КАФЕ ПАУЗА

Tag: планети

  • Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

    Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

    Во астрологијата, нашите планети ја содржат целата моќ на универзумот и без двоумење влијаат на нашите животи со неа. Тие ви даваат сила, ви покажуваат значење и го водат вашето срце кон љубов и успех. Сепак, нивните ефекти не се секогаш толку магични или значајни.rnrnНајважните планети во астрологијата според нивното влијаниеrnrnВсушност, планетите можат да ви предизвикаат голема загуба, тешкотии и болка. Планетите се како богови и божици на универзумот со нивни лични карактеристики, и иако нивната цел е да го постигнете вашиот полн потенцијал, не се секогаш добри со нивните методи.rnrnДодека сите планети имаат позитивни и негативни страни, постојат некои кои изгледаат како да немаат ништо друго овен интензитет. Нивното појавување често доаѓа со непредвидлив ужас, емоционални тешкотии и темнина. Сепак најчесто на крај сте посозреани од кога било. Овие планети ви направиле добро и иако се застрашувачки, нивното влијание има најдобри резултати.rn

    Сатурн: Планетата на кармата и дисциплината

    rnSaturn GIFrnrnГледајте ја Сатурн како строг татко. Тој е овде од моментот кога сте се родиле, ви ги покажува последиците од лошите одлуки и ви поставува граници за да не направите голема грешка. Сатурн ве учи дека трудот и енергијата што ги вложувате во универзумот диктираат колку далеку ќе стигнете. Додека мрзеливоста и самоуништувањето резултираат со загуба и стагнација, напорната работа и дисциплината секогаш раѓаат успех.rnrnВо астрологијата, на Сатурн ѝ се потребни 29,5 години за да направи цел круг околу сонцето и се открива како бавен и трпелив пат кон зрелоста. Сепак, вашето патување може да стигне до голема раскрсница за време на „враќањето на Сатурн“. Ова се случува кога Сатурн се враќа на позицијата на којашто бил во моментот кога сте се родиле. Првото враќање ќе го доживеете помеѓу 27 и 30 години. Во овој момент ќе бидете присилени да одлучите дали сте подготвен да „пораснете“. Едно нешто е сигурно, нема да бидете истата личност по вашето враќање на Сатурн.rn

    Уран: Планетата на радикална и неочекувана промена

    rnPassing GIFrnrnУран е како мистериозното момче што ви го украло срцето и си заминало со него. Тоа е слободен дух, сака да ги крши правилата и да биде „обичен“ го плаши повеќе од сè на светот. Сепак, кога нештата ќе станат сериозни тој почнува да ве напушта. Според астрологијата, Уран има светла и револуционерна визија за иднината и на оваа планета не ѝ е страв да се ослободи од старите традиции за да ја направи реалност. За жал, Уран може да биде вистински бунтовник само затоа што сака да бунтува.rnrnВо вашата натална карта, Уран покажува што ве прави уникатна личност и истакнува каде можете да направите убава и прогресивна промена. Сепак, Уран го открива делот од вашиот живот во кој сигурно ќе доживеете многу нестабилност. Ако Уран е во куќа што бара трпение и посветеност, како седмата куќа на врските, ве очекува навистина бурен пат.rn

    Плутон: Планетата на смртта и преродувањето

    rnPluto Flyby GIFrnrnГледајте го Плутон како собирач на души. Од духовна гледна точка, смртта е најдлабоката и најголемата промена што ќе ја доживеете. Промената е толку голема што искрено никој не знае што се случува следно. Иако секој си има свое мислење за задгробниот живот, неоспорно е дека смртта е крајот. Но, тоа е и почеток на нешто ново, нешто што допрва треба да го разберете.rnrnВо астрологијата, Плутон ја претставува најтрансформирачката метаморфоза. Носејќи ве на работ на духовна смрт, Плутон ги содржи сите ваши стравови, но и целата ваша сила. Ги открива тајните што очајно сакате да ги зачувате, она што ви е страв да го изгубите и колку далеку би отишле за да го имате она што го сакате. Во наталната карта, Плутон ги открива деловите од вашиот живот кои имаат најмрачна моќ.rnrnОткријте и која планета владее со вас според вашиот хороскопски знак.

