КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат

    Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат

    Автор: Моника ДимитровскаrnrnЧесто жените не знаат да го проценат моменталното однесување на мажите и доаѓаат до погрешни заклучоци за нивните размислувања, чувства и гестови кои ги прават кога се заедно.rnrnПонекогаш пак жените се обвинувани заради неочекуваното молчење пред своите сакани мислејќи дека изговориле или направиле нешто погрешно, притоа не знаејќи дека во истиот момент нивниот партнер можеби размислува за нешто банално како на пример „Се прашувам како мувите стојат на плафонот наопаку?“rnrnЛекции за мажите кои жените треба да ги знаатrnrnПрочитајте ги следните лекции според кои треба да разбереме како функционира машкиот мозок. Забавни се, а сепак откриваат по нешто корисно. :)rnrn1. Кога со мажот разговарате за проблеми, немојте да го наведете да помисли дека тој греши. Кога не е во право, мажот се чувствува како губитник.rnrn2. Мажите мразат да бидат критикувани, затоа сакаат да се женат со девици.rnrn3. Мажите набрзина ги менуваат ТВ-каналите за да заборават на проблемите.rnrn4. Мозокот на мажите е поделен на делови. Затоа тие во еден момент можат да се сконцентрираат само на едно. Ако мажот се бричи, а вие му се обратите, ќе се исече. Ако нешто кова со чекан, а на вратата тропне некој, ќе си го удри прстот. Ако разговарате со него додека вози, ќе ја пропушти кривината. Ова се извонредни тактики за одмазда.rnrn5. Доколку сакате да упропастите разговор со маж, само дајте му тема на која треба да размислува.rnrn6. Мажите повеќе сакаат убавина отколку памет, затоа што поголем дел од мажите подобро гледаат, отколку што размислуваат.rnrn7. Ако сакате мажот да ве сослуша, известете го однапред, ограничете го временски и дајте му дневен ред.rnrn8. Машкиот вид е програмиран на далечина. Затоа мажите не можат да ги најдат предметите кои им се на дофат – клучевите, чорапите, путерот во фрижидерот итн.rnrn9. Мажот може или да чита или да слуша – не може двете истовремено.rnrn10. Со мажите разговарајте директно и кажете им точно што мислите. Не кружете одоколу.rnrn11. Жените го користат молчењето за да ги казнат мажите. Но, мажите ја сакаат тишината.rnrn12. За да ѝ докаже дека ја сака, тој ќе се искачи на највисоката планина, ќе го преплива најдлабокиот океан и ќе ја помине најдолгата пустина. Но, таа на крај ќе мора да го остави – бидејќи тој всушност никогаш не бил дома.rnrn13. Жената многу сака секс со мажот што го сака. Мажот многу сака секс.rnrn14. За мажот сексот е секс, а љубовта е љубов, а понекогаш тие две нешта се случуваат истовремено.rnrn15. Мажите бараат секс, а понекогаш од тоа се раѓа врска.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 работи кои ги нервираат сите мажи во врска

    4 работи кои ги нервираат сите мажи во врска

    Кавгите не се воопшто удобни појави во една врска, но доколку двајцата партнери се обидат да ги решат недоразбирањата на вистинскиот начин, можат да донесат многу корисни последици. Сепак постојат одредени ситуации, кои никако не ѝ помагаат на врската, туку само ја разгоруваат негативната енергија. Доколку сакате да ги избегнете лошите кавги со вашиот партнер, добро размислете за вашите реакции. Ова се четири ситуации кои ги излудуваат машките во врска.rnrn4 работи кои ги нервираат сите мажи во врскаrn

    Памти па врати

    rnМногу пати решените несогласувања, воопшто не се решени, а за тоа најмногу придонесуваат жените. За овие моменти најмногу влијаат некои ситуации од минатото, кои од некоја причина повторно испливуваат на површина. Доколку сакате да го одбегнете овој начин на насобирање негативна енергија, решавајте ги проблемите навреме, а работите од минатото нека останат таму.rn

    Ултиматуми

    rnКавгите воопшто не се забавни, особено кога станува збор за „валкани игри“. Игрите со емоции можат да бидат многу опасни. Ултиматумите од типот „Ако продолжиш вака ќе раскинеме…“ не се никакво решение на проблемите, туку само можат да донесат полоша атмосфера и да создадат негативни емоции кај партнерот.rn

    Муртење во тишина

    rnНема ништо полошо од тоа кога партнерот на кавгата реагира со муртење, притоа молчејќи. Иако ова е многу честа женска реакција, ни мажите не се исклучени. Доколку се однесувате ладно и резервирано за време на кавга, тоа дополнително ќе ги разгори страстите, а резултатот ќе биде нерешена кавга и дополнителни компликации. Прејдете преку вашата гордост и пробајте да ги решите проблемите, додека се свежи и актуелни.rn

    Хистеричен напад

    rnИстражувањата покажале дека мажите многу полошо се справуваат со стресот предизвикан од жестока расправија во врската, за разлика од жените. Причината е тоа што жените многу почесто зборуваат за своите проблеми со пријателките, додека мажите таквите ситуации ги држат во себе, а интимните разговори им се резервирани само за со партнерката. Токму поради тоа, кога ќе почувствувате блага хистерија поради одредена ситуација и потоа истата му ја пренесете на вашиот партнер, дадете му време да се запознае со ситуацијата која ве мачи, за да може да ви помогне.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

    Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

    Дали некогаш ви се случило да сонувате некоја ваша блиска личност во негативен контекст, а после будењето да продолжите да ѝ бидете лути? Не сте единствени, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека содржината од нашите соништа се пренесува многу лесно во нашите животи.rnrnКолку соништата ни влијаат на животот во реалноста?rnrnОвие соништа, според објаснувањата на експертите, покренуваат конфликти и сомневања во нас.rnrnГолем број истражувања веќе докажаа дека нашиот реален живот влијае врз соништата, но најновите истражувања покажуваат дека и соништата влијаат на стварноста, односно на нашето однесување.rnrnСпоред истражувањата, сништата најмногу влијаат на меѓучовечките односи, особено на љубовните. Така на пример, можете да сонувате како партнерот ве изневерува и цел нареден ден да му бидете лути, а поради тоа да настане конфликт.rnrnВо ова истражување учествувал 61 човек, а научниците кажуваат дека ова е само почеток на нови откритија за испреплетеноста на соништата и вистинскиот живот, како и нивното меѓусебно влијание.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

    Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

    Бидете пристојни или подгответе се да платите поскапо – ова накратко е пораката којашто едно кафуле во Ница сака да им ја испрати на своите муштерии, со една занимлива табла со цени.rnrnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnПерсоналот во „Staff at La Petite Syrah“ бил презаситен од грубоста на муштериите, па сега менаџерот решил на таквите луѓе да им наплаќа повеќе, со цел да ги убеди дека треба да го променат своето однесување. Неговиот трик му донел голема популарност на кафулето, преку социјалната мрежа Твитер.rnrnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnАко речете само „едно кафе“ тоа ќе ве чини 7 евра, нарачаното кафе со „ве молам“ на крајот ќе ве чини 4,25 евра, а реченицата „Здраво, едно кафе ќе ве молам“, ќе ве чини само 1.40 евра.rn
    rn

    Менаџерот Фабрис Пепино изјавил: „Започна како шега, бидејќи за време на ручек, луѓето кои доаѓаат во кафулето се честопати под голем стрес и понекогаш се груби со нас, ако имаат обврски. Ова е нашиот начин да им порачаме: останете спокојни и продолжете понатаму.“

    rnКафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста rnrnОстрите мерки за грубото однесување коишто ги наложил г. Пепино, биле многу добро прифатени од страна на муштериите.rn
    rn

    Повеќето од муштериите во кафулето се редовни и тие успеваат да ја видат шегата зад ова мени и сега дури претеруваат со нивната учтивост. Почнаа да ме нарекуваат Ваше височество, секојпат кога ќе го видат знакот“ – објаснува тој.


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со нас кога сме заљубени?

    Што се случува со нас кога сме заљубени?

    Дали некогаш се имате толку лудо заљубено да не забележувате ништо околу вас, да губите концентрација, па дури и да се однесувате изгубено? Научниците ни објаснуваат зошто така се однесуваме кога ќе се вљубиме.rnrnШто се случува со нас кога сме заљубени?rnrn1. Сигурно сте чуле за изреката „љубовта нè прави глупи“. Сепак, не се работи за тоа дека го губиме умот, туку дека поради заљубеноста не сме фокусирани на другите работи кои ги правиме во животот.rn
    rn

    „Кога сме заљубени, тешко ни е да се концентрираме на другите обврски, бидејќи поголемиот дел од времето размислуваме за личноста која се појавила во нашиот живот“ – објаснува докторот Хенк Ван Стенберг од холандскиот Универзитет Леиден.

    rn2. Љубовта нè прави попозитивни и посреќни. Научниците ова ги имаат докажано со помош на снимки направени со магнетна резонанса на кои се покажало дека кога сме заљубени се активираат делови од мозокот исто како кај зависниците кои земаат кокаин и се чувствуваат супер.rn
    rn

    „Заљубеноста создава чувство на еуфорија, како да сме на врвот на светот и не постојат непремостливи препреки“ – објаснува професорката по неврологија Луси Браун од њујоршкиот медицински Универзитет Алберт Ајнштајн.

    rnrn3. Уште едно откритие е тоа дека заљубеноста нè прави отпорни на болка. Истражувањето на Универзитетот Стенфорд покажало дека поради тоа убаво чувство, во мозокот се вклучуваат делови кои инаку ги стимулираат лековите против болка. Дури и држењето за рака со саканата личност може да ја ублажи болката.rnrn4. Дури ни големите мачо фраери не можат да ги избегнат последиците од заљубеноста, а една од нив е побавното движење. Истражувањето покажало дека мажите го забавуваат својот чекор за да го прилагодат својот ритам на партнерката.rnrn5. Едно од најромантичните сознанија – на заљубените парови срцата почнуваат да им чукаат во ист ритам.rnrn6. Ви се менува тонот на гласот при разговарање. Најчесто жените го повишуваат својот глас за да бидат поженствени и попривлечни за својот партнер.rnrn7. Со сигурност сте чуле дека љубовта нè прави слепи. Кога некој љубовно ќе нè маѓепса тоа има толку моќен интензитет, што луѓето со атрактивен изглед повеќе не ги гледаме така.rnrn8. Љубовта нè прави похрабри. Истражувањата покажале дека на крилјата на љубовта сме спремни да се впуштиме и во опасни и ризични ситуации, бидејќи тоа го сметаме за романтично однесување.rnrn9. Заљубеноста може да се види во човечките очи, бидејќи е докажано дека зениците ни се шират кога љубиме.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 машки особини кои секоја девојка ги мрази

    10 машки особини кои секоја девојка ги мрази

    Секоја девојка бара различни квалитети кај еден маж. Сепак, без разлика дали е убав како слика, со совршено тело, паметен, амбициозен, забавен или духовит, сите жени се согласуваат дека доколку поседува некоја од следниве особини, може веднаш да им стане одвратен. Ова се 10 особини кои секоја девојка ги мрази кај еден маж.rnrn10 машки особини кои секоја девојка ги мрази rnrn1. Лоша хигиенаrnrn2. Нарцизам и недостаток на сочувствителностrnrn3. Недостаток на романтикаrnrn4. Недостаток на сексуална привлечностrnrn5. Недостаток на интелигенцијаrnrn6. Незрело и детско однесувањеrnrn7. Недоволна амбициозност и недоволен работен еланrnrn8. Расизам и предрасудиrnrn9. Досадност и недостаток на авантуристички духrnrn10. Екстремни погледи на религијата

  • Животни кои имаат проблем со однесувањето

    Животни кои имаат проблем со однесувањето

    Во оваа видео компилација ќе погледнете домашни миленици кои навистина имаат проблем со однесувањето. Ќе видите неколку несмасни и трапави мачки и кучиња и бељите кои ги направиле.Животни кои имаат проблем со однесувањетоrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку добро ги познавате вашите најблиски пријатели?

    Колку добро ги познавате вашите најблиски пријатели?

    Колку добро го познавате начинот на кој размислуваат вашите сакани? Ако сте како повеќето луѓе, сигурно сметате дека сте ги сфатиле вашите најблиски. Но, пристрасноста може да предизвикува недоразбирања помеѓу луѓето. И во некои ситуации, доколку се работи за блиски пријатели, токму таа пристрасност може да биде многу полоша.rnrnКолку добро ги познавате вашите најблиски пријатели?
    rn

    „И покрај тоа што веруваме дека можеме многу лесно да влеземе во главите на другите, понекогаш ние сме многу повеќе заглавени во нашите сопствени глави одошто мислиме“, вели Лори Сантос, професор по психологија на Универзитетот Јеил. „Од друга страна пак, перцепцијата на другите луѓе често влијае врз нашата, што ни прави да ни биде уште потешко при разбирањето на вистинските желби на другите.“

    rn

    Читачи на мисли

    rnСите ние веруваме дека сме искусни читачи на мисли и дека уште од млади имаме неверојатна способност да погодиме што другите мислат. Но, и покрај сè, ние сепак се заглавуваме помеѓу две когнитивни пристрасности кои ни предизвикуваат недоразбирања. Едната од овие две когнитивни пристрасности е наречена егоцентрична пристрасност, којашто предизвикува луѓето да ги проектираат своите намери и желби на оние околу нив многу повеќе отколку што сфаќаат.rnrnВо серија од студии направена во 2004 година, истражувачите поставиле полици со предмети на средината на една соба. Од една страна, учесник во истражувањето извикувал инструкции, како на пример, „помести го малиот автомобил на лево“ додека другиот учесник кој се наоѓал од другата страна ги слушал неговите инструкции и ги поместувал предметите на полицата. Бидејќи некои од полиците имале подлабока позадина, секој испитаник гледал малку поразлична колекција на видливи предмети, и додека за едниот од нив еден автомобил можеби изгледал како најмал, за неговиот партнер тој можеби не бил најмалиот.rnrnТимот открил дека децата имаат тенденција да им кажуваат на соработниците да поместуваат предмети од нивната гледна точка, додека пак постарите луѓе успевале да се стават себеси во перспективата на нивниот партнер, но само со многу труд и време. Интересен е фактот дека доколку парот испитаници биле пријатели, тие многу полошо ја завршувале работата. И покрај човековата самодоверба, луѓето сепак имаат многу мала способност да ги читаат мислите на другите. Токму оваа самодоверба можеби е причината и зошто толку лесно можеме да западнеме во недоразбирање со саканите – со личностите кои сметаме дека одлично ги познаваме.rn
    rn

    Следејќи ја публиката

    rnИстовремено, луѓето често можат да бидат и под влијание на туѓите перцепции. Оваа состојба се нарекува алтерцентрична пристрасност, која е втората когнитивна пристрасност кај луѓето.rnrn„Понекогаш, кога читате мисли, без да знаете многу повеќе ги земате предвид мислите на другите“, вели Сантос. На пример, додека гледаат во аватар на монитор од компјутер, на луѓето им е потребно повеќе време да кажат што гледаат бидејќи вниманието им го одвлекува она што го гледа самиот аватар. Од друга страна, еден вид мајмуни кои исто така учествувале во истражувањето, не покажале заинтересираност за она во што гледа аватарот.rnrnДоколку на деца им дадете задача да донесат бонбони од кутија, тие ќе повторуваат смешни и непотребни чекори кои претходно ги виделе од возрасна личност која го правела истото – дури и кога кутијата била провидна и тие можеле да видат како функционира. Интересно е што шимпанзото е многу порационално. Тие ги следеле чекорите на човекот доколку не знаеле како функционира кутијата, но ако таа била провидна, тие веднаш го применувале најбрзиот начин до земањето на наградата.rn
    rn

    Проблематична комбинација

    rnДуото когнитивни пристрасности можат да доведат до голем број недоразбирања. На пример, едно истражување од 2010 година во областа на еволутивната психологија, покажало дека луѓето во несериозните врски имаат тенденција да преценат колку удобно се чувствувале нивните партнери во одредени сексуални ситуации. Понекогаш, тие дури дозволуваат перцепцијата за другата личност да влијае врз нивната одлука. И токму поради тоа, луѓето можат да се најдат во ситуација каде ниту на едниот ниту на другиот не му е добро тоа што се случува, но сепак продолжуваат да го прават.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

    Работи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанок

    Драги дами, додека да го најдете човекот кој ќе го закити вашиот прст барајќи да го поминете остатокот од животот со него, ќе излезете на многу состаноци и ќе запознаете најразлични личности.rnrnНие девојките имаме развиено чувство за мечтаење за иднината и многу почесто тежнееме кон нешто сериозно. Се спремате за прв состанок со момче кое ви изгледа како ваш потенцијален партнер. Додека ви симнува ѕвезди и вие летате во облаци, лесно може да занемарите многу важни нешта во неговото однесување.rnrnОва се неколку работи на кои секогаш треба да обрнете внимание на првиот состанок:rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Бакшиш

    rnТоа е непишано правило, девојката никогаш не ја плаќа сметката на првиот состанок. Сакате бунете се дека од една страна урламе за рамноправност а од друга страна вие плаќате сметка, не е битно. Тоа секој го знае бидејќи е еден вид џентлменски гест. Таа може да понуди да плати макар половина, должност на дечкото е да го одбие тоа барање. Е сега, стигнавме до темата бакшиш.rnrnКај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?rnrnИ всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.rnrnСекако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?rn

    Насилни гестови

    rnСамо што влеговте во ресторанот а тој се спречка со некој кој му го попречил патот? Дали тропа по масата, прегласно зборува и демонстрира вистинска драма бидејќи келнерот му ја згрешил нарачката? Внимавајте девојки, вие сте на состанок со насилен и арогантен тип на кого нема да му е проблем така да се однесува и со вас.rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Џентлменски потези

    rnНекој рекол дека ако дечкото ѝ ја отвора вратата од колата на девојката, тогаш или му е нова девојката или му е нова колата. Шала на страна, никој не бара од нив постојано да се однесуваат како потрчковци. Ама ви се молам, отворање врата од кола барем на првиот состанок ако ништо друго! Прв си го намести столчето и си седна, прв си ја кажа својата нарачка, хм, можеби воопшто не се труди да ве импресионира. А ако не вложува труд, зошто би вложувале вие?rn

    Неговиот поглед

    rnДа не се лажеме. Вие сте дотерани и убави и нормално е да ве посакува. Манијачките погледи се веќе нешто друго. Додека вие му зборувате за некоја добра книга тој гледа во вашето деколте?rnrnПа баш добра работа направила мајка му со неговото воспитување. Ако ве гледа само како сексуален објект, се знае колку знае да ги цени и почитува жените. Да, имате право да станете од масата и да си заминете.rn

    Културата на однесување

    rnО не, тој само што ја фрли празната кутија од цигари на патот? Или мастиката ја остави залепена на чаршафот во ресторанот? Или можеби подждригна гласно и си ја избриша устата со ракавот? Чекајте, сигурни сте дека не сте на состанок со 5-годишник?rnrnРаботи кои не смееме да ги занемаруваме на првиот состанокrn

    Без контрола во пиењето

    rnУште не завршил со вечерата а тој е веќе статива? Дали претера со пиењето? Најверојатно си имате работа со хроничен алкохоличар. Ако воопшто не се воздржува на првиот состанок, што ќе биде следно?rn

    Не го пушта телефонот од рака

    rnЧовекот може да биде зафатен, но ако не успева да се ослободи од обврските додека е на романтичен состанок, тогаш може слободно да очекувате да ви се придружат неговите деловни партнери кога ќе славите годишнина. А може пак само да се преправа дека е зафатен со цел да ве импресионира. Да не знаеш што е полошо.

  • Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Кој од хороскопските знаци е најдобар студент? Кој поставува милион прашања за време на предавањата? Кој мисли дека знае повеќе од професорот? Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак на факултет.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак во студентската клупаrn

    Овен

    rnСе расправа со професорот и се обидува да поттикне страсна дебата помеѓу колегите, дури и ако темата на дискусија (на пример алгебра) не е баш спорна.rn

    Бик

    rnТрудољубиво си фаќа белешки и тивко се жали за недостатокот на структура на часот и за тоа како професорот ставил некое прашање во тестот минатата недела, кога рекол дека нема да го стави.rn

    Близнаци

    rnИмате некој колега кој постојано поставува еден тон прашања, а пред секое од нив дава вовед со некоја негова лична приказна во времетраење од 10 минути? Мора да е близнаци!rn

    Рак

    rnРаковите најчесто седат на средина од предавалната или се кријат зад нечиј грб, обидувајќи се да не бидат на радар, доколку професорот сака да им постави некое прашање на студентите. Претставниците на овој знак делуваат смирено и спокојно, но однатре всушност се постојано под стрес, поради можноста да треба да зборуваат пред целата група студенти.rn

    Лав

    rnЛавот е секогаш кловнот во групата, постојано кажува некои откачени смешки и вицови и така ја претвора најдосадната презентација на светот, во фантастичен перформанс, кој ќе го натера целиот клас да се смее на цел глас.rn

    Девица

    rnЖестоко фаќа забелешки и е целосно фокусирана на предавањата. За секоја нова лекција има пенкало во различна боја и постојано прашува за потврда кога ќе биде следниот тест, а симултано го проверува паметниот телефон, за да види што прават неговите/нејзините пријатели на социјалните мрежи.rn

    Вага

    rnМуабети со луѓето околу неа за сѐ и сешто, од оценки до планови за викендот. Дури на третото предупредување од професорот се смирува и почнува да следи со внимание.rn

    Скорпија

    rnСекогаш седи во последните клупи, набљудува и слуша внимателно. Можете да не чуете глас од неа, сè додека не се случи нешто за кое има цврсто изграден став. Тогаш гласно и јасно ќе чуете што има да каже.rn

    Стрелец

    rnБез разлика за што се дискутира, стрелците секогаш имаат да додадат нешто. Иако седат во школските клупи, со оглед на нивното знаење и сигурноста со која настапуваат, слободно можат да го заменат професорот.rn

    Јарец

    rnСекогаш седат во првите неколку клупи, обидувајќи се да ја следат лекцијата и запишувајќи сè што зборува професорот, за да не пропуштат нешто. Инстантно стануваат омилен студент на професорот.rn

    Водолија

    rnСекогаш се во улога на адвокат на ѓаволот, особено доколку е вмешано и мислењето на професорот. Постојано поставуваат предизвикувачки прашања и наоѓаат начин како да го привлечат вниманието кон другата страна на проблемот.rn

    Риби

    rnПостојано чкрткаат, обидувајќи се да воспостават контрола на нивниот ум кој постојано размислува. До крајот на часот, можеби немаат запишано ништо што кажал професорот, но сигурно имаат нацртано некое ремек-дело.