КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

    Останете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работи

    Доколку сте сингл, тоа не значи дека треба да започнувате љубовна врска само колку да имате некој во вашиот живот. Бидете среќни што сте сингл и оставете си простор да се појави вистинскиот маж за вас. Вистински е оној којшто ќе ве мотивира да бидете најдобрата верзија од себеси и кој ќе сака да испробува нови нешта со вас. Потребен ви е маж, кој ќе сака да ве држи за рака додека чекорите заедно, но ќе сака и да ви ги покаже сите негови омилени места и искуства. Доколку момчето на коешто му имате „фрлено око“ ги исполнува поголемиот дел од овие 70 работи, дефинитивно не треба да го испуштате од раце.rnrnОстанете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работиrnrn1. Ве поканува на вистински состанок и се појавува на време.rnrn2. Ви ја придржува вратата кога влегувате или излегувате од просторија или автомобил.rnrn3. Го поттргнува столот за да можете убаво да седнете.rnrn4. Ви помага да го соблечете или облечете палтото.rnrn5. Потстанува кога станувате од масата во ресторанот за да појдете до тоалет.rnrn6. Ви дозволува први да нарачате во ресторан.rnrn7. Инсистира да ја плати сметката, дури и ако сакате сами да си платите.rnrn8. Истапува понапред кога преминувате улица, со цел да ве заштити од возилата во движење.rnrn9. Со себе секогаш носи марамче, да не ви затреба.rnrn10. Ве испраќа до влезната врата од вашиот дом.rnrn11. Сака да се запознае со вашиот татко.rnrn12. Ве запознава со неговото семејство.rnrn13. Секогаш ви се заблагодарува за убаво поминатиот состанок.rnrn14. Ве превезува со автомобил на разни места.rnrn15. Ве запознава со неговите пријатели.rnrn16. Брзо ви одговара на вашите текстуални пораки.rnrn17. Ве поддржува во сè што правите.rnrn18. Не ве принудува да имате секс веднаш по запознавањето.rnrn19. Се грижи за вас кога ќе испиете малку повеќе чаши алкохол.rnrn20. Ве прашува како сте и чека да му одговорите.rnrn21. Зборува самоуверено за вашата иднина.rnrn22. Плаќа за вашето такси кога си заминувате сами накај дома.rnrn23. Ве бакнува во чело за да ви покаже почит.rnrn24. Заинтересиран е да научи кои работи ви се допаѓаат во кревет.rnrn25. Учи како да ви ги „чита“ мислите и знае кога нешто не е во ред.rnrn26. Се обидува да ја задржи страста во врската и постојано да ви создава „пеперутки“ во стомакот.rnrnОстанете сингл додека не запознаете џентлмен којшто ги прави овие 70 работиrnrn27. Ви подава рака кога пешачите заедно.rnrn28. Не се срами да ве бакне во јавност, за сите да видат дека сте заедно.rnrn29. Ве тера да станете подобри во сите аспекти од животот, без да се обидува да смени премногу нешта кај вас.rnrn30. Ве потсетува кои се вашите најважни животни цели кога вие ќе подзаборавите на нив.rnrn31. Му се восхитува на животот којшто го имате надвор од вашата врска.rnrn32. Не е љубоморен.rnrn33. Ве учи на разни работи, без да ве омаловажува.rnrn34. Ве засмева додека не пуштите солзи.rnrn35. Сака со вас да прави длабоки, емоционални разговори.rnrn36. Работи на решавањето на вашите недоразбирања и не си заминува кога ќе се скарате.rnrn37. Ја почитува вашата приватност.rnrn38. Присутен е кога ви е потребен.rnrn39. Не ги откажува вашите планови често, но кога мора да ги откаже ви надокнадува за тоа.rnrn40. Ви ги покажува неговите омилени места.rnrnПрочитајте ги останатите карактеристики на џентлемените, на следната страница…rn

  • Како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?

    Како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?

    За една забава да помине беспрекорно добро, потребно е на неа да присуствуваат различни типови карактери. Потребен е некој што на сите ќе им дотура пијалак во чашите, друг којшто ќе откачи играјќи на подиумот, трет којшто ќе прави емотивни и длабоки разговори, со цел да се зближи со луѓето и некој што ќе остане до самиот крај, осигурувајќи се дека целиот неред е расчистен и за сите присутни има безбеден превоз до дома. Колективната енергија од сите хороскопски знаци ќе овозможи комплетна забава на којашто ќе има од сè по малку: диво однесување, драма, сочувство, поддршка и сексапил. Прочитајте како вашиот знак се однесува на домашна забава и дознајте на кој начин вие придонесувате во овој микс.rnrnКако се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnВие сте како силна молња којашто ја снабдува забавата со енергија. Уште од моментот кога ќе влезете во просторијата, почнувате на сите да им кажувате да си земат пијачка. Вашиот природен натпреварувачки дух е присутен дури и на домашните журки. Ако некој предложи да играте некоја игра што вклучува пиење алкохол, вие веднаш ќе се согласите. Ќе победувате во секоја рунда, сѐ додека не заспиете на каучот од премногу испиен алкохол.rn

    Бик

    rnВие сакате да се чувствувате пријатно додека сте на забава. Наместо да трчате да се запознавате со сите присутни луѓе, на коишто набрзо ќе им ги заборавите имињата, вам ви е сосема доволно да започнете конверзација со само неколку луѓе. Веројатно ќе застанете во некој агол, со фенси ликер во рака и ќе се потрудите ниеден од вашите пријатели да не прави будала од себеси на журката.rn

    Близнаци

    rnВие сте како волшебник на секоја забава, којшто возбудено летка низ просторот и ги шармира сите околу себе со своите мудри коментари и кокетни разговори. Нервозно си сипувате пијачка за пијачка, а ако претерате со алкохолот, имате тенденција да кажувате работи што не би требало да ги кажете, бидејќи можете да посрамотите некого. Веројатно нема да останете на забавата премногу долго, зашто имате уште три други забави на вечерната агенда.rn

    Рак

    rnНа почетокот веројатно ќе се однесувате срамежливо и нема многу да се социјализирате. После неколку пијачки, ќе ги сакате сите присутни луѓе. Познати сте по тоа што често им давате целосно искрени и емотивни комплименти на вашите пријатели. Вие сте чувствителен забавувач и ако одредена ситуација ве погоди директно во срцето, дефинитивно ќе ви биде потребна прегратка.rn

    Лав

    rnКога ќе пристигнете на забавата, нема човек што нема да ве забележи. Веројатно ќе бидете облечени во раскошна облека, којашто повеќето ќе сметаат дека е премногу гламурозна за таков вид забава, но вие ќе продолжите гордо да блескате. Кога ќе ве „фати“ алкохолот, вие ќе го грабнете микрофонот и ќе почнете да ја пеете вашата омилена песна, и ќе добиете аплауз од сите присутни. Доколку по некоја грешка се случи да не сте во центарот на вниманието, најверојатно ќе предизвикате некаква сцена.rn

    Девица

    rnЌе се забавувате, но истовремено ќе ги имате сите нешта под контрола. Вие сте од оној тип луѓе коишто проверуваат дали на сите присутни им е полна чашата, дали музиката е одлична, но притоа не е премногу гласна за да не ви повикаат соседите полиција. По завршувањето на забавата, ќе останете да го расчистите нередот и ќе се погрижите за вашите пријатели на коишто им се слошило од премногу алкохол. Сè ќе помине во најдобар ред благодарение на вас.rn

    Вага

    rnДодека сте на забавата, вие ќе се погрижите никој да не се скара или степа. Ако започне некоја драма, вие ќе се вмешате во ситуацијата на дипломатски начин, ќе ја намалите настаната тензија и ќе се осигурите сите да си поминат убаво. Потајно, може и самите вие да сте одговорната личност којашто ја започнала таа драма. Држејќи некој добар коктел во раката, вие сте таму за да ги направите нештата поинтересни.rn

    Скорпија

    rnРеално, право чудо е што воопшто решивте да присуствувате на забавата, бидејќи гужвите најчесто прават да се чувствувате нервозно. Веројатно уште во моментот кога ќе пристигнете ќе се покаете што сте дошле. Како и да е, после неколку пијачки вашата страст ќе започне да расте, па голема е веројатноста да започнете да танцувате со некоја мистериозна секси личност што сте ја запознале таму или ќе започнете жестока дискусија со вашиот бивш партнер, којшто „случајно“ се нашол на истата забава.rn

    Стрелец

    rnКога сте расположени за журкање, нема нешто што нема да прифатите да правите. Вие сте авантуристи во срце, па домашните забави имаат сè што ви е потребно за да ги задоволите вашите смели фантазии и предизвици. Големи се шансите дека вашите пријатели ќе ви го изгубат трагот уште после само пет минути откако сте пристигнале на забавата. Тие веројатно ќе ве пронајдат дури околу полноќ, како носите смешна капа за журки и се преправате дека сте некој што не сте, зашто сакате да оставите добар впечаток. Тие нема да ве осудуваат, бидејќи знаат кој ви е стилот на забавување.rn

    Јарец

    rnДури и додека сте на забава, вие оставате впечаток на сериозна и авторитарна личност. Секако, важно е во таква хедонистичка околина да присуствуваат и луѓе како вас, коишто ќе се однесуваат како возрасни. Во текот на вечерта, вие ќе проверувате дали сè е под контрола и дали сите ги следат куќните правила. Воедно, може да почнете да делите неверојатни животни совети на други луѓе, кои се многу попијани од вас. Како и да е, веројатноста е голема дека ќе се чувствувате горди на себе што ја имате улогата на лидер на домашната журка.rn

    Водолија

    rnВие ќе се врткате низ гужвата и ќе ги охрабрувате сите да пијат повеќе, да танцуваат и да не застануваат ниту една минута. Според вас, домашната журка има многу поголем потенцијал одошто другите сметаат. Вие ќе бидете единствените коишто ќе ги викаат осамените гости да се измешаат со останатите, овозможувајќи им на сите да се поврзат на подлабоко ниво. Вам ви претставува огромно задоволство да формирате нови пријателства помеѓу луѓето.rn

    Риби

    rnЗа вас, домашните забави се одлична форма за кратко бегство од секојдневието. Благодарни сте што имате шанса да се напиете некоја пијачка и да си дозволите моменти на тотално уживање и релаксација. За разлика од другите хороскопски знаци, вие нема да се обидувате ништо да промените или да држите под контрола, туку целосно ќе ѝ се препуштите на атмосферата. Сепак, после извесно време веројатно ќе се вратите повторно во реалноста со цел да имате длабок разговор со некоја личност, којашто чувствувате дека тотално ве разбира. Но, ако никој не забележува колку сте симпатични, веројатно ќе започнете да се муртите.rnrnМоже да ве интересира и како се однесуваат хороскопските знаци кога се поканети на службена забава.

  • 8-те најлоши особини на несигурните луѓе

    8-те најлоши особини на несигурните луѓе

    Луѓето кои не се сакаат постојано си повторуваат дека не се привлечни, дека не можат да направат нешто и слично. Психолозите го означиле ова однесување како токсично не само за несигурните, туку и за сите луѓе околу нив. Поради ова врската со несигурна личност може да биде вистински предизвик бидејќи партнерот ќе мора постојано да ја теши и инспирира. Погледнете кои се најлошите особини на несигурните луѓе и зошто животот со нив е навистина тежок.rnrn8-те најлоши особини на несигурните луѓеrn

    1. Ги впиваат сите ваши емоции и бараат уште повеќе

    rnНесигурните луѓе имаат потреба постојано да им докажувате дека ги сакате. Тие бараат сокриени значења во секој збор, поглед и дело. Едноставно, тие не можат да разберат дали некој е искрен или не. Навистина е тешко да комуницирате со личност која ги гледа само лошите работи во животот.rn

    2. Зборуваат само за себе и за нивните чувства

    rnНесигурните луѓе имаат 2 спротивни особини – не се сакаат, но имаат огромно его. Идеалната врска е исполнета со разговори во кои и двајцата партнери се еднакви. Во овој случај не важи тоа. Несигурните луѓе имаат комплекси, па поради ова размислуваат и зборуваат само за себе. Овој вид на личности ќе го измори и најтрпеливиот партнер.rn

    3. Негативните емоции им се посилни

    rnНесигурните луѓе сметаат дека не се интересни. Меѓутоа, навистина им е болно да си го признаат тоа па се жалат за сè околу нив. Често ги критикуваат и навредуваат другите. Поради ова партнерот мора да им обезбеди голема поддршка во такво непријатно опкружување.rn

    4. Можат да изневеруваат

    rnЛуѓето кои се сигурни во себе немаат потреба некој друг да им кажува колку се добри бидејќи веќе го знаат тоа. Ова не важи за несигурните. Нивната самопочит зависи од мислењето на другите. Бидејќи се сомневаат во својата привлечност, можно е да побараат љубов и на друго место. Секоја личност која ќе им покаже и најмало сочувство им станува многу важна. Лесно им е да го обвинат партнерот бидејќи не им овозможувал доволно љубов.rn

    5. Постојано мораат да си докажуваат нешто себеси, но и на светот

    rnЕкспертите тврдат дека луѓето кои се премногу самокритични често се анксиозни без причина. Никогаш не се задоволни со себе и со другите, па ова ги тера постојано да го бараат совршениот живот, ново работно место кое е подобро, да купуваат работи што не им требаат и постојано да запознаваат нови луѓе. Тие како да имаат потреба да му докажат на светот дека не се толку лоши.rn

    6. Љубоморни се и ќе ве проверуваат

    rnЉубомората е нешто што го чувствуваат сите несигурни луѓе. Луѓето кои не се сакаат себеси не можат да поверуваат дека некој друг ги сака. Понекогаш врската може да се претвори во постојана потрага по неверство. Ова е ужасна ситуација бидејќи љубоморниот партнер може да почне да ве контролира. Речиси и да нема шанси да ја убедите таа личност дека не ја изневерувате бидејќи не верува.rn

    7. Не живеат за денес

    rnНесигурните луѓе често се нарекувани и незрели, а едно е сигурно – не сакаат да преземат одговорност за нивниот живот. Оваа улога му ја доделуваат на партнерот. Стравот од иднината не им дозволува да го испланираат нивниот живот, а каењето ги држи во минатото и им стои на патот до посакуваниот живот.rn

    8. Зависни се

    rnКај незадоволниот партнер секогаш постои празнина. На овие луѓе речиси ништо не им го задржува вниманието, не се одговорни и не се грижат за утре. Нивниот партнер ќе се обиде да ја пополни таа празнина со љубов, но од него ќе се бара и ветување дека засекогаш ќе бидат заедно. Ова може да ја уништи врската бидејќи овие луѓе не можат да бидат добри и одговорни партнери.rnrnПогледнете и што прават луѓето поради нивната несигурност.

  • Како и зошто се менуваат луѓето според нивниот хороскопски знак?

    Како и зошто се менуваат луѓето според нивниот хороскопски знак?

    Никогаш не знаете кога некоја личност може да се промени. Само што ќе помислите дека добро ја познавате, таа може да направи нешто што навистина ќе ве изненади. Сепак, луѓето се несовршени и непредвидливи суштества, па промената е неизбежна.rnrnКако и зошто се менуваат луѓето според нивниот хороскопски знак?rnrnНо дали знаете дека оваа промена во однесувањето и карактерот може да биде поврзана со хороскопскиот знак? Сите хороскопски знаци се под влијание на мешавина од уникатни настани и искуства кои можат многу да променат нечиј карактер. Па, погледнете како и зошто се менуваат луѓето според нивниот хороскопски знак.rn

    Овен

    rnОвните во суштина сакаат да бидат активни. Секогаш го бараат најдоброто нешто што можат да го направат и не сакаат кога не ги користат своите таленти. Ова е совршен рецепт за променливи емоции. Овните можат да се чувствуваат удобно во некоја ситуација на почетокот, но штом ќе се промени тоа не се двоумат да покажат. Овните имаат променливо расположение, а ова само додава на нивната непостојаност.rn

    Бик

    rnЕдна од главните цели на Биковите е постигнување стабилност и сигурност. Познати се по тоа што се држат до нивните рутини и не ја напуштаат удобната зона. Па, ретко се соочуваат со нови и непознати ситуации и затоа ги гледаат како закани. Ако ги натерате да се придвижат во непозната територија, тоа можат да го доживеат како шок и да предизвика промена во нивните мисли и постапки. Оваа промена може да биде навистина голема ако им се намали способноста за рационално размислување.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да создаваат блиски врски со другите. Па ако некој им направи нешто лошо, навистина го чувствуваат тоа. Можеби се со навистина отворен ум, но и Близнаците ги преминуваат своите граници ако се предадени од личност што ја сакаат. Ако се случи нешто вакво, тие стануваат понервозни или се однесуваат чудно.rn

    Рак

    rnРаковите сакат да им помагаат и да се грижат за другите. Иако ова е прекрасна особина, понекогаш може да влијае на нив ако не се внимателни. Раковите се водени од емоциите и интуицијата, па нестабилноста во овие области може да предизвика промена во нивното однесување. Можеби станува збор за конфликт со личност што ја сакаат, или пак личноста на којашто ѝ помагаат не им враќа со добрина. Овие настани ја нарушуваат рамнотежата на нивниот емоционален центар и можат да предизвикаат променливо расположение.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да се смеат и секогаш бараат искуства во кои можат да уживаат. Тие „живеат“ од поддршката и восхитот на другите и постојано бараат нешто што ќе ги исполни. Се надеваат дека ќе се сместат на што е можно побезбедна позиција, но ако нешто не оди по план почнуваат да се појавуваат проблеми. Умот на Лавовите е многу вешт во решавање проблеми и тие ќе се обидат да ги надминат проблемите на секој можен начин. Често го прават тоа игнорирајќи ги потребите на другите.rn

    Девица

    rnДевиците сакаат постојаност во животот и сакаат да им помагаат на другите. Сè што ќе ги натера да се тргнат настрана од овие цели има потенцијал да ја открие самодеструктивната страна на нивниот карактер. Ако се соочени со проблем, Девиците се фокусираат на малите детали и со тоа ја намалуваат нивната способност за решавање на проблемот.rn

    Вага

    rnВагите се чувствуваат најдобро кога има рамнотежа во нивниот живот. Се обидуваат да се опкружат со луѓе кои ги делат истите вредности со нив и се надеваат дека ќе има што помалку конфликти. Наместо да се соочат кога нешто не им се допаѓа, Вагите настојуваат да го зачуваат мирот притоа потиснувајќи ги нивните чувства. Можно е да се оддалечат од личноста што им згрешила и со тоа да ја уништат врската.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите многу ги вреднуваат нивните пријателства, но многу ја посакуваат и вистината. Во некои ситуации овие приоритети се контрадикторни еден со друг. Пријателот што крие нешто од Скорпијата многу лесно може да се соочи со нејзината лоша страна. Ако тие се почувствуваат предадени, таинствената природа на Скорпиите ќе биде видлива за сите. Штом ќе се случи нешто вакво, навистина е тешко, дури и невозможно да ѝ го промените мислењето на Скорпијата за вас.rn

    Стрелец

    rnПоради тоа што се екстроверти и ентузијасти, Стрелците лесно ги одржуваат пријателствата. Но, оние што ќе им се приближат премногу само ќе ги избркаат. Ако некој стане премногу зависен од Стрелец, тој ќе се чувствува заробено и веднаш ќе побара начин да се ослободи. Исто така на Стрелците не им е проблем искрено да ги искажат своите чувства, па од нив можете да ја очекувате бруталната вистина.rn

    Јарец

    rnЈарците се родени лидери и ништо не може да ги спречи да ја постигнат својата цел. Бидејќи животот е непредвидлив, често може да им ги наруши плановите, а ова воопшто не им се допаѓа на Јарците. Ако некој се обиде да им застане на патот, Јарците може да го избегнуваат или да се однесуваат неучтиво кон него. Покрај тоа, навистина им е тешко да простат. Јарците се многу добри во чување тајни, па понекогаш е навистина тешко да препознаете дека имаат проблем.rn

    Водолија

    rnКога се во најдоброто издание, Водолиите им помагаат на другите и се со отворен ум. Ова изгледа како совршен рецепт за успешни врски. Но, сè паѓа во вода ако Водолиите почувствуваат дека нешто ѝ се заканува на нивната слобода. Водолиите не сакаат прекршени ветувања и несогласувања, па сите овие нешта можат да предизвикаат промена во нивото однесување. Ако се случи што било од овие нешта, Водолиите го креваат својот штит и се оддалечуваат од личноста што го причинила проблемот.rn

    Риби

    rnПријателската природа на Рибите им е можеби најсилната страна, но може да им предизвика проблеми ако не се внимателни. Рибите пребрзо стануваат зависни од другите, а токму оваа зависност е лоша за вас. Ако се изневерени, Рибите ја насочуваат фрустрацијата кон себе и почнуваат самите да се уништуваат, особено ако се критикувани или нападнати. Можно е да бидат тажни и да почнат да чувствуваат страв.rnrnДознајте и како се однесува секој хороскопски знак кога е налутен.

  • Оптичка илузија што ќе ви открие што ве прави чудни во врските и љубовта

    Оптичка илузија што ќе ви открие што ве прави чудни во врските и љубовта

    Секој за себе сака да мисли дека е надарен со шарм и прекрасни карактеристики, особено кога станува збор за врски и вљубување. Се разбира, не можеме сите да имаме харизма каква што посакуваме, но повеќето знаат како да се справат во социјалните ситуации. Сепак, без разлика колку добро ги шармирате другите, нормално е понекогаш да изгледате чудно и неудобно, особено ако сте со личност која навистина ви се допаѓа.rnrnОптичка илузија што ќе ви открие што ве прави чудни во врските и љубовтаrnrnНајчесто е тешко да ги забележиме нашите недостатоци, а токму тоа е првиот чекор кон позитивната промена. Овој тест ќе ви помогне да откриете која ваша карактеристика прави да се однесувате чудно, а оваа информација ќе ви помогне да ја направите потребната промена. Само погледнете ја сликата и прочитајте што кажува за вас првото нешто што го забележавте.rn

    1. Лицето на мажот

    rnМногу често го споделувате вашето мислење без да го побараат тоа од вас. Мислите дека помагате кога ја споделувате вашата мудрост. Иако понекогаш тоа е вистина, кога го правите ова пречесто другите сметаат дека не ги почитувате или дека мислите дека не го живеат животот што би требало. Ако ова е нешто што сакате да го промените, обидете се да поставувате повеќе прашања кога запознавате нови луѓе наместо самите да донесувате заклучоци. Ќе научите повеќе, а на другите ќе им се допаѓа што сте љубопитни за нив.rn

    2. Жената и двете силуети

    rnАко прво ги забележавте жената и двете силуети кои стојат пред возот, вие споделувате премногу лични информации пребрзо. Според вас, ова не е воопшто чудно. Сметате дека сте отворена книга и не ви претставува проблем да кажете и најлични детали за вас. Да бидете отворени и искрени може да биде одлична особина. Но, ако споделувате премногу приватни работи со луѓе кои само што сте ги запознале, може да биде малку непријатно. Со новите познаници сè уште немате изградено врска со доверба, па кога споделувате премногу соговорникот ќе чувствува притисок дека треба да го направи истото. Дајте им време на новите пријатели.rn

    3. Двете силуети во бело

    rnКога среќавате нови луѓе, вие сте премногу тивки. Поудобно се чувствувате кога молчите сè додека не посакате да кажете нешто. Според вас, подобро е да не зборувате отколку да имате безначаен разговор и мислите дека сите се согласуваат со тоа. Вистината е поразлична. „Безначајниот“ разговор постои со причина. Можеби воопшто не уживате во него, но тој ви помага да запознаете некого и да оформите пријателство.rn

    4. Луѓето од страната на возот

    rnВаша најчудна карактеристика е тоа што сте премногу гласни. Сосема нормално е да бидете љубопитни за животот на другите, но не заборавајте дека никој не е должен да ви кажува нешто за него ако не сака. Иако за вас е вистинско искушение да споделите некое озборување со цел да се поврзете, обидете се да одолеете на тоа. Вашата желба да бидете вклучени ќе се исполни со текот на времето. Кога ќе се држите малку понастрана од животите на другите, луѓето полесно ќе ви веруваат.rn

    5. Возот

    rnАко прво го забележавте возот, вам ви недостига стратегија. Можеби не им обрнувате премногу внимание на манирите, но тие се навистина важни. Прекинувањето на соговорникот за да кажете нешто на што сте се сетиле ќе го „избрка“ вашиот и ќе се чувствувате осамено. Пред да кажете нешто, имајте ги предвид чувствата на другите. Ќе дојде и вашиот ред да го изнесете вашето мислење.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗа да дознаете и по што потајно копнеете во љубовта, кликнете на првото нешто што ќе го забележите на сликата подолу.rnrnrnrn[/message_box]

  • 5 начини на кои несвесно се однесувате понижувачки кон менталните нарушувања

    5 начини на кои несвесно се однесувате понижувачки кон менталните нарушувања

    Последиците од долгогодишното стигматизирање на менталните нарушувања тешко можат да се искоренат преку ноќ. Некои веруваат дека сето тоа е последица на индивидуалниот карактер, што воопшто не е точно. На тој начин успеваат да ги одвратат од намерата да побараат помош дури и оние кои се свесни дека им е потребна. За жал, оваа стигма е многу навлезена во личните и општествените ставови.rnrn5 начини на кои несвесно се однесувате понижувачки кон менталните нарушувањаrnrnДури и оние кои имаат најдобри намери, често не умеат соодветно да искажат сочувство и емпатија за луѓето кои страдаат од некое ментално нарушување. Дури и некои секојдневни навики и однесувања може да влијаат негативно, а на следниве особено треба да се обрне внимание:rn

    1. Расфрлање со поими како „депресија“ и „опсесивно-компулсивно нарушување“

    rnПонекогаш нешто ќе нè направи тажни и нерасположени, па велиме дека поради тоа сме депресивни. Во друг случај, кога сакате да искажете колку ви е важна организираноста, велите дека имате опсесивно-компулсивно нарушување. Ниту еден од овие начини не е соодветен за искажување на вашата состојба, бидејќи ги тривијализирате реалните ментални проблеми.rnrnПрв чекор во надминување на грешките е да внимавате на начинот на кој се изразувате. Да, се случува некој настан да ви го промени расположението, па дури и да ве смени како личност, но најдобро е да научите како правилно да ги користите поимите кои опишуваат некакво ментално нарушување.rn

    2. Сметате дека зад секој инцидент стои ментална болест

    rnКога ќе чуете дека некаде во светот се случил масовен напад или повеќекратно убиство, ви доаѓа инстинктивно да го припишете тоа на ментално нарушување? Треба да се ослободите и од ова верување. Многу почесто лицата кои имаат нарушено ментално здравје се жртви на насилство и криминал, а премал е процентот на такви кои извршиле некое злосторство.rnrnrn

    3. Лесно велите за некого дека е „психопат“ или „луд“

    rnОвие фрази ги користиме кога некој ќе направи нешто погрешно или непромислено, што ни дава сосема неточна идеја дека треба да се плашиме или да ги засрамуваме оние кои имаат реален ментален проблем. Ваквите коментари се навистина груби и несоодветни, колку и да ви се чини дека се безопасни. На овој начин покажувате дека немате никакви познавања за тоа што значи некој да страда од ментално нарушување.rn

    4. Етикетирате луѓе врз основа на нивната ментална состојба

    rnДали на некој кој е болен од рак би се шегувале со него поради болеста? Сигурно не. Исто е и кога се во прашање менталните нарушувања. Сега, сетете се колку пати некого погрешно сте етикетирале поради некои причини. Наместо да речете „шизофреничар“ или „биполарен“, подобро е да кажете „личност која страда од шизофренија“ или „личност со биполарно растројство“. На овој начин успевате да покажете дека не страдате од стигми и стереотипи.rn

    5. Судите некому поради неговото однесување

    rnКога ќе забележите дека некој манифестира нетипично однесување, запрашајте се дали можеби има некаков проблем или нарушување, наместо да го исмевате. Често се случува луѓето кои имаат некакво растројство да прават нешто што е надвор од границите на нормалното, а со тоа да бидат и предмет на шега. На овој начин, им испраќаме порака дека треба да се срамат од својата состојба и дека се смешни поради нивното нарушено здравје. Ваквото однесување мора веднаш да се надмине, со помош на контрола на реакциите што ги имаме кога околу нас е присутно лице со ментално нарушување.rnrnВо елиминирањето на стереотипите и предрасудите треба да учествуваме сите, на тој начин што најпрво ќе почнеме да се менуваме самите ние. Ако слушнете дека некој ги користи менталните нарушувања во негативен, потсмевачки или погрешен контекст, не двоумете се да ги коригирате. Дајте до знаење дека сте свесни за таквите појави и бидете личност која никогаш не дискриминира некого поради нарушената ментална состојба.rnrnПогледнете кои 5 физички активности се одлични за вашето ментално здравје.

  • 7 нешта што ги прават најдобрите пријатели чие пријателство е создадено да трае

    7 нешта што ги прават најдобрите пријатели чие пријателство е создадено да трае

    Врската со најдобриот пријател најчесто содржи 4 нешта – вие, вашиот пријател и времето и енергијата што ги посветувате на пријателството. Навиките за одржување на пријателството секогаш доаѓаат природно бидејќи се справувате со неверојатна личност. Секое пријателство е различно, но сигурно секогаш би направиле сè за вашиот најдобар пријател. Па ако вашето пријателство е реално, најверојатно ги правите овие работи секојдневно.rnrn7 нешта што ги прават најдобрите пријатели чие пријателство е создадено да траеrn

    1. Си го раскажувате денот

    rnПроверувањето на пријателот ви е многу важно бидејќи навистина се грижите за него. Не е важно дали вчерашниот ден бил потполно ист како и денешниот. Постојано сакате да знаете што се случува во животот на пријателот и што има ново.rn

    2. Си праќате смешни фотографии и видеа

    rnДури и ако не пишувате постојано на социјалните мрежи, смешните фотографии се неизбежен дел од вашиот ден. Воопшто не е неучтиво ако добиете некоја фотографија од најдобриот пријател без прво да се поздравите. Вие ја имате совладано секоја форма на комуникација, вклучувајќи и разговор преку слики.rn

    3. Потсвесно ги споредувате сите со најдобриот пријател

    rnМожеби ова е навистина чудна навика, но не можете да си помогнете. Без разлика дали ќе сретнете некој на работа или во кафетерија, секогаш го споредувате со најдобриот пријател. Ова се случува уште почесто ако со пријателот не живеете во ист град. Не сакате да го замените, туку само споредувате и знаете дека вашиот пријател е најдобар.rn

    4. Сакате пријателот да е до вас кога ви е здодевно или кога се забавувате

    rnКога ви е здодевно на работа, сакате најдобриот пријател да биде со вас. Кога уживате во добар ручек, повторно сакате пријателот да е со вас. Оваа личност има волшебно и важно влијание во вашиот живот, па едноставно сакате постојано да биде со вас. Иако е малку себично, сепак е одлично.rn

    5. Си праќате чудни фотографии

    rnАко ги чувате сите чудни фотографии што сте си ги испратиле со најдобриот пријател, би бил вистински хаос. Оваа личност е единствената на која би ѝ испратиле фотографија на која изгледате навистина лошо.rn

    6. Се жалите за тоа што сте возрасни

    rnПовеќето луѓе не сакаат да ги слушаат вашите поплаки, па не им ни обрнуваат внимание. Но вашиот најдобар пријател ќе ве охрабри да кажете сè што ви лежи на срце. Слободно кажувате што ви пречи, а ова ви помага и да продолжите понатаму.rn

    7. Ја кажувате вистината за сè

    rnИскреноста е секогаш најдобрата политика кај пријателството. Вие и вашиот најдобар пријател секогаш сте искрени еден кон друг. Без разлика колку вознемирувачка може да биде вистината, никогаш не ја криете. Ова е можеби најубавиот дел од вашето пријателство.rnrnПрочитајте ги и овие цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство.

  • Како да се издвоите ако сте срамежливи?

    Како да се издвоите ако сте срамежливи?

    Ако сте срамежливи веројатно се чувствувате како светот да не ги забележува сите ваши вештини. Во ред е да ја користите вашата школка како заштита, но ако навистина сакате да се издвоите, мора да се ослободите од штитот. Ако ви е страв да се издвоите, имајте на ум дека вашите чувства и вашата интуиција ви се најсилното оружје, но и најголемиот непријател. Па ако сте срамежлива личност, еве како да го надминете тоа, а истовремено и да се заштитите.rnrnКако да се истакнете ако сте срамежливи?rn

    1. Најдете го вашиот штит

    rnСигурно ви е потребно долго време да се подготвите кога одите негде, но голема е веројатноста тоа да го правите за вас, а не за некој друг. Најчесто одбирате облека во зависност од тоа чие внимание сакате да го привлечете. Запомнете, срамежливоста може да биде мистериозна во зависност од ситуацијата. Можете да контролирате како ве гледаат другите со тоа што ќе одлучите како ќе се покажете.rn

    2. Комуникацијата нека биде вашиот меч

    rnНие комуницираме на многу начини. Срамежливите луѓе чувствуваат голем притисок кога треба да се изразат вербално, но ова е бидејќи не обрнуваат доволно внимание на нивниот говор на телото. Вие постојано се искажувате со начинот на кој стоите, положбата на вашите раце и изразите на лицето. Ако сте срамежливи, обрнете внимание на говорот на вашето тело. Ако сте заинтересирани за некого, иницирајте контакт допирајќи ја неговата рака. Ако не сте заинтересирани можете едноставно да ја подадете раката за ракување наместо да се прегрнувате.rn

    3. Не им давајте преголемо значење на другите

    rnСрамежливите луѓе набљудуваат премногу и на крајот опсесивно гледаат што прават другите. Иако ова е добро за интровертите да ги тргнат мислите од себе, може да создаде лажна перцепција дека сакате да знаете што некој мисли. Вистината е дека повеќето луѓе не размислуваат за вас, тие размислуваат за самите себе. Па кога ќе излезете обидете се да не размислувате премногу за тоа што велат и што прават другите. Со тоа вложувате премногу енергија во некој друг кога треба да ја насочите кон вас и кон вашите емоции.rnrnПрочитајте и за овие едноставни начини со кои ќе го победите срамот.

  • 3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

    3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

    Некои однесувања во бракот се докажани знаци за развод. Па, ако науката е во право, можеби е подобро да почнете да работите на тие однесувања. Погледнете за кои станува збор, но и како да ги смените.rnrn3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги сопретеrn

    1. Покажување презир кон партнерот

    rnПроблем: Според психолозите, презирот, злобата, сарказмот и лошиот хумор се првиот знак за разделба. Без разлика во која форма доаѓа, презирот е отровен за врската бидејќи прикажува одвратност. Невозможно е да решите проблем кога партнерот добива порака дека ви се гади од него.rnrnРешение: Разговарајте за вашите најсреќни сеќавања, фокусирајќи се на тоа зошто и како завршивте заедно. Откријте ги вашите први импресии еден за друг и повторно почувствувајте ја љубовта како пред бракот. Изгледајте ги фотографиите од венчавката или пак, снимката од првите чекори на вашето бебе.rn

    2. Жалење за партнерот

    rnПроблем: Зборувањето за партнерот со пријателите може да биде терапевтско. Но, со секое озборување ги рушите вашите темели. Идниот успех зависи од тоа на кој начин ќе ја раскажувате вашата приказна. Едно истражување покажало дека кога паровите имаат позитивна перспектива, тие си веруваат. Од друга страна, кога имаат негатива перспектива, тие се пречувствителни, па ги сфаќаат и најобичните нешта премногу лично. Перцепцијата станува реалност.rnrnРешение: Разговарајте еден со друг наместо еден за друг. Ако нешто не функционира помеѓу вас, постои само една личност која треба да слушне за тоа. Без разлика дали има потреба од долг разговор кој ќе го повреди вашето его, потребно е да се борите за здрава комуникација од двете страни. Не постои изговор да се справите со врската на друг начин.rn

    3. Третман со молчење

    rnПроблем: Оние кои мразат соочување, избегнувањето може да изгледа полесно од расправијата. Но, ова може да биде штетно колку и викањето. Третманот со молчење е докажан убиец на бракот. Проблемите остануваат нерешени, а растојанието помеѓу сопружниците постојано се зголемува.rnrnРешение: Разговарајте прво со себе. Кажете си дека иако сметате дека тишината ќе помогне, таа всушност ќе направи повеќе штета. Се разбира, „ладењето“ по расправија не се смета за третман со молчење, сè додека планирате да се смирите и да разговарате за проблемот.rnrnПрочитајте ги и овие совети за зачувување на бракот од адвокат за развод.

  • Како се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен?

    Како се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен?

    Без разлика колку не ја сакаме оваа емоција, гневот е неизбежен дел од нашите животи. Можеби ќе се обидете да го сокриете, но проблемот секогаш излегува на површина ако не го решите. Секој се нашол во расправија со некого, а кога ќе прочитате како се однесува секој знак во ваква ситуација, можеби ќе ви се разјаснат нечии постапки.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак кога ви е налутен?rn

    Овен

    rnКога Овните се гневни, тие не молчат. Веднаш експлодираат и ќе се чувствувате како да ве фатиле во тесно. Без да ги одбираат зборовите, искрено ќе ви кажат како се чувствуваат. За среќа, овие испади не траат долго. Иако Овните се познати по нивниот краток темперамент, секогаш сфаќаат ако претераат. Многу често може и да ви се извинат откако ќе се смират.rn

    Бик

    rnБиковите го контролираат својот гнев, го игнорираат и се преправаат дека не им е грижа. Но, ова трае сè додека бесот не стане премногу интензивен. Во тој случај, сè паѓа во вода. Ќе почнат да ги набројуваат сите работи за коишто ви биле гневни. Потребно е многу за Биковите да дојдат до оваа состојба, па можно е гневот да трае малку подолго.rn

    Близнаци

    rnКога Близнаците се гневни тие ќе ве уништат со зборови. Тие знаат да смислат толку креативни навреди кои веројатно ќе ве прогонуваат засекогаш. Најлошиот дел е што нема да го повишат тонот додека разговараат со вас. Гневните Близнаци можат да бидат навистина мирни и со самодоверба додека го кажуваат своето.rn

    Рак

    rnАко разгневите Рак, сигурно сте му ги повредиле чувствата. Ќе забележите дека расположението му е многу полошо од вообичаено. Ако го притиснете да разговараат тој може да ви каже сè, па дури и да се расплаче. Ако Ракот почувствува дека не ви е јасно колку сте го повредиле, тогаш ќе стане навистина гневен. Па со среќа, бидејќи Раковите долго помнат кога некој ќе им згреши.rn

    Лав

    rnАко разгневите Лав, очекувајте сцена. Без разлика дали сте во библиотека или во продавница, луѓето сигурно ќе застанат да го изгледаат нивниот перформанс. Толку ќе бидат занесени што веројатно нема да дојдете на ред да кажете нешто. Ако очекувате извинување, можете само да сонувате за тоа.rn

    Девица

    rnДевиците имаат стриктно мислење за тоа што е добро, а што лошо, па многу лесно се разгневуваат. Но најчесто го чуваат гневот во себе и му дозволуваат да ги „изеде“. Се разбира, и тие се луѓе, па кога болката ќе стане преголема ќе експлодираат. Големи се шансите да бидат гневни за нешто што се случило пред неколку месеци и што вие не го ни помните.rn

    Вага

    rnБидејќи Вагите мразат расправии, гневот најчесто го покажуваат пасивно. Не сакаат да ја влошуваат ситуацијата или да прават сцена, па ќе направат да страдате бавно со тоа што нема да ви обрнуваат внимание или нема да зборуваат со вас. Овој третман ќе помине кога ќе ги прашате што е проблемот.rn

    Скорпија

    rnАко разгневите Скорпија, со среќа. Таа ќе направи да се чувствувате навистина лошо и ќе ги искористи вашите најголеми несигурности против вас. Сигурно знаете дека Скорпијата никогаш нема да го заборави тоа, без разлика дали ви простила или не. Болката од нејзиниот гнев е толку голема што ќе направите сè за да престане.rn

    Стрелец

    rnСтрелците ретко дозволуваат нешто навистина да допре до нив. Па, ако успеете да ги разгневите сигурно сте направиле нешто навистина глупаво. Нема да има сожалување кога ќе се соочите со нивниот смртоносен бес. Ќе се чувствуваат многу предадено бидејќи сите ги сакаат. Можно е да почувствувате и дека вашите заеднички пријатели се вртат против вас заедно со нив.rn

    Јарец

    rnПред сè, гневниот Јарец ќе ви рече да го оставите на мир. Потоа, вие нема да постоите за него. Воопшто не му е проблем да ги отстрани токсичните луѓе од својот живот и да продолжи понатаму. Всушност, на Јарците им е подобро да бидат сами отколку да бидат опкружени со непријатели. Тие ќе бидат толку рамнодушни кон вас и толку брзо ќе ве заборават што ќе ве полазат морници. Потребно е навистина да се потрудите ако сакате да ви простат.rn

    Водолија

    rnВо главно Водолиите не сакаат да навлегуваат во конфликти. Потребно е да направите нешто навистина ужасно за да им ја видите лошата страна. А ако го направите тоа, очекувајте да исчезнат од вашиот живот. Можете со денови да им се јавувате и да им пишувате пораки, но тие нема да одговорат. Нема дури ни да доаѓаат и на социјални настани каде што сте вие. Едноставно, немаат енергија да се расправаат со вас, па полесно им е да ве избегнуваат.rn

    Риби

    rnРибите се како бура од емоции и може да бидат навистина деструктивни кон себе кога се гневни. Може да посегнат по алкохол, да се расправаат со саканите и да му дотураат гориво на огнот. Наместо директно да го искажат бесот кон вас, ќе му дозволат целосно да ги обземе. Обично не се добри кога станува збор за решавање конфликти. Па ако вие не направите нешто за тоа, конфликтот може навистина да излезе надвор од контрола.rnrnПогледнете и како хороскопските знаци изразуваат тага.