„Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокнамrnrnЌе ги затнам сите извори, сè што гори ќе отворам.rnrnЌе направам да не се знае кај е лево и десно,rnrnЌе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканицаrnrnСамо да ме сакаш.“
rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrn
rnrn
Како обични смртници се плашиме од смртта, и кога би постоела тревката за бесмртност, би направиле сè за да ја имаме, исто како Гилгамеш. Се плашиме дека еден ден ќе бидеме заборавени и дека денот кога ќе нè снема од земјава воопшто нема да се разликува од сите останати. Ќе се соочиме со најголемиот страв, како што на тоа нè тера Елиот кога во неговата „Пуста земја“ ни наслика „страв во грска прав“. Ама она за што многумина не се свесни е дека има лек за бесмртност. Андреевски останува да живее вечно по училиштата каде учениците ќе ги читаат неговите дела и ќе дискутираат за „Пиреј“. Живее во нивните семинарски трудови, во нивните раскази и есеи со кои се борат да стигнат до петка. Живее на нашите полици во домашните библиотеки, живее во срцата на сите љубители на добрата, длабока и квалитетна литература, живее како дел од нас, како Македонец, како огромен почитувач на македонскиот народ и на македонската историја, на своите корени. Малку е и човек да го нарече „македонскиот Шекспир“, зашто откако ќе ги прочиташ стиховите за Дениција, сè останато ти изгледа небаре мало и бесмислено, недоволно јако да те потресе пак зашто тукушто силно те потресла таа низа на зборови.rnrnАндреевски, барем како што се кажува, не пишувал на компјутер, иако живеел во модерното време. Своите големи зборови некогаш ги везел и на обично парче весник. Кога го читам Андреевски, посакувам да останам таму засекогаш, скриена меѓу зборовите негови, па дури и почнувам да ѝ завидувам на Дениција, што постоел маж кој неа толку искрено ја воспевал преку зборот. Денес нема да напишам нешто за животот негов (иако сите знаете, сите сме пишувале во белешка за авторот во средно), ниту пак ќе раскажам некоја од неговите книги (нешто што средношколците можеби го очекуваат, и поука – не го правете тоа, греота е да имате в рака нешто од најголемиот меѓу најголемите, а да не издвоите време да го прочитате). Наместо тоа решив да ви кажам два-три збора за мојата омилена „Дениција“, а за останатите негови дела, ќе имаме друга прилика.rnrnrnrnЗбирката „Дениција“ е вистинско отсликување на модернистичката поезија – слободен стил на пишување, рушење на „правилата“ за пишување поезија, искрено соголување на душата, без постојан ритам или пак рима. Инспирација е големата љубов кон Дениција, чие име фигуративно посочува на ѕвездата Деница и е одраз на женската плодност и убавина. Андреевски (како голем патриот), напати толку ја поврзува љубовта кон Дениција со својата љубов кон татковината, што на моменти нè збунува дали примарната намера му е да ја опее својата љубов кон одредена жена или пак цело време ја величи својата татковина.rnrn
„Во тебе беа границите на Целокупна МакедонијаrnrnИ јас дури те љубев ја љубев сета татковина.“
rn
rnrnЗбирката почнува со „Песна за мојата песна“, каде поетот ја опишува својата песна, односно си ја соголува душата давајќи ни ги на чинија своите чувства. Продолжува со „Првите податоци за Дениција“ каде ја опишува и својата опседнатост со неа, за да продолжи со лично мојата омилена „Умилкување“. Подоцна конечно навлегува во една поинтимна фаза, зборувајќи за собата на Дениција, како да е неговото свето место. Неговата љубов за Дениција достигнува кулминација во „Кога ја љубев Дениција“, една од најголемите пофалби за љубовта воопшто, поема која ве помрднува од место и ве трогнува. Поетот е нестрплив да добие одговор на неговата љубов, во меѓувреме продолжувајќи да ја опева Дениција. Продолжува да си ја исповедува душата пред нас:rnrn
„Во тебе бев заљубен уште пред моето и твоето создавањеrnrnВо тебе бев заљубен пред мојот прв зборrnrn(што го изговори твојата уста)…“
rnПоетот ја опишува големата разочараност и потиснатост поради невозвратената љубов, а опишувајќи ги разделбите од Дениција дава јасна слика за неговата искината душа. Големата сага за неговата љубов кон Дениција продолжува со најтрогателните сцени – болеста и смртта на Дениција, за збирката да заврши со можеби најсилниот дел „На гробот на Дениција“, сцена што потсетува на трогателните стихови на Алан По, и неговото оплакување на прерано починатата Анабела Ли.rnrn
„Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминешrnrnИ сите градски порти ги оставам отворениrnrnВо секое време за да можеш да се вратиш.rnrnТи ме приѕираш и од небото и од земјата,rnrnА мене никако не ми успева да ти кажамrnrnДека и мојата смрт започна по твојатаrnrnИ дека блажено е да се живее, а поблажено е да се умира,rnrnМислејќи само на тебе, Дениција.“
rnrnrnrnПреку оваа збирка Андреевски си ја прочистува душата, создавајќи импозантен преплет од стилски фигури и љубовни, како и родољубиви мотиви. И за крај, ќе завршам како што почнав, па така ве оставам во добро расположение со уште еден извадок од „Умилкување“.rnrn
„Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,rnrnНа шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,rnrnНе ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,rnrnСо ова што го велам и слепо и глуво ќе исцеламrnrnСамо да ме сакаш.“
rn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk



rnrnЗапочнува во моментите на интензивна романса меѓу Нил (Бен Афлек) и Марина (Олга Куриленко). Тој е Американец кој патува во Европа, а таа е Украинка која сама ја одгледува својата десетгодишна ќерка во Париз. По романтичните моменти низ улиците на Париз и низ ходниците на замокот Мон Сен Мишел, Нил ја кани Марина да се пресели со него во Америка, каде што тој работи како инспектор за животна средина. Таа веднаш прифаќа.rnrn
rnrnМарина се труди да се приспособи на новиот живот, но нејзината уметничка душа тешко наоѓа мир во просечната Оклахома. Не е задоволна од животот, па со тек на време врската меѓу неа и Нил почнува да се лади. Кога напливот од емоции помеѓу нив спласнува, спасот од кризата во врската секој ја бара на друго место: Марина во средбите со свештеникот Квинтана (Хавиер Бардем), а Нил повторно ја среќава Џејн (Рејчел МекАдамс), љубовта на неговата младост.rnrn
rnrnСамата приказна е доста едноставна. Тоа што филмот го прави посебен е начинот на којшто е раскажана. Тој нема класично сценарио, туку тоа е заменето со збир од поеми. Режисерот и сценарист Теренс Малик не користи дијалози меѓу главните ликови, туку нивните мисли ги пренесува преку монолози кои наликуваат на читање поезија. Ретко кога тие разговараат еден со друг, но нема момент во кој не ви е јасно што тие мислат или чувствуваат. Сместени во живописни кадри исполнети со топли бои додека во позадина одат лиричните реплики надополнети со прекрасна музика, целиот филм е поезија. Тој од почеток до крај е поплавен со љубов, страст, бес, немир, страв, копнеж…rnrn
rnrnТеренс Малик повторно го користи својот специфичен стил на раскажување, така што повторно нуди филм кој не е обичен и не е за сечиј вкус, кој или нема да го сфатите или ќе ве маѓепса. Потребно е внимателно да ги следите не баш честите реплики на ликовите, нивните изрази на лицето, сето тоа да го споите со нивното опкружување за да добиете вистинска слика за она што се случува. Ако успеете во тоа, „Кон чудесното“ ќе ве награди со несекојдневно аудиовизулено уживање преплавено со емоции.rnrn
rnrn


rn
rnrnНема посовршен ден од денес.rnЗа нови почетоци и нови луѓе.rnНо, нека започне денот со старите навики.rnКафе, цигара и благо.rnИ сонце.rnПод него, секој има свое место.rnБитно е да го пронајдеш,rnдодека уживаш во својата кожа.rnМизерно е да се обидувашrnда влезеш во туѓа.rnКолку и да си мал,rnтаму не те собира.rnНасмевни се,rnспонтано.rnЌе откриеш дека дишеш.rnСè уште нештоrnможеш да смениш.rnПочнувајќи од тебе.rnОчите нека ти сјаат.rnАко немаш љубов,rnнека ти сјаат од надежrnза љубовта која те чекаrnна секое ќоше.rnЧувај си ги рацетеrnширум отворени,rnникогаш не знаешrnкој би ти влетал в прегратки.rnТропај за да ти отворат,rnбарај за да најдешrnи думај:rnљубезноста е побитна од убавината,rnсексапилот е енергијата и шармот,rnа не брендираната облека.rnШтиклите не ги прават нозете јаки,rnтуку помислата дека можешrnдо крајот на светот и назад.rnРизиците нека ти бидат игра.rnНе доживувај пораз,rnтуку учи ги лекциите.rnСекој ден создавај по една приказна.
