Не мора секогаш да постои очигледна причина за да се стави крај на врската. Понекогаш еден од партнерите станува незадоволен и несреќен бидејќи неговите чувства едноставно не се толку силни како порано. Тоа не мора да значи дека сте направиле нешто погрешно или сте се промениле, туку дека тој се променил и сега му се потребни други работи во животот. Вие можеби сте толку многу заљубени што воопшто не ја ни забележувате промената во неговото однесување, но доколку погледнете на вистинското место, ќе забележите дека постојат одредени знаци. rnrn
rnrnСепак, ако забележите дека партнерот се оддалечува од вас, тоа не мора веднаш да значи дека крајот на врската е неизбежен. Постојат и многу други објаснувања како депресија, анксиозност, стрес и слични проблеми кои можеби се изворот на неговата ненадејна промена во однесувањето. Доколку навистина сте загрижени, најдобро е отворено да поразговарате, но пред да избрзате со донесување заклучоци погледнете ги следниве 10 суптилни знаци преку кои тој можеби се обидува индиректно да ви соопшти дека не сака повеќе да биде со вас…rnrn1. Престанал да прави планови со вас. Порано постојано бевте заедно, но одеднаш вашето долгогодишно момче наоѓа изговори за да не се види со вас. Тој можеби се обидува да го одложи неизбежното раскинување, додека не биде подготвен за тоа.rnrn2. Почнал да се допишува со други девојки. Постојано имате чувство дека тој зборува со некоја друга. Можеби станува збор за колешка или поранешна девојка. Знаете дека не ве изневерува, но како да си бара резерва во случај да прекинете. Ако ова навистина се случува, тој веќе знае кого ќе почне да „брка“ по вашето раскинување. Звучи лошо, но на тој начин тој ќе сака да се справи со прекинот на врската.rnrn3. Постојано сака да разговара за вашата врска. Тој постојано има потреба да разговара за проблемите во врската. Можеби тој сака да излегувате помалку со вашите пријателки или е загрижен за тоа како се развива вашата кариера. Станува збор за работи кои никогаш порано не биле проблем, а сега одеднаш се толку проблематични што мора да ги решавате заеднички како пар. Иако тимски работите на нивното решавање, сепак сите тие „проблеми“ евентуално ќе станат причината за вашето раскинување.rnrn4. Престанал да ви се доверува. Сте слушнале за неговото унапредување од пријател, затоа што вие не сте повеќе првата личност на која ѝ се јавува кога нешто големо и важно ќе му се случи.rnrn5. Сѐ што правите одеднаш почнува да го нервира. Никогаш не сте го виделе олку намуртен и нерасположен. Буквално сѐ што ќе направите, му пречи. Тоа е веројатно така затоа што ги потиснува неговите чувства и желба да ја прекине врската. Ова е многу збунувачки период за него и можно е неправедно да ви се истура без никаква причина.rnrn
rnrn6. Никогаш не е среќен кога е со вас. Тој престанал да се шегува кога е со вас. Не се смее кога се обидувате да го закачате или сте кажале некоја ваша шега која само вие ја разбирате. Тој е со вас, но не е присутен во моментот. Ве игнорира и постојано зјапа во телефонот. Тоа е показател дека тој веќе ја донел големата одлука, само го чека вистинскиот момент за да ви ја соопшти.rnrn7. Започнува караници без причина. Забавен и чуден факт за машкиот мозок: Ако тој започнува караници дури и кога никој не направил ништо лошо, мисли дека може да ве убеди дека вашата љубовна врска не е доволно силна за да опстане.rnrn8. Престанавте да имате секс. Ако тој никогаш не е заинтересиран за секс, иако порано не можел да ги тргне рацете од вас, тоа може да е знак дека неговото внимание го привлекла некоја друга девојка. Или стигнал до тој степен што сака да се држи подалеку од вас и физички и емоционално.rnrn9. Побарал да му дадете простор. Сосема е возможно да му треба некое време да биде сам. Некои луѓе уживаат во сопствената самотија. Но, постои веројатност тој да сака да види како би се чувствувал кога не би биле заедно. Исто е како да побарал да направите пауза, само што не звучи толку страшно.rnrn10. Неговите пораки не се исти како порано. Претходно тој постојано ви праќаше пораки за „Добро утро“ и „Добра ноќ“, но сега нема ни трага од истите. Нормално дека интензитетот на врската не може да биде ист како на почетокот и во ред е ваквите мали гестови да се намалат, но не и сосема да исчезнат. Дали вие сте тие кои постојано му се јавувате? Дали често се случува да му се јавите, тој да ви каже дека е зафатен и дека ќе ве побара подоцна, а тоа никогаш не се случува? Сте му пишале прекрасна порака за добра ноќ, а тој ви вратил со обично „Фала“. Овој знак дефинитивно не треба да го игнорирате и веднаш треба отворено да разговарате.
