КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 5 видови однесување кои прават другите да ви веруваат

    5 видови однесување кои прават другите да ви веруваат

    Довербата е клучна во секоја врска. Од семејството, до пријателите, колегите и романтичните партнери, довербата е можеби најважното нешто. Понекогаш е тешко да стекнете нечија доверба, без разлика колку лесно им верувате на другите. Но, со едноставно менување на вашето однесување можете секому да докажете дека може да ви се верува.rnrn5 виови однесување кои прават другите да ви веруваатrn

    1. Покажување сочувство преку извинување

    rnИзвинувањето за работи кои се надвор од ваша контрола, како врнежлив ден или гужва во автобусот, можат да покажат дека се сочувствувате со ситуацијата на некој друг. Ако некој има лош ден, едно „Извини“ може да покаже и грижа и сочувство, а со ова личноста ќе ви верува повеќе.rn

    2. Пресликување на говорот на телото

    rnАко имитирате нечиј говор на телото додека разговарате, ова е добар знак дека помеѓу вас се создава доверба. Истражувањата покажале дека суптилното пресликување на говорот на телото може да го зголеми чувството на доверба. Ова е особено добро за преговори и решавање проблеми. Се разбира, правете го ова суптилно. Ако го копирате секое движење може да изгледате чудно. Дозволете му на телото природно да ве води и ќе се изненадите од резултатите.rn

    3. Прифаќање малку срам

    rnПрифаќање на срамот со достоинство укажува на личност на која може да ѝ се верува. Едно истражување во кое учествувал маж кој кажувал за својот успех со гордост, а потоа со малку срам, покажало дека луѓето му верувале повеќе во вториот случај. Срамот е знак дека некоја личност е социјална, а ова ги тера другите да сакаат да се поврзат со таа личност. Секој може да се засрами, а кога нема да се плашите од тоа, веројатно и другите ќе го следат вашиот пример.rn

    4. Пријатен мирис

    rnОна што им мириса убаво на некои, може да биде неутрално за други. Сепак, науката покажала дека нашиот мирис може да има големо влијание на довербата на другите. Лавандата е арома која е најпријатна за сите бидејќи има смирувачки ефект. Другите ароми како нане, може да бидат постимулирачки, па да ги прават луѓето напнати.rn

    5. Заеднички пријатели

    rnЛуѓето настојуваат да им веруваат на оние со кои имаат заеднички пријатели. Овој феномен значи дека две личности што имаат трет заеднички пријатели имаат поголеми шанси да се зближат. Во едно истражување, луѓето почесто прифаќале понуди за пријателство на социјалните мрежи ако имале заеднички пријатели. Всушност, 80% од луѓето прифаќале понуди за пријателство ако имале 11 или повеќе заеднички пријатели.rnrnИако довербата се стекнува со дела и зборови, овие суптилни однесувања може да имаат големо влијание. Науката докажала дека постојат неколку видови однесувања и навики кои ни помагаат да ја стекнеме довербата на луѓето околу нас, а ова придонесува за подолги и посреќни врски.rnrnПогледнете ги и овие гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат.

  • Гинеколозите споделуваат: Најлошите работи што можете да ги направите за време на преглед

    Гинеколозите споделуваат: Најлошите работи што можете да ги направите за време на преглед

    Женските репродуктивни органи се навистина неверојатни, а жените треба подобро да се грижат за нивното здравје. Токму поради ова е важно да посетувате гинеколог барем еднаш годишно. Дури и ако ви е срам да ги покажете приватните делови на професионалец, имајте на ум дека не постои нешто што гинеколозите го немаат видено. Сепак, нивната работа не е лесна, па погледнете ги 11-те работи кои гинеколозите навистина ги мразат.rnrnГинеколозите споделуваат: Најлошите работи што можете да ги направите за време на прегледrn

    1. Откажување на прегледот поради менструација

    rnГинеколозите се зафатени луѓе и тие се навикнати да гледаат менструална крв. Повеќе им одговара да дојдете со менструација отколку да ги оставите со празен термин во последен момент.rn

    2. Постојано молење од негова/нејзина страна да се спуштите подолу

    rnГинеколозите не можат да ве прегледаат оддалеку. Колку и да не сакате, тие мора да ви се доближат за да проверат дали сè е во ред.rn

    3. Доаѓање на преглед со партнерот

    rnНема ништо сексуално во прегледот од гинеколог. Па, зошто би го носеле и вашиот партнер? Гинекологот може да се чувствува навистина непријатно.rn

    4. Користење Гугл за дијагноза

    rnБез разлика кои се вашите симптоми, ако сте се консултирале со Гугл голема е веројатноста дека станува збор за смртоносна болест. Па, немојте да му кажувате на гинекологот што сте прочитале на Интернет.rn

