Секако дека треба да бидете најдобрата мајка на светот за вашите деца, но внимавајте да не се однесувате како да сте му мајка и на вашиот сопруг. Тоа ќе ги „залади“ вашите односи и ќе ја убие страста. Сепак, честопати се случува жените да ги третираат нивните сопрузи како деца. Доколку се пронајдете во следниве 4 знаци, време е да го преиспитате вашето однесување кон партнерот…rnrn
rn
1. Постојано го потсетувате и му додевате за некои работи
rnСте чуле за стереотипот за досадната сопруга? Сите стереотипи во себе кријат по малку вистина. Ако постојано го потсетувате сопругот што треба да направи, тоа значи дека го сметате за незрело детиште. Нормално е тоа што се фрустрирате секогаш кога ќе заборави да купи млеко или да им ги даде лековите на децата, но мора да му дозволите самиот да си ја научи лекцијата кога ќе погреши нешто, наместо постојано да го потсетувате на неговите обврски. Имајте доверба во партнерот. Секако дека некои мажи се толку неодговорни што не ви преостанува ништо друго освен постојано да ги потсетувате и да ја преземате контролата во ваши раце. Доколку се работи за таков случај, време е сериозно да поразговарате со сопругот.rn
2. Не му дозволувате на вашиот партнер да преземе некаква одговорност
rnДали вие ги донесувате сите одлуки во вашиот дом? Не барате ништо од вашиот партнер, затоа што сакате вие да ги контролирате работите и не верувате во неговите способности. Ова е вистински проблем. Дефиницијата за партнер гласи: „Партнер е човек кој учествува во заедничкото извршување на обврските.“ Тоа значи дека вашиот партнер треба да прави нешто. Не сте сами во бракот. Ова се случува поради 2 можни причини: Вие или вашиот партнер. Доколку сакате постојано да ги контролирате сите, мора да се повлечете, да се справите со вашата анксиозност и да му дозволите на партнерот да ја преземе контролата во свои раце. Ако проблемот произлегува од вашиот партнер, време е да разговарате и да му дадете до знаење дека мора да преземе одговорност за некои работи.rnrn
rn
3. Вие сте секогаш задолжени за вашите деца
rnДали ги оставате децата сами со вашиот сопруг или се двоумите дали да му ја препуштите таа одговорност? Доколку се работи за второто, запрашајте се зошто е тоа така. Дали мислите дека вашиот сопруг не е способен да биде родител? Дали вие мора да ги контролирате работите? Дали вашиот партнер се однесува несигурно кога е подолго време сам со децата? Ако сметате дека не можете да му дозволите на сопругот да се грижи за децата, тоа е голем знак на предупредување. Како можете да сакате и да бидете венчани со човек кој е неспособен да ги извршува родителските обврски?rnrnМожеби вашиот партнер верува дека мајките треба да се грижат за децата. Ова е многу традиционално гледиште кое е сѐ уште застапено кај луѓето и не е праведно, но вам можеби не ви пречи. Од друга страна, пак, можеби премногу сте го критикувале неговиот начин на воспитување, па тој почнал да се чувствува несигурно како татко. Секако дека треба да си давате совети кога станува збор за грижата за децата, но не заборавајте дека најважна е тимската работа. Две глави подобро размислуваат од една.rn
4. Имате незрел сопруг
rnДали го третирате вашиот сопруг како дете затоа што така се однесува? Во тој случај, запрашајте се дали навистина ви треба уште едно бебе. Доколку вашиот партнер не знае да управува со финансиите, лошо се однесува со децата, премногу излегува и е многу себичен, треба да размислите дали сакате да останете во таков брак.rnrnБез разлика дали имате причина да му изигрувате мајка на вашиот сопруг или не, мора да се повлечете и да размислите за семејната и брачната динамика за да дознаете зошто тоа се случува и како можете да го поправите. Можеби сте навикнати да ја преземате улогата на мајка во секоја ваша врска, но тоа не треба да биде така. Вашето родителско однесување кон сопругот можеби се должи на вашата анксиозност или недоверба кон партнерот. Во секој случај, тоа мора да престане, а колку побрзо ги промените работите толку подобро.rnrnПрочитајте ги и следниве совети за да го сочувате вашиот брак.

rn
rnrnВие ги знаете сите недостатоци на вашиот партнер, но сепак го сакате. Кога ќе го видите сте возбудени и секогаш се чувствувате безбедно во неговата прегратка.rn
rnrnНа почетокот на врската луѓето постојано си кажуваат колку се убави или згодни. Со текот на времето овие комплименти стануваат поретки. Но, кај паровите кои вистински се сакаат комплиментите никогаш не престануваат.rn
rnrnДури и ако поминувате многу време заедно, тоа обично е со пријатели или кога сте излезени. Ако вистински се сакате, вие секогаш одвојувате време само за вас двајцата, останувате дома, разговарате и уживате во вашето друштво.rn
rnrnСакате врската да трае, па секогаш кога има некој проблем се обидувате да го решите што побрзо. Вие сте вљубени, вие сте тим и знаете дека во врската треба да се негуваат потребите на двајцата.rnrnПродолжува на 


rnrnКога лажговците не ја кажуваат вистината, тие избегнуваат да зборуваат за себе. Тие зборуваат или пишуваат за други, најчесто во трето лице, како да ставаат некакво растојание помеѓу нив и нивните лаги.rn
rnrnЛажговците се обично негативни бидејќи потсвесно чувствуваат вина за нивните лаги.rn
rnrnЛажговците обично сè објаснуваат едноставно бидејќи нивниот мозок не сака да смисли комплицирана лага. Судењето и евалвацијата се комплексни работи.rn
rnrnПокрај едноставните објаснувања, лажговците користат сложена структура за нивните реченици. Тие внесуваат зборови и неважни детали кои им помагаат да ја прикријат измамата.rn
rnrnАко не можете да забележите ниту еден од овие сигнали, но сепак се сомневате дека некој ве лаже, внимателно набљудувајте ги очите на соговорникот. Лажењето ги прави луѓето нервозни, а тоа резултира со забрзано чукање на срцето и ширење на зениците.rnrnПогледнете и што да правите кога 
rn
rn
rn
rn