КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Како да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?

    Како да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?

    Меѓучовечките односи подразбираат размена на енергии. За да се чувствуваме убаво, најдобро би било да се запрашаме: Кој ни дава енергија, а кој ни ја троши? Тешките луѓе знаат да ја исцицаат сета ваша енергија, па затоа треба да знаете како да се справите со нив. Повеќето тешки луѓе немаат вистинска намера да ви наштетат, тие едноставно не се свесни за нивното лошо однесување. Ретки се тие кои имаат навистина зла душа.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rnrnТреба да станете свесни дека сите ние знаеме да бидеме тешки понекогаш. Немојте да ги осудувате останатите, бидејќи проблематичните луѓе најчесто имаат големи проблеми со самодовербата и чувствата. Најважно е да знаете како да ги препознаете енергетските вампири и како да реагирате на нивните непромислени постапки. Постојат 5 типа луѓе со тешки карактери, а тоа се следниве…rn

    1. Крал/кралица на драмите

    rnТие се способни да направат од мува слон. Нивниот живот секогаш оди до екстремни граници, или е неверојатно добар или е неподносливо лош. Тие постојано преминуваат од криза во криза и живеат во хаос.rnrnКако да се одбраните? Поставувањето граници ќе ја намали нивната емоционална екстраваганција. Овие вампири не се помируваат како воспоставите рамноправност. Тие ќе победат само ако успеат да ве потчинат. За да останете смирени, веднаш штом забележите дека овие поединци почнуваат да драматизираат, вдишете длабоко и задржете го фокусот. Потоа, концентрирајте се на вашето дишење. Дозволете му на вашиот здив да ве ослободи од нервозата и да ве приземји. На овој начин нема да бидете фатени во нивната пајакова мрежа од драми и екстремности.rn

    2. Пасивно-агресивни луѓе

    rnОвие карактерни типови ја искажуваат нивната лутина со насмевка или со претерана загриженост, но секогаш остануваат смирени. Тие се експерти за маскирање на непријателските намери. Честопати ги одложуваат обврските или го користат очигледниот изговор „Заборавив“ за да одбегнат преземање одговорност. Не даваат директни одговори. Овие луѓе се неподносливи, бидејќи изгледаат како да сакаат да ви направат услуга, но знаат точно како да ве разлутат.rnrnКако да се одбраните? Ако нивните двосмислени пораки ве збунуваат, верувајте ѝ на вашата интуиција. Доколку се обидувате да ослабите, а тие ви се умилкуваат со тоа што ви носат десерт, слободно кажете им го следново: „Не требаше да ми донесеш сладолед кога знаеш дека држам диета.“ Ако јасно и прецизно им кажете што ви пречи, пасивно-агресивните луѓе ќе се повлечат. Немојте да мислите дека можете да ги промените. Однесувањето на пасивно-агресивните енергетски вампири потекнува од нивното детство кога не им било дозволено да го искажат нивниот гнев. Преку саботирањето на другите луѓе, тие се обидуваат да воспостават контрола.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rn

    3. Нарциси

    rnОвие вампири мислат дека се центар на универзумот и копнеат по внимание. Некои од нив се многу егоцентрични, но некои се шармантни, интелигентни и големи заводници. Ако сте ранливи, тие веднаш ќе ја преземат улогата на бестрашни витези за да ве спасат. Нарцисите многу добро знаат како да ве изиграат. Најпрво ќе ве натераат да се вљубите во нив, но кога вашата восхит ќе исчезне, тие почнуваат да ви заповедуваат, да избувнуваат и да покажуваат пасивно-агресивно однесување.rnrnКако да се одбраните? Со оглед на тоа што тие сакаат да имаат моќ и да предизвикуваат восхит, немој да мислите дека нарцисите некогаш ќе почнат навистина да се грижат за вас. Вашите очекувања мора да бидат реалистични. Вашата самопочит не смее да зависи од нив и немојте да ги споделувате вашите најдлабоки чувства, бидејќи нивната реакција секогаш ќе ве разочарува. Ако им се пожалите или налутите, нема да постигнете ништо. Наместо тоа, пумпајте го нивното его и обидете се преку нивните барања да ги остварите и вашите лични интереси.rn