    5. Криење на проблеми со менструацијата

    rnДодека ПМС-от е честа појава кај многу жени, ако вашите симптоми ви го отежнуваат денот, кажете му на гинекологот. Тој ќе ви помогне полесно да се справите со овие денови од месецот.rn

    6. Криење на желбата за женски доктор

    rnГинеколозите разбираат дека некои жени сакаат да бидат прегледани од женски доктор. Сè што треба да направите е да кажете.rn

    7. Недоволна лична хигиена

    rnВагината можеби е орган кој самиот се чисти, но тоа не значи дека треба да ја оставите така. Ако имате влакненца, секогаш нека бидат чисти. И уште поважно, носете чиста долна облека.rn

    8. Прескокнување на проверките за рак на матка

    rnНе е тајна дека ракот на матката се развива бавно, па регуларните тестови можат да спасат живот. Кога жените почнуваат да покажуваат физички симптоми, тогаш е предоцна за лекување.rn

    9. Криење на симптомите од гинекологот

    rnДури и ако мислите дека необичниот исцедок не е причина за паника, најдобро е да му кажете на гинекологот. Сепак, станува збор за вашето здравје.rn

    10. Ненадејно прекинување на пилулите за контрацепција

    rnАко методот на контрацепција не ви одговара, важно е да му кажете на гинекологот за да можете да разговарате за вашите опции. Прекинувањето на контрацепцијата без да користите друг метод за заштита води до несакана бременост.rn

    11. Сомневање во довербата

    rnДури и ако новиот гинеколог е пријател на вашиот пријател, никогаш немојте да се сомневате во неговата доверба. Медицинските лица се обврзани со закон да ги чуваат вашите информации во тајност.rnrnПогледнете и за кои работи вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди.

  • Зошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?

    Зошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?

    Доколку се гледате со дечко кој си игра „топло-ладно“, секогаш ќе бидете оставени на негова милост и немилост, додека не се свестите. Жените полудуваат и стануваат очајни кога мажите си играат криенка со нивните емоции. Ситуацијата е општо позната: Тој ве освојува и вие му се препуштате. Но, веднаш штом целосно ќе се препуштите, тој почнува да се оддалечува.rnrnЗошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?rnrnОчајно го барате мажот во него кој имал силни чувства кон вас. Сигурно сѐ уште се чувствува така, само што не е свесен. Па, почнувате да се опседнувате со помислата да го натерате да ве освојува исто како порано. Проблемот е во тоа што верувате дека треба да поправите нешто или дека сте згрешиле, па затоа тој одеднаш почнал да се однесува ладно кон вас.rnrnСе прашувате како да го натерате дечкото да престане да си игра „топло-ладно“ со вас? Но, тоа не е прашање што треба да си го поставите себеси. Мора да разберете зошто е таков, па тогаш можеби ќе сфатите дека не е до вас и дека не е ваша работа да го менувате.rnrnПостојат мажи кои по навика играат игри. Тие не се свесни дека со жените се однесуваат на пасивно-агресивен начин. Повеќето мажи кои се однесуваат топло-ладно не знаат дека го прават тоа.rnrnСигурно и претходно се однесувале така и имало и други жени кои се жалеле поради нивното однесување. Вие не сте првите, а сигурно нема да бидете ни последните. Но, ваквиот начин на однесување станал толку нераскинлив дел од нив што тие не мислат дека прават нешто погрешно. Како последица на тоа, тие не чувствуваат потреба да се променат.rnrnПоголемиот дел од овие мажи не пораснале. Тие се неверојатно незрели. Се однесуваат како да се во средно училиште и предизвик им е да ве освојуваат додека не „паднете“ на нив. Веднаш штом ќе помислат дека ве освоиле, им станува здодевно и продолжуваат понатаму.rnrnНе е важно колку сте неверојатни, прекрасни или паметни. Ним ќе им стане здодевно, бидејќи тие никогаш не се интересирале за вас, туку ги возбудувал самиот процес на бркање, освојување и растење на егото во моментот кога ја добиле „наградата“.rnrnЗошто треба да ги одбегнувате момците кои си играат „топло-ладно“?rnrnНекои мажи кои се однесуваат топло-ладно можеби не се подготвени за сериозна врска. Можеби навистина многу им се допаѓате, но не можат да одлучат дали вие сте вистинскиот избор.rnrnНаместо да донесат одлука и да се држат до неа, полесно им е да ве завлекуваат додека не бидат сигурни (или најдат некоја „подобра“). Нивната променливост и неодлучност го поттикнуваат топло-ладниот начин на однесување.rnrnСепак, најлоши се мажите кои ве користат само за да си го напумпаат егото. Тие добиваат задоволство од вашето страдање поради нивното непостојано и некултурно однесување. Тоа ги прави да се чувствуваат моќно, бидејќи знаат дека можат да се однесуваат лошо со вас, па потоа да ви се јават и да ве добијат секогаш кога ќе посакаат.rnrnОвие мажи се многу горделиви. Тие ја обожаваат играта на мачка и глушец. Тие обожаваат да гледаат како жените емоционално се распаѓаат поради нивните непромислени постапки.rnrnНе е ваша работа да ги менувате овие мажи. Вашите обиди да го сторите тоа не само што ќе ја повредат вашата самодоверба, туку и ќе ви ја уништат вербата во вистинска љубов. Најпаметно е целосно да го отстраните овој дечко од вашиот живот.rnrnБидете внимателни! Одбивањето ги мотивира ваквите мажи. Можно е тој повторно да се заинтересира за вас. Можеби нема навистина да сака да биде со вас, но нема да може да го поднесе фактот што вие ги поставувате правилата.rnrnНа крајот, ќе мора да прифатите дека тој не е за вас. Тој е емоционално неспособен за длабока, интимна и стабилна врска каква што вам ви треба. Заминете си и свртете нов лист.rnrnДевојки, време е да станете свесни дека неговата неодлучност е одлуката е одлуката која треба да ја чуете!

  • 3 работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да заведете или да задржите момче

    3 работи кои никогаш не треба да ги правите ако сакате да заведете или да задржите момче

    Сигурно барем еднаш сте биле во врска во која сè било во ред, за на крајот да заврши болно. Она што е болно за многу жени е што не знаат која е причината за крај. Тие вложиле многу во врската, и на крај биле оставени. Ако сте биле во ваква ситуација, сигурно сте си поставувале многу прашања. Но дали знаете дека е возможно вие несвесно да сте ја уништувале вашата врска? Без разлика колку вашето момче (сегашно или идно) е привлечено од вас, овие 3 работи можат многу лесно да му го променат мислењето.rnrnraboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-sakate-da-go-zavedite-ili-da-go-zadrzhite-vasheto-momche-kafepauza.mkrn

    1. Не однесувајте се како негова мајка

    rnМажите почнуваат врски бидејќи сакаат љубовници, а не мајки. Тие бараат партнер, а не родител. Штом ќе почнете да го управувате секое негово движење и да го потсетувате на работите кои треба да ги прави, големи се шансите да престане да ве сака. Ова сценарио е многу често во врските. Жените сметаат дека имаат право да го следат секое движење на нивниот партнер и сакаат да знаат што прави во текот на целиот ден. Ова е знак за емоционална несигурност и води кон „мајчинско“ однесување од кое мажите бегаат.rn

    2. Немојте да бидете негов психолог

    rnЖените се обидуваат да го протолкуваат однесувањето на мажите. Се обидуваат да ја разберат нивната перспектива, и уште полошо, се обидуваат да ги „поправат“ мажите и да го променат нивното однесување. Тие сакаат да контролираат и често прават планови дури и за животот на нивните партнери. Важно е да знаете дека не можете да ги „поправите“ мажите. Не им е потребен психолог и не им е потребно вашето разбирање. Тие само сакаат да ги прифатите. Тие не ви ги кажуваат нивните проблеми за да им ги решите. Едноставно им е потребно да ги ислушате без судење. Мажите ќе се променат само ако сметаат дека тоа ќе ги направи посреќни и подобри.rnrnНа жените многу често не им е јасно зошто нивниот партнер не сака да се промени. Или пак чудно им е зошто партнерот се променил кога бил толку добар на почетокот на врската. Вистината е дека мажите го покажуваат најдоброто од нив на почетокот. Па уште тогаш обрнете внимание на ситниците кои малку ви пречат. Имајте на ум дека по некое време тие ситници може да станат голем проблем. Ако не можете да се справите со нив на почетокот, нема да можете ни подоцна во врската.rn

    3. Немојте да му бидете последна шанса

    rnДали вашиот партнер ве бара само кога му е потребно нешто? Дали е добар и ви обрнува внимание само кога бара нешто, како на пример секс? Дали ве посетува само кога има слободно време, откако ќе ги заврши другите обврски? Дали се поврзува со вас само во одредено време, кога му е здодевно? И најважно од сè, дали вам ви е добро со овој третман и дали му дозволувате да се извлече со тоа однесување?rnrnАко одговорот е да, тогаш вие сте неговата последна шанса. Вие сте личноста кон која оди кога му е здодевно или кога му е потребна помош. Ако мислите дека ова е начин да го задржите партнерот и да го натерате да ве „сака“ бидејќи секогаш сте овде за него, грешите.rnrnМажите нема да ве почитуваат ако не се почитувате самите. Како ќе ве сакаат ако вие не се сакате? Ако се однесува со вас на овој начин, подобро ќе ви биде без него. Исто така ова однесување може да биде знак за насилство во иднина.rnrnНекои сметаат дека привлечноста е само на површината. Но привлечноста е важен дел од секоја здрава врска. Кога нема привлечност помеѓу партнерите, врската полека умира.rnrnПогледнете и кои се грешките кои ги прават жените во љубовните врски.

  • 10 психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето

    10 психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето

    Развојот на психологијата, односно експерименталната психологија во 19-тиот и 20-тиот век им дозволила на научниците да ги проучуваат биолошките процеси во човечкиот мозок, емоциите, однесувањето и реакциите. Овие информации ни помагаат да го разбереме нашето однесување. Но исто така им помогнало на луѓето да продадат нешто или пак, да ги контролираат другите. Ако не верувате во ова, следниве 10 експерименти ќе ви докажат дека е вистина. Не само што подобро ќе ја разберете природата на луѓето, туку ќе дознаете и нешто повеќе за себе.rn

    1. Експериментот Карлсберг: И малото дете може да има нож зад грбот

    rn(1)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОпис на експериментот: Замислете кино сала со 148 истетовирани моторџии и само 2 слободни места во средината. Сте купиле билети, но дали ќе седнете на слободните места или ќе си заминете? Компанијата Карлсберг направила токму ваков експеримент.rnrnРезултат: Добрите моторџии весело ги поздравиле храбрите луѓе кои сепак решиле да седнат на слободните места, па дури и им дале пиво. Експериментот покажал дека никогаш не треба да судиме според нечиј изглед.rn

    2. Ефект на сообразност: Подобро ќе се согласам со сите отколку да бидам различен

    rn(2)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОпис на експериментот: Соломон Аш сакал да ја демонстрира моќта на сообразноста во група. Под сообразност подразбирал кога однесувањето на една личност се менува под притисокот на туѓо мислење, кое може да биде и грешно. Испитаниците требало да ја одредат должината на 3 линии на една табла, да најдат линија со иста должина, да ја кажат бојата на пирамидите, или да го кажат своето име на некого. Во сите експерименти, сите испитаници освен еден биле актери. Вистинскиот испитаник секогаш последен го кажувал својот одговор.rnrnРезултат: Во 75% од сите случаи испитаникот го следел мнозинството, дури и кога било очигледно дека одговорот е погрешен. Оние кои го кажале своето вистинско мислење се чувствувале многу непријатно.rn

    3. Лажен консензус: Ако имате различно мислење, не сте во право

    rn(3)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОпис на експериментот: Ли Рос, професор на Универзитетот Стенфорд, ги замолил испитаниците да решат тежок проблем. Испитаниците требало да одберат помеѓу 2 одговора. Исто така требало да замислат што би одговориле другите учесници во експериментот и да ги опишат луѓето кои дале поинаков одговорот од нивниот.rnrnРезултат: Експериментот покажал дека мнозинството од испитаниците сметале дека и другите го даваат истиот одговор како нив. А луѓето кои дале поинаков одговор ги опишале негативно.rn

    4. Ефектот на минувачот и ширење одговорност: Не знам ништо, некој друг ќе помогне

    rn(4)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОпис на експериментот: По убиството на Кити Џеновезе каде што никој од очевидците не ѝ помогнал, иако таа врискала долго време, научниците Џон Дерли и Биб Латејн направиле низа експерименти во кои ги тестирале реакциите на луѓето.rnrnРезултат: Експериментот докажал дека во итни случаи луѓето реагираат многу побрзо ако се сами. Но, ако има и други луѓе наоколу тие ќе се двоумат и ќе сметаат дека некој друг ќе помогне. Подоцна овој феномен бил истражуван повеќе, па дури има и навистина илустративен експеримент наречен „Соба полна со чад“. Луѓето кои биле сами во собата и го забележале чадот многу побргу го пријавиле проблемот, за разлика од оние кои биле во собата со други луѓе.rn

    5. 8 часа без какви било направи: Моето дете е најдобро, тоа не мисли на лоши работи

    rn(5)10-eksperimenti-koi-pokazhuvaat-kolku-lesno-se-lazhat-lugjeto-kafepauza.mkrnrnОпис на експериментот: Семејниот психолог Екатерина Мурашова поставила хипотеза дека модерните деца премногу се забавуваат и им е страв да бидат сами. Таа замолила неколку деца да поминат 8 часа без телефон, компјутер или телевизор. Децата можеле да цртаат, да читаат, да прават скулптури, да пешачат и да се вклучат во слични активности.rnrnРезултат: Само 3 од 68 деца, на возраст од 12 до 18 години, успеале да издржат до крај. 7 деца издржале повеќе од 7 часа. Останатите го прекинале експериментот изјавувајќи дека се чувствувале лошо, имале болка во градите или пак имале треска. 3 од децата дури помислиле и на самоубиство.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 7 важни правила за однесување во јавен превоз кои Македонците најмногу сакаат да ги прекршуваат

    7 важни правила за однесување во јавен превоз кои Македонците најмногу сакаат да ги прекршуваат

    Возењето со јавен превоз може да биде навистина неудобно искуство. Затоа обрнете внимание на бонтонот кој би требало да го почитувате во текот на возењето. Во продолжение ви откриваме 7 важни правила на однесување во јавниот превоз кои Македонците најчесто ги прекршуваат.rnrn1-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Пред влегување во возилото, пуштете ги патниците прво да излезат од него

    rnТуркањето покрај вратите од возилата на јавниот превоз се нешто што секојдневно го гледаме и доживуваме, особено во текот на утрата кога патниците одат на работа и за време на попладневните гужви кога истите луѓе се враќаат дома. Оставањето на патниците без пречки да излезат од возилото е правило на бонтон и ќе ја олесни целата работа, како за тие што излегуваат, така и за тие што влегуваат.rn

    2. Седиштата се за луѓе, не за личните работи

    rnАко седиме во полупразен автобус и на седиштето покрај себе ја оставиме чантата или ќесињата, никој нема да ни замери. Меѓутоа, ако истото го направиме кога во возилото е гужва и има малку слободни места за седење, тогаш патниците со полно право ќе ви замерат на таквото однесување. Седиштата пред сѐ се предвидени за луѓе, а не за личните предмети. Можеме да слушнеме чудни причини за кршење на ова правило. Жените најчесто не сакаат со работите да ја истуткаат облеката, додека мажите едноставно не знаат што да прават со предметите, како мокриот чадор, па и него знаеме често да го гледаме на празно седиште.rn

    3. Избегнувајте ги гласните разговори

    rnКолкупати сте се враќале уморни од работа додека во вас удирал продорен глас на патник кој гласно разговарал на мобилен? Или можеби сте се обидувале да игнорирате многу гласна група патници кои зборувале и се смееле во возилото? Ако тоа неизмерно ве нервира, не грижете се, тоа е сосема природна реакција. Во јавниот превоз треба да бидете културни и да разговарате тивко.rnrn2-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Јавниот превоз не е ресторан на тркала

    rnВо поголемиот дел од автобусите и возовите консумирањето на храна е забрането. Секако, сите ние понекогаш ќе посегнеме по залак суво печиво или некое чоколатце и тоа на сопатниците најчесто не им пречи. Меѓутоа, кога на „менито“ се разни пици, хамбургери, сендвичи со салама, бурек, печива со виршла и други миризливи производи, тоа може и тоа како да создаде проблем. Со оглед на тоа дека овие возила не се проветруваат често, разните тешки мириси може да создадат мачнина кај чувствителните луѓе. Затоа би требало таквиот вид храна да го изедете пред возењето и надвор од возилото.rn

    5. Покријте ја устата додека кивате и кашлате

    rnНикој не сака како подарок од својот сопатник да добие бактерии или вируси кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Посебно е важно да се присетите на ова правило во студените месеци кога ќе пристигне сезоната на настинки и грип.rnrn2-7-vazhni-pravila-na-odnesuvanje-vo-javen-prevoz-koi-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-gi-prekrshuvaat-www.kafepauza.mk_rn

    6. Држењето за рачките е задолжително

    rnСо тоа пред сѐ си правите услуга на себе, бидејќи со држењето ќе ја спречите потенцијалната незгода, паѓање или повреда во случај возилото нагло да запре. Од друга страна, ќе го спречите и чувството на неудобност до кое доаѓа доколку на некој патник му „слетате“ во скут или го нагазите затоа што не сте се држеле.rn

    7. На ранецот не му е местото на грбот додека има гужва

    rnДоколку сѐ уште не сте доживеале удар со ранец во главата, тогаш сте вистински среќници. Кога во јавниот превоз има голема гужва, ранецот би требало да го симнете од грбот и да го држите во рацете за да не ја предизвикате споменатата незгода.rnrnПостојат одредени ситуации каде што одредени луѓе постојано доживуваат хорор, а еве зошто јавниот превоз е пекол на тркала за хипохондриците.

  • 10 карактерни особини што ве прават привлечни во туѓите очи

    10 карактерни особини што ве прават привлечни во туѓите очи

    Изгледот можеби привлекува на прв поглед, но далеку од тоа дека е пресуден. Она што освојува всушност е нашето однесување. Постојат мали трикови со чија помош ќе можете да освоите кого било, а сите трикови се и навистина докажани. Доколку ги научите еднаш, ќе можете постојано да ги употребувате за ваша корист.rnrn1-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Слушајте ги другите

    rnВашата способност за слушање на другите е една од работите кои најбрзо ги привлекува луѓето. Со тоа што слушате некого, му покажувате дека ви е важен и дека навистина ве интересира она што ќе го каже. На тој начин градите доверба и подлабока поврзаност со таа личност. Во туѓите очи можете дури да станете и физички поатрактивни доколку се покажете како добар слушател. Активното слушање е фокусирано и промислено слушање кое ве води кон подлабоко вклучување во темата.rn

    2. Набљудувајте го вербалното и невербалното однесување на другите

    rnТака ќе можете подобро да разберете во кој дух е нешто кажано и да дадете соодветен одговор, кој на другата личност ќе ѝ даде до знаење дека активно ја слушате.rn

    3. Бидете добри и фини

    rnДокажано е дека и мажите и жените сакаат повеќе да бидат во друштво со луѓе кои се фини, добронамерни, грижливи и искрено загрижени за доброто на другите, што секако не е изненадувачко. Таквото однесување е потребно за основање, но и за одржување долги врски, бидејќи тоа го подигнува и нивото на атрактивност на личноста.rn

    4. Смејте се

    rnЕдно од најсилните оружја што ги имаме е насмевката! Смеењето испушта ендорфин и серотонин што во вас го подобрува расположението, но може да го подобри и расположението на луѓето околу вас. Луѓето повеќе сакаат да бидат опкружени со насмеани личности отколку со сериозни и тмурни и тоа е секако една од најатрактивните физички особини. Смеењето исто така опушта, го ослободува стресот и нè зближува со другите.rnrn2-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Бидете човек од збор

    rnДругите луѓе сакаат да можат да се потпрат на вас. На тој начин побрзо градат блиска врска со вас и многу побрзо се отвораат, бидејќи нема да се плашат дека ќе ги повредите или разочарате. Луѓето на кои може да им се верува се многу пожелни и важни, а ретко кој е таков, па тоа е особина која навистина се исплати да ја имате.rn

    6. Мирисајте на ванила

    rnЕдна од најпопуларните ноти во парфемите е мирисот кој докажано им одговара на скоро сите, бидејќи буди среќни спомени од детството. Доколку мирисате на ванила, луѓето со вас ќе се чувствуваат среќно и удобно. а важно е да нагласиме и дека мирисот на ванила го намалува стресот и анксиозноста.rn

    7. Носете црвено

    rnОсвен што е секси и самоуверено, докажано е дека најпривлечни се жените во црвено. Црвената боја симболизира моќ, како и сексуалност, зрелост, па дури и плодност.rnrn3-10-odnesuvanja-zaradi-koi-drugite-lugje-ve-sakaat-www.kafepauza.mk_rn

    8. Бидете полни со самодоверба

    rnСамодовербата, верувањето во себе и цврстиот став ја прават личноста многу привлечна. Дури и оние кои веруваат дека добро мирисаат, имаат убава коса или едноставно гледаат на себе во добро светло, веднаш ќе бидат попривлечни за другите.rn

    9. Немојте да доцните

    rnТочноста е многу привлечна, иако на прв поглед изгледа банално. Доаѓањето на време покажува дека имате свои принципи кои ги следите, но и дека ги почитувате другите, како и нивното време.rn

    10. Ако сте сопственик на домашен миленик, тоа е плус

    rnСопствениците на домашни миленици се воочливи, изгледаат доверливо и отворено и лесно можете да им пријдете, бидејќи сепак разговорот за домашниот миленик е одличен начин за кршење на мразот. Таквите поединци изгледаат како одличен материјал за долга врска, а поседувањето на домашен миленик убаво делува на вашата психа и нивото на релаксираност.rnrnДознајте кои работи мажите потајно ги бараат кај жените.

  • Научете ги вашите синови дека жените не постојат само за да ги задоволуваат нивните потреби

    Научете ги вашите синови дека жените не постојат само за да ги задоволуваат нивните потреби

    Можеби не можете да влезете во нечиј ум, но многу жени ќе ви кажат колку им било страв да отидат и до продавница. Колку пати им било смачено од излегувањето и ноќните клубови поради постојаните дофрлања од сите страни. Колку пати биле нарекувани со погрдни зборови само затоа што здолништето им било малку пократко.rnrnnauchete-gi-vashite-sinovi-deka-zhenite-ne-postojat-za-da-gi-zadovoluvaat-kafepauza.mkrn

    Научете ги вашите синови дека жените не треба да бидат атрактивни за да бидат вредни за ислушување

    rnРазликата помеѓу комплимент и тврдењето дека жената е ваша сопственост е разликата помеѓу вистинскиот разговор и странец кој дофрлува „Мислам дека си многу секси, може ли да ми го дадеш бројот?“ Разликата помеѓу комплиментот и навредата е заедничкото согласување дека и жените се личности. Разликата помеѓу комплиментот и нападот е тоа дали жената ја има или ја нема опцијата да одговори.rn

