КАФЕ ПАУЗА

Tag: планети

  • Очајни планети кои се соочуваат со секојдневни проблеми

    Очајни планети кои се соочуваат со секојдневни проблеми

    Неги Хаџналка е артистката која стои зад овој интересен и необичен проект. Таа се обидела да ги претстави планетите, месечината и сонцето со секојдневни човечки емоции и проблеми, притоа овозможувајќи ни и да научиме нешто повеќе за нив.rnrn(0) Очајни планети кои се соочуваат со секојдневни проблемиrnrnИсто како и на вас, така и на сонцето понекогаш му е потребен слободен ден. Од друга страна пак, колку пати сте се почувствувале тажно, како Уран? Гледајќи ги овие цртежи, можеме слободно да заклучиме дека ние не сме единствените кои доживуваме потешкотии во секојдневниот живот. Па, во кој од овие цртежи се пронаоѓате вие?rnrn

  • Креативни идеи за ентериер кои ќе ги донесат ѕвездите и планетите во вашиот дом

    Креативни идеи за ентериер кои ќе ги донесат ѕвездите и планетите во вашиот дом

    Можеби немаме можност да отпатуваме во вселената и да видиме како таа изгледа надвор од орбитата на Земјата, но тоа не значи дека не можеме да ја донесеме во нашиот дом и да се почувствуваме како вистински и храбри астронаути. Погледнете ги овие космички идеи за ентериер кои ќе ви овозможат да истражувате далечни планети и галаксии од безбедноста на вашиот дом…rnrn

    Завеси со галаксии
    Завеси со галаксии
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Оваа година ветете си дека повеќе време ќе излегувате надвор и ќе погледнувате кон ноќното небо. Без разлика дали сте астроном или пак, само љубител на небесните настани, оваа година навистина ќе има што да се види. Сите овие настани можат да се гледаат со голо око, но секако подобро би можеле да ги доживеете со телескоп или добар двоглед. Погледнете што нè очекува оваа година на ноќното небо на Северната хемисфера…rnrnВодич за набљудување на ноќното небо во 2015 годинаrn

    Јануари

    rnДожд од метеори „Quadrantids“ – Овој настан трае од 1-ви до 5-ти (со најголем интензитет од 3-ти до 4-ти) и е првиот видлив метеорски дожд за годината. Тој ќе биде видлив ширум целото небо, со по околу 40 метеори во еден час, но поради полната Месечина ќе можете да ги видите само оние кои се најсјајни.rn

    Февруари

    rnЈупитер во опозиција – 6-ти февруари е најдобриот ден за набљудување на Јупитер, бидејќи тогаш тој е најблиску до Земјата и целосно ќе ја одбива светлината од Сонцето. Со помош на двоглед или телескоп, лесно ќе можете да ги видите неговите најголеми месечини: Ио, Европа, Ганимед и Калисто.rnrnСпојување на Венера и Марс – Веднаш по зајдисонцето, на 22-ри февруари, Венера и Марс ќе изгледаат многу блиску еден до друг на западното небо.rn

    Март

    rnЗатемнување на Сонцето – На 20-ти март ќе има тотална соларна еклипса каде што короната на Сонцето ќе биде видлива околу Месечината. Најдобриот начин да се следи овој настан е од Атлантскиот океан во близина на Гренланд, како и од северните делови на Сибир, но и оние кои живеат во Европа, Северна Африка и Западна Азија ќе можат да проследат делумна еклипса.rn

    Април

    rnДожд од метеори „Lyrids“ – Овој метеорски дожд ќе биде видлив помеѓу 16-ти и 25-ти (во најголем интензитет помеѓу 22-ри и 23-ти), со по 20-тина метеори на час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, откако ќе зајде Месечината.rn

    Мај

    rnДожд од метеори „Eta Aquarids“ – Овој дожд е составен од остатоците од познатата Халеева комета. Долготрајниот дожд ќе биде видлив од 19-ти април до 28-ми мај, но најмногу ќе се забележува на 5-ти мај, со по 30-тина метеори на час. За жал, полната Месечина ќе ги прикрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни.rnrnСатурн во опозиција – 23-ти мај е најдобрата ноќ за набљудување на Сатурн кој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Со среден телескоп (13-20 сантиметри) ќе можете да уживате во Сатурновите прстени како и во дел од неговите најсветли месечини.rn