Tag: однесување
-

10 знаци дека тој сака да ја прекине вашата љубовна врска
-

Животната цел на жената не е само да им угодува на другите
Уште во минатото постоела одредена слика за жената дека таа пред сѐ треба да биде добра мајка и сопруга која ќе се грижи за семејството и домот, и ќе ги исполнува сите потреби на нејзиниот маж. Денес, работите се малку сменети со тоа што жените се понезависни, заработуваат и имаат повеќе можности, но сепак генералното мислење е останато исто: Жената треба да им угодува на останатите. Свесно или несвесно, родителите ги воспитуваат нивните ќерки на тој начин што им го всадуваат мислењето во глава дека ако тие не можат да ги исполнат туѓите потреби и очекувања, светот ќе ги смета за безначајни и ќе ја изгубат нивната вредност. Нормално дека и мажите се наградувани доколку ги прават другите среќни, но нашата култура не ги учи дека тоа е нивна работа. Од друга страна, пак, на жените им се промовира мислењето дека тие постојат само за да ги задоволуваат другите. Доколку не го направат тоа, ќе се чувствуваат безвредно.rnrn
rnrnМожеби тука лежи причината зошто жените почесто имаат ниска самодоверба, не се задоволни со нивниот физички изглед и се поанксиозни од мажите. Постојаниот притисок да им се угодува на луѓето прави да се чувствувате како да не сте доволно добри. За да се заштитат себеси од потенцијалната општествена казна во случај да не им угодат на другите, жените учат како постојано да водат сметка за нивниот изглед и начин на однесување.rnrnФакт е дека жените не би требало да се чувствуваат така. Со цел да се подигне свеста за овој проблем, прочитајте ги следниве неколку начини преку кои жените учат дека нивната вредност лежи во очите на другите луѓе…rnЖените треба да бидат убави
rn
rnrnИ тоа ги учат на многу одредена и ограничена дефиниција за „убавината“. Уште од рана возраст, девојчињата слушаат како жените се изложени на постојани критики ако се дебели или грди. Слушаат пофалби доколку се убави и слаби. И тие даваат сѐ од себе за да се вклопат во тие нереалистични стандарди за убавина преку облеката, шминката, вежбањето и држењето диети, само за да им се допаднат на другите. Доколку не можат да го постигнат тој идеал, другите ги тешат дека постои некој во светот кому ќе му бидат привлечни. Но, ретко кој им вели дека сосема е во ред и никој да не ги смета за убави. Нема ништо лошо во тоа да се ужива во модата, шминкањето, вежбањето или здравата исхрана. Поентата е дека не морате да ги правите тие работи доколку не сакате. Дури и вашето лице да не му е привлечно никому во просторијата, вие имате исто толку право да бидете таму колку и некоја девојка чиј изглед ги задоволува очите на другите.rnЖените секогаш треба да бидат насмеани
rn
rnrnНа жените им се вели дека треба да им се смешкаат на познатите и непознатите луѓе, за да изгледаат попривлечно. Понекогаш, тие веруваат дека смеењето ќе им го подобри социјалниот живот. Но, она што ќе ви дозволи да бидете свои и истовремено да им се допаднете на луѓето кои ви значат е доколку ги покажувате искрените емоции што ги чувствувате, какви и да се. Кога им се вели на жените да се смеат, со други зборови им се вели да бидат убави и со тоа се пренесува пораката дека нивното лице треба да изгледа на начин кој би делувал попривлечно, без оглед на тоа како жената навистина се чувствува. Тоа не е во ред и ниту една жена не би требало да се заморува со тоа.rnЖените треба да бидат тивки
rn
rnrnЖените ги учат да не ги вознемируваат другите со тоа што секогаш ќе молчат. Идејата е следнава: Ако не го искажуваат нивното мислење, нема да навредат никого. Кога жената јасно и гласно го брани својот став, тогаш таа се смета за наметлива и премногу заповеднички настроена, но доколку мажот го направи истото тој важи за самоуверен. Ова верување ги уназадува жените на работното место и во приватниот живот, и ги охрабрува луѓето да ги гледаат како предмети, а не како човечки суштества со свој став и мислење.rnТреба да им ја предадат контролата на мажите
rn
rnrnКога станува збор за љубовните врски и другите односи, ги учат дека треба да им ја предадат моќта на мажите за тие да се чувствуваат пријатно покрај нив. Тоа во основа значи дека за жената да биде посакувана од страна на мажот, треба да биде инфериорна. Секако дека мажот кој навистина го заслужува женското внимание е оној кој ја цени нејзината независност и индивидуалност.rnЖените треба да бидат совршени
rn
rnrnНаместо да ги учат дека треба да ги прифатат нивните недостатоци, жените живеат со сознанието дека не смеат да прават грешки за да не ги вознемират луѓето околу нив. Како последица на тоа, жените се обидуваат сѐ да направат совршено со надеж дека ќе им се допаднат на луѓето, што доведува до голема анксиозност.rnЖените не треба да покажуваат колку се паметни
rn
rnrnВо интерес на тоа мажите да се чувствуваат посупериорни, жените ги учат дека не треба да бидат премногу интелигентни и дека не треба да имаат силен натпреварувачки дух. Како резултат на тоа, жените не им дозволуваат на нивните таленти и интелигенција да заблескаат бидејќи се плашат дека тоа ќе направи другите луѓе, особено мажите, да се чувствуваат инфериорни. Иронично е тоа што од една страна жените ги учат да им угодуваат на другите со тоа што ќе бидат совршени, но од друга страна не треба да бидат премногу добри во ништо за да не претставуваат закана за луѓето.rnrnЗа жал, некои луѓе навистина ги вреднуваат жените врз основа на тоа дали тие им угодуваат на другите, жртвувајќи ги сопствените желби и потреби. Но, жените евентуално сфаќаат дека такви луѓе не им се потребни во животот. Сите ние заслужуваме луѓе кои ќе сакаат да го правиме она што нѐ прави среќни, без разлика дали тоа ќе им донесе среќа и ним или не. -

Она што те прави дама не може да се измери – тоа го чувствуваш, со тоа зрачиш…
Многу е тешко да се дефинира поимот елеганција. Но, затоа пак, секогаш можеме да ја препознаеме без ниту најмал сомнеж. Тоа е поради начинот на кој жената оди, начинот на кој таа говори. Елеганцијата се препознава во држењето на жената, како таа ја носи облеката, во леснотијата на нејзината насмевка, односно во сите оние мали детали кои го оставаат мажот маѓепсан. Елеганцијата не може да се измери – таа се чувствува, таа зрачи и свети.rnrn
rn1. Елегантната жена секогаш е свесна за својот изглед
rnКога некој ќе ве погледне, што тој всушност гледа? Жена која безволно оди кон своето работно место со спуштен поглед? Жена која чека автобус со мрачен израз на лицето кој покажува дека е уморна од сè? Како се случило ова? Кога ова слика станала дел од вас? Единствениот одговор е – секојдневната рутина, преголемата грижа за животните проблеми, а смеата во вашиот животот е сè помалку присутна.rnrnЕлегантната жена научила како да го контролира својот изглед и однесување. Сепак, ова не значи дека треба да започнете да се смеете со сила, за само да ја сокриете вистинската слика. Наместо тоа, ова активност би требало да стане вашата втора природа. Таа ги вклучува обидите да блескате со позитивност и оптимизам, дури и во моментите кога сте сами. Запомнете, овде не се работи за тоа да бидете насмеани, среќни и со убаво држење на телото само додека сте во друштво на своите пријатели и познаници, туку многу поважно е да се чувствувате удобно во длабочината на вашето битие.rn
2. Елегантната жена знае да се сака себеси, научете и вие!