    4. Вечни жртви

    rnОвие луѓе се како разрушени куќи на кои постојано им требаат некакви поправки. Постојат два типа жртви од кои треба да се чувате. Првиот тип жртви ќе ве претворат во нивен приватен терапевт, ќе ви се јавуваат по 100 пати на ден и ќе очекуваат од вас да им ги решите проблемите. Вие ќе сакате да им помогнете во име на вашето пријателство, но нивните барања немаат крај и ќе ви ја исцрпат сета енергија. Вториот тип жртви се луѓе кои ги гледате како проекти. Овие вампири се многу привлечни, бидејќи ќе ви дозволат да ги поправате и ќе ги прифаќаат сите ваши предлози, иако во реалноста не се навистина заинтересирани да се променат.rnrnКако да се одбраните? Ако постојано сте опкружени со луѓе кои изигруваат жртви, обидете се да разберете што е тоа што толку ве привлекува кај нив. Запрашајте се: „Дали ме поттикнува потребата од тоа да им се допаднам? Да ме сакаат? Да воспоставам контрола? Дали имам грижа на совест? Дали не знам да кажам ’не’?“. Кога ќе налетате на жртва, поставете основни правила околу тоа каков ќе биде вашиот однос и понудете емоционална поддршка само тогаш кога нема да има ниту еден друг излез. Ако си стоите на зборот, многумина ќе се повлечат, а некои ќе почнат повеќе да ѝ веруваат на нивната внатрешна мудрост или ќе побараат стручна помош.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rn

    5. Набивачи на грижа на совест

    rnОвој тип луѓе се светски обвинители, маченици и драматизатори. Тие многу добро знаат како да ја разбудат вашата грижа на совест со тоа што ја поттикнуваат вашата несигурност.rnrnКако да се одбраните? За да се справите со тешките луѓе кои постојано ви набиваат грижа на совест, ослободете се од идејата дека мора да бидете совршени. Сите прават грешки. Ако навистина се чувствувате виновни, повлечете се на сигурно место и добро исплачете се. Можете и да им се обратите со позитивни зборови, како на пример „Го разбирам твоето гледиште, но ме повредуваш кога го кажуваш тоа. Би ми значело доколку не го повторуваш постојано“.rnrnОвие енергетски вампири се неминовен дел од секојдневието и со сигурност ќе налетате на барем неколкумина од нив во текот на животот. Колку и да сакате, нема да можете да ги одбегнете, па затоа најдобро е да научите како да се справите со нив. Сведете ја комуникацијата со нив на минимум и не им дозволувајте да ви ја трошат енергијата. Останете доследни на себе и не им дозволувајте да манипулираат со вас. Не заборавајте дека ќе бидете среќни и расположени само доколку внимателно ги одберете луѓето кои ве опкружуваат.rnrnПогледнете ги и овие 6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чума.

  • Што се случува кога ги потиснувате вашите емоции?

    Што се случува кога ги потиснувате вашите емоции?

    Зарем не е точно дека секој од нас ги потиснува чувствата кога е тажен? Но дали е тоа добро? Емоционалното потиснување е многу користена тактика овие денови. Но не сме свесни дека со тоа само создаваме нови проблеми и бран од ментални нарушувања во нашиот живот. Еве ги 10-те начини на кои се справуваме со неискажаните емоции во секојдневниот живот.rnrn10-raboti-koi-gi-pravite-koga-gi-potisnuvate-vashite-emocii-kafepauza.mkrn

    1. Грижа за другите

    rnПодобро е да се справувате со емоциите на другите луѓе и да ги слушате нивните проблеми отколку да се справите со вашите. Поминувате многу време помагајќи им на вашите блиски да ја надминат кризата во којашто се наоѓаат наместо да се соочите со она што ви се случува вам. Ова однесување е штетно кога не се чувствувате добро.rn

    2. Исчезнување на подолго време

    rnПонекогаш некои луѓе може да ви предизвикаат емоции кои не можете да ги контролирате. Можеби едноставно не сте способни да се справите со нив сами. Можеби имате проблеми од минатото кои ве тераат да се држите настрана од некои луѓе, и тоа на подолг период.rn

    3. Постојано сте зафатени

    rnАко постојано се движите од една работа кон друга, вашите емоции не можат да го држат истото темпо. А за вас, ова е одлично.rn

    4. Постојано тврдите дека сте во ред

    rnАко велите дека сте во ред кога всушност не сте, можеби имате и анксиозно нарушување кое ве „гризе“ однатре.rn

    5. Ирационални стравови

    rnДури и кога ќе ги сфатите вашите чувства, тие сепак можат да се појават во јавност и да направат да се засрамите. Ова води до ирационални стравови кои емоционално ве цедат.rn

    6. Правите сè да изгледа позитивно

    rnМногу често правите сите негативни работи да изгледаат позитивно. Вашиот свет можеби се руши, но вие сепак креирате лажно мислење и се убедувате дека сè е во ред. Притоа знаете дека работите можат да се променат за само еден ден.rn

    7. Планирате предвреме

    rnСакате да контролирате сè и да бидете во можност да предвидите како ќе се чувствувате. Ова ја спречува вашата спонтаност и не ви дозволува да бидете отворени кон нови изненадувања.rn

    8. Врски со луѓе кои не се добри за вас

    rnМногу често добрите луѓе кои можат позитивно да влијаат на нашиот живот нè одминуваат, бидејќи сме слепи кон нив. Многу често ја избегнувате емоционалната интимност и „заглавувате“ со луѓе кои не се добри за вас.rn

    9. Сите работи ги претворате во шега

    rnМожеби се смеете на сè што се случува, и ја користите вашата болка за забавување на другите.rn

    10. Се обидувате да изгледате силни

    rnНе постои човек без емоции. Дури и психопатите искусуваат збир од емоции, како на пример гнев, одвреме-навреме. Силните луѓе се луѓе кои ги потиснуваат нивните емоции и нив најмногу им е потребна помош.rnrnПогледнете и како емотивната болка може да се претвори во физичка.

  • Овие девојки никогаш не завршуваат со лоши момци, а ние ви ја откриваме нивната тајна

    Овие девојки никогаш не завршуваат со лоши момци, а ние ви ја откриваме нивната тајна

    Во што се крие нивната тајна? Едноставно е. Овие девојки знаат како да се однесуваат, како да пристапуваат и како да се придржуваат до неколку едноставни правила.rnrn1-ovie-devojki-nikogash-ne-zavrshuvaat-so-loshi-momci-a-nie-vi-ja-otkrivame-nivnata-tajna-www.kafepauza.mk_rnrn1. Тие ги избегнуваат момците со ниска самодоверба. Сакаат маж кој зрачи со самодоверба и само на таквите личности им даваат шанса.rnrn2. Овие девојки не прифаќаат лошо однесување.rnrn3. Не ги слушаат зборовите, туку сакаат дела. На нив делата им се поважни од какви било ветувања.rnrn4. Уште на почетокот даваат до знаење дека очекуваат почитување.rnrn5. Знаат што заслужуваат и не прифаќаат ништо помалку од тоа.rnrn6. Очекуваат мажот малку да се потруди околу нив.rnrn7. Јасно кажуваат кога нешто не им одговара.rnrn8. Чекаат сè додека не се целосно спремни за првиот сексуален однос со нов партнер.rnrn9. Не се плашат да бидат сами.rnrnОбидете се со овие неколку едноставни совети и најверојатно никогаш повторно нема да завршите со погрешен маж.

  • Без високи потпетици, алкохол и бакнување: 14 важни правила за првиот љубовен состанок

    Без високи потпетици, алкохол и бакнување: 14 важни правила за првиот љубовен состанок

    После долго време конечно сте повикани на љубовен состанок и за прв пат ќе седнете насамо со него. Ова ви е единствена прилика да се покажете во најдоброто светло. Не заборавајте дека првиот впечаток е доста важен, па доколку го уништите, тешко дека ќе следува друга прилика. За да си ги зголемите шансите за успешен прв состанок, прочитајте ги следниве правила…rnrn1-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_rnrn1. Немојте да облечете фустан на правиот љубовен состанок. Не дозволувајте му да ги види вашите колена, бидејќи мажите се слаби на нив, а вие сигурно не сакате да ја разбудите неговата фантазија уште на почетокот.rnrn2. Шминката не треба да биде нападна, колку поприродно толку подобро.rnrn3. Избегнувајте ги прашањата за неговото семејство и никако немојте да го прашувате кога ќе биде вашиот следен состанок.rnrn4. Не нарачувајте голема количина храна во ресторанот.rnrn5. Немојте да носите високи потпетици. Ако е состанок на слепо, а мажот низок, и двајцата ќе се најдете во незгодна ситуација.rnrn2-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_rnrn6. Не проверувајте го вашиот мобилен без причина, особено ако овој состанок навистина ви значи.rnrn7. Договорете се со вашата пријателка да ви заѕвони во одредено време, за да оставите впечаток дека сте барани.rnrn8. Никако немојте да се напиете на првиот состанок.rnrn9. Не покажувајте му фотографии од вашето милениче.rnrn3-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_rnrn10. Задолжително запомнете го неговото име.rnrn11. Ако тој ги спомне имињата на својот брат или пријател, запомнете ги и нив. Тоа е знак дека го слушате.rnrn12. Дозволете му тој да ја плати сметката.rnrn13. Без бакнување! Оставете го бакнежот за следниот состанок.rnrn14. Никако не измислувајте приказни за себе, бидејќи можете да ги заборавите до наредниот состанок, а тој може да ве потпраша за нив.rnrn4-bez-visoki-potpetici-alkohol-i-baknuvanje-14-vazhni-pravila-za-prviot-ljuboven-sostanok-www.kafepauza.mk_

  • 5 работи со кои најверојатно ги нервирате келнерите

    5 работи со кои најверојатно ги нервирате келнерите

    Знаете кое вино да го нарачате, која маса има најдобро осветлување за правење фотографии за Инстаграм и која храна да ја одбегнувате во повеќето ресторани. Но, пред да заклучите дека знаете како да се однесувате во ресторан, обрнете внимание на нештата со кои ги нервирате келнерите. Проверете дали правите некоја од следниве 5 работи и веднаш променете го начинот на однесување…rnrn5 работи со кои најверојатно ги нервирате келнеритеrn

    1. Ги собирате празните чинии

    rnВие мислите дека им помагате на келнерите да ја расчистат масата со тоа што ги ставате сите чинии на еден куп. Но, верувајте дека не е лесно да се носи цела кула од садови до кујната, така што најдобро е да ги оставите сами да си го направат распоредот на собирање валкани чинии.rn

    2. Се жалите дека јадењето ви се изладило (откако сте чекале 15 минути за да почнете со јадење)

    rnВашето јадење било послужено топло, но додека сте ја правеле совршената фотографија за Инстаграм, сте им се фалеле на пријателите за тоа колку вкусно изгледа и потоа сте продолжиле со разговор уште 10 минути, тоа се изладило. Келнерите не се виновни за ова, така што немојте да ја враќате храната, освен ако не ви била послужена ладна.rn

    3. Го враќате јадењето назад ако личноста која е со вас во ресторанот отишла до тоалет

    rnЗнаеме дека сакате вашите пријатели да добијат топол оброк, но ако го вратите јадењето, ќе ја попречите целата работа во кујната. Верувајте дека храната ќе биде исто толку вкусна ако поседи на маса 2 минути.rn

    4. Очекувате роденденски десерт без да го нарачате

    rnНема да погрешите доколку спомнете дека славите роденден кога ќе резервирате, но не очекувајте дека некој ќе ви донесе десерт со свеќички, освен ако не сте побарале. Вашите келнери не можат да ви ги прочитаат мислите и да претпостават дека ќе сакате десерт.rn

    5. Барате попуст ако се работи за посебна прилика

    rnЧеститки за вашата годишнина, но не сте вие единствените во ресторанот кои прославуваат некој посебен настан. Немојте да очекувате и да барате попуст.rnrnПрочитајте ги уште овие неколку работи што ги нервираат келнерите.

  • Психолозите откриваат: Овие 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракот

    Психолозите откриваат: Овие 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракот

    Љубовните врски се еден вид наука. Џон Готман, психолог од Америка, ги проучувал врските 40 години и открил 4 опасни начини на однесување кои тој ги нарекува „Четирите јавачи на апокалипсата“. Прочитајте за што станува збор за да можете да го промените однесувањето навреме и да си ја спасите врската или бракот…rnrnПсихолозите откриваат: Овие 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракотrn

    1. Презир

    rnЗнаци: Еден од партнерите го исмева другиот приватно и јавно, намерно му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Со други зборови, овие луѓе покажуваат дека не ја ценат саканата личност и дека се ставаат себеси на прво место.rnrnКако да го поправите ова: Ставете се себеси на местото на саканата или саканиот кои се жртва на исмевање и обидете се да ја согледате ситуацијата од нивна гледна точка. Потоа секогаш кога ќе помислите да ги омаловажите, сетете се колку ги сакате.rn

    2. Критики

    rnЗнаци: Еден од партнерите се нервира поради секоја грешка на другиот и ги спомнува дури и грешките од минатото. Како последица на тоа, критичарите не ја критикуваат само направената грешка, туку и карактерот на партнерот со зборови од типот: „Секогаш правиш грешки!“.rnrnКако да го поправите ова: Немојте да користите агресивен тон во разговорите и немојте единствениот мал проблем да го претворите во милион други. Смирено замолете го партнерот да се однесува поинаку нареден пат, а уште подобро би било ако го кажете ова без да ѝ придавате големо значење на ситуацијата.rnrnПсихолозите откриваат: Овие 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракотrn

    3. Заземање одбранбен став

    rnЗнаци: Еден од партнерите мисли дека направил нешто погрешно и за да ги одбегне критиките, веднаш се обидува да се одбрани на прилично агресивен начин. За ваквата ситуација карактеристични се следниве речници: „Не требаше да го направам тоа!“, „Не е моја вина“ и слично. Како последица на тоа, другиот партнер одговара остро и сето тоа завршува со жестока караница.rnrnКако да го поправите ова: Во вакви случаи, најдобро е да преземете одговорност за вашето однесување и да се извините. На тој начин, нема да трошите време на бесцелни караници, туку ќе можете да се посветите на уживањето во врската.rn

    4. Одбегнување конфликти

    rnЗнаци: Некои луѓе кога ќе почувствуваат дека надоаѓа емоционална бура, одговараат брзо и без емоции. Во такви ситуации, тие се обидуваат да го одбегнат партнерот на секој можен начин.rnrnКако да го поправите ова: Не бегајте и не ги потиснувајте вашите емоции. Обидете се да го решите проблемот на мирен начин, бидејќи во спротивно тој порано или подоцна ќе излезе на виделина и тогаш навистина нема да можете да го решите.rnrnДоколку сакате да го сочувате вашиот брак, прочитајте ги и овие 7 совети од адвокат за развод.

  • 40-ти: Години во кои вистинскиот живот започнува!

    40-ти: Години во кои вистинскиот живот започнува!

    Жените во 40-тите години… кои се тие? Ранливи, па дури понекогаш и беспомошни. Наивни, полни со доверба, како во 13-тата година. Одамна ја заборавиле незрелата романтика на 15-годишничките, ентузијазмот на 25-годишникчките, рационалноста на оние во 30-тите.rnrn2-chetiriesetti-godini-vo-koi-vistinskiot-zhivot-zapochnuva-www.kafepauza.mk_rn

    Нов свет

    rnТие виделе многу. Понекогаш ги затворале очите. А потоа ги отворале и забележувале нов свет, нови личности во огледалото, нов живот. Тие повторно веруваат во подобро, бидејќи на нив „најлошото“ најчесто веќе им се случило. Тие го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да го видат доброто онаму каде што другите и не го забележуваат. Имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Се држат до она што е најдобро за нив.rnrnТие се убави. Не се само симпатични. Тие се неверојатно убави, затоа што станале свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие научиле да го сакаат своето тело, така што секој е привлечен од нив.rnrnТие ја знаат тајната на животот!rnrnДоста им е од приказните за „милиони“, „кариери“ и „општествени статуси“. Тие сега точно знаат дека она што е најважно не е истото што се покажува на телевизија, што го пишува на Интернет или на статусите на социјалните мрежи. Важното во животот е самиот живот: Неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способноста за секојдневно радување…rnrnОдамна ги заборавиле несоодветните фрази, тактиките на заведување и подготвувањето на фустанот за излегување. Повеќе не се во фаза на „активно барање“, бидејќи веќе го пронашле она што им било потребно сите овие години – себе, вистинското себе.rnrnИ се покажало дека се такви – вистински, доста интересни и занимливи на сите. Па, скоро на сите.rnrn1-chetiriesetti-godini-vo-koi-vistinskiot-zhivot-zapochnuva-www.kafepauza.mk_rnrnТие повторно можат гласно да плачат и да се смеат. Веќе престанале да го носат „оклопот“ на општествените норми за однесување, забрани и дозволи. Тие не го сакаат она време кога требало исправено да ги држат рамениците и главата, без разлика што и да се случи, времето кога се смееле, а им се плачело и времето кога тивко кимнувале со главата кога сакале да возвратат со спротивставено мислење.rnrnПрестанале да се воздржуваат, излегле на слобода – живи, сигурни, беспрекорни! Тие живеат исто како што и дишат: Силно, потоа тивко, а потоа нежно, едвај чујно, потоа забрзано и невнимателно. Дишат во ритамот на животот.rnrnКонечно, во 40-тите години тие успеваат да живеат во исто време со животот!rnrnЖените о 40-тите години не се тетки! Тие носат подолги здолништа, бидејќи се елегантни и женствени. Но, тие носат и кратки здолништа, и фармерки и бижутерија – бидејќи така им е удобно. Нема потреба да се докажуваат. Важно им е тоа да им се допаѓа.rnrnPortrait of cute young business womanrn

    Секогаш на време

    rnТие не сакаат да знаат за „модата“ и „трендот на оваа сезона“. Сакаат да бидат убави за себе. Тие се тренд сами за себе. Жените во 40-тите години престануваат да ги бројат калориите затоа што љубовта, интересот, движењето, виталноста и инспирацијата помагаат многу повеќе од фитнес центарот и пластичниот хирург.rnrnПа да, токму тоа е причината зошто станале толку убави.rnrnТие знаат да ја ценат секоја минута, секаде доаѓаат на време, никаде не доцнат, бидејќи никогаш не брзаат.rnrnТие постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно – живеат.rnrnИ точно знаат дека дури и по 40 години од сега – ќе бидат уште поинтересни!

