КАФЕ ПАУЗА

Tag: планети

  • Месечен хороскоп за март 2023 година

    Месечен хороскоп за март 2023 година

    Прочитајте кои ќе бидат најважните астролошки аспекти во март според астролозите!rnrnМесечен хороскоп за март 2023 годинаrn

    7-8 март – Полна месечина во Девица

    rnПолната месечина во Девица доаѓа на почетокот на еден неверојатно напорен и енергичен месец, давајќи ни ја потребната доза енергија и поттикнувајќи нè да го бараме еликсирот што ќе ни биде најкорисен во моментот. Ова е време кога грижата за себе е најважна. Така, ќе почувствуваме потреба да го исчистиме нередот и да го организираме нашиот простор.rn

    7-8 март – Сатурн во Риби

    rnСтанува збор за еден од најважните астролошки настани во 2023 година. Сатурн ја обиколува Водолија од декември 2020 година, но сега ќе го почне транзитот низ Риби, каде што ќе остане до 14 февруари 2026 година. Неговата енергија ќе ни помогне да научиме одредени лекции и ќе нè подготви за ново патување.rn

    10 март – Јупитер и Хирон во Овен

    rnНа овој ден универзумот ќе ни помогне да одиме напред и да го оставиме минатото зад нас. Можеби одеднаш ќе доживееме некакво будење или конечно ќе одлучиме дека повеќе не сакаме да размислуваме за повредите и неволјите од минатото. Не можеме засекогаш да избегаме од нашата болка, но под влијание на оваа енергија конечно ќе ја прифатиме идејата дека треба да продолжиме понатаму со тоа што ќе ја почитуваме нашата болка и ќе дозволиме да нè води напред во посветла иднина.rn

    11 март – Венера во конјункција со Ерис

    rnЕрис е џуџеста планета позната како сестра на Марс. Таа носи смела, огнена и храбра енергија, помагајќи целосно да се манифестира моќта на женскиот дух. Така, ако сакате да добиете повеќе женска енергија во вашиот живот или ви треба поддршка кога станува збор за изразување на вашата женственост, оваа енергија ќе ве насочи кон вистинскиот пат.rn

    15-16 март – Тројна конјукција Сонце + Нептун + Меркур

    rnСонцето, Нептун и Меркур ќе се усогласат во знакот Риби, создавајќи тројна конјункција. Оваа силна енергија на Рибите може да создаде одредена неодлучност или збунетост кога станува збор за најдобриот начин на дејствување. Од друга страна, оваа енергија може да ја поттикне креативноста. Вежбајте ги своите имагинативни вештини во овој момент со пишување дневник, цртање или размислување за тоа како би изгледал вашиот живот од соништата.rn

    20 март – рамноденица + Сонце во Овен + почеток на астролошката Нова година

    rnКако што Сонцето влегува во Овен, ја започнуваме астролошката Нова година. Ова е фантастично време за нови почетоци. Ако не сте успеале да донесете новогодишни одлуки, оваа енергија е одлично време за почеток! Овој ден ќе помине и во знакот на рамноденицата која го означува почетокот на пролетта на северната хемисфера и есента на јужната хемисфера. Промената на годишните времиња ќе нè поттикне на промени.rn

    21 март – Млада месечина во Овен

    rnМладата Месечина ја следи рамноденицата и почетокот на астролошката Нова година, засилувајќи ја нејзината енергија! Станува збор за нови почетоци. Искористете ја оваа магична енергија за да го постигнете она што го сакате.rn

    25 март – Марс во Рак

    rnМарс конечно го заврши својот транзит низ знакот Близнаци каде што беше од август 2022 година. Ова беше многу, многу долго време Марс да остане во еден знак, така што навистина ги почувствувавме лекциите од спојот Марс-Близнаци. Сега кога Марс се пресели во Рак, завршивме со овие лекции и сме подготвени да продолжиме понатаму! Размислете како вашиот живот се променил од август во однос на чувствата на мотивација, нивото на енергија и начинот на кој им пристапувате на вашите стравови.rn

    30 март – Венера во конјункција со Уран во Бик

    rnМесецот го завршуваме со конјункцијата на Венера со Уран во знакот Бик. Ова ќе ни помогне да воспоставиме здрав однос кон себе, полн со љубов и грижа. Во овој период грижете се за себе и за своето здравје и бидете подготвени за новите љубовни можности.rnrnОткако го прочитавте месечниот хороскоп за март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на финансиски план во март.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Од 22 јануари до 20 април нè очекува еден од најсреќните периоди за 2023 година!

    Од 22 јануари до 20 април нè очекува еден од најсреќните периоди за 2023 година!