rnЖената која се сака себеси, знае да забави и да се опушти. Таа ужива во звуците на тишината. Таа подобро би гледала во облаците, отколку во телевизискиот екран. Што било да работи, таа никогаш не се турка до работ на потполна исцрпност. За неа нема никаква смисла да се „убива“ на работното место поради поголем успех или за да ги усреќи своите најмили, бидејќи знае дека тоа е пат кој не води никаде. Од друга страна пак, кога ќе научите да се опуштите и да почувствувате мир и благосостојба во себе и со светот, тогаш ќе имате можност почувствувате исполнетост и на работното место и во домот. Обидете се да ги наполните вашите внатрешни батерии, да станете среќни и да донесете светлина во туѓите животи.rnrn
rn3. Елегантната жена не дозволува ништо да ја исфрли од рамнотежа!
rnЕлеганцијата ѝ се смее во лице на катастрофата. Дамата никогаш не е лицемерна на светот околу себе и неповолните животни изненадувања не ги сфаќа како лична навреда. Секоја личност на овој свет секојдневно добива доволна доза на причини дека може да се заштити самиот себеси. На нас останува да одлучиме дали ќе ја искористиме секоја пружена прилика и ќе извлечеме нешто корисно или пак само ќе седиме и ќе плачеме над нашата судбина. Елеганцијата доаѓа од ставот дека добрината на вашата душа е секогаш над сè. Дамата никогаш не чувствува потреба да озборува некого, бидејќи таа е полна со самодоверба и воопшто не ја интересира животот на останатите. Таа ги сака своите години, бидејќи знае дека секој период од животот носи нешто свое, затоа никогаш нема да ја слушнете како пати за деновите од младоста и затегнатото лице.rn
4. Елегантната жена знае како да ги прифати погледите на восхитување!
rnЖената со добар стил секогаш е во центарот на вниманието. Таа знае како да ги прифати пофалбите и погледите на восхитување. Таа не се плаши од популарност, ниту пак се заслепува со неа, бидејќи таа знае колку вреди. Ако нејзиниот колега ѝ упати некој комплимент, таа нема да одговори со „Не верувам, оваа блуза е навистина стара!“. Таа ќе го прифати комплиментот здраво за готово, а на колегата за возврат само ќе му се заблагодари.rnrn
rn5. Елегантната жена се чувствува пријатно во сопственото тело
rnАко сè уште мислите дека елегантната жена мора да поседува тенок струк, бујни гради и извиени колкови, тогаш ова е крајно време да заборавите на овој стереотип. Има многу примери на шармантни, весели, нежни, пополни жени кои зрачат со исклучителна елеганција и самодоверба. Тие знаат како да ја носат гардеробата која е во хармонија со нивното тело. Всушност, кршењето на денешните модни барања и граници е доста секси и добредојдено.rn
6. Елегантната жена никогаш не е роб на правилата и конвенциите
rnВистинската дама секогаш знае како да се прилагоди на дадената ситуација. Таа знае дека нема потреба да носи тесна, кожна јакна додека е на пикник. Ниту пак ќе облече високи потпетици за обична прошетка во парк или тесен костим во топлите денови. Не верувајте им на оние кои елеганцијата и перфекционизмот го нарекуваат оружје за успех или дека слободно пуштената коса е грешка за добар изглед. Слушајте ја својата интуиција, нурнете длабоко во себеси, бидејќи таму се кријат сите одговори и недоумици. Доколку чувствувате дека вашата коса изгледа прекрасно во својата природна состојба, тогаш пуштете ја и кренете ја главата. неудобните високи потпетици секогаш може да се заменат со удобни рамни сандали. И без разлика што и да правите, немојте да ја закопате вашата внатрешна индивидуалност со некои педантни црни или бели класични фустани! Бидејќи, кога станува збор за модните правила, тие се тука за да се кршат. Најважно е чувството!rnrn

-

Можеби ги правите несвесно: 10 работи со кои го излудувате вашето момче
Има некои работи кои девојките можеби ги прават сосема несвесно, но тоа многу лошо влијае врз нивните момчиња. Не станува збор за нивна помала самодоверба, туку едноставно најголемиот дел од мажите имаат потреба да ја совладаат конкуренцијата и да бидат први, единствени и најдобри. Иако можеби нема да ви каже или покаже, кога правите една од следните 10 работи, во главата на вашиот партнер почнуваат да се мотаат секакви мисли, исполнети со лутина, нервоза, недоверба, инает, љубомора…rnrn
rn1. Флерт со други момчиња
rnКога флертувате со други момци пред него, тогаш во неговата глава се одвива вистински хорор. Мажите во тие моменти реагираат најразлично, во зависност од нивниот темперамент и карактер, но внимавајте во негова близина да нема остри, ниту тапи предмети.rn
2. Се смеете на туѓи шеги
rnОва е една работа која комплетно ги излудува момците. Ако го прашате него, веројатно ќе ви одговори дека само тој има право да измами насмевка на вашето лице.rn
3. Женски излегувања
rnФактот дека мажите не знаат што точно се случува за време на вечерните дружења со жени е доволна причина да чувствуваат несигурност. Додека седи сам, во главата си замислува како ви приоѓаат и ви се додворуваат десетици момци таа вечер.rn
4. Ви се допаѓаат познати личности кои изгледаат подобро од него
rnЗнаете ли зошто некои момци едноставно не можат да поднесат некој актер, пејач, фудбалер? Па, поради вас. Поради нешто што вие сте кажале или сте направиле поврзано со таа позната јавна личност. Поради оној ваш излив на емоции кога ќе го видите на малите ТВ екрани. Ете, токму поради тоа.rn
