КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 15 начини на кои мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив

    15 начини на кои мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив

    Сите мажи се исти е фраза која ни е на сите добро позната. Додека тие се едноставни и лесни за читање, ние жените сме доста комплицирани и под секој душек го бараме зрното грашок. За разлика од мажите кои се тешки на изразување на чувствата, ние жените немаме проблем да кажеме што сѐ ни лежи на срце, па некогаш знаеме и да претераме. Токму затоа, мислиме дека мажите се нечувствителни и не ги интересира ништо освен да си го истераат нивниот ќеиф.rnrn0-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_rnrnНо, мажите ги изразуваат чувствата на малку поинаков начин од нас жените. Тие, наместо зборови, користат допири или одреден тип на однесување со кои сакаат да ни кажат нешто. Иако можеби мислиме дека можеме да ги прочитаме во секој момент, еве што навистина тие ни кажуваат со нивните реакции.rn

    1. Ве држи за рака

    rnКога нему не му претставува проблем да ве држи цврсто за рака пред сите негови пријатели и членови на семејството, тогаш тој е и те како заљубен во вас. Ако ве држи за рака кога сте во кола, во кино или на вечера, тогаш тој е обземен со вас. Тоа што посегнал да ве фати за рака и не ве пушта цело време кажува многу повеќе отколку што некогаш тоа ќе го направат зборовите.rnrn1-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_rn

    2. Ви поминува со прстите низ коса

    rnКога мажите се обидуваат да бидат слатки и фини, тие прават сѐ што знаат и умеат за да им покажат на жените колку се убави и посебни. Со самото тоа што обрнуваат внимание на деталите, кажуваат дека сакаат да ве запознаат подобро. А кога со прстите поминуваат низ косата на саканата, тогаш тие всушност изразуваат колку се грижат за неа.rn

    3. Ви ја отвора вратата

    rnБез разлика дали станува збор за вратата од колата или, пак, од ресторанот каде штотуку влегувате, отворањето врата значи дека се обидува да ве воодушеви. Тој сака вие да имате високо мислење за него, па не му е проблем да ги покаже своите џентлменски особини. А ова ќе се случи само ако навистина му се допаѓате.rnrn2-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_rn

    4. Седнува на под

    rnОва значи дека вие не го плашите. Во ваше друштво се чувствува удобно и опуштено и сака поубаво да ве запознае. Притоа може да ве држи за раце со што ќе искаже уште поголема желба за интимност.rn

    5. Сака да се гали

    rnМажите се познати по тоа дека сакаат да се прават силни и мачо, односно не признаваат ништо што вклучува лигавење и однесување како мали деца. Ова значи дека кога сепак на крајот на денот тој сака да седне до вас или да легне и притоа да се гали, тој е до уши заљубен и воопшто не му е грижа дали изгледа како мачо или не. Важно му е дека е со вас.rnrn(3)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mkrn

    6. Ве прегрнува во јавност

    rnОва јасно и гласно кажува Таа е моја. Ништо подобро нема да ви покаже ниту вам ниту на другите дека вие сте со него и тој планира така да остане. Тој во вашата врска гледа нешто што е тука за да потрае, па на некој начин со тоа што ја чува раката околу вашата половина дури и кога не сте сами, тој всушност ја означува својата територија.rn

    7. Ве бакнува во чело

    rnБакнежот во чело е еден од најинтимните и најубави гестови кои мажот може да ги направи. Со овој бакнеж тој ви кажува дека ве почитува, дека се грижи за вас, но најмногу од сѐ дека вие му го имате украдено срцето и тој ќе направи сѐ за да ве задржи засекогаш.rnrn(4)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mkrn

    8. Станува за да ви донесе што и да посакате

    rnКој го прави ова? Никој! Никој освен оној кој сака да ви покаже колку му е важно да имате сѐ што ви е потребно и да бидете опколени со грижа и љубов. Иако веројатно не му е лесно да станува секогаш кога вие ќе заборавите или побарате нешто, тој го прави тоа скоро и без да се пожали. Тој ве сака.rn

    9. Прави да ви биде удобно

    rnВи го нуди палтото кога мисли дека ви е ладно, ве покрива со ќебе кога, гледајќи филм, непланирано сте заспале и слични работи. Сака да ви биде удобно, па прави сѐ што може за вие да продолжите да се чувствувате така. Ова значи дека мисли на вас и дека е подготвен да се врзе бидејќи вие сте таа со која сака да биде.rnrn5-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk_rn

    10. Ве испраќа

    rnНе секој ги има манирите ниту, пак, волјата да направи нешто повеќе од она што налага ситуацијата. Затоа, кога тој ќе се потруди да ве допрати до вашата кола наместо само да ја затвори вратата од станот позади вас, тогаш тој навистина сака да ја помине секоја можна минута со вас. Истото се однесува и на допраќањето до дома. Без разлика дали живеете блиску или не, тој се грижи за вас и сака да се осигура дека сте безбедни.rn

    11. Ви помага во носење на вашите работи

    rnДали се враќате од некое патување, па имате торби и куфери со себе или се работи за полно кеси бидејќи се враќате од пазарење, тој едноставно не ве остава да ги носите вие. Тој ве обожава, па дури и кога нема потреба тој не сака вие да се мачите. Меѓу другото, сака да ви се докаже себеси на некој начин.rnrn(6)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mkrn

    12. Ве пречекува надвор кога одите кај него

    rnОва се дела со кои кажува дека тој има високо мислење за вас. Тој не сака да ве остави да чекате пред врата, па не му е проблем тој да биде тој што чека. Тоа значи дека ве почитува и размислува за вас на повисоко ниво отколку како на девојка за краток период. Можно е дури и во вас да ја гледа потенцијалната сопруга.rn

    13. Ви подава рака при седнување или станување

    rnПодавањето рака е симбол на запросувањето. Мажот клекнува на едно колено и ја подава рака кон саканата, по што го поставува најважното прашање кое постои во љубовта. Оттука, самото тоа што ви подава рака секој пат кога треба да седнете (на пр. при влегување во кола) или пак кога станувате (на пр. при излегување од кола), дури и кога сте сосема способни да го направите тоа и сами, тоа кажува многу. Тој сака да биде џентлмен, да се осигура дека безбедно ќе поминете низ процесот на седнување/станување и сето тоа бидејќи ве сака и сака да ви подари многу повеќе од тоа. Најмногу своето внимание.rnrn(7)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mkrn

    14. Ве гледа во очи

    rnГледањето во очи е еден од најинтимните и најсилни типови на комуникација кои постојат во поглед на паровите. Не секој може да комуницира вака, но оној кој не се плаши да ја покаже својата ранливост пред вас ќе го направи тоа. Тој ве сака и во вашите очи секогаш ќе го бара одговорот на тоа дали и вие го сакате него бидејќи таму секогаш ќе го најде. Кога тој избегнува да ве гледа во очи, тогаш кај него постои несигурност за тоа како се чувствува или, пак, страв дека ќе откриете нешто што не треба. Но кога ве гледа во очи, тој се обидува да ги изрази своите најдлабоки чувства кои можеби не знае да ги преведе во зборови.rn

    15. Ви готви прекрасни јадења

    rnПостои огромна разлика во готвење и готвење со љубов и тоа е разлика која многу лесно се забележува. Доколку готви нешто само колку да јадете, тогаш тој не се труди многу и гледа да ги задоволи основните потреби. Но кога размислува на секој детаљ и на крајот ви сервира прекрасно јадење, тогаш тој навистина дава сѐ од себе за вие да бидете среќни, задоволни и исполнети. Исто така, се обидува да ви покаже дека е способен да биде семеен човек, добар сопруг и не се плаши од тоа што го носи иднината.rnrn(8)-15-nachini-na-koi-mazhite-pokazhuvaat-kolku-ja-sakaat-zhenata-pokraj-niv-kafepauza.mk

  • Неколку едноставни начини да ја разгорите љубовта во врска која западнала во криза

    Неколку едноставни начини да ја разгорите љубовта во врска која западнала во криза

    Доколку чувствувате дека вашиот партнер полека се оддалечува од вас, а не сте подготвени за сериозен разговор околу темата, тогаш постојат неколку начини на кои индиректно можете да влијаете врз вашиот однос. Доколку сакате да ја разгорите љубовта и повторно да се почувствувате како да сте на почетокот на врската, освојте го вашиот партнер одново со помош на наредниве неколку трикови.rnrnНеколку едноставни начини да ја разгорите љубовната врска која западнала во кризаrn

    Љубовно писмо

    rnОтворете го вашето срце и напишете на лист хартија како се чувствувате кога сте покрај вашиот партнер. Бидете искрени за вашите емоции кон него/неа и набројте ги сите карактеристики кои ги обожавате кај нив. Доколку сте расположени за мала креативност, декорирајте го пликот во кој ќе го спакувате. Потоа ова писмо оставете го на видно место, каде што вашиот партнер лесно ќе го забележи. Докажано е дека запишувањето позитивни емоции носи поголемо задоволство во врската и дека ефектите се веднаш видливи.rn

    Неочекувани нежности

    rnПрегрнете го/ја кога тој/таа најмалку очекува, на пример, додека се возите во лифт или пак, додека се движите на паркинг по вашиот автомобил. Доволна е само една прегратка од 20-тина секунди да го намали вашиот крвен притисок, да го забави пулсот и да го поттикне лачењето окситоцин, хормонот на среќата. Од друга страна пак, доколку ситуацијата не е соодветна за прегратка, како вечера во ресторан или друг настан, доволно е само да го/ја допрете за рака. Повторно, ефектите од овие гестови се веднаш забележливи.rn

    Позитивен став

    rnВетете си на себе дека барем во наредниве неколку месеци нема да бидете толку негативно настроени, песимистични или пак, вечно подготвени за пригивори и дека ќе се трудите поголемиот дел од времето да бидете многу попозитивни, пооптимистични и понасмеани. Сигурно веќе знаете дека енергијата која ја ширите околу вас е и онаа која ја привлекувате кон себе, па токму затоа обидете се да зрачите со позитивна енергија во близина на вашиот партнер со цел да може и тој/таа да ја почувствува.rn

    Рачно изработен подарок

    rnВо овие ситуации единственото нешто што е важно е вашата намера. Не мора да бидете талентирани сликари или скулптори за да создадете нешто совршено, доволно е да се потрудите и да го направите тоа со многу љубов. Вашиот партнер ќе го цени и тоа мало оригами кое би требало да биде лебед, но наликува на мало дебело прасе. Којзнае, можеби токму оваа смешна приказна ќе ја прераскажувате со години понатаму во вашата заедничка иднина.rn

    Искреност

    rnИскреноста и разговорот помогнале да се спасат многу врски од сигурен крај. Токму затоа почнете да разговарате со вашиот партнер поискрено и поотворено. Започнете од најмалите нешта и движете се полека кон поголемите. Со тек на време ќе се навикнете на овие разговори и нема да ги перципирате како нешто страшно и сериозно, па токму затоа ќе можете лесно да разговарате дури и ако станува збор за потешки теми кои претходно сте се плашеле да ги започнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

    25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџери

    Работите одеднаш преку ноќ почнуваат да ви се менуваат. Вашето тело се менува, вашите мисли се менуваат, па дури повеќе не можете да си го препознаете ни вашето однесување. Ова се случува на преминот од детството во тинејџерството. Но, не сите работи се онака како што вам ви изгледаат во овој момент. Откријте за што станува збор…rnrn25 нешта кои треба да ги знаат оние кои стануваат тинејџериrnrn1. Вие изгледате многу подобро отколку што во моментов се доживувате.rnrn2. Вие сте попопуларни отколку што мислите.rnrn3. Вашите родители се многу покул отколку што мислите. Но, тие се малку помалку кул отколку што тие мислат.rnrn4. Вашите родители грешат понекогаш. Вие грешите почесто.rnrn5. Која било „возрасна“ активност ја прават многу помалку луѓе отколку што вие мислите.rnrn6. Која било „возрасна“ активност навистина ја прават многу помалку луѓе отколку што кажуваат дека ја прават.rnrn7. Луѓето не размислуваат за вас. Тие размислуваат за она што вие го мислите за нив.rnrn8. Вие влегувате во период на мала лудост. Откако ќе излезете од адолесценцијата и ќе се навратите наназад ќе сфатите колку сте биле луди. Особено девојчињата.rnrn9. Тинејџерите момчиња се најлоши. Тие се груби, бесни и целосно луди, но најчесто стануваат многу добри во своите 20-ти.rnrn10. Вашиот здив е сосема во ред.rnrn11. Вашето тело мириса нормално.rnrn12. Не можете да се судрите со носовите. Не можете да се „закачите“ со протезите. Понекогаш можете да се судрите со забите. Усните може да испукаат, но за тоа е потребно многу долго време. Е сега знаете сè што постои за опасноста при бакнувањето.rnrn13. За малку ќе заборавевме. Многу лесно можете да добиете „шљивка“. Токму затоа ако ја добиете, сигурно ќе се обидете да ја скриете. Вашите родители и наставници подеднакво ќе се преправаат дека не ја забележале или пак, дека не знаат што е.rnrn14. Најчесто оние кои се кул и популарни како тинејџери не успеваат толку многу понатаму во животот.rnrn15. Најголемите бубалици се оние кои добиваат Нобелови награди.rnrn16. Ниту еден наставник не ве мрази. Тие едноставно не размислуваат на тој начин. Добрите наставници ќе ве сакаат малку или многу. Лошите едноставно не се грижат за вас, но дефинитивно нема да ве мразат.rnrn17. Вашите родители не ве мразат. Вашите родители ве сакаат многу повеќе отколку што во моментов можете да сфатите.rnrn18. Доколку нешто е нелегално, сигурно постои добра причина за тоа.rnrn19. Нештата кои мислите дека ќе ве вовлечат во голема неволја, не се толку сериозни како што вие гледате на нив во моментов.rnrn20. Работите кои вие ги сметате за опасни сигурно се многу поопасни отколку што верувате.rnrn21. Тетоважите траат екстремно долго време. Истражувањата покажале дека само 1% од тинејџерите кои ставиле тетоважа сè уште ја сакале и по 10 години.rnrn22. Пирсовите на нос и јазик може да траат онолку долго колку што вие сакате тие да траат, но премногу ќе ги вознемируваат вашите родители.rnrn23. Вие не сте заглавени. Тоа ќе заврши. Но, потребно е долго време.rnrn24. Кога ќе влезете во просторија каде што сите се смеат, вие не сте нивната тема на разговор.rnrn25. Доколку влезете во просторија каде што сите се смеат, а вие неодамна сте го испразниле својот нос и сите покажуваат кон зеленото нешто што виси во работ на вашиот вид, тогаш правилото број 24 не постои.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливи

    Овие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливи

    Колку пати ви се случило да останете дома наместо да излезете со пријателите само затоа што сте немале чиста облека бидејќи претходно ве мрзело да пуштите машина за перење алишта? Или пак, колку пати сте гледале нешто досадно на телевизија само затоа што ве мрзело да станете за далечинскиот управувач? Се пронајдовте? Продолжете со читање…rnrnОвие нешта можат да ги разберат само оние кои се екстремно мрзливиrnrn1. Многу често наместо целосен одговор на поставеното прашање вие одговарате само со „мхм“ без дополнително објаснување.rnrn2. Доколку направите грешка на почетокот од реченицата, ја бришете целата реченица и почнувате од почеток бидејќи тоа ви е полесно отколку со маусот да ја одберете грешната буква.rnrn3. Пуштањето машина за перење алишта ви служи како крајна опција. Вие се потпирате на моќта на парфемите и дезодорансите со цел да го одложите неизбежното. Да, ви се случило да купите нови чорапи, наместо да ги исперете оние кои веќе сте ги носеле.rnrn4. Понекогаш треба да бидете креативни кога станува збор за вашата исхрана. Токму затоа научивте дека и лажицата може да послужи како добра замена за ножот за мачкање на вашиот тост со маргарин.rnrn5. Не станувате од кревет сè додека не притиснете барем 3 пати на копчето „снуз“. Утрата се вашиот најлош момент од денот.rnrn6. Вие успевате да најдете „скратен пат“ во сите аспекти од вашата работа. Ова е всушност генијално.rnrn7. Трошите многу повеќе пари на оброци во ресторан, отколку што би трошеле доколку би готвеле, бидејќи кој друг сам си готви храна освен оние кои се на Пинтерест?rnrn8. Во сите честитки за родендени имате вклучено „Жал ми е што доцнам“. Но, подобро подоцна отколку никогаш, нели?rnrn9. Вежбањето едноставно не е за вас. Луѓето кои „обожаваат да вежбаат“ ви се многу збунувачки и ве плашат. Знаете што друго помага при создавањето ендорфини? Јадење Нутела со лажичка.rnrn10. Понекогаш се преправате дека сте заборавиле нечиј роденден само затоа што ве мрзело да чекате ред во продавница за подарок.rnrn11. Ладната пица е најдобрата пица! Бидејќи сте премногу мрзливи да ја згреете во микробранова печка.rnrn12. Им ставате само „фејв“ на одговорите на вашите твитови бидејќи не сакате да влезете во дискусија со оној кој ви пишал.rnrn13. Вие сте силен верник во редовните дремки. И не дај Боже некој да ве разбуди додека спиете…rnrn14. Вие обожавате да сте сингл бидејќи задолжителната интеракција со спротивниот пол бара многу труд.rnrn15. Кога луѓето ќе ви откажат некој план кој вклучува излегување од вашиот дом, вие сте потајно среќни бидејќи ќе го поминете денот во дружење со вашиот кауч.rnrn16. Вие често ја носите маскарата од претходниот ден и ретко ставате повеќе шминка на вашето лице.rnrn17. Ретко одите во клуб. Која е поентата да стоите на нозе цела вечер?rnrn18. Го направивте незамисливото и јадевте помфрит без кечап бидејќи сфативте дека сте го заборавиле истиот момент кога седнавте на масата.rnrn19. Не се облекувате освен ако ептен морате. Исто така целата ваша облека е на подот бидејќи на тој начин имате подобра прегледност кон она што го поседувате.rnrn20. Го намалувате светлото на екранот од лаптопот со цел да заштедите батерија и да не мора да станете по полначот.rnrn21. Многу често гледате нешто што не ви се допаѓа на ТВ само затоа што далечинскиот управувач е неколку сантиметри вон вашиот дофат. Можеби сепак би можеле да научите нешто од таа документарна емисија за моржовите.

  • Астрологијата открива каков е првиот впечаток што им го оставате на мажите

    Астрологијата открива каков е првиот впечаток што им го оставате на мажите

    Каков е првиот впечаток кој вашиот знак го остава кај мажите? А што може да биде најлошото кое следува потоа?rnrnАстрологијата открива каков е прв впечаток што го оставате на мажитеrn

    Овен

    rnЖените Овни оставаат впечаток на машкуданки. Тие немаат многу особини кои ги бараат мажите. Не се нежни, нападни се и себични. Не го користат премногу мозокот, не се ниту емоционално интелигентни и не се препуштаат на партнерот. Обично завршуваат со некој идиот затоа што прават ужасни избори на партнери. На крај секогаш се чудат зошто се оставени и изневерени. Им треба доста време додека да сфатат што се случува, ако воопшто дојде до тоа. Не се знае со што ги бираат партнерите, но тоа сигурно не е разумот. За нив веројатно важи онаа „со кој си, таков си“.rn

    Бик

    rnБиковите на знаат да препознаат кога на соговорникот му е здодевно. Тие се опседнати со своите проблеми и за нив можат да зборуваат и пред некој кого го гледаат прв пат во животот. Тоа може да не му се допадне на соговорникот и тој да се запраша со каква жена си има работа. Но, тоа не ги спречува да продолжат со таквото однесување. Тие знаат да одат со главата во ѕид со широко затворени очи. Слепилото и силата се квалитетите со кои ги надоместуваат сите неквалитети. Мажите треба да знаат дека тоа што го гледаат кај жените Бикови, тоа и ќе го добијат.rn

    Близнаци

    rnОпшто познато е дека Близнаците лажат. Знаат многу да лажат и така да остават солиден прв впечаток. Судејќи по нејзините романтични зборови ќе помислите дека романсата на Ромео и Јулија не е ништо за вас, но ако судите според делата ќе заклучите дека сте многу ниско на нејзината листа на приоритети. Секогаш ќе ѝ испадне нешто за да може да биде со некој друг. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Таа остава впечаток на личност која не може да биде во квалитетна врска, туку бара квантитет и забава, и на која зборовите ѝ се единственото средство со кое може да го купи мажот.rn

    Рак

    rnСо неа владее лудата Месечина, па ни таа самата не е далеку од лудилото. Разговорот со неа може да личи на пресметка со личност која го менува расположението од една до друга крајност. Во еден момент го напаѓа соговорникот, а во другиот е пак старата слатка и грижлива девојка. И притоа се прави како да не памети што рекла пред малку. Мажите честопати на неа гледаат како на темпирана бомба која доколку ја држат во прегратки може да им експлодира по еднаш на неколку дена.rn

    Лав

    rnЛавиците сметаат дека се нешто повеќе од другите и дека сите треба да ги обожаваат. Но, вистината е дека најчесто освен самите себе никој друг не ги обожава до степенот до кој тие мислат дека заслужуваат. Во првиот разговор со нив тие ќе почнат да се величаат себеси и соговорникот ќе помисли дека си има работа со личност на која ќе треба во иднина постојано да ѝ се умилкува. Оставаат впечаток на вообразени и напорни жени кои мислат дека светот се врти околу нив.rn

    Девица

    rnТаа глуми толку добро што никој никогаш нема ниту да помисли дека еден ден може да му забие нож во грб на својот партнер. Може да ги освои мажите уште од старт користејќи го разумот, а не емоциите, за по некое време неочекувано да го откачи сметајќи дека тоа е најдобрата опција за неа. Таа си верува само себеси, а знае како да ги натера и мажите да ѝ веруваат дека им верува и ним. Кога ќе ги предаде тие остануваат во чудење како можел така да ги прелаже првиот впечаток кој го имале за неа.rn

    Вага

    rnКога ќе ја запознаат Вагата мажите се заведени од нејзиниот заносен начин на флертување. Таа знае како со зборовите. Но, по некое време ќе ја открие својата вистинска природа. Мажите ќе сфатат дека се во врска со неодлучна личност која не може да направи што било поради својата неодлучност. Делата не се нејзина најсилна страна, туку се зборовите. Впрочем, на таков начин и ги освојува мажите. Таа сака да стигне до маж кој ќе може да одлучува за неа, а потоа таа да го манипулира.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се емоционално незрели личности, себични се и одмаздољубиви. Под површината тие се детето кое сака да се одмазди затоа што му била одземена играчката. Со текот на годините учат како да ги сокријат овие особини, но и понатаму може нешто да им се лизне од јазик при првиот контакт со некој маж кој штотуку го запознале. Доколку тој сепак биде импресиониран од Скорпијата, треба да знае дека таа кога-тогаш ќе ја покаже својата одмаздољубива природа.rn

    Стрелец

    rnУште при првиот контакт таа ќе покаже колку наивно гледа на светот и дека иднината може да ѝ донесе проблеми поради тоа. Не остава впечаток на остроумна личност, но барем е полна со оптимизам. Но, тоа е сè што може да се очекува од неа и понатаму. Таа ќе остане наивен оптимист кој постојано се смее додека прави грешки во животот, а тоа е нешто кое може да го полуди партнерот.rn

    Јарец

    rnЗа Јарецот се знае дека е упорен, амбициозен и сака да доминира. Тоа се особини кој можат да воодушеват при првиот контакт. Но, понатаму таа може да се покаже како премногу затворена за љубов. Нејзе не ѝ е секогаш лесно да дава и прима емоции. Меѓу нив сепак има и такви коишто знаат како да сакаат со цело срце, да заплачат пред партнерот и да бидат верни до последниот ден. Мажите ќе знаат да ги препознаат таквите и ќе ги чуваат покрај себе, не поради првиот впечаток, туку поради она што подоцна ќе го откријат.rn

    Водолија

    rnНејзината оригиналност привлекува луѓе околу неа, барем додека не почне да покажува знаци дека себеси се смета за посебна и несфатена. Доколку и соговорникот биде ист таков во нејзините очи, тогаш тој има добри шанси кај неа. Проблемот е во тоа што таа понатаму продолжува да мери што е добро, а што не, и секој потег на партнерот го става на вага за да ја измери неговата вредност. Прашање е колку луѓе можат да го издржат тоа.rn

    Риби

    rnОд соговорникот ќе зависи каков ќе биде неговиот прв впечаток за жената во знак Риби. Доколку преферира мистични личности кои со занес гледаат на животот, тој брзо и лесно ќе биде освоен. Но, ако е некој кој притоа ќе обрне повеќе внимание на честопати глупавиот начин на кој тие се жртвуваат, тогаш ситуацијата ќе биде обратна. Во вториот случај ќе биде најдобро веднаш да бега од неа, затоа што таа не може а да не продолжи со таквото однесување.

  • 5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности

    5 вистини кои ги знаат само ментално силните личности

    Ејми Морин е психотерапевт и лиценциран социјален работник и благодарение на својата работа запознала голем број луѓе кои успеале да се изборат со огромни предизвици. Во книгата „13 работи кои ментално силните личности не ги прават“ таа го објаснува концептот на менталната сила и стратегиите за избегнување на негативното однесување како самосожалувањето, завидливоста на успехот на другите и предолгото задржување во минатото.rnrn5 вистини кои ги знаат само ментално силните личностиrnrnНакратко, од нејзината книга можат да се заклучат 5 вистини за ментално силните луѓе. Дали ќе успеете и вие да се препознаете во следниве размислувања?rnrn1. Менталната сила не се огледува во строгото однесување – Ако сте ментално силни, не треба да се однесувате како робот, ниту пак да имате строга надворешност. Важно е само да се однесувате во согласност со вашите вредности.rnrn2. Менталната сила не треба да биде причина за игнорирање на вашите чувства – Зголемувањето на менталната сила не бара од вас потиснување на емоциите. Баш напротив, треба да развиете длабока свест за нив и потоа да разберете како таа влијае врз вашите мисли и однесување.rnrn3. Ментално силните личности не мора да се потпираат само на себе – Менталната сила не подразбира дека не ви е потребна туѓа помош или заштита. Баш напротив, токму признавањето на фактот дека не ги знаете сите одговори и признавањето дека ви е потребна помош е она што ве прави уште посилни.rnrn4. Ако сте ментално силни, тоа не значи дека треба секогаш да размислувате позитивно – Претерано позитивниот став може да биде исто толку штетен како негативните мисли. Менталната сила се одликува со реалистични и рационални размислувања.rnrn5. Развојот на менталната сила не е инспириран од потрагата по среќа – Менталната сила ќе ви помогне да бидете позадоволни во вашиот живот, но тоа не значи дека треба секој ден да се будите со помислата дека по секоја цена мора да станете посреќни. Она кон што треба да тежнеете е остварувањето на сопствениот потенцијал.

  • 10 многу интересни психолошки експерименти

    10 многу интересни психолошки експерименти

    Уште од минатото психолозите се обидувале да ја откријат мистеријата на човековото однесување. Зошто не ѝ помагаме на личноста коjа е во неволја кога сме опкружени со други луѓе? Зошто избираме погрешни одговори само затоа што поголемиот дел од луѓето околу нас ги избрале? Ова се само дел од прашањата кои ги мачеле психолозите, па затоа и решиле да ги направат овие 10 екстремно интересни истражувања.rn

    1. Експеримент на исчезнато дете

    rn1-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnЛуѓето често не забележуваат што се случува во нивното опкружување, а за да го докажат тоа психолозите го направиле експериментот на исчезнато дете. На вратата од една продавница бил поставен плакат со слика и информации за исчезнатото дете. Некои луѓе воопшто не го забележале, додека други пак само го погледнале и продолжиле понатаму. Во овој експеримент никој не забележал дека исчезнатото дете стои веднаш до продавницата!rnrnОвој експеримент покажува дека иако мислиме дека сме свесни за нашата околина, сепак се лажеме. Сличен експеримент направила и телевизијата Локал 6 од Орландо, кои залепиле плакати низ целиот трговски центар од исчезнатото 8-годишно девојче, Бритни Бегони. Бритни седела сама, на клупа, неколку метри оддалечена од плакатот. Само неколку од минувачите ја прашале дали е добро. Секако, никој не го поврзал исчезнатото девојче од плакатот со малата Бритни.rn

    2. Познатиот виолинист во подземна железница

    rn2-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnСветски познатиот виолинист, Џошуа Бел еден ден одлучил да глуми обичен уличен свирач во една подземна железница во Вашингтон, за да види колку од луѓето ќе застанат да ја слушнат неговата музика. Со фактот дека свирел на виолина вредна 3.500.000 долари, рачно изработена, и дека неодамна имал успешно распродаден концерт во Бостон каде што просечната цена на картите била 100 долари, многу малку од минувачите се задржале да ја слушнат неговата прекрасна музика.rnrnОвој психолошки експеримент се случил на 12 јануари 2007 година. Траел 45 минути, а тој заработил само 32 долари и ни малку внимание!rn

    3. Експериментот Robbers Cave

    rn3-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnОвој експеримент е класичен пример за предрасуди и решавање на конфликти. 22 момчиња, на 11-годишна возраст биле поделени во две групи и однесени на летен камп во државниот парк Robbers Cave, Оклахома. Групите биле сместени во посебни кабини, и што е најважно едната група не знаела за другата и обратно. За време на една недела, децата кои биле во истата група меѓусебно се спријателиле, но кога двете групи се сретнале тогаш тие почнале да покажуваат знаци на вербално злоупотребување.rnrnЕкспериментот имал за цел да ги зголеми конфликтите помеѓу двете групи, па истражувачите примениле и низа активности во кои двете групи се натпреваруваат. После овие активности, двете групи биле толку многу непријателски настроени што одбиле да јадат во иста просторија. Завршната фаза на експериментот имала за цел двете непријателски групи да ги претвори во пријатели. Забавните активности, гледањето филмови и друго не успеале да ги спријателат двете групи. Истражувачите сепак имале скриена карта во ракавот и организирале вежби во кои двете групи морале да соработуваат за да стигнат до целта. На крајот, двете групи се спријателиле што сакале да си одат дома со ист автобус.rnrnОвој експеримент покажува дека конфликтите може да се решат со заедничка соработка.rn

    4. Пијано скали

    rn4-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnПсихолошкиот експеримент кој сакал да докаже дека може да ги промени навиките на луѓето (на подобро) со тоа што секојдневните досадни навики ќе ги претвори во забава, се покажал како многу успешен. Во 2009 година во Стокхолм, Шведска група работници преку ноќ ги претвориле скалите во една подземна железница, во потполно функционален клавир. Секој пат кога некој минувач ќе застанел на одредена скала таа ја свирела таа нота. Тој ден, 66% од минувачите ги избрале пијано скалите наместо ескалаторот.rn

    5. Заразно проѕевање

    rn5-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnСите ние знаеме дека проѕевањето е заразно, но дали сте знаеле дека со него може да ги заразите и кучињата? Една студија на Универзитетот во Лондон открила дека 72% од кучињата се заразиле со проѕевање откако гледале луѓе кои тоа го прават. Во просек на кучињата им биле потребни 99 секунди за да почнат да се проѕеваат. Иако научниците сè уште не се сигурни зошто се случува ова, сметаат дека за појавата е оговорен кучешкиот „капацитет за емпатија“.rnrnЕден сличен експеримент со желки има добиено и Нобелова награда, каде што докажале дека нема докази за заразното проѕевање кај желките.rn

    6. Парадигмата на Аш

    rn6-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnВо овој експеримент на испитаниците им е дадена една линија, а потоа барале да ја споредат со останатите три и да ја погодат точната големина. Се гледа едноставно, зар не? Сепак, поголем дел од испитаниците одбрале погрешна линија. Тоа е последица на тоа што во собата каде што бил сместен испитаникот биле поставени глумци кои кажале погрешен одговор.rnrnСо овој експеримент се покажало дека луѓето го кажуваат она што поголем дел од околината го мисли наместо своето сопствено мислење. Дури 80% се одлучиле за погрешна линија.rn

    7. Хало ефект

    rn7-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnАло ефектот е тенденција поединецот да се доживува позитивно или пак негативно врз основа на претходни генерализации и предрасуди. На пример, ако некоја личност има добро однесување, луѓето ќе имаат поголема доверба во него.rnrnПри еден експеримент, на еден сајт за поврзување на луѓе, еден маж направил две видеа. Во првото видео тој го прочитал сценариото со оптимистички тон, а во второто видео го прочитал уште еднаш, но со меланхоличен тон. На две групи, составени од девојки, кои биле во различни соби им биле пуштени видеата, така што на првите им било пуштено првото видео, а додека на вторите другото видео. Девојките на кои им било пуштено првото видео рекле дека мажот е симпатичен и привлечен и дека би излегле со него. Девојките од втората соба изјавиле дека мажот е непријатен и дека никогаш не би излегле со него, иако во двете видеа се читал потполно ист текст.rn

    8. Експеримент со бобо кукла

    rn8-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnАлберт Бандура во 1961 година, направил експеримент со Бобо кукла (кукла на надувување) за да докаже дека човековото однесување произлегува од друштвените имитации, а не од генетските фактори.rnrnВо експериментот учествувале деца на возраст од 35 до 69 месеци. Тој ги поделил на три групи. Првата група била сместена со возрасни луѓе кои се однесувале агресивно со бобо куклата. Втората група биле сместена со возрасни луѓе кои мирно си играле со бобо куклата. Третата група била контролна група. Резултатите биле следни: децата кои биле сместени со оние кои агресивно се однесувале кон бобо куклата и самите покажале агресивно однесување кон куклата, за разлика од децата кои биле изложени на мирно играње со куклата.rn

    9. Кампањата: Бесплатни прегратки

    rn9-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnСите ние понекогаш имаме лош ден и сè што ни е потребно е прегратка за да се чувствуваме подобро. Хуан Мен решил да направи социјален експеримент и да ја провери оваа теорија.rnrnТој застанал со знак на кој пишувало „бесплатни прегратки“ и почнал со мисијата на ширење радост во градот. Неговата кампања „бесплатни прегратки“ предизвика голем позитивен одговор од јавноста бидејќи луѓето му приоѓале и добивале прегратки. Ова траело сè додека полицијата не ја забранила оваа кампања. Но, неочекувано е тоа што за многу кратко време се потпишала петиција со собрани од повеќе 10.000 потписи, со поддршка да се продолжи оваа кампања. Ова докажува дека сè уште постојат хумани луѓе.rn

    10. Ефект на набљудувач

    rn10-10-mnogu-interesni-psiholoshki-eksperimenti-kafepauza.mkrnrnВо некој итен случај, повеќето од нас би сакале да бидат на место каде што се движат голем број луѓе за да би можеле да ни помогнат. Но, да бидеш опкружен со луѓе не ја гарантира потребната помош.rnrnПсихолошкиот феномен наречен „апатија на набљудувачот“ потврдува дека голем број луѓе би помогнале некому кога е во неволја ако се сами или пак ако има мал број на луѓе. Минувачите мислат дека ако има голем број луѓе некој друг ќе застане и ќе помогне и тоа не мора да бидат тие. Научниците ова го нарекуваат дифузија на одговорноста.rnrnОвој ефект е неодамна тестиран на улиците во Лондон. Резултатите покажале дека социјалниот статус игра голема улога дали лицето ќе добие помош или пак не, иако поголем дел од нив поминале без воопшто да застанат.rnrnДруг сличен експеримент јасно илустрирал како луѓето се однесуваат кога се (или не се) опкружени со други луѓе. Во експериментот, испитаниците биле замолени да пополнат прашалник. Додека го пополнувале во собата имало пуштено мирис на чад. Кога испитаниците биле сами во собата дури 75% од нив го пријавиле мирисот на чад. Но кога во собата имало поголем број, го пријавиле само 38%. Некои од психолозите тврдат дека оваа појава е резултат на пристојност.rnrnВо поголем дел од западните земји е непријатно да гледаш во друг во јавност. Како резултат на ова, кога има голем број минувачи, поединците не го насочуваат своето внимание на луѓето околу нив, па затоа не ги забележуваат оние на кои им е потребна помош.

  • 9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    Никој не е совршен. Сите сме со свои предности и недостатоци и соодветно сме опколени со личности чии карактерни особини во поголемиот дел се согласуваат со нашите. Но дали некогаш сте забележале дека некои луѓе, колку и вам да ви се допаѓа нивното друштво, сепак ве избегнуваат? Сигурно сте се запрашале зошто е тоа така, а ретко кој ја бара причината за тоа кај себе. Иако не мора да значи дека кривицата е целосно ваша, што значи дека можеби не сте направиле нешто погрешно, сепак е можно токму некоја ваша реакција да предизвикала одбивност кај нив. Во глобала, може да се каже дека постојат неколку типови однесување кои предизвикуваат луѓето сѐ почесто да избегнуваат да бидат во ваша околина.rnrn(1)-9-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-lugjeto-ve-izbegnuvaat-kafepazua.mkrn

    1. Се обидувате да доминирате во секоја ситуација

    rnДали е тоа кафе муабет или завршување на некоја работа, доколку се обидувате во сѐ да бидете први и секогаш најгласни, тогаш со сигурност ќе ги оттргнете луѓето од себе. Сѐ поретко ќе ве бараат за кафе и никогаш доброволно нема повторно да работат со вас. Никој не сака кога се наоѓа во круг на луѓе каде не може да дојде до збор и да го искаже својот став. Доколку се пронаоѓате тука, би било убаво доколку следниот пат кога ќе се најдете во друштвена или работна група, им дадете предност на останатите и за промена слушнете што тие имаат да кажат.rn

    2. Судите дури и кога не ги знаете сите факти

    rnЕдно е да давате совети, но сосема друго е кога осудувате некого за нешто. Дали навистина може да кажете дека сте подобри од него? Секој направил, прави или барем еднаш во животот ќе направи нешто поради кое ќе жали подоцна, но во ниту еден случај вие немате право да го осудите. Тоа право е уште помало кога едноставно станува збор за работа која вие би ја направиле поинаку. А да не зборуваме за ситуација за која не ги ни знаете сите факти. Секој си живее со последиците од своите дела, добри или лоши, но вие не сте тие што треба да судат. Следниот пат бидете пријател и пружете ја поддршката која вие би сакале да ја добиете доколку се најдете во слична ситуација. Во спротивно веројатноста е голема дека вашиот круг на пријатели ќе се намали.rn

    3. Постојано сте негативни

    rnЖивееме во свет во кој и те како има и се случуваат лоши и тажни работи во врска со кои не можеме да направиме ама баш ништо. Со оглед на ова, голем дел од луѓето се обидуваат да се опкружат себеси со убави работи и позитивни луѓе кои дополнително ќе ги разведрат и расположат. Притоа избегнуваат каков и да било потсетник на сивило, посебно оние луѓе кои се полни со негативна енергија. Ова не значи дека мора постојано да сте расположени и среќни за луѓето да сакаат да бидат во ваше друштво. Но секако значи да бидете позитивни, да се обидете да го извлечете максимумот од сѐ и секогаш да ја барате убавата страна на нештата. Бидејќи негативното размислување нема само да предизвика другите луѓе да ве избегнуваат, туку ќе направи и вие да сакате да можете да се избегнете себеси во даден момент.rn

    4. Ви недостасува доза деликатност

    rnЕдно е да се пошегувате на нечија сметка, но сосема друго е да ги преминете сите граници и без размислување да кажете или направите нешто што притоа сигурно ќе повреди и навреди некого. Сѐ што е претерано не чини, па така е и со безобѕирното однесување. Внимавајте повеќе на вашите зборови, бидејќи доколку ги преминете границите може да изгубите многу повеќе отколку што мислите.rn

    5. Живеете во виртуелна реалност

    rnПовеќе зборови не се ни потребни. Ништо поубаво не го репрезентира ова од секојдневното седење пред лаптоп и постојаното користење на мобилниот телефон. Дури и излегувањето со пријателите значи постојано гледање во екранот на која и да е паметна играчка која ја имате во рака. Кога заборавивте да зборувате, ама вистински, со испуштање на глас? Факт е дека денес светот е во постојан развој на секаков тип технологии кои, сакале или не, не можете да ги избегнете ниту занемарите. Но тоа не значи дека треба да се одвоите од светот и да заборавите на добрите стари вредности и пријатели. Не дозволувајте живеејќи во светот на технологијата, да заборавите да живеете во реалноста. Бидејќи ако некогаш сепак се вратите во реалноста, дали сте сигурни дека ќе најдете некого таму?rn

    6. Сконцентрирани сте само на себе

    rnУбаво е кога можете некому да кажете што ве мачи или како ви поминал денот или едноставно да споделите нешто со некого. Но не заборавајте дека и тој некој сигурно сака и има да сподели нешто со вас. Никогаш не треба да бидете толку сконцентрирани на самите себе така што ќе заборавите да поставите барем едно кратко, но многу важно прашање, а тоа е Како си? Луѓето ценат кога ќе видат дека некој се грижи и сака да знае малку повеќе за нив. Но не постои човек кој е расположен постојано да слуша нечија опседнатост со самиот себе и во таков случај сигурно ќе ги избегнува тие личности.rn

    7. Премногу сериозно ги сфаќате работите

    rnДоколку претераното шегување не чини, тогаш ниту претераната сериозност не е во ред. Доза сериозност мора да постои, бидејќи како поинаку навистина ќе бидеме успешни во нешто. Но мора да постои некој издувен вентил преку кој барем на кратко ќе избегате од реалноста. За многу луѓе тоа се пријателите, дружењето, излегувањето. Доколку вашите пријатели имаат некоја мака тогаш е сосема соодветно сериозно да ја сфатите работата и да бидете тука за нив. Но во секој друг момент бидете ведри и расположени. Не сфаќајте сѐ премногу сериозно и не обидувајте се да пристапите на секоја работа како на потенцијален проблем. Истото се однесува и на вашето перципирање на работите. Некогаш зборовите кои ви звучат како да се кажани со задна намера, всушност се само шега. Премногу сериозниот пристап во врска со сѐ само укажува на некои ваши несигурности, а тоа ве прави најмалку забавната личност во друштвото.rn

    8. Не сте доверлива личност

    rnОва се однесува на тоа дека човек не може да се потпре на вас и вашите зборови. Поточно не може да смета на вас кога му е најпотребно или, пак, да се потпре на тоа дека договореното ќе биде исполнето и од двете страни. Луѓето сакаат да бидат опколени со други луѓе на кои можат да им веруваат, а ако вие не сте таа личност, поверојатно е дека ќе избегнат да ве побараат кога навистина ќе им биде потребен пријател. Доверливоста е многу важна особина која не треба да ја земате здраво за готово, дури ни кога се шегувате.rn

    9. Премногу сте зафатени со сѐ останато

    rnНикој не е секогаш слободен и во можност во кое било време да излезе и да се види со пријателите. Но иако постојат и подолги временски периоди во кои сте зафатени со работата и други обврски, по нивното завршување сигурно постојат час-два кои можете да ги одвоите за луѓето кои ви значат. Постојаното гледање и зборување не значи пријателство, како што ни слушањето и гледањето еднаш во месецот не значи дека не сте повеќе пријатели. Но дали навистина сте толку зафатени што не можете да одвоите барем некоја минута и ако ништо друго да подигнете слушалка? Кога сте премногу посветени на обврските, постои опасност целосно да се оддалечите од сите и сѐ останато. Бидете повнимателни со поставување на приоритетите во животот. Ништо не е повредно од луѓето кои ви значат и ништо не вреди толку за да ги изгубите.

  • Како да го дешифрирате кодот на мажите?

    Како да го дешифрирате кодот на мажите?

    Митот дека мажите немаат емоции создава огромни проблеми во врските. Дафне Роуз Кингма, авторот на книгата „The Men We Never Knew“ објаснува:rnrn

    „Ние ги осудуваме мажите како пол без емоции, а со тоа кажуваме и дека сме се откажале од нив. Поради начинот на кој момчињата се социјализираат, нивната способност да се справат со емоциите е систематски потиснувана. Мажите се учат, чекор по чекор, да не чувствуваат, да не плачат и да не наоѓаат зборови за изразување.“

    rnКако да го дешифрирате кодот на мажите?rnrnСамо затоа што мажите не се најдобри во искажувањето на нивните чувства, немојте да помислите дека тие ништо не чувствуваат. Многу пати мажите ги изразуваат своите чувства со помош на таен код – код кој дури ни тие самите не можат да го дешифрираат. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за кодот на мажите, продолжете со читање…rnrn1. Мажите можат да претворат едно чувство во друго – Мажите имаат способност да претворат дел од оние чувства кои се сметаат за стереотипни женски чувства како тагата и ранливоста во чувства на гнев и гордост, бидејќи тие се поприфатливи за нив.rnrn2. Мажите можат да ги префрлат своите чувства од една во друга област – Мажите понекогаш можат да ги искажат своите чувства само на оние места каде што се чувствуваат безбедно и каде што искажувањето на тие чувства е социјално прифатливо. Едноставно погледнете како мажите се однесуваат на спортските натпревари каде што воопшто не е несоодветно да ги искажат нивните длабоки чувства на тага или задоволство. Но, доколку ги одведете истите тие луѓе на друго место, нема никогаш да можете овие силни емоции повторно да ги извлечете од нив.rnrn3. Мажите можат физички да ги доживуваат своите чувства – Многу често тие чувствуваат емоции преку главоболките. Всушност, сигурно познавате маж кој редовно го заболува глава само за време на викендите или пак, кој се разболува само за време на одморот. Но, зошто се случува ова? Мажите додека работат целосно ги исклучуваат своите емоции, но кога ја немаат работата пред себе, нивните чувства излегуваат на површина и можат да се манифестираат преку физички симптоми.rnrn4. За мажите постојат двојни стандарди при искажувањето на своите емоции – И покрај тоа што мажите не секогаш знаат што чувствуваат, едно нешто е сигурно, за искажувањето на нивните чувства постојат двојни стандарди. Од нив се бара да ги искажат нивните чувства, но кога тоа конечно ќе го сторат, нивните партнери знаат да се исплашат. Жените бараат од мажите да ги искажуваат нивните чувства, но само одредени чувства и во дози во кои тие можат да ги поднесат. Токму овие ситуации дополнително ги комплицираат нивните начини на искажување на чувствата.rnrn5. Чувствата на мажите можат одеднаш да се појават и да изненадат – Најголем дел од проблемот за некои мажи е што ги притискаат нивните чувства толку долго што кога конечно ќе испливаат на површината, тие едноставно не знаат како да се справат со нив. Токму овие непланирани и неочекувани емоции можат многу сериозно да влијаат врз луѓето околу нив.rnrnНа кратко, мажите можат да чувствуваат интензивни емоции исто како и жените, но им недостасува тренинг и поддршка за да можат да ја најдат смислата на овие чувства и токму затоа имаат само еден избор, а тој е да ги закопаат уште подлабоко. Тие се заробени во процесот на социјализација каде што им се кажува дека не е мажествено да се плаче, да се биде повреден или да се изразат какви било силни емоции и токму ова ги спречува да можат целосно да го живеат својот живот.

  • 20+ работи што треба да ги очекувате пред да се вселите со вашата девојка

    20+ работи што треба да ги очекувате пред да се вселите со вашата девојка

    Ако мислите дека девојките се претвораат во Снежана во моментот кога ќе влезат во домот, многу сте во грешка. Еве ја реалноста.rn

    1. Ќе има влакна, многу влакна!

    rn1-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnИ ќе ги наоѓате во одводот, на подот, по ѕидовите, во храната, па можеби дури и во процепот на вашиот задник.rn

    2. Секаде ќе наидувате на градници!

    rn2-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnДури и на најчудните места.rn

    3. Шноли за коса ќе се појавуваат насекаде!

    rn3-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnНавистина, на тепихот, залепени за вашите стапала, во одводот. Сееееекаде!rn

    4. Туширањето ќе трае навистина долго.

    rn4-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnДа бидеме фер, веројатно и вашето не би траело кратко доколку треба да се бричите, да ја шампонирате косата, да ѝ ставите кондиционер итн.rn

    5. Колку производи за убавина ѝ требаат на една девојка? М?

    rn5-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnНе се виновни девојките што не ги прават полиците доволно долги за сите ствари што ги поседуваат.rn

    6. Половина од нејзините алишта ќе бидат спастрени, додека останатите ќе се меткаат расфрлени по подот.

    rn6-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrn„Сè беше совршено средено додека не одлучив дека не си ја сакам облеката.“rn

    7. Еднаш месечно, ѓубрето ќе ви се полни многу побргу од вообичаено.

    rn7-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnАко сакате да помогнете, само купете сè од редот со хигиенски производи за жени и завршете со тоа.rn

    8. И тогаш ве советуваме да бидете особено фини со нејзе, барем една недела!

    rn8-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnПонуда за чешкање по грбот ќе ви даде дополнителни поени. Секое друго барање – строго препорачливо да се избегнува.rn

    9. Ако носи лак за нокти, секогаш барем малку ќе завршува на некое друго место освен на ноктите.

    rn9-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnСамо ставајте ги вредните предмети подалеку од неа доколку намирисате лак.rn

    10. Ќе ви се троши многу повеќе тоалетна хартија од претходно.

    rn10-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrn„Ја користиме за многу повеќе работи одошто би можеле да си замислите.rn

    11. Секогаш ќе има нешто поради што домот ќе мириса божествено.

    rn11-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnДали е тоа свеќа? Парфем? Лосион? Купка за тело? Само обидете се да погодите.rn

    12. Ако се шминка, најверојатно некогаш ќе наидете на пудрест неред во лавабото.

    rn12-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnМоже ќе си помислите дека тоа е само самовилски прав, но всушност е многу потажно и скапо.rn

    13. Често ќе се сопнувате на нејзините чевли.

    rn13-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrn„Жалам, ама се лажеш ако мислиш дека ќе средувам кои било од овие чевли на високи потпетици веднаш штом влезам низ вратата.“rn

    14. Нејзиното женствено однесување ќе исчезне во моментот кога ќе влезе дома.

    rn14-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnДали тој смрдлив прдеж произлезе од…? Не, нема шанси…“ Да, изгледа сте во право.rn

    15. Ќе јаде повеќе одошто би можеле да претпоставите.

    rn15-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnКаде исчезна таа девојка што нарачуваше мала салата додека излегувавте пред да се вселите заедно? Конечно решила дека не треба повеќе да се воздржува.rn

    16. Од толку многу шишенца со шампон и кондиционер во бањата, барем 30% се празни или имаат уште колку за едно шампонирање.

    rn16-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnЗа да ви биде полесно, празните шишиња веројатно ќе бидат напикани во специјално потешко достапно ќоше.rn

    17. Во даден момент ќе се обиде да докаже колку е домаќинка и ужасно ќе потфрли.

    rn17-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnФејл.rn

    18. Ќе ја видите во состојба во која не дозволува да биде видена од остатокот од светот.

    rn18-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnИзгледот на мамурна девојка без шминка, без исчешлана коса и со немиени заби го чува само за вас – нејзиниот верен цимер.rn

    19. Без сомнение ќе ја начекате како прави нешто многу „гнасно“.

    rn19-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnСè додека не ја проверувате нејзината историја во прелистувачот, не сте го виделе најлошото од неа.rn

    20. Ако сакате да го избегнете број 19 колку што е можно подолго, секогаш прво тропајте на вратата.

    rn20-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrn„Го правиме тоа многу почесто одошто мислите.“rn

    21. Без разлика дали ќе испадне на добро или на лошо, живеењето со неа ќе ви биде искуство што нема да го заборавите наскоро.

    rn21-20-raboti-shto-treba-da-gi-ochekuvate-pred-da-se-vselite-so-vashata-devojka-kafepauza.mkrnrnИ дефинитивно, живеењето со девојка не изгледа онака како што другите си го замислуваат.