    Јули

    rnДожд од метеори „Delta Aquarids“ – И покрај тоа што овој настан трае од 12-ти јули до 23-ти август, сепак најдобро време за набљудување е од 28-ми до 29-ти јули. Обично се забележуваат околу 20-тина метеори на час, но повторно ќе се вмеша полната Месечина која ќе ги „избрише“ сите метеори кои не се доволно сјајни.rn

    Август

    rnДожд од метеори „Perseids“ – Персеидите се едни од најомилените настани за љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 17-ти јули до 24-ти август, но во својот врв, на 12-ти август се забележуваат и до 60 метеори на час. Оваа година се очекува да ни приредат прекрасно шоу бидејќи Месечината нема да го осветлува небото.rn

    Септември

    rnНептун во опозиција – 1-ви септември е најдобриот ден за набљудување на Нептун бидејќи тогаш тој ќе се наоѓа најблизу до Земјата. Искусните астрономи со моќни телескопи ќе имаат можност детално да ја набљудуваат 8-тата планета, додека пак аматерите ќе можат да ја забележат само како сина точка на ноќното небото.rnrnЗатемнување на Сонцето – На 28-ми септември ќе заврши тетрадата од тотални лунарни еклипси во 2014/2015 година. Ова затемнување на Сонцето ќе трае повеќе од половина час и ќе биде видливо за оние кои живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и дел од Азија. Еклипсата нема да биде видлива од Австралија.rn

    Октомври

    rnДожд од метеори „Draconids“ – Со траење од 6-ти до 10-ти октомври, со најголем интензитет на 8-ми, Драконидите ни нудат само 10-тина метеори во текот на еден час. Нивната видливост дополнително се намалува и со влијанието на Месечината, па оваа година нема да бидат многу забележливи.rnrnУран во опозиција – 11-ти октомври е најдобрата ноќ за набљудување на Уран бидејќи тој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Само оние со моќна опрема ќе можат да ги набљудуваат неговите детали, додека пак останатите ќе го гледаат само како мала тиркизна точка.rnrnДожд од метеори „Orionids“ – И овој дожд е составен од остатоците на Халеевата комета. Тој на ноќното небо ќе се протега од 2-ри октомври до 7-ти ноември, но најмногу ќе се забележува на 22-ри со по 20 метеори на час. Месечината ќе зајде пред полноќ, па небото ќе биде одлично за набљудување дури и на најситните метеори.rnrnСпојување на Венера и Јуптер – Овие две планети се најсјајните планети на нашето небо. Тие на 26-ти октомври ќе се најдат многу блиску еднА до друга, а тоа најдобро можете да го проследите пред изгрејсонцето, гледајќи го источното небо.rnrnСпојување на Венера, Марс и Јупитер – Како дополнување на претходниот настан, на 28-ми на овие две планети ќе им се придружи и Марс, притоа создавајќи планетарен триаголник. Најдоброто време за набљудување е исто така пред изгрејсонцето, гледајќи во источното небо.rn

    Ноември

    rnДожд од метеори „Taurids“ – Овој настан трае екстремно долго, започнувајќи од 7-ми септември, па сè до 10-ти декември. Тој не е многу забележлив, па токму затоа за време на својот најголем интензитет на 5-ти ноември, ќе се одликува со само 5-10 метеори на час. Неговата сјајност дополнително ќе биде отежната од Месечината.rnrnДожд од метеори „Leonids“– Леонидите траат од 6-ти до 30-ти ноември, со најголем интензитет на 17-ти кога во утринските часови ќе бидат видливи околу 15-тина метеори во текот на еден час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, по заоѓањето на Месечината. Во 2001 година Леонидите направија спектакуларно шоу на небото, со илјадници метеори на час, но следниот ваков интензивен настан би требало да се случи повторно во 2034 година.rn

