Светот крие неверојатни места. Убавини, природа, приказни. Дури и кога ќе го прошетате цел список со егзотични дестинации, секогаш има уште некое кое не сте го истражиле. Едно од тие места е сигурно островот Палаван.rnrnПрашањето кое неминовно ќе си го поставите откако ќе ги видите фотографиите во продолжение е зошто Филипините се потценета дестинација и покрај преубавите острови и плажи. Островот Палаван е дефинитивно највоодушевувачкото место кое досега сте го виделе, а тоа го потврдува и фактот дека се наоѓа на првото место според Condѐ Nast Traveler’s Readers Choice Awards. Овој т.н. мал рај на земјата ќе ви го одземе здивот во една секунда и ќе направи да посакате веднаш да се најдете таму.rnrnrnrnТишина, тиркизно-зелена вода, шуми и преубави песочни плажи. Што ли уште ви треба?rnrnrnrnОстровот Палаван, заедно со соседните острови, ја сочинува провинцијата Палаван позната како Рајот.rnrnrnrnНа островот има неколку рибарски села, а природата е како неистражена џунгла која ве примамува да ја доживеете во еден здив.rnrnrnrnПознат под името Последната граница, единствениот начин да дојдете до островот е со брод или авион од повеќе околни места, како што се Манила и Себу, додека идеален период да отпатувате таму е помеѓу мај и октомври.rnrnrnrnПокрај планинарењето и нуркањето, постојат и многу тури со брод кои ќе ве прошетаат до соседните острови, а кои ќе ви овозможат да ги видите Ел Нидо, група острови кои привлекуваат поради специфичниот песок на Островот на змиите (островот е во форма на змија) и Заливот Бакуит, кој мами со прекрасните бели песочни плажи, различните морски видови кои може да ги запознаете, карпите и лагуните. Патувањето може да го продолжите во Пуерто Принцеса каде ќе имате прилика да ги пробате превкусните кулинарски деликатеси, а во Корон ќе можете да преспиете во некој од неверојатните луксузни хотели кои како да се од друг свет.rnrnrnrnОд животинскиот свет, ќе ве изненадат виолетовите ракчиња, филипинскиот глушец-елен, филипинскиот панголин, големиот број прекрасни видови пеперутки и (малку страшната) палаванска мечка-мачка.rnrnrnrnДоколку сте фан на нуркањето, тогаш дефинитивно мора да земете некоја од турите. Палаван нуди неверојатен подводен свет за сите љубители и овозможува неповторливо искуство.rnrnrnrnДоколку сепак сакате да испробате нешто уникатно, ако им веруваме на УНЕСКО, треба да земете една од турите во подземната река или пак послужете се со најкористеното превозно средство таму – трициклот, за да го истражите островот подетално.rnrnrnrnУбавините на Палаван со сигурност ќе ве уловат, по што ќе посакате никогаш да не заминете од таму.
Сите сакаме добри загатки, но оваа може дури и да ве изнервира. Па не за џабе е прогласена за најтешка на светот.rnrnrnrnЗа оваа загатка не ви требаат трикови и финти, само чиста логика. Осмислена е пред 20-тина години, а често се среќава под името „Зеленооки змејови“ (Green Eyed Dragons). Толку е популарна, што на Харвард ја делат во вид на дополнителна задача на сите студенти по физика. Доаѓа во неколку варијанти, со повеќе или помалку откриени траги, но во продолжение ќе ја прочитате најтешката од сите.rnrn[message_box title=”” color=”green”]rnСте посетиле некој далечен, напуштен остров на кој живеат 100 многу пријателски расположени змејови. Сите имаат зелени очи. Тие со векови не виделе жив човек и многу се возбудени заради вашата посета, па со задоволство ќе ве прошетаат на островот и ќе ви покажат каков е животот на змејовите.rnrnИзгледа како сосема нормален, барем за змејовите, но набрзо ќе сфатите нешто многу необично – на островот постои правило дека ако змеј некогаш дознаe дека има зелени очи, таа вечер точно на полноќ ќе мора да се одрече од сите змејски моќи и ќе се претвори во долгоопашеста ластовичка. За среќа, на островот нема огледала и тие никогаш меѓусебно не би зборувале за бојата на очите, така што змејовите стотици години живеат во блажено незнаење.rnrnКога сте биле спремни да си одите, сите змејови се собрале да ве поздрават, а вие низ многу солзи сте им се заблагодариле за нивното гостопримство. Потоа сте одлучиле да им кажете нешто што повеќето го знаат (бидејќи сепак, секој од нив ја гледа бојата на очите на другите змејови) – на сите им кажувате дека барем еден од нив има зелени очи. Секако, не сте мислеле на последиците, па сте си продолжиле на својот пат. Под претпоставката дека змејовите се непогрешно логични суштества, што ќе се случи потоа?rnrnДоколку се случи нешто интересно, која е новата информација што сте им ја дале?rnrn[/message_box]rnrnРешението е многу лесно да го пронајдете, но проблемот е што и после неколку читања, повторно не станува многу јасно. Она што можеме да го кажеме како помош е дека не се работи за игра на зборови или трик прашање, не постои нешто во загатката што го дава магичното решение, но сите податоци се клучни за решавање. Нема телепатии, нема преговарање и расправање меѓу змејовите, сè е само чиста логика. Толку откриваме. Среќно мислење!