5. Кога споменувате други момци само по нивното име, без објаснување
rnДоколку на вашето момче му раскажувате одредена случка од работа, внимавајте како ги употребувате зборовите. Ако ја почнете реченицата со „Оној Горан од работа“ или „Горан од мојот оддел“ тогаш е во ред, но доколку започнете со „Како ме изнасмеа денеска Горан“, тогаш создавате хаос во неговата глава.rn
6. Праќате пораки на други момци
rnТој полудува во моментот кога сфаќа дека праќате порака на друго момче, без оглед за каква содржина станува збор.rn
7. Најдобриот пријател не ви е девојка, туку момче
rnНема врска колку долго се познавате со вашиот другар и колку сте „само другари“. Вашиот партнер сигурно веќе неколку пати си помислил дека веројатно сте имале интимни односи, некогаш одамна. Еднаш, некогаш, случајно. За таквото размислување обвинете ги стереотипните романтични комедии.rn
8. Се сеќавате на позитивни спомени од поранешните момчиња
rnКога ќе споменете некое ваше поранешно момче во некоја позитивна конотација тогаш се создава страв и несигурност кај вашиот партнер. Почнува да размислува дали можеби сè уште сте заљубени во тоа момче, дали е можеби тој подобар од него. Доколку добро погледнете, ќе забележите суптилен бес во неговите очи.rn
9. Слободните денови ги користите за одмор со пријателите
rnТоа е време кое сте можеле да го минете со него. Ако е повлечена личност и сака да поминува време сам со себе, тогаш нема да има некои големи реакции, но доколку е дружељубив веднаш ќе ве праша зошто не го земате со вас.rn
10. Доколку не го поддржувате во кавгите со други луѓе
rnБез оглед дали сметате дека е во право или не, секогаш пред другите треба да го поддржувате. Доколку застанете на страната на неговите родители, браќа, сестри, пријатели, колеги, тогаш навистина ќе се чувствува повреден.
-

8 причини поради кои сте им одбивни на луѓето околу вас
Сите ние се трудиме да оставиме впечаток на добри и пристојни човечки суштества, но и покрај тоа понекогаш не се претставуваме баш во најдобро светло. Некои наши навики и начини на однесување ги оттурнуваат луѓето од нас, создаваат тензија или едноставно ги нервираат другите. Никој не е совршен, но ако забележите дека имате некои од следниве 8 навики, имајте на ум дека другите луѓе не сакаат да бидат во ваша близина иако можеби не сте свесни за тоа.rnrn
rn1. Егоцентрични сте
rnМногу луѓе воопшто не се свесни дека се однесуваат на овој начин. Еден нормален разговор би требало да започне со тоа како поминал вашиот ден и да заврши со тоа како поминал денот на вашиот соговорник. Немојте да паднете во искушение да зборувате само за себе. Супер е тоа што сакате да ги споделите вашите неверојатни доживувања со целиот свет, но дозволете им и на другите понекогаш да бидат во центарот на вниманието. Слушајте се себеси додека зборувате. Колку често го употребувате зборот „јас“ кога разговарате со некого? Доколку забележите дека тоа ви се случува често, можеби несвесно го вртите вниманието кон себе. Гризнете си го јазикот и слушајте ги другите кога зборуваат. Треба да им го посветите заслуженото внимание на луѓето околу вас за да остварите здрави односи со нив.rn
2. Ја игнорирате внатрешната убавина и се фокусирате на надворешната
rnТреба да знаете дека вистинската убавина доаѓа однатре. Но, не секој го разбира тоа. Ако се фокусирате само на надворешниот изглед на еден човек и го игнорирате она што лежи во неговото срце, вие се однесувате на начин кој е многу одбивен за останатите. Поголемиот дел од луѓето не можат драстично да го сменат надворешниот изглед. Сѐ што можеме да направиме е да се подобриме внатрешно и да им помогнеме на другите да разберат зошто тоа е толку важно.rn
3. Имате преголем натпреварувачки дух
rnИмаме новости за вас: Не треба во сѐ да барате натпревар. Премногу изразениот натпреварувачки дух е мошне одбивен. Ако имате пријател кој се плаши од височина и се качил на дрво, а вие на тоа одговарате со „Голема работа, јас се имам качено на дрво три пати повисоко од тоа“, вие сакате да се натпреварувате. Наместо тоа, треба да давате поддршка во врските што ги градите со луѓето. Честитајте му на пријателот за тоа што успеал да ги победи неговите стравови и дозволете му да ужива во неговите пет минути.rn
4. Не разбирате зошто другите се дружат со вас
rnВие сте од големо значење. Пријателите ви се пријатели затоа што им се допаѓате и го ценат вашето пријателство. Ако постојано се прашувате зошто некој се спријателил со вас или зошто ве толерира, само ќе предизвикате поголема тензија. Дури и најтрпеливите луѓе имаат своја граница. Доколку забележите дека ја доведувате до прашање вашата вредност во пријателствата, треба да разберете дека не се сомневате во вашите пријатели туку во вас самите.rnrn
rn5. Ги контролирате пријателите
rnСекоја здрава врска се базира на еднаквост и искреност. Ако сакате да ја контролирате секоја можна одлука и да доминирате во секоја врска, тоа само ќе ги оддалечи луѓето од вас. Вклучете ги останатите во процесот на одлучување. Прашајте ги што би сакале тие да прават или како се чувствуваат во врска со нешто, наместо да им кажувате како треба. Ќе видите дека многу повеќе луѓе ќе уживаат во вашето друштво доколку ги вклучите во важните нешта.rn
6. Лажете