  • Дознајте го скриеното значење на деновите во неделата

    Дознајте го скриеното значење на деновите во неделата

    На сите ни се случува да имаме денови кога едноставно ништо не ни оди од рака, а единственото објаснување што можеме да го дадеме е „Не ми е денот“. Доколку сте се прашувале зошто е тоа така, астрологијата ги има потребните одговори. Имено, планетите имаат големо влијание на деновите и можат да одредат како треба да се однесуваме и што (не) треба да правиме секој ден од неделата. Во продолжение дознајте го скриеното значење на деновите…rnrnДознајте го скриеното значење на деновите во неделатаrn

    Понеделник

    rnНа англиски јазик овој ден се нарекува „Monday“, односно месечев ден, што значи дека Месечината владее со понеделниците, па затоа повеќето луѓе имаат променливо однесување токму тогаш. Припадниците на знакот Рак во понеделник би требало да ги планираат поголемите работни подвизи, уредувањето на домот, купувањето и продажбата на недвижнини како и основањето семејство. Сите останати хороскопски знаци би требало да знаат дека во понеделниците кога има млада месечина треба да ги започнат оние работи кои имаат влијание на целото семејство.rn

    Вторник

    rnДенот со кој владее Марс треба да биде активен. Во вторниците би требало да вежбате, да спортувате, да донесувате одлуки и да одбегнувате караници и конфликти. Ова е одличен ден за Овните и донекаде за Скорпиите, како и за започнување судски процеси, истраги и наоѓање вистинити податоци и факти. Сите луѓе, без оглед на хороскопскиот знак, би требало да ја зачуваат вторничката енергија и да не ја трошат на залудни кавги и деструктивни работи, туку да бидат трудољубиви. На овој ден не е добро да започнувате заеднички живот или брак бидејќи ќе имате многу караници и несогласувања.rn

    Среда

    rnПланетата Меркур владее со овој ден на комуникацијата, учењето, образованието и патувањата на пократки релации. Молбите, понудите и CV-то за работа испраќајте ги во среда. Контактирајте ги луѓето кои можат да ви помогнат, бидејќи на овој ден сигурно ќе добиете мудар совет. Разговарајте со децата и помладите поединци во среда, особено ако имате некаков проблем со нив, затоа што ќе успеете да остварите подобра комуникација и поквалитетен однос. Слободно договарајте важни состаноци, одете кај советници, тргувајте и рекламирајте ги вашите производи доколку се занимавате со таква работа.rnrnДознајте го скриеното значење на деновите во неделатаrn

    Четврток

    rnСо овој ден владее Јупитер, планетата на растењето и ширењето. Доколку треба да започнете работа со добра заработка, одберете го вторник. Но, доколку треба да купувате нешто големо како на пример стан, куќа или автомобил, направете го тоа во четврток. На овој ден можете да организирате хуманитарни забави, акции и да побарате совет од правник или адвокат. Ова е исто така добар ден за учење странски јазик или за патување во странство. Само внимавајте да не го посветите четвртокот на хедонизам, без разлика дали станува збор за претерување со храна, алкохол или шопинг.rn

    Петок

    rnСтанува збор за прекрасен емотивен ден со кој владее Венера. Токму затоа петок е совршен ден за вљубување, венчање, почеток на заеднички живот, запросување и пишување љубовни песни. Ова е многу добар ден за сите уметници и дипломати и тогаш тие треба да бидат особено активни и продуктивни. Петок е одличен ден и за закажување гинеколошки преглед и решавање какви било женски проблеми. Купувањето облека, обувки, одењето на козметичар и фризер се идеални за извршување во петок. Ова е одличен ден и за предложување нови идеи и преговори околу покреативни подвизи. Но, петок не е добар ден за зачнување дете, бидејќи не дава резултати.rn

    Сабота

    rnСетете се на родителите и посетете ги, бидејќи Сатурн владее со сабота, планетата што нѐ поврзува со корените и потеклото. Подарете им нешто на старите и сиромашните лица. Отидете на планина. Сабота е добар ден и за сеќавање на блиските кои починале. Добро е да правите фото албуми, семејни дрвја и слично. Ова е одличен ден за археолозите, рударите и геолозите. Не е добар ден за почеток на градење нова куќа, но добар е за обнова на старите куќи.rn

    Недела

    rnАнглиското име за недела е „Sunday“, па јасно е дека со овој ден владее Сонцето. Договорите со сопругот и таткото се успешни во недела. Исто така, можете да почнете со планирање нови проекти и смислување кампањи без разлика дали станува збор за маркетиншки или политички. Ова е одличен ден за поставување нови правила на работа, во фирма, но и во домот. Доколку сакате да добиете унапредување, договорете ручек или неформален состанок со луѓето кои одлучуваат во недела и нема да зажалите. Недела е ден за собири, приредби, држење говори и јавни настапи. Задолжително искористете го овој ден доколку сакате другите да ве забележат и да веруваат во вас.rnrnДознајте го астро-значењето на деновите во седмицата.

  • Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?

    Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?

    Најубавиот дел од секој ден се изгрејсонцата и зајдисонцата, со прекрасниот спектар на бои. Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледа изгрејсонцето на друга планета или од некој природен сателит во нашиот соларен систем? Дигиталните илустрации на Рон Милер, кој со децении работел на креирање и опишување пејзажи надвор од нашата планета, може да ни помогнат во создавањето одредени слики во нашите глави.rn

    1. Меркур

    rn(1) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnМеркур се наоѓа на само 60 милиони километри од сонцето, затоа изгрејсонцето на оваа планета е три пати посилно и посветло отколку на Земјата.rn

    2. Венера

    rn(2) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnСонцето кое може да се види од површината на Венера е оддалечено 108 милиони километри (72% од растојанието меѓу Земјата и сонцето). Поради густите облаци кои ја покриваат оваа планета, тоа се гледа како светлосни линии на небото, кои се пробиваат низ мрачните бои.rn

    3. Марс

    rn(3) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnМарс орбитира околу сонцето на растојание од околу 230 милиони километри, што е за 1,5 пати подалеку од Земјата. Но, растојанието не ја намалува видливоста на сонцето, туку силните ветрови кои со себе носат голема количина на прашина и во најоддалечените делови од атмосферата на оваа планета.rn

    4. Јупитер

    rn(4) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnВака изгледа изгрејсонцето од Европа, еден од сателитите на Јупитер. Оваа планета е многу пооддалечена и се наоѓа на 779 милиони километри од сонцето или за 5,2 пати на поголемо е растојанието од она меѓу Земјата и сонцето. Изгрејсонцето го осветлува Јупитер со црвеникав прстен.rn

    5. Сатурн

    rn(5) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnСатурн е една од најлесно препознатливите планети во нашиот сончев систем. Таа орбитира околу сонцето на растојание од 1,5 милијарди километри или (9,5 пати поголемо растојание од она меѓу Земјата и сонцето). Сончевите зраци се прекршуваат од изобилството на водени кристали и гасови, создавајќи неверојатни пејзажи, како „лажно сонце“.rn

    6. Уран

    rn(6) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnНа Ариел, еден од сателитите на Уран, би можеле да видите едно необично и спектакуларно изгрејсонце. Тука сонцето едвај успева да емитува топлина, бидејќи планетата е оддалечена 2,8 милијарди километри од него.rn

    7. Нептун

    rn(7) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnВака би изгледало изгрејсонцето кога би го гледале од Тритон, најголемиот сателит на Нептун. Оваа планета од сонцето е оддалечена 4,5 милијарди километри. Големите гејзири од прашина и гас на оваа ледена планета го затемнуваат малиот диск од светлина што се гледа во далечината.rn

    8. Плутон

    rn(8) Како изгледа изгрејсонцето на другите планети?rnrnОд гледна точка на најоддалечената планета џуџе во системот, сонцето е само малку поголема точка светлина. Плутон е шест милијарди километри оддалечен од сонцето, што значи дека светлината што стигнува до оваа планета е за 1,600 пати потемна од онаа на Земјата.

