КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијалак

  • Пијалак за смирување на кашлицата

    Пијалак за смирување на кашлицата

    Тајната е во кромидот

    rnПијалак за елиминирање на кашлицатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 главици кромид
    • rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 14 ореви
    • rn011

    • 3 литри вода
    • rn011

    • мед
    • rn011

    • лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ја водата на оган за да зоврие. Исчистете ги кромидот и јаболката и исечете ги на четвртини. Штом водата почне да врие додајте ги заедно со оревите. Оставете ја водата на оган додека не испари половина од неа. Доколку не можете да го пиете пијалакот таков каков што е, додајте му малку мед и лимон за вкус. Пијте три пати на ден по една шолја од него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 пијалаци кои ќе ви помогнат со секојдневните тегоби

    15 пијалаци кои ќе ви помогнат со секојдневните тегоби

    Сокот од киселите краставички олабавува при грчеви во мускулите, а чајот од куркукма помага повеќе од другите напитоци при болно грло. Ова се 15 пијалаци кои ги имате или можете да ги подготвите дома за да си олесните малку со секојдневните мали здравствени тегоби.rnrn15 пијалаци кои ќе ве растеретат од секојдневните тегобиrn

    1. Млеко за опоравување на мускулите

    rnМлекото е богато со протеини и затоа е и добар избор за после вежбање. Протеините му помагаат на телото да ги регенерира мускулите после напорното вежбање. Додадете и малку какао во млекото, затоа што чоколадното млеко дава уште подобар ефект.rn

    2. Зелен чај и сок од грејпфрут за слабеење

    rnОва не се чудесни напивки кои преку ноќ ќе ве направат витки, но ќе му помогнат на метаболизмот подобро да си ја врши работата. Во комбинација со физичка активност и балансирана исхрана, зелениот чај и сокот од грејпфрут даваат одлична поддршка на губењето килограми.rn

    3. Пиво за подобра циркулација

    rnПивото ги опушта крвните садови и на таков начин ја подобрува циркулацијата на крвта. Важно е да не се претерува со него, 250мл на ден се сосема доволно.rn

    4. Сок од вишни пред долго трчање

    rnЉубителите на трчањето на долги патеки имаат корист од сокот од вишни, и тоа оној домашниот кој не е полн со шеќери. Тој делува како енергетски пијалак за време на трчањето и помага во опоравувањето на мускулите откако тренингот ќе заврши.rn

    5. Чај од ѓумбир за смирување на желудникот

    rnЃумбирот добро делува на слузницата на желудникот и успева добро да ја смири мачнината во него.rn

    6. Чај од куркума за болно грло

    rnЗа болното грло важно е да се пијат што е можно повеќе течности, затоа што сувото грло боли. Чајот од куркума е малку подобар избор затоа што добро делува на слузницата и со тоа го намалува гребењето на грлото.rn

    7. Кокосово млеко за рани во устата

    rnКокосовото млеко е вашиот сојузник во борбата со инфекциите во усната шуплина. Може да правите гаргара со него или само да го испиете.rn

    8. Пијалак со алое вера за празнење на цревата

    rnАлое верата е одличен лаксатив. Таа ја поттикнува работата на цревата и ги тера да се испразнат.rn

    9. Јогурт за имунитет

    rnЈогуртот содржи пробиотски бактерии кои го прават многу здрав и добар за подобрување на имунитетот. Тој дава свој придонес во намалувањето на воспаленијата и уништувањето на инфекциите.rn

    10. Камилица за подобар сон

    rnЧајот од камилица е познат по тоа што ги опушта нервите и на тој начин овозможува полесно заспивање. Важно е чајот да не биде засладен, затоа што шеќерот го буди организмот.rn

    11. Сок од лимон за енергија

    rnИако го препорачуваат за моментите кога веќе сте настинати, тогаш веројатно веќе е доцна за најдоброто што сокот од лимон може да го даде. Пијте го кога сте здрави, затоа што тогаш витаминот Ц ќе ви ја зголеми енергијата и ќе даде придонес во заштитата од болестите.rn

