Ви ја споделуваме листата на десетте најголеми острови во светот, од кои за најмалку три веројатно никогаш не сте слушнале. Да почнеме!rnrn
rn
10. Островот Елесмер, Арктички Океан
rnЗафаќа површина од 121.935 квадратни километри и е трет по големина канадски остров. Одделен е од Гренланд со каналот Кенеди и припаѓа на групата Острови на Кралицата Елизабета. Островот е дом на вториот по големина национален парк во Канада.rn
9. Островот Викторија, Арктички Океан
rnОвој остров има површина од 135.017 квадратни километри, што го прави вториот по големина остров во Канада. Се карактеризира со стрмни брегови и многубројни заливи. Името го добил по кралицата Викторија. Овој остров има исклучително блага клима, најблага во Канада, а на Канаѓаните им служи како место за бегство од секојдневната градска гужва.rn
8. Велика Британија, северозападен брег на Европа
rnСместен во северниот дел на Атлантикот, овој остров е дом на Обединетото Кралство, кое ги вклучува Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Тој е и најголемиот остров во Европа, со површина од 142.821 квадратни километри. Има повеќе од 65 милиони жители, што го прави трет најнаселен остров во светот.rn
7. Хоншу, Јапонско Море
rnХоншу е најголемиот јапонски остров, а воедно и најнаселен. На него се наоѓаат најголемите јапонски градови Кјото, Токио и Осака. Тој е и вториот најгусто населен остров во светот со население од над 103 милиони жители. Зафаќа вкупно 143.514 квадратни километри, вкупно 60% од јапонската територија.rn
6. Суматра, Индиски Океан
rnОвој остров се наоѓа во западна Индонезија и е дел од групата острови наречени острови Сунда. Зафаќа површина од 294.283 квадратни километри и е населена со над 50 милиони жители. На овој остров има масивен планински венец Барисан. Најголемите атракции се природните убавини, вулканите, езерата и џунглата.rn
5. Бафин, Арктички Архипелаг
rnОва е најголемиот остров во Канада со површина од 315.312 квадратни километри. И покрај големината, населен е само со 11.000 жители поради суровите временски услови. Ледените полиња Баренс и Пени се исто така лоцирани на островот. Островот Бафин е неверојатно див, суров и леден терен, а најголем дел од населението го сочинуваат Ескимите.rn
4. Мадагаскар, Индиски Океан
rnОстровска држава која зафаќа 434.522 квадратни километри. Овој остров е дом на растенија и животни кои не можат да се најдат на друго место во светот, па затоа го нарекуваат и остров со најголема биолошка разновидност во светот. Најпознат е по теоријата на еволуцијата на Чарлс Дарвин.rn
3. Борнео, Тихи Океан
rnНајголемиот азиски остров кој зафаќа вкупно 462.364 квадратни километри. 73% од островот е под територијата на Индонезија. Островот е дом на најстарата прашума во светот, за која се претпоставува дека е стара над 140 милиони години.rn
2. Нова Гвинеја, Тихи Океан
rnВториот по големина остров во светот има површина од 487.631 квадратни километри. Островот е населен со 11 милиони жители кои зборуваат над илјада различни јазици. Климата на овој остров е претежно тропска, а просечната температура е околу 22 степени.rn
1. Гренланд, Атлантски Океан
rnГренланд е најголемиот остров во светот и зафаќа површина од 1.351.847 квадратни километри. Повеќе од една третина од островот е покриена со ледена покривка. Просечната дневна температура се движи меѓу -9 и 7 Целзиусови степени. Гренланд е дом и на најголемиот национален парк во светот.rnrnОткако прочитавте за најголемите острови во светот, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr


rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како изгледа 
rnrnПрвиот пат кога ќе дојдете на овој остров не е лошо да изберете база, а двата града што изгледаат идеални за вакво нешто се Лимасол и Ларнака, значајни градови во јужниот дел на островот. По малку уживање во културата, лесно е да се стават очила за сонце и да уживате во топлото и пријатно време. Насекаде во Кипар ќе најдете остатоци од минатото, па од Ларнака може да се видат урнатините на Китион, град на државата чии остатоци датираат од 13 век п.н.е. Во близина е византискиот замок, но исто така и легендарната и прекрасна црква на Свети Лазар од 9 век. Се разбира, многу ресторани и кафулиња служат за релаксација, каде што најмногу ќе уживате во специјалитети од морска храна.rnrnОд друга страна, Лимасол е богат со археолошки богатства. На исток се наоѓаат урнатините на Аматус, еден од 10-те оригинални кралски градови на островот, а на запад ќе го најдете Курион со неговиот антички амфитеатар кој се издига над морето. Оваа „слика“ е толку магична што се наоѓаше и на поранешните кипарски банкноти, пред промената во еврото. Секако, се исплати да се „лута“ околу стариот град, по што, како и во случајот со Ларнака, ќе изберете пријатен ресторан за вкусна вечера.rnrnСепак, советот е дефинитивно да се вратиме на приказната за Афродита и да го посетиме градот Пафос. Токму тука, на брегот, се роди споменатата божица (и денес можете да ја видите „Карпата на Афродита“), и тука, покрај историските места, ќе најдете фантастични плажи, но и одморалишта за цели семејства. Самиот Пафос е поделен на два дела – долниот и горниот град. Во горниот дел ќе најдете историја, а во долната забава, така, дефинитивно, Пафос нуди нешто за секого.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за оваа 

rnrnПрочитајте и 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за 
rnrnНа островот сè уште се зборува на холандски јазик (заедно со англиски и креолски јазик). Колонијалната архитектура во главниот град Вилемстад е заштитена од УНЕСКО и се чини дека му припаѓа на Амстердам, а не на Карибите.rnrnКурасао има прекрасен подводен свет со бројни корали, морски сунѓери, привлечни риби и други морски суштества, но и со неколку потонати бродоломи, па затоа е голема мамка за туристите вљубени во нуркањето.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnКарпите се популарна дестинација за младите туристи кои бараат авантура и одат таму за да ја тестираат својата храброст, но многумина завршуваат несреќно. Погледнете го видеото за да видите како изгледаат скоковите од таму.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=AWlCNCMfUIc&feature=emb_titlernrnПогледнете ги и овие фотографии од 
rnrnСекој што го посетил ова место, се согласува дека овој остров е толку магичен што е невозможно да се посети само еднаш. Со својот топол шарм, тој ве поттикнува да се вратите повторно за да уживате во совршенството со коешто зрачи ова место.rnrnСирос има интересна и разновидна историја, а споменат е дури и во Хомеровата „Одисеја“.rnrn
rnrnПланинскиот северен дел на Сирос се вика Апано Мерија, додека рамнините на јужниот дел ги сместуваат повеќето населени места, села и плажи на островот.rnrnАпано Мерија е идеален за истражување: неговите патеки водат до беспрекорни, тешко достапни плажи на островот преку прекрасен карпест пејзаж полн со пештери и мали мостови. Спротивно на тоа, јужниот дел на островот е идеален за возење: неговите поплочени патишта ги поврзуваат селата едни со други, како и Хермополис.rnrn
rnrn
rnrnНеговите одморалишта се карактеризираат со добро развиена туристичка инфраструктура со модерни хотели и убави плажи кои нудат секакви погодности за уживање.rnrnНиту една посета на овој грчки остров нема да биде целосна без да поминете време на плажа. Сирос има неколку неверојатни плажи, и бидејќи сè уште не е толку туристички популарен како другите места во Грција, тие не се преполни!rnrnБез разлика дали сакате да учествувате во спортови на вода, како што се сурфање и нуркање, да се сончате, да пливате во прекрасните води или само да поминете некое попладне уживајќи во добро кафе, веднаш покрај морето, тука има по нешто за сите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnСирос има и некои пространи семејни плажи. Врвните плажи ги вклучуваат Галисас, Агатопес и Делфини. Од една страна, Сирос е типичен грчки остров, со оглед на тоа што има многу прекрасни плажи, превкусна грчка храна и ноќен живот. Од друга страна, тука има многу други работи што ќе ви отворат комплетно нови, неочекувани видици.rnrnПлажите во Сирос се чисти, тивки и слободни за употреба. Мештаните се горди на својот остров, и работат да го задржат непроменет, ослободен од трговскиот развој. Сите патишта, улици и плажи се секогаш тивки и мирни, храната е богата и превкусна со многу свеж зеленчук и ароматично сирење.rnrnМачките ги украсуваат улиците, а мирисот на цвеќе и маслиново масло веднаш ќе ве опушти и ќе ве натера да се чувствувате релаксирано.rnrnЗатоа, овој остров е одличен избор ако сакате одмор кој гарантира хармонија и убава природа, без бучава, загадување и комерцијално претерување.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за 
rnrn
rnrnИмето „Затворски остров“ го добил поради затворскиот комплекс во кои биле затворани робови, а денес објектите кои се претворени во музеј и хотел потсетуваат на мрачното минато.rnrn
rnrn
rnrnНадлежните власти вложуваат големи напори за заштита на островот и неговите жители. На оклопот на секоја желка ја пишува нејзината старост, а најстарата желка има 194 години. Туристите кои доаѓаат на островот со чамци, имаат прилика да ги хранат желките со своите раце. Овие желки за време на несењето јајца се повлекуваат во мирна средина, подалеку од туристите.rnrnПогледнете го и овој