Гајола е прекрасен италијански остров. Отсечен е, околу него има кристално чиста вода, но е тотално напуштен. За нешто толку природно прекрасно да биде комплетно празно мора да има нешто што не е во ред.rnrnrnrnИмено, никој не живее овде бидејќи островот крие мрачна тајна. Се смета дека островот е проколнат. Многу сопственици и жители на овој остров ги снашло трагична судбина. Иако не изгледа проколнато, изгледот може да лаже.rnrnПричината поради која многумина веруваат дека е проколнат е заради неговите поранешни жители кои се соочиле со прерана и неочекувана смрт.rnrnrnrnСеријата несреќи започнала во 1920-тите, кога сопственикот Ханс Браун бил пронајден мртов. Потоа, неговата жена се удавила во морето. Следниот сопственик на вилата, Германецот Ото Грунбек, починал од срцев удар додека бил на островот. Уште еден сопственик починал извршувајќи самоубиство. Потоа, германскиот производител на челик Барон Карл Пол Лангхајм, завршил во економска пропаст.rnrnrnrnОстровот исто така му припаѓал на Џани Ањели, главниот акционер во Фиат, чиј син извршил самоубиство. После неговата смрт, Џани почнал да го обучува неговиот внук Умберто Ањели да го води Фиат. Но, Умберто подоцна починал од редок вид рак. Уште еден сопственик, мултимилијардерот Пол Гети искусил трагедија набрзо откако го купил островот – неговиот внук бил киднапиран. Последниот сопственик на островот Џанпаскуале Грапоне завршил во затвор бидејќи пропаднала неговата осигурителна компанија.rnrnrnrnСега островот е ненаселен, и изгледа со добра причина. Но, ако сепак сакате да го посетите, островот Гајола се наоѓа на брегот на Неaпoл, Италија, и до него лесно се стигнува со брод.rnrn
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrnСѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…rnrnrnrn1.Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…rnrn2.Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос.rnrn3.Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.rnrn4.Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.rnrn5.На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.rnrn6.Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.rnrn7.На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.rnrn8.Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.rnrn9.Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.rnrn10.Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана автентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите, добри времиња.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrnКрајбрежјето на Егејското Море и островите близу до него се подрачје на коешто се измешале многу култури и се смениле многу обичаи. Турбулентната историја на Скијатос, на крајот придонела островот да се здобие со богат духовен живот и посветена христијанска традиција.rnrnrn
Успение на Богородица
rnНа овој голем христијански празник, се организира масовна прослава на островот, на 14 и 15 август. На првиот ден се организираат настани со музика, храна и пијалаци, додека на вториот ден се одвива ритуалната погребна процесија на Богородица, во манастирот Евангелистриа. Доколку во овој период се најдете на островот, не двоумете се и задолжително присуствувајте на прославата, за да доживеете едно автентично искуство.rn
Културни настани на Бурци
rnБурци е полуостровот што се наоѓа на извонредно погодна локација за културни случувања – помеѓу старото и новото пристаниште на Скијатос. Во текот на целото лето, во отворениот театар, во традиционалното грчко кафуле и по улиците се одржуваат најразлични претстави, перформанси, изложби, кино проекции на отворено, итн. За секој вљубеник во културата, Бурци е место што едноставно не смее да биде одминато.rn
Фестивалот Кацониа
rnОвој фестивал се одржува секоја година на 6 септември. Празнувањето е во чест на грчката подморница „Ламброс Кацонис“, што на овој датум во 1943 година била потопена недалеку од Кастро, Скијатос. Во нападот од Нацистите, загинале 32 членови на екипажот, 15 биле заробени, а неколкумина успеале да избегаат и пливајќи непрекинато 9 часа успеале да се скријат на островот, пред да се префрлат во Египет, каде што одново се соединиле со грчката флота. Во свеченостите учествуваат официјални претставници и голем број граѓани, а се преигрува и морнаричката битка, во чест на храбрите војници што се бореле за слободата на целиот свет.