    Астролозите сметаат дека ретроградните движења на планетите носат најголеми предизвици, но според нивните прогнози од 22 јануари до 20 април нè очекува период без ниту едно ретроградно движење. Затоа, астролозите го сметаат овој период за еден од најсреќните периоди во 2023 година.rnrnОд 22 јануари до 20 април нè очекува еден од најсреќните периоди за 2023 година!rnrnУран ќе ја заврши својата ретроградна фаза на 22 јануари. На 21 април, пак, Меркур повторно ќе ја започне својата ретроградна фаза, со што ќе заврши овој период. Во продолжение прочитајте кои позитивни промени нè очекуваат од 22 јануари до 21 април.rn

    1. Зголемување на продуктивноста на луѓето

    rnБез ретроградни планети, луѓето ќе бидат многу поефикасни во својата работа. Ништо нема да ги спречи на нивниот пат кон успехот. Ова ќе биде време и кога ќе ви биде полесно да донесете тешки одлуки, ќе бидете помалку збунети и повеќе фокусирани. Ќе имате помалку сомнежи и стравови. Со други зборови, ќе ви биде полесно да работите, а тоа во поголема мера се однесува на интелектуалната работа.rn

    2. Ослободување од минатото

    rnАстролозите ова време го нарекуваат период на „ослободување“ од минатото. Сега е време да го оставите негативното зад себе, да простувате и да барате прошка. Ова ќе биде добар момент и да ги исчистите мислите, да направите добри дела и да се ослободите од сето она што лошо ви влијаело.rn

    3. Успех во љубовта

    rnОтсуството на ретроградни планети може да има поволно влијание и на врските, сметаат астролозите. Сите оние кои сакаат да најдат сродна душа ќе можат брзо да сфатат кој точно им треба. Ќе сфатите што точно сакате во врската и што треба да избегнувате. На луѓето ќе им биде полесно да се разберат. Исто така, луѓето со слични интереси и визија за животот ќе имаат поголеми шанса да се запознаат.rn

    4. Промена на животниот пат

    rnДоколку навистина сакате да го промените животот така што ќе го промените работното место или местото на живеење, сега е вистинскиот момент. Можно е во периодот од 22 јануари до 20 април конечно да можете да ја изберете вашата идна професија, да соберете храброст да ја напуштите сегашната работа и да го следите планот според кој ќе си го промените животот на подобро.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае следниот период без ретроградните движења на планетите, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 цели треба да си ги постави секој хороскопски знак за посреќна 2023 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои ќе бидат најсреќните денови во март?

    Кои ќе бидат најсреќните денови во март?

    Според распоредот на планетите, некои денови во март ќе бидат навистина посебни и среќни. Најповолниот период од целата година ќе биде токму овој месец поради отсуството на ретроградното движење. Сепак, во март нема сè да биде толку совршено бидејќи ќе има денови полни со предизвик. Во продолжение прочитајте кои денови ќе бидат најповолни.rnrnКои ќе бидат најсреќните денови во март?rnrn3 март – денот на владеењето на бројот 3 кој ги чува вашите принципи. Доколку во минатото направивте погрешен чекор во минатото, на овој ден ќе можете да го решите проблемот и да се соочите со последиците. Овој ден ќе биде одличен момент и да направите обид за напредок на сите полиња, вклучувајќи го духовниот и емотивниот развој. Ако на овој датум направите добри дела исполнети со позитивна енергија, цел месец ќе ве следи среќа.rnrn20 март – пролетна рамноденица. Станува збор за многу поволен ден во однос на енергијата и законот за привлекување. Од античко време, пролетната рамноденица се смета за момент на будење на природата, но и будење на нашата свест. Ова ќе биде одличен ден за чистење на домот и средба со пријателите и семејството. На 20 март, Месечината ќе биде во знакот Вага кој сам по себе симболизира еднаквост, хармонија и ред. Според астролозите, овој ден ќе биде најпозитивниот во март оваа година.rnrn27 март – Меркур ќе влезе во знакот Овен. Планетата ќе остане во знакот Риби сè до 26 март што најверојатно и нема да се одрази поволно. За среќа, на 27 март ќе премине во Овен при што денот ќе биде попродуктивен. Ќе имате можност да преземете нови инцијативи како и да се справите со приоритетите. Меѓу другото, ова ќе биде одличен ден за шопинг и финансиски активности. На овој ден ќе ви се пружи шанса да успеете во она што претходно не било можно.rnrnВо текот на овие денови обратете внимание на интуицијата и размислете што е тоа што ви носи среќа. На располагање ви се три големи шанси да постигнете успех на љубовен и професионален план, но и да го подобрите вашето здравје. Не ја пропуштајте наклонетоста на ѕвездите и планетите.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во март, можеби ќе сакате да го прочитате и големиот хороскоп за пролетта 2022 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни црти

