Стотици години од сега, луѓето нашле начин да си ја вратат свесноста назад нив време, во луѓе од 21-от век, со цел да го спасат човештвото од застрашувачка иднина
rnГлавни улоги: Ерик Мекормак, Мекензи Портер, Неста КуперrnrnЖанр: научна фантастикаrnrnКреатор: Бред ВрајтrnrnПремиера:17 октомври 2016rnrnБрој на сезони:1rnrnВреметраење:45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка:8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПатување низ времето. Не постои ниту една личност на оваа планета што не би посакала да истражува во минатото или иднината на човештвото. Некои дури и би се вратиле назад во својот живот за да поправат одредени грешки или пак, би отпатувале напред само за да видат што ги чека. Но, што ако патувањето низ времето е единствениот начин да се спаси човештвото од работ на изумирање? Дали би се вратиле назад иако знаете дека тоа е патување во еден правец и дека никој не би знаел за вашата жртва, бидејќи по промената, големи се шансите и целосно да се избришете од постоење?rnrnrnrnТВ серијата започнува така што ни покажува неколку сцени во кои се одбројува смртта на одредени луѓе во 21-от век. Но, токму во моментот пред тие да умрат, почнуваат да чувствуваат силна главоболка и одеднаш говорот на телото целосно им се менува, давајќи ни до знаење дека тоа не е истата личност што ја гледавме до пред неколку секунди – иако го има истиот лик. Часовникот почнува да отчукува ново време, започнувајќи од 1, и сите овие личности за конец ја избегнуваат смртта.rnrnrnrnНивната мисија е да се адаптираат на животот што претходниот „сопственик“ на телото го живеел, без да покренат сомнежи. Па така, дел од нив одат во училиште, други на работа, а некои пак мора да се снајдат во рамките на семејството – со сопрузи и деца кои ги сакаат и ги познаваат подобро од кој било друг на овој свет. И сè тоа да го балансираат со нивната мисија, што е всушност спречување одредени настани да се случат и чекор по чекор, да го спасат човештвото и трагедијата што следува.rnrnrnrnСтанува збор за ТВ серија што е лесна за гледање, но и со доволно богата приказна за да ви го задржи вниманието до самиот крај. Секој лик има двоен живот, а тоа воопшто не е лесно да се издржи, па нивната борба за адаптација и баланс помеѓу две екстреми е одлично доловена, благодарение на добриот избор актери. Епизода по епизода, вие ќе откривате сè повеќе за овие херои и нема да можете да не ги засакате токму поради изборите што ги прават.rnrn
Откако 12 мистериозни вселенски летала ќе се појават ширум светот, професорката по лингвистика, Луиз Бенкс, ќе мора да најде начин да го интерпретира јазикот на вонземјаните
rnРежија: Денис ВилневrnrnУлоги:Ејми Адамс, Џереми Ренер, Форест ВитакерrnrnВреметраење:116 минутиrnrnПремиера: 11 ноември 2016rnrnЈазик:англискиrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа година имавме можност да гледаме голем број научно фантастични ремек-дела, особено во поглед на специјалните ефекти – бидејќи во секој од овие големи филмови акцентот беше ставен на акцијата и брзото темпо на развивање на приказната, што не ви дозволува во ниту еден момент да ви биде здодевно. Но, кога станува збор за уникатна и богата приказна, во толку популарен жанр, филмот „Пристигнување“ ги поместува границите.rnrnrnrnТимовите зад научно фантастичните филмови се обидуваат да ни престават сосема поинаков свет, различен од реалниот, но сепак доволно сличен за да можеме да се замислиме и самите во некоја од улогите на главните ликови. „Пристигнување“ го прави истото, но светот што ни го прикажува е толку реален, што едноставно нема да можете да не помислите дека истото би можело да ни се случи уште утре. Секој детаљ од филмот е толку добро вклопен во целокупната приказна, започнувајќи од самото дејство, па сè до реакциите на луѓето, што ќе ве измами на момент да помислите дека сите тие настани се случуваат околу вас, а не на големото филмско платно.rnrnrnrnЕјми Адамс и Џереми Ренер, кои ги толкуваат улогите на Луиз и Иан, маестрално ја завршуваат својата работа, доближувајќи ни го искуството од првиот контакт со вонземјанска раса до тој степен што можеме да го раскажеме како нам да ни се случило. Сепак внимавајте, секој кадар е парче од големата сложувалка што го дава одговорот на мистеријата зад пристигнувањето на вонземјаните, па мора будно да ги следите настаните бидејќи во спротивно нема да можете да го доживеете филмот во целост. Исто така, имајте на ум дека станува збор за бавен филм, па мора да бидете трпеливи, бидејќи приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.rnrnrnrnЗа споредба, начинот на кој се раскажува приказната, како и самиот тек на развивање на настаните, многу наликува на „Интерстелар“, па ако ви се допаднал тој филм, без сомнение ќе уживате и во овој.rnrn
Илјада години од денес… Со светот владеат совршени луѓе со чисти гени кои живеат во беспрекорно општество каде што сѐ е подредено на највисоката цел — одржување на совршеноста и чистење на населението од сите кои би можеле да ја нарушат. Една навидум изгубена девојка има моќ да го промени тоа…
rn
„…кога шетате по улиците на мојот град или во кој било друг град, може да забележите само луѓе со одлично здравје, прекрасни заби, бујна коса… Во овој наш свет, сѐ е совршено. Градот, паркот, луѓето.. Па, добро, сѐ освен мене…“
rnКупете ја книгата онлајнrnrnАко имате намера да ѝ дадете шанса на книгата „На работ од времето“, најпрво треба да знаете во што се впуштате. Се работи за книга од македонската писателка Моника Трајковска, издадена од книжевниот центар Антолог, која жанровски припаѓа во редот на научната фантастика, со елементи на љубов и авантура. Доколку ја следите македонската издавачка дејност, веројатно сте свесни дека овој жанр не се освежил со ново книжевно дело многу години, па токму тоа може да биде и вашиот прв предизвик за да ја прочитате оваа книга. Иако жанровски вака определена, сепак мора да се напомене дека се работи за современа популарна литература, какви што слични книги и нивни филмски адаптации во неколку продолженија сме склони да голтаме со голема жед и внимание изминативе неколку години. „Игрите на гладните“, „Различна“ и „Лавиринт“ се некои од нив.rnrn
rnrnКафе пауза доделува два примероци од книгата за нашите читатели.rnrnrn
rnrnЗа што се работи? Дејството веднаш нѐ фрла многу години напред во иднината, во постапокалиптично општество настанато како резултат на генетски мутации кои довеле до покосување на животите на многу луѓе. Со цел да се изборат со стравот од тотално уништување, луѓето со чисти гени успеале да изградат нова држава, Нов Почеток, распространета по линијата на екваторот и составена од градови во кои животот функционира добро, но според строги правила. Тие правила, меѓу другото, овозможуваат проширување на семејствата само со сто проценти чисти гени и комплетна компатибилност на брачните партнери. Во спротивно, би постоела опасност од раѓање на генетски мутирано бебе, што е апсолутно недозволиво. Но, што се случува со луѓето кои не се беспрекорно „чисти“? Оние кои преживеале се населиле надвор од новите градови, во разрушени средини каде што постојано се на штрек дека ќе бидат нападнати и тоа ќе биде крај на нивниот обид да го вратат светот во состојба како некогаш… како денес.rnrnВероника е млада девојка која целиот живот го поминала во еден од градовите на Совршените, но бидејќи нешто не било во ред со нејзините гени, никогаш не го напуштила домот на родителите. Сѐ до оној ден кога е приморана да излезе надвор од страв дека нејзините родители, а и таа самата, се во некаква опасност. Така започнуваат нејзините авантури. Но, надвор од нејзиниот град таа, сепак, не е сама. Најпрво ја запознава Дијана, со која за многу кусо време развива голема блискост и пријателство, а таа пак, ја води кон една напуштена болница каде ги запознава луѓето со чија помош ќе се обиде повторно да дојде до нејзините родители. Меѓу нив се професорот, научникот Туари, Марко (млад амбициозен истражувач кој има некаков недефиниран однос со Дијана) и Мартин. Тие овде имаат лабораторија во која ги истражуваат гените со надеж дека ќе дојдат до сознанија кои ќе можат да го променат човештвото.rnrnrnrnЛикот на Вероника, која воедно е главниот лик и носител на дејството во романот, е пренесен во прво лице еднина, што на читателот му овозможува поблиску да се запознае со нејзините размислувања, емоции и ставови. Ова можеби нема да му се допадне секому, па иако се работи за вкус кон различните стилови на пишување, незанемарлива е улогата на вештината со која тоа е овде направено. Од друга страна, уште веднаш се навестува дека Вероника е различна (живеела 19 години без воопшто да погледне од прозорците во нејзиниот дом), па излегувањето надвор во светот неизбежно го менува нејзиното однесување, кое на моменти е наивно, детско, па дури и пренагласено, за понатаму да се развива во храбро и самостојно. Таа е вистинска хероина која ги движи нештата напред. Силно ни ги пренесува емоциите и ефектите од нив, па благодарение на нивото на детали, во секој момент знаеме како се чувствува и што размислува.rnrnМартин е ладно симпатично момче, кое постојано е облечено во црна облека од глава до петици и изгледа како да нема емоции кон другите луѓе. Сепак, и неговиот лик доживува трансформација, која по малку очекувано, се случува под влијание на Вероника.rnrnИ останатите ликови се носечки во текот на целото дејство, а особено позитивен впечаток остава ликот на Дијана, додека особено негативен (што значи добро доловен) — ликот на Човекот од огледалото.rnrnПокрај добро разработената психолошка страна на ликовите, авторката многу обрнала внимание и на описот на физичките карактеристики. Така, додека ја читате книгата, постојано ќе ги гледате црвените долги кадрици кои висат од главата на Вероника и секси изгледот на темноокиот Мартин. Подеднакво ефектно ќе го доживеете Човекот од огледалото со неговата иронична насмевка зад која не може точно да се разбере што се крие.rnrnПриказната има нелинеарно и непредвидливо дејство. Почнува со една делумно нејасна сцена за веднаш потоа да нѐ врати неколку месеци порано во домот на Вероника, и потоа да нѐ фрли во сивилото на урнатините од стариот свет, постојано воведувајќи нови ситуации, места и ликови кои се испреплетуваат и поврзуваат за на крајот да ја откријат својата важност и улога. Динамиката и текот на приказната повеќепати се менуваат и не постои класична кулминација од која понатаму би се очекувало целосно разоткривање и спуштање на дејството. Последните неколку глави пак, умешно ја комплетираат приказната, па така и го оправдуваат нејзиното продолжување со уште два други дела.rnrnrnrn„На работ од времето“ е типична приказна за дејство сместено во постапокалиптично време. Таа е и книга за гените, нивната мутација и употребата на напредна технологија за нивно тестирање, како и за праќање на луѓето во состојба во која можат да ги контролираат времето и просторот. На моменти ќе се почувствувате како да читате веќе познато научно-фантастично дело од овој вид, за на крајот да сфатите дека се работи за комплетно оригинална приказна во која со сигурност се вложени многу труд, време и креативност. Фантазијата на авторката е неоспорно видлива. Толку се живописни описите на просторите покриени со штитови кои овозможуваат совршена глетка, толку се детално опишани технолошките уреди и начините за идентификација во објектите, што на моменти како да може да се видат живите и флуоресцентни бои и магичните физички облици на времето замрзнато во мигот. Впрочем, описите се толку детални како да е книгата пишувана за филмско сценарио.rnrnСтилот на пишување е едноставен, по малку и слаткаст, претежно базиран на кратки реченици кои јасно ја пренесуваат мислата. На сметка на деталните описи и долгите интерпретации на размислувањата и емоциите на главниот лик, недостасуваат повеќе дијалози кои би овозможиле поцврсто и пофокусирано држење на читателот до приказната и поактивно пренесување на дејството.rnrnПрвата книга од трилогијата „Наследството на Вероника“ е апсолутно книжевно освежување. Верувам дека младата тинејџерско-адолесцентна публика ќе биде најнаклонета кон приказната, но делото генерално не поставува возрасни рестрикции. Иако се работи за идни и замислени дејства, кои вклучуваат сложени операции околу анализа на гени и употреба на напредни технологии, сето тоа е доволно јасно поставено за да би можела да го следи младата публика, а креативната приказна со екстремно високо ниво на детали не би го оставила рамнодушен ни повозрасниот читател. Па… дали вие сакате ја прочитате „На работ од времето“?rnrn
rnrnАко сакате да добиете примерок, оставете Фејсбук-коментар или пуштете твит вклучувајќи го хаштагот #НаРаботОдВремето. Со среќа!rnrn
rn
Автор: Ирина Мицов
rnrn
rnrnДобитници на книгата се Моника Ангелковска (преку Твитер) и Мартина Стојанова (преку Фејсбук). Им честитаме и се надеваме дека ќе уживаат во приказната.rnrn
Тајна владина организација ги регрутира најозлогласените негативци за да ги елиминираат натприродните закани во замена за намалување на затворската казна
rnРежија: Дејвид АјерсrnrnУлоги: Вил Смит, Виола Дејвис, Маргот Роби, Џаред Лето, Кара ДелевинrnrnВреметраење: 130 минутиrnrnПремиера: 4 август 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Одредот на отпишаните“ започнува онаму каде што „Бетмен против Супермен“ заврши – светот сѐ уште има потреба од добра одбранбена единица која ќе застане во првите борбени фронтови во битката против сите натприродни сили односно мета-луѓето.rnrnЗа таа цел владиниот агент, а воедно и најсуровиот и најнемилосрдниот лик во филмот – Аманда Валер, (Виола Дејвис) верува дека има дарба да ги натера луѓето да работат спротивно на нивните интереси и предлага наместо добри војници, да се регрутираат „најлошите од најлошите“.rnrnrnrnЗа својот проект таа ги избира најдобриот платен убиец во DC универзумот – Дедшот (Вил Смит), девојката на Џокер – Харли Квин (Маргот Роби), монструозниот убиец крокодил (Адевејл Акиноје-Агбаџе), пиро-кинетичарот Ел Диабло (Џеј Хернандез), австралискиот крадец Капетан Бумеранг (Џаи Кортни), најдобриот искачувач со јаже – Слипнот (Адам Бич) и Маѓесницата, чии способности излегуваат надвор од границите на (не)возможното (Кара Делевин).rnrnrnrnЗа да ги држи под контрола, Валер им става мали експлозивни направи во нивните вратови кои ќе се детонираат доколку одбијат послушност или се обидат да избегаат. За дополнителна помош, во бандата на убијци и психопати го вклучува и почитуваниот војник Рик Флег (Џоел Кинаман) и неговата десна рака – Катана (Карен Фукухара).rnrnСо фантастична актерска екипа и уште подобра музика, „Одредот на отпишаните“ е филм кој го брка нихилистичкиот стил на „Дедпул“ и безредниот каприц на „Чувари на галаксијата“ и своето брзо темпо го оправдува со интересните дијалози, хуморот, костимографијата и истражувањето на метачовечката психологија.rnrnrnrnКулминацијата настапува кога Маѓесницата решава да ги преземе работите во свои раце и одлучува да направи машина со која ќе го донесе крајот на светот. Нејзиното алтер его, археологот д-р Џун Мун (Кара Делевин) е една исплашена девојка која е свесна за злото кое го носи во себе и бара помош од човекот кој безусловно го сака – Рик Флег.rnrnrnrnКако поларна спротивност на нивната љубовна приказна, тука е лудата љубов помеѓу поранешниот психијатар во лудницата „Аркам“ – д-р Харлин Квинзел (Маргот Роби), подоцна позната како Харли Квин и најголемиот антагонист во Бетменовите приказни – Џокер (Џаред Лето), која и покрај сѐ останува цврста и необорлива.rnrnrnrnСценариото не дава голем простор за изградба на карактерната длабочина на ликовите што веројатно се должи на прескокнувањето на неколку клучни драмски етапи и неистакнатата турбуленција на финалните мигови, но затоа неодоливата харизма, шарм и досетливост на секој лик поединечно ќе ве натера да ја засакате нивната психопатска и криминална природа и да навивате за нивната победа.rnrnrnrnСо прикажувањето на животниот пат на секој негативец, „Одредот на отпишаните“ ќе ве натера да се запрашате дали правилниот избор, моралот, човечката ултимативна добрина, милост и одлучност се должат на разликата помеѓу антагонизмот и протагонизмот, помеѓу злото и херојството, или можеби на нивната огромна и на крајот неизбежна сличност.
Екипажот наидува на неистражени територии, каде што ќе запознаат моќни непријатели
rnrnrnРежија:Џастин ЛинrnrnУлоги:Крис Пајн, Закари Квинто, Сајмон Пег, Зои Салдана, Џон Чо, Антлон Јелчин, Карл Урбан, Софија БутелаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 21 јули 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКонечно пристигна најновиот дел од добро познатата обновена франшиза „Ѕвездени патеки“, каде што настаните се движат во малку поинаква насока од онаа на која досега бевме навикнати. Овој филм, за жал, е последниот во кој можеме да го видиме Антон Јелчин, кој неодамна го загуби својот живот во несреќа, како Чехов – карактер кој доби сосема нова димензија благодарение на самиот актер. Јелчин го претстави како разиграно момче кое ги освои срцата на сите млади девојки ширум светот и токму како таков уште долго ќе го помниме.rnrnrnrnСајмон Пег, кој овој пат презема и авторска одговорност, ни внесува многу забава и мудри досетки во самата приказна и без сомнение не се плаши да ги додели на својата улога, како главниот инженер Скоти. Тоа што е интересно во овој дел е фактот што можеме отворено да погледнеме во љубовниот живот на Сулу, кој овој пат го игра Џон Чо, бидејќи тој ни открива дека е дел од хомосексуална врска, со цивил надвор од Ѕвездената Флота. Тие исто така имаат и дете. Оваа врска не е многу нагласена, но пораката е сепак доволно јасна.rnrnrnrnКрис Пајн го задржува својот статус како еден од најсаканите ѕвездени капетани во историјата на Ѕвездената флота, и со својот перформанс продолжува да ни открива нови и интересни страни на Кирк. Но, вистинската ѕвезда, како и во претходните делови, е беспрекорниот Спок, претставен од страна на Закари Квинто. Тој внесува логичка смиреност, необичен хумор и романса каква што досега не сме имале можност да видиме од Вулканец (особено не од страна на големиот Спок). Тој едноставно владее со филмот со само едно подигнување на својата веѓа. Без Спок, приказната не би била целосна.rnrnrnrnПричината поради која овој дел се разликува од останатите, во позитивна смисла, секако, е бидејќи акцентот на претходните два дела е ставен на собирањето на екипажот (во првиот филм) и потрагата по злосторник и откривањето голем заговор (во вториот филм), додека тука приказната се врти околу истражувањето, што е и основната мисија на овој екипаж. Тие ќе се најдат заробени на вонземјанска планета, каде што дефинитивно нема недостаток на акција, но сепак центарот на настаните се задржува на земјата – конечно овозможувајќи ни подобро да погледнеме кон карактерите на главните ликови.rnrnrnrnСо поделбата на екипажот, се менува динамиката која ја видовме претходно и резултатите се одлични. Ухура, зад која стои Зои Салдана и Сулу се обидуваат да избегаат од негативецот Крол, Скоти и вонземјанката Џејла (Софија Бутела) работат на поправка на бродот, Чехов му помага на Кирк, додека пак најдобриот пар од сите, Боунс, кој го толкува Карл Урбан и Спок се обидуваат да преживеат во дивината. И покрај тоа што емоционалното изразување на Спок во овие сцени за некои може да биде претерано, сепак, треба да имаме на ум дека во овој универзум тој е подготвен повеќе да ја прифати својата човечка страна. Хемијата помеѓу Спок и Боунс е неверојатна и може да се каже дека тие го украдоа главното место на сцената во овој филм.rnrnrnrnОва се само дел од причините зошто овој филм храбро оди онаму каде што вреди да се истражува!
2 декади по првата инвазија, Земјата се соочува со нова закана од вонземни сили
rnРежија: Роланд ЕмерикrnrnУлоги:Лиам Хемсворт, Џеф Голдблум, Бил ПулманrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера:23 јуни 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко и вие неодамна решивте да го изгледате оригиналниот „Ден на независноста“ за прв пат по 20 години, тогаш сигурно пријатно сте се изненадиле од тоа колку е забавен. Како и секој друг филм, и тој има маани, но со оглед на тоа што бил снимен во 1996 година можеме лесно да поминеме над лошо напишаните дијалози и да се фокусираме на сцените кои без сомнение успеваат да го задржат нашето внимание. Но, дали истото може да се каже и за продолжението?rnrnrnrn„Ден на независноста: Нова закана“ е масивен спектакл кој го бара целото ваше внимание, но не ги задоволува сите ваши барања. Земјата која преживеала вонземјанска инвазија пред 20 години сега е утопија со многу напредна технологија. Благодарение на технологијата која била извлечена од нивните бродови во 96-та, светот е многу поразличен и го заштитува моќен систем за одбрана кој е под контрола на глобалната агенција за вселенска заштита на Земјата која има пунктови на месечината и Сатурн.rnrnrnrnСпоред тоа што можеме да го видиме, на Земјата владее глобален мир, бидејќи луѓето решиле да ги стават зад себе сите мали конфликти по борбата со застрашувачкиот непријател. Но, како што се доближува 20-годишнината од последниот напад, нештата едноставно мора да тргнат наопаку. Токму 2 дена пред 4-ти јули, еден од напуштените вселенски бродови кој се наоѓа некаде во Африка ги вклучува повторно своите светла и испраќа сигнал до флотата меѓу ѕвездите. Тоа е и причината зошто вонземјаните се враќаат назад на Земјата, барајќи одмазда и обидувајќи се да го покорат човештвото еднаш за секогаш. Но, овој пат, со многу, многу поголем брод!rnrnrnrnПрвата половина од филмот е интересна и лесно ќе уживате во неа додека ги јадете вашите пуканки. И кога вонземјаните ќе нападнат, специјалните ефекти се навистина импресивни и водат кон моменти кои без сомнение ќе ви го забрзаат срцето. Масивното уништување е застрашувачко за гледање! Но, потоа почнува вториот час, каде што филмот полека се распаѓа. Сценаристите се обидувале да задржат многу од нештата кои „успеале“ првиот пат и со тоа ни предизвикуваат чувство на дежа ву – но, во негативна смисла.rnrnrnrnТоа што можеби би нè изненадило во 90-тите, 20 години подоцна ќе ни предизвика да ги превртиме очите и да се насмееме погрдно. На кратко, филмот изгледа како да е копија на оригиналот, но со подобри специјални ефекти. Сепак, тоа не значи дека за џабе би ги потрошиле овие 2 часа од вашиот живот. Има неколку навистина интересни моменти, особено во делот на технологијата, додека пак специјалните ефекти како и секогаш претходно, ќе ве остават целосно без зборови.rnrn
Царството Азерот е на работ од војна како што неговата цивилизација се соочува со страшните воини – орките, кои се обидуваат да го напуштат својот уништен свет и да колонизираат нов
rnРежија: Данкан ЏоунсrnrnУлоги:Травис Фимел, Пола Патон, Бен Фостер, Доминик Купер, Тоби КебелrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 9 јуни 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnВоркрафт е создаден за уживањето и задоволството на фановите на оригиналната видео игра. Позајмува бројни имиња, концепти па дури и специфични локации од изворниот материјал, паралелно успевајќи да претстави еден безграничен мултиплеер систем, кој веќе со години се истражува, во форма на генерички, општ наративен режим.rnrnrnrnЕтапите на драмското дејство се одвиваат во редослед, разработувајќи ја идејата на првиот контакт и последично конфликтот помеѓу орките и луѓето, помеѓу преживувањето и традицијата и за прашањето колкав дел вреди да се изгуби од себе, за да се продолжи да се живее. Воркрафт е филм во чија приказна никој не ја зема улогата на традиционалниот филмски злобник и никој не е бестрашниот херој. Сите имаат своја гледна точка во која сечиј мотив може да се оправда.rnrnrnrnОрките се воена раса чии сила и смелост се отсликуваат во нивната брутална природа и борбените извици. Главниот протагонист, Дуротан (Тоби Кебел), е рамнотежа на суровото и чесното – кога не војува, поглаварот говори со изразита човечност и хуманост кои стојат како контраст на неговото потекло и појава. Така, филмскиот портрет на орките, освен што е верен на оригиналната приказна, иронично произведува ликови со кои многумина би се идентификувале многу повеќе отколку со луѓето.rnrnrnrnЛуѓето пак, земајќи ја одбранбената позиција, се попрепознатливи, но не и повеќе интересни од своите противници. Во првите борбени редови се истакнува Лотар (Травис Фимел), кој стои како човечка паралела на Дуротан и заедно со надарениот волшебник Кадгар (Бен Шнецер), се бори со една цел во мислите – да го заштити кралот, а со тоа и својот род, од злобниот Гулдан (Даниел Ву). Како „златната средина“ се издвојува Гарона (Пола Патон) – половина орка и половина човек, чија судбина е да донесе мир помеѓу двете раси.rnrnrnrnФилмот е визуелна гозба каде ниеден ефект не е ниту вишок, ниту недостасува, а со своите пејсажи и композициски богата музика потсетува на омилените авантуристички филмски класици. Како и последните научнофантастични акции, Воркрафт ја следи долго практикуваната холивудска формула на драмски развој: Морална дилема, општествено важни теми, фантастична компјутерска технологија и неразрешено дејство, што ја држи публиката во неизвесност и ја подготвува за идните продолженија.rnrnrnrnСо цел подобро да ја раскаже приказната, филмот свесно го изоставува оној партиципативен елемент којшто ги претставува светските играчи чии лични авантури, искуства и внимателно создадени ликови даваат живот на базичниот, структурен концепт. Како резултат гледаме филм со низа очекувани бајковити елементи каде големата победа не е толку слатка, одмаздата не носи задоволство, и каде дури и најхеројските дела се прават под сенката на предавството.rnrnrnrnСоздаден под амбициозната режија на Данкан Џоунс, Воркрафт може да се нарече паметна студија на случај од еден уникатен филмски работник кој се обидува да го направи својот глас силен, слушнат и прифатен во моторот на големата, корпоративна продукциска машина.rnrn
Идните херои под водство на професорот Икс и Мистик се соочуваат со Апокалипса и неговите 4 јавачи со цел да го спасат светот од глобална катастрофа
rnРежија: Брајан СингерrnrnУлоги: Џејмс Мекавој, Мајкл Фесбендер, Џенифер Лоренс, Николас ХолтrnrnВреметраење: 147 минутиrnrnПремиера:19 мај 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСпиејќи скоро цел милениум, првиот мутант на светот – Ен Сабах Нур (Осакр Исак) повторно се враќа во живот и е незадоволен од текот на настаните во последните неколку векови. Претставен како синоним за сите имиња на Бог, а всушност неговата поларна спротивност, Ен Сабах Нур или Апокалипса одлучува да ги преземе работите во свои раце и да ги искористи своите моќи за да го оствари она што по неговата ментална слика го смета за добро.rnrnКако што ги регрутира 4-те јавачи на апокалипсата, Професорот Икс (Џејмс Мекавој) и неговите студенти мораат да најдат начин да ги запрат силите на злото кои сакаат да му стават крај на светот кој го познаваме.rnrnrnrnСместен во 80-тите години на минатиот век, „Икс-Мен: Апокалипса“ е филм кој го следи добро познатиот шаблон од претходните филмови кои ги разработуваат приказните за (не)згодите на мутантите, но и луѓето, како и препознатливиот режисерски стил на Брајан Сингер: Ја претставува приказната за потеклото на херојот и подемот и падот на негативецот. Постои еден искрен квалитет на сензибилноста која понекогаш се манифестира како видлива темнина која ги двои, но и ги спојува пријателите и непријателите.rnrnrnrnГи гледаме Професорот Икс и Магнето (Мајкл Фесбендер), но ги гледаме и одлучниот и тврдоглавиот идеалист Чарлс и прагматичниот Ерик кој функционира по принципите на Макијавели – две спротивни страни на паричката кои од себе го вадат најбазичното, најдоброто, најлошото и најчовечното. Ги гледаме Мистик (Џенифер Лоренс) и Ѕверот (Николас Холт), но ги гледаме и бестрашната хероина Рејвен и физички, но и психички силниот Хенк.rnrnrnrnМожеби поинтимен конфликт би бил посоодветен за сценариото, доколку се земе предвид тежината која самиот филм како проект и уметнички производ ја носи, но можеби тоа е проблем инхерентен и забележлив само во тимската динамика на Икс-Мен. Франшизата, по својата структурна природа, претставува неколку херои чии ликови не се подредени по нивната историска важност која ја црпат од оригиналните стрипови, туку по минути поминати на филмското платно и холивудската важност и хиерархија, што понекогаш може негативно да се изрази на квалитетот на финалниот производ.rnrnrnrnСѐ на сѐ, „Икс-Мен: Апокалипса“ е филм кој е прифатлив завршеток на трилогијата која стои како почеток на светот кој го следиме уште од 2000-тата година и ги задоволува очекувањата и желбите на секој фан чија посветеност се отсликува во возбудата дури и за најситните детали. Но, доколку идејата за продолжената Дарвинова еволуција на човекот ви делува невозможно, неверојатно, фантастично, па дури и магично, тогаш веројатно нема со нетрпение да го очекувате појавувањето на секој нов лик чие сценско присуство и животна приказна постепено ќе ве доведат до кулминацијата.rnrnМутанти и горди на тоа.
Низа суперхерои застануваат на спротивните страни во политичката дебата помеѓу слободата и безбедноста
rnРежија: Антони и Џо РусоrnrnУлоги: Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Себастијан Стан, Даниел БрулrnrnВреметраење: 147 минутиrnrnПремиера: 05 мај 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка:9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Капетан Америка: Граѓанска војна“ е тематски амбициозно прославување на суперхеројскиот филмски жанр кое, и покрај своите фантастични теми, успева да ја задржи човечноста. Како и самото сценарио што го обработува, „Граѓанска војна“ е судир на спротивности – хумористичен и паралелно доволно сериозен; темен и истовремено ведар и енергичен; забавен, акционен, физички и истовремено психолошки поткован филм кој во ниеден момент не го симнува спектакуларниот стандард по цена на тежината на својата митологија.rnrnrnrnСо бројните суперхерои, филмот може да се нарече ново полупродолжение на „Одмаздници“ каде секој има своја причина и филозофска длабочина со што ја докажува својата присутност. Главниот антагонист во филмот, Барон Земо (Даниел Брул) е вешт манипулатор кој ги држи конците во свои раце, управувајќи под мотото „Раздели па владеј“; Баки Барнс (Себастијан Стан) се обидува да го искорени својот внатрешен крволочен убиец – Зимскиот војник; Ванда Масимоф (Елиазбет Олсен) и Визија (Пол Бетани) се обидуваат да се соочат со гравитацијата и импликациите на нивните моќи;rnrnrnrnКлинт Бартон (Џереми Ренер), Сем Вилсон (Антони Маки) и Џејмс Роудс (Дон Чидл) стојат како синоними за лојалноста и стабилноста, додека Наташа Романоф (Скарлет Јохансон) како и вообичаено си поигрува и на двете страни. Од новите ликови, Питер Паркер (Том Холанд) е оној Спајдермен чија приказна конечно го оправдува неговото суперхеројско име и кој го чекавме со години, а неговото височество Т’чала (Чедвик Босман) е Црниот Пантер чие чувство за правда и слобода може да се мери со она на Капетан Америка.rnrnrnrnВо режија на незаменливото филмско дуо, браќата Русо, „Граѓанска војна“ ни го покажува конфликтот помеѓу Тони Старк или Железниот човек (Роберт Дауни Џуниор) и Стив Роџерс или Капетан Америка (Крис Еванс) кои застануваат на две различни страни во борбата за и со интернационалното право. Капетан Америка, доследно на своето минато, верува дека прецедентот е опасен и дека најбезбедните раце се сѐ уште оние на одмаздниците, а Железниот човек верува дека прецедентот е прагматичен кога ќе се земат предвид невините жртви и колатералната штета која хероизмот може да ја предизвика.rnrnДвајцата имаат солидна перспектива и двајцата се во право со опција да го решат проблемот со добра комуникација, но наместо со реторика се одлучуваат тоа да го сторат со сила, бруталност, одлучност