КАФЕ ПАУЗА

Tag: остров

  • Каква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?

    Каква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?

    Многумина од нас се интересираат како живеат луѓето во останатите делови од светот. Некогаш се случува, некои луѓе толку многу да се вљубат во местото каде што поминале прекрасен одмор, по што одлучуваат да се преселат таму. Секако, поголемиот дел од нас можат само да си фантазираат дека би се преселиле на местото од соништата, но кој вели дека има нешто лошо понекогаш да си го замислите животот на некое сосема друго место, во друга земја? Еве каква куќа можете да си купите на неколку различни локации ширум светот за цена од околу 300.000 евра.rn

    1. Мантихарју, Финска (269,000 евра)

    rn(1) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Брегот на езерото КалавесиrnrnКабина со камин, голема тераса, 2 спални, 1 бања, кујна и дневна соба, сауна и гаража.rn

    2. Санторини, Грција (260,000 евра)

    rn(2) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Село Ембориоrnrn1 спална, 1 бања, кујна и трпезарија, одвоена туш кабина, поглед кон Егејско Море и планините, прекрасна за оние кои ја сакаат архитектурата на Кикладите.rn

    3. Сосуа, Доминиканска Република (261,285 евра)

    rn(3) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Луксузна населба на 300 метри од моретоrnrn3 спални, 3 бањи, голема кујна и дневна соба, одвоена соблекувална и просторија за перење, централизиран систем за разладување, базен, градина, паркинг.rn

    4. Санкт Петербург, Русија (269,275 евра)

    rn(4) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Областа Петродвотсови, село Стрелнаrnrn3 спални, дневна соба, бања, соба за облека, два балкона, базен на приземјето, во близина на Финскиот залив.rn

    5. Лагос, Португалија (250,000 евра)

    rn(5) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Туристичкиот град Праиа де Лузrnrn2 спални, една бања, ролетни на струја, вградени современи електрични апарати, тераса со поглед на Атлантскиот Океан и на градот.rn

    6. Натал, Бразил (274,155 евра)

    rn(6) Каква куќа може да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Рио Гранде де Нортеrnrn4 спални, 4 бањи, 4 соби, соба со ТВ, место за скара, затворена заедница од 16 куќи.rn

    7. Лецено, Италија (270,000 евра)

    rnКаква куќа можете да си купите за 300.000 евра во различни делови од светот?rnrnЛокација: Брегот на езерото КомоrnrnСтудио, тераса со поглед на езерото, планините и островот Изола, внатрешна декорација од природен камен и дрво, базен и тревник.rn

  • Џексон Лејк Ајленд: Морничав остров од соништата со напуштен и распаднат филмски сет

    Џексон Лејк Ајленд: Морничав остров од соништата со напуштен и распаднат филмски сет

    Доколку сте расположени за авантура која ќе ве наежи и воодушеви истовремено, Џексон Лејк Ајленд е вистинското место за вас.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnТим Бартон ја искористил мрачната атмосфера на овој остров израснат со треви и зеленила кој лежи на реката Алабама, како филмски сет за „Голема риба“ (Big Fish), фантастичен филм од 2003 година. Ликовите во филмот патуваат низ маѓепсаната шума и стигнуваат во град со навидум совршени куќи, улици и продавници, кога одеднаш се случува необичен пресврт.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnФилмската екипа изградила цел филмски сет кој останал таму и по снимањето. Како последица на тоа, Џексон Лејк Ајленд е познат како село на срушените соништа, изедено од забот на времето.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnПосетителите на овој остров остануваат изненадени кога ќе видат дека Џексон Лејк Ајленд е повеќе од обичен мрачен остров во распаѓање. Тој е всушност прилично светло и сончево место погодно за рекреација, познато по оригиналната „голема риба“ која го чека нејзиниот рибар. Посетителите можат да кајакарат, да кампуваат и да се дружат со пријателски настроените кози кои непрестајно талкаат по ова мало идилично парче земја.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrn„Кога ќе помислите на Алабама, не ви текнува дека може да отидете и на остров“, вели Боби Брајт, сопственик на островот заедно со неговата жена Лин. „Помислувате на многу нешта, но не и на остров“.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnИстражувачите желни за авантура можат да го посетат Џексон Лејк Ајленд кој било ден од неделата, а сè што треба да направат е да влезат низ влезната порта на островот која нема чувар и потоа да го повикаат Боби за да им ја даде шифрата и да остават 3 долари во една уникатна старинска кутија.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnБоби планира на островот да изгради куќичка на дрво оваа година и да поправи некои од распаднатите куќи останати од филмскиот сет на „Голема риба“.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морнициrnrnДоколку сте љубители на нови, необични и неистражени места, како и на волшебните зајдисонца, дивите зеленила и морничавата атмосфера, тогаш без сомнение треба да го ставите овој неверојатен остров на вашата листа на места кои мора да ги посетите некогаш во текот на животот.rnrnЏексон Лејк Ајленд: Местото од кое ќе ве полазат морници

  • Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ – Е. Локхарт

    Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ – Е. Локхарт

    „Добредојдовте во прекрасното семејство Синклер.“

    rnrn

    Наша оцена: 9/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnrn(1) Викенд книга: „Ние бевме лажговци“ - Е. ЛокхартrnrnОва е една од оние рецензии кога сум убедена дека е подобро да не напишам ништо отколку да ви откријам премногу. И да, од изминативе неколку часа кои ги поминав пред лаптопот, ова е најдобрата воведна реченица која успеав да ја смислам. Истиот проблем го имав и со „Во потрага по Алјаска“, избегнувајќи каков било знак за тоа каков пресврт ве очекува а сепак, некако да прикажам зошто книгата вреди да се прочита. Па, да расчистиме од сега, сè што ќе прочитате тука не е ни приближно толку важно како она што ве очекува кога ќе стигнете до крајот на книгата. А предупредувањето стои на корицата, доколку некој ве праша што се случува на крајот – излажете. Затоа апсолутно ништо не откривам, бидејќи не сакам да ви го украдам важниот момент. Ќе ви кажам само дека има совршен, среќен крај. Исто како и семејството Синклер.rnrnКаденс секое лето го поминува на приватен остров заедно со своето семејство, привилегираните Синклер – богати, убави, совршени. Таа е најстарата од седум внуци, кои живеат во трите куќи изградени од нејзините баба и дедо, со намена нивните три ќерки да живеат убав и комфорен живот со своите семејства. „Лажговците“ како што се нарекуваат самите, се одличен тим – Каденс, која е наратор на приказната, нејзината братучетка Мирен која ја опишува како „шеќер, љубопитност и дожд“, Џони кој е „елан, живост и неспокојство“ и секако Гет, аутсајдерот кој е „ентузијазам, амбиција и силно кафе“. Гет не е во роднинска врска со Каденс, тој е внук на новиот маж на една од нејзините тетки, но набрзо станува дел од семејството и го поминува секое лето со нив на островот. Сите четворица се многу поврзани, но поврзаноста е најсилна за време на летото пред секој од нив да се врати во својот град и училиште, за потоа, наредното лето повторно да дојдат на магичниот остров и да уживаат заедно. Каденс и Гет креираат посебна врска, која со текот на годините преминува во вистинска љубов.rnrnСемејството Синклер немаат проблеми. Немаат тогаш кога татко ѝ на Каденс решава да си замине, да ги остави и да започне нов живот со друга жена. Уште помалку кога и другите две тетки ќе се разведат и ќе почнат да се соочуваат со финансиски проблеми. Сите го игнорираат фактот дека трите сестри се борат за наследството на нездрав начин и дека постојано пијат. Во семејството Синклер не се разговара за изгубени луѓе, за болка, за осаменост… не се разговара дури ни за мртвите. „Биди нормална. Немој да правиш сцена“ – тоа е решението за секоја горчлива ситуација и проблем кој се игнорира додека не се убедат сите дека е заборавен.rnrnТокму поради ова не е изненадувачки фактот што после несреќата на Каденс, никој скоро две години не ѝ открива што се случило таа трагична ноќ. Каденс не може да разбере зошто била сама на малата плажа, зошто немала облека со неа, како ја удрила главата во карпите и зошто е толку проколната па мора да живее со амнезија и мигрена поради која некогаш не може да стане од кревет со денови. Топлите летни денови се завршени, а Каденс е далеку од островот на среќата прашувајќи се зошто, дури две години никој од „лажговците“ не ја побара. Особено не Гет. После две години се враќа на островот, каде времето изгледа дека застанало и парче по парче ја склопува приказната која ќе ѝ го измени животот.rnrnКнигата е одлична драма, која слој по слој ги открива проблемите на нефункционалните семејства, сите горчливи моменти кои го трујат секојдневието, без разлика дали станува збор за живот во колиба или палата. Истовремено претставува топла приказна за младешка љубов, романса сместена на прекрасен остров која ќе ве потсети на возбудливи моменти кои може да ги донесе само првата љубов. Но најважно, ова е мистерија која ве вовлекува во темни случки без да бидете воопшто спремни што ве очекува, за на крајот да ве остави со незаборавна завршница – дека никогаш, ништо нема да биде исто.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 19 јули 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • Ако ја посетувате Малта, овие факти би требало да ги знаете