  • Дознајте која планета има најголемо влијание на вас според тоа колку години имате

    Дознајте која планета има најголемо влијание на вас според тоа колку години имате

    Влијанието на планетите може да биде од големо значење за вашиот живот. Во одредени периоди од животот некои планети имаат поголемо влијание на вашето однесување и одлуките што ги донесувате. Според тоа, нашиот живот може да се подели на 8 различни периоди во зависност од тоа која планета кога има најсилно влијание.rnrnДознајте која планета има најголемо влијание на вас според тоа колку години иматеrn

    До 7-та година

    rnОд раѓањето па сè до седмиот роденден, најголемо влијание има Месечината, чија главна одлика е емотивноста. Поради тоа улогата на родителот во овој период има клучно значење.rn

    Од 7 до 14 години

    rnВо овој период најголемо е влијанието на Меркур. Поради тоа чувствувате потреба да се истражувате себеси и светот околу вас. Секој ден се менувате и се пронаоѓате во различни нешта. Ова е период кога учите одредени норми на однесување и дознавате како да се поставувате со различни луѓе.rn

    Од 14 до 21 година

    rnНајизразено е влијанието на Венера, која е симбол на љубовта, сексуалноста и еротиката. Поради тоа овој период се поврзува со истражувањето на сопствените емоции преку различни врски и преку надворешниот изглед.rn

    Од 21 до 35 години

    rnПоради големото влијание на Марс, во овој период се пронаоѓате себеси и откривате која е вашата суштина, а вашите цели и желби јасно се дефинираат. Благодарение на тоа успевате да ја установите вашата „животна цел“ и патот кој ќе ве одведе до неа. Станува збор за период во кој вашето вистинско „јас“ ја добива својата конечна форма, како на интимен така и на работен план.rn

    Од 35 до 42 години

    rnВо овој животен период тежнеете кон тоа да го постигнете вашиот посакуван социјален статус. Исто така, ова е период во кој припадниците на двата пола се борат со значајни телесни промени. Поради тоа овој период од животот на секој човек е прилично стресен, а најголемо влијание има Сонцето.rn

    Од 42 до 56 години

    rnЈупитер се истакнува со своето влијание во овој период на голема физичка и духовна трансформација поради што се донесуваат многу важни одлуки. Имено, овој период кај жените е поврзан со почетокот на менопаузата и губењето на физичката привлечност, додека кај мажите станува збор за период во кој нивните сексуални способности значително опаѓаат.rn

    Од 56 до 70 години

    rnНајголемо влијание има Сатурн, кој е симбол на староста, губењето на животната енергија и намалувањето на телесните функции. Од друга страна, пак, ова е и период на мудроста.rn

    По 70 години

    rnОвој период е поврзан со постојаната потрага по нови животни радости. Тогаш луѓето се посветуваат на различни духовни вредности и на семејството, пред сè на внуците. Најголемо е влијанието на Уран.

  • Како секој хороскопски знак се справува со преземањето ризик?

    Како секој хороскопски знак се справува со преземањето ризик?

    Во животот понекогаш се соочуваме со ситуации кои бараат да ја покажеме нашата храброст и бестрашност, но и онакви ситуации каде најдоброто решение ни изгледа како да е бегањето од проблемите. Изборите и одлуките кои ги носиме се должат на нашиот карактер и природа, па затоа карактеристиките на хороскопските знаци во кои сме родени можат многу да ни кажат за нашата склоност кон ризиците или желбата да го избереме безбедниот пат. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак ги доживува ризичните ситуации.rnrnКако секој хороскопски знак ги доживува опасните ситуации?rn

    Овен

    rnСо Овните владее Марс, планетата на акцијата и храброста, па затоа и луѓето родени во овој знак не знаат што е страв. Секој ризик за нив претставува нов предизвик, додека опасните ситуации во кои се наоѓаат само ја зголемуваат нивната самодоверба.rn

    Бик

    rnПрипадниците на овој знак обично се држат настрана од опасностите и ризиците и ги избегнуваат стресните ситуации. Најважната работа за нив е да уживаат во тоа што го сакаат, бидејќи нивниот владетел е Венера.rn

    Близнаци

    rnИако ги сакаат предизвиците, тие сепак можат да предвидат што може да се случи доколку западнат во една опасна ситуација и дали вреди да се ризикува или не. Со Близнаците владее Меркур, планетата на логиката.rn

