КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијалак

  • Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

    Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

    Нездравата исхрана и недоволното движење се двата најголеми причинители поради кои во нашето тело се таложат маснотиите. Во текот на денот не се согоруваат калориите, па вишокот се претвора во масно ткиво кое се таложи најмногу околу стомакот. Прв чекор во ослободувањето од вишокот е каков било тип на движење и вежбање, а вториот е промена на навиките во исхраната. Токму овој коктел може да ви помогне да се ослободите од маснотиите во телото.rnrnЗелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите rnrnЃумбирот е еден од најсилните активатори за забрзување на метаболизмот. Оваа билка служи како поттикнувач на процесот со кој телото ги согорува вишокот калории и ги претвора во топлина. Јаболковиот оцет во комбинација со медот ги мобилизира маснотиите наталожени во организмот. Авокадото обилува со моно-незаситени масти кои не се таложат во салото, за разлика од заситените масти. Ова овошје создава чувство на ситост. Магдоносот и нането имаат детоксикациско дејство.rnrnСо помош на овој коктел ќе го исчистите телото од токсини и ќе ги намалите килограмите.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица јаболков оцет
    • rn011

    • 1 лажица свежо рендан ѓумбир
    • rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • ½ авокадо
    • rn011

    • 30 г свеж спанаќ
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • 1 шака нане и магдонос
    • rn011

    • ½ чаша млака вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnАвокадото исчистете го и исечете го на коцки, додека спанаќот, магданосот и нането, убаво измијте ги и исушете ги. Во блендер ставете ги авокадото, спанаќот, нането, магданосот, оцетот, водата и лукот, а потоа убаво измиксајте ги. На крај додадете ги медот и ѓумбирот и повторно убаво измешајте. Коктелот пијте го на празен стомак наутро и после секој мрсен оброк.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Природен лек за ослободување од настинките и вирусите

    Неприродно високите температури за овој период од годината, покрај главоболките и постојаната поспаност, донесоа и бројни вируси кои ги воспалуваат синусите, создаваат кашлица и доведуваат до целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете телото и да ги победите настинката и вирусот, можете да го пробате овој едноставен рецепт.rnrnПрироден лек за ослободување од настинките и вируситеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 поголем лук
    • rn011

    • 2 лажички ѓумбир во прав
    • rn011

    • 2 лажички мед
    • rn011

    • 3 шолји сок од ананас
    • rn011

    • ¼ црвен лут пипер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Исцедете ги лимоните и сокот ставете го во блендер.
    2. rn011

    3. Додадете ги сите останати состојки и миксајте додека не добиете хомогена течност.
    4. rn011

    5. Добиениот пијалак складирајте го во стаклено шише во ладилник и секој ден пијте по 4 помали чаши додека симптомите од настинката не исчезнат.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Пијалак од јаболка кој ги топи килограмите

    Овој пијалак за детоксикација го зајакнува метаболизмот, помага при слабеењето и дава многу енергија. Најдоброто е што се прави за само неколку минути.rnrnПијалак од јаболка кој ги топи килограмитеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 2 стапчиња цимет
    • rn011

    • 1 литар негазирана вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЈаболката измијте ги убаво и исечете ги на тенки кришки. Ставете ги во стаклено шише или тегла заедно со циметот, полијте ги со вода и оставете ги во фрижидер да преноќат.rnrnЈаболковата вода треба да ја испиете во текот на еден ден, па потоа да додадете уште еден литар вода во шишето за следниот ден. Истите состојки можат да се користат 3 пати.

  • Зелениот сок на Доктор Оз

    Зелениот сок на Доктор Оз

    Автор: Ана КафеrnrnСлушнавте за зелениот сок од Доктор Оз? Во продолжение следи еден од неговите омилени рецепти за почеток на денот. Започнете го утрото со овој зелен сок богат со растителни влакна, нискокалоричен и со витамини во изобилие.rnrnЗелениот сок на Доктор Озrn

    Потребни состојки (за 3-4 чаши):rn

    rn

      rn011

    • 2 грста спанаќ
    • rn011

    • 1/2 краставица
    • rn011

    • 1/4 главица целер
    • rn011

    • 1/2 китка магданос
    • rn011

    • 1 китка нане
    • rn011

    • 3 моркови
    • rn011

    • 2 јаболки
    • rn011

    • 1/4 портокал
    • rn011

    • 1/4 лимета
    • rn011

    • 1/4 лимон
    • rn011

    • 1/4 ананас
    • rn

    rnИзблендирајте ги сите намирници, послужете и уживајте. 🙂

  • Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)

    Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо 😉

    Вратоврска со која стресот на работа веднаш го потопувате во голтка од вашиот омилен жесток пијалак. 🙂 Не морате повеќе да имате скришно место во вашето биро, резервирано за вакви моменти. Решението е во оваа стилска микрофибер вратоврска со дискретно вметната плоска…(1) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)(2) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)Оваа кул вратоврска е долга 43 сантиметри. Стилот и суптилното уживање во неа, ќе ве чинат 24 американски долари. Секако, плоската слободно може да ја користите и за екстра доза кафенце во текот на работниот ден, но само ако го пиете ладно… 😉(3) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)(4) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)(5) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)(6) Плоска скриена во вратоврска – зашто пиењето на работа не е баш лесно изводливо ;)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 верзии на лимонадата

    4 верзии на лимонадата

    Испробајте го овие четири верзии на лимонадата кои добро ќе ви дојдат за освежување во летните денови.rn

    Лимонада со босилек

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 200 грама шеќер
    • rn011

    • 8 ливчиња босилек (или повеќе ако сакате)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги исцедениот лимонов сок и шеќерот додека да се соединат. Во нив додајте ги ливчињата босилек и истолчете ги за да се почувствува нивниот вкус. На крајот додајте ја водата, промешајте за да се соединат и послужете.rn

    Лимонада со праски

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 3 средно големи праски
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги праските, водата и шеќерот во сад на среден оган додека почнат да вријат, а потоа оставете ги уште три минути полека да крчкаат на тивок оган. Смесата што ќе ја добиете измешајте ја во блендер, па оставете ја да отстои во него 20 минути. Потоа префрлете ја во голем сад и оставете ја во фрижидер три часа. Потоа процедете ја смесата така што ќе ви остане само течноста, и на крај во неа додајте го сокот од лимоните. Послужете со мраз.rn

    Лимонада со мајчина душица

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 1,5 литри вода
    • rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 1 шака свежа мајчина душица
    • rn011

    • краставица за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги шеќерот, мајчината душица и 250 мл од водата во сад на оган да зовријат и мешајте додека се стопи шеќерот. Сокот од лимоните измешајте го со останатата вода, а потоа сè заедно ставете во еден сад и оставете го во фрижидер за добро да се излади. Украсете со краставица и мајчина душица.rn

    Лимонана – лимонада со нане

    rn4 верзии на лимонадатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 лимони
    • rn011

    • 0,5 литри вода
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 шаки ливчиња нане
    • rn011

    • мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го шеќерот со 250 мл вода на оган за да се соединат. Мешајте повремено, а потоа оставете да се излади на собна температура. Потоа ставете ја оваа вода во блендер и додајте ги сокот од лимоните, нането, останатата вода и мразот. Кога ќе завршите со блендирање, лимонаната е спремна за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лимонада со лубеница

    Лимонада со лубеница

    Одлично летно освежување…Лимонада со лубеницаПотребни состојки за 8-10 чаши:rn

      rn011

    • лубеница од 2 кг и 200 г., исечена на парчиња и исчистена од семки
    • rn011

    • 3 лимони
    • rn011

    • ситно рендана кора од еден лимон
    • rn011

    • 350 мл вода
    • rn011

    • 50 грама шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Направете пире од лубеницата, а потоа процедете го за да се одвои течноста од тврдите состојки. На течноста од лубеницата додадете ги лимоновиот сок, кората од лимонот, водата и шеќерот. Добро промешајте и послужете заедно со мраз и декорирајте со мали парчиња лубеница и лимон.rnrnДоколку сакате, можете на овој убав освежителен пијалак да му додадете вотка или некој друг алкохолен пијалак и од него да направите одличен летен коктел.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетно смуди од капини, банани и нане

    Пролетно смуди од капини, банани и нане

    Совршен пијалак за освежување на попладневното пролетно сонце со вашите пријатели

    rnПролетно смуди од капини, банани и нанеrn

    Состојки за 4 чаши:

    rn

      rn011

    • 250 мл јогурт
    • rn011

    • 750 мл млеко од соја (количината може да варира по ваш вкус)
    • rn011

    • 170 г свежи капини
    • rn011

    • 2 замрзнати банани
    • rn011

    • 2 лажици мед (количината може да варира по ваш вкус)
    • rn011

    • 30 г свежо мелено ленено семе, опционално
    • rn011

    • Свежи ливчиња од нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСместете ги ливчињата од нане со 250 мл млеко од соја во блендерот и вклучете го 10-тина секунди. Потоа додадете ги и останатите состојки и оставете го блендерот да работи сè додека не добиете рамномерна мешавина. Откако ќе завршите, смудито е подготвено за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природен овошен енергетски пијалак