    12. Смуди од банана против мамурлак

    rnВодата е нејнеопходниот пијалак за време на мамурлак затоа што нема ништо слично што може да ве опорави од дехидратацијата. Бананата, односно смудито од банана, ќе го помогне тој процес благодарение на витаминот Б и калиумот кои ги содржи.rn

    13. Вода при непријатен здив

    rnДехидрирањето во устата е совршена прилика за развој на некои бактерии кои создаваат лош здив. Водата помага да се спречи тоа, додека другите пијалаци можат само да ја влошат природната ПХ вредност.rn

    14. Вода со сода бикарбона за подуеност

    rnЧетвртина лажица сода бикарбона измешана во 200 мл вода може брзо да ги реши вашите проблеми со подуеност во стомакот.rn

    15. Сок од кисели краставички за грчеви во мускулите

    rnНе е највкусниот пијалак на светот, но сокот во кој стојат краставичките може да ви ја олесни ситуацијата кога се мачите со грчеви во нозете. Тој помага при чистењето на некои киселини од организмот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Глог – Данско варено вино

    Глог – Данско варено вино

    Пијалак од северот на Европа кој ќе ве затопли во студените денови

    rnГлог – данско варено виноrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 750 мл црвено вино
    • rn011

    • една кора од портокал
    • rn011

    • едно до две стапчиња цимет
    • rn011

    • 80 грама суво грозје
    • rn011

    • 80 грама излупени бадеми
    • rn011

    • 10 зрна кардамон
    • rn011

    • 5 каранфилчиња
    • rn011

    • 4 лажици мед
    • rn011

    • 250 мл бренди
    • rn011

    • 250 мл порто вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо тава на оган ставете ги виното, кората од портокал, бадемите, сувото грозје, циметот, кардамонот и каранфилчињата. Оставете ги тивко да крчкаат барем триесетина минути. Треба да излегуваат мали меурчиња, но не и премногу да испарува смесата. Потоа процедете ја течноста за да ги отстраните зачините, додајте ги портото и брендито во неа и сервирајте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашно какао, преполно со здравје

    Домашно какао, преполно со здравје

    Топол зимски пијалак кој ќе ви помогне во борбата против студенилото

    rnДомашно какао, преполно со здравјеrn

    Потребни состојки за 2 шолји:

    rn

      rn011

    • 470 милилитри бадемово млеко со вкус на ванила
    • rn011

    • 1 супена лажица сирово какао
    • rn011

    • 1 супена лажица сиров мед
    • rn011

    • 1 супена лажица кокосово масло
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го бадемовото млеко на шпорет до оној момент пред да почне да врие и додајте ги сите состојки во блендер. Мешајте една минута.

  • Топол пијалак од јаболка

    Топол пијалак од јаболка

    Вкусен и здрав напиток кој убаво ќе ве стопли во овие студени денови

    rnТопол пијалак од јаболкаrn

    Потребни состојки за 4 шолји:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка, излупени и исечени на коцки
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • ¼ портокал
    • rn011

    • 1 ½ лажички цимет
    • rn011

    • ¼ лажичка каранфилче
    • rn011

    • 2 шолји врела вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер по наведениот редослед. Блендирајте околу три минути и послужете во шолја декорирана со стапче цимет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топол напиток од чоколадо и црвено вино

    Топол напиток од чоколадо и црвено вино

    Горчливо-слатко задоволство

    rnТопол напиток од чоколадо и црвено виноrn

    Потребни состојки за две чаши:

    rn

      rn011

    • 170 грама темно чоколадо
    • rn011

    • 80 мл црвено вино
    • rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • 150 мл вода
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги чоколадото и виното во сад на тивок оган и оставете ги да крчкаат неколку минути додека чоколадото не се растопи. Тогаш додајте ги водата, млекото и солта, засилете го огнот и мешајте додека смесата не почне да врие. Потоа тргнете ја од оган и послужете во две чаши.