    Декември

    rnСпојување на Месечината и Венера – Нашата Месечина и Венера ќе изгледаат скоро како да се допрени вечерта на 7-ми декември. Набљудувајте го источното небо, пред изгрејсонце…rnrnДожд од метеори „Geminids“ – Геминидите се едни од најомилените дождови од метеори на љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 7-ми до 17-ти декември, но нивниот највисок интензитет ќе биде вечерта на 13-ти и раните утрински часови на 14-ти со околу 120 метеори на час. Метеорите ќе изгледаат во различни бои, па токму тоа ќе биде дополнителен бонус за овој прекрасен небесен спектакл. Најдоброто време за набљудување е по полноќ, веднаш по заоѓањето на Месечината.rnrnДожд од метеори „Ursids“ – Последниот дожд од метеори за оваа година трае од 17-ти до 25-ти декември, со најголем интензитет на 22-ри (10-тина метеори на час). За жал, Месечината ќе ги скрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Интерстелар (Interstellar)

    Филм: Интерстелар (Interstellar)

    Човештвото е родено на планетата Земја, но не мора да изумре на неа

    rnФилм: Интерстелар (Interstellar)Режија: Кристофер НоланrnrnУлоги: Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Џесика Честејн, Мајкл КејнrnrnВреметраење: 169 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 ноември 2014rnrnЖанр: авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува на планетата Земја, во иднина, каде што можеме веднаш да забележиме дека работите тргнале наопаку. Растенијата изумираат, луѓето гладуваат, песочни бури владеат со површината… Светот има потреба од добри фармери кои даваат сè од себе за да произведат доволно храна со која би се прехраниле луѓето, но изгледа дека тоа не е доволно. Секојдневните песочни бури прават да е скоро невозможно да се дише, па не само што гладуваат, луѓето истовремено и се задушуваат.rnrnФилм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)rnrnПо пат на неколку навидум случајни настани Купер (Метју Меконахи) и неговата 10-годишна ќерка Марф (Мекензи Фој) ќе успеат да откријат установа која со години е чувана под најстрога тајна. Во неа живеат и работат единствените луѓе на планетата кои би можеле да го спасат човештвото од сигурна смрт. Професорот Бренд (Мајкл Кејн) кој го посветил својот живот во потрага по нова планета за човештвото ќе го убеди Купер, еден од последните искусни пилоти од НАСА кои сè уште се живи, да му помогне во неговиот план. Токму тогаш ќе започне една од најстрашните и најмистериозните мисии кон нови и непознати вселенски пространства во историјата на човештвото…rnrnINTERSTELLAR Филм: Интерстелар (Interstellar)rnrnВеднаш да ве предупредиме, овој филм е многу долг и претерано тежок за гледање. Тој побудува силни емоции и откако ќе заврши ќе ви бидат потребни неколку минути да се вратите повторно во реалноста. Но, имајте на ум дека доколку сакате целосно да го сфатите мора да имате барем основно познавање на законот за релативноста, време-просторот и црните дупки. Во спротивно, кога филмот ќе заврши ќе останете збунети и со илјадници прашања во вашата глава кои ќе ви го расипат доживувањето од филмот.rnrnФилм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)rnrnНо, и покрај сè овој филм навистина вреди да се гледа. Тој ќе ве натера да се замислите за природата на човекот, што е тоа што нè прави луѓе и колку сме подготвени да преживееме дури и во најсуровите услови. Тимот од актери е неверојатно добро избран и секој ја игра својата улога со извонредна совршеност. Приказната ќе ве понесе со себе и на моменти ќе чувствувате како да сте таму, веднаш покрај главните ликови, обидувајќи се да ја решите најголемата мистерија на Универзумот. Токму тоа е она што го прави филмот „Interstellar“ еден од најдобрите филмови на деценијата.rnrnФилм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Сте се запрашале ли некогаш колку е навистина голем универзумот? Погледнете ги овие фотографии кои ќе ве остават без зборови и кои ќе ве натераат да се замислите за вашето место во овој бескраен простор…rn

