КАФЕ ПАУЗА

Tag: поезија

  • Поезија: Портрет

    Поезија: Портрет

    Автор: ПеперуткаrnrnПортретrnrnСакам да те насликам,rnа не знам да сликам.rnА толку многу сакам да знам.rnСакам да си ги бојамrnчувствата и мислите,rnсликите и зборовите.rnСакам многу бои.rnНеправилни форми,rnапстракции со конкретна моќrnсо силина и душаrnкако чувствата во мене.rnНе знам како правилно да те насликамrnама имам право да сакам.rnИ не сакам правила,rnзатоа ти ќе бидеш мое платно.rnЧетки не користам.rnМислиш дека ќе се снајдамrnсамо со она што го имам?rnСветлозелен поглед потонатrnво сатенската црнина на твоите очи.rnСнежно бели мали стапкиrnшто водат кон твоите чекори.rnРозови воздишки од треперењаrnштом застанам пред тебе.rnНебесно сина насмевкаrnбез ниедно облаче,rnнескриена,rnискрена,rnсо воскликrnза тебе.rnМлада месечинаrnсе огледува во твоите очи.rnНежни праска допири.rnСамо мала срамежлива нијанса.rnТанц на жолти преграткиrnоколу целото твое тело.rnПеперуткасти виолетови бакнежиrnпо твоето лице.rnМоите омилени бои.rnСо нив сакам да бојамrnдолго, долго, долго…rnКолку си прекрасен!rnНо не сум завршила.rnИ нема да завршам.rnВака можам да сликам бесконечно.rnДодека мотивот е љубовна искра што тлее,rnскокотлива радост, растреперен пулс, немирно срце,rnдодека ти си моето платно,rnјас сум најдобрата сликарка.

  • Поезија: Љубопитност – пронајдок – почеток…

    Поезија: Љубопитност – пронајдок – почеток…

    Автор: Страхил ТодоровrnrnЉубопитност - пронајдок - почеток...rnrnЈас седев на терасата од викендицата,rnсо прекрстени нозе ја рушев монотонијата на просторот…rnТвоето име беше дел од телефонскиот именик,rnи со фотографијата од тебе,rnлево од бројот и личните деталиrnзначеше само технолошко достигнување,rnи дотогаш ништо повеќе.rnДодека столетната врба, на чие стеблоrnбеа изгравирани две имиња од различен род,rnпреку летното шумолење ме молешеrnда ја одгатнам откриената тајна, вистината за нас,rnјас, започнав да ја плетамrnисторијата на една судбина,rnна едно внатрешно чувство,rnна една фотографија од телефонскиот именик.rnТогаш бев своевиден инспектор,rnактивен слушател на пасивниот исказ -rnвербален цртеж на твојата хемија,rnчија формула завладеа со мојот ум.rnИспитаникот го слушав енергично,rnнебаре сум создавач на човечката концентрацијаrnкоја ми помогна да восприемам сè што ми требаше,rnсè што беше до тебе, со тебе, во тебе…rnПо природа, верував во чуда,rnмечтаев да откријам нова планета.rnСе трудев да се убедам самиот себесиrnво тој момент на предизвик,rnда го наградам моето тажно егоrnсо зрак на можна судбинска надеж.rnБев подготвен да се соочам со тебе,rnсо вистината од фотографијата,rnсо едноставноста на цифрите од бројот,rnсо комплексноста на твоето име лесно за запомнување.rnБев сигурен дека вистинската ТИ,rnнекогаш, некаде, пред некого, а најдобро пред менеrnќе се појавиш таква каква што беше во сонот -rnневиното човечко суштествоrnчија фотографија беше во телефонскиот именик.