Филм за еден научен тим кој ќе отиде до најтемните делови на универзумот за да проба да го открие почетокот на човештвотоrnrnРежија: Ридли СкотrnrnУлоги: Нуми Рапеис, Мајкл Фесбендер, Шарлиз Терон, Логан Маршал-ГринrnrnВреметраење:124 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера:8 јуни 2012rnrnЖанр: авантура, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnНаучен тим во блиска иднина открива необични цртежи во пештера кои укажуваат на посета од вонземјани. Научниците, сметајќи дека се работи за покана, решаваат да тргнат накај планетарниот систем од цртежот со надеж дека ќе дознаат нешто повеќе за човековото настанување. Но, тоа што ќе го најдат таму ќе биде пострашно од сè што си замислувале…rn
rnПриказна: Сè започнува со откривање на несекојдневни цртежи во пештера на кои еден човек покажува накај ѕвезден систем. По кратко истражување, научниците кои работеа на овој проект, откриваат дека тој систем навистина постои, но дека е толку многу далеку од Земјата што не може да се забележи со голо око на ноќното небо. Поради тоа тие претпоставиле дека вонземјани кои нè посетиле пред многу години, ни оставиле покана за посета.Теоријата на Елизабет Шо (Нуми Рапеис) и Чарли Холовеј (Логан Маршал-Грин) е дека овие вонземјани ги создале луѓето. Поради тоа ги нарекле „градители“ и предложиле да се организира мисија до нивната планета. Целта е да ги прашаат зашто нè создале и дали нашиот живот има некаква смисла. Мисијата била одобрена и за неколку години по нивното откритие тие тргнуваат со вселенскиот брод „Прометеј“ накај непознатата планета.Бидејќи патувањето трае околу 2 години, целиот екипаж меѓу кои се и Шо и Холовеј се во некој вид на хибернација. Со бродот управува робот наречен Дејвид (Мајкл Фесбендер) кој меѓу другото постојано пробува да воспостави комуникација со планетата. Но, тој никогаш не добива одговор. Набрзо тие стигнуваат на својата дестинација и полека се будат од долгиот сон.Барајќи место за слетување, Холовеј забележува патека за која верува дека не е настаната од природата. Тие се упатуваат натаму и слетуваат пред една голема градба која на прв поглед изгледа сосема природно. Но, многу брзо ќе дознаат дека всушност таа била изградена со страшна намера и под себе крие уште поголема мистерија која може да значи крај за целото човештво.Кога и како да го гледате: Овој филм дефинитивно не е за сечии очи. И покрај тоа што во поголемиот дел има само истражувања на објектите и формите на живот на кои тие ќе налетаат, има и делови кои се проследени со многу насилство, крв и непријатни сцени. Но, доколку сте фанови на филмовите од видот „8-ми патник“ (Alien), тогаш на крајот на овој филм ве очекува големо изненадување кое не смеете да го пропуштите.rnrn
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНаучно-фантастичните филмови се одлична инспирација на композиторите да создадат уникатна и специфична музика. Музичките ноти кои треба да ја доловат волшебната вселена, леталата од иднината, натприродните сили на разните чудовишта и безброј други неверојатни нешта, се вистински предизвик за секој креатор на музика. Поради својата препознатливост, токму музиката од овој жанр на филмови, е една од најдобрите која се прави за потребите на филмот. Во продолжение, погледнете ги некои од најдобрите музики на сите времиња.rnrnЏурасик Парк (Jurassic Park), музика компонирана од Џон Вилијамсrn
rnВраќање во иднината (Back to the Future), музика компонирана од Алан Силвестриrn
rnСтар Трек IV: Патот кон дома (Star Trek IV: The Voyage Home), музика компонирана од Леонард Розенманrn
rnПочеток (Inception), музика компонирана од Ханс Зимерrn
rnСпокојство (Serenity), музика компонирана од Дејвид Њуманrn
rnВонземјанец (Alien), музика компонирана од Џери Голдсмитrn
rnВојна на ѕвездите (Star Wars), музика компонирана од Џон Вилијамсrn
rnТерминатор 2: Судниот ден (Terminator 2: Judgement Day), музика компонирана од Бред Фиделrn
rnРобокоп (RoboCop), музика компонирана од Басил Поледоурисrn
rnТрон (Tron), музика компонирана од Венди Карлосrn
Автор: Горана КоневскаrnrnСите ние си имаме одредени играни или цртани филмови кои нè потсетуваат на детските денови. Има премногу убави и поучни филмови со забавни содржини, но ние подготвивме една кратка листа, па ако некои од овде наведените сте ги пропуштиле, задолжително гледајте ги во текот на викендот кој следува:rnrnrn
1. Гуниси (Goonies)
rnЖанр: авантураrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 јуни 1985rnrnГлавни улоги: Шон Остин, Џош Бролин, Џеф КоенrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnКратка содржина: Откако на стариот таван ќе пронајдат мапа со скриено богатство, Мајкл и пријателите тргнуваат во негова потрага. Бегајќи од тројца криминалци и заплеткувајќи се во неверојатни авантури, оваа дружина ќе ве насмее, разнежни и ќе ве врати во детските денови кога и самите сте сонувале за слични авантури.rnrnrn
2. Вонземјанин (E.T.)
rnЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 јуни 1982rnrnГлавни улоги: Хенри Томас, Дру Баримур, Питер КојотиrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnКратка содржина: Кога 12-годишниот Елиот наоѓа вонземјанин во својата гаража, со сите сили започнува потрага по вистинскиот пат за да го врати својот нов пријател на неговата планета, истовремено избегнувајќи ги научниците, властите и полицијата кои сакаат да го пронајдат и да го задржат за експерименти. Стивен Спилберг навистина знае како секој детски сон да го прецрта и пренесе на филмското платно. Ова е уште еден доказ. „Вонземјанин“ е филм кој изобилува со фантазија, љубов, поддршка, сплотеност и најискрено пријателство. И сето тоа без разлика на возраст, раса, земја или уште помалку, планета од која се потекнува.rnrnrn
3. Враќање во иднината (Back to the Future)
rnЖанр: авантура, научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера:3 јули 1985rnrnГлавни улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа ТомпсонrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnКратка содржина: Сте помислиле ли како би било барем за момент да погледнете во својата иднина? Или можеби да отидете во минатото и да го промените? Во првиот дел од оваа трилогија, во 1985 година, д-р Браун измислува машина за патување низ времето. Неговиот пријател влегува во машината и патува во минатото во 1955 година каде ги сретнува своите родители пред тие воопшто да се запознаат. Сплетките и околностите во кои наеднаш тој се наоѓа го доведуваат во прашање неговото постоење.rnrnrn
4. Капетан Кука (Hook)
rnЖанр: фантазија, авантура, фамилијаренrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 декември 1991rnrnГлавни улоги: Дастин Хофман, Робин Вилијамс, Џулија РобертсrnrnВреметраење: 144 минутиrnrnКратка содржина: Петар Пан порасна, има деца, заборави на своето минато, но и како да се забавува. Во Недојдија е досадно, па Капетан Кука решава да ги киднапира децата на Петар Пан. Интересна приказна која нè потсетува дека никогаш не смееме да го заборавиме детето во себе, дека семејството секогаш е на прво место, а среќните и позитивни мисли можат да ги остварат и најголемите желби.rnrnrn
5. Супермен (Superman)
rnЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 декември 1978rnrnГлавни улоги: Кристофер Рив, Марлон Брандо, Џин ХекманrnrnВреметраење: 143 минутиrnrnКратка содржина: Дете од друга планета е пратено во отворената вселена за да го спаси својот живот, бидејќи неговата родна планета е уништена. Лутајќи, доаѓа до планетата Земја, каде расте и развива неверојатна моќ…rnrnrn
6. Војна на ѕвездите, 6 продолженија (Star Wars)
rnЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 мај 1977rnrnГлавни улоги: Харисон Форд, Марк Хамил, Кери ФишерrnrnВреметраење: 121 минутиrnrnКратка содржина: Лук Скајвокер ја напушта својата родна планета и заедно со други бунтовници заминува во потрага и спасување на принцезата Лија од злобниот Дарт Вејдер.rnrnrn
7. Звукот на музиката (The Sound of Music)
rnЖанр: фамилијарен, драма, биографскиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 март 1965rnrnГлавни улоги: Џули Ендруз, Кристофер Пламер, Еленор ПаркерrnrnВреметраење: 174 минутиrnrnКратка содржина: Калуѓерка го напушта манастирот за да работи како гувернанта во домот на еден капетан во пензија. Доаѓајќи со својата гитара, весел и слободен дух, таа налетува на строго опкружување, седум деца кои растат без мајка и со татко кои ги третира како што ги третира капетанот своите потчинети.rnrnrn
8. Кралот лав (The Lion King)
rnЖанр: анимација, авантура, комедијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 јуни 1994rnrnГласови: Метју Бродерик, Џејмс Ерл Џоунс, Џим КамингсrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnКратка содржина: Симба расте во преубаво опкружување, со родителска љубов и многу пријатели. Но, еден ден во несреќен случај пред неговите очи загинува татко му, а Симба не само што чувствува грижа дека не успеал да го спаси, туку и неговиот злобен вујко му ја разгорува вината, обидувајќи се да го протера од територијата и да му го одземе престолот на крал наследник.rnrnrn
9. Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)
rnЖанр: анимација, романсаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 ноември 1991rnrnГлавни улоги: Пејџ О’Хара, Роб Бенсон, Ричард ВајтrnrnВреметраење: 84 минутиrnrnКратка содржина: Таткото на Бела е заробен од еден страшен ѕвер и однесен во занданите на неговиот замок. Бела тргнува да го спаси, нудејќи му го на ѕверот својот живот во замена за слободата на таткото.rnrnrnrn rnrn
Автор: Даниела РаденлиеваrnrnТВ сериите ни прават друштво во слободното време и иако ретко кој има многу часови на располагање во денот за да ги помине пред телевизорот, сепак миговите додека се релаксираме на овој начин ни причинуваат големо задоволство. Затоа ви нудиме 6 нови серии чии премиери ќе бидат во 2012 година и кои ќе ви годат со шолја кафе во секој дел од денот.rn
1. Куќа на лаги (House of Lies)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик:англискиrnПремиера: 8 јануари 2012 на ShowtimernГлавни улоги: Дон Чидл, Дон Оливиери и Кристен Бел, која веројатно ќе ви биде одлучувачки фактор за да почнете да ја гледате серијата, а ја знаете како озборувачката во најпопуларната тинејџерска серија „Gossip Girl“rnКратка содржина: Серијата следи група на менаџмент-консултанти кои ќе направат сè за да ја склучат бизнис зделката, без притоа да се двоумат дали и кого ќе искористат за да ја добијат информацијата која им е потребна на нивните клиенти.rnrnНаправена е според книгата на Мартин Кин: „Куќа на лаги: Како менаџмент-консултантите ќе ви го украдат часовникот, а потоа ќе ви кажат колку е часот”, па освен добра забава, ви нуди и можност да научите нешто во полето на бизнисот.rn
rn
2. Само си ги сакам назад моите панталони (I Just Want My Pants Back)
rnЖанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера:2 февруари 2012 на MTVrnГлавни улоги:Питер Вeк, Елизабет Хауер, Џордан Карлос, Ким ШоrnКратка содржина: Растргнат помеѓу љубовта, пријателството, кариерата и сексот, дваесет и нешто годишниот Џексон трага низ животот, барајќи забава и само забава. Живее во Бруклин, а дружењето со пријателите, одењето по барови и фаќањето девојки ги става пред својата работа во кастинг-агенцијата во која има најниска функција. Сè се менува една ноќ, кога после секс-авантурата со една девојка, таа му ги краде омилените панталони, а притоа и срцето. Сега тој добива нова цел во животот, да ја пронајде неа.rn
rn
3. Алкатраз (Alcatraz)
rnЖанр: драма, научна фантастика, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 16 јануари 2012 на Fox TVrnГлавни улоги: Сара Џоунс, Џефри Пирс, Сем НилrnКратка содржина: Неочекуваното исчезнување на неколкумина затвореници и чувари од Алкатраз и ненадејното и мистериозно враќање во сегашноста е главен предмет на истрага на FBI-агентите кои се во потрага по вистината за исчезнувањето, како и за лицата кои стојат зад сето тоа.rn
rn
4. Добрите христијанки (Good Christian Belles)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 4 март 2012 на ABCrnГлавни улоги: Лесли Биб, Кристин Ченовет, Ени Потс, Џенифер АспенrnКратка содржина: Серијата го следи животот на Аманда, која е неодамна разведена, мајка на две деца и сè уште позната по титулата „Кралица на кучките“ (Queen Bitch), која ù е дадена во средношколските денови. Таа се враќа во својата родна куќа, ги среќава соучениците кои ги задевала во средно училиште и се бори со однесувањето на својата мајка, која сè уште живее како во своите дваесетти години.rnrnНаправена е според книгата „Добрите христијански кучки” и ветува многу забава и многу драма.rn
rn
5. Измачување зад сцената (Smash)
rnЖанр:мјузикл, драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 6 февруари 2012 на NBCrnГлавни улоги: Дебра Месинг, Брајан Дарси Џејмс, Кристијан БорлеrnКратка содржина: Драмата што ја гледаме на сцената не е ништо во споредба со онаа што се случува зад неа, додека траат подготовките за еден мјузикл. Група актери се собираат за да направат Бродвеј-мјузикл за животот на најпознатата блондинка Мерлин Монро, но тешкотиите, драмата како и личните проблеми им стојат на патот кон совршенството.rn
rn
6. Непишано право (Common Law)
rnЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: за жал премиерата на оваа серија се одложи за во јуни оваа година, па ќе морате да почекате неколку месеци до нејзиното прикажување.rnГлавни улоги: Мајкл Ијали, Ворен Кол, Џек МекгиrnКратка содржина: Се работи за двајца партнери, детективи во одделот за убиства, кои буквално не можат да се поднесат меѓусебно. Заради постојаните расправии помеѓу нив, нивниот командир одлучува да ги прати кај терапевт за двојки, со надеж дека ќе си го подобрат односот. Серијата ветува комични ситуации исполнети со многу драма и акција.rn
rnrnСе надеваме дека нашите предлози ќе ви се допаднат. Се обидовме да најдеме серии за сечиј вкус. Па, уживајте во слободните мигови од новата година.rnrn
ТВ серија за потрагата по подобар живот во минатото откако иднината станала лошо време за живеењеrnrnКреатори:Крег Силверстин, Кели Марсел, Стивен ЛангrnrnrnГлавни улоги:Џејсон О’Мара, Шели Кон, Кристин АдамсrnrnЖанр:научна фантастика, мистерија, авантураrnrnПремиера: 26 септември 2011rnrnЈазик:англискиrnrnВреметраење:45 минутиrnrnБрој на сезони:1rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————-rnКаква иднина нè очекува? Како ќе живееме за 130 години од сега? Кои проблеми ќе го совладаат човештвото? Каде ќе го бараме спасот во иднина кога таа нуди толку неповолни услови за живот? Ќе мора да бараме начини да се вратиме назад, таму каде што нè чека нова шанса за подобар живот, таму од каде ќе можеме да влијаеме за да го спасиме човештвото…rn————————————————————————————————————————————————————————-rn
rnПриказна: Дејството во „Нова земја“ почнува во иднината, во 2149 година, кога животот на Земјата е загрозен од преголема популација и уништување на квалитетот на воздухот. Се живее во затворени услови, во кои најмалите не знаат како изгледаат Сонцето и облаците, се забранува создавање на големо потомство и со „тежок“ воздух се казнува прекршувањето на правилата.Семејството Шенон е жртва на сурова казна. Казна-затвор за таткото на три деца, кога смеел да има само две. Но, тогаш се создава можност за заминување од Земјата, за проаѓање низ портата која води назад во времето, но од која нема назад во иднината. Петчленото семејство успева нелегално да се протне низ портата на можностите, оставајќи го зад себе суровиот живот.Она на што тие наидуваат таму, 85 милиони години во минатото, е далеку од совршен и беспрекорен живот, но така изгледа од перспектива на иднината. И овде треба да се учи, да се работи и заработува, да се внимава на консумирање одредена храна која ќе му одговара на телото… И овде има добри и лоши, почнувајќи од шестаците кои се населеници на Тера Нова со некаква скриена агенда, па сè до месојадните диносауруси и чудните видови птици чиј крик ќе ве остави будни цела ноќ.Компјутерска графика и кинематографија: Технички серијата изгледа солидно, иако графиката на моменти изгледа „бедно“ и вештачки во споредба со познатите филмови и ТВ серии од овој вид. Сцените се сепак пријатни за око, а се снимаат во Австралија.rnrnКога и како да ја гледате: Па, нека биде навечер, но бидете одморени бидејќи ако ве фатила дремка, големи се шансите дека ќе заспиете. Не бидејќи серијата е досадна, туку дека е бавно темпото. Сосема е во ред да ја гледате сами. Приказната „не бара“ друштво.rnrnПрвата епизода е двојна, па трае скоро колку еден цел филм. Бидете подготвени да одвоите доволно време.Слични филмови и серии: „Изгубени“, „Паркот Јура“, „Аватар“, „Војна на световите“rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrn
Филм за тоа дека некогаш животните настани може да те направат чудовиште иако длабоко во себе не сиrnrnРежија: Џеј Џеј АбрамсrnrnrnСценарио:Џеј Џеј АбрамсrnrnУлоги:Ел Фенинг, Џоел Кортни, Рајли ГрифитсrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 јуни 2011rnrnЖанр: мистерија, научна фантастика, трилерrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnАко ги прочитавте горе наведените референци за овој филм, тогаш налетавте на името на Џеј Џеј Абрамс кој (мало појаснување под арогантна претпоставка дека ви е непознат) стои зад серијата „Изгубени“, зад филмот „Ѕвездени патеки“ и зад мал милион мегахитови како сценарист, режисер или продуцент. Од друга страна, пак, продуцент на филмот „Супер 8“ е Стивен Спилберг за кој најверојатно и нема потреба од големо претставување. Сето тоа земено на едно купче е доволен предизвик за секој филмофил, а од друга страна и љубител на научната фантастика, да го пушти овој филм, но дефинитивно нема да налета на тоа што го очекува, нов мегахит. rnrnОткако ќе се избришат сите големи експлозии и специјални ефекти, голата суштина на „Супер 8“ е целосно површно и некреативно парче. Комплетниот заклучок е дека не секогаш големите имиња по правило носат и грандиозен производ. Некогаш се „штанца” и нов летен хит кој барем ако треба да ни ги земе парите, нека го направи тоа додека ние викаме „фала“.rn———————————————————————————————————————————————————————rn
rn
Приказна: Главни протагонисти во овој филм се деца кои прават зомби филм во своето мирно гратче. Иако нивниот мал фантазерски свет е пореметен со претходната необјаснива смрт на мајката на малиот Џејк (Џоел Кортни), тие продолжуваат со својата невина фокусираност на кадри, добро сценарио, најверодостојна хорор шминка. Во екипата се вклучува и Алис (Ел Фенинг), девојчето во кое сите се вљубени, а таа гради специјално пријателство само со Џејк. Но, една вечер, додека малиот филмски тим е на својот имровизиран сет на железничката станица, тој сведочи спектакуларна несреќа помеѓу воз и автомобил. Од тој ден ден во гратчето почнуваат да се случуваат необјасниви настани кои водат кон невообичаена, научно-фантастична разврска.Иако најверојатно првичната идеја било да се направи микс помеѓу „Е.Т.