    1. Ова е планетата Земја. Вие живеете тука.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    2. Ова е вашето место во соседството, во Сончевиот систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    3. Ова е оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината. Не изгледа премногу далеку нели?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    4. Размислете повторно! Помеѓу Земјата и Месечината може удобно да ги собере сите планети од нашиот Сончев систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    5. Но, ајде да зборуваме малку за планетите. Таа малата зелена дамка е Северна Америка на Јупитер.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    6. А ова е големината на Земјата (поточно, на 6 Земји) во споредба со Сатурн.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    7. И само за споредба, еве како би изгледале Сатурновите прстени доколку беа околу Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    8. Ова што го гледате на оваа фотографија е комета. Неодамна научниците успеаја да слетаат сонда на една од овие лоши девојки. Погледнете како една комета изгледа во споредба со Лос Анџелес.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    9. Но, тоа не е ништо во споредба со нашето сонце. Погледнете!

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    10. Еве сте вие од Месечината:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    11. Еве сте вие од Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    12. Еве сте вие позади Сатурновите прстени:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    13. Eве сте и позади Нептун, на околу 6 милијарди километри оддалеченост:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    14. Да направиме еден чекор наназад. Погледнете ја големината на Земјата во споредба со нашето Сонце. Изгледа застрашувачки, се согласувате?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    15. И еве ја истата таа фотографија од површината на Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    16. Но, тоа не е ништо. Како што Карл Саган еднаш кажал, постојат повеќе ѕвезди во вселената отколку што има зрна песок на сите плажи на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    17. Тоа значи дека постојат ѕвезди кои се многу, многу поголеми од нашето мало Сонце. Погледнете колку мало и незначајно изгледа тоа во споредба со оваа ѕвезда:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    18. Еве уште еден поглед. Најголемата ѕвезда, „VY Canis Majoris“, е околу 1.000.000.000 пати поголема од нашето Сонце.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    19. Но, ниту една од овие ѕвезди не може ни да се спореди со големината на една галаксија. Всушност доколку го смалите Сонцето со големина на бело крвно зрнце и ако го смалите Млечниот пат според истите пропорции, тој ќе биде голем колку Америка.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    20. Галаксијата Млечен пат е огромна! Вие живеете тука:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    21. Но, на ноќното небо можете да ги видите само овој мал број ѕвезди:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    22. Дури и нашата галаксија е мала во споредба со некои други. Погледнете го Млечниот пат во споредба со „IC 1011“, која се наоѓа на оддалеченост од 350 милиони светлосни години од Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    23. Но, ајде да размислуваме малку пошироко. На оваа фотографија направена од страна на телескопот Хабл, постојат илјадници и илјадници галаксии, а во секоја од нив милиони ѕвезди со свои сопствени планети.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    24. Еве една од галаксиите кои можат да се видат на таа фотографија. „UDF 4230“ е околу 10 милијарди светлосни години оддалечена. Кога ја гледате оваа фотографија, вие всушност гледате милијарди години во минатото.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    25. Имајте на ум дека фотографијата од Хабл е направена од многу, многу мал дел од универзумот. Таа опфаќа еден незначаен дел од ноќното небо.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    26. Токму затоа слободно можеме да претпоставиме дека има и црни дупки таму некаде. Погледнете ја застрашувачката големина на една црна дупка во споредба со орбитата на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ако некогаш се чувствувате лошо поради тоа што ја откажале вашата омилена ТВ серија или поради фактот дека некој почнал да пушта новогодишна музика прерано, само потсетете се на ова…

    rn

    Ова е вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И ова се случува кога ќе почнете да се оддалечувате од вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ова се случува доколку продолжите да се оддалечувате…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И уште подалеку…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Продолжете…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку подалеку….

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку и пристигнавме…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И еве, ова е тоа што сè наоѓа во универзумот кој може да биде набљудуван. Тука е вашето место. Вие сте како една мала мравка во огромна тегла.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

  • 5 факти за вселената кои сигурно не сте ги знаеле

    5 факти за вселената кои сигурно не сте ги знаеле

    Автор: Ана ПетровиќrnrnДоколку не сте експерт во оваа област, веројатно не сте запознаени со ледените вулкани на Сатурн, вечната бура на Венера, како и фактот дека во нашиот сончев систем има повеќе од 8 планети (односно 9 ако го сметате и Плутон, кој пред неколку години беше прогласен за џуџеста планета).rnrn1-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnВо продолжение следат 5 неверојатни факти за нашиот сончев систем.rn