и стратешки тактики.rnrnrnrnСо својата неочекувана свежина, филмот го руши суперхеројското клише и наместо повторливи мотиви ја разработува големината, себичноста и емоционалноста на воените дела, прашањето дали недолжните жртви ја негираат правдата на една благородна мисија, цената и привлечноста на одмаздата и постојаните внатрешни борби на хероите кои се обидуваат да ги докажат и оправдаат своите минати и сегашни дела.rnrnСето тоа комбинирано дава значаен, симболичен проблем на одговорност, транспарентност и предвидување во форма на една Шекспирова трагикомедија на личен конфликт и лојалност. Вистинската победа не припаѓа ниту на тимот Железниот човек, ниту на тимот Капетан Америка, туку на тимот Марвел.rnrn
Најголемите херои на планетата и пошироко застануваат на двете спротивни страни на фронтот во битката за опстанокот на човештвото
rnРежија: Зек СнајдерrnrnУлоги: Бен Афлек, Хенри Кавил, Ејми Адамс, Џереми Ајронс, Гал Гадот, Џеси АјзенбергrnrnВреметраење:153 минутиrnrnПремиера: 23 март 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТемниот витез или челичниот човек? Кој ќе извојува победа во идеолошката битка помеѓу двајцата најголеми титани во поп културата е прашање кое долго време се дебатира од училишните дворови до големите бизнис сали за конференции. Додека едниот е човек кој верува дека со своите ресурси може самостојно да ја донесе правдата во светот и да го спаси од корупција, другиот е една виртуелно неуништлива фигура на спасител, вселенски месија чие име стои како синоним за силата, истрајноста и одговорноста.rnrnrnrnВо долго очекуваното продолжение на „Челичниот човек“ ја следиме приказната на најголемите херои од DC Comics, кои наместо да ги соединат своите сили и заедно, како последна надеж на човештвото, да застанат против светското безредие, тие се вртат еден против друг и мотивирани од своите емоционални импулси, буквално ги преобликуваат градовите со нивните лица. „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ е филм кој структурално и содржински се обидува да го достигне триангуларното дејство на маестралниот „Темниот витез“ од режисерот Кристофер Нолан кој до ден денес го држи златниот стандард за суперхеројските филмови.rnrnrnrnАктерската екипа дава солиден перформанс, каде најголемите пофалби ги носи Бен Афлек кој ни ја покажува онаа монструозна, неистражена страна на Брус Вејн, кој и покрај неговата одлучност, генијалност и издржливост, сепак не останува имун на кошмарите и психичката длабочина која го обликува неговиот повеќе од потребен херој. Хенри Кавил го покажува својот Супермен како метачовек поделен помеѓу идеологиите на Кларк Кент и Кал-Ел, кој се обидува да му докаже на човештвото дека неговата суштина не смее да стои како симбол на неуништливоста и стравот, туку како симбол на правдата. Дека идејата на неговото исконско име не смее да се гледа како оружје за масовно уништување, туку како заштитник на мирот.rnrnrnrnЧовекот кој уште од самиот почеток ги држи конците во рацете, манијакалниот манипулатор кој си игра со животите на другите и главниот антагонист во приказната олицетворен во психотичниот Лекс Лутор (Џеси Ајзенберг), иако малку претеран, сепак прикажува еден технолошки гениј кој верува дека божественото е всушност човечко и кој, достојно на секоја психопатска особина, е способен да го жртвува целиот свет за да ја постигне својата цел. Во филм каде секој сака да се доискаже, Гал Гадот ни претставува една Дијана Принц која ја цени и практикува дарбата на молчењето и ни дава солиден приказ на храбрата амазонка која отсекогаш се двоумела дали нејзината моќ е навистина потребна за луѓето.rnrnrnrnМузиката е повеќе од фантастична, што е и очекувано, доколку се земе предвид фактот дека станува збор за Ханс Цимер кој ја има таа ретка композиторска вештина да направи да заборавите дека постои музика која го прати филмот, бидејќи таа совршено соодветствува со дејството. Сценариото е на моменти конфузно и има недостаток на хумор и конструктивен дијалог, но, она што може да се каже дека е вистинскиот криптонит за филмот е режијата на Зек Снајдер, кој слично на своите претходни проекти, го става фокусот на визуелната естетика, наместо на наративата и карактерното развивање. Но, и покрај неговата техника повеќе да размислува во слики и кадри, отколку во текст, гледаме еден огнен спектакл во кој филозофијата не игра голема улога, но својата вистина и својата убавина ги крие во универзум на вистински тероризам каде есенцијалниот контекст не се гледа во победата, туку во падот на херојот.rnrn