    Тест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни црти

    Планетите имаат одредено влијание врз нас и врз нашиот начин на живот иако не сме свесни за тоа. Изберете едно од овие небесни тела за да откриете детали за вашиот карактер.rnrnТест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни цртиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Месечина” active=”false”]Месечината е симбол за мајчинството, не секогаш од аспект на мајката или женската фигура воопшто, туку ги изразува елементите на грижа и заштита. По природа сте разумна и дарежлива личност и сте внимателни особено кога станува збор за чувствата на луѓето во вашата непосредна близина. Не сакате да бидете во центарот на вниманието и честопати посветувате време на самоанализа. Вие сте од оние кои сакаат да се повлечат настрана за време на забавата и кои претпочитаат мирен разговор.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”2. Меркур” active=”false”]Знаете како да се разберете со другите и да најдете заеднички јазик, па затоа вие ја имате функцијата на посредници. Не сакате да се влегувате во конфликти, добри сте со зборови, сакате забава и сте дружељубиви. Не сте од оние кои зборуваат за себе бидејќи ја чувате својата интимност подалеку од љубопитноста на другите. Понекогаш, за да ги наполните батериите, потребно ви е да поминете време сами и сте среќни доколку другите ја разберат оваа ваша потреба.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”3. Венера” active=”false”]Една од вашите најдобри карактерни особини е емпатијата што ја чувствувате кон другите. Тоа ги прави луѓето кои се наоѓаат во ваша близина да се чувствуваат добро. Венера е симбол за надополнување на нештата, па оттука и нејзината привлечност. Умеете да ја цените уметноста и естетиката, внимавате на вашиот имиџ и по природа сте хармонична личност. Честопати имате тенденција да се оддалечувате од можните конфликти. Токму вашата емпатија е онаа што ве тера да се вклучувате во добротворни цели бидејќи знаете како да воспоставите соработка со вистинските луѓе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”4. Сонце” active=”false”]Сонцето е симбол за лидерство и ви помага полесно да ги поставите вашите цели и приоритети, но и да го одржите единството. На тој начин ја зацврстувате врската во семејството или во тимот на работа. Сепак, цената која најчесто ја плаќате во овој случај е тоа што секогаш ги одложувате сопствените желби на втор план бидејќи ги ставате желбите на другите пред вашите. По природа сте лојални и дарежливи и како лидер сметате дека секогаш мора да покажувате сигурност и самодоверба. Сепак, понекогаш се плашите да не згрешите и се чувствувате сами.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”5. Марс” active=”false”]Вие сте борецот во вашето друштво и сте среќни кога се соочувате со предизвиците што ги носи животот, а тоа му дава смисла на вашето постоење. Вие сте воинот кој е постојано во освојување љубов, успеси, вредности и задоволство. Имате храброст и енергија да ги надминете сите пречки и сте независни по природа. Затоа не е за чудење фактот дека сакате самите да се грижите за себе и не ви се допаѓа кога другите прават нешто за вас, иако знаете дека сакаат искрено да ви помогнат. Вие сте од оние кои сами се борат за своите идеали и понекогаш ви е тешко да ги контролирате своите импулси.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”6. Јупитер” active=”false”]Јупитер е симбол за дејствувањето. Сакате кога учите новите работи, оптимисти сте и екстроверт по природа. Благодарни сте му на животот за сите лекции и искуства, а вашата личност ја красат довербата кон луѓето и надежта. Секогаш планирате нешто ново и зрачите со позитивна енергија која сакате да ја споделите со другите, но и тие сакаат да бидат во ваша близина. Сакате да посветувате внимание на вашиот ментален развој и неретко болката ви служи како лекција и инспирација во животот. Не сте од оние кои постојано се жалат и не сакате да дискриминирате никого. Вие сте пријател на универзумот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”7. Сатурн” active=”false”]Сатурн е најмалку видливата планета со голо око. По природа вие сте реални, зрели и ги знаете своите граници. Ваквите особини придонесуваат секогаш да бидете организирани. Вие сте мудри, а понекогаш имате тенденција да бидете премногу строги. Не сакате промени, ниту пак изненадувања и претпочитате да се држите до она што веќе е зацртано. Имате добри односи со авторитетните личности, но не сакате кога ве испрашуваат. Не ја сакате тимската работа и претпочитате да работите самостојно. Од друга страна, вие сте прагматични и одговорни. Свесни дека полека, но сигурно, ќе ја достигнете вашата цел. Луѓето постојано ве прашуваат за совети затоа што веруваат во вас со оглед на тоа дека сте трпеливи и истрајни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест на личноста, ви предлагаме да направите и друг тест за да откриете што ве очекува во 2022 година.rnrnИзвор: astral.cx

  • Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!

    Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!

