Многумина веруваат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој ви дава енергија за да го преживеете првиот дел од работниот ден и влијае на тоа како ќе функционирате физички и психички.rnrnrnrnВо денешно време луѓето обожаваат да споделуваат фотографии со храна. Во тој контекст, погледнете како изгледа појадокот во различни земји од светот…rnrn
Ручекот кај многумина нема репутација како најважен оброк во денот. Токму затоа и повеќето луѓе кои работат, секојдневно ручаат на работното место и нивната цел е само најбрзо што можат да го задоволат гладот. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш правите огромна грешка. Прочитајте што советуваат следниве 9 нутриционисти за ручекот и што јадат тие.rnrnrnrnПовеќето од нивните совети се лесни оброци (веројатно за да ја спречат поспаноста која се јавува после обилно јадење), некои од нив може да се јадат со една рака, како сендвичи или пити и сите се богати со хранливи зеленчуци и здрави масти. Луѓето воглавно се интересираат дали нивниот ручек може да се јаде по пат или дали може да се сочува за подоцна. Но, благодарение на овие девет нутриционисти, откриваме дека ручекот може да биде вкусен и здрав оброк.rn
1. Конзервирана туна салата
rnrnrnКетрин Брукинг јаде салата со конзервирана туна, наут и црн грав. Како додаток користи само маслиново масло.rn
„Тоа е одличен начин да внесам повеќе зелени производи во мојата дневна диета, а истовремено да консумирам и протеини преку туната, наутот и гравот. Секогаш имам на дофат храна во конзерва, која ми овозможува брз и едноставен ручек.“
rn
2. Грчки јогурт со овошје и јаткасти плодови
rnrnrnАлиса Рамзи јаде грчки јогурт, полн со свежи овошја, јаткасти плодови и чиа семиња, како и мезе од сирови зеленчуци во хумус.rn
„Ми се допаѓа овој ручек за кој не е потребно готвење бидејќи можам да го јадам и дома, но и кога сум излезена. Има многу протеини во грчкиот јогурт, како и многу здрави масти во семињата, јаткастите плодови и хумусот.“
rn
3. Туна и авокадо
rnrnrnРебека Скричфилд најчесто преферира оброк со туна, авокадо и зеленчук.rn
„Туната во маслиновото масло има омега-3 протеини, а заедно со авокадото и зеленчуците дава одличен вкус за уживање во оброкот.“
rn
4. Зелено смути
rnrnrnКриста Мантеј како додаток на салатите и супите, јаде и зелено смуди за ручек.rn
„Го слушам своето тело и се хранам со тоа што ми се допаѓа. Ако е ладно јадам топла супа од зеленчук. Кога сум на ручек во ресторан јадам салата, а дома најчесто преферирам зелено смуди, бидејќи е лесно за подготовка.“
Дали редовно појадувате? Многу луѓе сметаат дека наутро се премногу зафатени за да стигнат и да појадуваат. Од друга страна, поголемата половина од нив тврдат дека не се доволно гладни и немаат апетит кога ќе се разбудат. Оние кои не јадат наутро можат да нанесат поголема штета отколку корист на својот физички изглед. Истражувањата покажале дека постојат неколку причини поради кои појадокот е важен, а во продолжение прочитајте какви предности има тој за нашето здравје.rnrnrn
1. Појадокот ја подобрува концентрацијата
rnПостои причина зошто многу училишта нудат појадок за своите ученици. Нутриционистите веќе одамна се сложиле дека утринскиот оброк е клучен за концентрацијата и учењето, неповрзано со возраста. По ноќта, нивото на шеќерот во крвта е многу ниско, а појадокот кој нуди оптимална количина интегрални житарици, протеини и намирници богати со витамини му е и повеќе од потребен на нашиот мозок за извршување на нормалните функции.rn
2. Важен е за срцето
rnНавиката на прескокнување на појадокот е научно докажано дека е поврзана со појавата и развитокот на срцевите болести, поточно со зголемување на ризикот од срцев удар за 27%.rn
3. Изберете протеини за појадок
rnrnrnПојадокот ќе ве држи сити во текот на целото претпладне, но појадокот богат со протеини ја продолжува оваа предност на целиот ден. Изберете јајца, јогурт и месо и ќе ја намалите желбата за брза храна низ денот. Здрав појадок = здрави избори.rn
4. По појадокот ќе бидете поактивни
rnЛуѓето кои појадуваат има поголема физичка енергија, поради што природно водат и поактивен живот бидејќи мозокот добива сигнали за количината на новата енергија. Направете си услуга и никогаш не го прескокнувајте појадокот.rn
5. Се намалува ризикот од појавата на дијабетес
rnВрската помеѓу прескокнувањето на појадокот и развивањето на дијабетесот е спомната во многу научни студии. Појадокот е важен за регулирањето на апетитот во текот на денот. Ако го прескокнете, по некое време може да дојде до чувствителност на инсулин, дијабетес тип-2 и висок крвен притисок.
Заменете го стандардниот ручек со брз, а креативен оброк!
rnrn
Потребни состојки:
rn
rn011
4 модри патлиџани
rn011
100 грама ориз
rn011
1 морков
rn011
½ помала главица целер
rn011
2 домати
rn011
100 грама моцарела
rn011
100 грама шунка
rn011
2 дл супа од коцка
rn011
3 лажици масло
rn011
Мешавина од зачини, бибер
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
rn011
Измијте ги модрите патлиџани, исечете ги надолжно и издлабете им ја средината. Потоа кратко бланширајте ги во солена вода, па извадете ги и исцедете им ја вишокот вода.
rn011
Морковот и целерот излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде, а доматите, шунката, моцарелата и извадената средина од модрите патлиџани насецкајте ги на коцки.
rn011
Во тефлонско тенџере на малку масло пропржете ги морковот и целерот, па додадете ги средината од модрите патлиџани, доматите и оризот и динстајте повремено налевајќи супа, сè додека сите состојки не омекнат.
rn011
Во издинстаната смеса додадете ги моцарелата и шунката и зачини по вкус, па со неа наполнете ги модрите патлиџани.
rn011
Полнетите модри патлиџани ставете ги во намасленета тава, пикнете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови и кратко потпечете ги.
Без разлика на ставот кој го имате за вашиот прв оброк, вие со негова помош можете да го подобрите здравјето и позитивно да влијаете врз обемот на вашиот струк. Проблемот настанува кога луѓето одбираат „бомби“ со калории, односно намирници исполнети со многу шеќер и масти кои го имаат спротивниот ефект. Токму затоа погледнете ги следниве неколку грешки кои сите луѓе ги прават со појадокот…rnrnrn
1. Избегнување протеини
rnКафето со млеко и колачи како мафини многу често знаат да бидат „оброк во движење“ за време на оние денови кога сме во брзање. Оваа комбинација може убаво изгледа за очите, но за жал ѝ недостасуваат протеини. Истражувањата покажале дека појадокот кој е базиран на протеини прави баланс во количината на шеќер во крвта и ги намалува ненадејните напади на глад. Обидете се да го започнувате вашиот ден со варени јајца и јаболко или јогурт со семки од чиа.rn
2. Претерано консумирање сок
rnОвошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но тој не е алтернатива за овошјето. Еден просечен портокал има околу 60-тина калории, додека пак чашата сок од истото овошје има скоро дупло повеќе. Исто така во соковите недостасуваат хранливи влакна кои ги има во изобилство во природните сокови. Една нова студија објавена во списанието „Апетит“ покажала дека оние личности кои пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние кои го прават тоа само повремено.rn
3. Јадење погрешни маснотии
rnПознато е дека на телото му се потребни маснотии со цел нормално да функционира, но тоа не значи дека треба да се претерува со нив. Особено ако станува збор за заситени масни киселини како оние кои се наоѓаат во путерот или сланината. Познатата нутриционистка Бони Тобдис од Њујорк, препорачува правилна дистрибуција на маснотиите, па токму затоа за појадокот предложува комбинација од здрави маснотии кои можат да се најдат во јогуртот со исечкани ореви.rn
4. Додавање вештачки засладувачи
rnАко нешто нема калории, тоа не значи и дека нема негативни последици врз нашето тело. Една студија која била објавена во магазинот „Природа“ покажала дека вештачките засладувачи можат да ги нарушат бактериите во желудникот, резултирајќи со зголемување на потребата за фруктоза. Нутриционистот Брук Алперт сугерира пиење кафе без никакви засладувачи, но со додаток на зачини како цимет кои ќе му помогнат на метаболизмот.rn
5. Предолго чекање за појадокот
rnАко првиот оброк во денот го јадете неколку часа по будењето, односно кога на тоа ќе ве потсети непријатното чувство во желудникот, тогаш големи се шансите дека ќе се прејадете. Иако не постои официјален распоред кога треба да се консумира првиот оброк во денот, треба да внимавате да не го изгладнувате вашето тело.rn
6. Несоодветна големина на оброците
rnВерувале или не, но големината на оброците влијае и врз количината на храната која ја внесувате во вашиот организам. Една неодамнешна студија покажала дека луѓето јадат и до 80 калории повеќе по оброк кога станува збор за житни снегулки во мал облик. Главната причина за тоа е што луѓето не јадат онолку колку што им бара организмот, туку се потпираат на надворешни фактори како големината на чинијата и слично.rn
7. Прескокнување на појадокот
rnПрескокнувањето на појадокот влијае така што вашето тело ќе бара поголем следен оброк. Големите количини храна ќе му ја отежнат работата на вашето тело, ќе ви го забават метаболизмот и ќе ве успијат. Наместо да го прескокнувате појадокот, треба да одбирате оброци кои се составени од балансиран однос на протеини и јаглехидрати со цел да имате доволно енергија за почетокот на денот.rnrn rnrn
Правењето скара изгледа како нешто наједноставно на светот – стави месо врз жар и за неколку минути имаш ручек. Сепак, тоа е многу повеќе од најобично печење месо. Начинот на подготвување на скарата и печењето на месото во различни делови од светот покажува дека секој народ во тоа вметнува еден дел од себе и својата култура. Некаде ставањето стек врз жар е доволно, на друго место скарата е незамислива без приготвување колбаси или додавање на разни зачини врз месото. Сите јадат тоа што им дава природата околу нив и го подготвуваат на начинот на кој што низ годините се привикнувале на таа иста природа.rnrnШиш таук (Либан и други земји од Блискиот Исток)rnrnСледната галерија изобилува со фотографии кои покажуваат како културата на луѓето од одреден регион го обликува изгледот на нивниот оброк подготвен на жар.rnrn
Често се случува фрижидерот да биде полн со остатоци од храна кои само зафаќаат место. Не е важно дали се остатоци од храна што сте ја зеле од ресторан или пак произлегле од вашата кујна.rnrnЕве неколку идеи кои остатоците ќе ги претворат во убава храна, фрижидерот ќе се подиспразни, а вие убаво и добро ќе се најадете. Не само што заштедувате пари туку и ѝ помагате на околината и на себеси. Сепак, запомнете дека има и некои додатоци кои во секое време можат да се најдат дома.rnrnrnrnЕве 5 идеи како остатоците можат да станат оброк:rn
1. Голема салата
rnНавикнете го организмот на здрава храна така што ќе почнете да чувате здрави продукти како замрзнато овошје, зеленчук, грав, лешници или пак набрзина пригответе домашни сосови кои одговараат на секаков вид храна. Исто така, добра идеја за лесна салата се и спанаќот, зелката и зелената салата бидејќи се многу вкусни и лесни за подготовка.rnrnrnrnАко имате остатоци од кинеска храна, додадете замрзнат зеленчук како броколи и грашок и направете микс салата. По желба, може да додадете бадеми, моркови, нерафиниран кафеав шеќер или други зеленчуци и протеини кои ви се при рака. На ист начин може да се приготви и мексиканската, јапонската, па дури и италијанската храна.rn
2. Тако или бурито
rnПод претпоставка дека дома имате кори или тортиљи можете да направите брзо тако со преостанатото месо, риба, грав или зеленчук. Добри додатоци се пченката, црниот грав и лут сос. Друга комбинација може да биде со лути пиперки и салца. Богати со протеини и со висока нутрициска вредност овие храбри избори вредат да се пробаат.rnrnrn
3. Омлет или киш
rnАко имате јајца тогаш зошто да не приготвите омлет кој ќе биде готов за неколку минути без многу труд. Ако сакате малку да експериментирате, додадете кашкавал, нане, босилек, месо, компири или леб. За да се разбие монотонијата додадете броколи, спанаќ и грашок. А зеленчукот како кромидот и сушените домати се уште еден прекрасен додаток.rnrnrn