rnСосема разбирливо е тоа што никој не сака да биде во близина на неискрена личност. Според тоа, лажењето е најбрзиот начин на кој ќе ги одбиете луѓето од вас. Искреноста е потребна за да се изгради доверба, а довербата е основата за секоја цврста и стабилна врска. Доколку сакате да ги подобрите вашите односи со луѓето, треба да бидете искрени со другите, но и со самите себе.rn
7. Злобни сте и некултурни
rnСекојдневно луѓето се соочуваат со работи што не им се допаѓаат. Не треба да бидете некултурни поради тоа. Ако давате зајадливи коментари или неучтиви забелешки за нечиј избор на музика, тоа само ќе ги оттурне луѓето од вас. Пристојните човечки суштества сакаат да бидат опкружени со позитивни луѓе, така што обидете се вашите зборови да не зрачат со негативност. Кога ќе го промените вашиот поглед на работите, ќе забележите дека животот ви се менува на подобро.rn
8. Луѓето не можат да сметаат на вас
rnАко постојано ги разочарувате луѓето, тоа е многу непривлечна особина. Кога некому ќе му треба вашата помош и вие ќе му кажете дека може да смета на вас, вашите дела навистина мора да се согласуваат со вашите зборови. Со тоа што не си ги одржувате ветувањата, на другите луѓе им велите дека не се важни, а никој не сака да има таков пријател. Сите сме важни и нивното време е исто толку скапоцено колку вашето.rnrnВозможно е овие 8 одбивни начини на однесување да се претворат во нешто убаво и покрај нивната непривлечност. Најпрво треба да препознаете каде грешите и како можете да се подобрите, а потоа да работите на тие проблеми, по што несомнено ќе доживеете личен развој. А познато е дека луѓето кои се грижат за нивниот личен напредок се неверојатно привлечни.
-

15 причини поради кои не им се допаѓате на луѓето за кои наверојатно не сте ни свесни
Постојат многу причини поради кои другите луѓе може да не сакаат да се во ваша близина. Секој човек е различен и на секого не му одговараат истите луѓе, но постојат одредени начини на однесување кои едноставно не се прифатливи во ниту една можна ситуација. Доколку некогаш сте биле на љубовен состанок со некој кој зборува со отворена уста додека јаде или доколку имате напорен колега кој мисли дека е шеф, јасно ви е дека постојат одредени навики и карактеристики кои воопшто не се привлечни. Ова се 15-те најчести…rn
1. Немате манири
rn
rnrnБез разлика дали жвакате со отворена уста, не кажувате „благодарам“ или немате почит кон келнерите, некултурните луѓе многу лесно можат од убави да станат грди. Ако не знаете да јадете како цивилизирано човечко суштество или да се однесувате со другите како што треба, заклучете се и останете си дома сами.rn2. Премногу пцуете
rn
rnrnНормално е понекогаш да опцуете, но ако погрдните зборови се дел од вашиот секојдневен говор, не само што другите ќе ве сметаат за неинтелигентни туку и ќе побегнат од вас што подалеку.rn3. Сметате дека заслужувате некои работи иако немате основана причина за тоа
rn
rnrnНема ништо полошо од човек кој смета дека го заслужува најдоброто само затоа што мисли дека е посебен. Неблагодарноста во комбинација со мрзливоста се неподносливи особини.rn4. Никогаш не сте љубопитни
rn
rnrnЗа другите… И за светот…rn5. Многу сте себични
rn
rnrnНе се врти сѐ околу вас, но ако мислите така ви гарантираме дека сте себичен партнер, лош пријател и неверојатно многу ги нервирате колегите.rn6. Имате лоши хигиенски навики
rn
rnrnНикој не би сакал да биде човекот кого сите го озборуваат затоа што одбива да користи дезодоранс, редовно да ги мие забите и да носи чиста облека.rn7. Ширите негативна енергија
rn
rnrnПостојаното жалење и негодување е токсично и непродуктивно. Ако постојано ги осудувате работите на неуспех уште од самиот почеток, полека ќе се уништите себеси, како и сите околу вас.rn8. Не давате поддршка
rn
rnrnНајважниот дел од сите меѓучовечки односи е сигурноста дека имате на кого да се потпрете и кому да верувате. Само затоа што нешто не ве интересира, не значи дека не е важно. Покажете им на вашите пријатели и блиски дека навивате за нив и дека сте тука за да ги сослушате. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе откриете дека луѓето не се повеќе тука за вас.rn9. Имате премногу голем натпреварувачки дух
rn
rnrnНа сите ни е потребна пријателска конкуренција понекогаш, но ако постојано ги претворате успесите во тешкотии, може да станете напорни за околината. Сакате да бидете напорни? Во ред, тогаш престанете со тоа.rn10. Пишувате пораки наместо да се јавувате
rn
rnrnЗнаете што е подобро од 100 зборови? Едно дело.rn11. Постојано озборувате
rn
rnrnСите озборуваме одвреме-навреме, но ако постојано ширите информации за другите луѓе од еден на друг човек, си ја уништувате сопствената репутација.rn12. Никогаш не ги враќате долговите
rn
rnrnНикој не заборава дека должи некому пари, а уште помалку заборава кога некој ним им должи пари.rn13. Имате план за сѐ и не оставате простор за импровизација
rn
rnrnСите имаме ограничено време во брзото темпо на живеење, но ако очекувате луѓето да ве чекаат и да се прашуваат дали ќе ги удостоите со вашето присуство, тоа е навистина лоша навика.rn14. „Тролате“ на Фејсбук
rn
rnrnДали навистина морате да пишувате зајадливи коментари на објавите од вашите таканаречени пријатели за да добиете малку внимание? Ако одговорот е „Да“, време е да си најдете ново хоби.rn15. Лажете
rn
rnrnЛуѓето ќе ве одбегнуваат, доколку немаат доверба во вас. -

Зошто го снема во истиот моментот кога вашата врска требаше да стане официјална?