    1. Ледени вулкани на Сатурн

    rnСатурновиот сателит Енцелад на прв поглед можеби не изгледа премногу интересно, но доколку се набљудува одблизу, ќе забележите нешто воодушевувачко.rnrn2-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnСе работи за криовулкани, односно ледени вулкани кои ги има во огромен број.rnrnПоради силната гравитација која ја создава Сатурн, површината на сателитите е секогаш изложена на огромен притисок, а резултат на тоа се големите ледени ерупции.rnrn3-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnПовршината на Енцелад е прекриена со мраз под кој се наоѓа океан од обична вода. Таа вода еруптира и се замрзнува штом дојде на површината.rn

    2. Планети за кои не сте ни слушнале

    rnЌе погрешите доколку кажете дека во нашиот соларен систем има 9 планети, вклучувајќи ја и планетата Плутон, која во 2006 година доби статус на џуџеста планета.rnrn4-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnПовеќе од 50 планети се наоѓаат зад Плутон и на самиот крај од нашиот систем, што го отежнува нивното пронаоѓање и набљудување.rnrnЕдна од тие џуџести планети предизвика посебен интерес кај научниците. Нејзиното име е Хаумеа и е откриена на 28 декември 2004 година. Името го добива според Хавајската божица на плодноста – поради тоа што повторно се раѓа.rnrn5-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnПоради огромната радијација, нејзината површина постојано се топи и се замрзнува. Научниците сметаат дека на оваа планета има некаков облик на живот поради црвените точки кои се забележани на површината.rn

    3. Чудната површина на Марс

    rnБлагодарение на НАСА и нивните јавни архиви за вселенските експедиции, многу брзо доаѓаме до нови информации и факти за оваа планета. Една од почудните информации е снимката на која се забележани кратери, настанати од метеорски удари на површината на Марс. Кратерите се толку совршено поставени, што наликуваат на човечки череп.rnrnСнимките се забележани од роверот на НАСА, а научниците велат дека се работи за огромен камен.rnrn6-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk7-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrn

    4. Соларни ракети

    rnСоларните ракети настануваат така што на истото место на површината на Сонцето се случува серија од експлозии на жешка плазма. Поради силната гравитација од Сонцето, пламенот се враќа кон себе и така се создава радијација со огромна енергија и високо ниво на честички.rnrnЕнергијата која овие соларни ракети ја испуштаат е еднаква на милијарда мегатони ТНТ експлозив.rnrn8-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrn

    5. Вечната бура на Венера

    rnЗемјата и другите планети драстично се разликуваат по нивните услови. Температурата на површината на другите планети најблиску до Сонцето е толку висока што може да стопи метал, а атмосферата е 90 пати потешка отколку на Земјата.rnrn9-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mkrnrnТука спаѓаат и различните временски услови. Сте слушнале ли некогаш за кисели дождови или оркани? На Венера ваквите поими добиваат сосема друго значење.rnrnВенера е позната по ураганот со големина на Европа, кој има две средишта и трае вечно.rnrnСè уште не е утврдено што всушност ја создава оваа појава. Едно од објаснувањата е дека атмосферските гасови на екваторот, загреани од Сонцето, се креваат и се движат кон половите, каде се спојуваат и пак се спуштаат. Поради ротацијата на Венера, на нивниот пат кон половите тие скршнуваат настрана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем

    Midnight Planétarium“ е неверојатен изум кој прецизно следи 6 планети од нашиот Сончев систем во нивниот пат околу Сонцето. Овој часовник е дизајниран од страна на Ван Клиф & Арпелс во соработка со Кристијан ван дер Клаув. По 3-годишна макотрпна работа, часовникот за првпат бил претставен во јавноста на годишниот настан „Salon International de la Haute Horlogerie“ кој се одржува во Женева. Самиот часовник се состои од 396 делови и ги вклучува 6-те најблиски планети од нашиот Сончев систем кружејќи околу Сонцето.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrnНо, зошто не се вклучени и Уран и Нептун? Бидејќи вие ретко кога би го гледале нивното движење. На Уран му се потребни 84 години за да ја заврши својата орбита, а на Нептун неверојатни 164 години. Што се однесува до планетите кои го пронашле своето место во овој часовник, тие целосна ротација прават за:rn

