КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

    12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

    Понекогаш многу лесно донесуваме избрзани заклучоци за другите луѓе и ги осудуваме без да ја знаеме целата вистина за тоа како се чувствуваат. Кога некој се однесува лошо, тоа е обично знак дека човекот страда. Пред да почнете да ги обвинувате вашите пријателки или девојки поради нивното однесување, имајте на ум дека тие прават одредени работи затоа што се чувствуваат безвредно. Прочитајте за што станува збор…rnrn12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредноrnrn1. Не знае да прифати комплимент. Ако ѝ кажете дека има убави очи, таа не се согласува. Кога ќе го пофалите нејзиниот црн фустан, таа вели дека не ѝ се допаѓа бојата. Едноставно не може да го прифати фактот дека е прекрасна.rnrn2. Постојано има токсични врски. Среќна е кога некој ќе покаже интерес за неа, дури и ако партнерот ја повредува и изневерува. Барем не е сингл и има некој покрај себе…rnrn3. Постојано чита. Или гледа телевизија по цели денови и слуша еден ист музички албум одново и одново додека не ѝ се смачи од секоја можна песна. На тој начин таа бара бегство од реалноста. Сака да заборави на нејзиниот несреќен живот и се преправа дека се наоѓа на друго место, дека е некоја друга личност…rnrn4. Ѝ треба долго време за да ви врати на пораката. Таа е осамена, но кога некој ќе се обиде да разговара со неа, не одговара. Мисли дека нема што значајно да каже. Мисли дека само ќе ве растажи и депримира.rnrn5. Објавува работи на социјалните мрежи и потоа ги брише. Многу ѝ се допаднало некое нејзино селфи и решила да го објави. Но, некој не го лајкнал и сега се чувствува глупаво поради тоа што го објавила. Па така, решила да го избрише пред да го видат луѓето и да почнат со осудување.rnrn6. Тивка е за време на групните разговори. Не сака да се фали со нејзиното унапредување, бидејќи сѐ уште работи во ресторан, додека сите нејзини пријатели имаат работа од соништата. Не е е свесна за нејзиниот животен напредок, бидејќи постојано се споредува со сите околу неа.rnrn12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредноrnrn7. Покажува љубомора. Кога некој пријател ќе ѝ соопшти добри вести, таа не знае да честита и да се израдува како што треба. Љубомората почнува да владее со неа. Секоја убава работа што ќе му се случи некому ѝ паѓа тешко, бидејќи се чувствува лошо поради тоа.rnrn8. Не спие како што треба. Останува будна до 4 или 5 наутро и спие до пладне. Таа е задоволна од ваквиот начин на живот. На тој начин нема можност да комуницира со другите луѓе.rnrn9. Го крие телото. Носи широка облека секогаш кога ќе излезе од дома, затоа што така се чувствува пријатно и убаво, туку затоа што не сака никој да го види нејзиното тело. Го мрази нејзиниот изглед и сака да се скрие.rnrn10. Комуницира со поранешните партнери. Таа не живее во сегашноста, туку постојано се навраќа на минатото. Зборува со нив колку да ѝ помине времето.rnrn11. Не е активна на социјалните мрежи. Сите објавуваат фотографии од нивните свршенички прстени и статуси за да се пофалат дека дипломирале. Дури и кога се радува поради некое достигнување, среќата не трае долго. Таа мисли дека нејзиниот успех не е ништо во споредба со успехот на другите. Смета дека тие се многу понапред од неа, а таа секогаш заостанува.rnrn12. Постојано се опијанува. Се чувствува подобро откако ќе испие по некоја чашка алкохол. Нормално дека таа среќа избледува веднаш штом се разбуди со мамурлак. Тогаш се чувствува уште полошо.rnrnДоколку ги забележите овие знаци кај вашата пријателка или девојка, немојте да ја обвинувате или одбегнувате бидејќи сметате дека ви пренесува негативна енергија. Наместо тоа бидете тука за неа. Дајте ѝ го потребниот простор, но не престанувајте со комуникација. Покажете ѝ дека ви значи и дека никогаш нема да ја изгуби вашата љубов и поддршка. Кога вистински ќе ја почувствува вашата грижа, полека ќе почне да се враќа во нормала.

