Во епското финале на оваа сага, Томас води група избегани Глејдери на нивната последна и најопасна мисија досега
rn
Режија: Вес Бол
rn
Улоги: Дилан Обрајан, Ки Хонг Ли, Каја Скоделарио
rn
Времетраење: 142 минути
rn
Премиера: 26 јануари 2018
rn
Јазик: англиски
rn
Жанр: акција, трилер, научна фантастика
rn
Наша оценка: 9/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rn
rn
rn
Ако сте љубители на оваа франшиза, инспирирана од трилогијата книги со истото име, тогаш воопшто нема да бидете разочарани од третото и последното продолжение. Поради повредата на Дилан Обрајан, актерот што го толкува главниот лик – Томас, премиерата на филмот многу се одложи (скоро 2 години) создавајќи огромно исчекување и зголемување на очекувањата на фановите, но верувајте ми, чекањето тотално се исплатеше! Јас уште стојам на моето размислување дека филмовите се многу подобро составени отколку книгите (што ретко се случува во филмски адаптации на книги), и дека секое продолжение е подобро од претходното (повторно, што ретко се случува и со продолженијата), правејќи го овој дел најдобриот досега.
rn

rn
„Лек за смртта“ е полн со акција, тензични сцени, срцепарателни моменти и секако, многу незаборавни мигови со едни од најдобрите и најцврстите пријателства што сме имале можност да ги гледаме на големото филмско платно. Можеби има малку повеќе зомбиња одошто треба, монотон љубовен триаголник (што некако секогаш се појавува во овој жанр филмови) и смешно „воскреснување“ на еден од ликовите од претходните делови што мислевме дека е мртов, но ако овие ситници се тргнат настрана, останува брилијантно изработена приказна и епски крај на франшизата што освои голем број срца ширум светот.
rn

rn
Доколку сè уште не сте ги гледале првите два дела, Лавиринт: Невозможно бегство и Лавиринт: Бегство низ пустошот, ви препорачуваме да го сторите тоа веднаш. Можете дури и да ги прочитате книгите, ако сте љубители на постапокалиптичните дистописки приказни, но имајте на ум дека приказната е многу променета во филмовите, и некои од ликовите, како Томас, се скоро непрепознатливи, па може да не ви биде толку интересно. Но, ако сте отворени за друга верзија на нивниот свет, тогаш може и да се изгубите во страниците. Како и да е, филмот навистина вреди да се погледне, па ако имате време викендов, направете го тоа – гарантирам дека нема да зажалите.
rn


rnrnУште пострашна е неговата кратка приказна „Одговор“ (Answer) која иако била напишана во 1954 година, многу лесно би можела да се вклопи во следната сезона на ТВ серијата „Црно огледало“. Таа започнува вака:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Дван Ев церемонијално ја залеми последната врска со златото. Очите на дузина телевизиски камери го гледаа и подетерот пренесе дузина фотографии од она што го правеше низ целиот универзум. [/message_box]rnrnКако што можете да забележите, Дван Ев привршува некаков суперкомпјутер од галактички размери. Станува збор за единствена мрежа на вештачка интелигенција која ќе ја поврзе целата цивилизација преку притискање на едно единствено копче.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnОва копче ќе ги поврзе сите компјутерски машини на чудовиштата од сите населени планети во универзумот, од сите 96 милијарди планети. Ова суперколо ќе ги поврзе сите нив во еден суперкалкулатор, во една кибернетска машина која ќе го искомбинира сето знаење од сите галаксии.rnrnЗастана за момент за да ги поздрави трилионите гледачи чии очи беа залепени за екраните за да го видат овој несекојдневен момент. И потоа тој го притисна копчето.rnrnНастана моќен шум, ненадеен напон од енергијата на 96 милијарди планети. Светлата блеснаа и замолкнаа долж инструменталната табла која беше долга неколку километри.rnrnКога машината оживеа, Двар Ев се повлече и му понуди на партнерот Двар Рејн да го постави првото прашање.rnrn
rnrnПрвото спомнување на теоријата за крионика може да се најде во кратката приказна „Сателитот Џејмсон“ (The Jameson Satellite) напишана од Нил Р. Џоунс во 1931 година. Главниот лик, професор Џејмсон, сака да го однесе својот труп во орбитата на Земјата со надеж дека таму ќе се зачува благодарение на температурата од апсолутна нула. Но, концептот на човечка крионика се прославил дури во 1947 година, благодарение на Роберт Етингер, кој е познат и како таткото на криониката. Истата година тој напишал кратка приказна „Претпоследниот адут“ (The Penultimate Trump). Оваа приказна го создала првиот човек кој го промовирал замрзнувањето на мртво тело со надеж за подоцнежно воскреснување.rn
rnrnВештачкото месо прв пат било спомнато во новелата „Две планети“ (Two Planets) напишана во 1897 година од Курд Ласвиц. Во неговата книга, синтетичкото месо е само дел од синтетичката храна која Марсовците им ја претставиле на Земјаните.rn
rnrnВо 1865 година, Жил Верн ја издал својата книга „Од Земјата до месечината“ (From the Earth to the Moon) во која опишал огромен вселенски пиштол кој можел да лансира проектили директно на месечината. Еден век подоцна, леталото Аполо 11 слета на месечината. Леталото го носи името кое Верн го предвидел, а бројот на луѓе на екипажот бил ист како во книгата на Верн. Тој дури успеал и точно да го опише чувството на бестежинска состојба на астронаутите.rn
rnrnНовелата на Морган Робертсон, „Уништувањето на Титан“ (The Wreck of Titan) била издадена во 1898 година и раскажувала за брод кој не можел да потоне, но удрил во ледена карпа. 14 години подоцна, најголемиот брод кој бил направен дотогаш – Титаник, го почнал своето патување и потонал во истите услови како во книгата на Морган.rn
rnrnВо книгата „Ослободување на светот“ (The World Set Free), Х. Г. Велс предвидел дека рачни гранати од ураниум со бескрајна моќ ќе уништат многу животи во иднината. 31 година по книгата, лансирана е првата атомска бомба во Хирошима.rn
rnrn„Незадоволително решение“ (Solution Unsatisfactory), кратка приказна на Роберт Хајнлајн од 1941 година, раскажува дека САД почнува да прави нуклеарно оружје пред кој било во светот и станува единствена суперсила на планетата. Роберт исто така ја опишал и трката, односно обидот другите нации да направат слични бомби. Подоцна, сите овие настани се случиле во периодот на Студената војна.rnrnПродолжува на 
Главни улоги:
rnrnТрите главни лика се Езра, Фина и Ејбрам. Сите тие имаат различно потекло и се одново вратени во живот во годините кога биле најздрави и најсилни, со променети гени, правејќи ги малку помоќни од претходно. Езра (Чед Мајкл Колинс) веднаш ги покажува своите лидерски способности, брзо преземајќи ја улогата на лидер на триото кое покрај него го сочинуваат и Фина (Викторија Аткин) и Ејбрам (Јорк Фрајер). Нивните карактери се детално изработени, со богата историја, правејќи ги совршени за мисијата која ја добиваат – враќањето на човештвото на планетата Земја!rnrn

Режија:
rnrnШто се однесува до приказната, таа го следи типичниот образец на Марвел – многу акција, брзо темпо на развивање на настаните и совршена количина хумор за да се смеете во текот на целиот филм додека истовремено уживате во ефектите и егзибициите на младиот човек-пајак. И да, Питер Паркер е центарот на настаните во овој филм, но според мене, приказната не би била толку успешна без Мишел – спореден лик одигран од страна на Зендаја. Таа се појавува во совршено одбрани моменти и со само неколку реченици го врти сценското светло кон себе. Брилијантно изведено. И секако не смееме да го заборавиме дебелкиот пријател на Питер, Нед (Џејкоб Баталон), кој ги исполнува сите стереотипи за „човекот зад тастатурата“ – оној што им помага на суперхероите.rnrn
rnrnИ за крај, ако сте вистински љубители на филмовите на Марвел, тогаш сигурно знаете дека секој филм има една или повеќе дополнителни сцени по завршувањето на листата со сите оние што работеле на филмот. Овој пат ќе мора да почекате малку подолго, но ви гарантирам дека чекањето ќе се исплати! Не заборавајте – има 2 сцени, а онаа што вреди да ја почекате е на самиот крај од филмот.
Режија:
rnrnНема сомнеж дека ѕвездата на филмот е бебето Грут, кое ѝ дава посебно освежување на приказната, како и уникатна жичка што не може да помине незабележана. Ако мислевте дека постариот Грут е незаменлив, тогаш подгответе се за неговата бебешка верзија – тој со само една сцена (во овој случај првата), ќе најде пат до вашето срце и ќе ве натера да го засакате толку многу, што ќе посакате да го чувате близу до вас и секојдневно да се грижите за него. Мора да се нагласи и урнебесното и заразното смеење на Дракс, што преовладува низ голем број сцени во филмот, што ќе ви ја направи секоја ситуација позабавна и понезаборавна. На истата страница се наоѓа и откривањето на емоционалната страна на Рокет, што ќе ни помогне многу подобро да го разбереме овој лик и да сочувствуваме со него. И секако, не смее да се изостави хемијата меѓу Питер и Гамора, што ќе ви ја разбуди страста во вашето срце.rnrn
rnrnВо овој дел имаме можност да дознаеме и нешто повеќе за Небула, како и за нејзиниот однос со сестра си, Гамора. Ова малку наликува на односот меѓу Тор и Локи, но од сосема поинаква перспектива. Исто така откриваме и многу повеќе информации за минатото на Јонду, како и за неговиот однос со Питер – нешто што многу недостасуваше во првиот дел. Овој пат, ќе бидете задоволни од тоа што ќе го дознаете, па да ве предупредиме уште веднаш – направете место во вашето срце и за него, уште пред да влезете во кино салата или да го пуштите филмот на вашиот лаптоп. Од друга страна пак, има и еден сосема нов лик, што ќе ви остави неверојатен и незаборавен впечаток. Станува збор за Мантис, мала и збунета вонземјанка со уникатна моќ што им дава сосема нова димензија на добро познатите чувари на галаксијата.rnrn
rnrnШто се однесува до самата приказна, таа е во истиот стил како и првата. Можеби ќе си кажете дека веќе видовме како тие ја спасуваат галаксијата, па по втор пат веќе нема да биде интересно – но, да не заборавиме дека тие се Чуварите на галаксијата – тоа е нивната мисија! И овој пат ја спасуваат галаксијата од нешто сосема поразлично, нешто што никогаш не би ви ни паднало на памет дека е можно. Его, односно татко му на Питер, игра голема улога во тоа, но да не ви издадам нешто што не треба, ќе застанам тука и ќе ви кажам само уште дека филмот вреди да се гледа, и тоа што побрзо, толку подобро!rnrnСѐ уште не сте го гледале првиот дел? 
Режија:
rnrnДа преминеме на главното дејство. Сигурно веќе знаете дека инспирацијата за овој филм е видео играта со исто име, како и аниме серијата и останатите приказни што подоцна биле напишани на истата тема. Сепак, иако се искористени некои клучни моменти од нив, филмот има сосема уникатна приказна што го издвојува од останатите. Од друга страна пак, иако се појавија многу критики за одбирањето на актерка што не е Азијатка за главната улога, сепак Скарлет Јохансон брилијантно ја претставува Мејџор и ја оживува на начин на кој досега не сме имале можност да го видиме. Таа делува доволно футуристички, за да нè одведе во поинаков свет, но и доволно реално за да си помислиме дека во иднина би можела да постои.rnrn
rnrnИако Мејџор е опколена со надградени човечки соборци, сепак не може да не се почувствува различно од нив. Тоа дополнително ќе ѝ влијае кога на една од нејзините мисии, ќе сретне мистериозен терорист-хакер и ќе почне да доживува грешки што ѝ укажуваат на голема мистерија околу неа. Што точно ќе открие таа, оставаме на вас самите да дознаете!
Режија:
rnrnПриказната започнува така што Вулверин, кој сега изгледа значително постаро од претходно, е опколен со група негативци што сакаат да го украдат и она малку што тој го поседува, без да знаат кому му се закануваат. Тој ги предупредува да не го нападнат, но секако тоа нема да успее. Исто како и сите останати споредни негативци, во сите филмови што досега сме ги гледале, тие брзоплето ќе го нападнат и тој ќе биде приморан да се брани на единствениот начин на кој знае – така што ќе ги убие сите. Овој лик отсекогаш бил на границата помеѓу херој и отпадник, па затоа и му треба еден вид мисија, односно поголема цел, за да може да се бори на страната на доброто. Оставен сам на себе, тој не е ништо повеќе од човек што се обидува да преживее, без да размислува на последиците. Ние го гледавме како поминува низ пекол, како ја преживува смртта на сите што некогаш ги сакал и сега сè што му преостанува е да продолжи да се бори, бидејќи за тоа и бил создаден. Но, за кого би го правел тоа? Одговорот на ова прашање е мало девојче, не постаро од 10 години.rnrn
rnrnДејството на овој филм е сместено во 2029 година, во еден вид постапокалиптична иднина. Ниту еден мутант не бил роден во последните 20 години, па тие на некој начин станале легенди што се пренесуваат од генерација на генерација преку стриповите и филмовите. Логан живее во изолирано место покрај американско-мексиканската граница и работи како возач на лимузина. Малкуте пари што ги заработува, ги користи за грижа на својот болен пријател Чарлс, односно професорот X, и според тоа што можеме да го забележиме, тие се единствените останати од својот вид. Но, тогаш ќе пристигне Лаура, 10-годишен мутант што целосно ќе го промени нивниот живот. Тоа што се случува понатаму, ќе ве оставиме сами да го доживеете, за да не ви го расипеме уживањето.rnrn



rnrnИако во „Легија“ не станува збор за оригинална приказна, сепак добриот избор на актери и примамливото темпо на раскажување една од најпопуларните научно фантастични теми ќе ви го задржат вниманието и ќе ве натераат веднаш да ја пуштите следната епизода за да дознаете нешто повеќе за фасцинантниот Дејвид. Ден Стивенс, што го толкува овој добро познат лик од светот на стриповите Марвел, е толку идеално избран за улогата, што воопшто не се забележува дека се труди околу глумата. Како природно да му доаѓаат сите движења, кои сами по себе се многу специфични за ликот.rnrn
rnrnЗа крај, да кажеме само уште неколку зборови за главниот лик, Дејвид, познат и како Легија. Ако сте љубител на светот на Марвел, ова ќе ви биде и повеќе од доволно за да ја пуштите првата епизода. Дејвид е млад човек со многу тешко минато. Тој бил дијагностициран како параноичен шизофреничар и од многу мал се движел од една во друга психијатриска болница. Но, по средбата со една необична пациентка, во која длабоко ќе се заљуби, тој ќе почне да сфаќа дека гласовите што ги слуша и визиите што ги гледа можеби не постојат само во неговата глава, како што досега сите му велеле. Всушност, уште во првата епизода откриваме дека тој можеби е и повеќе од човек…rnrn


rnrnКога имала 16 години, Мери се вљубила во Перси Шели, кој бил страстен обожавател на делата на нејзиниот татко и бил оженет во тој период. Тие оделе на долги прошетки кај гробиштата каде што била закопана мајка ѝ како прави готичари! Неколку недели по нивното запознавање, Мери и Перси си изјавиле љубов. Вилијам Годвин им забранил да се гледаат, но откако Перси се заканил дека ќе се самоубие, Мери побегнала со него во Франција. Перси ја оставил неговата бремена сопруга.rnrnНа 17-годишна возраст Мери го родила и изгубила нејзиното прво дете. Потоа, почнала да ги запишува нејзините чудни соништа за починато бебе кое се враќа назад во живот. Кратко по оваа трагедија, Мери и Перси заминале во Швајцарија за да се дружат со момчето на нејзината полусестра, односно со поетот лорд Бајрон. Тие го поминале летото таму и останувале до раните утрински часови зборувајќи за животот, уметноста и бизарната наука. Една мрачна вечер, Бајрон дал необичен предизвик: Сите требале да напишат приказна за духови.rnrnПерси и Бајрон брзо ги напишале нивните приказни, но Мери немала никаква идеја. Момците постојано ѝ додевале и ја прашувале дали се сетила на некоја приказна, сѐ додека една вечер Мери не го сонила најчудниот сон.rn
rnrnМери ја запишала нејзината визија, која подоцна станала позната како романот „Франкенштајн“ или „Новиот Прометеј“.rnrn„Франкенштајн“ бил објавен во 1818 година и бил познат како готска хорор приказна, но слободно може да се смета и за научно фантастичен роман. Инаку, Мери Шели и Бајрон биле толку големи готичари што се бореле кој да го добие срцето на Перси Шели кога починал. Мери победила, но му дозволила на Бајрон да го задржи неговиот череп.rnrn„Франкенштајн“ бил првиот роман од ваков тип. Тој дал идеја за тоа како би можела да изгледа иднината на современите науки и какво влијание би имала таа на човештвото. Мери Шели е автор и на делото „Последниот човек“, пост-апокалиптичен роман кој ги поставил основите на идејата за „последниот преживеан човек на планетата“, што е многу честа тема во научната фантастика.rnrn
rnrnАко сакате да отидете уште подалеку, првиот роман во кој се опишува патување преку портал во друга димензија полна со подморници и чудни суштества, тогаш треба да ја прочитате книгата „Вжештен свет“ (The Blazing World) од Маргарет Кавендиш која била напишана во 1666 година.rnrnСигурно забележавте дека жените се тие кои ги поставиле темелите на научно фантастичниот жанр уште од самиот почеток. Тоа има логика, бидејќи жените не биле почитувани како писатели, па затоа не е ни чудно што мечтаеле за подобар свет и посветла иднина.rnrnВо научната фантастика секогаш имало место за женскиот глас и добро е тоа што секоја година се појавуваат нови женски писателки кои се осмелуваат да пишуваат книги од овој жанр. Не треба да се заборави фактот дека морничавиот сон на Мери Шели е заслужен за полетувањето на илјадници вселенски бродови.