    Рак

    rnРаковите се упорни и храбри, но ризикувањето не е нивната силна страна. Вниманието е мајката на мудроста, па затоа тие ги избегнуваат непотребните ризици и безобѕирни ситуации. Со нив владее месечината.rn

    Лав

    rnЛавот е еден од најхрабрите знаци со кои владее Сонцето, симболот на успехот. Тие се подготвени да го свртат целиот свет наопаку за да си ја постигнат целта. Луѓето не треба да ги имаат за непријатели.rn

    Девица

    rnДевиците ќе ризикуваат само кога знаат дека со тоа ќе исполнат некоја нивна цел. Како и со Близнаците, така и со нив владее Меркур, планетата на интелигенцијата и логиката, па тие мудро и внимателно ги избегнуваат ризичните ситуации.rn

    Вага

    rnТие веруваат дека е попаметно доколку ги избегнат ризиците, наместо да ги преземат. Не ги сакаат конфликтите, аргументите и скандалите и го користат своето заострено чувство за правда и дипломатија за да ја избегнат опасноста.rn

    Скорпија

    rnСо храбрите припадници на овој знак владеат Плутон и Марс, планетите на моќта и силата. Скорпиите ги обожаваат предизвиците и ризиците, и опасноста постои само за нив.rn

    Стрелец

    rnИако понекогаш премногу ризикуваат, тие брзо застануваат пак на нозе и повторно се подготвени да се соочат со новите предизвици. Тие не се плашат од промената и сѐ што е ново за нив е и возбудливо.rn

    Јарец

    rnТие не се плашат од опасноста, но избегнуваат да ризикуваат бидејќи со нивниот знак владее Сатурн – планетата на мудроста. Јарците веруваат дека секој треба да се бори за себе, без оглед на потенцијалните опасности и стресни ситуации.rn

    Водолија

    rnСо Водолиите владеат две планети – Сатурн, планетата на мудроста и Уран, планетата на промената. Затоа тие понекогаш ги сакаат ризиците и опасните ситуации кои ги забавуваат, но внимаваат бидејќи знаат дека некогаш можат да западнат во вистинска опасност.rn

    Риби

    rnСо Рибите владее Нептун, планетата на страста. Кога се соочуваат со опасните ситуации, Рибите, иако навидум изгледаат храбро и самоуверено, тие сепак претходно детално и внимателно ја анализираат ситуацијата пред да се впуштат во некаков ризик.

  • Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Американскиот фотограф Навид Барати нѐ носи на виртуелно патување во вселената преку неговите неверојатни космички сцени кои ги создава со секојдневни состојки како што се сол, цимет или кафе. Имагинативниот фотограф ги става овие состојки на фотографски скенер чиј капак го остава отворен. Барати смета дека неговите фотографии доаѓаат од една измислена вселенска сонда која ја нарекува „WANDER“, која била испратена за да се истражува универзумот. Но, вистинскиот истражувач е самиот Барати, кој продолжува да ги предизвикува бесконечните царства на имагинацијата, експериментирајќи со обичните, земјени материи за да ја генерира неговата фантазмагорична уметност.rnrn

    Земја: Дно од чаша која содржи виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои; Ѕвезди: Сол, брашно, цимет и кари
    rnrnOвој дел на уметничката серија вклучува небески тела од планети и маглини, сите направени од состојки кои можат да се јадат како што се колачиња, палачинки, брашно, млеко и слично. Во универзумот на Барати, месечината не е направена од сирење туку е една палачинка, а Земјината топка е направена од виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои. Погледнете за што станува збор.rnrn

  • Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце

    Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце

    Благодарение на BeautySpot, сега ќе можете да ја носите вселената околу вашиот врат. Популарниот бутик за накит Etsy shop креирале колекција од модни додатоци наречена „Твојата вселена“ која се состои од ѓердани, белегзии, обетки и прстени од смола, месинг и сребро, во кои се претставени небеските тела од соларниот систем.rnrnЕлегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срцеrnrnВисоко квалитетниот, рачно изработен накит е создаден од колекција фотографии од вселената кои ги покажуваат различните осцилации на планетите од Млечниот пат, преработени на начин кој ги открива дури и најситните детали. Резултатот е интересен и се состои од едноставни, колоритни текстури кои одговараат со секоја модна комбинација и се соодветни за секоја пригода. Да се забележи и отслика комплексноста на ѕвездите е една привилегија која нè потсетува колку всушност е неверојатен и чудесен нашиот свет.rnrn