    Ако ја посетувате Малта, овие факти би требало да ги знаете

    Малта е една од најатрактивните дестинации последниве години и има зошто е така. Таму има за секого по нешто: од луди забави, до историски локации, недопрена природа и место за целосна релаксација. Буквално за сечиј вкус. Доколку и вие сакате да ја посетите, ова се основните информации кои треба да ги знаете.rnrn1-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn1. Малта не е остров туку архипелаг составен од 7 мали острови. Малта и Гозо се најголеми и тие се населени, Комино е исто така поголем меѓутоа не е населен, туку се состои од луксузен комплекс. Другите 4 се комплетно ненаселени.rnrn2-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn2. Пештерата Калипсо најверојатно е местото каде Хомер ја напишал Одисеја.rnrn3. Малта е само 80 километри оддалечена од Сицилија.rnrn3-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn4. Возат од левата страна.rnrn4-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mk_rnrn5. Станала држава во 1964 година, претходно била британска колонија.rnrnrnrn6. Шпицот на летната сезона трае до средина на есента.rnrn6-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn7. Во Малта се снимени голем број холивудски филмови. Дел од нив се: „Троја“, „Игра на тронови“, „Гладијатор“ и „Капетан Филипс“.rnrn7-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn8. Малта нема ниту една река, шума или планина.rnrn8-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn9. Главниот град Валета е првиот плански направен град. Изграден е во 1565 година од Св. Јован од Ерусалим. Целиот град е направен за 15 години и го држи рекордот за најбрзо изграден град.rnrn9-Ako-ja-posetuvate-Malta-ovie-fakti-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrn10. Азурниот прозорец е природна карпа, по која не е препорачливо да одите, но таму можете да пливате.rnrnrnrn11. Англискиот е официјален јазик како и малтешкиот кој е многу сличен на арапскиот.rnrnБонус совет: Не пцујте во кафулињата и рестораните, големи се шансите балканец да е келнерот.

