КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 5 стратегии за справување со интровертноста

    5 стратегии за справување со интровертноста

    Многумина интроверти активно се занимаваат со прашањето како да ја надминат интровертноста. Сите овие стратегии имаат нешто заедничко, а тоа е излегување од зоната на комфорот. Па доколку успеавме да ве заинтригираме, во продолжение прочитајте кои се тие.rnrn5 стратегии за справување со интровертностаrnrn1. Започнување разговор – Некои интроверти настапуваат со стратегијата на организирање домашни забави. Решаваат да стојат на влезната врата и секој гостин да го поздравуваат индивидуално. Тие се претставуваат, се обидуваат да дознаат некои основни информации за луѓето кои доаѓаат и така подоцна наоѓаат соодветни теми за разговор. Може и да не сте организатори на забава, а сепак да се трудите да се запознаете со што повеќе луѓе на одреден настан. Тоа ќе направи тие да се чувствуваат добредојдено, а вас ќе ве опушти за идни разговори со други луѓе.rnrn2. Јавно говорење – Одредени интроверти кои имаат страв од јавно говорење, намерно се изложуваат на ситуации кои ја бараат токму таа вештина. Па, ако сте интроверти, искористувајте ја секоја прилика за зборување пред публика. На пример, доколку сте дел од поетско читање, соберете храброст први да настапите и ќе видите колку убаво ќе се чувствувате кога сето тоа ќе помине.rnrn3. Глумење – Постојат луѓе кои природно се многу повлечени, а сепак оддаваат впечаток на весели и разговорливи луѓе. Тоа е така бидејќи успешно глумат и ги затскриваат длабоките чувства. Со ваквата стратегија, комуникацијата со луѓето ја гледате како еден вид претстава, во која вие сте во екстравертна улога.rnrn4. Поставување прашања – Во неодамна објавената книга на психологот Едгар Шајн се вели дека понизното поставување прашања претставува искрен напор за запознавање на другата личност, што пак ја прави поопуштена во ваше друштво и спремна за подлабоки и подолги разговори.rnrn5. Подготвеност – Понекогаш интровертите се чувствуваат неудобно кога треба да зборуваат за себе, да одговорат на сложено прашање или кога треба да дадат свое лично мислење. Експертот за срамежливост, Бернардо Кардучи, вели дека подготвеноста е клучна во вакви ситуации. Затоа, се препорачува интровертите однапред да подготвуваат одговори и веќе да имаат смислено што ќе кажат во такви ситуации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

    За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

    „Ех, да се однесував поинаку тогаш…“ е реченица што многумина од нас ја имаат изговорено. За да не дојде до тоа повторно, еве што треба да престанете да си велите на себеси.rnrnЗа 10 години ќе се каете за следниве 10 одлукиrn

    1. Ќе се сменам за да ги импресионирам другите

    rnАко секојдневно се обидувате да го промените вистинското јас, еден ден нема да остане ништо од него. Ако поминувате премногу време размислувајќи за тоа како другите ве доживуваат или ако станувате онакви какви што тие сакаат да бидете, на крајот ќе заборавите кои сте вие самите. Не треба да сте совршени за да ги импресионирате луѓето. Оставете ги да се импресионираат од начинот на кој вие се носите со сопствените несовршености.rn

    2. Гајле ми е за моите цели и соништа

    rnНајголем предизвик во животот е да се пронајдете себеси. Втор по големина пак, е да сте среќни со она што сте го пронашле. Секако, за да дојдете до тоа треба да останете верни на сопствените цели и соништа, без разлика на тоа што ќе речат другите.rnrnЗа 10 години ќе се каете за следниве 10 одлукиrn

    3. Нема шанси да најдам други пријатели

    rnИако чувствувате дека пријателите што ги имате ви влијаат негативно, сепак и понатаму продолжувате да се дружите со нив. Не им дозволувајте да се однесуваат така со вас. Кога ќе сфатите дека друштвото е избор, а не должност што треба да ја исполните, ќе почнете да се опкружувате со луѓе што зрачат со трпение, широкоградост и чувствителност, наместо нетрпеливост, алчност и лутина.rn

    4. Најубаво да си бидам себичен/на

    rnСамо ова е доволно: „Она што го правите само за себе, ќе умре заедно со вас; она што го правите за другите, останува и понатаму да живее“. Луѓето кои сте ги инспирирале и на кои сте им помогнале, ќе ве помнат дури и откако ќе заминете од овој свет. Затоа, правете добри дела и со тоа станете мал дел од вечноста.rnrnЗа 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

    rn

    5. Секогаш ќе мислам на минатото

    rnАко сакате да го знаете минатото, погледнете ја сегашноста. Ако сакате да ја дознаете иднината, повторно погледнете ја сегашноста. Мора да заборавите на она што минало, за да одите напред. Што побргу го сфатите ова, толку побрзо ќе напредувате.rn

    6. Премногу е тешко, ќе се откажам

    rnНема неуспеси, туку само резултати. Дури и работите да не се одвиваат онака како што вие сте си замислиле, не се обесхрабрувајте. Увидете колку сте способни и давајте сѐ од себе. Оној кој со бавни чекори напредува, на крајот победува. Успехот не доаѓа наеднаш. Потребни се многу мали чекори, одлуки, дејствувања за да се изгради огромен триумф.rnrnЗа 10 години ќе се каете за следниве 10 одлукиrn

    7. Морам сѐ да испланирам

    rnПонекогаш треба да се опуштите и едноставно да оставите животот да се тече. Не мора секогаш да знаете каде одите, за нешто да излезе одлично. Сѐ во животот има совршен ред, иако можеби сега не сте свесни за тоа. Само потребно е време и трпение.rn

    8. Ќе се задоволам со помалку од она што го заслужувам

    rnБидете доволно мудри да можете да го дочекате она што го заслужувате. Не се задоволувајте со помалку и бидете свесни колку вредите.rnrnЗа 10 години ќе се каете за следниве 10 одлукиrn

    9. Од утре, ќе почнам да…

    rnНемате толку многу време како што си замислувате. Еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека веќе немате време за сето она што сте сакале да го направите. Затоа, престанете со изговори и уште денес почнете со остварување на зацртаните цели и желби.rn

    10. Сакам, но ме мрзи

    rnПрестанете само да седите и посакувате. Почнете да дејствувате. Преземете контрола и одговорност врз сопствениот живот. На светот му требаат луѓе како вас.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинакви

    Неколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинакви

    Многумина сметаат дека чувствителни луѓе се оние кои се срамежливи, интровертни и повлечени во комуникацијата со другите. Еве ги работите по кои тие се разликуваат од мнозинството, а кои ќе ве натераат да размислите дека можеби поседувањето на ваквите особини, можеби и не е толку голем недостаток.rnrnНеколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинаквиrn

    Имаат силни мисли и чувства

    rnЧувствителните луѓе и најобичните работи ги доживуваат многу сериозно и длабоко. Тие се интуитивни и секогаш одат до самата суштина на проблемот, за да дојдат до негово разрешување. За разлика од останатите, повеќе се склони кон забележување и на најситните детали. Тие се оние кои секогаш ви го помнат роденденот и кои уште веднаш ќе ја забележат вашата нова фризура.rn

    Реагираат поттикнати од емоциите

    rnИако делуваат мошне рационално, чувствителните луѓе всушност секогаш се водени од емоциите. Тоа е нивното инстинктивно дејствување, кое е сосема природно. Неретко чувствата ги преплавуваат и знаат лесно да заплачат.rn

    Потешко донесуваат одлуки

    rnБидејќи им е потребно повеќе време за во себе ги ревидираат сите информации, потешко донесуваат одлуки. Ги земаат предвид сите можни ситници и детали, што им ја намалува решителноста.rnrnНеколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинаквиrn

    Посклони се кон депресија и анксиозност

    rnОва е можеби најголемиот недостаток на чувствителните луѓе. Психолозите велат дека ова се случува само кога во раните години, се имаат соочено со некои непријатни искуства, што направиле да не се чувствуваат сигурно и безбедно во домот, училиштето итн. Иако, во голема мера, станува збор за вродена предиспозиција, има начини за контролирање на емоциите. На пример, добриот сон, вежбањето, здравата исхрана може да придонесат за правилно канализирање на енергијата и чувствата.rn

    Внимаваат на деталите

    rnЧувствителните луѓе се многу чувствителни кон сето она што ги опкружува, внимаваат на деталите и ги забележуваат дури и најситните, суптилни разлики. Имаат комплексен и богат внатрешен живот. Неретко, поради тоа што не знаат како да ги изразат силните емоции, делуваат срамежливо и повлечено, а во тој момент би дале сѐ за другите да сфатат како тие всушност се чувствуваат.rn

    Интуитивни се

    rnЧувствителните луѓе се многу интуитивни. Внатрешно, веднаш чувствуваат дали она што некој им го кажува е лага или вистина. Лесно може да ги прочитаат намерите на другите луѓе и се потпираат на сопствените инстинкти.rnrnНеколку работи што чувствителните луѓе ги прават поинаквиrn

    Сакаат силно и предадено

    rnОвие луѓе сакаат предадено и со целото свое срце. Сочувствуваат со другите и лесно им е да се стават во нивна позиција и да ги разберат, кога тоа е потребно. Многу се приврзани со саканите, без разлика дали тоа се интимните партнери, пријателите или членовите на семејството.rn

    Ги растажуваат проблемите во светот

    rnЧувствителните луѓе длабоко ги погодуваат проблемите и неправдите во светот. Затоа, неретко волонтираат и се секогаш спремни да им помогнат на другите. Дел се и од протести и штрајкови, побудени од желбата за правда и еднаквост.rn

    Полесно се расплакуваат

    rnДа, тоа е вистина. Чувствителните луѓе посилно ги доживуваат ситуациите и полесно се расплакуваат. За нив тоа не е ништо срамно, туку само отворено искажување на емоциите. Затоа, имајте малку повеќе разбирање спрема нив, кога тоа ќе им се случи. Исто така, се потресуваат и при најмалите промени, што треба да им се случат во животот.rnrnЗа крај, се надеваме дека ова ќе ви помогне подобро да ги разберете ваквиот тип луѓе. А, вие, чувствителните, не треба да се срамите од она што сте, туку да научите како да ги канализирате силните емоции за лична придобивка и внатрешен мир.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мечки кои се однесуваат како луѓе

    Мечки кои се однесуваат како луѓе

    Многу е интересно да им придаваме човечки активности на животните, а мечките се можеби најинтересни за ваквите улоги. На овие фотографии, мечките изгледаат како да размислуваат или да прават некои работи кои ние луѓето ги правиме секојдневно.rnrn

    Здраво!
    Здраво!
    rnrnНаспроти претставувањето на мечките во филмовите, тие се ретко агресивни животни. Напротив, доколку наидете на мечка во дивината, таа може да биде подеднакво исплашена како и вас. Дополнително, мечките се и многу социјални животни. Со исклучок на поларните мечки кои се самци по природа, мечките се многу дружељубиви и интелигентни суштества кои одржуваат блиски односи и семејни врски. Затоа, на голем број од овие слики гледаме мечки кои се во некаква меѓусебна интеракција.rnrn
    Еве сме на пијачка со колегите после работа.
    Еве сме на пијачка со колегите после работа.
    rnrnСекако, зборовите немаат врска со она што навистина го прават мечките, но забавно е да се преправме. Нели!?rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист

    7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист

    Доколку мислите дека спаѓате во категоријата перфекционисти, време е да промените нешто кај себе за да умеете да уживате во сите мали радости што ги носи животот. Еве кои се седумте знаци кои покажуваат дека сте постанале хроничен перфекционист, а кои веруваме ќе ве подзамислат.rnrn7 знаци кои покажуваат дека сте хроничен перфекционист...rn

    1. Сакате да имате контрола над сѐ

    rnЖелбата да имате контрола над сѐ што се случува можеби е еден од најсигурните знаци дека сте хроничен перфекционист. Доколку во некој групен проект, вие сте тие што го диктираат ритамот на однесување и ги делегирате сите задачи, тогаш време е малку да се опуштите и да сфатите дека не мора само вие да мислите и да сте одговорни за сѐ. Олабавете се и ослободете со од товарот што го носи совршенството!rn

    2. Ништо не е доволно добро за вас

    rnДали за вас ништо не е доволно добро? Дури и ако сте постигнале голем успех и сте ги оствариле зацртаните цели, сепак не уживате во тоа, затоа што уште мислите дека можевте да го направите подобро? Ако е така, можеби треба да престанете толку опсесивно да размислувате за деталите и едноставно да бидете задоволни со себе и со постигнатото.rn

    3. Сакате да ги правите другите задоволни

    rnЕкспертите велат дека перфекционизмот започнува уште во раното детство. Повеќето деца од родителите и од наставниците учат дека треба да постигнат многу за да живеат среќен и исполнет живот. Па така тие прават сѐ за да ги задоволат поставените стандарди. Ова може да стане фрустрирачки како раснат, бидејќи некогаш колку и да се трудите, нештата не одат по планот. Според тоа, перфекционизмот предизвикува болни чувства бидејќи е воден од желбата да се биде најдобар, но и од стравот да не се успее во тоа.rn

    4. Безделничите

    rnМожеби звучи чудно, но перфекционизмот може да биде и она што ве спречува да бидете успешни и да ги постигнете зацртаните цели. Ова е другата страна на перфекционизмот, односно перфекционизмот ориентиран спрема другите. Тука се јавува потребата да се удоволува на другите, што е поврзано со тенденцијата задачите да се одложуваат, односно да се безделничи. Од друга страна пак, на позитивните перфекционисти не им е потребно одобрение од другите, па затоа уште веднаш си ги завршуваат сите планови и обврски, за свое лично задоволство.rn

    5. Критички сте настроени спрема другите

    rnДали постојано ги осудувате и премногу ги критикувате останатите? Обично кај другите нѐ нервираат особините, што не можеме да се помириме дека и самите ги поседуваме. Доколку постапувате така, можеби треба да се опуштите и да не се трудите да ги забележувате и најситните негативни детали кај другите, што само ви создаваат горчина и незадоволство.rn

    6. Мора сѐ да направите сами

    rnДали секогаш морате сѐ да направите сами бидејќи немате доверба дека некој друг би можел успешно да ја заврши работата? Кога вака ќе се почувствувате, потсетете се дека не сте машина и дека тоа би можело да ве исцрпи и сериозно да влијае на вашата среќа и здравје. Немојте секоја негативна критика лично да ја доживувате и не плашете се од неуспех.rn

    7. Ќе направите сѐ да ги остварите целите, дури и ако тоа ве прави несреќни

    rnДоколку постигнувањето на зацртаната цел, ве прави да се чувствувате незадоволно, болно и несреќно и почнува негативно да се одразува на здравјето, тогаш престанете до толку да се притресувате. Понекогаш перфекционистите мислат дека тоа што го сработиле е просечно, а всушност само тие така гледаат на тоа, водени од превисоките и престроги стандарди. За жал, тие мислат дека токму неразумно високите стандарди се она што ги тера да успеат и да се покажат во најдобро можно светло.rnrnЗа крај, навистина не е лесно да се биде перфекционист. Можеби е време да почнете да ја согледувате и негативната страна на таквото однесување и да размислите дали сопствената среќа и задоволство треба да страдаат на патот кон совршенството, што всушност и никогаш не може да се достигне!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете понаметливи?

    Како да бидете понаметливи?

    Дали често се чувствувате како жртва? Дали сте членот од тимот кој го изработува целиот проект, а потоа им дозволува на другите да го претстават како сопствен труд? Доколку е така, погледнете ги неколкуте начини на кои можете да се промените и да станете понаметливи.rnrnКако да бидете понаметливи? rn

    Побрзо донесувајте одлуки

    rnКога ќе ве прашаат нешто, потрудете се уште веднаш да го кажете мислењето, без многу да размислувате. Така ќе оставите да ве води интуицијата и сигурно нема да погрешите. На пример, доколку имате многу домашна работа, а некој ви се јави да излезете, уште веднаш кажете дека не можете бидејќи тоа е вистинита и едноставно мора така да биде.rn

    Знајте што сакате

    rnМногумина што се чувствуваат како жртви во животот, всушност не знаат што сакаат, па и затоа им е тешко да се борат за себеси. Најважно е да имате визија за она што сакате да го правите, за да навистина успеете. Па така, доколку имате шанса за унапредување на работното место, покажете му на шефот дека вие сте тие што работат сѐ и дека навистина ја заслужувате позицијата.rn

    Поставете си реални очекувања

    rnЗа да бидете понаметливи, треба точно да знаете што може да очекувате од себеси и од другите. Доколку не се трудите доволно, не очекувајте да бидете најуспешни. Поставете си јасни цели и очекувања и постепено остварувајте ги.rn

    Пребродете ги стравовите

    rnМожеби луѓето не ве забележуваат доволно бидејќи самите сакате да се криете во сенка. Доколку вие сте го изработиле целиот проект, не дозволувајте друг, наместо вас, да го презентира јавно пред останатите. Не срамете се и пребродете го стравот од публика. Запомнете, храброста не значи дека не се плашите, туку дека дејствувате и покрај сите стравови.rn

    Преку говорот на телото покажете самодоверба

    rnИ да не сте доволно самоуверени, не дозволувајте другите да го забележат тоа. Користете го говорот на телото за затскривање на стравовите и за проектирање самодоверба. Држете се правилно, со гордо крената глава и не мрдајте нервозно со рацете.rn

    Зборувајте јасно

    rnКога сте нервозни, зборувате тивко и неразбирливо, грешејќи ги дури и наједноставните зборови. Многу подобро ќе биде доколку се смирите и зборувате бавно, јасно и гласно. Не зборувајте брзо бидејќи токму тоа може да ви ја издаде несигурноста.rn

    Внимавајте на облеката

    rnИзгледот не е пресуден, но сепак влијае на тоа како се чувствувате и како другите гледаат на вас. Потрудете се секогаш да носите чиста, средена и испеглана облека. Тоа ќе ви создаде доза на самодоверба, што ќе ви даде сила да бидете понаметливи.rn

    Променете го жртвениот став

    rnНајважно од сѐ е да го промените сопствениот жртвен став. Борете се за она во што верувате и мислите дека е правилно. На пример, кога некој ќе сака да го презентира проектот наместо вас, иако вие сте го изработиле, истапете и не го прифаќајте предлогот. Соберете храброст и верувајте во себе. Не дозволувајте другите да ве газат и покажете му на светот колку вистина вредите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 психолошки состојби за кои никогаш не сте слушнале

    10 психолошки состојби за кои никогаш не сте слушнале

    Сите го знаат значењето на среќата и тагата. Но, што е со сите оние емоционални состојби за кои не постојат зборови со кои можете да ги опишете? Погледнете ги наредниве 10 чувства кои можеби некогаш сте ги доживеале, но не сте знаеле како да си ги објасните.rnrn10 психолошки состојби за кои никогаш не сте слушналеrn

    1. Дисфорија

    rnНајчесто се користи за да се објасни депресијата во психолошките нарушувања. Дисфоријата е општа состојба на тага која вклучува вознемиреност, намалена енергија, анксиозност и огромна раздразнетост. Станува збор за состојба која е спротивна од еуфоријата и која се разликува од типичната тага затоа што честопати вклучува некаков вид нервоза и гнев. Оваа состојба сигурно сте ја доживеале во ситуациите откако ќе ви помине дејството на стимуланси како чоколадо, кафе или нешто посилно. Или можеби сте ја почувствувале како одговор на некоја несреќна ситуација, екстремна досада или депресија.rn

    2. Маѓепсаност

    rnПрофесорот по психологија, В. Џерод Парот ги разделил човечките емоции во неколку поткатегории, кои имаат свои поткатегории. Поголемиот дел од емоциите кои тој ги идентификува, како среќата и лутината се лесно препознатливи. Но, постои една поткатегорија на среќата за која можеби никогаш не сте слушнале. Таа е наречена маѓепсаност. За разлика од повеселите поткатегории на среќата, како ведрина, уживање или олеснување, ова е состојба на интензивен занес. Но, не е иста како љубовта и страста. Оваа состојба можете да ја доживеете кога гледате во неверојатен спектакл – како на пример, концерт, филм, лансирање на ракета или што било друго кое го заробува вашето внимание и го покачува вашето расположение до неверојатни височини.rn

    3. Нормопатија

    rnТеоретичарот по психијатрија, Кристофер Болас ја создал идејата за нормопатија за да го опише однесувањето на оние луѓе кои толку многу се трудат да се вклопат и да се прилагодат на општествените норми што на некој начин тоа се претвора во манија. Личност која е нормотична, најчесто е толку многу нездраво врзана за нормите што дури изгледа како да нема сопствена личност, туку како да го прави сето она кое се очекува од општеството. Екстремната нормопатија се нарушува со кршење на нормите, кога овие личности попуштаат под притисок на прилагодувањето и стануваат насилни или пак, прават нешто опасно. Многу луѓе поминуваат низ блага нормопатија во различни периоди од нивниот живот, најчесто кога се обидуваат да се вклопат во нова социјална средина или пак, кога се обидуваат да скријат одредени однесувања за кои веруваат дека ќе бидат осудени од страна на другите луѓе.rn

    4. Абјекција

    rnПостојат повеќе начини да се дефинира абјекцијата, но францускиот филозоф Јулија Кристева напишала книга за тоа што точно значи да се доживее оваа состојба. Таа претпоставува дека секој човек поминува низ период на абјекција кога е дете и кога за првпат ќе сфати дека неговото тело е одделно од телата на неговите родители. Ова чувство на раздвојување знае да предизвика вистински хорор кој подоцна може да ве следи во текот на вашиот живот. Тие чувства на абјекција се реактивираат кога се доживуваат настани, кои без разлика на тоа колку се кратки знаат да нè натераат да се запрашаме до каде се границите на нашето чувство за себе. Често, абјекцијата (одвратност) е она што го чувствувате кога сте сведок на нешто толку страшно што дури добивате и нагон за повраќање. Екстремен пример за ваква ситуација е гледање мртво тело или пак, отворени рани. Овие ситуации нè тераат да се потсетиме на фактот дека единственото нешто кое нè дели од нашата смрт е… скоро ништо. Кога ќе ја сфатите целосната тежина на оваа мисла, тоа што ќе го почувствувате е одвратност.rn

    5. Сублимација

    rnАко никогаш не сте биле на предавање за Фројдовите теории за сексот, големи се шансите да не сте чуле за сублимација. Фројд верувал дека човековите емоции се на некој начин како мотор на пареа и дека сексуалниот нагон е пареата која поминува низ него. Доколку блокирате еден од вентилите, притисокот ќе се собере и пареата ќе излезе од некој друг. Сублимација е процесот кој ги пренасочува вашите сексуални нагони така што ве тера да правите нешто продуктивно како на пример, пишување статија за психолошки состојби или пак, развивање на нова програма. Доколку некогаш сте се ослободиле од вашите фрустрации така што сте изградиле нешто или сте доживеале интензивно задоволство од создавањето на уметнички проект, тогаш сте ја доживеале оваа состојба на сублимација. Секако денес овој поим се сфаќа на малку поинаков начин. Според францускиот теоретичар Жак Лакан, сублимацијата не мора да значи само претворање на сексуалниот нагон во друга активност. Тоа може да значи и негов трансфер од еден објект на друг, како на пример, преместување на вашите чувства од вашиот партнер кон вашиот сосед… :)rn

    6. Репетициона компулсија

    rnПовторувањето на компулсиите е нешто што секој од нас го прави многу често. Можеби се чувствувате како да морате да си одите дома по истиот пат или пак, да ги редите книгите на полиците по одреден редослед кој е секогаш ист. Според Фројд, ние запаѓаме во овие однесувања поради она што тој го нарекува „нагон за смрт“ или потребата да престанеме со постоење. Тој верувал дека секој од нас сака да се врати во „поранешната состојба на нештата“ а таа состојба е токму онаа пред да се родиме. Во позадината на секое повторување на овие компулсии стои желбата да се вратиме во состојбата пред животот. Можеби токму поради ова постојат толку многу луѓе кои имаат потреба да повторуваат некои активности кои се деструктивни и непродуктивни како на пример, постојаното заљубување во одреден тип на личности кои едноставно не се за нив.rn

    7. Репресивна десублимација

    rnПолитичкиот теоретичар Херберт Маркус сакал да објасни како општествата кои поминуваат низ периоди на општествено ослободување и покрај сè остануваат под контролата на владата и големите корпорации. Според него, за оваа ситуација е виновна необичната емоционална состојба која тој ја нарекува репресивна десублимација. Фројд тврдел дека сублимација постои кога ја пренасочувате вашата сексуална енергија во нешто несексуално. Но, Маркус живеел во период кога луѓето ја ослободувале својата сексуална енергија токму преку сексот и според него тогаш владеела десублимацијата. Тој верувал дека оваа состојба служела како издувен вентил за нашите желби за да не мораме да се обидуваме да се ослободиме од општествените ограничувања. Најдобар пример за десублимација се интензивните забави низ кои поминуваат студентите. Тие конзумираат многу алкохол, дрога и менуваат голем број сексуални партнери додека истовремено се обидуваат да го завршат факултетот и да се подготват за работа. Наместо да се запрашуваме зошто го правиме сево ова, ние едноставно ги почитуваме правилата преку недела и имаме луди пијани ноќи за време на викендите. И токму тоа е репресивна десублимација.rn

    8. Апорија

    rnГо знаете она чувство на луда празнина кога ќе сфатите дека нешто во што сте верувале всушност не е вистина? И нештата стануваат уште почудни доколку станува збор за нешто за кое можеби никогаш нема да дознаете со сигурност дали би можело да биде вистина или не? Епа токму тоа е апорија. Овој термин се појавува уште во античка Грција, но причината поради која модерните теоретичари често го употребуваат е фактот дека помага во опишување на чувството кое луѓето го имаат во свет кој е преполн со информации, каде што секојдневно сте бомбардирани со контрадикторни пораки кои ви изгледаат подеднакво вистинити.rn

    9. Комперзија

    rnПоимот комперзија е популаризиран од страна на луѓето во онлајн-организациите кои практикувале отворени врски за да се опише чувството кое е спротивно од љубомората кога вашиот партнер се состанува со друга личност. Моногамната личност би се почувствувала љубоморно доколку го види својот партнер како се бакнува со друга личност, додека пак оние кои не се моногамни би почувствувале комперзија, чувство на радост додека го гледаат својот партнер среќен со друга личност. Но, комперзијата не се однесува само за љубовните парови. Таа може секој од вас да ја почувствува. На пример, доколку вашиот пријател освои некоја награда вие ќе бидете среќни за него и ќе чувствувате комперзија.rn

    10. Групни чувства

    rnНекои психолози веруваат дека одредени чувства можат да се имаат само доколку сте член на група. Овие чувства се наречени интергрупни и интрагрупни и можете да ги забележите само кога тие се контрадикторни на вашите лични чувства. На пример, многу луѓе чувствуваат интергрупна гордост или вина за она што го направиле нивните држави. Дури и во ситуации кога тие не биле ни родени кога тоа нешто се случило. Од друга страна, една личност може да има и интрагрупни чувства (од една група кон друга). На пример, личноста може да има интрагрупно чувство дека одредена раса или религија е инфериорна во однос на неговата група и покрај тоа што лично познава многу добри луѓе од тие раси или религии кои ги смета за свои пријатели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Никогаш не треба да прашувате за…

    Никогаш не треба да прашувате за…

    Љубопитноста е дел од човековата природа, но има одредени прашања кои ја преминуваат границата на културното однесување и создаваат непријатност. За да бидете пријатен соговорник, никогаш не треба да прашувате за следниве неколку нешта.rnrnНикогаш не треба да прашувате за...rn

    Заработка

    rnИако е непристојно, многу луѓе без срам сѐ уште прашуваат „Колку пари заработуваш?“ Колку и да сте љубопитни, избегнувајте го ова прашање бидејќи навистина е непријатно за другата страна. Доколку самите не кажат ништо за тоа, ваше е да молчите.rn

    Тежина

    rnИ ова е едно од прашањата што треба да ги избегнувате. Поставувањето прашање за нечија тежина, може да го направи соговорникот уште понесигурен. Ќе се почувствува осудувано, а тоа е крајно непристојно. Ако некој/а ви каже дека ослабнал/а, само честитајте му/ѝ, и не поставувајте други прашања.rn

    Возраст

    rnОсвен ако личноста со која зборувате е помала од 15 години, тогаш не прашувајте за возраста. Возрасните не го сакаат ова прашање. Поштедете ги соговорниците од непријатност и уживајте во разговорот на други теми.rn

    Брачна состојба

    rnВоопшто не е културно да прашате „Зошто не си женет/мажена?“ Поставувањето на вакво прашање асоцира на тоа дека нешто не е во ред со тоа да си сингл, а тоа воопшто не е така. Се работи за животен избор и сопствени приоритети, кои можеби се разликуваат од размислувањата на мнозинството. Доколку не сакате некого да осудувате и обвинувате за личните постапки, тогаш не поставувајте вакво прашање.rn

    Боја на коса

    rnПрашањето дали нечија боја на коса е природна или не, може да биде многу разочарувачко за соговорникот. Луѓето се фарбаат од две причини: за промена или за да ги сокријат белите влакна. Бидејќи вие не ја знаете причината, подобро е да молчите. Доколку пак, сте премногу љубопитни, тогаш само кажете „Посакував да имав таква боја на коса“ и ќе видите како ќе изреагираат.rn

    Бременост

    rnЕдно од најболните и најнепријатните прашања што може да ги поставите на жена која всушност не е бремена. Доколку е бремена, таа сигурно самата ќе ви ја соопшти веста, не избрзувајте.rn

    Цена

    rnГенерално, прашувањето за цената на одредена работа се смета за некултурно однесување. Прашањата поврзани со пари се многу непријатни, особено ако го осудувате самиот производ и цената. Во вакви ситуации ако и вам ви се допаѓа производот тогаш прашајте од каде е купен и ќе бидете упатени. Така, ќе постапите културно, а и соговорникот нема да се чувствува глупаво.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се однесувате кога добивате подарок?

    Како да се однесувате кога добивате подарок?

    Многумина од нас не знаат како културно да реагираат кога ќе добијат подарок. За да знаете како да се однесувате во наредната таква прилика, следете ги следниве бонтон правила.rnrnКако да се однесувате кога добивате подарок?rn

    Пофалете го начинот на кој подарокот е спакуван

    rnПрвото нешто што треба да го направите при добивање на подарок е да го забележете начинот на кој тој е спакуван. Некои луѓе се трудат многу околу тоа и еден пофален збор навистина ќе ги направи среќни. Секако, доколку подарокот е обично спакуван или без никаква опаковка, сосема е во ред, ништо да не искоментирате.rn

    Покажете восхит

    rnНекои сметаат дека е смотано премногу да се радувате на подароци, но тоа не треба да биде така. Кога се гледа дека подарокот ви се допаѓа, личноста која го подарува се чувствува уште поубаво. Не мора да скокате од радост, но покажете природна доза восхит и задоволство.rn

    Искрено заблагодарете се

    rn„Благодарам“ е збор кој се кажува дури и ако подарокот баш и не ви се допаѓа. Со тоа покажувате култура и почит спрема оној кој подарува. А ако пак навистина многу ви се допаѓа, не штедете на чувства и реагирајте топло и искрено.rn

    Пробајте го или разгледајте го

    rnОва секако зависи од самиот подарок, но доколку сте во можност, не се двоумете да го пробате или да го разгледате уште веднаш. Така оној што ви го дал, навистина ќе се увери дека го цените и дека ви се допаѓа. На пример, ако станува збор за парфем, веднаш отворете го и намирисајте се.rn

    Зборувајте за идната употреба

    rnДоколку не можете да го пробате уште веднаш, тогаш најкултурно е да зборувате за тоа како би го користеле подоцна. На пример, ако станува збор за кујнски сет, кажете им дека едвај чекате да зготвите нешто и да го испробате. Ова покажува дека сте возбудени од тоа колку е корисен самиот подарок. Така личноста што го подарува, чувствува дека го направил вистинскиот избор.rn

    Носете го на себе

    rnОва секако е најприкладно ако подарокот е облека или накит. Кога нареден пат ќе се видите со личноста која ви подарила такво нешто, носете ја таа облека или тој накит. Така ќе покажете дека не сте се преправале и дека секој коментар за убавината и корисноста на подарокот бил искрен.rn

    Покажете дека ви е мило

    rnРеагирајте спонтано и едноставно кажете дека ви е мерак што некој помислил на вас и ви подарил нешто толку посебно. Ова е наједноставниот и најискрениот начин, како најлесно да допрете до личноста која подарува. И секако, запомнете дека секогаш пред да добиете некој подарок, треба да размислувате за тоа што вие најмногу би сакале да слушнете, доколку некому нешто подарувате.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

    15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

     rn

    „Ако внимателно се погледнете самите, во себе ќе ги видите и сите останати.“

    rnЕмоционално интелигентните личности не дозволуваат чувствата да надвладеат со нив туку тие управуваат со сопствените емоции. Ова се 15 карактеристики на емоционално интелигентните луѓе кои ќе ви помогнат да откриете колкава е вашата емоционална интелигенција.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    1. Внимателно го набљудуваат однесувањето на луѓето

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се просто фасцинирани од туѓото однесување. Тие обрнуваат внимание на јазикот на телото, дијалектот, начинот на говор како и навиките и верувањата според кои другите функционираат во животот. Со други зборови тие ги набљудуваат луѓето откривајќи по што секоја индивидуа е препознатлива и што ја прави посебна.rn

    2. Не даваат наредби туку поставуваат пример

    rnТаквите личности не зборуваат напразно туку своите зборови умеат да ги поткрепат со дела. Нема да дозволат да ја следат колоната давајќи наредби туку ќе одат напред поставувајќи пример за другите.rn

    3. Си ги знаат слабите како и силните страни

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се свесни и за своите предности но и за своите недостатоци. Сепак со своето однесување ќе ги истакнат предностите и ќе ги маскираат мааните.rn

    4. Се помириле со минатото

    rnЗнаат дека промените и успесите се случуваат во сегашноста и баш затоа живеат токму во неа, оставајќи го минатото зад себе. Она што поминало не може да се промени, но може да се влијае на она што допрва доаѓа.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    5. Не се преоптоваруваат со иднината

    rnЖивотот е авантура, а не строго подготвено сценарио. Оние со емоционална интелигенција знаат дека не треба да се преоптоваруваат со иднината, особено со оние работи кои се надвор од нивната контрола и не зависат од нив.rn

    6. Активно се вклучени во својот живот

    rnТие не преживуваат и не чекаат подобри времиња, напротив тие живеат во сегашниот момент. Што е она што можете да го направите сега? Што можете да промените, како можете да се унапредите и да се издигнете на повисоко ниво? Денот секако дека ќе мине, но работата е да го обележите како ден во кој сте создале нешто.rn

    7. Тие се искусни слушатели

    rnЗнаат да ве ислушаат и прават разлика меѓу слушање и вистинско разбирање на зборовите. Во нивно друштво луѓето чувствуваат дека е безбедно да зборуваат и дека не зборуваат напразно.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    8. Свесни се од што резултираат нивните мисли и постапки

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се како детективи кои умешно ја пребаруваат околината, бараат знаци и траги и знаат кој е коренот на нивниот проблем. Знаат зошто се вознемирени и зошто се чувствуваат така како што се чувствуваат, но најважно од сè знаат што да преземат за да ја подобрат ситуацијата.rn

    9. Имаат одлични комуникациски способности

    rnТие без проблем разговараат со непознати и умешно дискутираат со оние кои се различни од нив. Не осудуваат предвреме и им даваат шанса на луѓето без разлика на нивниот пол, раса или политичка определеност.rn

    10. Се водат според правилата на етиката

    rnИмаат свои принципи и етички се однесуваат на работното место, во односи со други личности како и во љубовните врски. Секако ќе постојат личности кои нема да им се допаднат, но секогаш ќе бидат водени од нивниот морален компас.rn

    11. Желни се да пружат помош

    rnУмеат да сочувствуваат и да се стават во нечија позиција. Тие чувствуваат потреба да им помогнат на луѓето и да им излезат во пресрет онолку колку што можат.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    12. Умеат да ги читаат луѓето

    rnСвесни се дека секогаш има многу повеќе од самиот збор. Начинот на кој луѓето зборуваат, тонот, движењата, погледите и гестикулациите испраќаат безброј пораки. Емоционалната интелигенција подразбира декодирање на многу скриени знаци.rn

    13. Цврсто се посветуваат на зацртаната цел

    rnНе си изгубил сè додека не се откажеш. Тие се свесни дека ќе доживеат по некој пад или негативна критика, но секогаш решително ќе се исправат повторно тргајќи кон зацртаната цел.rn

    14. Самите себе се мотивираат

    rnСекогаш тргнуваат од себеси и нивните цели и интереси. Функционираат на принципот на себемотивација бидејќи знаат што им треба и што е најдобро за нив.rn

    15. Умеат да речат „не“

    rnЗнаат дека во животот мора да поставиш граници и принципи и тогаш кога навистина не им оди во прилог способни се да одбијат понуда или барање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.