  • 11 неверојатни фотографии кои ќе ви покажат колку всушност е мала планетата Земја

    11 неверојатни фотографии кои ќе ви покажат колку всушност е мала планетата Земја

    Нашата планета Земја ја знаеме како една огромна елипсоидна топка која ротира заедно со сите други небесни тела и со која се чувствуваме доста малечки во споредба. Но ретко, скоро и никогаш, не запираме да размислиме за големата космичка ширина и непознатото во неа. А, и не треба да го направиме тоа.rnrn

    Земјата гледана од 1 450 000 000 километри далечина
    Земјата гледана од 1.450.000.000 километри далечина
    rnrnПоранешниот астроном, Карл Сејган, во својата книга „Бледа сина точка: Визија на човековата иднина во вселената“ пишува:rn

    „Можеби не постои подобра демонстрација на лудоста на човековите вообразувања од далечната слика на нашиот ситен свет. За мене, таа ја потенцира нашата одговорност да бидеме пољубезни едни кон други и да ја чуваме и негуваме оваа бледа сина точка, единствениот дом за кој некогаш сме знаеле. Ние сме, всушност, како пеперутки кои летаат само еден ден, а мислат дека тој лет ќе трае вечно.“

    rn

    Северна Америка во споредба со црвените дамки на Јупитер. Бурите на Јупитер би го проголтале целиот континент.
    Северна Америка во споредба со црвените дамки на Јупитер. Бурите на Јупитер би го проголтале целиот континент.
    rnrn
    Прстените на Сатурн околу Земјата.
    Прстените на Сатурн околу Земјата
    rnrn
    Прстените на Сатурн можат да соберат по 6 планети со големина на Земјата меѓу нив
    Прстените на Сатурн можат да соберат по 6 планети со големина на Земјата меѓу нив
    rnrn
    Марс може да стане вториот дом на човештвото, но црвената планета е само малку поголема од половина од Земјата. Северна Америка едвај може да ја собере на една од хемисферите на Марс.
    Марс може да стане вториот дом на човештвото, но црвената планета е само малку поголема од едната половина на Земјата. Северна Америка едвај може да ја собере на една од хемисферите на Марс.
    rnrn
    Највисоката вулканска планина во целиот Сончев систем се наоѓа на Марс. Ако беше на Земјата, целосно ќе ја покриеше Аризона.
    Највисоката вулканска планина во целиот Сончев систем се наоѓа на Марс. Ако беше на Земјата, целосно ќе ја покриеше Аризона.
    rnrn
    Месечината на Јупитер, Ио, е геолошки најактивниот објект во Сончевиот систем со преку 400 активни вулкани. Северна Америка има само 100.
    Месечината на Јупитер, Ио, е геолошки најактивниот објект во Сончевиот систем со преку 400 активни вулкани. Северна Америка има само 100.
    rnrn
    Месечината на Јупитер, Европа, е 4 пати помала од Земјата, а има повеќе вода од сите океани на Земјата заедно.
    Месечината на Јупитер, Европа, е 4 пати помала од Земјата, но има повеќе вода од сите океани на Земјата заедно.
    rnrn
    Сонцето го има најголемиот процент на маса во целиот Сончев систем, околу 99,86%, и може да собере 1,3 милиони Земји во него.
    Сонцето го има најголемиот процент на маса во целиот Сончев систем, околу 99,86%, и може да собере 1,3 милиони Земји во него.
    rnrn
    Во малата точка каде што пишува „Sun“ се наоѓа нашиот Сончев систем. Околу него лебдат преостанатите 100 милијарди познати ѕвезди од нашата галаксија Млечен пат.
    Во малата заокружена точка до која што пишува „Sun“ се наоѓа нашиот Сончев систем. Околу него лебдат преостанатите 100 билиони познати ѕвезди од нашата галаксија Млечен пат.
    rnrn
    Црвената точка ја претставува нашата галаксија која живее во суперсоѕвездието Ланиакеа.
    Црвената точка ја претставува нашата галаксија која живее во суперсоѕвездието Ланиакеа, што во превод значи непроценлив рај.