“ и некоја верзија на „Војна на световите“, крајниот резултат е бледа приказна. Ниту се навлегува претерано во приказната со „суштеството од другиот свет“ ниту пак во личната приказна на Џек чија мајка е мртва, татко му – дистанциран од него, а тој – поврзан со малечката Алис на еден специфичен начин. Гледачите ги добиваат суштинските информации, но останува жед за повеќе информации кои ги нема.Глума:Oд актерски аспект, „Супер 8“ е одлично склопен иако сизифовиот товар го носат пред сè децата. Младата Ел Фанинг досега се појавила во „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ додека другите повеќе или помалку се нови во работата. Дури и возрасните глумци се релативно нови за публиката, но сепак нема црни дамки.Кинематографија: Дејствието се одвива во малечко гратче во Америка на крајот на 70-тите. Период кога децата возат велосипеди, животот е мирен и сите се знаат по име. Но таа идила е нарушена од големите експлозии, од огромниот вселенски брод и од воени сили во паника. Сепак, кога се работи за специјални ефекти и нашминкани сцени, не треба да се има сомнеж во Холивуд. Па така, ниту во овој филм.Кога и како да го гледате?Гледајте го навечер затоа што е вистинско сквернавење со жанрот научна фантастика доколку одберете друг период од денот. Сепак, не очекувајте дека ќе бидете хипнотизирани од неверојатна приказна, уплашени до коска, едноставно воодушевени.————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Микс на случувања поврзани со паралелен универзум, морничави и необјаснети појави, кои се секојдневие на дивизијата FringernrnrnГлавни ликови:Ана Торв, Џошуа Џексон, Ленс Редик, Блер Браун, Џон НобелrnrnЖанр:драма, хорор, мистерија, научна фантастикаrnrnВреметраење:43 мин.rnrnПремиера:9 септември 2008rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони:3rnrnОфицијален веб-сајтrnrnОценка на IMDB:8.8rnrnНаша оценка: 9.5rnrn_________________________________________________________________________________________rnFringe е Американска научна фантастика и претставува приказна која доловува многу необјасниви работи, мистериозни болести, луѓе со чудни моќи. Со еден збор извонредно. Тоа е серија која мора да почнете да ја гледате од почеток, со доволно внимание, бидејќи обработува повеќе дејства континуирано. Во спротивно, би се изгубиле. Во секоја епизода се случуваат работи кои се реткост (повеќето од нив и фикција) и се решаваат од страна на дивизијата Fringe , која пак се користи со напредни биотехнолошки средства. Моќ на читање на човечките мисли, контрола на временските услови, способност за активна и брза регенерација на сите делови на телото, се само мали делови во животите на специјалците кои се служат со Fringe-науката.rn————————————————————————————————————————————————-rn
rnПриказна:Дивизијата Fringe, која е дел од Федералното Биро за истраги во Бостон, се состои од неколку исклучителни научници како Валтер Бишоп и неговиот син Питер, специјалниот агент Оливија Данам и нејзиниот соработник Филип Бројлс. Оваа посебна дивизија истражува случаи кои се на работ на науката што ние ја познаваме, случаи кои се движат од трансхуманистички експерименти кои не се успешни во целост, до тотално деструктивни технолошки достигнувања кои се опасност за два универзума. Дивизијата честопати работи и со компанијата наречена Massive Dynamic која е основана од поранешниот партнер на Валтер, Вилијам Бел.Валтер Бишоп изобилува со интелигенција која често ја комбинира со хумор. Но, како што знаеме дека „генијалноста се граничи со лудило“, и овој случај не е исклучок. Пред да почне да работи за дивизијата Fringe, тој неколку години поминал во ментална институција. Тоа е така бидејќи тој го натерал својот колега да му извади неколку мали, ситни делови од неговиот мозок, бидејќи знаел премногу информации за премногу работи. Но, тоа довело до свои последици и така завршил во ментална установа. Тој во своите млади години правел недоволно проучени експерименти врз луѓе, третирајќи ги со лек кој би им ја зголемил мозочната активност.Стигнуваме до главниот лик во приказната, Оливија Данам. Таа е едно од неколкуте деца третирани со Кортексафан, па затоа нејзината способност да поминува низ универзуми и не е толку неочекувана. Таа е потајно заљубена во Питер, кој секако е тука за да помогне во каква било истрага. Кулминацијата во приказната за оваа чудна наука е моментот кога Оливија ќе дознае дека Питер е всушност од другиот универзум, па многу од понатамошното дејство во серијата, ќе се случува токму таму. Па така, пораката која ја носи овој дел од приказната е: „Малите избори кои ги правиш можат да те дефинираат тебе како личност и воедно, да ги променат настаните на твојот живот во огромна мера“.rn
Цитати:rn.