  • Анализирање, кршење на правилата и несекојдневен животен стил: Необичното однесување на интуитивните личности

    Анализирање, кршење на правилата и несекојдневен животен стил: Необичното однесување на интуитивните личности

    Според некои теории, интуитивните типови луѓе се оние кои многу повеќе ги вреднуваат апстракциите, теориите и истражувањата на можностите, отколку дадената реалност на светот околу нив. Нив многу повеќе ги интересира она што не е очигледно и што не е искажано, отколку она што е. Во доминантниот свет, интуитивните личности често делуваат како чудаци и неприлагодени личности, чие однесување, избори и начин на живот не наоѓа разбирање од страна на останатите во околината. Еве некои однесувања поради кои интуитивните личности им изгледаат чудно на останатите.rnrn1-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rn

    1. Почнување дебата

    rnТие не започнуваат расправии и дебати затоа што се нељубезни и напорни, туку поради тоа што им е потребно да ја разгледаат ситуацијата од сите можни аспекти, да ги воочат „пропустите“ и суштината. Некои од нивните најдрагоцени увиди, се случуваат токму во текот на дебатата.rn

    2. Не ги сфаќаат правилата од збор до збор

    rnЗа нив правилата се повеќе упатства и сугестии за оние кои не размислуваат и не ги пронаоѓаат сопствените начини. Тие го анализираат секое правило обидувајќи се да сфатат зошто тоа постои и за што служи и доколку откријат дека тоа правило е ограничено, глупо, неефикасно и застарено, немаат никаков проблем да постапуваат на свој начин, раководени од сопствените вредности и размислување.rn

    3. Премногу анализираат

    rnОна што останатите го сметаат за претерано анализирање, премногу широко размислување, за интуитивните личности е вообичаен начин на ментално функционирање. Размислувањето и анализирањето не бараат никаков напор, го збогатуваат разбирањето, ја прошируваат перспективата, ја изоструваат перцепцијата и – забавни се. Она од кое другите ги боли главата, за интуитивните е лесна ментална гимнастика, односно загревање за сериозни когнитивни процеси.rnrn3-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ги преиспитуваат авторитетите

    rnКако што ги преиспитуваат правилата и не чувствуваат обврска да ги почитуваат, така ги доживуваат и авторитетите. Никој не го заслужува нивното почитување само поради својата позиција. Тие кон авторитетите се поставуваат опуштено и рамноправно, и никогаш не се попустливи и склони кон полтронство. Кога некого го почитуваат, тоа е поради неговата личност и човечка вредност, а не поради тоа што им е надреден и што може да им го згорчи или олесни животот. Самите тие многу ретко се на позиции со авторитет и воопшто, многу се сомнителни кон личностите кои сакаат моќ и контрола.rn

    5. Страсно ја испитуваат различноста

    rnЗа тоа сведочат нивните интереси, кругот на пријатели и познаниците, вкусот и културата. Интуитивните личности целиот свој живот настојуваат да ја видат широката слика на светот, да разберат сè и да ги спојат различностите и спротивностите. Тие имаат сосема посебен вкус, нивната општа култура е многу специфична, нивните интереси и хоби се многу поразлични и поневообичаени од оние кои имаат „нормална“ личност. Всушност, нив многу ги привлекува она што е надвор од границата на „нормалното“, бидејќи сè што е надвор од шаблонот овозможува подлабок увид и поширока перспектива.rnrn2-analiziranje-krshenje-na-pravilata-i-nesekojdneven-zhivoten-stil-neobichnoto-odnesuvanje-na-intuitivnite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rn

    6. Живеат селективен социјален живот

    rnИнтуитивните личности ја обожаваат самотијата, бидејќи таа им овозможува да им се препуштат на своите специфични интереси и мисловни процеси, па никогаш не им е досадно кога се сами, но затоа пак престојот помеѓу луѓето и учествувањето во групните интереси им претставуваат мачење – баналноста има поразувачко дејство на нив. Имаат различни пријатели со кои делат различни интереси, а тие пријатели никако не прават хомогена група – со секој од нив се дружат поединечно и делат различни интереси.rn

    7. Им даваат предност на неконвенционалните животни стилови

    rnБарајќи се себе во мноштвото разноликости, интуитивните личности усвојуваат и развиваат животни стилови кои не спаѓаат во стандардите на живеење во „нормалниот“ свет. Она што тие го сметаат за удобно, убаво и практично нема никаква врска со брендовите, модата и современата технологија. Честопати комбинираат ретро животни стилови со оние кои се далеку пред времето и живеат онака како што им налага нивното чувство за складност и исполнетост, поради што се изложени на сомневање. Тие ги преземаат нештата во своите раце, главно им зборуваат за себе на оние кои не ги познаваат и кои се срамат од различноста и невообичаеноста.

