актерот Тим Блејк Нелсон бил единствениот од режисерско-актерската екипа, кој бил запознаен со ова дело.rn

    2. „Кошмар пред Божиќ“ (The Nightmare Before Christmas)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnТим Бартон напишал кратко поетско дело со овој наслов уште во времето кога работел во одделот за анимација на „Дизни“. Тој бил инспириран од „Рудолф: Еленот со црвено носе“ (Rudolph The Red-Nosed Reindeer) и „Како Гринч го украде Божиќ“ (How the Grinch Stole Christmas!) за својата морничава поема. Неколку години подоцна тој ја понудил на „Дизни“, кои најпрво биле заинтересирани за краток филм, но во 1993 година, Бартон продуцираше цел проект базиран на својата поема.rn

    3. „Троја“ (Troy)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnРежисерот Волфганг Петерсен и сценаристот Дејвид Беноа ја адаптираа „Илијада“ (Iliad) во филмска акција, со Бред Пит како Ахил и Ерик Бана како Хектор. „Троја“ стана вистински хит во 2004 година, иако имаше многу приговори дека не е целосно следена оригиналната поема.rn

    4. „Светла ѕвезда“ (Bright Star)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnОвој филм од 2009 година е на некој начин биографски запис за љубовта меѓу поетот Џон Китс и неговата сакана Фани Браун. Во стиховите кои тој ѝ ги посветил, често ѝ се обраќа со зборовите „светла ѕвездо“. Китс бил болен од туберкулоза и последните години од животот ги поминал разделен од љубената. Филмот е дело на Џејн Кампион и првпат беше прикажан на 62-риот Филмски фестивал во Кан.rn

    5. „Мулан“ (Mulan)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnПопуларниот филм на „Дизни“ е базиран на кинеската поема „Балада за Мулан“ (Ballad of Mulan) која била напишана за Хуа Мулан, девојката која решава да отиде во војска наместо својот татко, маскирана како маж.rn

    6. „Кратки резови“ (Short Cuts)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnРежисерот Роберт Алтман бил инспириран од девет кратки приказни и една поема со наслов „Лимонада“ (Lemonade), дела на писателот и поетот, Рејмонд Карвер. Во текот на филмот, Алтман оставил доволно референции и мудро вклопени сцени кои покажуваат кон делата на Карвер.rn

    7. „За обоените девојки“ (For Colored Girls)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnВо 2010, Тајлер Пери сними филмска адаптација според кореографската поема на Нтозаке Шанге, „За обоените девојки кои размислувале за самоубиство кога виножитото е доволно“ (For Colored Girls Who Have Considered Suicide When the Rainbow Is Enuf). Како и кореографскиот перформанс, така и филмот добро помина кај публиката.rn

    8. „Храбро срце“ (Braveheart)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnФилмскиот хит со Мел Гибсон, чие сценарио подоцна беше издадено и како роман, е инспирирано од шкотска епска поема за храбрите подвизи на Вилијам Волас, позната уште само како „Волас“ (The Wallace). Иако беше критикуван за историски недоследности, „Храбро срце“ во 1996 година доби шест Оскари.rn

    9. „Џабервоки“ (Jabberwocky)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnРежисерското деби на Тери Гилијам е инспирирано од бесмислената истоимена поема на Луис Карол, од „Низ стаклото“ (Through the Looking-Glass). Критиките за овој филм беа измешани, но Гилијам со своето дело покажа дека има бујна фантазија како режисер.rn

    10. „Беовулф“ (Beowulf)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnРежисерот Роберт Земекис се инспирирал од старата англиска поема со исто име. Со помош на сценаристите Нил Гајман и Роџер Авери, неговата идеја беше реализирана како одличен визуелен спектакл.rn

    11. „Урлик“ (Howl)

    rn11 филмови инспирирани од поемиrnrnЏејмс Франко во овој филм го глумеше поетот Ален Гинсберг, во периодот кога ја пишувал својата позната поема „Урлик“ (Howl). Режисерите Роб Епстејн и Џефри Фридмен во 2010 успешно направија реконструкција на поемата во одличен филм.rnrnПотсетете се уште и на најдобрите филмови од 2017 година.

