КАФЕ ПАУЗА

Tag: остров

  • Природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!

    Природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!

    Единствено по својата убавина, нереалната природа, но и специфична карпа која привлекува многу љубители на скокањето од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови што нудат ваква можност. Изгледа како мал рај на Земјата.rnrnrnrnОткако овде првпат било одржано светското првенство во скокање од карпи, многубројни туристи сакаат да скокнат во вода од 20-тина метри високата карпа. Островот Вила Франка до Кампо е вистински мал рај на Земјата за љубителите на летните морски активности. Се наоѓа преку патот на истоимениот град, односно отприлика на 1 километар од брегот на најголемиот остров Азора – Сао Мигел.rnrnОвој вулкански остров е стар околу 4.000 години и претставува најголема туристичка атракција во Сао Мигел. Внатрешноста на островот сокрива речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) кој е поврзан со Атлантскиот океан преку тесен премин.rnrnБлагодарение на богатата флора и фауна која го опкружува островот е класифициран како природен резерват. Таму можете да видите голем број на различни видови птици, а поради богатиот подводен свет сите ги привлекува и сите оние коишто сакаат да нуркаат.rnrnОд јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури околу островот, а картата чини неполни 10 евра. Погледнете ги следниве фотографии од ова неверојатно место и уживајте!rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrn

    rnrnДознајте и кој е најубавиот остров во светот.

  • Кој е најубавиот остров во светот?

    Кој е најубавиот остров во светот?

    Познатото списание „Condé Nast Traveler“, го избрало најдобриот остров во светот. Тоа е островот Саиргао кој се наоѓа на Филипините. На овој остров можете да пронајдете раскошни шуми, величествени пештери и идеални места за нуркање.rnrn(1) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrnrnИ покрај убавините на овој остров, сепак тој не е преплавен со туристи, бидејќи е многу тешко да се стигне до него. На далечниот остров кој има 10.000 жители, може да се стигне само со брод или со мал авион. Но, откако ќе ги погледнете фотографиите од него, ќе сфатите зошто тој се смета за најубавиот остров во светот!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnАко овој остров ви изгледа премногу далеку, не грижете се. Можеби некој од овие прекрасни острови во Европа би биле многу подобар избор за вашето овогодишно летување…rn

    Миконос, Грција

    rn(8) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrn

    Крит, Грција

    rn(9) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrn

    Парос, Грција

    rn(11) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrn

    Ишија, Италија

    rn(10) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrn

    Ибица, Шпанија

    rn(7) кој-е-најубавиот-остров-во-светотrnrnПогледнете ги и овие 20 помалку познати острови кои секој треба да ги посети во текот на животот.

  • Татко и син пронашле порака во шише стара 50 години и успеале да го најдат нејзиниот автор!

    Татко и син пронашле порака во шише стара 50 години и успеале да го најдат нејзиниот автор!

    Татко и син од Јужна Австралија, нашле порака во шише од 1969 година, фрлена во океан, од страна на тогашниот 13-годишик Пол Гилмор од Велика Британија. Авторот на пораката скоро бил пронајден, и тој сè уште бил на море.rnrnrnrnПол Елиот и неговиот син Џеј, за време на риболов, пронашле шише со порака во западниот брег на полуостровот Аир. Елиот го барал авторот на пораката, кој бил претставен како 13-годишно момче од Англија, кое патувало со брод по јужниот брег на Австралија, од Фриментал до Мелбурн. Покрај пораката била напишана и датата, 17 ноември 1969 година.rnrnrnrnГилмор патувал со бродот „Ферстар“, кој превезувал британски имигранти во Австралија во 60-тите години. Тој ја оставил својата адреса во пораката со молба до оној кој ќе ја пронајде да му испрати одговор.rnrnМинатиот четврток била пронајдена неговата сестра која рекла дека Гилмор бил на крстарење на Балтичкото море и дека ќе биде воодушевен кога ќе ги слушне вестите.rnrnСестрата на Гилмор изјавила дека тој имал напишано 6 пораки, кои ги фрлил во океанот. Семејството на Гилмор живеело во Австралија до 1973 година, а подоцна се вратиле во Британија.rnrnОваа приказна потсетува на случајот со Тоња Иман, која пронашла порака во шише стара 132 години на островот Веџ. Пораката во шишето била напишана на германски јазик, на 12 јуни 1886 година. Музејот во западна Австралија ја потврдила автентичноста на оваа порака.rnrnПрочитајте и за оваа девојка која пронашла моќна порака во нова книга што целосно ѝ го променила животот.

  • Овој грчки остров ќе ви плаќа 500 евра месечно, само треба да се преселите таму!

    Овој грчки остров ќе ви плаќа 500 евра месечно, само треба да се преселите таму!