rn
Валтер: Кога јас и Бел бевме млади, земавме големи количини на ЛСД.rnПитер (иронично): Навистина??? 🙂
rn
(08.00 – лабораторијата на Валтер)rnОливија: Што правите тука?rnВалтер: Се обидуваме да направиме портал за другиот универзум, а ти?
rn
Валтер: Зошто некој би убил научник? Па што му направивме ние на светот?rnБројлс: Сериозен си?
rnrn
Интересни факти за серијата:
rn
rn011
Кравата која се наоѓа во лабораторијата на Валтер се вика Џин.
rn011
Актерката Дајен Кригер, која е девојка на Џошуа Џексон, гостува во една од епизодите од втората сезона.
rn011
Продуцентката на приказната за филмот „Прекрасен ум“ е консултант-продуцент во Fringe.
rn011
Kреаторот на шоуто Џ.Џ. Абрамс е и креатор на популарната серија „Изгубени“ (Lost).
rn011
Налудничавиот Валтер (Џон Нобел) го глуми Денатор во „Господарот на прстените“.
rn
rnКога и како да ја гледате: Бидејќи серијата е склоп на нереалното, мистичното, морбидното и до некоја мера изопаченото, ако сте љубители на вакви фикции, ќе ви одговара секое време за да ја гледате. Обрнете и доволно внимание, внесете се во приказната, оставете таа да ве води низ светот на надреализмот и верувајте, нема да бидете разочарани.Слични серии: Lost, X-files
Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страстаrnrnrnrnГлавни ликови: Џеред Лето, Даен Кругер, Сара ПолиrnrnРежисер: Жако Ван ДормелrnrnЖанр: драма, фантазија, романса, научна фантастикаrnrnВреметраење: 138 мин.rnrnПремиера: 6 ноември 2009rnrnДејство: различни времиња во 20от и 21от векrnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Пијер Ван ДормелrnrnНаша оценка: 8/10rnrn___________________________________________________________________________________________rnШто би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?rn___________________________________________________________________________________________rn
rnГосподин Никој е филм за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија. Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината.Приказна: Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.rn
„Велат ако дишеш пополека, времето поминува побавно.“
rn
„Секој пат е правиот пат. Се би можело да биде нешто друго и би имало подеднакво значење.“
rn
„Во шахот тоа се нарекува цуцгванг – кога единствениот вистински потег е да не направиш потег воопшто.“
rnКинематографија: Уживање е зборот кој најреално ќе го опише чувството додека тонете во техничката реализација на филмот. Крупни кадри, понекогаш прикажувајќи човечки елементи од кои ќе се згрозите, а на моменти такви од кои ќе ви се наежи кожата и стопи срцето… Забавени снимки кои изненадено преминуваат во реално временски дејства и забрзани движења кои асоцираат на споредноста на луѓето и ситуациите во животот…Кога и како да го гледате? Господин Ноубади е филм кој апсолутно го препорачуваме за гледање, но никако во друштво со повеќе луѓе кои се склони да коментираат. Не го гледајте ако сакате да се релаксирате со добра драма која има јасно развиено дејство во петок после работа. Дајте си време и внимателно изберете ја атмосферата и друштвото.Слични филмови: „Бескрајна светлина на еден беспрекорен ум“, „Човекот Да“, „Необичниот случај на Бенџамин Батн“, „Небо од ванила“
Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат, филм кој мора да го гледатеrnrnrnГлавни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ, Мајкл Кејн, Мерион Котијард, Џилијан Марфи, Том ХардиrnrnРежисер: Кристофер НоланrnrnЖанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 148 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 2010 (САД)rnrnМузика: Ханс ЗимерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 10/10rn
Исчекувањето во кое не ставија светски познатите филмски критичари по премиерното прикажување на „Почеток“, за многумина беше вистинско измачување. Очекувањето на денот кога „филмот кој е нешто досега невидено“ ќе стигне и во нашите кино сали, беше големо и тешко. Ако сте од оние кои прифаќаат да ги гледаат новите врвни филмски остварувања само со квалитетна слика и звук, тогаш ова е моментот што го чекавте. Почеток е филм кој го заслужи сето внимание кое му го дава публиката, а причините за тоа се многубројни.rn__________________________________________________________________________
rnrn
Приказна: Невозможно е да се раскаже приказната во филмот, без да се откријат деталите кои може да ви го расипат доживувањето. Се чини премногу да се открие и само еден збор кој ќе го опише дејството. Доволно е да очекувате невидена приказна, со толку замрсени елементи вткаени во праволиниска акција, со паралелни дејства, едни во реалноста, други во една друга реалност која ја овозможуваат соништата. Ако ова не ви е доволно, на свој ризик прејдете на следниот пасус.
rn
.
rnrn
„ОК, еве јас ти всадувам идеја во твојата глава и ти велам: „Не мисли на слонови“. На што мислиш?rnrn– На слонови.“
rnДејството е лоцирано во свет во кој постои таква технологија благодарение на која е возможно да се навлезе во умот на човекот за да се украдат важни информации од него. Дом Коб кој го игра Леонардо Дикаприо е лидерот на својот тим од специјалци во разни области (има: хемичар, фалсификатор и архитект), кој треба да заврши една последна задача за да биде повторно во можност да ги види лицата на неговите деца. Тоа е скоро незвомозжна мисија, бидејќи наспроти вообичаеното извлекување информации, овој пат тие треба да успеат да всадат информација во човековиот ум за да спречат конкурентната компанија на нивниот клиент, да стане монопол на пазарот.rnrnrnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn.rn
„Болката е во умот, а судејќи по декорот, ние сме во твојот ум, нели Артур?“
rn
На филмот не му недостасува ниту емотивната компонента, која е всушност стожер на дејството. Приказната во овој момент наликува на онаа во „Островот Шатер“ заради што многумина повлекуваат силна паралела помеѓу ликот на Дом Коб и оној на Теди Дениелс.
rn
rn
Кинематографија и музика: Ништо не недостасува. Совршенството продолжува и во овој сегмент. Без разлика дали имате тенденција да направите анализа на кинематографските елементи или не, не може да не се воодушевите на широките пејзажи и сложени лавиринти, често прикажани од птичја перспектива. Сцените во кои владее состојба на нулта гравитација се просто неверојатни. Тука е споредбата со „Матрикс“, но не ја споредуваме техниката, ниту дали истата напреднала од пред 11 години. Би било неблагодарно.
rn
rn
Иако Матрикс ги воведе овие специјални ефекти во научно-фантастичните филмови, Почеток ги применува сосема сплотени во приказната, толку дозирани за да не преовладуваат, волшебни за да едвај чекаме повторно да се појават. Динамичните сцени магично преминуваат во забрзани снимки, соништата и реалноста се синхронизирани до перфекција, а звукот, на моменти остар и јак, дури ќе ве помрдне од столчето. Убавината на режисерско-музичко-кинематографскиот продукт е несомнена, но и понатаму споредна во однос на перфекционистички развиената приказна, со сите нејзини замрсености.rn.
