КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Зошто децата го копираат однесувањето на родителите? И како да бидете добро влијание за нив?

    Зошто децата го копираат однесувањето на родителите? И како да бидете добро влијание за нив?

    Децата се мали набљудувачи, кои обрнуваат толку многу внимание на најблиските што најчесто можете да го препознаете однесувањето на нивните родители кај нив. Малите деца немаат формирана личност, па затоа и во околината го бараат својот модел на однесување. Овој феномен во психологијата е познат како учење по модел.rnrnrnrnУчењето по модел е облик на учење каде што детето набљудува одреден модел, и усвојува дел од неговите ставови и облици на однесување. Малите деца едноставно учат по пат на набљудување и имитирање. Со оглед на тоа што со родителите поминуваат најмногу време, затоа и од нив најмногу учат.rnrnНабљудувањето на своите родители кај децата воведува создавање навики, позитивни и негативни. Затоа е многу важно да се развие свест за ова, со цел на време да им се даде соодветен пример, и да се насочат на правилниот пат уште од мали нозе.rnrnЕдно истражување покажало дека повеќе од 40% од нештата на коишто секојдневно работиме се дел од нашите навики, па затоа и несвесно ги извршуваме. Затоа е многу важно да се научат децата на здрави и корисни навики, кои ќе им бидат од голема помош во понатамошниот живот. 40% е навистина голема бројка за да се остави на случајноста.rnrnНа пример, ако почнете повеќе да читате книги одошто да гледате во мобилниот телефон, вашето дете со тек на време ќе почне да бара книги од вас. На овој начин ќе му создадете позитивна навика за читање, која може да му биде од голема корист понатаму.rnrnПостојат многу нешта што можете да ги смените во вашиот живот, кои не само што ќе изградат од вашето дете здрава и независна индивидуа, туку ќе ви помогнат и вам да напредувате во секој аспект од животот. Не постои родител што не сака добро да го воспита своето дете, но тоа што скоро сите од нив забораваат, е дека првиот чекор е секогаш насочен кон подобрување на нивните навики.rnrnПрочитајте и какво влијание има зјапањето на родителите во телефоните врз нивните деца.

  • 7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

    7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче

    Кучињата одлично знаат да ги прочитаат нашите емоции и расположение, но луѓето понекогаш не ги разбираат знаците кои покажуваат дека кучето е под стрес или разочарано. Според истражувањата, припитомените кучиња се подвид на сивиот волк и нивното однесување има исти корени и слични карактеристики. Кога се обидувате да го прочитате однесувањето на вашето куче, обрнете внимание на деталите како опашката, ушите, забите и очите. Следниве знаци ќе ви покажат дека треба да обрнете повеќе внимание на неговото однесување со цел подобро да се грижите за него.rn

    1. Свиено со спуштени уши или подвиткана опашка

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnАко ја забележите оваа положба, вашето куче најверојатно се обидува да избега од некоја ситуација. Ако имате деца, обрнете особено внимание бидејќи често очите им се на иста висина. Кога се гледаат едни со други во очи, кучето може да го смета тоа за закана. Најдобро е да избегнувате директен контакт со очите и да се повлечете. Ако кучето почувствува дека нема како да излезе од опасноста, може да почне да ‘ржи или да каса.rnrnВажно е да не ги оставате децата сами со кучето и да им ги објасните правилата за комуницирање со миленичето. Луѓето често ги провоцираат нивните кучиња без воопшто да бидат свесни за тоа. Јазикот на животните сепак е поразличен.rn

    2. Опашка меѓу нозе

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnЧесто можете да видите куче со опашка подвиткана помеѓу нозете. Речиси секој знае дека ова е знак дека кучето е исплашено. Важно е внимателно да се однесувате во овие моменти за да не предизвикате агресија. Смирено пријдете му на кучето, но бидете внимателни. Тоа не треба да почувствува дека сте загрижени. Ова однесување се појавува кога кучето е нервозно или се чувствува неудобно.rn

    3. ‘Ржење

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrn’Ржењето е како предупредување за кучињата и секој сопственик треба да обрне внимание на ова. Најверојатно вашето куче е иритирано и не се чувствува мирно. Друга причина за ‘ржење е штитење на територијата.rn

    4. Лежење на грб

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnОбично кога кучето лежи на грб, тоа значи дека е опуштено и се чувствува удобно покрај вас. Но понекогаш може да значи сосема спротивно.rn

      rn 011

    • Страв: Ако кучето постојано легнува на грб, можно е да има некоја фобија. На пример, можеби го прави тоа секогаш кога ја вклучувате правосмукалката.
    • rn 011

    • „Не допирај ме“: Нормално е кучето да не сака да биде допирано кога има фобија. Избегнувајте да го допирате миленичето кога е легнато на грб поради страв. Оставете го само ако сметате дека е исплашено.
    • rn

    rn

    5. Лижење на устата

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnАко кучето се оближува, а пред него нема храна, потребно е да бидете внимателни. На овој начин кучето покажува страв, стрес или нервоза. Ова однесување може да биде придружено со забрзано дишење или подвиткана опашка.rn

    6. Знаци дека кучето е тажно или депресивно

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnКако и луѓето, така и кучињата можат да страдаат од депресија. Постојат многу знаци што можат да ви покажат дека вашето милениче е тажно.rn

      rn 011

    • Одење:Можно е кучето да го оди истиот пат во некоја област. Исто така може постојано да оди кон влезната врата и да направи да мислите дека сака да излезе надвор.
    • rn 011

    • Промена во спиењето: Летаргијата е чест знак за депресија. Апатичното животно е болно животно.
    • rn 011

    • Промена во исхраната: Обрнете внимание дали вашето куче јаде помалку или целосно престанало со јадење.
    • rn 011

    • Деструктивно однесување: Ако вашето куче одеднаш почне да го уништува домот и не ги слуша вашите наредби, тоа е разочарано.
    • rn 011

    • Лижење на шепите: Кучињата не се мачки и кај нив не е нормално да си ги лижат шепите. Проверете да не имаат некаква повреда и ако сè е во ред, одвлечете му го вниманието со некоја игра.
    • rn

    rn

    7. Обрнете внимание на мавтањето на опашката

    rn7 знаци дека треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето кучеrnrnПонекогаш кучето може да ви каже многу со неговата опашка. Ако ја мавта опашката кон десно, тоа значи дека е среќно и дека му се допаѓате. Ако ја мавта опашката кон лево, важи спротивното – кучето е загрижено и е под стрес.rnrnПогледнете и кои се знаците дека вашето куче чувствува некаква болка.

  • 5 неочекувани навики на социопатите во врските

    5 неочекувани навики на социопатите во врските

    На што помислувате кога ќе го слушнете зборот социопат? Повеќето луѓе си замислуваат неуредна личност, а некои пак ги споредуваат со психопати. Но социопатите не се толку лесни за препознавање. На почетокот можат да изгледаат нормално и шармантно, но знаат многу добро да лажат и да ги скријат нивните мрачни страни.rnrn5 неочекувани навики на социопатите во врскитеrnrnСоциопатите не чувствуваат емпатија како нормалните луѓе. Нив не им е грижа дали ќе ги повредат вашите чувства и често прават сè што е потребно за да го добијат она што тие го сакаат. Луѓето со вакви карактеристики често се опасни и токсични. Поради ова е важно да можете да ги препознаете пред премногу да се зближете со нив. За да го направите тоа, погледнете кои се нивните навики во врските.rn

    1. Тие се неверојатно шармантни… на почетокот

    rnБидејќи повеќето луѓе очекуваат социопатите да бидат нестабилни, навистина се изненадени кога ќе дознаат дека тие всушност се навистина добри и шармантни кога ќе ги запознаете. Тие ќе се однесуваат вака на почетокот на врската. Ќе ве облеваат со многу внимание. Но набрзо ќе стануваат постудени и погневни, особено ако не го добијат она што го сакаат.rn

    2. Бараат возбудат

    rnСоциопатите не сакаат да се затворат сами во соба. Всушност тие постојано бараат возбуда, особено кога се на состанок. Поради недостатокот од емпатија, социопатите настојуваат да бараат понапнати ситуации, најверојатно бидејќи не чувствуваат со ист интензитет како останатите луѓе. Ако не чувствуваме, ќе ни изгледа како животот да се цеди од нас. Емоционалниот живот на социопатите е многу посиромашен, па тие бараат нешто што ќе им надополни за тоа.rn

    3. Премногу се смирени под притисок

    rnНе само што социопатите изгледаат како навистина стабилни луѓе, бидејќи емоциите не им влијаат како на останатите, тие исто така и лесно се прилагодуваат на притисок. Овде не станува збор за малку стрес на работното место. Социопатите може воопшто да не покажат грижа за она што се случува, дури и ако станува збор за физичка повреда на личност што им е блиска. Ако сте ја изгубиле работата, сте ја скршиле ногата или починал некој ваш близок, социопатот ќе изгледа како воопшто да не го засега тоа.rn

    4. Остануваат во контакт со бившите

    rnМожеби сметате дека социопатите би немале причина да останат во контакт со нивните бивши. Но, колку повеќе ќе учите за нивниот карактер, толку појасно ќе ви станува. Едно истражување покажало дека нарцисите, психопатите и сличните луѓе, вклучувајќи ги и социопатите, активно се обидуваат да останат во контакт со поранешните партнери. Сепак, ова воопшто не значи дека сакаат да им се вратат. Истражувањето покажало дека мотивот е желба за внимание, пари, секс или информации. За социопатите животот е црно-бел и најважни им се нивните желби и потреби. Ако сакаат нешто тие ќе ги искористат сите за да го добијат. Ако бившиот партнер е патот до нивната желба, тие ќе го гледаат како алатка и ќе го искористат.rn

    5. Го користат вниманието како валута

    rnСоциопатите често го користат вниманието за манипулација во врските. Тие одлично знаат како да ви покажат внимание во еден момент, а во наредниот да станат поинаква личност и целосно да ве игнорираат. Го прават ова со цел да ви ја нарушат рамнотежата и да преземат контрола над врската. Кога ќе ја изгубите рамнотежата, нив им е полесно да покажат доминантност. Бидејќи не чувствуваат на ист начин како нормалните луѓе, социопатите често ги користат емоциите и чувствата на другите за нивна корист. Секоја врска им е само можност да си ги исполнат желбите.rnrnНавистина е лесно да паднете под влијание на социопат. Но штом ќе го покаже неговото вистинско лице и ќе почнете да препознавате некои од овие карактеристики, најдобро е да се оддалечите од таа личност.rnrnДознајте која е вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.

  • Хороскопските знаци рангирани од најзрели до најдетинести

    Хороскопските знаци рангирани од најзрели до најдетинести

    Секој различно се справува со гневот. Некои луѓе се прибрани и не прават сцени, но некои луѓе се однесуваат како вистински деца. Вашиот хороскопски знак може да ви каже на која страна припаѓате вие. Дознајте како се однесуваат хороскопските знаци кога се гневни, почнувајќи од најзрелите.rnrnХороскопските знаци рангирани од најзрели до најдетинестиrn

    1. Девица

    rnВие сте родени како стара душа и сте вистински исцелители. Вашето трпение е огромно, длабоко и мирно. Навистина сте над сè, а истовремено сте понизни и никогаш не сте арогантни во врска со тоа. Вие сте мајка на целиот свет.rn

    2. Јарец

    rnВие сте елегантни, трпеливи и мирни. Вие сте толку мудри што кога луѓето ви бараат совет им кажувате дека веќе го знаат одговорот на нивното прашање. Ја гледате големата слика и се фокусирате на крајот на играта. Јасно ви е дека губењето на трпението значи само губење драгоцени минути од вашиот живот. Вие сте навистина зрела личност.rn

    3. Вага

    rnВие сте вистински следбеник на правдата. Можете да признаете кога сте погрешиле без притоа да си ја погазите гордоста. Можете да се извините кога сметате дека сте навредиле некој, без никаков проблем. Сакате да исцелувате, да носите мир и да ги правите другите среќни. Никогаш не се расправате, ни на Интернет, ни во реалниот живот. Вие сте софистицирани, зрели и култивирани.rn

    4. Бик

    rnВие сте ладни како коцка мраз. Понекогаш можете да го обвините и детето што плаче доколку доживеете неочекувано разочарување. Тоа е како некој привремен темен облак, но најчесто сте навистина позитивна личност што ја сакаат сите.rn

    5. Лав

    rnВие сте навистина пристојни, но понекогаш на виделина излегува вашето самоволие. Знаете да бидете плитки кога станува збор за пари. Вие го сакате целото внимание за вас, и кога не го добивате можете да се однесувате навистина детинесто. Ретко имате испади на бес, но наместо тоа се затворате и покажувате лошо расположение додека некој не ве забележи и не почне да ве теши.rn

    6. Водолија

    rnНе се однесувате детинесто и немате изливи на бес, но постојаната потреба за одобрување и признание покажува дека уште не сте доволно зрели. Изгледот ви е навистина важен и премногу се трудите да изгледате „кул“. Престанете со тоа и пораснете. Исто така намалете со жалењето бидејќи воопшто не изгледа добро.rn

    7. Близнаци

    rnКога е во прашање зрелоста, вие можете да покажете разни особини. Некогаш имате неверојатно трпение, а некогаш не можете да ги поднесете ни најмалите нешта.rn

    8. Рак

    rnВие сте рамнодушни сè додека не почувствувате дека сте погрешиле. Штом ќе се случи тоа станувате навистина гневни. Не е зрело да го покажувате вашето незадоволство на социјалните мрежи, без разлика како се однесуваат некои луѓе со вас. Озборувањето и уценувањето на другите е најдобро да го оставите во средно.rn

    9. Риби

    rnЗа вас секој ден е забава, но лоша забава. Секогаш изгледате како да ви се плаче. Не фрлате работи и не удирате луѓе, туку само плачете и се надевате дека ќе дојде некој да ве утеши.rn

    10. Стрелец

    rnВие можеби нема да фрлате камења од бес, но нема само да седите и да плачете. Вашиот најголем проблем е одолговлекувањето. Се обидувате да избегате од секаква одговорност. Панично бегате од секојдневните обврски и задачи. Ова не е однесување достојно за возрасна личност.rn

    11. Скорпија

    rnЗа некои работи, како плаќање сметки и грижење за здравјето, сте навистина возрасна личност. Но, најголем проблем ви е зависта. Ако некој заработува повеќе од вас или излегува со личноста што ви се допаѓа почнувате да се однесувате како вистинско мало дете.rn

    12. Овен

    rnВие сте најдетинестиот од сите знаци. Неконтролирано плачете, фрлате и викате. Речиси и да нема понезрело однесување од вашето кога сте гневни.rnrnДознајте и кои се најголемите маани и маки на хороскопските знаци.

  • Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

    Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

    Постојат безброј мали правила за успех на социјалните мрежи. Доколку навистина сакате да заработувате од овие алатки, постојат 4 главни правила коишто не би требало да ги прекршите. Навистина се едноставни и нема да ви биде проблем да се држите до нив.rnrnШто не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?rn

    1. Немојте да објавувате од мерак

    rnВашите објави би требало да им бидат од корист на следбениците, во спротивно би ги иритирале. Пред да објавите нешто, запрашајте се дали објавата може да ги научи нешто, да ги забавува или да ги инспирира другите. Ако немате потврден одговор на барем една од трите опции, размислете подобро дали навистина вреди да објавувате.rn

    2. Немојте да се продавате

    rnАко објавувате само спонзорирани објави, нема да издржите долго. Соработувајте со луѓе чии вредности и естетика се слични со вашите бидејќи во спротивно ќе го изгубите вашиот кредибилитет.rn

    3. Бидете доследни при објавувањето

    rnЕднаш или два пати неделно на Инстаграм и Фејсбук и една објава неделно на Јутјуб е сосема доволно. Целта е да не исчезнете на две недели, а потоа да ги бомбардирате вашите следбеници со стотици објави и слики.rn

    4. Не менувајте ја профилната фотографија

    rnЛуѓето воглавно ве препознаваат по вашата фотографија, а многу ретко по името. Ако често ја менувате профилната фотографија, голема е веројатноста некој да се збуни и да не ве препознае, па да го изгубите како следбеник.rnrnДоколку ги користите социјалните мрежи само за забава, погледнете како да бидете вашата реална верзија на нив.

  • 16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

    16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесување

    Дали сте марионета? Размислете за сè што сте купиле изминатава недела, одлуките што сте ги донеле, местата што сте ги посетиле, услугите што сте ги направиле, па потоа одговорете го прашањето.rnrn16 манипулативни тактики со кои општеството влијае, го менува и го контролира вашето однесувањеrnrnГолема е веројатноста да сте марионета без воопшто да знаете за тоа. Американските социолози Џералд Марвел и Дејвид Шмит откриле дека целото наше однесување е контролирано со 16 тактики. Овие тактики често се посилни од обичните техники за убедување и често мета им е однесувањето на личноста наместо нејзиниот ментален процес. Најлошото е што ова се случува секојдневно без вие воопшто да знаете. Пријателите, семејството, колегите, странците, медиумите, Интернетот и рекламите, речиси сè и секој суптилно ги користи овие техники за да го контролира вашето однесување. Со цел да ја преземете контролата над вашиот живот, важно е да знаете што навистина влијае на вашиот ментален процес.rn

    1. Награда

    rnАко направите нешто, за возврат добивате награда. На пример во продавница ви кажуваат дека ако ги купите чевлите од 3.000 денари денес, ќе добиете еден пар бесплатно.rn

    2. Казна

    rnАко не направите нешто, нешто ќе ви биде одземено. На пример некој ви кажува дека ако не ја прифатите неговата понуда денес, нема веќе никогаш да ја добиете истата.rn

    3. Позитивно искуство

    rnВо овој случај ви кажуваат дека ќе се чувствувате навистина добро и ќе имате многу придобивки ако направите одредено нешто. На пример кога ви рекламираат продукти за нега на кожа ве убедуваат дека вашата кожа ќе биде 60% поубава. Ви кажуваат дека момчињата/девојките ќе ве сакаат повеќе бидејќи ќе изгледате поатрактивно.rn

    4. Негативно искуство

    rnЌе се чувствувате многу лошо, или нема да добиете ништо ако не направите одредена работа. На пример ви кажуваат дека витаминот Д е добар за вас. Ако не купувате додатоци за исхрана со витамин Д, вашето здравје ќе се влоши.rn

    5. Допаѓање

    rnДруга личност се обидува да ја добие вашата наклонетост со тоа што ви ласка или ви дава комплименти. На пример ви кажуваат дека фустанот ви стои одлично, а веднаш потоа бараат некаква услуга од вас.rn

    6. Подарување

    rnЧесто друга личност ќе ви подари нешто пред да побара некоја услуга од вас. На пример ви даваат нешто што сметаат дека ви се допаѓа, а потоа ве замолуваат да разгледате некој договор.rn

    7. Долг

    rnВо овој случај сметате дека некој ви должи нешто бидејќи во минатото сте му направиле некаква услуга. Кога повторно ќе побара услуга, кажувате дека веќе сте направиле многу и сега вам ви е редот да побарате нешто.rn

    8. Аверзивна стимулација

    rnНа овој начин некој ве тера да направите нешто што не го сака, па ја прекинува казната кога ќе се согласите. На пример, партнерот ви вели дека постојано ќе гледа телевизија ако вие постојано играте видео игри. Ако престанете вие, ќе престане и тој.rn

    9. Морална жалба

    rnВо овој случај наоѓате некој заеднички морал за да можете да се пожалите. На пример некоја организација за животни ве убедува дека треба да донирате пари за нив бидејќи ги сакате животните и не сакате да ги мачат.rn

    10. Позитивно чувство кон себе

    rnСо други зборови, ќе се чувствувате подобро во врска со себе ако направите нешто. Најчесто ќе го забележите ова кај теретаните кои ве убедуваат дека ќе се чувствувате подобро ако ги посетувате бидејќи инвестирате во вашето здравје.rn

    11. Негативно чувство кон себе

    rnВо овој случај би требало да се чувствувате лошо во врска со себе ако не направите нешто. На пример полицијата може да му рече на осудениот дека ако не се предаде ќе се чувствува виновно до крајот на животот.rn

    12. Позитивни карактеристики

    rnАко сте добра личност, ќе направите одредено нешто. На пример банките ви кажуваат дека сте интелигентни, па затоа најдобро е да го потпишете долгорочниот план со нив.rn

    13. Негативни карактеристики

    rnСамо лошите/глупавите луѓе прават одредени работи. На пример ве убедуваат дека само глупавите луѓе стануваат зависници од дрога или не одат на факултет.rn

    14. Алтруизам

    rnБидејќи сте премногу добра личност, треба да направите услуга некому. На пример, некој ви бара пари, истовремено кажувајќи ви дека сте многу добра личност и дека навистина му е потребна помош.rn

    15. Позитивно мислење на другите

    rnАко направите одредено нешто, другите ќе имаат подобро мислење за вас. На пример некој ве убедува дека ќе добивате повеќе почит ако прифатите некој договор.rn

    16. Негативно мислење на другите

    rnАко направите одредено нешто, луѓето ќе мислат дека сте лоша личност. На пример ќе ве убедат дека не сакате вашите пријатели и семејството да мислат дека сте неуспешна личност.rnrnПрочитајте и на кои начини медиумите манипулираат со нашето мислење.

  • 7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижени

    7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижени

    Понекогаш децата навистина знаат да ја тестираат трпеливоста на нивните родители, но ова е сосема нормално. Сепак, ако некои ситуации се повторуваат пречесто, родителите би требало да обрнат внимание на нив со цел да избегнат проблеми во иднина.rn

    Како да знаете кога треба да преземете нешто?

    rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrnrnСледниве фактори укажуваат дека проблемот нема да се реши самиот од себе:rn

      rn 011

    • Однесувањето на вашето дете ве загрижува подолго од еден месец.
    • rn 011

    • Не можете да ја контролирате ситуација.
    • rn 011

    • Луѓето околу вас страдаат од однесувањето на вашето дете.
    • rn 011

    • Однесувањето на детето се променило одеднаш без некоја причина. На пример, ако детето одеднаш стане неучтиво кон пријателите, време е да разговарате со него.
    • rn 011

    • Вашето дете има проблеми на училиште како ниски оценки, конфликти, тепачки и бегање од часови.
    • rn 011

    • Има проблеми со спиењето, хигиената и јадењето.
    • rn

    rnТреба да обрнете внимание и на следниве однесувања.rn

    1. Неможност за простување

    rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

    „Кучето не сакаше да си игра со син ни бидејќи беше премногу топло и заспа.“

    rnДецата би требало да знаат како да излезат од конфликт. Најчесто родителите ги учат да се бранат, но во поголемиот број случаи најдобро е да ги оставите негативните емоции. Ако детето се обидува да се одмазди, тоа е лош знак.rn

    Што да правите?

    rnОсигурете се дека вашето дете разбира што значи простувањето. Научете го да ги анализира неговите и туѓите чувства и да ја најде причината за конфликтот. Објаснете му како да излезе од непријатна ситуација.rn

    2. Неодговорност

    rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

    „Во детството мојот постар брат секогаш ми ја префрлаше вината мене и викаше дека децата кои се жалат се испратени во дом за сираци. Еднаш кажа дека јас сум го скршил телевизорот, но тоа се случуваше кога родителите ме земаа од болница. Бидејќи бев навикнат да ја прифаќам вината потврдив дека јас сум го скршил. Во главно, го казнија за сè.“

    rnСега замислете си дека ова е возрасен кој постојано ја префрла вината на колегите.rn

    Што да правите?

    rnНаучете го детето да биде одговорно и полека поместувајте ги границите. Дискутирајте ги проблемите и причините за неговото лошо однесување.rn

    3. Претерана тврдоглавост

    rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

    „Намерно ги ставила сите во нејзината коса. Ми беа потребни 2 часа да ги извадам сите.“

    rnВо ред е кога некој може да ги одбрани своите мислења. Родителите треба да им помогнат на децата да ја развијат оваа вештина во текот на детството бидејќи е многу потешко да ја научат додека се тинејџери или возрасни.rn

    Што да правите?

    rnРазберете ги чувствата на вашето дете и откријте ја причината за неговата тврдоглавост. Научете го да ги разбира неговите и туѓите чувства и мотиви. Кажете му што може, а што не би требало да прави. Престанете да го молите, да се расправате, да го обвинувате и слично. Бидете смирени и директни.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате

    8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате

    Некои луѓе сметаат дека е вистински благослов да размислувате премногу кога треба да решите некој проблем. Но претераното размислување може да има и негативно влијание на вашата благосостојба. Најлошото е што не сте ни свесни кога го правите тоа. Ова се знаците кои ќе ви докажат дека размислувате премногу, дури и ако не го мислите тоа.rnrn8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислуватеrn

    1. Наоѓате значење во сè

    rnНекој не ви вратил на пораката веќе 6 часа, а вие не можете да престанете да се прашувате зошто. Некој случајно ве погледнал во очи во автобусот, а вие не престанувате да го анализирате тоа. Сте му дале критика на некој колега, и сега не можете да престанете да размислувате дали тоа бил најдобриот пристап. Па што всушност значи сето ова? Ова е знак дека размислувате премногу и сакате да најдете значење во сè. Навистина ви е тешко да ги оставите работите. Според вас секогаш има некоја скриена причина.rn

    2. Размислувате повеќе отколку што делувате

    rnТешко ви е да се одлучите? Не можете да престанете да мислите на опциите пред вас? Најверојатно страдате од парализа при анализирање. Овој циклус може да трае толку долго што на крај не завршувате ништо. Најдобро е да одберете една опција и да се држите до неа. На почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете.rn

    3. Се возбудувате кога ќе решите проблеми

    rnМожеби сте мислеле дека на некој му се допаѓате веќе неколку недели. По некое време вашиот сомнеж се потврдува и вие сте навистина радосни. Или сте работеле на некој комплексен проблем и случајно сте се сетиле на решението. Ова се омилените моменти на луѓето кои претерано размислуваат.rn

    4. Не можете да заборавите

    rnЕдноставно не можете да им дозволите на нештата да се одвиваат по својот тек. Секогаш барате причина. Толку упорно ја барате причината што не е опција да не успеете. Дури и ако некогаш помислите дека сте заборавиле на нешто, во тој момент циклусот повторно почнува.rn

    5. Секогаш барате нови информации

    rnСекогаш кога ќе слушнете за нешто ново, сакате да научите повеќе за тоа. Читате многу и навистина сте радосни кога ќе дознаете нешто ново. Информациите го хранат вашиот преактивен ум и секогаш сте љубопитни за тоа како функционира светот.rn

    6. Не сакате безначајни разговори

    rnВоопшто не ве интересира разговор за времето или за ручекот кога има толку интересни нешта за кои би размислувале. Не ве интересира како му поминал денот некому. Вие сакате да знаете зошто тој некој го прави она што го прави и која е неговата цел во животот. Овие длабоки разговори го задоволуваат вашиот ум.rn

    7. Постојано ги анализирате луѓето

    rnЛуѓето се оние кои го прават животот интересен. Секогаш се прашувате каков е животот на некого и зошто се однесува на одреден начин. Јавните места ве фасцинираат, но истовремено и ве трошат.rn

    8. Уживате во активности што ви го смируваат умот

    rnПретераното размислување може да биде навистина заморно. Вежбање, пишување, прошетки, медитација се активности во кои уживате бидејќи конечно сте добиле мир од преактивниот ум. Кога размислувате премногу навистина ви е тешко да се релаксирате, а овие активности го насочуваат вашиот фокус кон нешто друго.rnrnДознајте и како да ги разберете и контролирате вашите токсични мисли.

  • 8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи конечно сте во стабилна врска

    8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи конечно сте во стабилна врска

    Факт е дека луѓето навистина се менуваат кога ќе се вљубат. Дали оваа промена ќе биде добра или лоша зависи од врската. Ако конечно сте го нашле вистинскиот и вашата врска е стабилна, ќе направите неколку позитивни промени во вашето однесување. Погледнете за кои станува збор.rnrn8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи сте во стабилна врскаrn

    1. Излегувате почесто

    rnКога вие и вашиот партнер целосно си верувате, ништо не ве спречува да излегувате со пријателите. Ако ништо друго, се охрабрувате да го правите тоа. Не постои страв ако едниот излезе на пијачка со пријателите, бидејќи знаете дека на крајот на денот повторно ќе бидете заедно.rn

    2. Го оставате минатото во минатото

    rnКога сте со некој кој ве поддржува и ве прави подобра личност, немате потреба да гледате кон минатото. Сите луди врски и љубовни проблеми што сте ги имате повеќе не се важни. Не ви е грижа што прават поранешните партнери. Искрено, им посакувате сè најдобро и дури се надевате дека ќе пронајдат љубов како вашата.rn

    3. Споделувате повеќе добрина

    rnВашиот партнер ве прави среќни и сакате да го споделите тоа со секого. Почесто правите мали гестови за вашите пријатели кои знаете дека ќе измамат насмевка на нивното лице. Им ја држите вратата отворена на странци, плаќате за нечие кафе… Сакате да разубавите нечиј ден како што партнерот го разубавува секој ваш.rn

    4. Поинтимни сте со другите

    rnНездравите и несреќни врски можат да ви ја срушат самодовербата и да ве натераат да се чувствувате несакано. Но кога личноста што ја сакате ви дава самодоверба и ве тера да се сакате, конечно можете да се чувствувате удобно покрај другите. Одеднаш станувате личност која сака прегратки и која ужива во друштвото на другите бидејќи сакате да ја споделите вашата нова самодоверба со најблиските.rn

    5. Излегувате од вашата удобна зона

    rnМожеби никогаш не сте помислиле дека ќе одите на планирање, но конечно го направивте и тоа. Можеби ви било страв да аплицирате на работното место од соништата, но поддршката и охрабрувањето од партнерот ве натерале да го направите тоа.rn

    6. Сакате рамнотежа во секој аспект од животот

    rnСакате да бидете сигурни дека вашето ментално здравје е во ред само затоа што сакате да бидете силни за партнерот. Одвојувате време за себе, за вашето семејство, за пријателите, за работата бидејќи вие сте најдобрата верзија од себе кога добро ќе си го организирате животот.rn

    7. Почесто се смеете

    rnВие и вашиот партнер имате безброј приватни шеги. Можете со часови да се смеете за безначајни работи, а на другите да не им биде јасно зошто. Наскоро речиси сè ви станува смешно. Велат дека смеата е најдобриот лек, а смеењето со партнерот предизвикува уште повеќе смеа и со другите луѓе околу вас.rn

    8. Сте пронашле мир

    rnЕдноставно кажано, вие сте среќни. Толку сте мирни што сè ви оди по план и сакате работите да останат така. Правите сè што е во ваша моќ за да избегнете непријатни ситуации и хаос.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека вашата врска е навистина стабилна.

