КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Поздравот и првиот впечаток

    Поздравот и првиот впечаток

    Автор: Боро МирческиrnrnВо последно време, знаењето како вистински да се ракуваме е заборавена уметност. Но, сепак, начинот на кој се поздравувате може многу да каже за вас, вашиот карактер, вашето однесување, било да станува збор за ракување со вашиот пријател, родител или потенцијален деловен соработник. Ракувањето несомнено може да покаже дали станува збор за самоуверена личност или личност со доза несигурност во себе. Затоа, прочитајте што открива вашето поздравување за вас:rnrnПоздравот и првиот впечатокrn

    Што покажува нежното ракување?

    rnНежното ракување може да биде предзнак за многу ваши особености, но ниту една од нив не е позитивна. Експертите кои говорат за специјализираниот магазин за мажи „Ask Men“ тврдат дека со овој вид ракување ја покажувате вашата несигурна внатрешност. Ваквото поздравување особено е непожелно при процесот на интервјуирање. Работодавците го користат ракувањето како прв тест за нивниот потенцијален вработен. Верувајте, никој не сака да вработи „слабак“ во својата компанија.rn

    Што покажува грубото и долго ракување?

    rnКако може да се оцени ракувањето со примена на премногу сила? Спротивно на нежното ракување, кое ве карактеризира како „слабак“, овој вид ракување го покажува сосема спротивното. Според експертите, ако се ракувате на овој начин, вие сте премногу агресивна личност, тврдоглава и со пренагласени ставови. Секогаш сакате работите да бидат по ваше и многу ретко компензирате.rn

    А што балансираното ракување?

    rnНе залудно постигнувањето „златна средина“ во сите области е најпожелна работа. Таков е случајот и при ракувањето. Доколку се ракувате ниту премногу нежно, ниту премногу грубо и долго, оставате впечаток на силна и стабилна личност. Со овој вид ракување ја истакнувате вашата сигурност и самоувереност, било да станува збор за ракување со вашиот пријател, девојка или потенцијален работодавец.rnrnПоради овие причини, експертите ве советуваат да го вежбате вашето ракување. Според нив, нема ништо срамно во тоа да ги прашате вашите најблиски како се ракувате. На тој начин ќе успеете да го избалансирате вашето ракување, кое не треба да биде ниту премногу нежно, ниту премногу грубо и долготрајно. Вистинското ракување, верувале или не, може да ви отвори многу врати, било тоа да е вратата од домот на некоја девојка, или пак вратата од некоја компанија.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Понекогаш  не знаете што сака вашето бебе или зошто плаче. Тешко е да се разберат малите „човечиња“ бидејќи тие не знаат да зборуваат. Но, од нивниот хороскоп може да се научи нешто за нивните потреби и за карактерот.rnrnАстрологијата и карактерот на вашето бебеrn

    Овен

    rnОд ова бебе не очекувајте да седи мирно и да си игра со играчки, зашто тоа нема да се случи. Бидејќи ова малечко е родено во огнен знак, тоа секогаш ќе биде во движење, а веројатно е дека тешко ќе го научите да ги дели своите работи со друг. Бебињата родени во знакот на овен обожуваат да бидат во центарот на вниманието и скоро секогаш го остваруваат тоа што ќе го наумат, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Бик

    rnОва бебе има голема потреба од допир и нежност, па затоа треба да го галите и бакнувате што повеќе. Биковите сакаат удобност, па затоа на вашето малечко обезбедете му соба во која ќе има идеална температура, удобен кревет и интересни играчки. На овие бебиња треба сè да им биде стокмено. Не треба да се грижите ако вашето малечко не ги научило оние работи кои другите бебиња веќе ги знаат, бидејќи биковите новите работи ги прифаќаат полека и со свое темпо.rn

    Близнаци

    rnОвие бебиња уживаат во друштво, па веројатно ќе се обидат да комуницираат уште од првите денови. Љубопитни се и сакаат да истражуваат, па ако нема ништо интересно во моментот, веднаш им станува здодевно. Бебињата  близнаци треба да се вклучат во групни игри што е можно порано. Тие ќе уживаат во друштвото и многу бргу ќе станат омилени меѓу своите другари.rn

    Рак

    rnБебињата родени во знакот на рак се многу емотивни, па затоа немојте да се чудите ако се случува често да заплачат. Поради тоа треба да се трудите вашето бебе да се чувствува заштитено и да не дозволите негативни вибрации во негова близина. Домот и семејството се многу важни за малечките родени во знакот на рак. Понекогаш овие бебиња можат да бидат многу молчеливи, но тоа не треба да ве загрижува.rn

    Лав

    rnОва бебе е гласно колку и вистинскиот лав, па затоа заборавете на мирен сон. Тоа сака секогаш и во секој момент да му биде удобно и пријатно. Исто така сака да биде во центарот на вниманието, но му треба и публика. Со своите врсници брзо ќе се спријатели и ќе стане нивни „водач“.rn

    Девица

    rnБебињата родени во знакот на девица често можат да бидат нервозни и раздразливи, но како инаку очекувате да станат перфекционисти? Овие бебиња не поднесуваат отстапување од дневните навики. Можат да бидат пребирливи кога е храната во прашање, но освен тоа нема да имаат многу специјални барања. Овие бебиња со часови можат да играат сами и притоа немаат голема потреба за внимание од околината.rn

    Вага

    rnОва бебе ќе ужива во вниманието на другите и тоа без разлика каде се наоѓа, па затоа немојте да се изненадите ако во лекарската ординација се однесува како да е дома. Шармантна е, насмеана и неодолива. Бебињата во знакот на вага сакаат друштво и се вистински дипломати, па затоа често ќе бидат во улога на посредник во расправиите на своите другари. Удобноста е исто така важна за ова дете, а играњето и друштвото едноставно ги обожува.rn

    Скорпија

    rnБебињата родени во овој знак едноставно мора да бидат во центарот на вниманието. Ова дете е малку мистериозно, па поради тоа е тешко да се разбере што сака и зошто плаче. Децата од овој знак чуваат многу нешта во себе и тоа често пати е особено тешко да се извлече од нив. Од друга страна, бебињата скорпии знаат што сакаат и како да го добијат тоа, многу се паметни и моќни деца, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Стрелец

    rnОва безгрижно и среќно дете ќе прооди многу бргу. Независни се и со слободен дух, а сакаат и да истражуваат. Малите стрелци обожуваат отворен простор, па честопати ќе тропаат на вратата сè додека не ги однесете надвор. Овие бебиња не се плашливи и сакаат да ја истражат секоја нова работа што ќе ја видат, па затоа бидете внимателни, бидејќи вашето малечко може лесно да се изгуби. Бебињата стрелци се дружељубиви и уживаат да патуваат.rn

    Јарец

    rnОва е многу дисциплинирано, методично и организирано дете, а дали е навистина дете? Па и да и не. Јарците не се склони кон авантуризам, па однесувањето на бебето родено во овој знак може да биде скоро досадно. Кога е во прашање учењето не треба да се грижите, бидејќи бебето јарец има свое темпо со кое ги открива и запознава работите. Овие малечки се секогаш концентрирани и вредни без разлика што прават.rn

    Водолија

    rnБебињата во знакот на водолија можат да изгледаат осамено, но тие сакаат сами да го поминуваат времето. Дури и кога плачат, овие бебиња најчесто не сакаат поддршка. Можат да бидат вистински бунтовници, што за нивните родители нема да биде баш лесно. Со овие деца би требало доста да се работи на нивна социјализација.rn

    Риби

    rnКога овие бебиња плачат, може да изгледа дека плачат без причина, но тоа е дел од личноста на овие срамежливи деца и нивната особина своите емоции да ги држат во себе. Многу се грижливи и чувствителни на сè што се случува околу нив, па затоа не викајте и не карајте се пред нив. Овие бебиња се вистински сонувачи, па често можат да одлетаат со мислите далеку од реалноста.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да препознаете кога некој ве лаже?

    Како да препознаете кога некој ве лаже?