Сите девојки имале искуство со момци кои си играле топло-ладно. На почетокот сѐ е совршено. Тој ви пишува секој ден, сака постојано да се гледате и ве носи на различни места. Одеднаш, без никакво предупредување настанува промена, и тој почнува да се повлекува. Станува збор за многу мала промена, речиси незабележлива. Започнува кога едно утро нема да добиете порака од него. Си велите дека сигурно ќе ви пише подоцна, но тоа подоцна никако да дојде, а од него ни трага ни глас. Не сакате да избрзувате со заклучоци, па решавате вие да му пишете бидејќи сепак ова е 21-ви век. Тој ви одговара, но не на истиот начин како порано. Ја нема таа симпатична игра на зборови и заљубени емотикони. Неговата порака е ладна и полна со интерпункциски знаци.rnrn
rnrnМожеби не сакате бурно да реагирате, но ова е само почетокот и постојат големи шанси дека целата ситуација нема да доживее среќен крај. Кога ќе дојде до ова, девојките обично реагираат на два начина: Праќаат премногу пораки за да ја намалат дистанцата или му се лутат на момчето, што уште повеќе го оддалечува од нив. Пред да одлучите како ќе се справите со ситуацијата, обидете се да ја разберете причината за оваа ненадејна промена…rnВие сте само опција
rnВо љубовната врска, вие сте или опција или приоритет. Доколку сте опција, тоа значи дека постојат други девојки кои се на повисоко место на неговата листа. Тука нема друго решение освен тоа да ја прекинете врската. Полесно е да се каже отколку да се направи, но немате друг избор.rn
Тој се премислил
rnСигурно мислите дека можете да направите нешто за да го промените тоа. Но, да бидеме искрени: Не можете да убедите некого да ве сака. Доколку се прашувате дали му се допаѓате, веројатно треба да се ослободите од него. Момците горе-долу се прилично јасни во своите намери. Ние само решаваме да ги игнорираме знаците што ни ги даваат, затоа што така ни одговара.rn
Не одлучил дали вие сте вистинската
rnНаместо да го преземе следниот чекор, тој продолжува да се гледа со вас без да ја официјализира врската и без да се зближи премногу. Тој ќе продолжи да ве завлекува, сѐ додека не биде сигурен во неговите чувства или додека не најде некоја која повеќе ќе му одговара.rnrn
rnМногу сте му ја олесниле работата
rnАко сте премногу достапни кога тој игра „топло“ и се преправате дека не забележувате кога тој игра „ладно“, сте оставиле впечаток дека вие ќе бидете тука за него без оглед на сѐ. За жал, тоа значи дека тој без проблем ќе продолжи да се однесува на истиот начин, бидејќи знае дека нема да има никакви последици. Вие ќе бидете тука кога тој ќе сака, а ќе може да ве игнорира кога нема да сака да биде со вас.rn
Не е задоволен од неговиот моментален живот
rnЕдноставно не се вклопувате во неговиот животен план. Тој има амбиции кои треба да ги оствари и планови кои треба да ги реализира, па така сега за сега вие сте само уште една совршена девојка која се појавила во погрешно време.rnrnОткако ќе ги разберете причините за неговото однесување, ќе знаете како треба, а како не треба да реагирате. Ако момчето не е сигурно во неговите чувства, постои само една работа која можете да ја направите: Повлечете се и дајте му простор. Тоа не значи дека треба да го игнорирате или да му го избришете бројот, туку едноставно престанете да се трудите толку многу да ги поправите работите. Девојките обично реагираат бурно кога момците одеднаш ќе станат ладни, што е разбирливо. Речиси сте влегле во врска, а сега одеднаш нема ништо помеѓу вас. Оваа промена е тешка, но мора да прифатите дека не можете да го контролирате начинот на кој луѓето се однесуваат или се чувствуваат.rnrnПа така, дајте му простор да се одлучи. Ако му создавате притисок, ќе почнете да го гушите и тој нема да сака ништо друго освен да побегне. Но, ако му дадете простор а тој сѐ уште не може да одлучи, тоа е одговорот кој треба да го чуете. Не си губете повеќе време и продолжете понатаму.
-

Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?
„Една единствена мисла нѐ дели од среќата, но една единствена мисла нѐ дели и од тагата“ – Сид Бенкс
rnДа замислиме за момент дека егото не постои, дека не постои потсвеста, емоциите, душата. Што ни преостанува кога го нема тоа? Остануваме само на чувствата и мислите кои ни се движат низ главата. Со некои мисли поттикнуваме телесни сензации кои со своето размислување сме ги научиле и сме ги прифатиле како обрасци на однесување во одредени ситуации.rnrn
rnrnТие обрасци се главно создадени за полесно да ги поднесеме несаканите искуства и да имаме моментни и брзи одговори на нив. Ни се чини дека ваквите обрасци функционираат сами, дека ние немаме влијание на тоа однесување, дека тоа е посилно од нас и е предизвикано како реакција на она што ни ги пренесува чувствата во тој момент.rnrnНие не комуницираме само со своите зборови, гестови, изгледот и облеката туку и со вибрации односно енергија за која обично не сме свесни. Нашето срце е орган кој има повеќе невронски отколку мускулни делови и е постаро од мозокот. Првите информации кои ги примаме од надворешниот свет ги примаме со срцето.rnrnВо повеќето ситуации не сме свесни за информациите кои ги прима срцето, а тие информации се сведуваат на она што е добро за нас, а што не е. Информациите за тоа што не ни одговара ги презема мозокот и така настануваат размислувањето и заплетот.rnrnМоменталните мисли се поттикнувач, со нив ги задржуваме обрасците на однесувањето, но само со мислите можеме моментално да ги запреме тие обрасци. Датотеките на нашето искуство не се мали и оние кои моментално ги избираме стануваат примарни.rnrn
rnrnКога ќе се сетиме на некој пријатен настан – состојба, и автоматски се поттикнуваат телесни сензации додека не помислиме на нешто друго. Истото се случува кога ќе се присетиме и на некое лошо искуство. Во реалниот живот се случуваат разни ситуации и само нашето промислување за нив ги привикува обрасците.rnrnШто ќе избереме во сегашниот момент е само наша одлука и нема врска со она што се случува надвор, бидејќи сме во можност сами да избираме. Кога ќе се поттикнат обрасците, телесните сензации спречуваат да ги разбереме енергетските информации кои и понатаму ги примаме. Тоа значи дека не сме свесни за моментот во кој се наоѓаме, туку комуницираме несвесно во афект. Нашето однесување зависи од тоа што и на кој начин размислуваме, дали нешто ќе прифатиме, негираме или е неважно.rnrnКога ќе ја освестиме можноста за одлучување и прифаќањето, животот станува лична креација и тогаш сме свесни дека во која било ситуација имаме избор. Мислите кои ни доаѓаат ја имаат само онаа тежина која сами им ја даваме, ниту помалку ниту повеќе.rn„Постигнувањето ментална стабилност и мир на умот е една мисла подалеку од сите на земјата, само ако тие можат да ја пронајдат таа мисла.“ – Сид Бенкс
-

4 нешта кои силните жени никогаш не ги прават за да го привлечат вниманието на партнерот
Постојат различни видови љубовни врски и сигурни сме дека би се согласиле со нас дека нема универзално правилни или погрешни начини на кои можете да ја водите вашата. Имајќи го тоа на ум, постојат неколку видови лоши однесувања што имаат моќ на секоја врска да ѝ донесат крај. За да го избегнете тоа, обидете се да откриете дали и вие се однесувате на овој начин, макар несвесно, и обидете се да го промените тоа доколку сакате да ја задржите љубовта во вашата врска.rnrn
rn1. Губење контрола над своите емоции
rnСекоја врска поминува низ моменти каде што едната страна се чувствува емоционално вознемирено. Без разлика што ве потсетило на некое минато лошо искуство, вашиот мозок дури и без да сака ќе ве натера да реагирате – вербално и/или физички. Можеби одеднаш ќе се почувствувате исплашено и ранливо поради губење на мината љубов, па реагирате агресивно со цел да го зачувате чувството на поврзаност. Но, имајте на ум дека доколку вашиот партнер не знае што ви поминува низ главата, нема да знае ни како да ви помогне да го решите проблемот.rn
2. Муртење кога нештата не одат по ваша замисла
rnМуртењето вклучува повлечен и тивок протест во врската кој се надевате дека вашиот партнер ќе го забележи без да мора да му кажете како се чувствувате и потоа едноставно магично ќе ги задоволи вашите потреби. Ова е еден вид пасивно агресивно однесување кое е начин на преземање контрола во врската. Ова однесување, на долг рок, никогаш нема да доведе до развивање конструктивни начини на комуникација и решавање на проблемите. Тоа служи само за задржување на љубовта сè додека не се достигнат бараните барања и услови.rn
3. Вртење на другата страна
rnВие едноставно го избегнувате контактот со очите и не сакате ни да се потрудите да му одговорите со реченица која содржи повеќе од еден збор. На овој начин вие можеби го заштитувате вашето его, но на долг рок ѝ правите огромна штета на врската. Овој вид лутење води кон избегнување интимни интеракции со вашиот партнер на подолго време, а со тоа и создавање фрустрации кои можат да доведат до крај, а реално можеле да се решат со само еден отворен и искрен разговор.rn
4. Зборување лошо за вашиот партнер
rnКако и со останатите однесувања на оваа листа, така и жалењето од вашиот партнер на пријателите нема да ви ги реши проблемите, туку само ќе ви даде еден вид драма која ќе ве смести во центарот на настаните, притоа хранејќи го проблемот уште повеќе. Вие се насочувате кон другите бидејќи сакате тие да се согласат со вас и да ја заземат вашата страна, дури и ако некаде длабоко во себе знаете дека сте згрешиле. Толку многу сакате да бидете во право, што ќе направите сè за да го потврдите вашиот став. Сè освен директно да разговарате со вашиот партнер.