    Природен овошен енергетски пијалак

    Природен коктел кој ќе ве држи будни доколку учите, спремате важен проект за на работа или гледате интересен ТВ пренос до доцните утрински часови

    rnrnПрироден овошен енергетски пијалакrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 5 ореви
    • rn011

    • цимет
    • rn011

    • мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnПортокалот и јаболката убаво исчистете ги од лушпите и од семките и заедно со оревите ставете ги во блендер и убаво измешајте ги. На крај додадете малку цимет и мед по вкус, измешајте уште малку и сипете го пијалакот во чаша. За дополнителна свежина додадете неколку листа мента и коцки мраз.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила за комбинирање храна и алкохол

    Правила за комбинирање храна и алкохол

    Оброкот не е целосен без пијалак. Ако сакате вашиот ручек да го заокружите со добро избрана чаша алкохол, следете ги овие неколку правила со цел да постигнете комбинација со која ќе го унапредите неговиот вкус и целосно ќе уживате во гурманското искуство.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Сметајте го пијалакот како дел од оброкот

    rnДоколку комбинирањето на алкохолните пијалаци како пиво или вино со храната ви стане честа практика, тогаш сигурно повеќе ќе уживате во вкусовите. Прво изберете што ќе јадете, а потоа врз основа на тоа одлучете се и за пијалак.rn

    Третирајте го виното како да е сос

    rnИзборот на вино кое одговара на храната што ја јадете бара одредено знаење кое на крајот одлично се исплати. Кога добрите познавачи бираат вино, тие размислуваат за тоа како неговиот вкус одговара со оној на храната. Исто како што внимавате на вкусовите на зачините кога правите сос, така треба да внимавате и на вкусот на виното. Добро познатото правило дека рибата се комбинира со бело вино, а месото со црвено вино, може да ви помогне да ја најдете совршената комбинација, но и не мора.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrnrnВо основа, неготвените или малку готвените јадења, како на пример некоја салата или варена риба, добро одат со суво бело вино, но можете да се обидете и со розе, ако вам така ви се допаѓа. Ако се решите печеното месо да го консумирате со вино, црвеното би било најсоодветниот избор. Единствено кога станува збор за слатки јадења не мора да се грижите за ништо. Добро е само да знаете дека благото му го изострува вкусот на виното, а тоа пак го прави десертот поблаг.rnrnИсто така, кога ќе избирате комбинација на храна и вино, размислувајте за тоа кое овошје би одговарало на вашиот оброк. Во процесот на производство и созревање на вината им се додаваат некои овошја чии црти подоцна се чувствуваат во вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Пивото нека биде основа на оброкот

    rnПивото може да додаде раскош на храната. Тоа има неверојатна способност да го зголеми уживањето во неа ако го комбинирате со храна која има контрастен вкус. На пример, ако на месото сте му додале зачини, обидете се да го ублажите вкусот со некое светло, не многу јако пиво. Наспроти тоа, лесните јадења подобро одат со темно пиво. Ако пак не сакате вака да давате поинаков вкус на оброкот, тогаш можете зачинетите јадења да ги комбинирате со темни пива, а полесните со посветли, со што нема да го загубат вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Десертот зачинете го со жесток пијалак

    rnСекој жесток пијалак оди одлично со десерти. Многу од нив, како на пример румот и брендито, се дел од многу слатки рецепти. Покрај тоа, можете да експериментирате и со други оброци. Ако ги прашате Русите како се комбинираат вотката и храната, тие ќе ви речат дека вотката оди со каков било оброк. Сепак, најмногу уживаат да ја консумираат со чадена риба, краставички, јадења со компири и морска храна. Ако пак со ручекот сакате да се напиете виски, ќе треба претходно да си приготвите оброк со месо, а потоа да продолжите и со десертот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

    Сепак не постојат универзални правила

    rnИако претходните правила можат да ви помогнат во подобрување на вкусот на вашите оброци, сепак она за кое најмногу треба да се грижите е тоа дали вам ви се допаѓа одредена комбинација. Месото печено на скара и пивото се класична комбинација, но секое месо нема да ви се допаѓа со секакво пиво. Експериментирајте често и ќе го пронајдете вашиот омилен пар храна и пијалак, без разлика дали се сложува со овие правила или не.