    Научете ги вашите синови дека женското тело не е нивна сопственост

    rnОвде станува збор за моќ. Мажите кои им приоѓаат на жени во јавност сметаат дека имаат право да ја покажат својата моќ над пасивниот предмет и да го контролираат пристапот кој го имаат до женското тело. Поради ова, една жена не е во можност да носи „провокативна“ облека без да се чувствува како мета. Разликата во разбирањето за ситуацијата е тоа што на мажите никогаш не им советуваат да го стават бројот на полицијата во итни повици или пак да носат некакво средство за заштита. Желбата на мажите да дофрлаат коментари не се ни споредува со желбата која ја имаат жените барем еден ден да се чувствуваат безбедно со своето тело.rn

    Научете ги вашите синови дека женското тело не ја одредува нејзината вредност

    rnМажите поминуваат многу време критикувајќи го изгледот на жената, недостаток од ова, премногу од она, нејзиното однесување, нејзината насмевка, нејзиното образование… Но тие речиси никогаш не признаваат дека без разлика на овие работи, жената е сепак жена. Жените заслужуваат да бидат слушнати. Нивните солзи и среќа се висински. Колку мажите и да не се согласуваат со ова, жените сепак се силни.rn

    Научете ги вашите синови дека ова не е битка помеѓу мажите и жените

    rnЖените ги разбираат мажите кои сметаат дека не добиваат доволно внимание колку девојките. Многу од нив биле жртви. Можеби им било страв да се возат навечер со јавен превоз. Можеби ги паметат погледите кои ги добиле од пијаните мажи кои се качиле со нив во лифтот. Можеби го имаат почувствувано притисокот за секс без разлика колку одбивале. Жените ги разбираат мажите кои се нашле во ваква ситуација, кои биле исплашени, кои биле жртви.rnrnКога жената ќе го разбере ова, тоа значи дека овие работи се и нејзина реалност. Таа е родена во свет каде што сè уште има полова нееднаквост и каде што мажите сè уште имаат моќ да користат сексуална злоупотреба. Кога навистина ќе ги слушнете повиците за помош од жените, процесот на лекување ќе може да започне и конечно на виделина ќе излезе еднаквоста.rnrnСè додека општеството не разбере дека не е потребно некој некаде да биде крвав и изложен за луѓето да поверуваат дека има проблем, ништо нема да биде доволно.rnrnПогледнете ги и другите типови дискриминација против кои треба да продолжиме да се бориме.

  • 10 работи за кои не ви е потребен талент, а ве прават неверојатни

    10 работи за кои не ви е потребен талент, а ве прават неверојатни

    Секој од нас е човек и си има свои недостатоци. Некои луѓе се попаметни, некои се повредни, а некои пак имаат талент за нешто. Сепак, следниве 10 работи не бараат никаков талент, а сигурно ќе ве направат многу подобра и неверојатна личност.rnrn10-raboti-za-koi-ne-vi-e-potreben-talent-a-ve-pravat-neverojatni-kafepauza.mkrn

    1. Пристигнување на време

    rnСо ова вие покажувате дисциплина, организација и подготвеност. Пристигнувањето на време, на долгорочен план ви овозможува повеќе слободно време и ќе почнете да се чувствувате добро за вашиот успех, како и повеќе да се почитувате.rn

    2. Работна етика

    rnВажно е да имате силна работна етика за да ги завршите работите дури и кога не сакате да го правите тоа. Секој од нас е човек, но оние кои постигнуваат неверојатни успеси можат да се изборат со мрзливоста и го трансформираат нивниот живот. Ако го дадете најдоброто од себе во овој момент, самите си создавате неверојатни можности.rn

    3. Труд

    rnОбидете се да давате 100% во сè што работите. Потребен е труд за животот што го сакате. Не мора да бидете најталентирани, најбогати, најбрзи или најпаметни, потребно е само да се трудите. Не очекувајте промена ако не ја направите вие.rn

    4. Говор на телото

    rnГоворот на телото е комуникација без зборови. Вашиот говор на телото открива за вас многу повеќе отколку што мислите. Кога вашето тело дава знаци дека сте самоуверени, тоа ќе направи разлика поради која ќе се чувствувате подобро, а другите ќе го забележат тоа.rn

    5. Енергија

    rnБидете енергијата што сакате да ја привлечете. Луѓето можеби ќе заборават што сте рекле, што сте направиле, но тие никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат.rn

    6. Однесување

    rnДоброто однесување може да биде клучно за вашиот успех. Сепак, однесувањето е избор. Доброто однесување станува добар ден, кој станува добар месец, кој станува добра година, која пак станува добар живот.rn

    7. Страст

    rnБидете страсни, љубопитни, откријте ги вашите интереси и истражувајте за работи кои ве возбудуваат. Користете визуализација за да се замислите возбудени и страсни. Страста е заразна. Неверојатно е да се биде околу луѓе кои имаат неверојатна страст кон животот.rn