    Иако планетите и ѕвездите ќе бидат во поволна положба оваа недела, сепак тоа не значи дека треба да се опуштаме. Пред Нова Година вообичаено остануваме без енергија, но добра вест е дека нè очекуваат убави работи. Еве што ни предвидуваат астролозите за периодот од 20 до 26 декември.rnrnНеделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!rn

    Овен

    rnВо текот на оваа недела ќе бидете успешни што се однесува до креативната и интелектуалната работа. Астролозите предвидуваат зголемена активност на ѕвездите и планетите, а тоа ќе ви помогне да ги решите проблемите кои ве мачат подолго време.rn

    Бик

    rnВо следниот период добро би било да се фокусирате на планирање за иднината, но и на она што е важно во сегашниот момент. Обидете се да се ослободите од канџите на минатото кои сè досега ве влечеа кон дното. Астролозите ви препорачуваат да се посветите на домашните обврски што ќе ви помогне да не мислите на грижите.rn

    Близнаци

    rnНе заборавајте дека среќата не зависи само од парите и материјалната состојба. Во текот на оваа недела посветете се на духовниот аспект од вашиот живот и пронајдете нова мотивација пред почетокот на новата година. Одвојте време за да донесете важни одлуки. Ова особено се однесува на новите познанства.rn

    Рак

    rnВо текот на оваа недела бидете повнимателни и следете ги знаците покрај патот. Можни се шансите да се појави нов додворувач. Првин обидете се подобро да ја запознаете личноста, а потоа да донесете некакви заклучоци. Влијанието на планетите ќе ви ја изостри интуицијата, па затоа слободно потпрете се на внатрешниот глас кога станува збор за љубов и финансии.rn

    Лав

    rnОваа недела е идеална за стекнување нови знаења и искуства. За да не дојде до прекин на виталната енергија, астролозите ви препорачуваат да поминувате колку што е можно повеќе време со луѓе чие друштво ви годи, но и слободно да им се препуштите на омилените активности како шопинг, масажа, читање книга или гледање добар филм. Сепак, внимавајте тоа да не се одрази премногу врз вашиот џеб!rn

    Девица

    rnВо текот на оваа недела фокусирајте се на работата и средувањето на домот бидејќи отстранувањето на негативната енергија од домот ќе ви помогне да го направите попријатно место за одмор. Оваа недела астролозите ви препорачуваат да бидете поотворени за нови познанства.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Откријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 година

    Откријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 година

    Првата недела од ноември се смета за многу важна во однос на планетите и соѕвездијата. Згора на тоа, транзитот на планетите ќе влијае врз сите 12 хороскопски знаци. За некои луѓе, месец ноември ќе им биде период исполнет со среќа и ќе имаат можност за унапредување на работното место како и зголемување на приходите. Откријте што предвидуваат астролозите за секој знак во периодот од 1 до 7 ноември, 2021 година.rnrnОткријте што ви предвидуваат астролозите оваа недела: Неделен хороскоп од 1 до 7 ноември 2021 годинаrn

    Овен

    rnОваа недела вашата креативност ќе биде на највисоко ниво. Без да губите ниту минута, ги разработувате идеите за вашите идни проекти и тоа ве прави оптимистични. Имате неочекувани средби при што ги користите сите можности, а за тоа сведочи вашата силна волја за успех. Романтичната врска против која толку тврдоглаво се бунтувате, ќе го види светлото на денот и не е тешко да се погоди – ќе ви го компликува животот.rn

    Бик

    rnНа почетокот на месецот нема да бидете многу мотивирани и ќе дозволите мрзеливоста да ве надвладее. Од друга страна, ќе почувствувате силно, неодоливо искушение да ги завршите сите претходни активности и да се повлечете подалеку од вревата и метежот. Затоа, ако ви се укаже можност да отидете некаде на одмор, искористете ја, бидејќи ќе ви донесе нови, возбудливи искуства што ќе ви го променат животот и начинот на кој гледате на светот околу вас.rn

    Близнаци

    rnОвој месец ќе ви биде полн со обврски (семејни, професионални…) и доколку ви недостига волја да ги извршувате секојдневните обврски, опкружете се со луѓе што шират позитивна енергија и немојте да се повлекувате во својот внатрешен свет. 6-ти ноември ќе биде значаен ден за вас бидејќи на овој ден има големи можности да се стекнете со нов извор на приход. Покрај тоа, ќе најдете нова животна цел кон која ќе се стремите и која ќе ве поттикне да дејствувате.rn

    Рак

    rnНа почетокот на месецот ќе се соочите со конфликти. Важно е да останете смирени затоа што сè ќе биде во ред. Доколку на почетокот ситуацијата не премине во ваша корист, доволно е да повлечете од секојдневната рутина макар и на неколку часа и во мир да ги анализирате можните решенија. Најверојатно ќе запознаете личност која ќе ве заинтригира доволно за да почнете да сметате на нешто повеќе. Што и да одлучите да правите, сето тоа ќе биде проследено со успех.rn

    Лав

    rnОвој месец вие сте еден од најсреќните знаци на зодијакот. Ќе се истакнувате на професионален план, па така контактите и можностите за соработка ќе растат. Внимавајте да не го занемарите вашиот приватен живот со тоа што премногу ќе им се посветите на работните обврски.rn

    Девица

    rnПрвата недела од месецот посветете ја на справување со проблеми од секојдневниот живот. За среќа, околу вас има луѓе со добра намера кои ќе ви помогнат во тоа. Но, и подгответе се доколку е потребно, да го сведете социјалниот живот на минимум. Некаде кон средината на месецот ќе треба да му обратите повеќе внимание на вашиот партнер. Овој период ќе си поставите и многу цели, но не заборавајте дека не можете да се посветите на повеќе работи во исто време, затоа фокусирајте се на една цел.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Сонцето влегува во Близнаци: Какви космички промени нè очекуваат во следниот период?