  • Само една чаша од овој пијалак ќе го исчисти вашето тело од сите токсини

    Само една чаша од овој пијалак ќе го исчисти вашето тело од сите токсини

    Постои многу едноставен рецепт за чистење на организмот од сите токсини. Организмот реагира веднаш после конзумирањето на овој едноставен сок. Тој ќе ги нападне токсините, ќе ги уништи, а вам ќе ви даде дополнителна енергија.rnrnsamo-edna-chasha-od-ovoj-pijalak-kje-go-ischisti-vasheto-telo-od-site-toksini-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лимон
    • rn011

    • 4 јаболка
    • rn011

    • 1 свеж корен од ѓумбир
    • rn011

    • Чаша вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите намирници треба да се органски. Лимонот излупете го и заедно со јаболката (сосе лушпа), коренот од ѓумбир и водата ставете ги во соковник. Подгответе го овој пијалак наутро и конзумирајте го пред појадок на празен стомак.

  • Коктел на денот: Замрзнато Мохито

    Коктел на денот: Замрзнато Мохито

    Автор: Маја ЛинковаrnrnКако се разладувате во летните горештини? Пиете ладна вода, јадете сладолед, или пак можеби правите овошни коктели? Доколку се одлучите за коктели, ви го препорачуваме замрзнатото Мохито.rnrnGT0104_frozen-mojitorn

    Потребни состојки за 2 чаши:

    rn

      rn011

    • 60 мл шербет (еднаква количина шеќер и вода се варат сè додека шеќерот не се растопи)
    • rn011

    • Сок од 2 лимети
    • rn011

    • 12 свежи лисја нане, плус за декорација
    • rn011

    • 2 чашки кршен мраз
    • rn011

    • Бел рум
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сирупот, сокот од лимета и нането во блендер, мешајте додека не се соединат состојките. Додадете ги румот и кршениот мраз и мешајте додека не стане пенливо. Добиениот коктел ставете го во две чаши и додајте по едно гранчиња нане за декорација. Нека ви е на здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Летните забави не би биле тоа што се без освежителните ледени напитоци. Без разлика дали се работи за здрави сокчиња покрај море или за алкохолни коктели во вечерите, различните хороскопски знаци имаат различен вкус. Овие напитоци се на база на овошје, зеленчук, билки и зачини, а во секој од нив можете да додадете малку алкохол ако сакате дополнително да се опуштите.rnrn0-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвенот најдобро ќе се освежи со цитрусни сокови, па сокот од грејпфрут е идеален избор. Направете вистинска витаминска бомба, додајте лимон и портокал, и на крајот „зачинете“ со мраз. А ако сакате од ова да направите коктел, едноставно додајте малку вотка. Овните исто така може да уживаат во сок од лубеница, кој е совршен за нивниот активен животен стил.rnrn1-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Бик

    rnЈагодите се идеален избор за припадниците на овој знак, бидејќи тие воглавно сакаат комбинација од кисело и слатко. Затоа обидете се да направите летно смуди од јагоди и банана, со додаток малку мраз и вода. А што се однесува до алкохолните коктели, за Биковите најдобар избор е сѐ што е на база на сок од домат. Ако сѐ уште не сте пробале Блади мери, тоа би требало да го сторите ова лето.rnrn2-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат авантура, па затоа ги привлекува секој егзотичен вкус со кој не се сретнуваат секојдневно. Егзотичното овошје е идеален избор, а за почеток пробајте да направите коктел од калинка и вотка. Тие исто така го сакаат вкусот и мирисот на ванила, па секој коктел со таа арома ќе им се допадне, особено ако е збогатен со нане и рум.rnrn3-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Рак

    rnАко сте припадник на овој знак, летово обидете се да експериментирате со сок од грозје. Тоа значи дека тешко ќе погрешите ако се одлучите за сангрија, a најмногу ќе ви се допадне ако има доста лимон и цитруси.rnrn4-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Лав

    rnОвој знак просто го обожава летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел можете да направите многу едноставно, така што во скокот од ананас ќе додадете малку рум или вотка. Покрај тоа, Лавовите сакаат и цитрусни овошја, особено лимон и мандарина. Направете сок од мандарина и нема да се разочарате.rnrn5-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Девица

