КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијалак

  • Чоколадно еспресо мартини

    Чоколадно еспресо мартини

    Одличен пијалак за време на вечерено излегување со пријателитеЧоколадно еспресо мартиниПотребни состојки:rnrn rn

      rn011

    • 30 мл Калуа
    • rn011

    • 30 мл свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • 90 мл вотка (по ваш избор со вкус на чоколадо или ванила)
    • rn011

    • 30 мл ликер „Creme de Cacao“
    • rn011

    • лед
    • rn

    rn rnrnНачин на подготовка: Наполнете 2/3 од шејкерот за коктел со лед. Додадете Калуа, еспресо, вотка и ликер. Потоа мешајте сè додека не добиете студена комбинација од пијалаците. Откако ќе завршите, сипете ги во чаша за мартини и декорирајте со чоколадни трошки или чоколаден прелив.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?

    Гостински пост: М-р А. Митов dr.medrnrnПоследниве денови светот слушна за 4 метил имидазол, супстанцијата заради која Кока-кола и Пепси објавија дека ќе ја променат формулата на производство.Која е супстанцијата во Кока-кола и Пепси што предизвикува рак?Сепак, научниците се запознаени со оваа супстанција малку поодамна:rn

      rn011

    • Во 1956 година е докажано дека животните изложени на високи дози 4 метил имидазол добиваат конвулзивни напади, немир, пенење од устата и парализа.
    • rn011

    • Во 1969, 1986 и 1987 други научни студии ја покажале истата конвулзивна активност на 4 метил имидазолот  со генерализирани грчеви на телото.
    • rn011

    • Во 1993 исти ефекти биле утврдени и кај кози и глувци. Со тоа невролошките несакани ефекти на 4 метил имидазолот биле потврдени кај поголем број животински видови.
    • rn011

    • Во 2006 година било испитувано евентуалното мутагено дејство на супстанцијата кај бактериски видови и експериментите дале негативни резултати.
    • rn011

    • Во 2008, Националната програма за токсикологија во САД објави резултати според кои јасно се покажало дека 4 метил имидазол предизвикува рак кај глувци и стаорци.
    • rn

    rnНе очекувајте слични студии кои ќе покажат канцерогеност на 4 метил имидазол кај луѓе од една едноставна причина: никој не би дозволил таков експеримент со потенцијално канцерогена супстанција бидејќи таквата студија би била неетичка.rnrnЗошто воопшто се користи таа супстанција? 4 метил имидазолот всушност ја дава „бојата на карамела“ на Кока-кола, Пепси и други производи. Нема никаква нутритивна или презервативна вредност и се додава исклучиво заради козметички причини. Во почетокот на ‘90-тите, Пепси и Кока-кола создале безбојни „диетални“ верзии на своите производи, бистри и проѕирни како вода, но со ист вкус како и нивните вообичаени пијалаци. Таквите производи веројатно не се продавале добро („вода“ со вкус на Кока-кола или Пепси), па набргу се напуштени. Значи, тие пијалаци може да се произведат и без оваа боја, а со потполно ист вкус.rnrnКога се во прашање токсични супстанции веројатно ќе помислите која е дозволената дневна доза која не би имала никакви ефекти. Меѓутоа, ова правило не важи за канцерогените супстанции – за нив практично нема дозволен праг или теоретски се поставуваат извонредно ниски дози како максимално дозволени дневни дози со цел да се заштити популацијата. Дозволената дневна доза за 4 метил имидазол, според државата Калифорнија, само во една лименка од Кока-кола или Пепси е надмината за 5 пати!rnrnСепак, државата Калифорнија не ја забранува употребата на 4 метил имидазолот, туку ги обврзува производителите да стават јасна налепница на амбалажата која вели: „Производот може да предизвика рак“. Кока-кола и Пепси за да ја избегнат оваа обврска ќе ја сменат формулата, но само во Калифорнија! Компаниите планираат истата промена да ја направат и во останатите држави од САД за неколку години, но не и во Европа. Можеме да претпоставиме што ќе се случи со пијалаците произведени во Македонија.rnrnПостојат многу начини на кои индустријата се обидува да ја релативизира целата ситуација.rnrnПрво, тврдат дека не е точно дека 4 метил имидазолот е канцероген. Сепак, ако тоа не беше така, замислете какви тужби ќе беа покренати во САД против оние кои ги „клеветат“ нивните производи за наводно предизвикување рак! Ако не е точно, едноставно зошто не ги тужат?rnrnВторо, се обидуваат да направат забуна околу самата супстанција, па наместо со цело име 4 метил имидазол, ја нарекуваат „4 МЕИ“, „карамела“ или „карамелно обојување“. Да, 4 метил имидазолот е боја и се користи за да се добие изглед на карамела, но тој нема никаква врска со природната карамела. 4 метил имидазолот не е природна супстанција и не се добива во природата. 4 метил имидазолот не е карамела. 4 метил имидазолот е боја.rnrnТрето, велат дека супстанцијата не ја употребуваат само тие и дека ја има и во други прехранбени производи. Манипулацијата овде е јасна:  „еве, насекаде го има 4 метил имидазолот, сите го користат, па ништо не е страшно“. Точно е дека го има и во други храни, вештачки додаден. Затоа би требало, не само на Кока-кола и Пепси да пишува „Содржи супстанција која предизвикува рак!“. Таа налепница треба да стои на сите такви производи, или уште подобро, употребата на 4 метил имидазолот треба да се забрани целосно во храната, а не да се тешиме со тоа дека многу го има. И други штетни супстанции се присутни насекаде и многу луѓе ги користат, но тоа не ги прави помалку опасни. Таквите супстанции со право се забрануваат.rnrnКако лекар, не можам да го опишам мојот првичен шок кога дознав какви сè супстанции се користат во процесите на производство на храна, супстанции за кои е повеќе од јасно дека предизвикуваат болести и дека се смртоносни. Кај споменативе пијалаци 4 метил имидазолот е само еден дел од приказната. Можеби многу поопасен е фактот дека во една чаша Кока-кола има 10 лажички шеќер. Или пак, фактот дека овие пијалаци изобилуваат со фосфати и дека предизвикуваат остеопороза и ослабување на коските. Впрочем листата на потенцијално опасни супстанции во тие пијалаци е долга: аспартам, содиум бензоат, БПА… Нема една здравствена (или здраворазумна) причина која би оправдала консумација на таков пијалак.rnrnСекој од нас е одговорен за личното здравје. Можеби некој очекува дека сопствениците на огромните компании или законодавците ќе се грижат повеќе за неговото здравје и здравјето на неговите деца отколку тој самиот. Јас не. Не очекувам дека некој ќе признае дека неговите пијалаци предизвикуваат рак. Светов е таков каков што е, и единствено ни преостанува самите да се заштитиме сè додека не дојдат некои подобри времиња и не завладее етиката во бизнисот. Нашата генерација најверојатно нема да го дочека тој ден.rnrnАвторот е доктор по медицина и има две магистратури за влијанијата на животната средина врз здравјето, стекнати на Кембриџ и Харвард.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој може да пие алкохол на работното место?

    Кој може да пие алкохол на работното место?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnКолку и да звучи неверојатно, некои луѓе често пијат алкохол на работа, а за тоа не мора да се правдаат пред шефот. Впрочем, тоа и се бара од нив! Постојат професии кои подразбираат консумирање алкохол на работното место како дел од секојдневните работни обврски. Сепак, немојте да мислите дека овие луѓе се алкохоличари. Тие се професионалци кои не го злоупотребуваат правото да се напијат на работа.Кој може да пие алкохол на работното местоrn

    Технолог

    rnПрофесијата технолог сама по себе не подразбира пиење алкохол на работното место, на ако технологот работи во погон за производство на алкохолни пијалаци, тогаш тоа е неопходно. Тој е човекот кој ги води сите операции користејќи ги неговите знаења од областа не хемијата за да создаде формула за нов пијалак или да го унапреди вкусот на оние кои веќе постојат. Водењето на секојдневните операции на ова работно место бара од технологот постојано да го дегустира она на кое што работи, со цел да го пронајде вистинскиот вкус. Кој може да пие алкохол на работното местоrn

    Сомелиер

    rnСомелиер е францускиот назив за човекот кој се грижи за изборот на вина во отмените ресторани. Иако најчесто келнерот е оној којшто им нуди одредено вино на гостите, доколку тие имаат потреба подобро да се запознаат со изборот, сомелиерот е оној кој ќе им помогне. Тој е должен да го знае вкусот на секое вино кое се нуди во ресторанот и да знае кое со каква храна одговара, а покрај тоа мора да ги проба и сите останати видови алкохол кои се вметнати во менито како пиво, ликери, коктели и многу други.Кој може да пие алкохол на работното местоrn

    Критичар за ноќен живот

    rnДел од медиумите кои го следат урбаниот начин на живот имаат рубрики во кои изнесуваат критика за ноќниот живот. Задачата на оној кој ја покрива оваа рубрика е да одбере некој локал, добро да се забавува, да ги проба алкохолните пијалаци што се нудат таму и да напише напис за тоа. Сепак, работата не е толку едноставна колку што изгледа. Критичарот на ноќниот живот не е алкохоличар кој пишува за неговите искуства додека лудува со неколку промили алкохол во крвта, туку човек кој добро ги познава стандардите кои се потребни во угостителството и знае од професионален аспект да напише издржана критика.Кој може да пие алкохол на работното местоrn

    Миксолог

    rnРаботата на мискологот многумина ја мешаат со онаа на барменот, но постои разлика меѓу нив. Работата на барменот е да научи што е можно поголем број коктели со кои ќе ги послужи гостите, а миксологот се разликува по тоа што иновира нови комбинации. За да успее во тоа, прво ќе мора да дегустира голем број алкохолни пијалаци од разни делови на светот.Кој може да пие алкохол на работното местоrn

    Готвач

    rnПретходните можат да му завидуваат на готвачот поради тоа што покрај консумирањето алкохол, неговите работни обврски подразбираат и дегустирање храна. Потребата од пиење алкохол доаѓа оттаму што при приготвувањето на одредени специјалитети може да употреби вино, коњак или друг пијалак, за што мора добро да ги познава вкусовите. Покрај тоа, учествува во составувањето на менито, па неопходно е да се запознае со вината и другите пијалаци кои одговараат со храната што ја готви.Кој може да пие алкохол на работното место
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Традиционален рецепт за Егног (Eggnog)

    Традиционален рецепт за Егног (Eggnog)

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnЕгног е популарен пијалак во САД и Канада и многу често се поврзува со зимските празници Божиќ, Нова година и Денот на благодарноста.Традиционален рецепт за Егног (Eggnog)Потребни состојки за 8 чаши:rn

      rn011

    • 12 јајца
    • rn011

    • 1,5 л млеко
    • rn011

    • 500 мл слатка павлака
    • rn011

    • 500 мл бурбон
    • rn011

    • 300 г шеќер
    • rn011

    • 170 мл коњак
    • rn011

    • 2 лажички мелено морско оревче
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во голем сад со помош на миксер, изматете ги жолчките од јајцата заедно со шеќерот. Матете приближно 10 минути додека смесата не добие боја на путер и убаво не се зацврсти. Малку по малку, пополека во садот додавајте ги бурбонот и коњакот. Откако ќе ги додадете овие две состојки, убаво промешајте, а потоа ставете го садот во фрижидер за смесата убаво да се излади. Не оставајте го садот да стои на ладно повеќе од 6 часа.rnrnШтом ќе ја извадите смесата од фрижидер, во неа додадете ги млекото и една лажичка мелено морско оревче и убаво промешајте. Во посебен сад ставете ја слатката павлака и со миксер на најсилна брзина измешајте ја за да добиете цврст крем. Белките исто така измешајте ги со силна брзина додека не добиете креместа смеса. Откако ќе го сторите ова, измешајте ги заедно со смесата направена од жолчките, а на крајот пополека додадете ја и слатката павлака. Убаво измешајте ги сите состојки заедно и послужете во 8 стаклени чаши. Одозгора декорирајте со мелено морско оревче.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимски пунч

    Зимски пунч

    Ова е оној пијалак кој ви ги топли душата и срцето во ладнава зима…Зимски пунчПотребно е:rn

      rn011

    • 1 литар сок од јаболка
    • rn011

    • 200 мл текила
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn011

    • 2 портокали
    • rn011

    • неколку каранфилчиња
    • rn

    rnПодготовка: Во двата портокали набодете ги сувите каранфилчиња. Зимски пунчВо големо тенџере ставете ги сокот од јаболко и стапчето цимет. Ставете ги на оган со средна температура и гответе 10 минути. По 10 минути, сокот ставете го во длабок сад, додадете ја текилата и еден од портокалите. Оставете така да отстои неколку часа. Зимски пунчПола час пред да сервирате, извадете ги стапчето цимет и портокалот. Вториот портокал со каранфилчиња пресечете го на крукчиња. Употребете ги крукчињата за да ги декорирате чашите во кои ќе го сервирате пијалакот.rnrnЗимскиот пунч може да се пие ладен или на собна температура, а од оваа доза може да излезат 4-6 чаши.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #60

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #60

    „Кафето не е само пијалак. Тоа е момент за уживање.“

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #60
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1440) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #45

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #45

    Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство. Станувате од креветот, се протегате и гледате дека шолјата е навистина таму, полуполна со вашиот омилен утрински пијалак, сервирано со едно зрно на рачката. Прекрасно утро, прекрасен гест за добро утро. Направете го тоа за некого…rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #45
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1330×980) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мохито од ананас на скара

    Мохито од ананас на скара

    Сакате да направите летна коктел-журка во вашиот двор? Научете како да правите мохито од ананас на скара и изненадете ги вашите пријатели со една незаборавна забава.

    rnМохито од ананас на скараrn

    Потребни состојки за еден коктел:

    rn

      rn011

    • 7-8 ливчиња нане
    • rn011

    • 1 супена лажица (или повеќе) кафеав шеќер
    • rn011

    • ¼ лимета (зелен лимон)
    • rn011

    • повеќе од 5 коцки кршен мраз (за да се наполни чашата)
    • rn011

    • 60 мл ананасов сок (свеж или конзервиран)
    • rn011

    • 50 мл бел рум
    • rn011

    • газирана минерална вода
    • rn011

    • 1 тркалце ананас потпечено на скара
    • rn

    rnМохито од ананас на скараrn

    Начин на подготовка:

    rnВо поширока висока чаша ставете го нането, шеќерот и лиметата и со толчник убаво истолчете ги за да се претворат во кашеста состојба. Додадете го кршениот мраз, а потоа сокот од ананас и белиот рум. До врвот на чашата наполнете со газирана минерална вода. Преклопете ја чашата со вашата дланка и над мијалникот превртете ја за да се измешаат состојките. За да му дадете тропски шмек на вашето мохито, загрејте ја скарата 5 минути и ставете едно тркалце ананас да се потпече 3-4 минути. Потоа исечкајте го на 4 парчиња и додадете го во чашата. Послужете го вашето тропско мохито од ананас со сламка и украсете ја чашата со резанка ананас.rnrnЗабелешка: Доколку немате машина за кршење мраз, ставете неколку коцки во кеса, држете ги дршките со едната рака, а со другата кршете го со помош на чукче за толчење. Ако сакате мохитото да го направите со свежо цеден ананас, а не знаете како да ја излупите неговата кора, погледнете го видеото. Откако ќе го исечкате на коцки, ставете го во блендер и ќе добиете ананасов сок.rnrnПотсетете се и на рецептот за правење мохито од јагоди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џус од лубеница

    Џус од лубеница

    Лубеницата без исклучок е најосвежителното овошје во лето. Овој џус може да си го направите секогаш кога ќе ви треба вистинско ладно освежување, а ќе биде огромно изненадување за пријателите и блиските.rnrnЏус од лубеницаrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • половина лубеница, исчистена од семките и исечена на коцки
    • rn011

    • половина лажиче ѓумбир во прав
    • rn011

    • 3 лажици мед
    • rn011

    • 120 мл сок од лимон
    • rn011

    • прстофат црн бибер во прав
    • rn011

    • коцки мраз
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnВо блендер ставете ги коцките лубеница заедно со сокот од лимон, медот и зачините. Миксајте додека да се соединат сите состојки. Сервирајте во високи чаши со неколку коцки мраз и ливчиња од нане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.