    Сонцето влегува во Близнаци: Какви космички промени нè очекуваат во следниот период?

    Сонцето влегува во знакот на Близнаци на 20 мај, а истовремено ќе има три ретроградни планети. Ова ќе биде космички период на раст, обновување, рефлексија и до 21 јуни енергијата полека ќе се стабилизира. Еве ги главните астролошки настани што нè очекуваат за време на владеењето на Близнаците од 20 мај до 21 јуни:rnrnСонцето влегува во Близнаци: Какви космички промени нè очекуваат во следниот период?rn

    20 мај – Сонцето влегува во Близнаци

    rnСонцето влегува во Близнаците на 20 мај, па ќе правите многу работи со поголема леснотија и ќе можете да се справите со сите неправди и предизвици. Ова се денови на вашата победа.rn

    23 мај – ретрограден Сатурн

    rnСатурн влегува во својата годишна ретроградна фаза и нè охрабрува да се потсетиме на некои настани и да размислиме за одлуките што сме ги донеле и за кои треба да преземеме одговорност.rnrnОва е период кога треба да вежбате трпеливост и да преземете одговорност за своите постапки. Ако имате работи со кои треба да се справите, бидете трпеливи бидејќи може да откриете дека ретроградниот Сатурн помага да се изнесат повеќе информации на површина.rn

    26 мај – Затемнување на Месечината во Стрелец

    rnСупермесечината и целосното затемнување на Месечината носат ретка појава што силно ќе влијае на нашата енергија. Месечината ќе биде поблиску до Земјата од вообичаеното, што значи дека нејзиното влијание ќе биде уште посилно.rnrnСекогаш кога има целосно затемнување на Месечината, таа има црвеникава нијанса, па затоа е наречена и крвава месечина.rnrnЦелосното затемнување на Месечината е период на големи промени и трансформации.rnrnМожеби ќе се чувствувате како да се движите низ симболичен процес на повторно раѓање и ќе бидете подготвени да се приспособите на новите околности, да учите од нив и да растете.rnrnИако затемнувањето може да предизвика многу стравови и несигурности, ова е дефинитивно моментот кога многумина ќе напредуваат.rn

    29 мај – ретрограден Меркур

    rnМеркур, владејачката планета на Близнаците, влегува во својата втора ретроградна фаза годинава. Време е да се одморите, да размислите за вашите следни потези и да се ослободите од канџите на минатото.rnrnВо овој период внимавајте какви одлуки носите и не оставајте ништо на случајноста. Бидете внимателни во сообраќајот, со парите и со потпишувањето договори и документи.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе ја сретнат својата сродна душа во мај.

  • Како ќе изгледате ако живеете на другите планети?

    Како ќе изгледате ако живеете на другите планети?

    Стивен Хокинг еднаш рече дека имаме само уште 100 години пред да се преселиме во вселената. Тоа е прилично краток рок бидејќи би имале некои проблеми да преживееме во вселената. Дури и астронаутите, кои поминуваат само неколку часа таму, честопати се соочуваат со здравствени проблеми по враќањето, а на повеќето планети во универзумот е невозможно да живееме. Всушност, ние треба да се развиваме себеси, нашиот вид, дишењето и вестибуларниот систем речиси во целост за да можеме да живееме на некоја друга планета. Погледнете како би изгледале ако живеете на различни планети во универзумот.rn

    1. Марс

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnГравитацијата на Марс е помала отколку на Земјата и е подалеку од Сонцето, така што ќе гледате помалку сончева светлина. Исто така, Марс нема заштитно магнетно поле поради својата тенка атмосфера и изложува сè на зрачење. Понекогаш, силните ветрови создаваат бури од прашина што вијат околу целата планета, а прашината се сталожува дури по неколку месеци.rnrnКако ќе изгледате: Веројатно ќе бидете високи со цврста градба за да ја надоместите слабата гравитација и ќе имате поголеми очи за подобро да го гледате далечното сонце. За да се заштитите од зрачење, вашето тело ќе мора да ја претвори својата пигментација од меланин во каротеноиди (што им даваат боја на морковите, доматите и портокалите) и веројатно би имале портокалова кожа.rnrnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rn

    2. Јупитер

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnЖивеењето на површината на Јупитер може да биде предизвик бидејќи нема вистинска површина. Планетата целосно се состои од гас. Сепак, тоа не значи дека таа е само огромен облак што виси во вселената – во подлабоките делови од нејзината атмосфера, гасот станува погуст, сè додека не се претвори во течност. Значи, еден слој на Јупитер е океан направен од водород наместо вода.rnrnКако ќе изгледате: Поради високиот притисок, екстремните температури и флуидната средина, ќе мора да се инспирирате од суштествата што живеат во длабоките води кои се справуваат со истите услови, но во помал обем. Би биле големи изододи со оклоп за да се заштитите од зрачењето на Јупитер.rn

    3. Сатурн

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnСатурн е огромен облак од водород и хелиум без цврсто земјиште и со силни ветрови. Исто како Јупитер, Сатурн е погуст навнатре, но неговото јадро е многу помало. Неговите прстени се направени од огромен број честички мраз, така што ништо не можеше да живее на нив. Просечната густина на Сатурн е помала од водата, така што оваа планета може да лебди во када ако има када со соодветна големина.rnrnКако ќе изгледате: Единствениот начин да се движите во густата магла на Сатурн е да се движите како медуза. Ќе имате тело како ѕвоно за да се движите нагоре и нема да имате скелет за да не се скрши од притисокот.rn

    4. Меркур

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnОваа мала планета е најблиску до Сонцето, па сончевата светлина е 7 пати поголема отколку на Земјата, така што ниту еден крем за сончање не би можел да се справи со ова. Температурата на Меркур е екстремна, се движи помеѓу 430 °C во текот на денот и -180 °C во текот на ноќта. Сето тоа е придружено со постојани дождови од метеори и земјотреси. Како бонус, нема атмосфера или воздух за дишење.rnrnКако ќе изгледате: Телото и коските никогаш нема да можат да се справат со оваа тешка состојба. Наместо тоа, луѓето на Меркур би биле направени од нешто слично на огноотпорен метал, како титаниум. Нема да има потреба од респираторен систем, така што вашето убаво метално лице ќе биде без нос. А, вашите очи веројатно би изгледале како дебели очила за сонце за да се заштитат од сета изложеност на сончева светлина.rn

    5. Венера

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnАко има планета каде што е потешко да се живее од Меркур, тоа е Венера. Температурата таму е 471 °C, а атмосферата е толку густа, што создава ефект на стаклена градина. Површината е сува и полна со вулкански ерупции, урагански ветрови и молњи, а притисокот е како да сте 1600 метри под вода, така што постојано ќе имате главоболка.rnrnКако ќе изгледате: Единствените суштества што можат да преживеат на Венера се микробите. Венера голта сè, дури и метал, а нејзината атмосфера содржи фосфин, кој е токсичен за сè што дише кислород, но значи живот за микробите.rn

    6. Уран и Нептун

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnЛедени, мрачни и зафатени од силни ветрови, Уран и Нептун се претежно направени од ладни течности – метан, вода и амонијак. Тие немаат цврста површина и атмосферата полека се спојува со водата околу јадрото на планетите. Гравитацијата е посилна отколку на Земјата и врши поголем притисок врз сè.rnrnКако ќе изгледате: Поради силното гравитациско влечење, ќе бидете пократки и поцврсти, со мускулесто тело и подебела кожа што ќе ве штити од студот. Поради течното опкружување, ќе изгледате како космички кит што лебди околу сините планети.rn

    7. Плутон

    rnКако ќе изгледате ако живеете на другите планети?rnrnНајоддалечениот објект од Сонцето што наликува на планета е ладен и покриен со мраз, со слаба гравитација и слаба атмосфера. Сонцето гледано од Плутон не е ништо повеќе од точка на хоризонтот, слично како Месечината за Земјата, така што нема многу светлината. Сепак, научниците сугерираат дека може да има воден океан под површината на Плутон и некои подобри временски услови.rnrnКако ќе изгледате: Ниската гравитација ги прави мускулите и коските помали, а просторот помеѓу прешлените се шири, што ве прави повисоки. Исто така, ќе се промени вашето држење на телото бидејќи вашиот ‘рбет нема да има никаква функција. Веројатно би биле високи, слаби и малку пајаковидни, со тенки екстремитети и свиткан ‘рбет.rnrnПрочитајте ги овие 30 интересни факти за планетата Земја што ќе ве остават без здив.

  • Пролетен хороскоп за сите хороскопски знаци

    Пролетен хороскоп за сите хороскопски знаци

    Без разлика дали вашето срце е слободно или веќе сте заљубени, пролетта е време за освежување на полето на љубовта и многу хороскопски знаци ќе доживеат вистинска романтична бајка. Сепак, пролетта има и своја темна страна. Некои луѓе ќе доживеат меланхолија, замор и исцрпеност и можно е да направат некои лоши постапки и да донесат лоши одлуки. Сепак, оваа пролет не носи некои значителни турбуленции, а некои планети ќе успеат да ги разбудат вашите скриени потенцијали и таленти. Во продолжение прочитајте што ве очекува оваа пролет.rnrnПролетен хороскоп за сите хороскопски знациrn