  • Забранет остров: Место каде што времето е застанато

    Забранет остров: Место каде што времето е застанато

    Хавајскиот остров Нихау е опишан како место каде што времето е застанато, а пристапот до него делумно забранет.rnrn12-zabranet-ostrov-mesto-kade-shto-vremeto-e-zastanato-kafepauzarnrnНа островот живеат околу 130 луѓе кои се грижат за природните ресурси. Всушност тие не зависат од погодностите на модерниот свет. Не користат автомобили, немаат струја и генерално одбегнуваат сè што може да предизвика загадување.rnrnПричината поради која била забранета посетата на овој остров лежи во желбата за зачувување на животот кој е потполно во склад со природата. Сепак, во 1987 година донесена е одлука Нихау да се отвори за љубопитните очи, но само на пола ден. Благодарение на ова, туристите имаат можност да уживаат во овие прекрасни убавини на неколку часови.rnrnНа Нихау се негува хавајската култура од 1800-та година и поради тоа го нарекуваат вонвременски остров – овде часовниците и календарите како да престанале да важат.rnrnСелото кое е дел од населениот дел на островот, не се наоѓа на програмата за туристи. Животот на жителите е во строга приватност и останува мистерија за надворешниот свет.rnrn

    rnrn rnrn

  • Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Овој остров кој плута е најдоброто место за живеење на планетата доколку сакате да избегате од цивилизацијата. Вејн Адамс, 66, и Кетрин Кинг, 59, почнале да го градат ова место во 1992 година и оттогаш постојано го надградуваат.rnrn(1) Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен парrnrnНивниот дом, кои тие соодветно го именувале „Залив на слободата“, се состои од 12 платформи кои лебдат над водата. Тие содржат танцов подиум, уметничка галерија, гостински светилник, студио и 5 стакларници. Целиот објект се протега на површина од 2.000 метри квадратни. Овој пар за време на летото се снабдува со вода од блискиот водопад, додека пак, преку зима собираат од дождовите. Објектот добивал струја од 14 соларни панели, но неодамна се префрлиле на генератор откако тие се расипале. Погледнете како изгледа нивниот живот на следниве неколку фотографии…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

    Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?

    Индонезискиот остров Сумбава денес е познат како рај за сурфери, но пред 200 години тој бил место каде што се случила една од најзастрашувачките природни катастрофи во историјата. Вулканската ерупција која тогаш настанала оставила зад себе многу жртви и ја изменила климата ширум целиот свет.rnrn(1) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?rnrnДоколку ги прашате околните жители, тие ќе ви кажат дека овој остров е проколнат. Некои од нив дури и ќе тврдат дека духот на покојниот крал е сè уште таму, мамејќи ги неговите жители во џунглата со цел никогаш повеќе да не видат дневна светлина. Според приказните, кралот не може да најде мир откако пред 200 години вулканот Тамбора еруптирал и го уништил неговото кралство исполнето со злато и други богатства.rnrn(2) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?rnrnИ покрај тоа што присуството на духот е дискутабилно, сепак катастрофалната ерупција е документирана во историјата. По неколкудневни помали земјотреси, Тамбора на 10 април 1815 година еруптирал со полна сила и на тој начин предизвикал една од најсмртоносните ерупции на вулкани досега. Горниот дел од 1.300-метарскиот вулкан експлодирал во целост и десетина илјади луѓе скоро инстантно го изгубиле својот живот под магмата и карпите. Многу од островските села останале закопани под пепел, додека цунамито кое настанало како последица од ерупцијата го разорило брегот. Според претпоставките, тој ден умреле околу 100 илјади луѓе.rnrn(3) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?rnrnЧестичките пепел и 400-те милиони тони сулфурни гасови завршиле во атмосферата, ширејќи се ширум светот, а со тоа и менувајќи ја климата. Следната година, 1816, е позната како „годината без лето“ бидејќи темни облаци го скриле Сонцето. Во Европа настанала глад бидејќи жетвата изумрела. Брзо потоа фармерите почнале со масовно преселување кон запад, незнаејќи што го предизвикувало ова влошување на времето. Ниту во Америка, ниту во Азија не разбирале зошто имало толку нагли промени на времето. Тогаш сè уште не постоеле телеграфи, а вестите патувале со месеци.rnrn(4) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?rnrn„Експлозијата се чула 1.500 километри западно од Суматра“, запишал еден британски геолог во 1850 година. Тие кои ја чуле експлозијата во далечините се подготвиле за одбрана, мислејќи дека станува збор за напад со артилерија. „Можеби Тамбора ќе се памети како Помпеј на истокот“, запишал Сигурдсон, еден од геолозите кои во 2004 година го истражувале ова место. Тој со неговите колеги меѓу другото пронашле и јагленосано тело од жена со нож во своите раце и бронзени садови и лонци. Слични нешта можат да бидат забележани и во Помпеј, по ерупцијата на Везув.rnrn(5) Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?rnrnИ покрај легендите за богатиот крал, денес постојат многу малку докази за неговото постоење. Поголемиот дел од 1,5-те милиони жители на островот живеат од земјоделство и рибарство. Но, сепак туристите редовно го заобиколуваат островот поради лошите гласини. Индонезијците се обидуваат да привлечат повеќе гости така што го опишуваат островот како рај за авантуристи, сурфери, љубители на прекрасни плажи како и место за оние кои сакаат да искусат автентична култура. Па, дали вие би го посетиле Сумбава доколку би имале можност?