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrnЛетниот одмор не може да помине без долгите, опуштени денови исполнети со лежење на песочните плажи. Доколку за својот одмор го одберете прекрасниот остров Скијатос, еве на кои плажи треба да им посветите најмногу внимание.rnrnЛалариаrnrnНајголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи. На малиот остров има точно 60 плажи, кои варираат според подлогата, големината, фреквенцијата на луѓе, организираноста итн.rnrnНајдобро организираните плажи се наоѓаат на југоисточниот дел од островот, недалеку од гратчето Скијатос. Тие плажи изобилуваат со барови, лежалки, чадори за сонце, организирани активности и спортови на вода, итн. Првата голема плажа е Мегали Амос, исклучително долга плажа на којашто доаѓаат илјадници туристи и е идеална за оние кои сакаат да се наоѓаат на место со многу луѓе. Следни на ред се плажите Василиас и Ахладиес, места коишто се идеални за спортови на вода (особено Ахладиес е погодна за сурфање на ветар, поради силните ветришта што дуваат во тој предел).rnrnМногу блиску се наоѓаат и плажите: Канапица, Каламаки, Вромолимнос, Агиа Параскеви и Трулос. Сите се одлично организирани, речиси секогаш полни, изобилуваат со зелени површини, златни песоци и кристално бистра вода.rnrnВромолимносrnrnИ тогаш доаѓате до плажата Кукунарис, по што останувате зачудени. Околу неа има густи борови насади коишто создаваат магичен пејзаж. Зад боровата шума се наоѓа езерото Строфилиа, живеалиште на повеќе видови ретки птици. Ова место е заштитено од Грција и Европската Унија, а плажата е една од најпознатите во целата држава, пример за одлично организирана плажа. На исток од Кукуранис е плажата Банана којашто е една од најпопуларните нудистички плажи.rnrnНа северната страна од островот ќе ја најдете егзотичната плажа Мандраки (или пристаништето на Ксеркс). Оваа плажа лежи на песочни ридови. Следна е релативно мирната плажа Елиа. На северната страна исто така вреди да се посетат и плажите: Микрос, МегалосАселинос, Кериа, Лименариа, како и Мегалос Гиалос и Ксанемос – на север од градот. Се работи за прилично тивки плажи со недопрени природни убавини.rnrnНе пропуштајте да го заобиколите островот со кајак, со што ќе можете да ги погледнете сите скриени места по брегот, но и да стигнете до најпознатото место на островот, плажата со бели камења, Лалариа, до којашто се стигнува само по воден пат.rnrn
rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrnСкијатос е релативно мал остров, но неговата извонредна местоположба и природните убавини го прават место погодно за цела низа забавни активности, буквално за сечиј вкус.rnrnrn
Прошетки
rnКако и секој морски рај, така и Скијатос е идеален за оние што сакаат да се прошетаат, особено приквечер, покрај морскиот брег или пак високо во ридовите, од каде што се гледаат морските пространства. Постојат повеќе патеки за пешачење, но голем дел од нив се претворени во земјени патеки. Островот е мал, но не премногу мал, па затоа само поамбициозните би требало да тргнуваат на подолги прошетки.rnrnrn
Кампирање
rnПостојат два официјални кампови на островот. Едниот се наоѓа близу плажата Ксанемо, недалеку од крајот на аеродромот. Другиот е кампот Кукунарис, на спротивната страна од островот. Поискусните кампери и оние што се поавантуристички настроени можат да кампираат и на необележани места на островот.rnrnrn
Едрење
rnВодите околу островот Скијатос и соседните острови Скопелос и Алонисос се вистински рај за оние што сакаат да едрат, но и за оние што сакаат да уживаат во убавините на природата. На островот можете да изнајмите едрилица до или над 10 метри, да заминете сами на едрење или со придружба, а искуството во секој случај ќе биде незаборавно.rnrnrnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrnЗакинтос е најјужниот и третиот најголем остров во Јонското Море. Неговата уникатна местоположба и природните богатства го прават овој остров едно од најубавите и најпогодните места за активен или релаксирачки одмор. Денес ви пренесуваме 10 интересни факти за ова парче од рајот на Земјата.rnrnrnrn1.Закинтос се наоѓа на 18 километри оддалеченост од пристаништето Килини. Вкупната површина му е 406 квадратни километри, а должината на брегот е 123 километри.rnrn2.Највисоката точка на Закинтос е врвот Врахион (758 м.н.в.), а втората највисока точка е врвот Скопос (492 м.н.в.).rnrn3.Овој јонски остров е именуван според Закинтос, синот на Дарданиј, кој е син на Зевс и Електра (една од седумте Плејади).rnrn4.