  • 7 прекрасни збирки кои ќе ве натераат да се вљубите во поезијата

    7 прекрасни збирки кои ќе ве натераат да се вљубите во поезијата

    Штом ќе слушнете за поезија, што прво ви паѓа на ум? Повеќето луѓе избегнуваат да читаат поезија бидејќи сметаат дека не ја разбираат. Оваа листа содржи збирки кои можеби ќе ви го променат мислењето. Ќе ви помогнат да ја гледате поезијата како нешто од коешто ќе учите и ќе се истражите себеси и вашите емоции.rn

    1. „Долг пат“ (Long Way Down) – Џејсон Рејнолдс

    rn(1)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mkrnrnОваа новела во стихови раскажува за значењето на одмаздата и за помирувањето со духовите од вашето минато. Рејнолдс е одличен автор без разлика дали пишува поезија или проза, а приказните кои ги создава се моќни, критички и навистина погодуваат. Секој ќе може да се пронајде во главниот лик, Вил, и во неговото донесување одлуки низ приказната. Секоја поема ве носи поблиску до донесувањето одлука и на крај ќе се запрашате како авторот внел толку многу во овие поеми. „Долг пат“ сигурно ќе ве натера да посегнете и по други новели во стихови.rn

    2. „Принцезата се спасува сама во оваа приказна“ (The Princess Saves Herself in This One) – Аманда Лавлејс

    rn(2)7-zbriki-koi-kje-ve-nateraat-da-se-vljubite-vo-poezijata-kafepauza.mkrnrnАко сметате дека старите бајки се преполни со храбри витези, тогаш навистина ќе ви се допадне првата поетска збирка на Аманда. Оваа провокативна збирка ќе ве натера да помислите дека сте ја напишале самите. Ова дело е феминистичка поезија што секој треба да го прочита. Целта е да ви покаже како да живеете со себе и да се осигурите дека го добивате најдоброто од овој свет, бидејќи токму тоа го заслужувате. Збирката е толку популарна, што Аманда одлучила да објави уште два дела – „Вештерката не гори во оваа приказна“ (The Witch Doesn’t Burn in This One) во 2018 година, и „Гласот на сирената се враќа во оваа приказна“ (The Mermaid’s Voice Returns in This One) во 2019.rn

    3. „Улична љубов“ (Street Love) – Волтер Дин Мајерс

    rnrnrnУште една новела во стихови која ја прераскажува приказната за Ромео и Јулија. Главните ликови се Дамјан и Џунис кои се вљубуваат. Она што авторот го прави многу умешно е течењето на лирскиот аспект создавајќи суптилни навестувања со кои читателот може сам да ги пополни празнините. Штом ќе ја почнете оваа збирка, ќе заборавите дека читате поезија.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личност

    Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личност

    Дали сте знаеле дека Мерилин Монро ја обожувала литературата? Таа не е само уште една глупава русокоса каква што ја претставуваат медиумите! Нејзината приватна поезија е прекрасна. Таа се состои главно од текстови што личат на поеми, испишани по тетратки и стуткани листови. Нејзините дела биле собрани и објавени за прв пат во книгата „Фрагменти: Песни, интимни белешки, писма“ (Fragments: Poems, Intimate Notes, Letters). Оваа книга ја открива вистинската личност на Мерилин која била многу чувствителна, комплексна и интензивна.rnrnНеобјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личностrnrnНејзините песни покажуваат колку ранлива била таа однатре и колку неразбрано се чувствувала. Таа копнеела по тоа да биде забележана поради нејзината вистинска личност, бидејќи во овој свет таа никогаш не можела да го покаже своето вистинско лице. Нејзината поезија докажува дека таа била талентирана во повеќе области и којзнае што би постигнала кога би му дозволила на нејзиниот потенцијал да се развива во поинаква насока. Прочитајте ги следниве неколку песни од Мерилин Монро кои несомнено ќе ве трогнат и ќе ви дадат сосема поинаква слика за славната убавица…rnrnНеобјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личностrn

    „Само делови од нас ќе

    rn

    допрат нечии други делови –

    rn

    сопствената вистина е само тоа што е – сопствена вистина.

    rn

    Можеме да го споделиме само делот што е во рамките на нечие туѓо знаење прифатлив па така

    rn

    човекот во најголема мера е сам.

    rn

    Како што треба да биде

    rn

    очигледно во природата – во најдобар можен случај можеби може да го натера

    rn

    нашето разбирање да ја избавиrn

    rn

    туѓата осаменост. “

    rn

    Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личностrn„Ох леле посакувам да бев

    rn

    мртва – потполно непостоечка –

    rn

    исчезната оттука – од

    rn

    секаде но како би можела

    rn

    Секогаш има мостови – Бруклинскиот

    rn

    мост – Но го сакам тој мост (сѐ е прекрасно оттаму и воздухот е толку чист)

    rn

    чекорењето се чини

    rn

    мирно и покрај сите тие

    rn

    автомобили што лудуваат оздола. Па

    rn

    мора да постои некој друг мост

    rn

    некој грд без никаков поглед – освен што

    rn

    ги сакам сите мостови – има

    rn

    нешто посебно кај нив и јас

    rn

    никогаш немам видено грд мост.“

    rn

    Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личностrnЗа животот

    rn

    станува збор за решеност да не надвладеат емоциитеrn

    rn

    За работата

    rn

    на вистината може само да се сетиме, никогаш да ја измислиме.“

    rn

    Необјавената поезија на Мерилин Монро што ја открива нејзината скриена комплексна личностrn„Камења додека шетамrn

    rn

    во секоја боја што постои

    rn

    Зјапам надолу во тебе

    rn

    како хоризонт –

    rn

    просторот/воздухот е помеѓу нас давајќи ни знак

    rn

    и јас сум многу катови погоре

    rn

    стапалата ми се исплашени додека посегнувам по тебе.“

    rn

    rn

    Доколку ви се допадна нејзината поезија, прочитајте ги и следниве иснпиративни цитати од Мерлин Монро.

  • Викенд поезија: Што остана од нас?

    Викенд поезија: Што остана од нас?

    Автор: Андреј ЈанковrnrnЈас ти верував, мила. Мојата доверба до последна капка ти ја доверив тебе.rnrnСрцето мое беше под твое полномоштво, а ти лесно го издаде и продаде.rnrnГо продаде тоа срце што знаеше да сака. Го уби човекот што не знаеше да мрази.rnrnГо изневери. Како со играчка, како со мало дете си поигра со него.rnrnВикенд поезија: Што остана од нас?rnrnТи го ветуваше неговиот живот. Ти го подаруваше светот на дланки.rnrnНо, тебе ѓаволот те излажа. Влезе во твојот ум и манипулираше со тебе.rnrnА тој насмевката не ја симнуваше додека беше со тебе.rnrnА ти и неа му ја одзема. Сè што имаше му зема. До последна солза очите му ги исуши.rnrnДо последна капка го исцеди, го исуши, го уништи.rnrnШто сега? Сега е време за плачење. Тој ќе пати, ќе тагува. Ти ќе се смееш, ќе уживаш.rnrnТој ќе нема волја за живот, ќе сака да умре.rnrnА ти, ти ќе спиеш во туѓи прегратки додека тој умира.rnrnИ нема да ти биде грижа. Неговото срце ќе откажува постепено, и тоа никој нема да го забележи.rnrnНи ти нема да забележиш. Па како? Кога без совест го остави.rnrnНе ти беше гајле како ќе се чувствува, туку што да почувствува, што да осети.rnrnЗошто одмазда? Што ти стори тој? Што направи освен што ти го подари животот?rnrnТоа ли заслужи? Во мрак да живее. За надеж да се надева.rnrnВо соништата да те исчекува, да дојдеш, да се извиниш, да се покаеш.rnrnНо, не. Ти не беше човек. Да беше, ќе дојдеше, ќе бараше прошка.rnrnШто остана од нас сега? Само еден човек што се претвори во расипана играчка.rnrnИграчка која ти ја создаде и ти ја расипа. Ти ја упропасти. Ја остави повредена.rnrnГо остави без ронка милост. Без чувство. Без товар на срцето.rnrnЖивеј ти сега, а тој ќе умира.rnrnСамо тој знае како му е. Нема кој да го сфати. Сите се исти како тебе.rnrnСамо тој беше човек. Човек со душа.rnrnЧовек со срце. Но остана без ништо.rnrnНеговите последни зборови беа: „Од нас остана само болна приказна.“rnrnНеговиот последен здив беше за неа.rnrnНеговата последна мисла беше: „Те сакам, несудена моја.“rnrnПоследниот миг од животот пак беше за неа.rnrnСè што стори беше за неа. А таа му подари смрт.rnrnЉубовта го уби.rnrnА таа го закопа жив…

  • Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената

    Инспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и жената

    Леонард Коен е канадски музичар, поет и текстописец познат по неговото поетско творештво кое говори за религијата, осаменоста, меланхолијата и сложените меѓучовечки односи. Во 2008 година тој бил примен во Рокенрол куќата на славните поради неговиот статус на „најголем и највлијателен меѓу текстописците“. Во продолжение прочитајте некои од неговите најславни цитати за животот, поезијата и жената…rnrnИнспиративни цитати од Леонард Коен за животот, поезијата и женатаrn

    „Жената со тешкотија внимава на своето тело, како да се работи за некој недоверлив сојузник во битката за љубов.“

    rn

    „Дејствувајте како личноста која би сакале да бидете и наскоро такви и ќе станете.“

    rn

    „Јас не се сметам за песимист. Според мене песимист е некој кој го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум целиот мокар.“

    rn

    „Песимисти се луѓето кои носат чадор и кога нема трага од облаци.“

    rn

    „Нека судиите потајно почувствуваат недостаток од правда: Нивните одлуки ќе бидат построги. Нека генералите потајно почувствуваат недостаток од триумф: Убивањето ќе биде озлогласено. Нека свештениците потајно почувствуваат недостаток од вера: Нивното сочувство ќе биде искрено.“

    rn

    „Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот горел добро, поезијата е само пепелта.“

    rn

    „Ниту една жена не е толку убава за да не сака нејзината убавина да биде опеана во стихови.“

    rn

    „Поимот клиничка депресија денес премногу често се појавува во разговорите. Човек би помислил дека се случила катастрофа во областа на психологијата.“

    rn

    „Во сѐ постои пукнатина, на тој начин се пробива светлината.“

    rn

    „На секој народ земјата му е условно дадена. Без разлика дали луѓето се свесни за тоа или не, постои договор над уставот, над гарантираната сувереност и над најголемите соништа на нацијата за самоостварување.“

    rn

    „Кога сѐ ви тргнало наопаку, подигнете ја чашата, тропнете со стапалата и заиграјте. Тоа е сѐ што можете да направите.“

    rn

    „Децата ги покажуваат нивните лузни како да се медали. Љубовниците ги користат како тајни кои треба да бидат откриени. Лузната се случува кога зборот се материјализира.“

  • Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

    Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

    Заљубувањето не е лесна работа, но може да биде малку попрактично и поизводливо ако ги знаете хороскопските знаци. Хороскопот може многу да открие за вкусовите, квалитетите и способностите на една личност, но исто така може да открие каде нивното срце е слабо и кршливо. Ако вашата симпатија е Риби, тогаш запомнете дека се соочувате со една деликатна, поетична душа чиј живот се врти околу романтиката, но внимавајте: Рибите се лизгави во рацете и можат да отпливаат кога сакаат!rnrnАстрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?rn

    1. Немојте да бидете агресивни

    rnУмот на Рибите е една поема и тие не очекуваат ништо помалку од нивната дама. Бидете нежни, смирени и поетични. Една остварлива и деликатна фантазија.rn

    2. Бидете поема

    rnЖивотот на Рибите се врти околу потрагата по сродна душа. Доколку сакате нивната поезија да ви биде посветена вам, тогаш така и однесувајте се: Како да сте лик во поезијата на Пабло Неруда.rn

    3. Немојте постојано да бидете достапни

    rnРибите сакаат да пливаат во немирно море, а не во една мала и ограничена када. Немојте постојано да ги барате или да одговарате на телефонот кога тие ве бараат. Немојте секогаш да бидете тука. Исчезнувајте на моменти, држете ги во неизвесност.rn

    4. Чесноста и трпението се доблести

    rnНемојте сѐ да направите уште на првата средба. Рибите сакаат темпото да биде бавно и лесно. Се соочувате со една нежна и чувствителна личност, а ако успеете да ги натерате да се заљубат во вас, тогаш ќе бидат вечно ваши. Немојте да се облекувате провокативно. Тие нема да паднат на модел од Викторија Сикрет, тие бараат партнер со душа.rn

    5. Сакајте ги

    rnАко успеете во мисијата да ги освоите срцата на Рибите, тогаш научете како да бидете љубезни, нежни и грижливи кон нив. Тие се вистински романтичари и потребно е да ги третирате со внимание. Давајте им ја потребната поддршка и сакајте ги како што никој досега не сте го сакале. Сакајте ги како тоа да го заслужуваат. Немојте да ги разочарате или да ги напуштите. Ако се заљубат во вас, тогаш ценето го тоа. Запливајте во морето на љубовта и среќно рибарење!