  • Островот на мајмуните во Виетнам

    Островот на мајмуните во Виетнам

    Доколку некогаш имате прилика да го посетите егзотичниот град Хо Ши Мин во Виетнам, задолжително испланирајте и патување до Кан Гиа или попознат како Островот на мајмуните. Тоа е мало островче оддалечено околу 60 км од центарот на градот. До таму може да се стигне и со организиран превоз, но најдобро би било да патувате како сите локални жители – на мотор, кој можете да го изнајмите за евтини пари. Покрај тоа, има и кусо патување на ферибот.rnrnrnrnПатувањето само по себе е доживување, особено после симнувањето од фериботот. Дотаму ќе можете силно да го почувствувате локалниот дух – од густиот и по малку луд мотосообраќај до уличните продавачи и оние кои стрпливо ги чекаат муштериите пред своите дуќани. Вториот дел од патувањето, откако ќе дојдете на островот, ќе ви приреди егзотична глетка и повторно улични продавачи кај кои можете да застанете да се одморите и да се напиете необичен егзотичен освежителен сок.rnrnКога ќе дојдете до паркот Лам Виен Кан Гиа, кој е најпопуларното место на овој остров, еден мајмун ќе ве пречека уште на влезот. Она за што сите предупредуваат е да бидете особено внимателни со своите лични предмети. Овие мајмуни крадат сè од храна и капи до скапи фотоапарати. Бидејќи ги има многу, а и заради тоа што се мајмуни и можат да скокаат, можат да ве изненадат одзади, одозгора, отсекаде. Тие сакаат да земат сè што можат, брзи се и безобразни, па треба многу да се внимава.rnrnrnrnОд друга страна пак, доколку им понудите храна, тие со задоволство ќе ја земат, дури и директно од вашите раце, отворајќи ви прст по прст додека не дојдат до своето богатство. Ќе напикаат колку што можат храна во устата, односно додека не видат дека немате повеќе ништо во рацете, и тогаш ќе се тргнат настрана за на раат да се сластат со она што го добиле од вас. Ако си поигрувате со нивната интелигенција, ќе ви за’ржат и може и да ве нападнат, бидејќи знаат дека намерно ги провоцирате. Во таков случај, најдобро е да бидете во близина на некој од стражарите.rnrnОвие мајмуни шетаат слободно и вие можете да имате интеракција со нив, но како што се оддалечувате од најпосетените места каде што има најмногу луѓе кои најчесто ги хранат, така тие стануваат помалку пријателски настроени.rnrnrnrnИнаку овие мајмуни ја делат својата еко-средина со 50-тина крокодили кои спијат во каллива слатка вода која се наоѓа под еден не многу стабилен дрвен мост. Поминете таму на свој ризик.rnrnПаркот заедно со неговата шума во 2.000 година е заштитен од УНЕСКО и претставува навистина интересно место на кое може да се поминат незаборавни неколку часа.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одмор од соништата – Бали

    Одмор од соништата – Бали

    Каков одмор посакувате? Плажи? Убава глетка? Релаксација? Култура? Егзотична кујна? Тогаш Бали е местото кое го барате!rnrnОстровот Бали е дел од Индонезија. Се наоѓа во јужниот дел на тропските предели меѓу Австралија и Виетнам. Иако островот е мал, тој е главна туристичка дестинација, годишно го посетуваат околу 3 милиони посетители.rnrnDesa Seni Village Resort, CanggurnrnНа островот се наоѓаат едни од најубавите плажи во светот, како и прекрасни корални гребени за нуркање. Други атракции вклучуваат бујни пејзажи, посета на дивите предели, прекрасни храмови, јога и многу повеќе. На Бали едноставно нема што нема. Единствениот проблем е тоа што никогаш нема да сакате да се вратите дома.rnrnВо продолжение места и нешта кои мора да ги доживеете кога веќе одите на Бали.rn

    Плажата Блу поинт

    rnОваа плажа ќе ви го одземе здивот. Се провлекува под карпа и често туристите велат дека имаат чувство како да се на приватна плажа, без разлика на големиот број посетители.rnrn1-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnОваа плажа не само што има извонреден поглед на океанот, туку ќе може да уживате и во глетката на бранови кои се удираат во големата карпа. Ќе уживате и во глетката на кристално чистата вода во некои од рестораните на брегот.rn

    Прошетка по долината Кампухан

    rnОваа прошетка ќе ви биде една од најубавите и најрелаксирачките прошетки кои некогаш сте ги имале. Ќе имате можност да уживате во природата, во најубавите пејзажи кои мора да ги доживеете за да ги почувствувате на вистинскиот начин. Прошетката по долината Кампухан не е напорна, туку баш напротив е многу смирувачка. А најубавото, (ако воопшто може да се издвои нешто како најубаво) следува на крајот од патеката. Таму ве чека кафуле каде ќе ве послужат со огромен број традиционални пијалаци и јадења.rnrn2-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Тирта Ганга

    rnВодена градина што му припаѓа на кралското семејство Карангасем. Се наоѓа во средината на селските оризови полиња, опкружена со природни извори. Градината е составена од растенија, скулптури, фонтани во вода, потоци, базени и многу повеќе.rnrnСоставена е од три нивоа. На првото има базен, две декоративни езерца, неколку фонтани и природен извор кој се протега под големо дрво. Од една страна фонтаните се ремек-дела кои стојат рамо до рамо со делата во Версај, а од друга страна пак тоа е духовно место за медитација.rnrn3-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnВторото ниво има накривена 11-катна фонтана, која може да се види од сите страни на градината.rnrnПоследното ниво е најголемо. Се состои од езеро и остров во средината кој се вика Демонски остров.rnrnВодата што тече низ природните извори отсекогаш се сметала за света, и често се користи во религиозни церемонии, но во некои делови можете и да пливате.rn

    Островот Мнџанган

    rnСигурно нема да одите со очекување дека ќе видите елен на Бали. Но, зборот мнџанган значи елен на индонезиски. Всушност островот го добил името по многуте диви елени кои пливаат во водата секоја пролет.rnrn4-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnПа така вие ќе имате уште едно неповторливо доживување, да ја почувствувате ретката и недопрена природа на Бали. Кога велам недопрена тоа е во буквална смисла на зборот, затоа што таму нема продавници, ресторани, хотели, местото е ненаселено.rn

    Американскиот брод на слободата

    rnОвој брод бил Американски војнички карго брод кој потонал за време на Втората светска војна. Денес тој претставува вистинска атракција на Бали. Прво ќе можете да го видите него, второ ќе ја видите дивата водна природа и трето, ваквиот вид нуркање е одличен за почетниците затоа што тука брановите не се големи.rnrn5-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Ѓаволска солза

    rnЃаволска солза е одделена карпа на еден од многуте острови на Бали. Го добила своето име поради звуците кои ги создава кога брановите удираат во карпите.rnrnВодата е неверојатно чиста. Карпестите формации се уникатни. Тука ќе ги оживеете сите ваши сетила. Брановите може да бидат и многу големи па се препорачува поголем степен на претпазливост.rnrn6-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Слонова пештера

    rnДали некогаш сте замислиле какво е чувството да влезете во устата на демонот? Тоа ќе може да го дознаете во Слоновата пештера. Создадена е во IX век и тогаш служела како светилиште. На надворешната страна има застрашувачки камени резби кои ве отпоздравуваат, вклучувајќи го и демонот што некогаш претставувал слон (оттука доаѓа и името). Најверојатно порано служела како место во кое се штителе од лошите демони. Во околината има будистички храм, мали водопади и многу природа.rnrn7-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Светилиштето во светата шума на мајмуните

    rnДоколку сакате да имате директен контакт со мајмуни ова е вистинското место за вас. Во прошетката и разгледувањето на храмовите ќе имате можност да бидете опкружени со мајмуни и други животни. Мајмуните знаат да бидат палави, но во принцип се добро социјализирани. Ако имате среќа може ќе успеете да направите селфи со некое мајмунче. Но, никој не ви гарантира дека нема да ви ја украдат храната.rnrn8-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Прошетка низ селото Мајонг

    rnАко сакате да го истражите Бали како локално населено место тогаш правото место за вас е селото Мајонг. Треба да си најдете некој кој добро го познава местото, за да ви раскаже за сите специфични видови вегетација, дел од културата, религијата и обредите.rnrn9-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnЛуѓето таму се многу дружељубиви, па сигурно нема да ви дозволат да јадете некоја купечка храна, туку ќе инсистираат на домашните специјалитети зготвени по единствени традиционални рецепти.rn

    Театарот Девдан

    rnЕксплозивен микс од традиционалното и современото. 90-минутно шоу кое ви прави прошетка низ традицијата на Бали. Ора, различни танци, пеење, костими. Но истовремено тие изобилуваат со фасцинантна технологија која се базира на специјални ефекти на дожд, оган, разни пиротехнички средства како и ротациони сцени. Кореографијата е визуелно уживање кое претставува сплет на воздушни акробации, традиционални танци, па дури и современ хип-хоп.rnrn10-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    За секого по нешто

    rnОваа листа е бесконечна затоа што има толку многу да се види на Бали. Навистина има за секого по нешто. Без оглед на она што го барате од одморот, со сигурност ќе може да се пронајдете на овој остров.rnrn11-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

    Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

    Јапонските островите Изу имаат прекрасна природа, но не се многу „гостопримливи“ кон луѓето. Ова се вулкански острови од кои некои исчезнуваат по повремените ерупции на сè уште активниот вулкан. Ситуација е најлоша на островот Мијакеџима, каде што вулканот Ојама испушта толку многу сулфур што луѓето мораат дење-ноќе да носат гас маски. Дури и кога воздухот е поднослив за дишење, тие пак се законски обврзани да имаат гас маска на дофат на рака. Знаејќи го ова, звучи неверојатно фактот дека таму има околу 3.000 луѓе кои упорно тоа место го нарекуваат свој дом.rnrnЈапонски остров каде што луѓето живеат под гас маскиrnrnИнтересно е тоа што одвреме-навреме кога има силни ерупции местото целосно се евакуира, за потоа жителите повторно да се вратат кај своите гас маски под облаците од сулфур. Тие во секој момент очекуваат вклучување на сирените за евакуација. Ако за нив тоа е нормално затоа што дома си дома, неверојатно е како местото привлекува туристи кои се надеваат дека таму ќе ја видат апокалипсата.rnrnЈапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маскиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.