    rnСокот од кајсија е одличен избор за сите припадници на овој знак. Пробајте ја интересната комбинација од природен сок од кајсии со здрав чај од женшен, секако разладен, па завршете со малку цимет. Интересно е дека девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук кои се многу здрави. Затоа само напред. Употребете го блендерот, но избегнувајте ги јаките зачини.rnrn6-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Вага

    rnВагите сакаат сокови од шумски плодови, а скоро и да не е важно за кое од овие овошја ќе се одлучите. Цреши, боровинки и малини се најдобриот избор, но слободно експериментирајте и со други. Висока чаша полна со мраз и ваков сок ќе ја избрка жештината од вашето тело. Секако, секогаш можете да додадете малку вотка.rnrn7-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Скорпија

    rnСкорпиите најмногу водат сметка за себе, и воглавно им годи портокалов сок од моркови, а посебно им се допаѓа бидејќи го подигнува либидото. Можете да направите комбинација со јаболко или цитрусни овошја и со мраз. Инаку не постои ништо во што вистинската Скорпија би уживала повеќе од чаша студено пиво.rnrn8-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Стрелец

    rnСтрелците уживаат во егзотични вкусови, па ако сте припадник на овој знак пробајте сок од манго ова лето. Исто така испробајте ја оваа особено интересна мешавина – во чаша шампањско додајте малку сок од манго. Ова освежувачко и пенливо задоволство ќе ве разлади, а ако сепак сакате нешто „појако“, испробајте домашен леден чај од нане.rnrn9-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Јарец

    rnЗа Јарците е совршен здравиот напиток кој се прави од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа може да го зачините со малку буковец и ќе добиете совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи истовремено. За нешто малку послатко, пробајте ја комбинацијата од сок од лубеница и диња.rnrn10-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk_1rn

    Водолија

    rnВодолијата воглавно сака тикви, кои се одлични за комбинирање, а нивниот вкус најдобро одговара со цимет и морско оревче. Направете здрав леден милк шејк од замрзната тиква, малку млеко и зачини. Кога се работи за коктел варијантата, нема да погрешите ако се одлучите за некој кој содржи ликер од лубеница.rnrn11-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Риби

    rnУште еден знак кој обожава да експериментира со егзотични вкусови, па слободно следниот пат кога ќе појдете да купувате, набавете папаја и манго. Овие две овошки ставете ги во блендер, додајте неколку коцки мраз и сипете јогурт. Овој пијалак е многу здрав и неверојатно освежува. Што се однесува до алкохолот, рибите сакаат вермут и коктелите што го содржат.rnrn12-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

  • Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Граѓаните на државата Вашингтон набрзо ќе можат да купат кафе во кое е „вбризгана“ одредена количина марихуана. Засега сѐ тече по планот, а напитокот кој се нарекува „Legal“ ќе почне да се продава веќе од следниот месец по малопродажна цена од 9-11 долари.rnrn1-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mkrnrnЛадното кафе ќе се продава во стаклени шишенца и ќе содржи околу 20 мг THC. Ефектот кој ќе го почувствува корисникот после испиеното кафе со марихуана би бил „како да испил чаша вино“, вели еден од производителите Адам Стајтс.rnrn„Ова кафе мава право во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен на оној кој го има специјалното индиско пиво IPA (India Pale Ale) или чаша вино. Нема да ставаме многу THC за да не им биде непријатно на консументите, а посебно на оние кои по првпат ќе се сретнат со марихуана“, додава Стајтс.rnrnПокрај кафето со марихуана, компанијата произведува и газиран сок од цреши, крушка и ѓумбир и сок од калинка надополнети со марихуана.rn

    2-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mk

    rnКорисниците на марихуана веќе долго време ја употребуваат оваа дрога како додаток во разни јадења и пијалаци, најмногу во колачи и лижавчиња. Исто така веќе со години наназад некои марихуаната ја ставаат во кафе или во топло чоколадо.rnrnНе е познато дали „Legal“ ќе биде достапен и во Колорадо, американската сојузна држава каде што исто така марихуана е легална. Во Вашингтон марихуаната е легализирана од 2012 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.