Во Средниот век жителите на Закинтос се спасиле од отоманското ропство, но затоа биле под власт на Венеција со векови.rnrn5.Најдлабоката точка во средоземниот регион се наоѓа на околу 4.000 метри југоисточно од Закинтос.rnrn6. Закинтос и Родос го делат првото место на листата на места во Грција кои во текот на годината добиваат најмногу сончеви часови.rnrn7.На овој остров има само еден град, со истото име, Закинтос и 44 села.rnrn8. Закинтос започна да прераснува во туристички рај од 1965 година.rnrn9.На Закинтос има преку 35.000 постојани жители и најголем природен прираст во цела Грција.rnrn10.Закинтос за првпат е спомнат во епските дела на Хомер: „Илијада“ и „Одисеја“.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrnАко некогаш сте посакале да отпатувате на Закинтос, сигурно сте чуле многу за Лаганас и забавите за кои таму доаѓаат илјадници туристи од Велика Британија, Русија, Србија… Но, Закинтос нуди и многу повеќе од забави. Едно од најпрекрасните места на островот е гратчето Аргаси.rnrnrnrnГратчето Аргаси се наоѓа на источниот брег на Закинтос, на само 4 километри оддалеченост од истоимениот главен град на островот. Аргаси е еден од првите туристички центри на Закинтос кој го прослави островот и започна да привлекува илјадници туристи секоја година и тоа со добра причина…rnrnrnrnГратчето е подигнато во една раскошна, зелена рамнина, токму на средината помеѓу градот Закинтос и полуостровот Василикос. Веднаш зад Аргаси започнува да се издига планината Скопос, обрасната со недогледните борови шуми.rnrnrnrnЦентарот на Аргаси гравитира околу главната улица, која потоа се движи долж целото гратче и од двете страни е преполна со продавници, маркети, кафулиња, таверни, ресторани и сѐ што ќе ви биде потребно за удобен престој исполнет со уживање.rnrnПлажата во Аргаси е долга нешто преку 1 километар. По нејзината должина се изградени најголем дел од сместувачките капацитети, што значително го олеснува движењето во секој дел од денот.rnrnrnrnУбавината на Аргаси е претставена со уникатниот спој на планинскиот и приморски пејзаж, со борови шуми, но и палми; со можноста за забава до утринските часови, но и мирен семеен одмор; со гостопримливоста која ќе ве намами да се враќате повторно и повторно…rnrn
rnrnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnПогледнете ја понудата за Закинтосrnrn[/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrnЛефкада е остров што на посетителите им нуди голем број скриени богатства и места за истражување. Ако го поминувате својот одмор на овој прекрасен јонски бисер и сакате да видите како изгледал животот пред 50 години, тогаш треба да ги посетите планинските села.rnrnАгиос ПетросrnrnНајголемиот дел од островот Лефкада е прекриен со планински венци, од кои највисоката планина е Ставрота со височина од 1.158 метри над морското ниво. Ако прошетате низ планинските предели на Лефкада ќе пронајдете десетици планински села на различна надморска височина, во кои се чини дека времето застанало пред половина век, зачувувајќи го автентичниот начин на живот на локалните жители.rnrnДоколку сте расположени за истражување, ви препорачуваме да посетите дел од овие села, за да ја искусите атмосферата на некогашната Лефкада, која полека се менува, бидејќи местото станува сѐ попопуларна туристичка дестинација.rnrnВо близина на главниот град, Лефкада, се наоѓаат повеќе села, од каде што има прекрасен поглед на градот и мостот кон копното. Меѓу нив најпознати се: Спанохори, Лазарата, Кавалос и Аспрогераката. На спротивната страна од истата планина се наоѓаат селата Римонас и Ексантија, од каде што има неверојатен поглед на отвореното Јонско Море.rnrnЕксантијаrnrnПланинските села на Лефкада се најпознати по традиционалните фестивали кои се одржуваат во речиси секое село. Најпознатите фестивали се во селото Карија, кое се наоѓа во средиштето на островот. Во текот на месец август таму се одржува фестивал на виното, како и традиционалната свадба.rnrnА, кога станува збор за југот на Лефкада, селото што не смее да се пропушти е Агиос Петрос, кое се наоѓа високо над Василики, од каде што има прекрасен поглед на целата долина, туристичката населба, но и морето. Во Агиос Петрос ќе забележите дека најголем дел од градбите ја задржале автентичната архитектура и по нивната реконструкција.rnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrnrnrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrn rnrn