-

15 работи кои и најзгодното момче ќе направат да делува непривлечно
Не е тајна дека првото нешто што го забележуваме кај спротивниот пол е неговиот изглед, насмевката, очите, телото и стилот. Сето ова е поврзано со надворешната убавина која честопати знае да излаже. По првиот одличен впечаток може да останеме разочарани веднаш штом момчето отвори уста или направи нешто крајно недолично. Ова се неколкуте работи кои веднаш можат да го срушат впечатокот за згодното момче и засекогаш да ни го сменат мислењето за него…rnrn
rn1. Некултурен е со келнерите
rnАко е некултурен со луѓето за кои смета дека се „под“ него, тој не е добра личност и тоа е тоа. Тој очигледно нема никаква почит спрема работата на тие луѓе и не е свесен колку труд вложуваат затоа што самиот никогаш не морал да работи. Зар ви треба некој кој нема стекнато никакви работни навики и уште поважно, никакви етички вредности?!rn
2. Свесен е дека е згоден
rnСекако дека луѓето треба да имаат самодоверба и да бидат задоволни од својот изглед, но ако забележите дека тој е арогантен и има превисоко мислење за себе, тргнете се што подалеку од него. Не би сакале да морате да застанувате пред секој излог за тој да си ја намести фризурата, нели?rn
3. Не е доволно информиран
rnНе постои учтив начин да се каже ова, но нема ништо понепривлечно од момче кое е неинформирано. Ако тој не покаже познавање за основни работи и забележите дека малку бавно му оди размислувањето, подгответе се за бројни бесмислени и досадни разговори од кои и вие самите ќе почнете да се чувствувате глупаво.rn
4. Зборува само за себе
rnОва е 2016 година и постојат мали шанси дека кој било човек нема прочитано барем 50 статии посветени на љубовните состаноци кои советуваат дека клучно е да се праша девојката да каже нешто за себе. Ако тој не покажува интерес за вас и важно му е само да си каже што нему му лежи на душичката, што ќе ви е таков човек во животот?rn
5. Не му е гајле за вашите потреби во кревет
rnМногу често згодните момци мислат дека не мора да се трудат во кревет, и сметаат дека доволно е само тоа што се привлечни. Но, ова е многу далеку од вистината! Ако тој гледа само да ги задоволи неговите потреби, а воопшто не обрнува внимание на вашите, треба да се запрашите дали навистина сакате да бидете со таков човек. Тоа зборува колку е тој себичен и колку малку му значите.rnrn
rn6. Мириса лошо
rnЛошиот мирис може да нема никаква врска со неговите хигиенски навики. Секој човек има сопствен, посебен мирис на телото, различен од останатите. Сосема е возможно мирисот на некое момче да не ви се допаѓа или да ви е чуден. Тука голема улога играат феромоните, а тоа се сексуални хормони кои предизвикуваат возбуда и привлечност. Ако мирисот на момчето едноставно не ви е по вкус, мали се шансите дека ќе останете заедно.rn
7. Постојано одмерува други девојки
rnМомчето кое е заинтересирано за вас ќе се обиде барем да создаде илузија дека не погледнува ниту една друга девојка освен вас. Ако навистина му значите тој ќе може да се контролира и ќе успее да се воздржи, бидејќи многу добро знае колку тоа ве повредува и ви ја намалува самодовербата.rn
8. Постојано се жали
rnЖивотот е понекогаш тежок и тоа е тоа! Во ред е понекогаш да се пожали и да ви се обрати за совет и утеха, но ако постојано го прави тоа голема е веројатноста дека ќе внесе негативност во вашиот живот. Зар навистина сакате секое утро да ви почнува со нечии поплаки како повторно не успеал да се наспие и дека сè го боли?rn
9. Врска нема од готвење
rnДалеку од тоа дека треба да биде Џејми Оливер, но треба да знае да зготви барем неколку работи добро. Не смее да очекува од вас вие цело време да готвите. Ако ништо друго, доволно е само да ви понуди помош во кујната. Готвењето заедно е навистина романтична активност која ќе ве зближи и ќе ја зацврсти вашата врска.rn
10. Лошо се однесува со вашето домашно милениче
rnТој едноставно не смее да го навредува и да биде лош кон вашиот миленик! Можете многу да научите за некого според тоа како тој се однесува со животните, а сигурни сме дека не би сакале да бидете со некој кој не сака животни и не покажува почит кон нив.rnrn
rn11. Сите негови поранешни девојки ги нарекува со погрдни имиња
rnБез разлика на тоа како завршиле работите помеѓу нив, тој поминувал време со таа девојка и таа била дел од неговиот живот. Тоа значи дека тој мора да покаже одредена почит кон неа. Ако тој сè уште е лут на сите негови поранешни девојки, тоа значи дека тој ги нема решено проблемите од минатото и нема продолжено понатаму. А ако сите нив ги нарекува со навредливи зборови, голема е веројатноста дека и вас ве чека истата судбина.rn
12. Постојано е на телефон кога сте заедно
rnНема никакво оправдување за тоа ако не може да го остави телефонот кога сте излезени заедно или треба да бидете сами. Тој мора да ви посвети внимание вам. Не смеете да се почувствувате како да треба да се натпреварувате со технолошки уред!rn
13. Не знае да се облече
rnОва е веќе субјективно, но постојат работи кои едноставно се неприфатливи за сите! Која девојка сака момче кое носи чорапи и апостолки или тренерки пикнати во чорапи?!rn
14. На им отстапува место на постарите луѓе и бремените жени
rnМожеби звучи малку остро, но ова зборува дека тој ќе биде лош татко и лош сопруг.rn
15. Ве омаловажува
rnНиту едно момче не смее да направи да се чувствувате како помалку вредни. Ако тој постојано ве критикува и понижува, особено пред други луѓе, немате што понатаму да барате со оваа личност.