    Овен

    rnПролетта ќе започне интересно за вас, со неколку изненадувања. Ова е вашиот период од годината и ќе се чувствувате енергично и позитивно. Сепак, мора да бидете претпазливи во текот на март поради негативното влијание на ретроградниот Меркур.rnrnМногу припадници на овој хороскопски знак ќе доживеат неуспех поради мрачното влијание на оваа планета. Најдобро ќе се справите со тоа ако се присетите на лекциите што ги научивте претходната година. Вие ја издржувате секоја тешкотија со голема храброст и нема да дозволите ништо да ви ја украде насмевката од лицето оваа пролет.rn

    Бик

    rnОваа пролет, ќе ви треба неверојатна решителност бидејќи ќе претрпите големи промени. Ќе мора да преземете одговорност за многу работи што се случуваат дома, на работа или во љубовната врска. Од вас се бара да донесете многу тешки одлуки.rnrnАко не сте задоволни, сега е вистинското време да промените сè што ве спречува и што ве загрижува. Среќата ќе се појави кога ќе се посветите малку повеќе на себе.rn

    Близнаци

    rnФинансиските проблеми ќе ве спречуваат да направите сè што сакавте да направите оваа пролет, но не дозволувајте тоа да ве сруши и да ве оддалечи од важните цели. Вие имате неверојатна моќ за приспособување и лесно ќе најдете решенија за проблемите.rnrnВо текот на мај, ѕвездите ви подготвуваат прекрасни изненадувања и посреќни животни околности. Максимално искористете го овој период.rn

    Рак

    rnПодготвени сте да се активирате на животното патување и не треба да размислувате двапати за тоа која стратегија треба да ја преземете. Без разлика дали станува збор за проблем во љубовната врска, во семејството или на работа, вие ќе можете лесно да се справите со сите проблеми.rnrnУморни сте од чекањето нешто да се промени и од барањата на околината. Сега е време да ги земете работите во свои раце. Оваа пролет ќе биде малку напорна бидејќи постојано ќе бидете зафатени со разни обврски. Но, трудот ќе ви се исплати.rn

    Лав

    rnИзмешаните чувства и стравот од промени ќе ви ги отежнуваат работите. Вашето расположение е променливо, а тоа ќе предизвикува проблеми на професионално и на љубовно поле.rnrnСепак, мудрите Лавови ќе успеат да ја надминат оваа криза и ќе се издигнат над целата ситуација. Послушајте ги советите на блиските пријатели, можеби ви треба промена. Обидете се да поправите сè што ве спречува на патот кон среќата.rn

    Девица

    rnОваа пролет ве очекуваат големи промени. Но, не грижете се бидејќи сите тие се позитивни. Пролетта ви носи нова, освежувачка енергија и ќе зрачите со прекрасни вибрации. Ќе блескате и во приватниот и во деловниот живот, а вашите креативност и динамика ќе дојдат до израз.rnrnВерувајте во себе и успехот е пред вас. Единственото предупредување за оваа пролет е да внимавате на финансиите во текот на март.rn

    Вага

    rnПролетта ви носи големи придобивки. Подготвени сте да ја земете судбината во свои раце и да го контролирате секој аспект од животот. Ако сакате да направите нешто одлично за себе и за својата иднина, пролетта е идеален период за таков потфат. Станувате поамбициозни и поуспешни во областите на љубовта и на финансиите.rnrnОваа пролет е совршено време да започнете свој бизнис. Единствената пречка се дилемите и неизвесноста околу вашите одлуки. Но, со мала поддршка од блиските луѓе, ќе можете да ја надминете секоја пречка.rn

    Скорпија

    rnИако пролетта е период на љубов и пеперутки во стомакот, вас ве очекуваат некои љубовни проблеми. Многу сте дисциплинирани и сакате да ги следите вашите правила при секоја животна пресвртница, па затоа ќе имате многу успеси кога станува збор за деловниот живот.rnrnКога ќе се чувствувате заглавени во некаква ситуација, Марс и Сатурн ќе ви помогнат да излезете како победници без разлика колку биле тешки околностите. Ќе имате неверојатно подобрена интуиција, па затоа слушајте го вашиот внатрешен глас.rn

    Стрелец

    rnПролетта е посебен период за вас. Ве чекаат страсна романса и зачудувачки успех. Единствено е важно да го следите текот на животот и да размислувате позитивно.rnrnВе следи импресивната енергија, имате одлични идеи и немате проблем да ги споделите. Почнете да верувате во себе, а самодовербата е најзначајната моќ што можете да ја поседувате.rn

    Јарец

    rnВреме е за насмевки бидејќи вие сте еден од најсреќните хороскопски знаци оваа пролет. Ѕвездите ви носат радост во сите сфери на животот. Во април, Марс и Сатурн ќе ви дадат дополнителна енергија што ќе ве поттикне да завршите важен деловен проект.rnrnМај ви носи напредок во областа на финансиите, а исто така ќе биде најдобриот период во 2020 година за подобрување на финансиската состојба. На работа ве чекаат интересни понуди, а семејните односи никогаш не биле подобри.rn