    Повеќето од нас сонуваат да ја напуштат работата и да се преселат на некој живописен остров. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш имаме одлични новости за вас! Островот Антикитера (анг. Antikythera) е во потрага по нови жители и толку очајно се труди да ја зголеми популацијата, што дури нуди парче земја за оние што ќе се преселат таму и месечен надомест од 500 евра.rnrnrnrnСамиот остров е сместен помеѓу Крит и Китхира, на 45-минутен авионски лет од Атина, и е дом на само 24 жители, што не е ни чудо што бараат да се зголеми популацијата. Тие се надеваат дека ќе го вратат поранешниот сјај на островот, кој некогаш бил дома на 300 жители. Со текот на годините овие бројки се намалиле, бидејќи помладите жители заминале во потрга по работа на копно.rnrnСекако постои и услов. Месечниот надомест е поддржан и се остварува преку локалната православна грчка црква, која се грижи само за младите семејства. Со нудење на месечен, паричен надомест, црквата се надева дека ќе привлече доволен број луѓе за да може да се задржи популацијата на Антикитера.rnrnrnrnНовите жители ќе добијат и парцела која можат да ја искористат за изградба на дом или бизнис.rn

    „Бараме семејства што ќе го ‘оживеат’ нашиот остров“, изјави градоначалникот на Антикитера, Андреас Хархалакис.

    rnАко вие и вашето семејство сте спремни за ваков потфат, треба да знаете дека овој остров е многу далеку, нема банкомати или банка и има само една продавница (но не грижете се, има вино!).rnrnНо, не е сè толку страшно. Островот има електрична енергија како и Интернет. Има и многу работа за рибари, пекари и градители. Доколку сакате вашето семејство или пријателите да го посетат ова место, има и Аирбнб за изнајмување.rnrnrnrnДа не заборавиме да спомнеме дека овој остров е исполнет со рустична архитектура и е опколен со прекрасни песочни плажи. Верувале или не, ова не се празни ветувања – веќе 4 семејства се прифатени.rnrnПа, доколку сакате и вие да живеете на прекрасен остров и да бидете платени за тоа, соберете ги најсаканите и аплицирајте на веб-сајтот на Антикитера што е можно побргу.rnrnПрочитајте и за овој грчки остров на којшто жените се главни.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Грчкиот остров на којшто жените се главни

    Грчкиот остров на којшто жените се главни

    За повеќето луѓе овој остров е вистинска мистерија, а во последно време туристите покажуваат сè поголема заинтересираност за местото поради прекрасните плажи, но и поради нешто за коешто островот се гордее со децении.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrnrnИмено, на грчкиот остров Карпатос со 7.000 жители, постои долгогодишна традиција којашто се негува и денес. На прв поглед, островот наликува како повеќето грчки острови. Иако Карпатос е на само еден час летање од Атина, времето како да застанало на ова место. Повеќето луѓе живеат во главниот град Пигадија, но најинтересно е селото Олимпос на северниот дел од островот, место каде што владеат жените.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrnrnЗа разлика од останатиот дел од островот кој е проголтан од туристите, Олимпос негува поинаков пристап.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrnrnВо близина на селото е земјоделската област Авлон, место каде што нема Интернет, ниту пак предавници или пекари. Освен пекарата зад која стои вредната Ана Лентаки. Ана е главниот доставувач на леб за разните градски церемонии. Нејзиниот леб, а и макарони, се со посебен вкус и се направени по рецепт кој се пренесувал со генерации. Нејзините ќерки и внуки само ја продолжиле традиција на Ана.rnrnМатријархатот е заедница позната како место каде што владеат жените. Но прашање е на кој начин се почитува оваа традиција денес.rnrnЛокалните жени се господарки на кујната, и тоа не само во нивните домови, туку и во рестораните. Тие носат традиционална облека за религиозни церемонии, додека мажите носат обична облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и тие ја одредуваат политиката на островот.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrn

    „Во многу друштва женската сила е тајна, но на Олимпос оваа тајна повеќе ја нема. Жените имаат посебна сила или моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на овој остров“, изјавиле локалните жителки.

    rnЖените се одговорни за продолжување на традицијата, споделување и пренесување на рецептите и така било отсекогаш, исто како и сега. Но денес тие ги презеле и улогите на оние кои се задолжени за зачувување на заедницата и нејзиното преживување.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrnrnВо ова бајковито село над морето со бело сини куќи се ценат традиционалните обичаи уште многу одамна. Имотот го наследува најстарата ќерка, а истовремено ќе го наследи и името на нејзината баба.rnrnНа северниот дел од островот, туризмот не е закана која уништува. Малите програми се развиваат во склоп на идејата локалната заедница да преживее и да ги цени туристите.rnrnГрчкиот остров на којшто жените се главниrn

    „Целта не е да имате милиони туристи, туку мали групи кои ќе ги трошат нивните пари на локални настани, како кулинарски курсеви и некои туристички тури. Иднината е во овој нов систем на туризам“, изјавила една од жителките.

    rnДоколку ви се допаднал филмот „Мама миа!“, ова се дестинациите во Грција што мора да ги посетите.

  • Неверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете таму

    Неверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете таму

    Крф е остров кој секогаш плени со своите прекрасни плажи, кристално синото море и убавите локални села. Погледот на островот од високо е уште поспектакуларен. Ако уште размислувате, тогаш овие фотографии дефинитивно ќе ви помогнат да одлучите каде да заминете на одмор ова лето.rn

    1. Порто Тимони, скриена плажа на Крф

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    2. Старото рибарско село Кулура

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    3. Брегот на Свети Стефан

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    4. Малиот остров Пара, веднаш до Крф

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    5. Блискиот остров Паксос

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    6. Плажата Палеокастрица

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    7. Каналот на љубовта

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    8. Ресортот Сидари

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    9. Крајбрежни карпи

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    10. Интимна плажа

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    11. Дел од јужниот брег на островот

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrn

    12. Тврдината во центарот на градот

    rnНеверојатни фотографии од Крф поради кои ќе посакате веднаш да заминете тамуrnrnДознајте и кои се 8-те најнаселени острови во светот.

  • Погледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјата

    Погледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјата

    Кога фотографот Чарли Кордеро прв пат слушнал за Санта Круз Дел Ислоте, мал густо населен остров во Колумбија, бил вчудовиден. Отсекогаш го фасцинирале луѓе кои успеваат да преживеат во тешки околности, а овој остров веднаш се истакнал.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnНа островот има ограничен пристап до вода, храна и струја, но овде сепак живеат 46 семејства во 97 куќи, на површина од 10.033 метри квадратни.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјатаrn

    „Сè што знаевме за ова место е дека е далечен и малку познат остров кој жителите не сакаат да го напуштат. Голем број луѓе живеат на толку мал простор. Веднаш знаев дека е место кое заслужува да биде познато.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnНеговите први фотографии од овој проект биле објавени минатиот август во New York Times и ги прикажуваат збиените живеалишта на жителите.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на Земјатаrn

    „Пред 150 години, овој остров бил мал и ненаселен со помалку од хектар земја кој пловел сред Карипското Море. Рибарите од Картагена и Толу го користеле местото за одмор и заштита од бури.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnОстровот е лоциран на место со многу корали, па станал атрактивен за луѓето кои почнале овде да градат домови. Семејствата граделе куќи една до друга како што се венчавале и имале деца.rnrnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnПрвите жители собирале материјали за изградба од земјата и морето.rn

    „Школки, кокоси, дрва, песок, па дури и ѓубре биле користени за изградбата.“

    rnПогледнете ги фотографиите од најнаселениот остров на ЗемјатаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Обожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!

    Обожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!

    Дали вашата замисла за рај подразбира тропски остров со кристално бистри води и еден куп кучиња? Звучи неверојатно, се согласувате? Подгответе се за вистинско изненадување, бидејќи таков остров навистина постои и можете да го посетите.rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnОваа земја од соништата се наоѓа на островите Туркс и Кајкос на Бахамите каде што организација по име Potcake Place обезбедува засолниште за уличните кучиња на островот. Кучињата се од расата поткејк (Potcake) којашто потекнува од неколку Карипски острови. Станува збор за мешана раса на куче што го добила името по смесата од ориз и грашок со која жителите на островот ги хранат кучињата. Иако оваа раса нема стандарден изглед, кучињата најчесто имаат долги лица, заострени уши и меко крзно.rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnОва засолниште дозволува да одите на плажата и да се дружите со некое од кучињата. Слободно можете да му ја дарите вашата љубов на некое крзнено пријателче и да уживате во попладне исполнето со пливање и песок. Ако се вљубите во кученцето за време на вашата игра, можете да го посвоите бесплатно иако засолништето бара од посвојувачите да направат некаква донација за да им помогнат. Тие дури и ќе се погрижат да стигнете дома безбедно.rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnСепак, постојат неколку услови што треба да ги исполните за да посвоите куче. Според веб-сајтот на организацијата мора да имате барем 25 години и сите во домот мора да разбираат дека посвојувањето куче е 10-15-годишна обврска што треба да се сфати сериозно.rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnМожете да побарате кои кучиња се достапни за посвојување и да отидете таму за да го запознаете вашето омилено во живо. Фактот што постои остров полн со кучиња е доволна причина зошто би требало да ги посетите Туркс и Кајкос.rnrnОбожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!rnrnПогледнете ги овие кучиња кои се едноставно премногу емотивни и слатки.

  • Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

    Волшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

    Мал, тропски остров со кристално бистра вода, риба, свежо овошје и зеленчук. Така изгледа Китава, рајско место во подрачјето на Папуа Нова Гвинеја. Познато е по здравата исхрана на неговите жители кои имаат големи придобивки од неа. Појавата на кардиоваскуларни болести и деменција се сведени на минимум, ретко страдаат од дијабетес и немаат акни.rnrnВолшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правилоrnrnДоктор Стафан Линдеберг е еден од првите кој ги воочил медицинските предности на ваквата исхрана која е лесна, едноставна и полна со свежи, природни прехранбени производи.rn

    „Забележавме дека генетиката на овие луѓе не е заслужна за нивното одлично здравје. Истражувавме и откривме дека сепак, главна улога има исхраната. Тоа е нашиот конечен заклучок“, изјавил доктор Линдеберг.

    rnВолшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правилоrnrnИнтересно е тоа што жителите на Китава не се многу физички активни, така што не може да се каже дека активниот начин на живот е заслужен за нивната здравствена состојба. Напротив, за тоа најзаслужни се следниве прехранбени производи…rn

    Сладок компир

    rnКитава е остров каде што се јаде сладок компир во големи количини. Тој е богат извор на витамин Ц и хранливи влакна, а помага и при регулација на инсулинот во крвта. Сето тоа доведува до блескав тен и добро здравје.rn

    Кокос

    rnКокосот има многу влијателна улога во исхраната на луѓето од Китава. Тие го користат во сите можни облици: Свеж, пијат кокосова вода, а маслото го користат за готвење. Кокосот често се користи како извор на енергија. Тој ја зголемува издржливоста, здрав е за срцето и корисен за нормално функционирање на тироидната жлезда. Освен тоа, помага при подобро искористување на гликозата во крвта. На тој начин, го намалува ризикот од појава на дијабетес.rnrnБлагодарение на големата количина калциум и магнезиум, тој придонесува за развојот на здрави заби и силни коски и ја забавува појавата на остеопороза. Исто така, ги ублажува воспаленијата и ја поттикнува регенерацијата и брзото зараснување на оштетените ткива.rnrnВолшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правилоrn

    Риба

    rnРибата е многу корисна за организмот. Таа не само што содржи голема количина незаситени масни киселини кои ја спречуваат појавата на кардиоваскуларните болести што се борат против стресот и ја подобруваат концентрацијата, туку и претставува богат извор на минерални соли. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека, пак, слатководната содржи помалку натриум и јод.rnrnСите видови риби ги содржат витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се чувари на здравјето и правилната функција на нервниот систем. Рибата е богата и со калциум, но тој најмногу се содржи во крлушките. Нема да погрешите ако одберете скуша, лосос или харинга.rnrnВолшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правилоrnrnОд ова може да се заклучи дека сепак исхраната има најпозитивно влијание на здравјето. Не двоумете се повеќе дали да го смените начинот на исхрана и заборавете на изговорите! Бидете здрави како жителите на Китава, а ако имате можност не пропуштајте да го посетите овој волшебен остров.rnrnВолшебен остров каде жителите немаат здравствени проблеми благодарение на едно драгоцено правило

  • Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

    Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција

    Тешко е да се поверува дека Филипините не се топ туристичка дестинација во светот, а имаат толку многу да понудат. Ова место е едноставно рај на земјата со своите острови и неизмерното богатство од природни убавини, а како едно од најпрекрасните локација може да се издвои островот Палаван.rnrn(1) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnПалаван е скриено парче од рајот, поради што се наоѓа на врвот од листите на најубави острови во светот. Неодамна „Travel + Leisure“ го прогласи овој остров за најубавиот во светот.rnrn(2) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnОстровот е познат по прекрасниот спектар на бои кои меѓусебно се испреплетуваат – сината боја со неверојатните зелени нијанси, планините со џунглите и ретката шума кои се издигаат над океанот, како и неверојатните пејзажи на малите рибарски села расфрлани по островот.rnrn(3) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrn(4) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnСе верува дека овој остров е стар околу 50 илјади години, а до него може да се стигне со брод и со авион. Тој не е ни многу оддалечен од главниот град на Филипините, Манила. Најубаво време за посета на овој остров е во периодот од октомври до мај. Доколку одлучите да го посетите, воопшто нема да ви биде здодевно, затоа што ќе можете да нуркате и да се искачувате на прекрасните планини.rnrn(5) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnНа островот можете да видите виолетови ракови, филипински елени, филипински панголин, како и прекрасните пеперутки кои внесуваат дополнителна магија во пејзажите.rnrn(6) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnПалаван изобилува со богата флора и фауна, кои можат да се најдат и на другите острови во близина, но во помал степен.rnrn(7) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаrnrnДоколку не сте подготвени за нуркање и искачување, можете со чамец да патувате меѓу прекрасните острови или да ја посетите подземната река, една од најуникатните во светот.rnrn(8) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција