КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Како да престанете да им угодувате на другите?

    Како да престанете да им угодувате на другите?

    Дали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете принудени да кажете „да“ кога повеќе би сакале да кажете „не“ само поради тоа што сакате да им угодите на другите?rnrnКако да престанете да им угодувате на другите?rnrnСтатистички гледано, тенденцијата за угодување е поизразена кај жените отколку кај мажите. Студијата од 2010 година покажала дека 54 проценти од жените трпат поголеми негативни ефекти и врз менталното и физичкото здравје поради оваа тенденција, во споредба со 40 проценти од мажите.rnrnВо продолжение прочитајте како да почнете помалку да им угодувате на другите и повеќе да се грижите за себе.rn

    1. Не нудете несакани совети, насоки или стратегии за решавање проблеми освен ако не ве прашаат.

    rnНие имаме тенденција за вакво однесување со надеж дека ќе им помогнеме на другите. Меѓутоа, ако нашите совети и насоки се игнорираат, тоа може да создаде фрустрација и незадоволство кај нас.rn

    2. Вежбајте да не кажувате „да“ кога сакате да кажете „не“.

    rnОва создава внатрешна напнатост, намалување на самопочитта, како и проблеми во врската и односите со другите.rn

    3. Не сте одговорни за среќата на другите.

    rnЧувството на одговорност за среќата на другите луѓе го попречува нашето сопствено задоволство. Треба да бидеме способни и одговорни како поединци за сопственото лично задоволство.rn

    4. Ако се чувствувате искористени од другите, разговарајте со нив.

    rnТоа е најдобриот начин за зачувување на односите. Користете ги изјавите од типот „јас“ за да доставите до знаење дека преземате одговорност за чувството на огорченост и дека не ја префрлувате вината на некој друг за вашите чувства. Ако мислите дека луѓето сакаат да бидат околу вас затоа што сте онакви какви што сте, а не поради сето она што можете да го направите за нив, ќе развиете поголема самодоверба.rn

    5. Бидете искрени со себе и избегнувајте да ја докажувате својата вредност на клиентот или претпоставениот.

    rnВерувајте во сопствената вредност наместо да се обидувате постојано да угодувате. Обидот прекумерно да му угодите на претпоставениот може да има контраефект. Тоа може негативно да влијае на нивниот став за вас и да ја намали вашата самопочит.rn

    6. Само еднаш извинете се за грешката.

    rnНе можеме постојано да им угодуваме на луѓето. Ние сме луѓе, а не роботи. Грешките се ненамерни, а ние учиме од нив.rn

    7. Спречете го импулсот за предвидување на туѓите потреби – освен ако тоа не е побарано од вас.

    rnМожеби чувствувате дека сте љубезни и дарежливи, но ако тоа не ви биде возвратено подоцна, тоа може да поттикне незадоволство кај вас.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто животната цел на жената не е само да им угодува на другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

    Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

    Дали вашето однесување со саканата личност ја уништува вашата врска? Дали постојано навредувате некој што го сакате? Еве кои се можните причини за ваквото однесување.rnrnЗошто ги повредуваме оние кои ги сакаме? rn

    1. Нереални очекувања

    rnОчекувањата произлегуваат од секоја врска. Но, кога сакате некого најмногу, вашите очекувања можат да станат нереални и неразумни. Кога тие очекувања не можат да се исполнат, на крајот лесно можете да се налутите и да ја повредите личноста што ја сакате. Така, почнувате да ја споредувате вашата врска со другите и заборавате што е тоа што ја прави вашата врска вредна и единствена. Затоа, најважно од сè е да сфатиме дека никој од нас не е совршен и дека сите ние имаме недостатоци. Наместо да ги идеализираме нашите сакани, треба да ги прифатиме онакви какви што се.rn

    2. Трауми од минатото

    rnПричината зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме можеби лежи во минатото. Несаканите искуства, особено од детството, честопати резултираат со траума која несвесно влијае врз нашиот живот и нашите искуства како возрасни.rn

    3. Недостиг на комуникација

    rnИстражувањата покажале дека недостигот на комуникација може значително да ја влоши врската и да предизвика нанесување емоционална болка на личностите кои најмногу ни значат.rn

    4. Ниска самодоверба

    rnНиската самодоверба нè тера да се чувствуваме неспособни, несоодветни и несакани. Се чувствуваме несигурни и се плашиме да не ги изгубиме нашите сакани или да ги изневериме. Како резултат на оваа несигурност, можат да се појават токсични однесувања преку кои лесно можеме да ја повредиме личноста што најмногу ни значи.rnrnОткако прочитавте зошто ги повредуваме најмногу оние кои ги сакаме, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те фази на љубовната врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Љубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубени

    Љубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубени

    Доволно е да изберете една од овие слики која ќе ви открие што ви е најважно во љубовната врска. Препуштете ѝ се на интуицијата!rnrnЉубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубениrnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Доколку ја одбравте оваа слика, она што за вас преовладува во љубовната врска, барем во моментот, е стравот. Можеби овој страв се должи на некое тешко искуство од минатото кое ви предизвикало трауми. Но, што ако сега имате можност да започнете одново? Зарем нема да се чувствувате послободни кога ќе го надминете стравот и ќе ги преболите сите рани?[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Со самото тоа што ја избравте оваа слика, покажувате дека вашиот приоритет во љубовната врска е сигурната иднина. Имате потреба од сигурност, стабилност, но и заеднички план со партнерот за да знаете дека сте покрај вистинската личност. Скептични сте кога станува збор за љубовни врски или романтични страсти кои завршуваат исто толку брзо како што започнуваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Тоа што ве води во љубовната врска се импулсите. Им се препуштате на чувствата, без да водите сметка за рационалното. Вие сте од оние луѓе на кои не им е грижа што мислат другите, едноставно се предавате речиси без размислување. Ваквото однесување може понекогаш да биде извор на проблеми. Затоа, од големо значење е да можете да воспоставите рамнотежа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Вашиот идеал е основната, чиста љубов ослободена од секакви предрасуди. Вие сте личност која не се плаши да го слуша срцето, а за вас љубовта е нешто што постои надвор од времето и просторот. Цврсто верувате во тоа дека кога две срца ќе се спојат, ништо нема да може да ја прекине светата врска меѓу нив.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 5″ active=”false”]Оваа слика покажува дека она што ве води во љубовта е токму мистеријата. Доколку нешто ве привлекува, тоа е енигмата која не можете да ја решите и ви треба време малку по малку да успеете да дешифрирате барем делче од неа. Токму ова е клучниот фактор што ќе ве натера да се вљубите! Кога станува збор за љубовта, таинственоста е таа што ви дава најголем поттик.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест каде ќе изберете едно срце за да ја откриете вашата љубовна порака.rnrnИзвор: atma.hr

  • 5 причини зошто сте такви какви што сте

    5 причини зошто сте такви какви што сте

    Сигурно понекогаш ќе се најдете во ситуација кога со часови се обидувате да се анализирате себеси. Во тие моменти размислувате за тоа што е што не ви се допаѓа кај вас и како да се подобрите. Честопати ги занемарувате причините поради кои сте такви какви што сте. Но, доколку се обидете да ги разберете, ќе ви биде полесно да работите на својот личен развој.rnrn5 причини зошто сте такви какви што стеrn

    Вашата реакција кон критиката и желбата да им угодите на сите

    rnСе чини дека по раѓање сте „програмирани“ да ја следите оваа формула, особено доколку сте жена. Жената уште од најмала возраст е условена да им угодува на другите. Таа е научена на манири кои сепак не важат за момчињата. Дали мажот не плаче бидејќи е силен, а жената не плаче затоа што е ладна како карактер? Склоноста кон туѓото угодување ве прави да бидете она што сте.rn

    Колку брзо учите од сопствените грешки

    rnГолем дел од луѓето никогаш не учат од сопствените грешки бидејќи се плашат да си ги признаат, но и да ја напуштат сопствената удобна зона. Така започнуваме врска со некого кој е всушност незаинтересиран за нас затоа што ни поставува некаква цел кон која се стремиме. Некои пак, сè уште ги трпат каприците на своите деца и нивното лошо однесување затоа што тоа се чини полесно отколку да се научи од грешката и отворено да се разговара за проблемот.rn

    Дали имате надеж и верба

    rnВо животот е неопходно да имате цел кон која ќе се стремите, но и надеж и верба во себе дека ќе ја остварите.rn

    Дали ги обвинувате другите за сопствените проблеми

    rnОбвинувањето на другите е типична реакција за синдромот „јас сум жртва“. Не го добивте унапредувањето на работа затоа што вашиот шеф е посебно наклонет кон личноста што ја унапредил на ваше место, вашите деца имаат лоши оценки на училиште бидејќи наставниците го мразат вашето семејство, итн.rn

    Успехот е тој што ќе ви помогне да изградите сопствен став и карактер, а не неуспехот

    rnОва е голема причина зошто сте такви какви што сте. Неуспехот и тешкотиите не можат да го изградат добриот, цврст карактер без разлика на тврдењата на успешните. Успехот ќе ви помогне при зацврстување на карактерот, а вашите победи и времето кога сте биле први ве прави да бидете она што сте.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со причини зошто сте такви какви што сте, можеби ќе сакате да прочитате и 12 навики во однесувањето кои се клучни за личност со добри манири.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоа

    6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоа

    Сите сме слушнале врескање на деца во продавници, паркови и авиони, а понекогаш дури и вашите деца го прават тоа. Сепак, постојат причини за овој гнев, а најраспространетата е што на овој начин, децата ги искажуваат своите фрустрации, чувства и емоции. Во продолжение ќе прочитате зошто децата се однесуваат на овој начин и кои се најдобрите начини да се справите со тоа.rn

    1. Вашето дете бара внимание

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnАко вашето дете вреска, едноставно можеби бара внимание. Кога децата го сакаат вашето целосно внимание, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го привлечат и учат дека врескањето е многу ефикасен начин за да се постигне тоа.rnrnСовет: Научете кога да го игнорирате ова однесување. Игнорирањето е најкорисно за однесувањето каде што физички сè е во ред. Ако научите да го игнорирате барањето внимание, помалку веројатно е дека вашето дете ќе го стори тоа повторно.rn

    2. Вашето дете ги тестира своите децибели

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnВикањето и врескањето го достигнуваат врвот на возраст од 18 месеци до 2 години. Бебињата тестираат колку можат да бидат гласни затоа што тоа е нешто ново што го учат. За нив, тоа е новооткриена моќ што има способност да ги запре сите наоколу и да ги натера да го погледнат.rnrnСовет: Посветете му позитивно внимание на детето. Ако вашето малечко вика, кренете го в раце и зборувајте му тивко бидејќи тоа може да го смири.rn

    3. Вашето дете комуницира со вас

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnКога вашето дете сè уште учи да комуницира со вас и не можете да го разберете, тоа почнува да вреска. Тоа е единствениот начин да ги натера родителите да сфатат дека нешто не е во ред.rnrnСовет: Претворете го врескањето во игра. Ако сте на тивко место, на пример, во вашиот дом, можете да направите игра од тоа и да видите кој може да биде погласен за краток временски период, а потоа брзо да видите кој може да шепоти потивко.rn

    4. Вашето дете го изразува својот гнев, замор или глад

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnДруга причина за врескањето може да биде нешто едноставно, како глад, замор или лутина. На пример, кога вашето дете не може да добие нешто што сака, почнува да се лути. Тоа е сè уште многу мало и не знае како да се справи со фрустрацијата или како да покаже трпеливост и разбирање. Тоа се вештини што се развиваат подоцна во животот.rnrnСовет: Останете смирени. Ако одговорите со викање на неговото викање, тоа не е добро бидејќи само ќе ги влоши работите. Наместо тоа, покажете му помирен пристап и научете го како да го користи својот „внатрешен глас“.rn

    5. Вашето дете е вознемирено

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnДруга причина што детето може да се однесува лошо е затоа што се чувствува непријатно или вознемирено во одредени ситуации или кога ќе се најде во нова, непозната средина. Тоа место може да биде бучно, да биде преполно со странци или можеби не е дома, каде што може слободно да игра и да биде опкружено со своите омилени играчки, а тоа го прави раздразливо. Ова е причината зошто често слушате деца како плачат во преполни области, како што се ресторани, авиони и други места.rnrnСовет: Одвлечете му го вниманието. Понудете му нешто друго наместо тоа што го сака, но не може да го има или понудете му нова активност. На пример, пеењето песна може да направи чуда благодарение на неговиот краток опсег на внимание.rn

    6. Вашето дете е полно со енергија

    rn6 причини зошто децата врескаат и како да се справите со тоаrnrnЧестопати, кога децата врескаат, тоа е резултат на игрите што ги играат сами или со други деца и количината на енергија што ја имаат. Тој вид крик е здрав и сосема нормален бидејќи тие учат како да ги изразат сите емоции што ги имаат за време на играта со своите пријатели. Нивните врисоци може да значат различни работи, во зависност од атмосферата и теренот.rnrnСовет: Наградете ги за доброто однесување. Ова е еден од најдобрите начини да ги научите децата како да постапуваат правилно.rnrnПрочитајте зошто децата се однесуваат различно на училиште и дома.

  • Што прават мачките кога не сте дома?

    Што прават мачките кога не сте дома?

    Со над еден милиони прегледи, видеото на Роб, сопственик на мачки, му покажа на светот дека не сме ни свесни колку многу им недостасуваме на мачките кога не сме дома.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Shorty and Kodi (@shortyandkodi)

    rnrn

    rnrnrnМачките однатре се пољубезни, повнимателни и многу помили отколку што некогаш би помислиле. Роб Мур, сопственик на популарното дуо мачки Шорти и Коди, го докажа ова во своето вирално видео.rnrnРоб поставил неколку камери низ домот и снимил како се однесува Коди откако тој ќе замине. Роб му недостасува на Коби толку многу што ќе ве заболи срцето, а звуците што ги испушта се навистина неописливо тажни. Според Роб, однесувањето на Коди никогаш не се променило, дури ни по долго време.rn

    „Сè уште повремено поставувам камера за да го снимам откако ќе заминам и речиси секогаш ќе зграби некоја од своите играчки и ќе почне да талка низ станот и да мјаука гласно. Изненаден сум што моите соседи не се жалат. Кога ќе дојдам дома, Коди обично ми „вика“ како да сум го оставил, па го гушкам и му посветувам внимание додека ми ги „кажува“ сите страшни работи што му се случиле“ – вели Роб.

    rnПогледнете го целото видео што покажува што прави Коди кога неговиот сопственик Роб ја напушта куќата.rnrnhttps://youtu.be/4p6pm2yerHgrnrnОд друга страна, на Шорти навистина „не му е гајле“ кога Роб ќе замине и „само гледа во Коди како да е идиот“, според зборовите на Роб.rnrnРоб ги посвоил Шорти и Коди од локалните засолништа во Торонто и сака да им покаже на луѓето дека „животот е сјаен“. Коди е роден на 17 јануари 2012 година, додека Шорти е малку постар и е роден на 24 септември 2010 година.rnrnПрочитајте зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик.

  • Како се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?

    Како се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?

    Изневерувањето ја разнишува довербата во секоја врска, а најчесто води и до раскинување. Во продолжение прочитајте како се однесуваат хороскопските знаци откако ќе ве изневерат.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак откако ќе ве изневери?rn

    Овен

    rnЌе се обиде да ве обвини вас дека вие сте го натерале да ве изневери.rn

    Бик

    rnЌе ве опсипе со подароци и чоколада за да заработи прошка.rn

    Близнаци

    rnЌе ја обвинат личноста со која изневерувале и ќе се однесуваат како тие да не се виновни.rn

    Рак

    rnЌе почне да плаче и ќе ве моли да не го оставате.rn

    Лав

    rnЌе продолжи да лаже за она што го сторил иако бил откриен.rn

    Девица

    rnЌе ги обвини своите поранешни партнери, родителите или некој друг проблем од минатото за тоа што упропастила сè.rn

    Вага

    rnЌе ви кажува мелодраматична приказна дека изневерувала затоа што се чувствувала несигурно.rn

    Скорпија

    rnЌе се заколне дека никогаш нема да се случи тоа повторно и постојано нагласува дека не сака да ве изгуби.rn

    Стрелец

    rnЌе измисли комплицирано објаснување за своето однесување што нема никаква смисла.rn

    Јарец

    rnЌе одговори на сите ваши прашања и целосно ќе преземе одговорност за тоа што го направил.rn

    Водолија

    rnЌе ви дозволи да го проверувате нејзиниот телефон и да ги читате нејзините пораки за да се чувствувате посигурно.rn

    Риби

    rnЌе раскинат со вас затоа што сте вознемирени.rnrnПрочитајте поради кои негативни карактеристики на вашиот хороскопски знак може да ве напушти партнерот.

  • Дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?

    Дали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?

    Прекумерната грижа, љубов и внимание навистина не се добри за вашето домашно милениче. Не станува збор за галењето на вашето домашно милениче, туку за малите грешки што најверојатно ги правите несвесно и со тоа му наштетувате на вашиот крзнен пријател. Верувале или не, вашето куче ќе продолжи да ве сака бесконечно, дури и кога ќе престанете да го разгалувате.rnrnДали го разгалувате вашето куче со вашето однесување?rn

    Вашето куче сака храна што ја јадат луѓето и вие му ја сервирате

    rnАко го храните кучето директно од вашата чинија, ќе го разгалите многу . Не само што го учите вашето куче да биде покрај вашата трпеза кога ќе седнете да јадете, туку и му давате храна што не е за него. Во најмала рака, му дозволувате да внесува повеќе калории отколку што му се потребни.rn

    Му давате десерти на вашето кучето

    rnСлатките не треба да изнесуваат повеќе од 10% од исхраната на вашето домашно милениче. Давањето слатка храна на негово барање е многу лоша навика, која може да има негативни последици понатаму. Дебелите кучиња живеат пократко и страдаат од поширок спектар на болести како што се тумори, артритис и срцеви заболувања.rn

    Го носите во своите раце веднаш што ќе го покаже првите знаци на замор

    rnСопствениците на малите кучиња имаат навика често да ги носат милениците во своите раце затоа што се премногу уморни за да можат да одат. Само затоа што се мали, не значи дека им недостасува сила и дека се уморни по само 5 минути пешачење. Пешачењето и трчањето им се неопходни на кучињата за добро здравје, раст и развој. Ако забележите дека вашето куче е уморно, застанете и дајте му можност да се одмори, но не го земајте во раце.rn

    Вашето куче има повеќе облека од вашите деца

    rnАко станува збор за навистина студена зима, топлото палто или џемпер е нешто што може да се толерира, особено ако имате мало или постаро куче. Но, ако вашето домашно милениче има облека за секоја пригода, можеби претерувате и треба да знаете дека таа облека навистина не му е потребна.rn

    Купивте поголем кревет затоа што кучето сака да спие со вас

    rnКолку и да го сакате вашето домашно милениче, тоа треба да има свое место за одмор и за спиење. Можеби мислите дека му правите услуга и искажувате љубов, но со секое ваше движење за време на спиењето може да го вознемирувате и да го будите, така што му го нарушувате сонот и нанесувате штета на неговиот имунитет.rnrnПрочитајте што да правите ако во куќата имате бебе и домашно милениче.

  • 7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборува

    7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборува

    Вашето дете отсекогаш се однесувало добро, но одеднаш почнавте да забележувате дека се појавуваат недоразбирања во комуникацијата. Децата може да почнат да презборуваат, па дури и да ги превртуваат очите. Вам тоа однесување ви е чудно, но сепак можете да најдете решение и да управувате правилно со овие ситуации со цел да изградите здрав однос со вашите деца. Овие 7 чекори ќе ви откријат како да се однесувате кога вашето дете ќе почне да презборува.rn

    1. Не одговарајте со ист тон

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnТешко е да останете смирени кога вашето дете ќе почне да презборува, но важно е да внимавате на вашето изразување. Треба да се обидете да бидете пример и да покажете почит. Викањето, врескањето или лошите зборови нема да ви помогнат.rnrnСепак, не дозволувајте му вашето дете да почне повторно да презборува. Објаснете му дека треба да го поправи своето однесување и клекнете на ниво на неговите очи додека разговарате со него.rn

    2. Обидете се да го разберете проблемот што го има

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnНикогаш не заборавајте дека вашето дете сè уште учи како да го контролира своето однесување и дека понекогаш не знае како да се справи со проблемите. Поради тоа, нормално е да покажува недостаток на трпеливост. Откако ќе поставите ограничувања кога станува збор за неговиот тон, обидете се да разберете каков проблем има. Честопати, кога детето презборува, изразува лутина, фрустрација, повреденост или страв.rnrnСекој ден поминувате најмалку 15 минути насамо со вашето дете, посветувајќи му внимание. Обидете се да ги разберете неговите потреби, надежи и соништа. Можеби вашето дете сака да го проучува универзумот, а вие никогаш не сте го однеле на планетариум.rn

    3. Кажете му на вашето дете дека знаете дека е вознемирено

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnПсихолозите сугерираат да користите реченици како: „Ох! Мора да си вознемирен штом разговараш така.“ или „Сакам да слушнам повеќе за ова, но не можам да слушам кога се чувствувам дека ме напаѓаш.“ Потоа, предложете да разговарате за проблемот откако двајцата ќе се смирите.rn

    4. Покажете какви се последиците и очекувајте почит

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnДецата треба да видат како љубезното однесување може да им биде од корист. Не треба да се игнорира секој лош збор или секое превртување на очите. Вашето дете треба да знае какви се последиците од неговото презборување, па затоа покажете му дека ви пречи неговото непочитување. Исто така, можете да ги покажете последиците од лошото однесување со додавање на дополнителни работни задачи или со скратување на времето поминато пред телевизор или компјутер. Во овој случај, децата ќе ве сфатат сериозно. Но, не заборавајте да ги одржувате своите ветувања ако детето не престане да презборува.rn

    5. Дозволете му на детето да го искаже своето мислење

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnАко децата го искажуваат своето мислење за нешто, тоа е добро. Но, тие треба да го сторат на пријателски начин, а вие не треба да ги прекинувате додека ви објаснуваат што мислат.rnrnСлушајте и обрнете внимание на проблемите што ги имаат вашите деца. Важно е да покажете емпатија и разбирање за вашето дете да не ве смета за непријател.rn

    6. Обидете се да откриете кога вашето дете обично презборува

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnМожеби вашето дете секој ден се враќа од училиште во лошо расположение. Тоа може да биде клучот за решавање на некој голем проблем и избегнување полоши последици во иднина.rn

    7. Пофалете го доброто однесување

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnСите сакаат да се чувствуваат ценето, а вашите деца не се исклучок. Ако видите дека вашето дете престанало да презборува и покажува благодарност, можете да го прегрнете, да му дадете комплимент или да кажете „благодарам“.rnrnНо, дајте им до знаење на децата дека тоа што сте пријателски настроени не значи дека можат да добијат што сакаат.rnrnПогледнете ги овие 7 опасни пораки во популарните бајки и прочитајте како да ги заштитите вашите деца од нив.

  • Зошто секој хороскопски знак изгледа застрашувачки, иако не е таков?

    Зошто секој хороскопски знак изгледа застрашувачки, иако не е таков?

    Вашите постапки имаат големо влијание врз впечатокот што го оставате кај другите луѓе, а астрологијата игра голема улога врз вашето однесување. Во продолжение прочитајте кои ваши карактеристики им изгледаат застрашувачки на останатите.rnrnЗошто секој хороскопски знак изгледа застрашувачки, иако не е таков?rn

    Овен

    rnВие го кажувате тоа што го мислите без да се грижите како ќе ве сфатат другите луѓе.rn

    Бик

    rnВие не толерирате малтретирање од никого и имате високи стандарди.rn

    Близнаци

    rnИзгледате како да не се грижите и како да не сте расположени некој да ви пречи.rn

    Рак

    rnВие сте тивки и се дружите само со луѓе за кои сметате дека се достојни за вашето време.rn

    Лав

    rnИмате голема самодоверба и став што покажува дека знаете што сакате.rn

    Девица

    rnВие сте многу успешни во секоја област од животот.rn

    Вага

    rnВложувате многу напор во вашиот изглед и секогаш сте најдобро облечени во просторијата.rn

    Скорпија

    rnЗборувате елоквентно и имате богат речник што прави да изгледате многу интелигентни.rn

    Стрелец

    rnВие не толерирате непочитување и не сте личност со којашто некој би сакал да си има проблеми.rn

    Јарец

    rnВие сте многу таинствени, така што никој не знае што имате на ум.rn

    Водолија

    rnСе облекувате и се однесувате на уникатен начин што ве истакнува од толпата.rn

    Риби

    rnСекогаш сте опкружени со пријатели затоа што многу луѓе ве обожаваат.rnrnПрочитајте за што најмногу жали секој хороскопски знак кога станува збор за љубовта.