Се сеќаваш ли, на песнатаrnод мојата музичка кутија?rnСекоја ноќ, ја отворав…rnи срцево почнуваше да крвари.rnА се сеќаваш ли како игравме?rnТи ми ставаше цвет во косата.rnСе припивав до тебе и игравме,rnсе нишавме полека, галежно,rnтаговно следејќи ја музиката.rnТи ми ја стегаше нежно ракатаrnи ме љубеше на усни огненоrnи ми ветуваше: ќе заврши.rnЌе помине, ќе дојдам пак!rnПак ќе ја слушаме песната,rnќе ти ставам цвет во косата,rnќе играме цела ноќrnи повторно ќе ти ги љубам усните.rnСе сеќаваш ли, како ти заспивав на гради?rnСигурна, задоволна и вљубена..rnСе сеќаваш ли, се сеќаваш ли?!rnЈас се сеќавам на сè,rnна ноќите прекрасни и погледите безгласни,rnмирисот на цветот и топлината на здивот.rnЌе дојдам пак, ми рече ти.rnЌе помине, ќе заврши, ми вети.rnЗаврши… и помина.rnНо мојата музичка кутија остана затворена.rnМојата коса остана без подарениот цвет.rnМоиве раце празни и напуштени.rnА усните, суви и студени.rnРече: ќе дојдам пак!rnНе дојде.rnЗамина, со песната и цветот,rnпрегратката и бакнежот…rnи со моето срце.
rnrnКога стварноста ми е ќорсокакrnсе виткам во спомениrnи ти доаѓам со мислитеrnсо парче минато во грстотrnда те прашам дали сме истите.rnДа ми го покажеш мостот на лагатаrnда ми дадеш билет кон стварностаrnда ја ставиш во куфер тагатаrnзабиберена и замедена, кристализирана.rnСепак ќе фатам воз кон бајкитеrnќе се смешам во приказна за добра ноќrnво потрага по смислата на смислатаrnда потонам во маратонот кон среќатаrnда го осетам среќниот крајrnшто трагично завршуваrnда развеам колоритно знаменцеrnза сонот што ме опседнуваrnдуша што ми возвишува.rnПодај ми рака и не земај меrnодглуми слабост и останиrnпушти ме да те заврзам за себеrnќе береме желбиrnна цветни јоргани послани.rnrn rnrn
Кога соновите се одамна почнати,rnкога низ прозорецот ѕиркаrnиспрекината светлинаrnод уличната сијалица,rnкога дождот непрестајно удираrnво лимениот олукrnи сенките на дрвјата се клатат,rnнебаре ветрот ќе ги сотре,rnтогаш моите очи се ширум отворени,rnтогаш се претворам во кроткост,rnтогаш испарува сета моја стабилност и возрасност,rnтогаш треперам во пижамите,rnзабите ги заривам во ќошот од јорганот,rnи низ измешаната постелаrnсе провирам,rnбрчкам,rnлутам,rnбарајќи ја твојата заспана рака.
rnrnЈа смени продолжувајќи да го прави истото,rnзатоа што му е важно да ѝ го разубави животот,rnно правејќи го тоа поинаку…rnДопирајќи најнапред само еден детаљ,rnнејзиното срце.rnrnИскрено, без скромност ја сака за себе,rnискрено, без скромност ѝ го краде срцето.rnСо љубов му се разлева низ усните малечка…rnЉубов која вели благодарам затоа што постојат,rnзатоа што се сакаат неизмерно,rnзатоа што нивните раце се сплотени една во друга,rnнивните еуфорични души трагаат по единство,rnнивните гради величествено ја пречекуваатrnсекоја нова возбуда во нивните воздишки,rnнивните усни страсно ја доживуваат експлозијата на нивните бакнежи..rnrnЕдно гризнување на вратот, едно на усните со мирис на мека роза,rnпознат парфем,rnдобро познати очни капаци,rnвеѓи, усни и срдечна насмевка со дупчиња на образите.rnrnНасмевка која ветува многу.rnВетува дека ќе се препознаатrnи кога годините ќе ги фрлат сите календари врз нив.rnrnСи ја возвраќаат љубовта,rnсонуваат со едно „Благодарам што постоиш“.rnКопнеат еден за друг,rnтој за неа, таа за него…