4. Тестенини
rnГолем број од луѓето најчесто дома чуваат тестенини и барем едно пакетче кечап, за секој случај. Кој било сос и тестенини плус остатоците прават навистина вкусен оброк кој ќе ве засити. Интересни идеи за сосови кои лесно можете дома да ги направите се путанеска и песто. Зачини кои долго траат се и лукот, кромидот, магдоносот, ориганото, босилекот, кои плус ѝ додаваат невообичаена арома на храната. Користете ја оваа комбинација на состојки и за помалку од 15 минути ќе добиете вкусна вечера.rnrnrn
5. Пригответе храна во вок тава
rnСѐ додека имате варени или лесно пржени остатоци од храна, додадете ги во голема вок тава, земете малку лук, соја сос, сусам и теријаки сос и ете оброк. Во случај да имате свеж ѓумбир или кој било друг азиски сос како сирача, или киселина од кафеав ориз, можете да ги додадете во тавата. Исто така, замрзнатиот зеленчук е одлична идеја. Замрзнати броколи, кромид, пиперки, грашок, зелен грав и карфиол одат прекрасно во сите азиски јадења и ве спасуваат од макотрпна работа како сечење, миење и сл.rnrnrnrn rnrn
Автор: Софија СионоваrnrnКоја и да е причината поради која имате повеќе килограми одошто сакате, некои ваши животни навики со сигурност имаат врска со тоа. Во продолжение, некои помалку познати факти кои ќе придонесат за подобри резултати со вашата диета.rn
1. Јадете јајца за појадок
rnСпоред истражување спроведено во 2008 година од Интернационалниот институт за прекумерна тежина, ако го заменете утринското ѓеврече со јајце, имате 65% поголема шанса да го отстраните вишокот килограми. Луѓето кои јаделе јајца за појадок полесно се ослободиле од нивната прекумерна тежина, иако другите учесници внеле ист број калории, но преку ѓеврече. Истражувачите веруваат дека високото ниво на протеини заситува и ве тера да јадете помалку во текот на денот.rnrnrn
2. Користете голема виљушка
rnПознато е дека ако јадете од помали чинии тоа помага да внесете помалку храна во организмот, но дали знаевте дека ако јадете со голема виљушка може да се постигне истиот ефект?rnrnНеодамнешното истражување од Универзитетот во Јута покажа дека луѓето кои јаделе со виљушка којашто собира за 20% повеќе храна, конзумираат 10% помалку од оние кои користат обична виљушка. Внимавајте, ова важи само за големите оброци, а кај малите оброци големината на виљушката е занемарлива. Ако сакате полесно да се ослободите од прекумерната тежина, следниот пат кога ќе јадете голем оброк користете голема виљушка.rn
3. Пробајте Табата тренинг
rnТабата тренингот претставува додавање на дополнителни 20 секунди интензивно вежбање (до точка на забавено дишење) во вашиот тренинг и 10 секунди пауза во 8 повторувања. Со овој трик вашето тело ќе продолжи да согорува калории долго откако вашиот тренинг ќе заврши. Примери за Табата тренингот се: скокање со јаже, возење велосипед и слични активности.rnrnrn
4. Одморете се
rnПреголемиот стрес е голема закана за вашата тежина. Кортизолот е хормонот за стрес кој се залепува на маснотиите задржувајќи ги на колковите, стомачните мускули и бутините. За да го намалите нивото на кортизол во организмот барем еднаш во денот одвојте време да се релаксирате. Седнете во опуштена позиција, затворете ги очите и кажете мантра како „Опушти се“ или „Сѐ ќе биде во ред“ и повторувајте ја додека земате спори, длабоки воздивнувања, околу 10-тина минути.rn
5. Послушајте ја вашата интуиција
rnАко го слушате вашето тело што ви говори во врска со задоволувањето на гладот, тоа ќе ви помогне во битката со килограмите. Следниот пат пред да одлучите што ќе јадете, обратете внимание која храна ви се допаѓа и зошто. Ако посакувате нешто слатко, тоа можеби е знак дека ви е потребна енергија. На пример Сникерс претставува синоним за енергетска храна, но поздрава варијанта е јаткастото овошје.rnrnВитамините и минералите кои се многу важни за различните функции на вашиот организам доаѓаат од голем број разновидни намирници, кои, ако ги слушате сигналите од вашиот организам, освен што ќе ја задоволат вашата желба за храна, ќе ви помогнат и да се чувствувате здраво и убаво.rnrnrn
6. Уживајте во првите 4 залчиња, а потоа преминете на друга храна
rnКога сте на диета истата храна брзо знае да ви здосади и затоа се откажувате од здравата исхрана. Место да јадете во квантитет, фокусирајте се на квалитетот на вашата храна. Ако досега не сте забележале, првите залчиња се секогаш оние кои се најмногу слатки, па затоа после нив сменете ја храната, така таа нема да ви се смачи, а и ќе јадете многу помалку.rn
7. Пешачете веднаш после оброкот
rnПешачењето е одличен начин да ги согорите калориите, но е уште поефективно ако го практикувате веднаш откако ќе се најадете. Научниците тврдат дека ако пешачите одма после оброкот, ќе добиете подобри резултати од вашето слабеење отколку ако чекате неколку саати, а затоа што пешачењето не е многу интензивно, не може да предизвика грчеви во стомакот.rn
8. Започнете го оброкот со супа или салата
rnАко стартер на вашиот оброк е супа или салата ќе внесете 20% помалку калории за време на јадењето или вкупно на дневно ниво.rnrnrn
9. Впијте ја сончевата енергија
rnНаучно е докажано дека подебелите луѓе имаат помал процент на витамин Д отколку послабите. Ако се изложите барем 15 минути на топлите сончеви зраци, ќе го зголемите нивото на витаминот Д3 којшто е важен затоа што ви овозможува да извршувате брзи физички активности како скокањето, и на тој начин ги зголемува вашите атлетски способности. Освен што ќе се здобиете со витамин Д, ќе се расположите, ќе се исполните со енергија и ќе бидете поспособни за работа.rnrn rnrn
Автор: Софија СионоваrnrnЧестопати слушаме дека многу е важно што конзумираме во утринските часови. Вообичаено луѓето најчесто јадат нездрава храна која лошо влијае на организмот, а луѓето кои се на диета го прескокнуваат првиот оброк што пак, е подеднакво лошо како и нездравата исхрана. Треба да се направи баланс помеѓу диетите притоа задоволувајќи го гладот, и внимавајќи храната да биде здрава за да не може да ви наштети.rnrnrn
1. Овесна каша
rnОвесот е со цело зрно, има мал број маснотии и е нискокалоричен. Има убав вкус кој сепак е доволно лесен така што во него може да се додадат други продукти како свежи банани, бобинки или нешто слично. Може да декорирате со суво овошје како грозје или со лешници за да биде уште повкусно.rnrnrn
2. Ѓеврек
rnНе се чудете зошто е додаден на листава. Иако е здрав за конзумација, сепак треба да се искористи креативност. Изберете потенок ѓеврек наместо подебел и намачкајте го со путер од кикирики или друг нискокалоричен намаз по ваш избор. Додадете свежо овошје по избор и вкусниот, а сепак лесен оброк е спремен.rnrnrn
3. Житарици
rnЖитариците се важен извор на диетални влакна, но сепак мора да внимавате при изборот. Треба да купувате житарици кои имаат ниска вредност на масти и калории, а голема вредност на влакна. Додадете кисело млеко или јогурт и неколку лажици малини и лешници за да ви биде уште повкусно. Житариците ќе ве заситат дури до ручекот.rnrnrn
4. Омлет
rnЈајцата се сметаат за најефективната храна за слабеење, па омлетот не е исклучок. Тој се смета за прекрасен појадок без масти и има висока енергетска вредност бидејќи јајцата се богати со протеини. Измешајте 2-3 јајца, а потоа додадете и малку кромид, пригответе ги во тефлонско тавче, а подеднакво добро со убавиот вкус одат и нискокалоричниот мајонез или кечапот.rnrnrn
5. Печени тост-лепчиња
rnСамата помисла на печени тост-лепчиња за појадок може да ви звучи чудно, но што ако ги претворите во нешто навистина вкусно и здраво? Намачкајте малку мед или путер од кикирики на лепчето, додадете сечкано овошје како јаболко или банана и уживајте во секое залче.rnrnrn
6. Смуди
rnАх! Како можете да заборавите да се напиете ладно смуди додека појадувате? Нема потреба да трошите пари на скапи сокови полни со калории. Пригответе свежо смуди во вашата кујна. Одмрзнете го вашето омилено овошје и дотурете кисело млеко или јогурт, добро измиксирајте го и испијте го до последната капка.rnrnrnrn
Ова се дел од проблемите со кои речиси секојдневно се соочувате доколку не јадете месо. Некои се смешни, други трагични, а најчесто сите овие ситуации ужасно ви одат на нерви.rnrnrnrn1.Вашите пријатели „месојадци“ гласно му објаснуваат на келнерот дека не јадете месо додека вие црвенеете.rnrn2. Преку глава ви е да слушате како ви солат памет за внесување протеини и железо, луѓе на кои едната рака им е речиси секогаш во вреќичка чипс и кои не слушнале за зеленчук.rnrn3. Некогаш луѓето со кои јадете почнуваат да се правдаат себеси зошто јадат месо. Всушност, тоа што не јадете месо не мора да значи дека сте организатори на протести против убивањето на животните.rnrn4. Најчесто претпоставуваат дека штом не јадете месо најверојатно вежбате јога, се храните здраво и медитирате три пати на ден. А вистината е дека го завршувате денот со неколку чаши вино и пржени компирчиња.rnrn5.Оние со кои се запознавате почнуваат да ви поставуваат прашања од типот на: Зошто не јадеш месо? Бидејќи ги сакаш животните? А што јадеш ако не месо? И да, често во мислите ве споредуваат со Фиби од „Пријатели“.rnrn6.Оние кои ве изнесуваат на вечера знаат да бидат претерано претпазливи во изборот на ресторан, што ве прави да се чувствувате како „посебен случај“.rnrn7. Ви се случило да заглавите во ресторан во кој буквално нема што да порачате, па порачувате повеќе леб на масата. Не е исклучок и ситуацијата кога безброј пати нагласувате да го изостават месото во вашата порција, но на крај, некако магично, имате месо во јадењето.rnrn8. Пријателите ве гледаат чудно, дури и ве осудуваат доколку носите кожа или крзно.rnrn9. Мислат дека не јадете месо бидејќи сте на некаква диета и се обидувате да ослабнете. Придружено со тоа добивате совети дека имате сосем нормална тежина и дека не би требало да слабеете.rnrn10. Големите празници се кошмар за вас. Имате ужасна желба да се прикрадете до фрижидерот и да си намачкате леб со маргарин, но знаете дека покрај мама и баба тоа е просто невозможно.rnrn11. Кога патувате во големи групи или кога се организира групен ручек, најчесто сте единствените или дел од ретките кои имаат забелешки и мора да нагласат дека не јадат месо, што другите го разбираат како пребарување и размазеност.rnrn12. Пријателите ви бараат совети за тоа како да држат зеленчукова диета иако вие не сте на никаков посебен режим на искрана.rnrn13. Луѓето мислат дека јадете зелени лисја по цел ден.rnrn14. Може да ви биде поставено прашање како на пример: Како тоа твојот/ата дечко/девојка јаде месо?!?rnrn15. Пријателите може да си постават предизвик кој ќе успее да ве натера да пробате свинско.rnrn16.Ако си женско, мајка ти, баба ти и нивните пријателки те прашуваат како планираш да си ги храниш децата? Дали ќе им го пренесеш „вегетаријанството“? Ама кога ќе бидеш трудна ќе мора да пробуваш секакви видови месо за и детето да јаде месо.rnrn17.Ве прашуваат дали сте вегани… или можеби припадници на некоја секта???rnrn18. Ве прашуваат дали сланината и вас ви мириса убаво.rnrn rnrn