  • 14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани

    14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани

    Секој од нас е изграден од атоми што некогаш биле дел од ѕвезда што експлодирала, вклучувајќи јаглерод, азот и кислород – фундаменталните состојки на животот.rnrn(13)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrnПовеќе од милијарда години овие состојки се кондензирале и згуснувале така што се формирале облаци од гас, нови ѕвезди и планети, што значи дека состојките, a оттука и потенцијалот за живот на друга планета се расеани низ целиот универзум. Уште повеќе, бројот на последните откритија исто така силно сугерира дека постои вонземски живот.rnrnКлучното прашање не е повеќе „Дали има живот на друга планета?“ туку „Кога ќе го пронајдеме?“rnrn1. Оваа година, тим од научници пресмета дека пред 4,5 милијарди години барем една петтина од површината на Марс била прекриена со океан длабок повеќе од 137 метри. Какви било знаци на живот што некогаш постоеле во овие води, денес може да се кријат во почвата на Марс.rnrn(5)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn2. Но, водата не е доволна. Иста така потребно е време. Едно истражување од минатиот август открило дека водата на Марс постоела 200 милиони години подолго отколку што првично се мислело. Уште поинтересно е дека на Земјата веќе постоел живот во исто време со последните езера на Марс.rnrn(4)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn3. Минатиот септември НАСА објави фасцинантно откритие дека сѐ уште постои течна вода на Марс, но сепак во многу помали количини отколку пред 4,5 милијарди години. Ова фундаментално откритие сугерира дека фосилните остатоци на Марс се секундарни во споредба со живите организми на површината на планетата.rnrn(0)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn4. Астероидите и кометите се клучни за формирањето на животот на Земјата, сметаат научниците. Поточно, според извештајот од минатиот август, влијанието на кометите го предизвикало комбинирањето на аминокиселините и формирањето на првите знаци на живот. Од она што го знаеме за нашиот соларен систем, постојат и други комети, во други планетарни системи кои можеби сега влијаат на некоја друга планета.rnrn(1)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn5. Јупитеровата мала месечина Еуропа, на површината има лузни, кои изгледаат како кафеави вени за кои се претпоставува дека се местата со потопла и валкана течна вода на месечевата наметка која ја пробила површината. На Еуропа може да има повеќе вода отколку на Земјата, па затоа и Америка и Европа вложуваат милиони долари во дизајни на следни вселенски мисии кои би побарале живот под површината на Еуропа.rnrn(11)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn6. Покрај Еуропа, тука е Сатурновата месечина Енцеладус, за која научниците потврдија дека има огромен океан под нејзината надворешна, смрзната обвивка. Исто како Еуропа, океанот на Енцеладус е идеално место каде што може да постои живот надвор од Земјата.rnrn(3)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn7. Уште поубедлив доказ дека на Енцеладус постои живот беше вклучен во два труда објавени оваа година. Тие цврсто покажуваат дека хидротермалните вентили – како тие кои помогнале да се рашири животот на Земјата – постојат на дното на океанот.rnrn(6)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mkrnrn

  • Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

    Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

    Како ќе се справите со „жедта за повеќе“ откако ќе излезете од кино на 17-ти декември?rnrnrnrnПостојат две опции. Знаејќи дека ќе треба да чекаме месеци и месеци за новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, може да си ја смириме жедта со нашите солзи, или да се утешиме со еден пијалак од овие официјални ѕвездени чаши.rnrnСетот се состои од шест чаши на кои се изработени небесните тела од епизодите IV-VI: Alderaan, Dagobah, Hoth и Tatooine, месечината на Endor, и смртоносната Death Star. Произведени од „Think Geek“, овие моќни пехари можат да соберат безмалку 300 мл течност.rnrnrnrnПа, разбудете ја вашата темна страна или прославете ги празниците што доаѓаат во џедај стил!