КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Мајки кажуваат кои се најсрамните работи што ги сториле нивните деца

    Мајки кажуваат кои се најсрамните работи што ги сториле нивните деца

    Дали се жалите дека вашето дете не ве слуша и се однесува разгалено? Прочитајте ги искуствата на овие неколку мајки и можеби поинаку ќе гледате на неговото однесување.rnrn

    Мојата тригодишна ќерка врескаше: „Сакам ладно пиво!“ во ресторан
    Мојата тригодишна ќерка врескаше: „Сакам ладно пиво!“ во ресторан
    rnrn
    Со стапалото врз главата на бебето, мојот две и пол годишен син ме праша: „Да го згазам?“
    Со стапалото врз главата на бебето, мојот две и пол годишен син ме праша: „Да го згазам?““
    rnrn

  • По што се разликуваат совесните и учтиви луѓе?

    По што се разликуваат совесните и учтиви луѓе?

    Една изрека вели:rn

    „Обѕирноста и учтивоста ќе ве однесат многу подалеку во животот од кој било факултет или диплома.“

    rnИ тоа е точно. Совесноста спрема другите луѓе претставува највисока форма на љубезност и емпатија. Тоа е културно однесување, каде се грижите за доброто на останатите, без да очекувате нешто за возврат. Секако, потребни се труд и работа за ваквото размислување да се преточи во вистински дела. Доколку се прашувате како да го направите тоа, погледнете кои се особините што еден човек го прават обѕирен, совесен и учтив.rnrn(0) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mkrn

    Покажуваат емпатија

    rnЕмпатичното размислување е сосема поразлично од емпатичното дејствување. Обѕирните луѓе не само што можат да се стават во ситуацијата на другиот, туку и на светот гледаат целосно објективно и духовно свесно. Сомилоста ги води кон полесно поврзување со останатите и токму од таа несебичност црпат среќа и енергија.rn

    Често се смеат

    rnНасмевката има огромен удел врз тоа како другите ве доживуваат. Па, смејте се барем поради позитивниот ефект што тоа го има врз другите луѓе. На пример, застанете пред огледало и набљудувајте се какви сте кога сте насмеани, а какви кога сте намуртени. Разликата е огромна. Уште веднаш ќе сфатите колку сте поубави со насмевка.rn

    Интуитивни се за потребите на другите

    rnКога размислувате и сте свесни за чувствата на другите, знаете дека дури и наједноставните прашања за тоа што прават и како се чувствуваат, ќе направат чуда за нивната самодоверба и расположение.rnrn(1) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mkrnrnНа пример, кога влегувате во лифт на 10-на секунди, можни се две опции. Да се потрудите да оставите добар впечаток и да кажете „Како сте?“ или да продолжите да зјапате во мобилниот. Рака на срце, прашањето нема да ви го смени животот. Но, поставете го за да личноста спроти вас се почувствува вредна и ценета. И токму тука лежи обѕирноста. Не се работи за одговорот, туку за намерата!rn

    Внимаваат на манирите

    rnМанирите не почнуваат и завршуваат со „фала, молам, благодарам“. Тие означуваат севкупно почитување и признавање на туѓите чувства, пропратени со соодветно однесување. Или подобро кажано:rn

    „Не правете им го на другите она што не сакате тие да ви го прават вам.“

    rn(2) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mkrnrnЗатоа, трудете се да бидете точни, почитувајте туѓото време. Не бидете посесивни, почитувајте ја туѓата слобода. И секогаш активно слушајте што другите имаат да кажат, пред да го дадете својот суд. Мора да внимавате на сите кажани информации, да донесете логичен заклучок за вашиот став и дури потоа јавно да го кажете. Логиката изразувајте ја емпатично. Дури тогаш ќе бидете разумни, а сепак грижливи и обѕирни за туѓите чувства и потреби.rn

    Понекогаш другите ги ставаат на прво место

    rnНесебичноста на овие луѓе е меч со две острици. Додека грижата за туѓите потреби пред личните, напати ги исполнува, неретко токму на тој начин го губат допирот со себе и своите лични потреби. Затоа, балансот е неопходното решение. Инаку, би западнале во замката на постојано удоволување на другите, што ја намалува продуктивноста, па дури и идентитетот. Не грижете се, можете да останете обѕирни и истовремено да се научите да велите „не“. Токму тој баланс ќе ве направи разумни. Кажувањето „не“ во ситните ситуации, ќе ви даде сила тоа да го направите и во поважните. Треба да знаете кога да бидете совесни, а кога едноставно да бидете обѕирни спрема самите себе.rn

    Трпеливи се

    rnТрпението не е пасивна состојба. Напротив, понекогаш е многу тешко да се достигне, особено во моменти на стрес, раздразливост и непосакувани дразби од околината. Како и сè друго, и трпението се вежба. Само е потребна мотивација, свесност и труд.rnrn(3) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mkrnrnВо моменти кога вие сте учтиви спрема некого, а тие ве игнорираат, не треба попусто да ги губите нервите. Зошто таа ситуација да не ви биде мотив да создадете пример за културно однесување и учтивост? Вие самите да бидете позитивно влијание. Ако вака влијаете на околината, тогаш ќе бидете мотивирани за уште поголеми промени.rn

    Знаат да се извинат кога ќе погрешат

    rnНекои луѓе велат „извини“ од страв да не ги навредат другите. Други пак, воопшто не си ни извинуваат, однесувајќи се грубо и бесчувствително. Каде е златната средина?rnrn(4) po-shto-se-razlikuvaat-sovesnite-i-uchtivi-lugje-kafepauza.mkrnrnВистинското „извини“ означува каење за нешто што сте го направиле. Обѕирноста значи извинување во оние моменти кога мислите дека сте погрешиле. Инаку, ако се извинувате само за да им удоволите на другите – веќе си наштетувате на себеси. Затоа, бидете свесни за своите грешки и извинувајте се само кога чувствувате дека навистина сте погрешиле.

  • Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

    Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

    За жал, луѓето и не препознаваат колку некои навики можат да им наштетат на нивното здравје, но уште поважно и на нивната среќа. Тие се лажат дека сѐ уште имаат контрола или пак негираат дека тие навики постојат. Но, пред да ги препознаеме „отровните навики“, што точно подразбираме под тоа? Накратко, тоа е негативно и штетно однесување кое се повторува одреден период.rnrn0-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    1. Премногу алкохол

    rn

    „Прво земаш една пијачка, па пијачката зема пијачка, на крајот пијачката те зема тебе.“ – Ф. Скот Фицџералд

    rnВо денешниот неверојатен, стресен и зафатен свет лесно е да се прелие чашата. За многу луѓе седнувањето со чаша алкохол во рацете изгледа како решение на проблемите. За жал, често таа една чаша се претвора во дневна навика и чашата станува шише. Важно е да се запомни дека сѐ што е премногу е лошо за нас, а пиењето не е исклучок. Преголемата доза на алкохол влијае на меморијата, когнитивните и социјалните способности и за жал, најмногу влијае на врските.rn

    2. Прејадување

    rn

    „Скоро сите луѓе кои се прејадуваат го прават тоа поради некоја мината верзија од себеси: обесхрабрено дете, непопуларен тинејџер или збунет младич, а таа повеќе не постои.“ – Дипак Чопра

    rnМногу луѓе гледаат утеха во храната, така што јадењето од утеха е чест проблем на денешницата. Тука се и евтините и вкусни, но навистина нездрави оброци, а ние сме секојдневно во искушение. Но исто како алкохолот, дебелеењето е едно од оние нешта кои се случуваат преку ноќ, ако не се внимава што се јаде. За здрав и среќен живот важно е да знаеме што консумираме.rnrn1-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    3. Чергиче за бришење нозе

    rn

    „Ти ги учиш луѓето како да се однесуваат со тебе врз основа на тоа што им дозволуваш, што не и што ги поттикнуваш да направат.“ – Тони Гескинс

    rnМожеби е убаво еднаш да задоволите нечија желба, но ако тоа премине во навика тоа може да биде многу штетно по вашето здравје. Започнува од најмали нозе, како несигурни и ранливи деца кога нѐ учат дека родителите, професорите или кој било што има авторитет над нас се секогаш во право. Ова може да доведе до мизерен и неисполнет живот. Клучни сигнали по кои ќе го препознаете ваквиот човек се неможност да се каже „не“, неуспешни врски, работа и недоволно ценење себеси.rnrnДобрата вест е што сечија самодоверба може да порасне и да се научи да се кажува „не“. Само треба вежбање и одлучност.rn

    4. Претерано вежбање

    rn

    „Вежбањето нека ви служи за ослободување од стресот, а не како оправдување да се повредувате.“ – Мет Хискокс

    rnПостојат многу луѓе кои се опседнати со поимот „совршено тело“, тие везден се во фитнес центрите, но сепак не се задоволни од својот изглед. Премногу опсесивно–компулсивно вежбање е многу штетна и отровна навика. Не само што е заморно, го повредува телото и создава долготрајни здравствени проблеми, туку е и причина за многу ментални болести, анксиозност, проблеми во врската и создава изолација од социјалниот живот.rnrnАко ова ве потсетува на себеси, тогаш запаметете дека е важно да намалите со вежбањето и да уживате во другите задоволства кои животот ги носи.rnrn2-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    5. Грижење

    rn

    „Грижата никогаш не ве лишува од утрешната тага, туку само ви ја исцедува денешната радост.“ – Лео Бускалја

    rnНормално е дека сите имаме грижи понекогаш, но ако тоа е секој ден и тоа долг временски период тогаш тоа веќе преминува во проблем. Грижењето е како убиец, деструктивна и многу отровна навика која му штети на телото, ја цеди енергијата, ги уништува рутините за спиење и нѐ спречува при важни одлуки.rnrnНо како и повеќето работи во животот, и ова има свој трик. Ако сте од оние кои премногу се грижат, побарајте помош од пријатели, фамилијата или професионалец за да можете да живеете исполнет и здрав живот.rn

    6. Премногу купување

    rn

    „Кога жените се депресивни или јадат или одат на купување. Мажите се како од друга планета, тие имаат целосно поинаков начин на размислување.“ – Елејн Буслер

    rnИако изгледа неверојатно, премногу шопинг е со заслужено место на листава. Луѓето кои наоѓаат спас во шопингот мислат дека купуваат среќа. Но, за жал, среќата не се купува. Кога трошиме пари на работи кои не ни се потребни, не само што ќе завршиме во долгови до гуша, туку и стануваме длабоко незадоволни од она што го имаме, секогаш барајќи уште.rnrnНаправете си услуга и намалете со непотребно трошење. Ако веќе ви се трошат пари, донирајте ги или купете работи кои на некои луѓе им се неопходни. Ќе се чувствувате многу подобро знаејќи дека некому сте помогнале.rnrn3-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    7. Зависност од социјални мрежи

    rn

    „Деновиве, повеќето од нас можат да го задржат вниманието колку што и верверица зависна од метамфетамин.“ – Кристен Лемб

    rnАко морате да знаете што се случува на социјалните мрежи, а бевте онлајн пред неколку часови и ако чувствувате потреба дека морате да објавите барем 10 селфи фотографии дневно, веројатно ја имате оваа штетна навика. Друг знак дека сте зависни е ако поминувате часови и часови секој ден прелистувајќи по интернет, ако имате опсесија со нови „пријатели“ и „следбеници“ и чувствувате потреба дека светот мора да знае за сите ваши активности.rnrnРешението е едноставно: тргнете ја главата од екранот/телефонот и уживајте во удопствата на животот. Излезете надвор, дишете чист воздух, наместо да зборувате на социјалните мрежи повикајте ги вашите пријатели и разговарајте лице во лице.

  • 8 докази дека блондинките подобро си поминуваат во животот

    8 докази дека блондинките подобро си поминуваат во животот

    Мерлин Монро изгледа била во право кога кажала дека „плавушите“ повеќе се забавуваат од останатите девојки. И не само тоа, туку нивната боја на коса влијае непознати луѓе да се однесуваат пољубезно со нив. Или барем таков е случајот со американската новинарка Џо Пиаца.rnrn2-8-dokazi-deka-blondinkite-podobro-si-pominuvaat-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnКога би знаела колку промената на бојата на косата ќе влијае врз неа, Џо Пиаца би постанала блондинка многу одамна. Имено, после 30 и нешто години (дамите не се прашуваат за возраста), Џо во договор со фризерката, кафените прамени ги заменила со платинесто руси и веднаш почнала да забележува промени во секојдневниот живот. Еве некои од нив:rnrn1. Касиерите во продавниците почнале да ѝ нудат услуга бесплатно да ѝ ги однесат кесите до автомобилот.rnrn2. Таксистите почнале да ѝ се смешкаат и да започнуваат фини разговори.rnrn3. Персоналот на аеродромот ѝ понудил бесплатен влез во чекалната за прва класа.rnrn4. Чуварот во службената зграда во која работи повеќе не ѝ замерува кога ќе ја заборави пропусницата за влез.rnrn5. Келнерите во рестораните ѝ даваат повеќе компирчиња во порцијата или ја честат десерти.rnrn6. Бармен ја почестил бесплатна пијачка.rnrn7. Полицајците ѝ опростувале што возела пребрзо.rnrn8. Обезбедувачите во ноќните клубови ѝ дозволуваат да влезе без да плати.rnrn1-8-dokazi-deka-blondinkite-podobro-si-pominuvaat-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnЗа овој феномен се спроведени бројни студии, дискусии и дебати, но никој со сигурност не може да потврди дека луѓето се однесуваат подобро кон блондинките. Можеби се работи само за индивидуални преференции на некои. Но, ако ви треба идеја за нова фризура, можеби ова ќе ве инспирира да прејдете на некоја руса нијанса.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто сме пофини со странци отколку со луѓето кои ги сакаме?

    Зошто сме пофини со странци отколку со луѓето кои ги сакаме?

    Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога за една иста работа, со странец се однесувате пофино отколку со некој член од вашето семејство? На пример, одите на вечера кај вашиот најдобар пријател и неговите родители ви поставуваат секакви прашања за вашиот живот, за факултетот, за девојката/момчето, на кои вие најкултурно и со големо трпение одговарате. Но кога истите прашања би ви ги поставиле вашата мајка или вашиот татко, некултурно и целосно без волја ќе одбиете да одговорите на истите.rnrn1-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnМислењето на луѓето е дека блискоста предизвикува некое ниво на презир меѓу нив. Спротивно на ова, експертите сметаат дека, всушност, со текот на времето, колку сме поблиски со одредена личност, толеранцијата кон нејзините мани, недостатоци и работи кои најверојатно и од самиот почеток несвесно не ни се допаѓале, се намалува. Меѓу другото, фактот дека знаеме многу работи за тие луѓе кои се наши партнери или членови на семејството повлекува често предвреме да „знаеме“ што сакаат да кажат, што мислат, која им била намерата и слично. Па кога на тоа ќе се додаде и потребата за меѓусебно разбирање, која како резултат на намалената толеранција е и самата намалена, настанува бунтување на внатрешното јас кај луѓето, па се соочуваме со расправии и караници со луѓето кои највеќе ни значат.rnrnЗошто комуникацијата е полесна со странци, т.е. луѓе кои не се од нашето семејство? Едноставно: тие не се дел од нашето секојдневие. Тие не се соочуваат со нашите проблеми и не се должни да ги делат нашите падови и загуби, што не е случај со семејството. Времето поминато со нив е време за дружба и релаксација, тие не се присутни цело време, па целиот тој однос е некако на дистанца, што и го прави многу поедноставен. За разлика од ова, кога станува збор за нашите блиски, нашиот мозок кој е навикнат на тој начин на комуникација, практично станува мрзелив кон интерпретирање на нивните зборови што води кон меѓусебно неразбирање.rnrn4-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnМногу важен дел на меѓусебната комуникација е да знаеме како другиот се чувствува. Мислењето дека некого познаваме и разбираме повлекува намалена меѓусебна комуникација, па несвесно претпоставуваме некои работи и нивни чувства кон одредена работа без и воопшто да ги прашаме. Тоа е често сфатено како одземена слобода на мислење и искажување чувства, па во комбинација со толеранцијата, која веќе е значително намалена, и нетрпението, настануваат конфликти.rnrnСите овие нешта ги нема кога се работи за нашиот однос со странци. Тие го гледаат и споделуваат само најдоброто кај нас, додека семејството е место каде нема потреба од носење маски. Можеме да бидеме тоа што сме бидејќи тие ќе нѐ прифатат во секое наше светло и расположение, ќе не слушаат и толерираат. Тие се дел од нас без разлика на сѐ и после сѐ, додека странците не се обврзани да трпат ништо што ни најмалку не им се допаѓа. Ние потсвесно сме свесни за ова, па за жал, често не ја гледаме потребата да придонесуваме кон подобрување на односот со нашите блиски. Па кога таа слобода на однесување ќе ги премине границите на толеранција, стануваме нељубезни едни кон други, некогаш дури и злобни.rnrn2-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnНо секако дека тоа не го правиме намерно. Желбата за подобар однос со нашите сакани е првиот чекор, бидејќи тие се единствените личности кои под кои било околности се тука за нас и кои без разлика не сѐ, ќе останат тука за нас.rnrnСледењето на три едноставни чекори/стратегии ќе ве донесат до момент кога ќе размислите како да се однесувате во одредени случаи и што не е во ред да кажете. Иако на почетокот ќе ви се чини невозможно, дефинитивно вреди да се применат.rn

    1. Замислете си како би изгледал вашиот живот без вашите сакани

    rnИдејата која стои зад ова е да се согледа празнината која би постоела во животот на поединци кога би ги изгубиле луѓето кои ги сакаат. Често кажуваме и правиме нешта кои во моментот не ги промислуваме и со тоа ги повредуваме нашите најблиски и малку по малку ги оддалечуваме од себе. Но неверојатно е како човековиот ум и срце можат реалистично да ја претстават болката дури и при самата помисла на губење на сакана личност, што се покажало доста ефективно при процесот на прифаќање на нивните мани и зголемување на толеранцијата кон нив. Сѐ што е потребно е да направите список на сите работи кои ги сакате и почитувате кај вашите блиски и секој ден да си замислите како би било кога би изгубиле барем една од тие работи. Со тек на време ќе научите да ги цените малите нешта и да бидете благодарни што вашето семејство и вашиот партнер се во вашиот живот и ви ги пружаат сите тие убави работи.rn

    2. Поминувајте време со вашите сакани во присуство на други луѓе

    rnТука се мисли на моментот кога сосема поинаку се однесуваме во присуство на луѓе кои не припаѓаат во нашиот најблизок круг. Повеќе размислуваме и внимаваме на нашите зборови и изрази, па кога во истото тоа друштво на луѓе ќе се најдат и нашите блиски, ќе имаме шанса да бидеме пољубезни и со нив. Доста брзо може да согледаме дека тоа и не е толку тешко, па односот кој го имаме со личностите кои ни значат значително ќе се подобри.rn

    3. Направете пауза од вашите сакани

    rnНе е можно никогаш повторно да не ве изнервираат или, пак, секогаш да кажуваат сѐ што треба и сѐ да биде совршено. Идеален однос не постои. Но може да одлучите тој да биде позитивен, да се подобрува и да се одржува таков. Па наместо да кажете нешто за што подоцна ќе жалите или да направите нешто што не можете да го преправите, дајте си себеси шанса да се тргнете настрана, да паузирате и поубаво да го согледате проблемот. Со ладна глава подобро ќе ги разберете работите и ќе ги средите вашите ставови, па наместо да ја повредите саканата личност со вашата немарност, ќе успеете да се воздржите. Пошироката перспектива и разгледувањето на работите ставајќи се во нивна кожа, може да разјасни, па дури и да смени некое ваше размислување.rnrn5-zoshto-sme-pofini-so-stranci-otkolku-so-lugjeto-koi-gi-sakame-kafepauza.mkrnrnПрименувајќи ги овие три совети, си давате себеси можност да бидете подобра личност кон себе и кон вашите блиски и сакани. Тоа се луѓето кои се секогаш тука за вас и на кои секогаш ќе можете да се потпрете, кои се ваше рамо за плачење и кои имаат срце да се радуваат на сите убави работи заедно со вас. Со нив ги споделувате сите добри и лоши моменти, а тоа е однос кој треба да се негува. На крајот на краиштата, како вие би сакале тие да се однесуваат со вас?

  • 7 работи за кои ќе жалите по 7 години

    7 работи за кои ќе жалите по 7 години

    Понекогаш не можеме да ги разбереме последиците од работите кои ги правиме во животот. Но, едно е сигурно: сите сакаме да ги одбегнеме нештата кои подоцна ќе бидат извор на каење и неподносливо гризење на совеста. Затоа, доколку се двоумите, погледнете кои се 7-те работи за кои веројатно подоцна ќе зажалите. 7 работи за кои ќе жалите по 7 годиниrn

    1. Потценување на заштитните креми за сонце

    rnНанесувањето на ваквите креми знае да биде жива досада: потешко се нанесуваат, мрсни се, лепливи, а и чинат мало богатство. Поради овие причини многумина решаваат целосно да заборават на нив, не сфаќајќи дека тоа би можело да има сериозни последици како предвремено стареење, па дури и рак на кожа. Затоа, убаво размислете и нека ова не биде нешто за кое ќе жалите по 7 години.rn

    2. Пушење цигари

    rnПушењето лесно може да премине во несакана навика. Можеби на почетокот ќе ви се чини дека не е толку опасно, но вистината е сосема поинаква. И ова може да доведе до предвремено стареење и значително да влијае врз вашето целокупно здравје и изглед.rn

    3. Уништување на професионалните контакти

    rnКога влегувате во професионалниот свет, не придавате важност на контактите кои ги стекнувате во моментот. При напуштањето на работата, не размислувате, реагирате луто и импулсивно и засекогаш се збогувате со одредени личности, кои можеби би ви помогнале во идните работни ангажмани. Затоа, реагирајте паметно и не дозволувајте да ги уништите и онака малите шанси за напредок и помош.rn

    4. Премногу забава

    rnОва им се случува на сите млади, барем во одреден период. За среќа, многумина не продолжуваат со ваквиот начин на живот бидејќи сфаќаат колку лошо влијае врз нив. Пиењето алкохол и дрогата несомнено ќе остават негативни траги врз вашето здравје и изглед, а може да се одразат и врз личните врски и работата.rn

    5. Немање конкретни цели

    rnПoнекогаш луѓето запаѓаат во некоја неодредена состојба, каде само преживуваат, а не живеат. Во таквите моменти, не размислуваат за иднината, немаат цели и како постојано да стојат во место. Затоа, не дозволувајте и вие да бидете едни од нив. Почнете со градење на конкретни цели во личниот и професионалниот живот. Ваквата одлука подоцна значително ќе ви го намали степенот на каење.rn

    6. Нездрава исхрана

    rnНездравата исхрана е огромно искушение. Верувајте дека за 7 години и тоа како ќе зажалите за оваа навика. Не само што килограмите полека ќе се зголемуваат, туку и тенот и кожата ќе претрпат негативни промени. Затоа, покажете малку карактер и постепено трудете се да применувате здрав начин на исхрана.rn

    7. Немање време за уживање во секој момент од животот

    rnОва можеби претставува и најголемиот извор на подоцнежното каење. Честопати, луѓето се толку зафатени и живеат под стрес, што забораваат да уживаат во сите прекрасни моменти што ги носи животот. Доколку живеете, а не уживате, еден ден ќе посакате да се вратите назад, но ќе биде предоцна. Затоа, не дозволувајте да дојде до тоа и дадете сѐ од себе за да уживате во авантурата наречена живот!

  • Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Автор: Жаклина ГерасимовскаrnrnШто е подобро, да сте интровертна или екстровертна личност? Во кои ситуации шансите да успеете се поголеми? Кои карактеристики, всушност, ги опишуваат интровертните, а кои екстровертните личности? Иако јас лично се сметам за интровертна личност, некои луѓе ми кажале дека во одредени ситуации се однесувам како екстровертна. Водена од таквите размислувања и прашања кои често си ги поставувам, го пишувам овој неделен совет.rnrn1-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnДали во вашето друштво или на работа сте забележале дека некои личности се издвојуваат повеќе од другите, полесно комуницираат со другите, немаат проблем во искажување на своите ставови, а некои личности најчесто стојат настрана, работат сами и во очите на другите изгледаат како воопшто незаинтересирани? Дали сте имале ситуации, непродуктивни состаноци и непотпишани договори, само затоа што едни луѓе премногу доминирале, а други не можеле, буквално, да дојдат до збор и се откажувале од нивните идеи кои можеби би биле многу поуспешни доколку другите ги ислушале внимателно и ги реализирале?rnrnЗа прв пат концептите интровертност и екстровертност ги има дефинирано психијатарот и психотерапевт Карл Јунг во 20-тите години на минатиот век. Неговата теорија е дека секоја индивидуа е уникатна: и интровертните и екстровертните личности се два екстрема на една биполарна скала. Сите ние се наоѓаме помеѓу нив со поголема или помала тенденција кон едниот или кон другиот тип.rnrnВо суштина, сите ние имаме одредена генетска структура и одредени преференции уште од мали, но многу често и самото опкружување влијае на тоа како една личност ќе се оформи и како ќе се однесува во различни ситуации.rnrnЕкстровертните личности најчесто ќе ги препознаете по тоа што: сакаат секогаш да бидат опкружени со многу луѓе, но ова понекогаш може да влијае голем дел од нивното време да го потрошат на непродуктивни разговори и состаноци; забавни се, енергични, шармантни, често се во центарот на вниманието на секој настан, но понекогаш може да бидат многу напорни и да изгледаат како арогантни; динамични се и важно им е да се случува нешто ново, а задачите кои се монотони се, всушност, исцрпувачки за нив; се префрлаат од една тема на друга додека зборуваат, но не мора да значи дека заборавиле на тоа што претходно го кажале, туку од многуте мисли и идеи кои ги имаат во моментот не сакаат нешто да остане некажано.rnrn2-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnОд друга страна пак, интровертните личности ќе ги препознаете по тоа што: преголемата фокусираност кон задачите им прави проблем да ги искажат појасно нивните мислења, но можат многу брзо да напишат некој многу важен извештај или имејл додека другите околу нив дискутираат на различни теми; на состаноци најчесто се тивки слушатели и изгледаат незаинтересирано, но тоа што ќе го кажат најчесто е прецизно и директно; зборуваат одмерено, но доколку некој се вклучи ненајавено, може да биде стресно за нив дури и кога не ги прекинуваат во нешто значајно; тешко развиваат односи со другите, но односите и довербата што ќе ја развијат најчесто се долгорочни; често се поврзуваат со срамежливи личности. Срамежливоста може да се јави и кај екстровертите исто толку често колку и кај интровертите, но првите ја прикриваат со својата динамичност и со лесно префрлање на вниманието од една работа кон друга.rnrnДенес пошироко е прифатен митот дека екстровертните личности се повеќе вреднувани на работа, полесно добиваат работа, унапредување, и се подобри продавачи, но историски гледано, личностите со поголема интровертност имале поголема доминација и биле сфатени како позрели, понадарени и полесно доаѓале до суштината на проблемот. Доколку се прашувате дали интровертните личности можат позитивно да влијаат на другите и да бидат добри лидери, тогаш прочитајте повеќе за Ворен Бафет, Бил Гејтс, Опра Винфри, Марк Закерберг, Алберт Ајнштајн, Махатма Ганди, Чарлс Дарвин, Њутн, Еленор Рузвелт, Стив Вознијак и уште многу други.rnrnКонфликтите помеѓу колегите (или луѓето генерално) најчесто настануваат поради тоа што прво не се познаваме добро меѓу себе и не си ги почитуваме разликите. За да ги елиминирате конфликтните ситуации може да примените некој од советите за тоа како да се однесувате кон интровертните, а како кон екстровертните.rn

    Доколку сте екстровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја приватноста на интровертните
    • rn011

    • кога им делегирате нови задачи, оставете им малку време да ја набљудуваат целосната ситуација и не барајте им одговори веднаш
    • rn011

    • не прекинувајте ги
    • rn011

    • одвојте дел од вашето време и дадете им што е можно поконкретни насоки
    • rn011

    • не посрамотувајте ги јавно пред другите
    • rn011

    • почитувате ја нивната интровертност и не обидувајте се да ги промените во екстровертни
    • rn

    rn

    Доколку, пак, сте интровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја независноста на екстровертните
    • rn011

    • давајте им пофалби и комплименти
    • rn011

    • прифатете го и охрабрете го нивниот ентузијазам
    • rn011

    • дозволете им да ги искажат нивните ставови и размислувања
    • rn011

    • понудете им опции за различни ситуации
    • rn011

    • оставете ги да блескаат
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Знаете ли да го контролирате срамот?

    Знаете ли да го контролирате срамот?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСрамот е општа појава карактеристична за секого. Кај некој повеќе, а кај некој помалку, но сите ние имаме срам. Колку знаеме да го контролираме или дали тој нѐ контролира нас е клучното прашање.rnrn1-znaete-li-da-go-kontrolirate-sramot-kafepauza.mkrnrnКонтролата на срамот е многу тешка работа. Токму поради тоа што не можеме и не знаеме како да го контролираме, во нашиот живот не се случуваат многу работи што ние би сакале да ни се случат. Од друга страна, пак, сите ние сакаме да бидеме перфекционисти и тоа дополнително ни прави проблеми во главата да се срамиме.rnrnПоради срамот што го поседуваме, многу пати не сме поставиле некои прашања, не сме добиле нешто што сме сакале, не сме поканиле дечко/девојка на состанок, итн. Дополнително на ова, поради срам (наш или на тие околу нас) некои луѓе не напредуваат на работа, не се истакнуваат, а имаат предиспозиции, не се активни, а имаат знаење и многу други работи кои доведуваат до фрустрации, но и незадоволство кај вашите надредени (од кај да знаат тие дека се срамите?!). И сега се поставува прашањето: ќе се срамите цел живот или ќе направите некои промени кај вас што ќе ви помогнат да го совладате срамот. Ако сте подготвени да се промените, еве ви неколку совети како да го направите тоа:rnrnЛуѓето не можат да знаат какви сте вие – Само вие знаете какви сте. Имајќи го тоа предвид, само вие знаете дека се срамите, а луѓето можат да го увидат тоа само ако ВИЕ им го дозволите тоа.rnrnОна што се гледа, тоа не сте вие – Ова ви го кажувам затоа што најчесто кога се срамите да направите нешто или поцрвенувате или се препотувате или ви се случуваат промени кои мислите дека се видливи. Но видливи се само, доколку ВИЕ мислите дека се видливи. А и да се видливи, што ви е гајле!! Па вие не сте такви. Не сте вие цело време поцрвенети! Не сте вие цело време испотени!rnrnЗаборавете го минатото – Ако ви се случиле незгодни ситуации или сте се посрамотиле во некоја ситуација, заборавете ја. На грешките учиме за да не ги повториме. Само тој што не греши не напредува!rnrnАко има некои работи што не можете да ги промените, бидете свесни за нив, но нека тие не ви влијаат на вашето однесување.rnrnОколина – Луѓето околу вас знаат понекогаш да бидат многу груби, да исмејуваат и да бидат тенденциозни. Имате избор или да не ги слушате што ви зборуваат (па и да не се дружите со нив) или да ги слушате, но да го земате само тоа што е добро од нив, а другото да го игнорирате. Во секој случај, мојот совет, во однос на околината, е да ја игнорирате.rnrnМоите другари кога бевме во тинејџерски денови ме исмејуваа за мојот лош англиски јазик, но јас и понатаму продолжував да си зборувам со странците како што јас умеам и знам. Од голема помош ми беше една пријателка на моите родители којашто ми рече: Калин, па тоа што ти се трудиш да зборуваш на нивниот јазик е само плус за тебе, а верувај, сите странци се задоволни кога ќе видат дека некој се труди. Каде ќе бев, ако ги слушав задевањата на моите другари, што мислите?rnrnЗемете воздух – Ако сте во некоја ситуација (сакате да поставите прашање пред голем аудиториум или да се истакнете), а свесни сте дека може да има последици за вас и вашето однесување, земете длабоко воздух. Контролирајте го дишењето, затоа што дишењето во тие ситуации е најважно.rnrnНека секоја ситуација влијае позитивно на вас – Ќе имате многу ситуации во кои ќе „заплеткате“ нешто, но немојте да дозволите тие да влијаат на вас негативно, туку баш напротив. Учете од секоја ситуацијаrnrnНов во друштво или на работа – Прво истражувајте и гледајте ги тие околу вас. Бидете културни и внимателни, но и позитивни. Делувајте откако ќе имате доволно информации.rnrnИма уште безброј други работи кои може да ги направите, но ако можете да забележите, сите се однесуваат на вас и само од вас зависат. Што и да правите, потребни се промени кај вас, а не кај околината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Проникливи прашања кои имаат моќ да ве поттикнат на промена

    Проникливи прашања кои имаат моќ да ве поттикнат на промена

    Ова се прашања кои ќе допрат до вашите најдлабоки тајни и чувства, а чиј искрен одговор ќе ви помогне посигурно да чекорите во иднината и да ги остварите своите цели. Прашањата се поделени во четири категории: врски, работен живот, здравје и општи животни прашања. Важно е да не размислувате многу, туку да бидете искрени и да ѝ верувате на интуицијата.rnrn(0) proniklivi-prashanja-koi-bi-mozhelo-da-ve-pottiknat-na-promena-kafepauza.mkrn

    1. Вашите врски

    rnДали има некој со кој треба да поминувате повеќе/помалку време?rnrnДали треба да имате дете?rnrnДали треба да промените или прифатите нешто во врска со сексуалниот живот?rnrnДали кога ќе се погледнете себеси низ минатото, задоволни сте од тоа како сте се однесувале и што сте постигнале во врските со луѓето?rn