  • 10 чудни, но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубуваме

    10 чудни, но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубуваме

    Љубовта често ги инспирира луѓето. Научниците долго истражуваат за да откријат зошто нашето однесување се менува кога сме вљубени. Тие го поврзале ова однесување со различните „љубовни хормони“ како допамин и окситоцин. Па, погледнете што навистина се случува кога се вљубуваме.rnrn10 чудни но реални нешта што ни се случуваат кога се вљубувамеrn

    1. Вљубените луѓе се однесуваат како пијани

    rnПо неколку чаши вино комуникацијата станува полесна, дури и со луѓе што не ги знаете. Окситоцинот има исто влијание на телото како и алкохолот. Сте забележале ли како пијаните луѓе сакаат да ги прегрнуваат сите околу нив? Окситоцинот е наречен и „хормон за прегратки“ бидејќи ви создава желба да бидете физички блиски со други луѓе.rn

    2. Вљубените луѓе слабеат или се здебелуваат

    rnМногу парови се здебелуваат на почетокот на врската. Научниците откриле дека паровите кои се здебелуваат се позадоволни од нивната врска. Причината најверојатно е тоа што тие чувствуваат помалку притисок и страв дека ќе бидат одбиени поради нивниот изглед. Но не сите парови се здебелуваат. Понекогаш окситоцинот го намалува гладот и го забрзува метаболизмот, па пеперутките во стомакот можат да значат и дека слабеете.rn

    3. Се менува гласот

    rnАмериканските научници спровеле интересно истражување. Ги замолиле луѓето коишто неодамна почнале романтична врска да направат неколку телефонски повици. Другите испитаници ги слушале нивните гласови и лесно можеле да кажат дали зборуваат со пријател или со партнерот. Во текот на разговорот со партнерите, гласовите на жените биле пониски, а оние на мажите повисоки.rn

    4. Вљубувањето е како опсесија или зависност

    rnРазмислете за некој период кога сте биле вљубени. Веројатно постојано сте мислеле на саканата личност, сте сакале да поминувате што е можно повеќе време со неа, а можно е и пријателите да ви велеле дека сте опседнати. Кога луѓето се вљубени, во мозокот се активираат истите делови како и кога личност е зависна од кокаин.rn

    5. Вљубените луѓе не можат да спијат

    rnМногумина мислат дека вљубените луѓе не спијат бидејќи мислат на партнерот. Едно истражување покажало дека вљубените личности во просек спијат по еден час помалку. Никој од испитаниците не се чувствувал изморено, па квалитетот на сонот не бил нарушен.rn

    6. На вљубените луѓе им „скока“ срцето

    rnПотење, забрзано чукање на срцето, црвено лице – ова се очигледни знаци за анксиозност. Но, тие се и почетни знаци на романтична привлечност. Па, ако чувствувате дека вцрвенувате во нечие присуство, голема е веројатноста да сте вљубени.rn

    7. Вљубените луѓе сакаат да пишуваат поеми и да пеат љубовни песни

    rnПремногу убави дела се напишани од вљубени луѓе. Истражувањата покажале дека романтичните чувства го потиснуваат аналитичкото размислување, но го поттикнуваат креативното. Поради ова кога сте вљубени барате оригинални подароци за саканата личност и сакате да ја изненадите дури и кога нема причина за тоа.rn

    8. Вљубувањето е лек

    rnНеколку истражувања покажале поврзаност помеѓу романтичните чувства и чувствувањето болка. Испитаниците кои биле вљубени послабо реагирале на надворешните фактори. Болката била намалена за 40% кога гледале фотографии од личноста што ја сакаат. Поинтензивната болка била намалена за 10-15%. Научниците сметаат дека вниманието на испитаниците се префрла од болката кон саканата личност. Други истражувања покажале дека кога некој е вљубен побрзо произведува допамин, кој пак ја намалува болката.rn

    9. Љубовта е слатка

    rnНаучниците од Холандија спровеле интересно истражување. Испитаниците биле замолени да напишат есеј за вистинско искуство – едната група пишувала за вљубување, другата за љубомора, а третата за нешто неутрално. Потоа им дале да вкусат слатки и вода. Оние кои пишувале за љубовта тврделе дека вкусот на храната бил поубав.rn

    10. Вљубената личност е подготвена да направи што било

    rnДа бидете вљубени не значи да чувствувате само сексуална возбуда, туку и да се грижите за вашиот партнер. Истражување од 2014-та година резултирало со изразот „сочувствителна љубов“ која пак е важен дел од романтичните врски. Ако сте загрижени дали партнерот го заборавил чадорот кога надвор врне, тогаш сте вљубени.rnrnЗнаете ли кои се трите фази на вљубување кај мажите?