  • Деструктивни начини на однесување од кои треба да се ослободиме за да бидеме посреќни

    Деструктивни начини на однесување од кои треба да се ослободиме за да бидеме посреќни

    Понекогаш луѓето несвесно се однесуваат на начин што е деструктивен за нив и за околината. Така тие ги оддалечуваат најблиските од себе и се изложуваат на ризик да останат сами, без пријатели. За да го одбегнете тоа, треба да бидете свесни кои се тие токсични начини на однесување и засекогаш да се ослободите од нив. Еве кое однесување ви стои на патот до среќниот живот…rnrnДеструктивни начини на однесување од кои треба да се ослободиме за да бидеме посреќниrn

    Љубоморни сте

    rnНе дозволувајте зависта да го извлече најлошото од вас. Нема ништо позитивно кај овој начин на однесување. Престанете да се споредувате себеси со другите. Вашето животно патување е само ваше, не е натпревар. Единствената личност со која треба да се натпреварувате сте вие самите. Ако сакате да го бележите вашиот напредок, споредувајте се себеси со личноста која сте биле вчера.rn

    Работите ги сфаќате премногу лично

    rnСѐ што се случува не е директен напад на вас. Светот не се врти околу вас и постапките на луѓето повеќе зборуваат за нив отколку за вас самите. Без разлика дали другите мислат дека сте најдобри или најлоши, тоа е одраз на нивното сопствено мислење за себе. Тоа не значи дека треба да бидете нарциси и да ги игнорирате сите критики. Но, немојте работите да ги сфаќате премногу лично бидејќи тоа доведува до чувство на разочарување и тага. Во повеќето случаи, најпродуктивно е доколку го отфрлите туѓото мислење и почнете да се водите според вашата интуиција.rn

    Се однесувате како жртва

    rnПостојаното жалење и изигрување жртва е уште еден пример за токсично однесување. Доколку мислите дека немате контрола врз вашиот живот и немате моќ за да промените нешто, долго време ќе останете заглавени во една точка и нема да можете да напредувате. Кога ќе престанете да се жалите и нема да се сметате себеси за беспомошна жртва, ќе откриете дека сте многу помоќни одошто сте мислеле.rn

    Ги негувате болните чувства

    rnЕдна од најтешките животни лекции е поврзана со продолжувањето понатаму и ослободувањето од чувствата како што се вина, лутина, невозвратена љубов и загуба. Промената никогаш не е лесна. Мора да го оставите минатото зад себе за да им ставите крај на токсичните мисли кои владеат со вашиот ум. Треба емоционално да се ослободите од нештата што порано многу ви значеле за да се ослободите од болката. Тешко е да го промените начинот на размислување, но трудот нема да ви биде залуден.rnrnДеструктивни начини на однесување од кои треба да се ослободиме за да бидеме посреќниrn

    Размислувате негативно

    rnТешко е да се биде околу луѓе кои се постојано негативни. Тие непрестајно зборуваат за лошите нешта што се случиле и што би можеле да се случат, за нивните страдања и животните неправди. Овие луѓе тврдоглаво одбиваат да ја согледаат позитивната страна на животот и лекциите што ги научиле од лошите настани. Едно е да се биде песимист, но сосема друга работа е кога постојано сте опседнати со негативни мисли. Не бидете дел од овие луѓе. Светот не е против вас.rn

    Немате емоционална самоконтрола

    rnНеспособноста да ги контролирате емоциите е деструктивен начин на однесување. Станува збор за оние луѓе кои луто избувнуваат и леат крокодилски солзи секогаш кога ќе се појави некој проблем или пречка. Дали му викате на продавачот поради долгиот ред на каса или губите нерви за секоја најмала грешка што ја направил вашиот колега? Доколку сметате дека сте претерано емотивни, треба да воспоставите контрола врз вашите чувства и да откриете каде лежи коренот на вашата внатрешна лутина.rn

    Ги осудувате луѓето

    rnНемојте да ги осудувате луѓето поради површни работи. Она што гледате кај некој човек е тоа што тој решил да ви го покаже. Доколку некој се обидува да ве повреди, обично тоа е така затоа што таа личност страда и поминува низ тежок период. Нејзиното страдање бара издувен вентил и излегува на површина. Не треба да ги казнувате тие луѓе или да ги исмевате, туку да им помогнете. Ако не можете да им помогнете, не им обрнувајте внимание.rn

    Не сочувствувате со другите

    rnЕден од најтоксичните начини на однесување е злобата, а таа потекнува од недостатокот на емпатија, грижа и сочувство кон другите. Секојдневно сме сведоци на ваквото однесување, особено на социјалните мрежи. Луѓето се сурови и ги повредуваат другите само затоа што им се може. Ги исмеваат останатите на Интернет на кукавички начин, криејќи го нивниот вистински идентитет, заштитени од оклопот на анонимноста. Ако и вие сте забележале дека понекогаш се однесувате на ваков начин, веднаш престанете и обидете се да го пронајдете сочувството во вашето срце.rnrnДеструктивни начини на однесување од кои треба да се ослободиме за да бидеме посреќниrn

    Не ги почитувате моралните вредности

    rnИзмамата е избор, а не грешка и не постои оправдување за неа. Ако одлучите да мамите и успеете во тоа, немојте да мислите дека измамената личност е глупава. Таа личност само ви верувала повеќе одошто сте заслужиле. Бидете подобри луѓе од тоа. Не ги прекршувајте моралните правила и вредности само затоа што можете. Бидете искрени. Донесувајте правилни одлуки. Достоинството лежи во суштината на секој успешен човек.rn

    Го криете вашето вистинско лице

    rnНема да можете да се зближите со луѓето ако постојано се криете. Вистинскиот проблем настанува кога некоја личност ќе се поврзе со вашиот лажен идентитет. Не заборавајте дека без оглед на возраста, полот, националноста или сексуалната припадност, под сите тие надворешни украси, вие сте чисто и прекрасно суштество. Секој човек е таков. Секој зрачи со посебна светлина и има одредена животна цел. Радувајте се поради тоа што сте различни, по малку чудни и посебни. Немојте да се менувате себеси. Бидете она што сте. Не ја негирајте сопствената личност, туку извлечете го најдоброто од неа.rn

    Постојано барате потврда од другите

    rnОва се луѓе кои постојано имаат потреба да ја докажуваат нивната вредност. Тие сакаат да ги придобијат сите околу нив и на тој начин тие несвесно се однесуваат лошо и ги бркаат луѓето од себе. Преголемата грижа за туѓото мислење исцрпува. Не е важно како вашиот успех изгледа во очите на другите. Важно е да учите, да им помагате на другите да научат и да постигнете личен развој.rn

    Тврдоглави сте и перфекционисти

    rnЛуѓето постојано трагаат по совршенство. Тие ја бараат совршената куќа, работа, пријател и партнер. Проблемот е што совршенството не постои во непроменлива форма. Животот е едно непрекинато патување кое постојано се менува и еволуира. Тоа што го имате денес нема да биде сосема исто утре. Совршената куќа, работа, пријател и партнер со текот на времето ќе се променат и ќе го изгубат нивното совршенство. Но, со малку трпение и отворен ум, таа несовршена куќа ќе се претвори во удобен дом. Несовршената работа ќе стане успешна кариера. Несовршениот пријател ќе еволуира во цврста поддршка. Несовршениот партнер ќе се претвори во сигурен, животен сопатник. Само треба да се ослободите од перфекционизмот.rnrnДоколку се пронајдовте во некои од овие деструктивни начини на однесување, не грижете се. Сите имаме недостатоци кои понекогаш излегуваат на површина. Клучот за да ги победите лежи во свесноста за нивното постоење. Само така ќе можете да ги спречите токсичните начини на однесување.

  • Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

    Кога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?

    Неговото однесување со недели било неподносливо и токму тогаш кога сте решиле да ја прекинете врската, тој повторно станал неодолив. Флертува со вас, ви дава комплименти и повторно ве потсетува на причината зошто толку ви се допаднал на почетокот. Не можете да го оставите, бидејќи секогаш кога ќе решите да кренете раце од врската, тој се менува.rnrnКога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?rnrnНе знаете како да се однесувате со него, поради тоа што ви се чини дека има два сосема различни карактери. Кога ќе му напишете порака, или ќе ви врати за две секунди со сладок одговор или целосно ќе ве игнорира. Или ќе ве потсети зошто треба да се борите за него или ќе ви даде до знаење дека само си го губите времето со него.rnrnОсвен тоа, никогаш не дава сѐ од себе за врската. Нема да го преврти целиот свет за да ве направи среќни, но ќе се потруди доволно за да ве задржи. Ќе ви земе кафе доколку сака да си земе кафе и за себе. Споделува лични работи од неговото детство, но само затоа што вие сте ја споменале темата. Не се труди активно да стане дел од вашиот живот. Но, прави доволно за да си помислите дека се грижи за вас.rnrnВие сте личност која му придава значење на бакнежот, сексот, па дури и на оние незабележливи погледи што си ги разменувате во просторија полна со луѓе. Но, не знаете дали и нему му значат тие „важни“ моменти. Никогаш не ви кажува што мисли, а кога ви кажува, не знаете дали ве лаже само за да го добие она што го сака. Ако размислите подобро, вие него воопшто и не го познавате.rnrnКога совршениот партнер се претвора во вистински кретен: Како да се справите со оваа промена?rnrnНеговото расположение постојано се менува. Кога се однесува како што треба, се чувствувате како најсреќната девојка на светот. Ништо не може да ја избрише вашата насмевка од лицето, па дури ниту караницата со вашите родители или лошиот ден на работа. Но, кога се однесува лошо со вас, почнувате да се сомневате во себе. Дали сте му доволно привлечни? Дали сте му здодевни? Предвидливи? Вашето расположение целосно зависи од неговото однесување.rnrnНикогаш не знаете на што сте. Не знаете дали сака да биде со вас или не. Постојано ви праќа измешани сигнали. Многу добро знаете дека измешани сигнали праќаат само оние момци кои не се вистински заинтересирани, но кога е во „добрите“ навистина делува како да сака да биде со вас. Ви се чини дека би успеале како пар. И токму затоа не знаете што да направите.rnrnВо вакви ситуации најдобро е отворено да разговарате. Прашајте го дали навистина сака да биде со вас и дајте му до знаење дека нема да прифатите ништо помалку од вистината. Доколку тој не ви одговори веднаш, почне да размислува и почувствувате сомнеж во неговиот глас, одговорот е јасен. Но, ако како „од пушка“ ви одговори дека сака да биде со вас, не го земајте тоа здраво за готово и кажете му дека нема повеќе да го поднесувате неговото променливо однесување. И не отстапувајте од тоа. Заслужувате некој кој ќе ве сака постојано, а не само кога нему ќе му одговара.

  • Единственото извинување што треба да го прифатите е променетото однесување

    Единственото извинување што треба да го прифатите е променетото однесување

    Во денешно време зборот „извини“ сосема го има изгубено неговото значење. Служи само како привремен фластер на рана што бара сериозна медицинска терапија. Велиме „извини“ само кога сакаме набрзина да ги поправиме работите, без да вложиме вистински труд.rnrnЕдинственото извинување што треба да го прифатите е променетото однесувањеrnrnСетете се на последниот пат кога сте се извиниле. Секако дека навистина сте го мислеле тоа, но дали нештата се промениле? Дали воопшто сте планирале да се промените? Или евентуално пак сте се вратиле на старото однесување поради кое сте се нашле во неволја?rnrnНормално е тоа што љубовните парови се караат и понекогаш си ги повредуваат чувствата. За време на жестоката караница сите се во право и никој не сака да се повлече. Но, кога ќе се смири ситуацијата и сакаме да прогласиме примирје, единствено нешто што можеме да изговориме е „извини“. Нашата грижа на совест е вистинска, но почитта спрема другата личност е лажна. Доколку навистина сакате врската да функционира, ќе се обидете да ги поправите работите. Ќе се обидете да се промените.rnrnРомантичните филмови ни даваат погрешна идеја за тоа како би требало да изгледа доброто извинување. Момците се извинуваат со тоа што пеат серенади под прозорецот на девојката или, пак, одржуваат засрамувачки говор пред сите присутни на некој важен настан. Ваквите дела се со добра намера, но не траат долго.rnrnТие неколку секунди додека се чувствувате посебно ќе избледат, доколку прекрасниот говор не биде поткрепен со вистински дела. Најдоброто извинување е променетото однесување. Треба внимателно да слушнете зошто другата личност е вознемирена и да направите нешто во врска со тоа, односно да го промените.rnrnВистинските, долготрајни извинување се тивки и скромни. Не бараат публика и внимание. Вистинското извинување подразбира секој ден после работа да одвојувате време за вашиот партнер кој е повреден поради тоа што не сте се виделе одамна. Тоа подразбира да ја избришете поранешната девојка од Фејсбук без да се буните, бидејќи на вашата сакана веќе ѝ се смачи од тоа постојано да ви ги лајкува сите ваши фотографии.rnrnНормално е понекогаш да се скарате со вашиот партнер. Но, доколку проблемите ги ставате под тепих, веројатноста е дека љубовната врска нема да трае долго. Меѓутоа, доколку ги искористите за да го разберете вашиот партнер и да откриете каква врска ви одговара и на двајцата, тогаш ќе се зближите уште повеќе. Нареден пат кога ќе кажете „извини“ погрижете се да докажете дека навистина го мислите тоа.

  • Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

    Кога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?

    Многу паметни и независни девојки кои бараат љубов се соочуваат со следнава дилема: Од една страна имаат силна желба да му се допаднат некому и конечно да го најдат вистинскиот партнер, но од друга страна не сакаат да толерираат секакво однесување само колку да не бидат сами. Поради тоа, многу често тие не знаат како да реагираат кога мажот со кој се гледаат ќе направи нешто што ќе ги извади од кожа. Не знаат дали нивните очекувања се реалистични и што треба да прогледаат низ прсти. Девојките се подготвени да преминат преку секакви лудости и видови непочитување за да се допаднат некому, но истовремено премногу брзо донесуваат заклучоци и бегаат веднаш штом се појави некој знак на предупредување.rnrnКога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?rnrnЗамислете си ја следнава ситуација: Сте почнале да се гледате со некого и тој ви се јавува само после 10 часот навечер. Вие сметате дека тоа е некултурно, бидејќи треба да станете рано наутро и го нарушува квалитетот на вашиот сон. Меѓутоа, не знаете како да постапите бидејќи не сакате веднаш да го избркате. Во ваков случај, поставете си го следново прашање: Како би постапиле кога вашата пријателка би ви се јавувала во незгодно време? Сигурно веднаш би разговарале со неа и би ѝ дале до знаење дека тоа ви пречи.rnrnСитуацијата е многу јасна кога се работи за пријателка, нели? Па, зошто не би реагирале на ист начин кога станува збор за мажот со кого се гледате? Не би требало да се плашите дека ќе звучите неразумно, бидејќи вашето барање е сосема на место. Неговото однесување влијае негативно на вашиот начин на живот. Нормално дека би требало да кажете нешто.rnrnКога почнуваме да излегуваме со нова личност имаме навика да се фокусираме на нејзините потреби и желби, наместо на нашите. Дали сме оставиле добар впечаток? Дали го кажавме она што треба? Каква ќе биде неговата реакција?rnrnВо животот секогаш треба да поставувате граници. Треба да очекувате од другите луѓе да ги почитуваат тие граници без оглед на вашиот однос. Не постои причина зошто би требало да направите исклучок само затоа што тој е машко и се плашите дека ќе го избркате.rnrnКога треба да се однесувате со партнерот како да ви е пријателка?rnrnПа, како би требало да постапите? Ако го послушате оној внатрешен глас кој ви вели дека треба да си најдете партнер, веројатно ќе го прифатите таквото однесување. Но, ако го послушате другиот внатрешен глас кој ви вели да не се однесувате очајно, веројатноста е дека ќе го откачите потенцијалниот партнер.rnrnСепак, постои и трета опција. Треба да најдете златна средина и да го направите она што би го направиле кога би се работело за ваша пријателка: Да му кажете дека неговото однесување ви пречи. Можете да го формулирате тоа на следниов начин: „Навистина би сакала подобро да се запознаеме, но секој ден морам да станувам многу рано, така што не можам да разговарам на телефон после 21 часот. Ако сакаш да разговараме, те молам побарај ме порано. Се надевам дека ме разбираш и дека ова ќе ти одговара и на тебе“. Звучи директно, но учтиво и разумно, нели?rnrnБез разлика дали признаваме или не, сите сакаме да се допаднеме некому. Но, мора да ви биде јасно дека треба да сакате да им се допаднете на вистинските момци за вас, а не на кого било. Однесувајте се со потенцијалните партнери на ист начин како што би се однесувале со вашите пријателки. Тој не би требало да помине полесно само затоа што е згоден и навистина сакате да започнете врска со него. Тоа не значи дека треба да критикувате или да поставувате премногу барања. Едноставно кажете го вашиот проблем и дозволете му да одлучи како ќе постапи.

  • 8 совети од тајни агенти што можат да ви помогнат полесно да ги „читате“ луѓето

    8 совети од тајни агенти што можат да ви помогнат полесно да ги „читате“ луѓето

    Способноста да ги „читате“ луѓето може да биде ефективен начин да си помогнете во комуникацијата. ЛаРае Куи, кој работел како ФБИ агент 23 години, има многу да каже на оваа тема.rnrn8 совети од тајни агенти што можат да ви помогнат полесно да ги „читате“ луѓетоrn

    „Нема потреба да бидете првокласен детектив за да разберете што се случува во нечија глава. Секогаш постојат сигнали што можат да бидат забележани. Сè што треба да знаете е каде да ги побарате.“

    rnПрочитајте за какви знаци станува збор и како со нивна помош можете да откриете што таа личност чувствува или размислува…rn

    1. Дефинирајте го нивниот основен модел на однесување

    rnПостојат огромен број физички однесувања во кои луѓето се впуштаат. На пример, некои можат да зјапаат во подот за време на разговорот, да ги вкрстат рацете, да кашлаат, да си ги чешаат главите или пак, да се клатат напред назад на нивните нозе. Луѓето се однесуваат различно поради различни причини. Дефинирањето на нечиј основен модел на однесување може да ви помогне да ги сфатите нивните дејства – дали тоа што го прават е од навика или пак, индикација за измама, лутина или незрелост.rn

    2. Обрнете внимание на нивните каприци

    rnОбидете се да најдете разлики помеѓу основниот модел на однесување и нивните зборови и гестови. На пример, дали сте забележале дека некој има навика да го прочистува грлото кога е нервозен? Дали можеби на тој начин крие нешто што не е очигледно на прв поглед?rn

    3. Обрнете внимание на гестовите

    rnСамо еден гест или збор не секогаш има скриено значење. Но, кога одредени гестови следат во низа, обрнете повеќе внимание. На пример, ако некој постојано кашла, ја чеша главата и ги врти стапалата во исто време, тогаш треба да бидете многу внимателни.rn

    4. Споредете ги однесувањата

    rnАко забележите дека некој се однесува почудно од вообичаено, обрнете повеќе внимание на тоа што го прави. На кој начин оваа личност се поврзува со луѓето во просторијата? Дали нејзината или неговата фацијална експресија се менува? Што кажува позицијата и говорот на телото?rn

    5. Погледнете во „огледало“

    rnПостојат неврони во мозокот што ја отсликуваат состојбата на нашиот ум. На пример, насмевката може да ги активира мускулите што се одговорни за среќна фацијална експресија. Од друга страна пак, кога се мрштиме, ние покажуваме незадоволство. Кога гледаме во личност што ни се допаѓа, ние им даваме сигнал на нашите фацијални мускули да се опуштат. Ако лицето на оваа личност не „одговори“ на истиот начин, тогаш јасно ви праќа порака дека или не ѝ се допаѓате или не ѝ се допаѓа нешто што сте направиле.rn

    6. Пронајдете го најсилниот глас

    rnНајсилната личност не е секогаш таа што седи на „чело“ од масата. Личноста со висока самодоверба, по правило, има и најсилен глас (не го мешајте ова со јачината на тонот на гласот). Најчесто лидерот на групата е некој со слаб карактер кој во голем степен зависи од другите. Па, ако сакате да го откриете вистинскиот водач, пронајдете го оној чиј глас најчесто внимателно се слуша.rn

    7. Набљудувајте го начинот на одење

    rnМногу често кај луѓето недостасува постојаност во нивното движење. И откако личноста погледнува надолу кон нозете, наместо право пред себе при одењето, тоа е знак за ниска самодоверба.rn

    8. Идентификувајте ја нивната основа

    rnСекој од нас има уникатен карактер, но постојат одредени базични прашања што ќе ви помогнат да ја прочитате личноста на фундаментално ниво, без разлика за кого станува збор:rn

      rn011

    • Дали оваа личност е интроверт или екстроверт?
    • rn011

    • Дали интеракциите со другите се почетна точка за нивните дела?
    • rn011

    • Како оваа личност се справува со ризик и несигурност?
    • rn011

    • Што го храни нивното его?
    • rn011

    • Како се однесува во ситуации со многу стрес?
    • rn011

    • Какви се кога ќе се опуштат?
    • rn

    rnИмајте на ум дека е потребно време да научите да ги читате луѓето без грешка. И се разбира, секогаш постојат исклучоци за секое правило. Но, доколку се водите од овие принципи, вие можете да ги подобрите вашите способности за набљудување и да ја зголемите вашата способност за разбирање на луѓето. Тоа ќе ви помогне да комуницирате многу поефикасно од порано.

  • Спас од напорните момци: 10-годишно девојче напишало листа со правила за однесување

    Спас од напорните момци: 10-годишно девојче напишало листа со правила за однесување