    2. Вашата работа

    rnДали треба да најдете подобра работа и да се откажете од онаа што ја имате?rnrnДали треба повеќе/помалку да се трудите?rnrnДали треба да си го смените начинот на однесување: Со шефот? Колегите? Самата работа?rnrnДали сакате да работите за некоја организација? Ако да, за која?rnrnДали ќе успеете да постигнете сѐ што сте наумиле?rn

    3. Вашето здравје

    rnШто мислите, на која возраст веќе не би биле во состојба да бидете во работен однос? Дали тоа би ве направило поактивни сега?rnrnДали сакате да ја намалите тежината или сте сосема задоволни со изгледот? Ако сакате да ослабете, како би го направиле тоа?rnrnДали треба да вежбате повеќе? Помалку?rnrnДали мислите дека ќе ги постигнете зацртаните цели во однос на здравјето?rn

    4. Вашиот живот

    rnКое е прашањето што најмногу се плашите да ви го постават?rnrnПо што сакате наредната деценија од животот да ви се разликува од оваа? Дали има нешто што би можеле сега да го направите?rnrnШто ќе му даде повеќе значење на вашиот живот?rnrnДа не се грижевте што ќе речат другите, која ќе ви беше најголемата цел?rnrnКоја е вашата најнеобична, чудна особина? Што кажува тоа за вас?rnrnЗамислете си дека сите што добро ве познаваат се наоѓаат во една соба. Вие не сте со нив и никогаш нема да дознаете што зборувале за вас. Што мислите, која позитивна карактеристика, сигурно сите ја рекле за вас? Како тоа ќе ви влијае? Која е пак, најнегативната? Дали може да работите на нејзино подобрување и евентуално исчезнување? Дали тоа ќе ве направи посилни?rnrnДали ќе ја прифатите вашата личност и карактер, онаков каков што е, или ќе сакате да се промените, на пример, да станете подруштвени, помалку агресивни или нешто друго? Ако сакате да се промените, што би ви помогнало во тоа?rnrnОд што стравувате дека навистина биле во право?rn

      rn011

    • Дека не сте доволно паметни
    • rn011

    • Дека сте мрзливи
    • rn011

    • Дека сте досадни
    • rn011

    • Дека не сте физички привлечни
    • rn011

    • Дека сте злобни
    • rn011

    • Друго (одредете сами)
    • rn

    rnИмајќи ги тие можности предвид, дали сакате нешто да направите во врска со тоа?rnrnДали веќе сте го постигнале замисленото? Ако не, дали има нешто што сакате да подобрите и промените?rnrnДали некогаш ќе ви биде грижа да постигнете многу повеќе од денес?rnrnИ за крај: Кои сте вие навистина?rn

    План за промена

    rnСега навратете се на прашањата и размислете за одговорите. Дали постои барем една работа на која сакате целосно да ѝ се посветите? Почнувајќи… веднаш?

  • 20 работи за кои никому не му должите извинување

    20 работи за кои никому не му должите извинување

    Понекогаш извинувањето претставува желба за полесно вклопување и прифаќање од страна на другите, на сметка на личните верувања, мислења и потреби. И секогаш се чини дека кога работите нема да излезат по планираното, најлесниот пат кон самооправдување е простото „Извини“.rnrn20 работи за кои никому не му должите извинувањеrnrnНо, што станува кога не сакаме да се извиниме, што понекогаш е сосема коректно? Всушност, кога ќе сфатиме дека не секогаш треба да се извинуваме, стануваме многу посамоуверени и психички помоќни. Се чувствуваме поудобно во сопствените избори и не ни е потребно туѓото одобрување и прифаќање.rnrnПа, во знакот на самодовербата и личното достоинство, еве ги 20-те нешта за кои никому не му должите извинување.rnrn1. Ставањето на себеси на прво место.rnrn2. Откажувањето од нешто што и онака веќе не функционира.rnrn3. Формата и големината на вашето тело.rnrn4. Вашите уникатни навики и карактерни црти.rnrn5. Нешто што не испаднало онака како што сте си го замислувале. Во ред е да ја смените насоката.rnrn6. Личните избори.rnrn7. Грижата за себе и вашето здравје.rnrn8. Правењето што сакате и кога сакате.rnrn9. Тоа што понекогаш не сте расположени за журки и луда забава.rnrn10. Раскинувањето со партнерот, кој и онака не бил вистинскиот за вас.rnrn11. Менувањето на личните верувања.rnrn12. Тоа што не сте толку организирани, талентирани, успешни како вашиот брат/сестра.rnrn13. Тоа што сакате да го пропатувате светот.rnrn14. Земањето слободен ден од работа оти не се чувствувате добро.rnrn15. Колку заработувате.rnrn16. Грешките и неуспесите. Време е да си простите.rnrn17. Тоа што сакате да останете дома и да бидете сами во петок навечер.rnrn18. Тоа што сакате повеќе за себе и за вашите најблиски.rnrn19. Вашите успеси.rnrn20. Тоа што се сакате себеси.