    За жал, на луѓето кога лажат не им расте носот како на Пинокио, за да можеме лесно да увидиме што се случува. Затоа, прочитајте што велат пет странски експерти, во врска со симптомите по кои можете да препознаете дека некој не ви ја кажува вистината.rnrnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Однесувањето или тонот на гласот радикално се менуваат

    rn
    rn

    Како инспектор, прво нешто што се обидувам да дознаам, е каков е вообичаениот стил на зборување на некоја личност. За да го сторам тоа ù правам интервју, во кое ù поставувам прашања, на кои веќе го знам одговорот, како на пример „Име и презиме?“ или „Каде живееш?“. Некои луѓе се поживи по природа и зборуваат многу брзо. Други, се повоздржани. Кога ќе сфатам за каков тип на личност станува збор, почнувам да ù поставувам прашања на кои не го знам одговорот. Доколку однесувањето на личноста ненадејно се промени, од смирена кон вознемирена состојба или од енергична кон помирна состојба, тогаш постојат шанси дека не ви ја кажува вистината. – Грег Меккрери, пензиониран ФБИ агент и криминалистички аналитичар во Фредериксбург, Вирџинија

    rn

    Личноста одбегнува да започнува реченица со „јас“

    rn
    rn

    Во моето истражување, открив дека кога луѓето кажуваат лаги, имаат тенденција поретко во реченицата да ги употребуваат зборовите „јас“ и „мене“, во однос на луѓето кои се искрени со вас. На тој начин, лажговците ќе зборуваат за себеси, изразувајќи се во 3л. еднина: „Оваа девојка обожава да скија“ или уште повеќе ќе го скратат јазикот: „Џезот е кул жанр на музика“. Ќе се изразат така, за психолошки да се оддалечат себеси од лагата. – Џефри Хенкок, вонреден професор по комуникациски науки на универзитетот Корнел, кој го проучува онлајн лажењето

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста има одговор за сè

    rn
    rn

    Повеќето луѓе кога ќе ги прашате што правеле мината седмица, ќе подзастанат за да размислат и да се сетат. Тоа особено важи за тинејџерите, кои најчесто немаат толкав капацитет инстантно да ја ви раскажат приказната во детали. Кога викнав едно дете во мојата канцеларија, тоа изгледаше сосема спремно да одговори, без ни малку да се двоуми пред да го одговори прашањето. Со тоа веднаш се издава себеси дека не ја кажува вистината. – Џулија Чанг, работи како просветител веќе 16 години, прво предавала во средно училиште во Лос Анџелес, а сега му е асистентка на директорот во округот Вестчестер, во Њујорк

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста почнува да мрда и да се возбудува без причина

    rn
    rn

    Доколку некој почне одненадеж да демонстрира некоја физичка активност, која изгледа беспричинска, како на пример прекумерно пребришување на очилата за гледање, повеќекратно преврзување на врвките од чевлите или упорно бришење на масата со крпа, која веќе е чиста, тогаш тоа може да значи дека ви кажува лага. Вината и нервозата која ја чувствува бидејќи ве лаже, прави да се чувствува неуморно. Ова може особено да важи, доколку личноста лаже некој кого сака. Кога личноста го лаже сообраќајниот полицаец, можеби нема да се вознемири премногу, но кога го лаже својот брачен партнер, верувајте дека нема да може да остане рамнодушна. – Барбара Мичел, терапевт за врски, со 34-годишно искуство.

    rnКако да препознаете дека некој ве лаже?rn

    Личноста постојано ја прокламира својата искреност

    rn
    rn

    За да ни ја „продадат“ чесноста на нивните одговори, лажговците честопати користат фрази со кои ја нагласуваат валидноста на нивната изјава, како на пример: „Искрено да ти кажам“ или „Ако сакаш најискрено да ти кажам“. На ваквите вербални предупредувања, може да се додадат и оние кои повикуваат на религиски чувства, како на пример: „Ти се колнам во Библијата“ или „Само Господ ми е сведок“. Повеќето искрени луѓе, обично немаат потреба да одат толку далеку, во своите искажувања. – Џозеф Бакли, претседател на компанијата „ John E. Reid and Associates“ во Чикаго, која се занимава со обучување на полициски инспектори

    rnМожат ли очите да ви помогнат да одредите дали некој лаже или ја кажува вистината?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rn