rnrn
„Доаѓаат овде секој ден за да спијат?rnrn– Не. Доаѓаат за да бидат разбудени. Сонот стана нивната реалност.“
rnКога и како да го гледате: Во моментов имате можност да го гледате филмот во кино и веројатно сега тоа е најдоброто место за тоа. Сепак, со оглед на концентрацијата која ви е потребна во текот на целиот филм, можеби би сакале да ги избегнете поткашлувањата, шушкањата и грицкањето пуканки, звуци кои во стерео мод доаѓаат од присутните во салата.rnrnrnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn.rn
„Кој би сакал да биде заглавен во сон 10 години?rnrn– Зависи од сонот.“
rnАктерска екипа:Веќе навикнавме да го гледаме Леонардо Дикаприо во сериозни филмови со јака приказна. Она што изненадува е улогата на Џозеф Гордон Левит кој сите го паметиме по улогата на детето во „Третиот камен од сонцето“, како и на Елен Пејџ која делува далеку посозреано и посериозно од улогата со која се прослави во „Џуно“. Ефектот на заедничка сплотеност во приказната го надополнува актерската игра на Том Харди и Марион Котијард.rnrnrnrnСлични филмови: „Матрикс“ (Matrix), „Островот Шатер“ (Shutter Island), „Вечен сјај на еден бескраен ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind), Мементо (Memento), „Мрачен град“ (Dark City)
Гостински пост: Дона ЏамбаскаrnrnФилм за едно имагинарно, но можеби не толку различно општествоrnrnrnrnГлавни ликови:Џонатан Прајс,rnrnРоберт де Ниро, Кетрин Хелмонд, Јан ХолмrnrnРежисер:Тери ГилиамrnrnЖанр:драма, фантазија, научна фантастикаrnrnВреметраење:132 мин.rnrnПремиера:18 декември 1985rnrnЈазик:англискиrnrnМузика:Ари БаросоrnrnНаша оценка:10/10rnrn________________________________________________________________________________________________________rnБразил е надреалистичка, мрачна визија за „совршена“ иднина каде технологијата е супериорна. Инспириран од познатата „1984“ напишана од Џорџ Орвел, секој кој живее во општеството кое е отсликано во 1984, а потоа и во Бразил, е постојано набљудуван од владата (Големиот Брат) која забранува љубовта и емоциите на луѓето да му застанат на патот на успехот.rn_____________________________________________________________________________________________________________rnrnРежисерот Тери Гилиам, кој важи за еден од најдобрите режисери во историјата на кинематографијата, најпрвин сакал филмот да го нарече токму 1984. Бразил ја претставува имагинацијата како единствениот излез од бесмислен и проблематичен свет.rnrn.rn
Полицаец: „Ова е сметката за вашиот сопруг… а ова е мојата сметка за вашата сметка.“
rnВо текот на филмот приказната се фокусира на Сем Лори (Џонатан Прајс), просечен работник од средната класа изгубен во масивниот бирократски систем кој доминира низ целиот филм. Сем, излезот од овој систем го наоѓа во своите соништа и фантазии, во нив тој има крилја, тој е херој кој ја спасува својата дама од огромниот самурај. Приказната од филмот се испреплетува во потрагата на Сем по девојката од неговите соништа, што е посложено одошто звучи.rn.rnrnrnПриказна: Се започнува со печатна грешка. Откако името на криминалецот Татл ќе биде грешно запишано како Батл, приказната почнува да се заплетува. Невиниот Батл ќе биде по грешка отстранет од општеството, наместо криминалецот кој сите го бараат (Роберт Де Ниро). Кога Сем го посетува станот каде живее семејството на грешно осудениот Татл, и се труди да ја олесни и објасни ситуацијата, тој ја здогледува девојката од неговите соништа – Џил Лејтон. Иако Сем е тој кој се труди да ја коригира направената грешка и последиците од истата, тој е тој кој се вовлекува сè повеќе и повеќе во проблемите кои таа ги предизвикува. Неговата ситуација уште повеќе се влошува кога тој доаѓа во контакт со вистинскиот Татл.rnrnrnrnКинематографија: Бразил е помеѓу првите пет од 20те најдобри филмови со научно-фантастична тематика, како и меѓу првите 10 на листата од 50 култни филмови. Изгласан е за најдобар филм во 1985 година. Филмот го има визуелниот стил и имагинацијата што го прави прекрасен за гледање, но и неговите идеи кои го прават филмски класик.rnrn.rn
Џек Линт: „Не е моја вина што резултатите за состојбата на Батл не се појавија во досието на Татл!“
rnИнтересни податоци: Бразил е еден од најдобрите филмови на овој феноменален режисер и можеби најмрачниот пред снимањето на „Дванаесет Мајмуни“ (со Брус Вилис). Тој е првиот филм кој тој го снима после „Монти Пајтон“.rnrnКога Гилијам ја вршел селекцијата на актери, тој намерно одбирал непознати, сè уште не развиени, но талентирани актери.rnrnБразил го добива името по песната која е одбрана да биде главна музичка тема во филмот – “Aquarela do Brasil”.rnrnrnrnКога и како да го гледате? Филмот е „измислен“ да биде гледан во оние моменти кога знаете дека сакате да видите нешто квалитетно, легендарно, нешто од што ќе можете да научите многу и нешто што ќе ве натера да размислувате. Тој можеби засекогаш ќе го смени начинот на кој ги резонирате работите околу вас.rnrnСлични филмови: „Дванаест мајмуни“ (Twelve Monkeys), „Имагинариумот на доктор Парансус“ (The Imaginarium of Doctor Parnassus), „В за Вендета“ (V for Vendetta)