    Водолија

    rnОваа пролет ве очекуваат многу лоши вести, но добрата вест за финансиите ќе ја спаси ситуацијата. Ќе бидете збунети и нема да имате јасно дефинирани цели.rnrnЗа среќа, за секоја одлука ќе имате голема поддршка од вашиот партнер. Споделете ги вашите проблеми и тешкотии со вашите најблиски. Еден важен совет може да ве извлече од незгодна ситуација.rn

    Риби

    rnПролетта ќе биде многу напреден период, но ве очекува зголемено ниво на стрес во мај. Во текот на овој месец ќе имате некои турбуленции на емотивен и на професионален план. Фокусирајте се на плановите што можат да ги подобрат вашата работа и вашиот семеен живот.rnrnКомбинацијата на интуицијата и креативноста е импресивна, па ќе имате нови деловни идеи. Вашиот најголем предизвик оваа пролет ќе биде недостигот на самодоверба и храброст за донесување големи одлуки.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци лудо ќе се вљубат оваа година.

  • Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

    Изненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијата

    Без разлика дали навистина верувате што ѕвездите имаат да ви кажат за вашиот живот, или едноставно сакате да се забавувате читајќи го својот неделен хороскоп, во астрологијата постојат многу повеќе работи отколку што луѓето мислат. Во продолжение дознајте за тоа што може да се крие зад вашиот хороскоп:rnrnИзненадувачки работи кои не сте ги знаеле за астрологијатаrn

    Потребно е точното време од вашето раѓање за да се направи точен графикон

    rnБез разлика дали графиконот (наталната карта) ја правите онлајн или барате консултација од астролог, морате да го проверете вашето точно време на раѓање. Дури тогаш ќе бидете во можност правилно да го направите својот графикон.rn

    Имате повеќе од еден знак

    rnОна што сигурно го претпоставувате е дека вашиот единствен знак е основан само со вашиот датум на раѓање – вашиот сончев знак. Но, постојат уште неколку знаци, вклучувајќи ги оние за секоја планета и 12-те различни „куќи“, а сето тоа ќе го откриете кога ќе ја направите наталната карта.rnrn3-те најголеми знаци кои се користат за толкување на вашата личност се сончевиот знак, подзнакот (познат и како втор знак и „прва куќа“) и месечевиот знак.rn

    Вашиот подзнак ја идентификува вашата личност

    rnСо други зборови, овој знак е тоа што го одредува првиот впечаток кој го оставате на другите, или „маската“ која обично ја користите во јавност.rn

    Вашиот сончев знак ги инспирира вашите цели

    rnСо оглед на поврзаноста со вашето срце, сончевиот знак го опишува она што го движи вашето его и дух. Во суштина, тој претставува мотивација да ги достигнете своите аспирации.rn

    Вашиот месечев знак ги претставува вашите емоции

    rnМесечевиот знак е показател како нашите расположенија варираат и на кој начин се активираат нашите инстинкти.rn

    Повеќето луѓе имаат аспекти од сите 12 знаци

    rnДоколку отсекогаш сте биле скептик кон астрологијата, а причината е тоа што не се пронаоѓате со главните особини на вашиот сончев знак како што е опишано во хороскопот, тоа би можело да биде затоа што сте поврзани за Сатурн, Плутон или некој друг планетарен знак (или една од останатите 11 „куќи“) повеќе отколку што сте поврзани со вашиот сончев знак.rn

    Меркур всушност не оди ретроградно

    rnСпоред планетарниот астролог и професорот на УКЛА, Џин-Лук Маргот, кој разговарал за појавите на планетите, овој израз е погрешно даден за она што всушност навистина се случува.rnrnЗа да сфатите што навистина се случува, замислете дека се наоѓате на брза лента на автопат и гледате низ прозорецот – ќе забележите дека автомобилите се движат побавно на другите ленти. Од оваа перспектива изгледаат како да се движат наназад кога всушност се движат само со различна брзина. Ист случај е и со тоа што Меркур забавува на својот пат, па изгледа дека оди наназад.rn

    Знакот Стрелец е најчестиот знак во светот на познатите

    rnСпоред истражувањата, луѓето кои што се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември, сочинуваат најголем број познати личности ширум светот.rnrnОд друга страна, знакот Бик е најмалку застапен помеѓу познатите личности.rn

    Компатибилноста на знаците не е толку сигурна како што мислиме

    rnДа се праша некој што е во хороскоп, не е само изговор да почнете комуникација, туку и тотално неважна работа.rnrnБез разлика дали верувате или не во карактерните особини кои се доделени на секој знак во зодијакот, на Интернет можете да пронајдете неколку различни студии кои ги проучувале стапките за успех на милион парови и таканаречената компатибилност на нивните знаци. Научниците откриле докази дека астролошките знаци не влијаат на веројатноста две личности да стапат во брак, и да останат во брак со некого.rnrnПрочитајте ги и најголемите заблуди во астрологијата: Карактеристики на знаците кои се често погрешно толкувани!