    Реагирање на вашиот неправеден шеф

    rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn

      rn011

    • Праќаат имејл со лични напади
    • rn011

    • Комуницираат со сарказам или задевање
    • rn011

    • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
    • rn011

    • Ги игнорираат вработените
    • rn

    rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn

      rn011

    • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
    • rn011

    • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
    • rn011

    • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
    • rn

    rnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rn

    Пријавување на неправеден шеф

    rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn

      rn011

    • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
    • rn011

    • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
    • rn011

    • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
    • rn011

    • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
    • rn

    rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrnСправете се со вашиот неправеден шеф

  • Skype етика

    Skype етика

    Скајп станува ултра-популарна алатка во секојдневната комуникација на многумина. Корисниците на ова парче софтвер ја обожаваат едноставноста во користењето, пријатниот интерфејс и можностите за пишана, аудио и видео комуникација. Наоѓајќи се на 4-тото место според бројот на корисници, веројатноста дека многу ваши пријатели ќе се најдат како контакти кои секојдневно ќе ве контактираат на еден од разните начини, е многу голема. Но, не сите луѓе знаат да постапуваат правилно додека користат скајп. Во продолжение, еве неколку совети за етичко и неиритирачко однесување на скајп.rnrn1. Комуникацијата секогаш треба да ја започнете учтиво и да чекате личноста од другата страна да ви одговори, пред да ја нападнете со она што имате да го кажете. rnskype етикаДоколку не добиете одговор, едноставно напишете нешто во стилот: „Изгледа не си тука, ќе ти пратам имејл“. Исто така, не треба да се навредите ако некој ја напушти комуникацијата ненадејно, без да ве извести за тоа и потоа повторно се врати после еден час или дури и по неколку дена.rnrn2. Немојте да го злоупотребувате копчето Ентер од тастатурата.rnskype етикаРазбираме дека вашата мисла е многу осетлива на времето, па наместо да ја напишете целата реченица, едноставно притискате Ентер на средина на реченицата или зборот. На тој начин, вашиот соговорник знае што сакате да кажете уште на почетокот на реченицата, без да мора да ја чита истата докрај. Помислете дека секој пат кога ќе притиснете Eнтер, на вашиот соговорник му бипка компјутерот за да му сигнализира пристигнување на нова порака. Ова многу вознемирува. Затоа, пишувајте целосни реченици, дури и пасуси пред да го притиснете големото копче. Луѓето ќе го ценат тоа.rnrn3. Немојте веднаш да почнувате аудио повик.rnskype етикаПристојно е прво да почнете со пишана порака. Доволно ќе биде нешто од типот: „Онлајн си? Имаш време да ти се јавам на кратко?“ Вознемирувачки е кога скајп почнува да ѕвони од никаде. Може да се случи соговорникот по грешка да го прифати разговорот кој имал намера да го одбие, а вие да му предизвикате губење на слухот поради јачината на вашиот микрофон. Уште ако имате и вклучено видео и притоа барате и тој да го стори истото, ќе биде премногу. Некому можеби не му е до бучно попладне.rnrn4. Видео повиците не се ваше право дадено од Господ.rnskype етикаСамо затоа што вам ви се зборува со видео, не значи дека исто се чувствува и другата страна. Можеби вашиот соговорник моментално седи раскомотен по дома во својата долна облека, со лоша фризура и растурена соба во позадината. Вие можете да изберете да направите видео повик со вашиот соговорник, но ако тој сака да го направи истото, ќе го стори тоа, не мора дополнително да му го побарате тоа. Ако веќе го вклучите вашето видео пак, внимавајте како се однесувате. Многу смешно ќе изгледате ако се фрцкате пред камерата 90% од времето. Не заборавајте, соговорникот го гледа истото што и вие. Веб-камерата не е огледало.rnrn5. Не претпоставувајте дека ситуацијата од другата страна е чиста.rnskype етикаНикогаш не брзајте да пратите некоја важна порака до некој кој во моментот можеби се наоѓа на јавна презентација служејќи се со својот лаптоп. Пораката која ја кажувате во доверба ќе заврши проектирана на ѕидот пред сите присутни во просторијата. Затоа,  секогаш треба да ја започнете комуникацијата со мек разговор и да почекате соговорникот да ви одговори пред да се избрзате да напишете нешто осетливо. Не заборавајте дека други луѓе може да стојат зад компјутерскиот екран на вашиот соговорник, така што бидете внимателни со праќање доверливи информации без да се осигурате кој сѐ ги прима.