  • Како реагираат хороскопските знаци кога надвор има снег, а температурата е под нулата?

    Како реагираат хороскопските знаци кога надвор има снег, а температурата е под нулата?

    Дали некогаш сте се запрашале какво влијание има вашиот хороскопски знак врз вашиот став кон снегот? Можеби тоа никогаш не ви паднало на памет, но сепак, според хороскопот може да се дознае и тоа. Пронајдете го вашиот знак и дознајте го овој занимлив и прилично точен опис на однесување.rnrn1-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_rn

    Овенот ги обожава снежните радости

    rnОвенот ужива во животот без разлика на температурата и временските прилики. Не може да го сопрат ниту температурата која е под нулата, ниту пак снегот до колена за да ги оствари своите замисли. Санкање, борба со снежни топки и правење снешко се неговите омилени активности во зима. Овенот едноставно обожава снег.rn

    Бикот ужива гледајќи ги другите

    rnБиковите ја сакаат природата, па прошетките рано наутро низ снегот им се омилени во текот на зимата. Тие не се заинтересирани за борбата со снежни топки или санкањето, па попрво ќе се наместат пред топлиот камин и ќе пијат топол чај или чоколадо и преку прозорецот ќе ги набљудуваат другите како се забавуваат на снегот.rn

    Близнаците сакаат сè, најважно е да има акција

    rnБлизнаците се лесно прилагодлив знак. На нив подеднакво им одговара сончањето во лето и борбата со снежни топки во зима. Романтичното шетање и уживањето во снежните радости, како што се на пример санкањето или борбата со снежни топки, за нив претставува идеално неделно попладне со своето семејство или пријателите.rn

    Ракот избира ќебе и топол дом

    rnРакот е голем емотивец кој обожава да биде во кругот на семејството во текот на зимските празници. Но, снежните радости не се на самиот врв на неговата забава. Поголем дел од времето поминува пред телевизорот, гледајќи стари филмови, отколку надвор на снегот.rnrn2-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_rn

    Лавот не се помрднува од снегот

    rnЛавовите како огнени знаци обожаваат постојано да бидат во движење и помеѓу луѓе. Зимските радости се како создадени за него, бидејќи Лавот е на снегот уште кога ќе паднат првите снегулки. Борење со снежни топки, санкање и правење снешко заедно со пријателите и комшиите е идеален зимски одмор за него.rn

    На Девицата ѝ е студено и мокро

    rnЗа сериозните и педантни Девици снегот не претставува возбудување и радост. Таа не ја гледа магијата на снегот, туку само чистењето што ја чека. Најомразено годишно време за Девицата е зимата. Таа единствено ќе ужива во добрите божиќни колачи пред разгорениот оган.rn

    Вагите се подготвени на сѐ

    rnОрганизираната Вага секогаш подготвено ќе ја дочека зимата. Тие веќе имаат на себе капа, ракавици, јакна и чизми, во кои ќе ги чекаат првите снегулки. Вагата ќе ужива во снегот и во снежните радости. Прошетките, свежиот воздух и грееното вино за неа претставуваат најголема радост.rn

    Скијањето е омилената снежна радост за Скорпиите

    rnСкорпијата ужива во зимските радости. Нејзината љубопитност ќе излезе на површината кога ќе се упати кон улиците кои не се исчистени од снегот и ќе ги повика своите пријатели во борба со снежни топки. Ги обожава зимските спортови и секогаш со задоволство ќе замине на некоја планина на скијање.rnrn3-kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-nadvor-ima-sneg-a-temperaturata-e-minus-stepeni-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелецот одвај го дочекал снегот

    rnЗимата може да го разбуди детето во Стрелецот. Штом падне првиот снег, тој веќе е надвор со целата опрема за борба со снежни топки и санкање. Своите пријатели, но и семејство ќе ги убедува да излезат со него надвор на снегот, без разлика колку време ќе му биде потребно. Зимата е неговото омилено годишно време.rn