      rn011

    • Меркур: 88 денови
    • rn011

    • Венера: 224 денови
    • rn011

    • Земја: 365 денови
    • rn011

    • Марс: 687 денови
    • rn011

    • Јупитер: 12 години
    • rn011

    • Сатурн: 29 години
    • rn

    rnСекоја од планетите е претставена од драгоцени и полудрагоцени камења, движејќи се од црвен јаспис, па сѐ до тиркиз. Овој часовник исто така содржи и „среќен ден“, можност сопственикот да одбере еден ден во годината како негов среќен ден во кој Земјата ќе падне под нацртаната ѕвезда на кристалот од часовникот. Цената на овој иновативен часовник изнесува неверојатни 245.000 долари.rnrn6 планети орбитираат околу Сонцето во иновативен часовникrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музиката на планетите во Сончевиот систем

    Музиката на планетите во Сончевиот систем

    И покрај тоа што вселената е вакуум, сепак тоа не значи дека во неа не може да постои звук. Тој таму се појавува како електромагнетни вибрации кои можат да се слушнат со помош на специјално дизајнираните вселенски летала. Звуците кои можете да ги слушнете во наредново видео се комплексни интеракции помеѓу електризираните електромагнетни честички од Соларниот ветар, јоносферата и планетарната магнетосфера.Музиката на планетите во Сончевиот СистемВо ова видео ќе ја слушнете музиката на Земјата, Сатурн и неговите прстени, Миранда, Нептун, Јупитер, Ио, Уран и неговите прстени. Уживајте!rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш

    Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш

    Фотографот Џулијан Кеш зема стандардни фотографии од други фотографи и со дигитална обработка ги претвора во сферни проекции кои ги нарекува „Необични планети“. Која и да е неговата тајна, ефектот неверојатен.Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш Необичните планети на фотографот Џулијан Кеш
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луди факти за Вселената

    Луди факти за Вселената

    Сте се запрашале ли некогаш што би се случило ако Месечината беше поблиску до Земјата? Или пак, од што се составени планетите?rnrnЛуди факти за вселенатаrnrnПогледнете го ова видео или пак прочитајте ги фактите подолу кои буквално ќе ве остават без зборови.rnrnrnrn

      rn011

    • Да започнеме со Месечината. Ако таа се доближи премногу блиску до Земјата, океанските плими би направиле комплетен хаос. Сите градови во близината на брегот би се нашле под вода.
    • rn011

    • А сега, нешто интересно за Сонцето. Светлината која моментално удира во Земјата е стара 30 илјади години. Тоа значи дека настанала отприлика во периодот кога неандерталците изумреле.
    • rn011

    • За нашата галаксија има неверојатно многу луди факти. На пример, дали знаевте дека ако го ставите Сатурн во вода тој ќе плови? Сериозно, можете да ги прашите научниците.
    • rn011

    • Постои планета која е направена од дијаманти (55 Cancri e).
    • rn011

    • Глината која се наоѓа на Марс содржи големи количества борон. Станува збор за супстанца која се верува дека е клучна за формирањето на живот. Можете ли да замислите постоење на живот на Марс? Токму поради тоа се испраќаат роверите кои истражуваат на површината на Марс.
    • rn011

    • За крај, да ги спомнеме малку и галаксиите. Едно зрно песок на ноќното небо е колку 10.000 галаксии.
    • rn011

    • За 4 милијарди години, нашата галаксија ќе се судри со галаксијата Андромеда.
    • rn011

    • Се претпоставува дека постојат 72 цивилизации во Млечниот Пат. Научниците веруваат дека постојат големи шанси тие да можат да комуницираат со нас. Но, дури и да најдеме некој со кого би можеле да комуницираме, би биле потребни барем 400 години за да добиеме одговор.
    • rn011

    • Па, колку навистина е голем Универзумот? За жал, одговорот на ова прашање можеби никогаш нема да се дознае…
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.