    Нареден пат кога некое момче упорно ќе флертува со вас и покрај тоа што вие очигледно не сте заинтересирани, дајте му копија од оваа листа на правила напишана од страна на ученичка од петто одделение за момчето кому му се допаѓа и не сака да ја остави на мира.rnrnСпас од напорните момци: Петоодделенка напишала листа на правила за однесување за момчето кое било вљубено во неаrnrnЛистата прво стана вистински хит на Твитер, каде што била објавена од страна на Дени Џоунс, учителка по танц во Њујорк, која ја видела белешката благодарение на нејзината пријателка, учителка во петто одделение. Младата дама која ја напишала листата сакала да му достави писмено предупредување на заљубеното момче зошто треба да се повлече. Листата гласи вака:rnrn[message_box title=”Правила и регулации” color=”yellow”]rnrn1. Не ми го допирај рамото.rnrn2. Не оди зад мене за да ме закачаш и да се будалиш (не оди зад мене воопшто).rnrn3. Не ми зборувај освен ако не сакаш да ме поздравиш, што нема да се случи никогаш.rnrn4. Престани да ме закачаш во автобус.rnrn5. Имам тенки нерви за луѓе кои ми го уништуваат денот затоа што премногу се закачаат.rnrn6. Прочитај го ова 500 пати.rnrn7. Ти ме сакаш (како девојка), но јас не те сакам (како дечко). Премногу сум млада!rnrnАко прекршиш некое од овие правила ќе му се јавам на татко ми, пријателите на мајка ми, на мојата лажна мајка и на хигијаничарот (занемари го правописот) што го познавам!rnrnАко ми го уништиш денот ќе морам да одам на советување!rnrnПрестани да ме закачаш!rnrn[/message_box]rnrnСпас од напорните момци: Петоодделенка напишала листа на правила за однесување за момчето кое било вљубено во неаrnrnМора да признаете дека оваа листа е совршена. Девојчево заслужува само пофалби со оглед на фактот што на таа возраст знае како да се ослободи од напорните додворувачи и сите девојки би можеле да научат нешто од неа.rnrnШто се однесува до момците, дури и да не претерувате со додворување кога гледате дека некоја девојка не е заинтересирана, не би било лошо да ги примените овие правила во секојдневниот живот. Не ги закачајте девојките во автобус. Не почнувајте разговор освен ако не сакате да ги поздравите. Тоа се едноставните правила по кои треба да живеете!

  • Момци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај вас

    Момци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај вас

    Постојат многу нешта што ги привлекуваат жените, од кои повеќето тие и гласно би ги признале. Но, тука станува збор за ситници што имаат моќ да го освојат нејзиното срце и да направат да ве засака повеќе од кога било претходно. Ако добро одиграте, таа можеби дури и засекогаш ќе остане покрај вас. Погледнете што треба да направите…rnrnМомци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај васrnrn1. Кога ги прекривате со ќебе откако непланирано ќе задремат.rnrn2. Кога користите големи и стручни зборови во обичен разговор.rnrn3. Кога барате да се свртат околу себе откако ќе влезат во просторијата во нов фустан.rnrn4. Кога мирисате на колонска вода.rnrn5. Кога носите костум со отпуштена вратоврска.rnrn6. Кога при прегратката ги подигнувате во воздух.rnrn7. Кога ќе поминете со прстите низ нивната коса, за подобро да им го видите лицето.rnrn8. Кога ги бакнувате во образ за да се поздравите.rnrn9. Кога станувате емоционални за време на „женски“ филм што не сте ни сакале да го гледате.rnrn10. Кога нежно ги прегрнувате на забава со многу луѓе.rnrn11. Кога им намигнувате од другата страна на просторијата.rnrn12. Кога ќе седнете на подот да си играте со нивното домашно милениче.rnrn13. Кога ги прашувате дали се сигурни пред да имате секс.rnrn14. Кога ќе им кажете колку многу им се допаѓаат на вашите родители.rnrn15. Кога ќе ги прегрнете од зад грб.rnrn16. Кога ќе ги бакнете на челото откако мислите дека веќе заспале.rnrn17. Кога ќе им донесете уште едно парче торта, дури и кога не побарале.rnrn18. Кога ќе ги бакнувате на раката.rnrn19. Кога одите од надворешната страна на тротоарот, каде што сте поблизу до улицата.rnrn20. Кога свирите на гитара, пијано, тапани или кој било друг инструмент.rnrn21. Кога ќе ви се сплетка јазикот откако ќе забележите колку неверојатно изгледаат.rnrn22. Кога ќе им подготвите вкусен оброк.rnrn23. Кога ќе се протегате и случајно ќе ја подигнете маицата, откривајќи ги стомачните.rnrn24. Кога ќе го изговорите нивното име.rnrn25. Кога ги гледате во усните додека зборуваат.

  • 12 правила на однесување кои ќе ве направат посреќни претставени преку илустрации

    12 правила на однесување кои ќе ве направат посреќни претставени преку илустрации

    Сите сакаме да станеме подобри, попаметни, посилни и посреќни. Но, патот кон реализацијата на таа идеја мора да започне со стекнување позитивни мисли. Нормално дека не може секогаш да бидеме добро расположени, но факт е дека среќата е избор, а не животна околност.rnrn12 правила на однесување кои ќе ве направат посреќни претставени преку илустрацииrnrnСледниве интересни и досетливи илустрации ги претставуваат 12-те правила на однесување кои ќе ви помогнат да развиете позитивен начин на размислување без разлика на тоа низ каков период поминувате во животот…rnrn