    Јарецот фантазира за своето здравје

    rnИако Јарецот е вистински зимски знак, снежните радости не го веселат. Тој попрво би го поминал денот во топлината на својот дом, на каучот пред телевизорот и добра храна, или ќе побегне на некое место каде што ќе ужива во сонцето, високите температури, сауните или базените. Тој снегот ќе го набљудува само низ прозорецот или додека го чистат од паркингот.rn

    Водолијата е шампион во борбата со снежни топки

    rnВодолијата е една од оние знаци кои го обожаваат снегот и снежните радости. Таа ужива во свежиот воздух, недопрената природа и снегот, па ќе се обиде да го собере своето семејство и пријателите за заедно со неа да уживаат во снежните радости, борејќи се со снежни топки и санкајќи се по цел ден.rn

    Рибите се во состојба да ја преспијат зимата

    rnРибите сакаат снег, но не поради снежните радости, туку затоа што може да го преспијат целиот ден. Тие ќе уживаат во зимските пејзажи, но само од топлината на својот дом. Освен спиењето, Рибите навистина уживаат во семејните новогодишни и божиќни филмови и колачи.

  • Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

    Како да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?

    Многу е тешко да се најде некој кој ќе ви ја возврати љубовта во иста мера. Најчесто една од двете личности страда повеќе, а истовремено и губи повеќе. Никој не може со сила да се натера да сака некого, но затоа, може да научи да го контролира своето однесување. Доколку и вие неодамна сте скршиле нечие срце, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да ја задржите почитта и стабилноста во вашиот живот.rnrnКако да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?rn

    Ценете ги

    rnВо никој случај не значи дека вие треба да си ги принудувате вашите чувства, но, сепак, задржете некои од нив. Бидете благодарни дека некој сепак видел нешто посебно во вас, нешто што го привлекувало и што правело да се бори, да ви прости за многу работи и да ги заборави сите непријатности, само за да биде со вас. На оние на кои им го имате скршено срцето, дајте им до знаење дека го цените сето она што го направиле, дека и вие сте се обиделе да одржувате некоја рамнотежа затоа што сметате дека тоа било вредно да се направи. Во животот може да сретнете само една ваква личност или ни толку. Иако таа личност не ви одговара, сепак, обидете се да сфатите дека вие сте ѝ значеле многу и имате посебно место во нејзиното срце. Ценете ја затоа што сепак направила простор во нејзиното срце за вас, затоа што одвоила дел од своето време, дури и кога вие не сте во биле во можност да ѝ го подарите своето внимание. Само затоа што тие не биле „вистинските“, не значи дека не вредат ништо.rn

    Не треба да ви служат за зголемување на егото

    rnЧувството е прекрасно кога се наоѓате околу личности на кои им се допаѓате. Тоа ви дава самодоверба, а може да ви помогне и во моментите кога вербата во себе ви е нарушена од некој од поранешните партнери. Но, не треба да останувате во нивно друштво само затоа што така се чувствувате подобро, а на тој начин правите тие да се чувствуваат полошо. Дури и ако ви станат добри пријатели, секое пријателство подрзабира и земање и давање. Кога некоја личност не ви значи ништо, тогаш не бидете себични и не земајте од неа нешто што знаете дека не сте во можност да го возвратите. Ако вашата причина е само за да добиете пофалби или комплименти, тогаш подобро е да се оддалечите.rn

    Не давајте им лажна надеж

    rnАко веќе знаете дека некоја личност има чувства кон вас, а вие не можете на нив да возвратите во иста или слична мера, тогаш престанете да флертувате, да испраќате мешани сигнали или да давате празни ветувања. Никогаш не треба да се одлучувате да се состанувате со некој, ако не сте подготвени за тоа. Не трчајте по некоја личност за да ја потсетите дека постоите, ако потоа само ѝ го свртите грбот и си заминете. Не кажувајте дека некој ви недостига, ако навистина не го чувствувате тоа. Ако ви фали секс, тогаш постојат многу риби во морето.rnrnКако да се однесувате кон некој чиешто срце вие сте го скршиле?rn

    Прифатете ги вашите грешки

    rnНе е ваша вина ако во некоја личност не го пронајдете она што го барате. Но, тоа не значи дека намерно или ненамерно треба да си поигрувате со неа. Размислувајте зрело и прифатете кога ќе направите грешка. Притоа обидете се да сфатите како тоа влијае на другата личност, па не бидете горди да признаете дека сте погрешиле, дури и ако тоа го повредува вашето его. Вистинските мажи или жени не се оние кои не прават грешки, туку оние кои се спремни нив да ги прифатат.rnrnИзвинете им се затоа што сте ги повредиле, затоа што тие нема да направат ништо што вам би ви наштетило. Обидете се да гледате на нивното скршено срце од нивен аспект, па обидете се да ги разберете, затоа што после вас, тие можеби никогаш нема да погледнат друга личност на истиот начин. Не можете да ги промените своите чувства кон нив, но можете да го смените начинот како тие се чувствуваат. Во овој момент, тие можеби се прашуваат колку вредат, а нивната самодоверба е на многу ниско ниво. Не треба да ги сакате, но и покрај сѐ, треба да ги почитувате. Дајте им до знаење дека нивната самодоверба не зависи од тоа дали вие ќе ги сакате или не. Дајте им до знаење дека ви значат, како добри личности и пријатели. Не одете си од нивниот живот оставајќи ги со помислата дека никој нема да ги сака, само затоа што вие не можете да го направите тоа. Не оддалечувајте се во обид да се залажете дека тие никогаш не ви значеле ништо, зашто по одреден период може да сфатите дека тие сепак ви значеле, а тогаш да биде премногу доцна.

  • Се сметате за добра девојка? Еве како тоа ви штети на вашиот живот

    Се сметате за добра девојка? Еве како тоа ви штети на вашиот живот

    Дали сте типична добра девојка? Дали имате незапирлива потреба да бидете совршени? Дали имате ненадеен излив на емоции кои не можете да ги разберете? Дали луѓето ви кажуваат дека сте премногу добри, па потоа продолжуваат да ве повредуваат? Ако одговоривте потврдно на овие прашања, тогаш вие најверојатно страдате од „болката“ наречена „добра девојка“.rnrnДевојки, ако се однесувате премногу добро, тоа нема да ви помогне во живототrnrnЖените се толку опседнати со тоа да се покажат совршено пред општеството, што не сфаќаат дека нешто лошо се случува со нив. Тие ги ставаат туѓите потреби и чувства пред сопствените, а се ставаат себеси и во чевлите на другите, па ги рационализираат неприфатливите постапки. Тие претпоставуваат дека секој ќе биде толку фер, искрен и добронамерен, како што се и самите. Овие девојки им дозволуваат на луѓето да ги преминат нивните лични граници, а исто така им даваат и безброј шанси. Тие ги негираат и ги кријат своите чувства сѐ додека можат, па потоа едноставно не можат да издржат и експлодираат. Ова води кон „истурање“ на емоциите на оние што ги сметаат за виновни, а потоа следи процес на извинување. Така се создава еден круг кој постојано ја троши нивната самодоверба и предизвикува да се сомневаат во сопствените постапки и чувства.rnrnДобрите девојки претпоставуваат дека силните жени се одвратни и тврдоглави. Тие не ја сфаќаат разликата помеѓу тврдење и ароганција или доверба и егоизам. Тие не се свесни за тоа што навистина значи да се има поставено здрави граници, а навистина им е тешко и да кажат „не“, затоа што мислат дека на овој начин ќе бидат отфрлени од другите и нема да им се допаѓаат. Иако знаат дека се во право за некои ситуации, тие не го искажуваат своето мислење, а убедени се дека секогаш треба да бидат добри и да сочувствуваат со другите, без разлика како се третирани за возврат.rnrnДевојки, ако се однесувате премногу добро, тоа нема да ви помогне во живототrnrnОвие девојки се совршен плен за нарцисоидните луѓе, како во љубовните врски, така и на работните места. Нарцисите обично сакаат да ја префрлат вината на оние жени кои ги сметаат за слаби, па тогаш добрите девојки се прашуваат што не е во ред со самите нив и почнуваат да се сомневаат во сѐ. Таквите жени почнуваат да ги изедначуваат љубовта и пријателството со болка и копнеж, наместо со удобност, раст и поддршка. Добрите девојки ги потиснуваат своите чувства и погрешно веруваат во тоа дека сите ќе ги сакаат ако се внимателни. Тие не сфаќаат дека всушност се лицемерни личности. Негативните емоции како бесот, лутината, омразата, вината и срамот се присутни во секој од нас. Тие треба да научат да се однесуваат на здрав и нормален начин, наместо да го негираат нивното постоење, затоа што сето тоа не води кон ништо добро.rnrnДобрите девојки треба да утврдат кон кои квалитети сакаат да се стремат, како што се интелигенцијата, силата, храброста или страста. Тие треба да разберат дека може да бидат љубезни, но цврсти, убави, но силни. Овие девојки треба да почнат да се почитуваат и самите себе, да развиваат самопочит и самодоверба, со цел подобро и полесно да го живеат животот.