    8. Побарајте помош

    rnКога ви е потребна помош, немојте да се плашите да ја побарате. Немојте да сметате дека знаете сè и дека сте премногу добри за да учите. Сите ние сме луѓе и понекогаш ни е потребна помош која ќе нè одведе во правилната насока. Бидете доволно паметни да знаете кога ви е потребна помош, и доволно храбри да ја побарате во тие моменти.rn

    9. Правете повеќе

    rnБез разлика дали е во прашање вашата работа или врската, секогаш давајте и правете повеќе. Дури и на почетокот ако ви изгледа дека вие работите повеќе, со текот на време доброто ќе ви се врати. Покрај тоа, кога повеќе се трудите ќе се чувствувате многу подобро.rn

    10. Подготвеност

    rnСамодовербата доаѓа од подготвеноста. Кога сте подготвени вие давате сè од себе. Колку е поголема подготовката, толку се поголеми шансите за успех. Подготовката ви дава контрола над вашата судбина.

  • 4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат животот

    4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат животот

    Сте чуле ли за терминот „женско условување“? Тоа се однесува на одредените правила и верувања што повеќето жени ги негуваат за да бидат „добри“ жени во современата култура. Но, таквото условување ги спречува жените да го кажуваат своето мислење, да ги постигнуваат своите цели и да преземаат ризици. Размислете за следниве несвесни начини на однесување кои се доказ за угнетеноста на жените во секојдневниот живот…rnrn4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат живототrn

    1. Не си го сакаат сопственото тело

    rnФормата и големината на телото ја одредува културната и личната вредност на жените. Тие веруваат дека не смеат да му дозволат на телото да старее нормално, бидејќи тоа би било како извршување злочин против општеството. Јадењето се смета за знак на слабост. Голем е бројот на жените кои имаат нарушувања во исхраната. Жените се воспитуваат на тој начин што мислат дека нивните тела се украси. Најважно е како изгледаат, сѐ друго е секундарно.rn

    2. Веруваат дека женската добрина е синоним на пожртвуваноста

    rnЖените учат дека мора постојано да даваат. Тие веруваат дека треба да ги ставаат другите луѓе пред себе, а понекогаш тоа подразбира да му дозволат некому да ја земе заслугата за нивниот труд. Секогаш мора да бидат фини и да се смешкаат. Еден од најголемите комплименти што жените можат да го добијат е дека се „несебични“. Тоа би значело дека воопшто не мислат на себе. Нема место за нив, за нивните мисли и верувања во светот на мажите. Од жените се очекува да бидат ветрот под нечии крилја.rn

    3. Не го кажуваат своето мислење

    rn„Добрите девојки“ се тивки, кротки, скромни и покорни. Ако се осмелат да го искажат своето мислење, несогласување или станат премногу гласни и впечатливи, веднаш добиваат етикета на остри, сурови, емотивни, хистерични, некултурни и неразумни. Жените кои ги побиваат ваквите предрасуди веднаш предизвикуваат силна реакција од јавноста.rnrn4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат живототrn

    4. Не ја користат моќта за донесување одлуки

    rnМногу жени се вртат една против друга, наместо да се борат против стандардите што ги држат заробени. Колку често ги слушате жените како се критикуваат меѓу себе поради тоа што се премногу гласни, остри или дебели? Колку често се нарекуваат со погрдни имиња и си го критикуваат изгледот, мислењата или направените избори? Мажите не се единствените што ги критикуваат жените. Жените многу почесто го прават истото.rn

    Па, како да ги надминеме овие проблеми?

    rnПодигнувањето на свеста е првиот чекор што треба да се преземе. Жените најпрво мора да ги препознаат знаците на женското условување во општеството за да можат да се издигнат над овие проблеми.rnrnРазговарајте за ова. Разговарајте за ова со другите жени. Кога ќе почувствувате дека не можете да го искажете вашето мислење, разговарајте за тоа што ви се случува со некому кому верувате. Дајте им име на вашите емоции. Кога ги именувате работите, тие ја губат нивната моќ. Помогнете им на жените околу вас да го сторат истото.rnrnОстварување сестринство. Многу е важно да остварите сестринство со жените околу вас за да можете да разговарате за важните проблеми што ве измачуваат. Ако забележите дека некоја жена е нападната, одбранете ја. Бидете гласот на разумот во разговорите што се обидуваат да ве вовлечат во озборувања и остри осуди. Ова не е лесно да се направи, но ќе се чувствувате подобро кога ќе знаете дека сте го бранеле вашиот став.rnrnЖенското условување може да се искорени, но потребно е да се вложи многу труд. Прво мора да си помогнете себеси, а потоа и на жените што ги познавате. Можете да ги промените работите во општеството, само треба да станете свесни за проблемите и да ги решавате постепено, еден по еден.rnrnЗа да си ја вратите женската сила, прочитајте ги следниве моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат.