КАФЕ ПАУЗА

Tag: мотивација

  • Како функционира мотивацијата која произлегува од стравот?

    Како функционира мотивацијата која произлегува од стравот?

    Дали сте размислувале за најчестите извори на вашата мотивација и дали таа произлегува како резултат на страв, љубов или некое друго чувство? Сигурно вашата мотивација да направите одредена работа произлегува од вашиот страв ако некогаш сте размислувале на овој начин:rnrn„Ако сега не добијам унапредување, сите на работа ќе ме озборуваат поради мојот неуспех.“rn„Ако не вежбам доволно, сите ќе ми се исмејуваат“.rnrnМотивацијата заснована на страв се состои токму во тоа да ги правите работите бидејќи чувствувате страв од тоа што може евентуално да се случи доколку не вложите доволно труд и не се погрижите тоа да го направите добро.rnrnКако функционира мотивацијата која произлегува од стравот?rnrnОна што можеби не го знаете е дека иако мотивацијата заснована на страв може да има краткорочни позитивни резултати, сепак таа може да придонесе за долгорочни штетни ефекти врз вашиот начин на размислување, односите со другите и вашата ментална и физичка благосостојба.rn

    Дали е корисна мотивацијата заснована на страв?

    rnВашиот мозок го користи стравот за да ве заштити од можните опасности. Во овој случај, мозокот ви дава знак да се оддалечите од она што тој го перципира како „штетно“ и да најдете прибежиште во вашата удобна зона. Оваа функција на мозокот е важна кога постои вистинска закана за вашата благосостојба, како на пример доколку наидете на змија во природа. На тој начин вашиот мозок ќе го искористи стравот за да ве мотивира да се оддалечите од змијата што е можно побрзо. Но, кога користите мотивација заснована на страв за да ги постигнете вашите животни и кариерни цели, постојаната состојба на страв ви создава непотребен стрес кој може штетно да ви делува.rn

    Влијанието на негативното размислување

    rnКај повеќето луѓе, овој тип на размислување може да предизвика стрес и може да ја намали енергијата и да го влоши расположението. Негативното размислување може да ве принуди да посветите вниманието на она што е погрешно или што може да тргне наопаку наместо да се фокусирате на важните елементи. Ова, пак, го стеснува вашиот фокус и ве спречува да ја видите пошироката слика.rnrnОткако прочитавте за врската помеѓу мотивацијата и стравот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 позитивни мисли за секојдневна мотивација.rnrnИзвор: lifehack.org

  • 6 позитивни мисли за секојдневна мотивација

    6 позитивни мисли за секојдневна мотивација

    Докажано е дека постојат многу ментални и физички придобивки од позитивното размислување како зголемена самодоверба, поголема мотивација и подобро расположение. Некои научни студии дури сугерираат дека позитивното размислување може да ја намали веројатноста за одредени здравствени состојби, како депресија, хипертензија и други нарушувања поврзани со стресот. Во продолжение прочитајте кои позитивни мисли можат да придонесат да се чувствувате добро секој ден без разлика на моменталните проблеми и тешкотии.rnrn6 позитивни мисли за секојдневна мотивацијаrn

    1. Бидете благодарни што се разбудивте ова утро.

    rnСамиот факт дека сте се разбудиле утрово зборува за тоа дека сте го добиле најголемиот подарок – вие сте живи. Многу е лесно да се задржиме на негативните аспекти од нашите животи, но се чини дека секогаш ја пропуштаме најочигледната позитивна работа што ја имаме – самиот живот. Затоа, вдишете длабоко, погледнете низ прозорецот и насмевнете му се на светот околу вас.rn

    2. Не споредувајте се со другите.

    rnРазмислете дали навистина другите се подобри од вас и дури и да се, дали е воопшто важно. Со тоа што трошите време на љубомора, трошите време на негативни мисли наместо да се посветите на потрагата по она што ве прави среќни.rn

    3. Ризикувајте и не плашете се од неуспех.

    rnКолкупати досега ви се случило да се откажете од вашите соништа бидејќи сте се плашеле да ризикувате? Затоа, не двоумете се доколку ви се укаже каква било можност. На крајот на краиштата, чувството на жалење дека не сте се обиделе може да биде многу поболно од чувството на неуспех!rn

    4. Прифатете го фактот дека ништо не е вечно.

    rnДури и најдобрите работи во животот на крајот завршуваат, затоа не грижете се за фактот дека ќе престанат убавите времиња и уживајте во нив додека траат.rn

    5. Не правете работи поради кои би се чувствувале несреќно.

    rnСекој од нас посакува да може да ги усреќи своите сакани, нели? Но, што ако работите што другите луѓе сакаат да ги правите за нив, всушност, ве прават несреќни вам? Ако правите нешто само за да ги задоволите другите, немојте да го правите тоа. Престанете веднаш. Вашата среќа и вашето време никогаш не треба да се жртвуваат поради туѓите очекувања.rn

    6. Фокусирајте се на добрите работи во вашиот живот, без разлика колку се мали.

    rnСекој ден наидувате на разноразни пречки бидејќи работите обично не функционираат совршено цело време. Трикот е во тоа што кога ќе наидете на предизвик, не треба да се задржувате на него. Наместо тоа, фокусирајте се на позитивните страни што можете да ги најдете, без разлика колку тие изгледаат мали.rnrnОткако прочитавте за овие позитивни мисли кои можат да ви донесат нова инспирација во животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 навики ќе направат да размислувате позитивно секој ден.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Совети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазам

    Совети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазам

    Сигурно некогаш ви се случило да ви недостасува мотивација и ентузијазам за реализирање на вашите соништа и цели. Еве ги вообичаените причини за вашиот недостаток на мотивација и како можете да ги надминете.rnrnСовети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазамrnrnКога ви недостасува мотивација, станувате пасивни, несреќни и не остварувате никаков напредок. Од друга страна, мотивацијата и ентузијазмот се движечките сили кои ве поттикнуваат да преземете акција и да ги следите целите. Дали често се прашувате зошто ви недостасува мотивација?rnrnНе можете да ги обвинувате другите луѓе ако ви недостасува ентузијазам да дејствувате и да ги следите целите. Треба да најдете начин да се мотивирате. Недостатокот на мотивација и ентузијазам е ситуација која може да се појави во секој аспект од животот, дома, на работа, во односите со другите, во остварувањето цели и во сè друго. Ова често создава рамнодушност, несреќа и незадоволство.rn

    Причини за недостаток на мотивација и ентузијазам:

    rn1. Недостаток од самодоверба во поглед на сопствените способности.rnrn2. Страв од неуспех поради неуспех во минатото.rnrn3. Страв од она што другите би можеле да го кажат.rnrn4. Навика за одложување.rnrn5. Мрзеливост.rnrn6. Чувството или верувањето дека има други поважни работи што треба да се направат.rnrn7. Присуство на стрес и нервоза.rnrn8. Недостиг на инспирација.rnrnМожете да научите да ги надминувате и игнорирате горенаведените причини со тоа што ќе станете свесни за нив и ќе ги признаете.rnrnПонекогаш, постојат кратки моменти на мотивација или ентузијазам. Почнувате да се однесувате ентузијастички, но губите интерес и мотивација по некое време бидејќи ви е тешко да ја одржите.rnrnАко сакате да го подобрите вашиот живот потребен ви е поттик за следење на вашите големи соништа, а исто така и за извршување на помалите секојдневни задачи и задолженија. Во спротивно, нема да можете да им се спротивставите на мрзеливоста, одолговлекувањето и недостатокот на енергија и волја кои кога-тогаш ќе се појават.rnrnНаместо да страдате, да се чувствувате непријатно и пасивно, би било многу подобро да создадете доволно мотивација за да преземете акција и да правите работи. Ова ќе направи да се чувствувате многу подобро, среќно и задоволно.rn

    Откријте каде ви е потребна мотивација

    rn1. Треба да размислите и да откриете во кој аспект од вашиот живот се соочувате со недостаток на мотивација. Ова значи да откриете што навистина ви е важно и кои активности треба да ги следите, за да го подобрите вашиот живот, но и животот на луѓето околу вас.rnrn2. Размислете и откријте кои се вашите вистински цели во животот, но не заборавајте да го фокусирате вашето внимание и на малите нешта.rnrnРазмислете за вашиот секојдневен живот, за вашата работа, за работите што треба да ги правите, задачите и целите и запрашајте се каде имате енергија, а каде ви недостасува. Онаму каде што има недостаток на енергија и ентузијазам, тоа е местото каде што треба да се фокусирате, да се обидете да ги пронајдете причините и да преземете акција за да ја поправите ситуацијата.rn

    Надминување на недостатокот на мотивација и ентузијазам во секојдневниот живот

    rnПравењето мали, или не толку важни работи, кои обично ги избегнувате, може да ви помогне да ја зголемите вашата внатрешна сила. Кога ќе порасне вашата внатрешна сила, ќе можете да си наметнувате себеси и поголеми задачи, дури и ако не сте доволно мотивирани.rnrnЕве неколку примери:rnrn1. Сега измијте ги садовите наместо подоцна.rnrn2. Сега фрлете го ѓубрето наместо подоцна.rnrn3. Исклучете го телевизорот и излезете да прошетате.rnrn4. Исчистете го вашето работно биро.rnrn5. Сега почнете да ја читате книгата која веќе подолго време сакате да ја прочитате дури и ако во моментов сакате да правите други работи.rnrnОва ќе ја зголеми вашата внатрешна сила и способноста да престанете да бидете пасивни.rnrnЕве една корисна вежба:rnrnПосветувајте неколку минути дневно визуелизирајќи се себеси како правите нешто што сакате да го направите, но немате ентузијазам и енергија да го правите тоа. Замислете се себеси како делувате ентузијастички и енергично. Повторете го ова ментално сценарио од ден на ден.rnrnАко целосно го насочите вашето внимание на оваа вежба вашиот потсвесен ум постепено ќе ја прифати менталната слика како реална и ќе разбуди ентузијазам во вас.rnrnОткако прочитавте за нашите совети во врска со недостатокот на мотивација и ентузијазам, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас?

    Зошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас?

    Мотивацијата е важна движечка сила во животот на секој од нас. Влијае врз речиси сите аспекти од нашите животи, без разлика дали станува збор за големи или мали, безначајни нешта.rnrnЗошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас? rnrnПостојат два типа мотивација: надворешна и внатрешна. Надворешната мотивација е насочена кон постигањето некаков исход, најчесто награда. Внатрешната, пак, се однесува на внатрешниот нагон за постигање успех или цел. Според научниците, поефективен е вториот тип – внатрешната мотивација, а еве и зошто е тоа така.rn

    1. Нè прави поупорни

    rnСекој од нас е свесен за фактот дека патот кон успехот никогаш не е лесен и полн со пречки, неуспеси и предизвици. Една од најтешките работи кога се соочуваме со неуспех е да најдеме храброст, да заборавиме на тоа што се случило и да продолжиме понатаму.rn

    2. Учењето кое е резултат на внатрешната мотивација е поефективно

    rnХинтон Зиглер, американски писател и мотивациски говорник, напишал:rn

    „Ако не сакате да учите, никој не може да ви помогне. Ако сте решени да учите, никој не може да ве спречи.“

    rnНие лично сме одговорни за нашите успеси и волја за работа.rn

    3. Подобро ги извршуваме обврските кога сме мотивирани

    rnКога сме доволно мотивирани, се стремиме да го дадеме максимумот за секоја задача што ќе ја преземеме.rnВинс Ломбарди, еден од најпознатите тренери во историјата на американскиот фудбал, напишал:rn

    „Совршенството е недостижно, но ако се обидеме да го достигнеме, ќе ја достигнеме извонредноста.“

    rn

    4. Мотивираните луѓе се борат докрај

    rnМотивираните луѓе се оние кои продолжуваат да се борат со најтешките предизвици, наместо да се откажат и да си заминат.rn

    4 техники за да останете мотивирани

    rnСпоред научниците, постојат одредени психолошки техники кои можат да ви помогнат да останете мотивирани докрај.rn

    1. Останете доследни докрај

    rnРазликата помеѓу успешните и помалку успешните луѓе се состои во доследноста на напорот што го вложуваат. Успешните луѓе знаат дека е од непроценливо значење секој ден да работат на својот личен развој и да инвестираат во себе и своите знаења.rn

    2. Поставете си нови предизвици

    rnСоочувањето со нови предизвици не само што ќе ве направи похрабри туку и ќе ја зголеми вашата самодоверба. Покрај тоа, тие се клучниот елемент кога станува збор за напуштање на вашата удобна зона и се чекор плус кон остварувањето на вашите цели.rn

    3. Немојте да го визуелизирате успехот

    rnСпоред дел од научниците, поважно е да ги визуелизирате чекорите што ќе ги преземете за да постигнете успех. Секој од нив е подеднакво важен и неопходен за постигање на крајната цел.rn

    4. Фокусирајте се на процесот, не на исходот

    rnЗа да бидете успешни во она што го работите и доволно мотивирани, фокусот нека ви биде насочен кон самиот процес на остварување на целта. Ако не успеете да се концентрирате на работите кои морате да ги направите за да постигнете успех, никогаш нема да ја постигнете целта.rnrnОткако прочитавте за моќта на мотивацијата, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Денес е магичен ден: Еве на што треба да обратите внимание

    Денес е магичен ден: Еве на што треба да обратите внимание

    Денес е 11 јануари, а низата 111 укажува на магичен ден во нумерологијата. Бројот 1 претставува независност и мотивација. Означува нови почетоци и способност да се препуштите и да се движите напред кон успехот.rnrnДенес е магичен ден: Еве на што треба да обратите вниманиеrnrnОд друга страна, бројот 11 укажува на вашата животна цел. Кога се заедно, овие две бројки претставуваат инспирација и духовно будење. Луѓето родени на 11 јануари најверојатно ќе бидат инспиративни и силни лидери. Тие се исто така оптимисти, толерантни и зрачат со позитивна енергија.rnrnКога ќе го видите бројот 111 ќе привлечете просперитет и изобилство во вашиот живот, а она за што постојано размислувате ќе се оствари – вашите мисли ќе се претворат во реалност.rnrnСега е одличен момент да ги одредите вашите вистински желби и да си поставите цели. Одлучете што точно сакате и одржувајте оптимистички поглед кон животот без да ве обземат негативни мисли. Наместо тоа, фокусирајте се на вашите соништа.rnrnНизата 111 укажува на вашата интуиција и затоа треба да го следите вашиот внатрешен глас. Таа ќе ви помогне да ги најдете одговорите кои ви се потребни во животот. Ќе ви отвори нови можности, без разлика дали се работи за работа или љубов. За некои луѓе, кога бројот 111 ќе почне да се појавува повеќе пати, тоа е знак за прекин на лоша врска или напуштање на работата што не ги задоволува. Низата 111 е поврзана и со духовното будење и наоѓањето цел во животот – нурнете длабоко во себе. Можеби сте во нова фаза од животот која ќе ви даде чувство на поголема самопочит и самодоверба.rnrnПокрај тоа што носи позитивни работи, низата 111 потсетува и на важноста на чувството на благодарност. Бидете благодарни за сè што имате во животот, без разлика дали се работи за семејството, пријателите, материјалните работи, знаењето или можностите. Бидете благодарни за помошта што сте ја имале досега. Ова ќе ви помогне да привлечете повеќе позитивни ситуации и луѓе во иднина.rnrnОткако прочитавте за значењето на низата 111, можеби ќе сакате да дознаете и кој е вашиот скриен број.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 6 совети за како да останете мотивирани при спроведување на вашите новогодишни одлуки

    6 совети за како да останете мотивирани при спроведување на вашите новогодишни одлуки

    Дали сте во потрага по стратегија како да останете мотивирани за да ги остварите вашите новогодишни одлуки? Во продолжение ви предлагаме неколку совети со кои сме сигурни дека новогодишните одлуки нема да останат запишани само на хартија!rnrn6 совети за како да останете мотивирани при донесување на вашите новогодишни одлукиrn

    1.Користете го терминот напредок наместо новогодишна одлука

    rnЖивотот е постојано растење, менување и прилагодување на нова средина и околности. Зошто тогаш би ни биле потребни некакви решенија или одлуки? Самиот збор укажува на одлучност и следствено на тоа притисок, наместо саморефлексија и подобрување. Наместо „Нова година, нова личност“, подобро би било да се служиме со мотото „Нова година, поголем напредок“. Ова е еден од најдобрите начини да останете мотивирани и да ги постигнете вашите новогодишни одлуки.rn

    2. Бидете реални

    rnНекои имаат тенденција да состават листа од безброј предлози, без притоа да бидат свесни дека ако има помалку одлуки на листата, тогаш ќе биде полесно да ги остварат. Фокусирајте се на работите што навистина сакате да ги промените и кои реално можете да ги промените.rn

    3. Дружете се со оние кои ве поддржуваат

    rnНие постојано сме во процес на подобрување на самите себе. Сепак, не занемарувајте го влијанието што поддршката може да го има секогаш кога ќе преземете некаков потфат. Поддршката може дефинитивно да придонесе за поголеми резултати, па затоа следниот пат би било добро да размислите дали личноста до вас ве поддржува во она што се обидувате да го постигнете.rn

    4. Заборавете на неуспесите од минатата година

    rnПонекогаш идејата за напредок ја градиме врз основа на нашите неуспеси и грешки од годината што завршува. Поставуваме цели врз основа на работите што не сме ги направиле или работи кои другите ги направиле, но не и ние, а сакаме да знаеме како да ги направиме. Сепак, не заборавајте го златното правило: „колку поедноставно толку подобро.“ На тој начин ќе си поставите цели за работите што сакате и можете да ги постигнете.rn

    5. Следете ги вашите цели

    rnШтом веќе сте си ги поставиле целите, време е да почнете да работите за нивното остварување, а како потсетник може да ви послужи календарот на Гугл или пак некој од најблиските. Важно е исто така да најдете начин како да го направите она што сте го замислиле. За секоја одлука направете листа со чекори и придржувајте се до неа. Ќе видите дека со тек на време, тоа ќе ви прерасне во навика и ќе ви помогне побрзо и полесно да ја постигнете целта.rn

    6. Уживајте во животот

    rnБез разлика дали се придржувате до вашата листа со новогодишни одлуки или не, сепак не заборавајте и да уживате во животот. Смејте се често, сакајте ги луѓето до вас и ширете позитивна енергија! Можеби сето тоа е клише, но е сепак остварливо. Среќна Нова година!rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за донесување новогодишни одлуки, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со 6 новогодишни одлуки за вашето ментално здравје.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 15 цитати што ќе ве мотивираат во тешките времиња

    15 цитати што ќе ве мотивираат во тешките времиња

    Животот ни носи разни искушенија и пречки, а неуспесите, падовите и тешките периоди се составен дел од нашиот пат. Оваа година е особено тешка за сите поради пандемијата на коронавирусот, но и тоа ќе помине. А, ќе помине уште побрзо ако се ослободите од негативните мисли и ако гледате позитивно напред. Овие цитати ќе ви помогнат да се справите со проблемите и да ги претворите во ваша корист.rnrn15 цитати што ќе ве мотивираат во тешките времињаrn

    „Само замислете колку би биле среќни да изгубите сè што имате и потоа да го добиете тоа назад.“

    rn

    „Не чекајте другите луѓе да бидат среќни за вас. Среќата што ја сакате, мора да ја создадете сами.“

    rn

    „Стрелата можете да ја отпуштите само со повлекување наназад. Затоа, кога животот ве влече назад со тешкотии, тоа значи дека ве чека нешто големо.“

    rn

    „Никој не може да направи да се чувствувате лошо без ваша согласност.“

    rn

    „Секогаш имајте на ум дека сте похрабри отколку што верувате, посилни отколку што изгледате, попаметни отколку што мислите и двојно поубави отколку што можете да замислите.“

    rn

    „Не плачете за човекот што ве оставил; следниот може да падне на вашата насмевка.“

    rn

    „Честопати забораваме дека среќата не доаѓа како резултат на стекнување нешто што го немаме, туку од препознавањето и вреднувањето на она што го имаме.“

    rn

    „Кога ќе ги исцрпите сите можности, запомнете го ова – не сте ги исцрпиле сите.“

    rn

    „Дали ова ќе биде важно за една година?“

    rn

    „Кога ќе излезете напред и ќе ја споделите својата приказна на зајакнувачки начин, вашата приказна ќе ве излекува, но исто така ќе излечи и некој друг.“

    rn

    „Ние не сме повредени. Така учиме. Најсилните луѓе – оние кои имаат насмевка на лицето во најтешките моменти, се луѓето кои се бореле во најтешките битки.“

    rn

    „Кога ви се чини дека сè е против вас, сетете се дека авионот полетува кога оди спроти ветрот, а не со ветрот во грб.“

    rn

    „Престанете да гледате во минатото и да размислувате за сите работи што не можете да ги промените. Поминаа и завршивте со тоа. Сега е време да гледате кон иднината, да ја фатите за рака и да одлучите каде сакате да одите.“

    rn

    „На добрите луѓе им се случуваат лоши работи. Тоа нема смисла. Но, начинот на кој живеете е она што е важно. Она што е важно е како се справувате со дупките на улицата.“

    rn

    „Прифатете ја болката и потрошете ја како гориво за вашето патување.“

    rnПрочитајте ги и овие 13 моќни цитати во кои сигурно ќе се пронајдете.

  • 20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подобро

    20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подобро

    Овие 20 вистини за животот ќе ве натераат да размислите за некои работи и да почнете да го живеете со полни гради.rnrn20 вистини за животот што ќе ви помогнат да го разберете подоброrnrn1. Вашата банкарска сметка или физичките атрибути не откриваат ништо за вашиот карактер. Нема ништо духовно во тоа дали имате пари или не, дали работите или не, што јадете или не јадете.rnrn2. Единствено што е важно е чистотата на вашето срце. Можеби мислите дека луѓето ги гледаат вашето тело и вашето лице, но она што тие навистина го гледаат е вашата душа.rnrn3. Вие не заслужувате љубов од друга личност. Мора да ја заработите. Треба да дадете љубов и да изберете личност што ќе ви ја возврати таа љубов.rnrn4. Вие, сепак, ја заслужувате својата љубов. Вие заслужувате да си дадете среќа и радост, во која било форма. Тоа е само ваш живот и вие заслужувате да верувате во она за што сте способни.rnrn5. Понекогаш работите ќе ги правите чисто за пари. Понекогаш ќе ги правите затоа што срцето така ви кажува. Не е секогаш потребно да заработите пари правејќи го она што го сакате.rnrn6. Не може да бидете благодарни само за работите за кои сметате дека се позитивни. Треба да бидете благодарни за вашата тага и за вашата болка. Треба да ги научите лекциите и да бидете благодарни без разлика во каква форма биле.rnrn7. Развојот е процес што се случува додека сте во темнина. За да продолжите напред, мора да осветлите некои делови од вас што сте ги криеле дотогаш.rnrn8. За да се лекувате, мора да се прочистите. Мора да го испразните срцето сè додека не биде подготвено повторно да се наполни со нешто подобро. Единствениот излез од темнината е преку тунелот, чекор по чекор.rnrn9. Ако ве интересира како да го промените светот, еве како: секој ден стремете се да бидете причината поради која некој друг ќе верува во добрината на луѓето. Користете ги вашите зборови за заздравување, а не за отворање рани. Бидете нечија приказна што луѓето ќе ја повторуваат кога ќе ја изгубат вербата во светот.rnrn10. Зборовите повредуваат. Зборовите болат. Имаат моќ. Тие се оружје или херои, во зависност од тоа како ги користите. Користете ги мудро.rnrn11. Вашите мисли може да ве затвораат ако не ги контролирате. Минатото што ви предизвикува гнев, тага, бес, љубомора или вина може да ве проголта цели ако не сте свесни за начинот на којшто тоа ткае лажна приказна во вашиот ум. Самосвеста ќе ве ослободи.rnrn12. Единствениот начин да бидете вистински среќни е да го исклучите светот и да го слушате внатрешниот глас. Овој свет ќе ве научи на еден пат до среќата и на крајот на тој пат многумина се мизерни, поразени и гневни. Создајте свој пат.rnrn13. Не живејте за викенд. Ако не можете да најдете радост во другите пет дена од неделата, нешто треба да промените веднаш. Не чекајте да ви се промени животот. Променете ги околностите или променете го вашето мислење за околностите. Барајте секојдневна радост.rnrn14. Не бирајте живот во кој постојано ќе гледате во часовникот. Чекајќи времето да помине, го трошите поголемиот дел од животот. Следете го патот на страста. Посветете го вашето време на нешто надвор од себе. Најдете време. Немојте да ги поминувате деновите чекајќи да умрете.rnrn15. Ништо не е повеќе важно од тоа како се однесувате кон луѓето. Тоа е сè што другите ќе запомнат за вас. Никој не се грижи како изгледате, каков автомобил возите или каква чанта имате. Сето тоа е фасада, која нема никаква врска со тоа како се однесувате кон другите.rnrn16. Никогаш не се вљубувајте во некој што е груб кон луѓето што работат во услужната дејност. Начинот на кој се однесуваат кон луѓето што не се обидуваат да ги импресионираат е истиот на кој ќе се однесуваат со вас на крајот. Вие не сте исклучок.rnrn17. Љубовта е свесен избор што го правите секој ден со личноста со којашто сте. Понекогаш тој избор е лесен, а понекогаш не. Она што ја дефинира вашата врска е она што го правите кога тој избор не е лесен.rnrn18. Престанете да ги откажувате плановите со луѓето. Еден ден, тие едноставно ќе престанат да ве бараат, а вие ќе се прашувате каде отидоа вашите пријатели.rnrn19. Секој збор што ќе го кажете, особено на Интернет, има многу силен ефект. Тоа што го кажувате влијае на некој друг. Ако мислите дека тоа што го пишувате на Интернет не е важно, не сте во право. Тие зборови се важни затоа што некој ги чита. Бидете внимателни и престанете да мислите дека вашата грубост нема да има последици.rnrn20. Спасете се. Единствената личност што може да ве ослободи од вашата болка сте вие. Вие сте единствената личност што треба да го живее вашиот живот. Направете дом внатре во себе и дозволете им да влезат само на оние што се вредни за вашето внимание.rnrnПрочитајте ги овие 8 животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот.

  • Подготвени за големи животни промени: Што ве мотивира да се промените според вашиот хороскопски знак?

    Подготвени за големи животни промени: Што ве мотивира да се промените според вашиот хороскопски знак?

    Астролозите тврдат дека постои еден животен сегмент што предизвикува да се промените на особено интензивен начин. Откријте што ве тера да направите големи чекори.rnrnПодготвени за големи животни промени: Што ве мотивира да се промените според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnКога ќе забележи дека долго време стагнира, Овенот ќе сака да промени сè затоа што му недостасува акција, а таа е основниот двигател на овој хороскопски знак. Ако забележат дека нешто им стои на патот кон својата цел, овие личности ќе направи значајни промени само за да ги остварат своите цели.rn

    Бик

    rnБиковите се апсолутни хедонисти, а алармот за промена им се активира во моментот кога тие чувствуваат дека веќе не уживаат. Припадниците на овој хороскопски знак се сакаат себеси и го сакаат својот живот, па ќе вложат многу труд за од животот да направат уживање, без оглед на тежината на промените што треба да ги направат.rn

    Близнаци

    rnПромените им се составен дел од животот на Близнаците. Овие личности се менуваат од ден на ден, но не само тие, туку и луѓето со кои се среќаваат. Ним им е потребна ментална, психолошка стимулација за да дејствуваат и да бидат среќни, а основната сфера на нивната активност е дефинитивно промената.rn

    Рак

    rnРаковите сфаќаат дека е време за промена кога немаат доволно време да ја слушнат својата интуиција и да се насочат кон вистинскаиот правец. Кога ќе сфатат дека ја потрошиле целата своја енергија на другите луѓе, овие личности застануваат и повторно почнуваат да се променуваат.rn

    Лав

    rnВозбудата и адреналинот се основните двигатели на промените кај припадниците на овој хороскопски знак. Овие личности сакаат возбуда и поттик за своите амбиции, па кога ќе забележат дека тие недостасуваат, Лавовите се подготвени за големи промени.rn

    Девица

    rnДевиците реагираат на хаосот. Без разлика за која сфера од животот станува збор, хаосот ги спречува да дејствуваат и токму тоа е основниот двигател за промени. Кога животот не им е среден, тие започнуваат со значајни промени само за повторно да постигнат перфекционизам.rn

    Вага

    rnКога ќе ја забележат својата небрежност, Вагите почнуваат да дејствуваат и да работат на себе за повторно да станат беспрекорни.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се многу страсни и интензивни и кон себе и кон другите. Односите со другите луѓе се едни од водечките двигатели кога станува збор за промените. Кога ќе забележат дека луѓето стануваат рамнодушни кон нив, јасно им е дека е време за промена.rn

    Стрелец

    rnЗдодевноста е таа што ги тера Стрелците да направат промени. Овие личности се авантуристи и тоа е смислата на нивниот живот. Интензивна забава и доза адреналин е сè што им треба и затоа постојано се во движење, а кога не се движат, јасно е дека е време за промена.rn

    Јарец

    rnЈарците се луѓе што преземаат акција. Тие секојдневно работат за да ги постигнат своите цели, а кога ќе забележат дека стагнираат и ги одложуваат обврските, овие личности почнуваат да ги менуваат работите од корен само за повторно да уживаат во своите успеси и достигнувања.rn

    Водолија

    rnВодолиите се слободни и полни со енергија, а кога ќе се чувствуваат презаситени од обврските и од животот, тие одлучуваат да преземат драстични чекори за да бидат свои.rn

    Риби

    rnРибите функционираат добро само кога имаат мотивација и инспирација, а кога ќе почувствуваат дека ништо не ги мотивира да напредуваат, припадниците на овој хороскопски знак прават драстични промени.rnrnМожеби ве интересира како се заљубуваат хороскопските знаци.

  • 20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни

    20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни

    Микаил Литвак е познат доктор, психотерапевт и меѓународно реномиран психијатар. Според него, таму каде што има повеќе од една личност, секогаш ќе има конфликт. Луѓето секој ден даваат или слушаат аргументи и колку повеќе социјални улоги имаат, толку повеќе имаат и материјал за расправа. Најчесто, ваквите расправи не се конструктивни и се претвораат во вистински борби што предизвикуваат сериозна психолошка штета. Но, дали ви е тоа потребно? Прочитајте ги неговите совети што ќе ви помогнат да ги избегнувате непотребните конфликти и чувството на фрустрација и незадоволство.rnrn20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќниrnrn1. Никој не отфрла никого, но некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оној што заостанува мисли дека е отфрлен.rnrn2. Ако мислите дека сте добра личност, зошто чувствувате потреба и другите да мислат така за вас?rnrn3. Правете го тоа што го сакате и не барајте дозвола бидејќи нема да ја добиете.rnrn4. Показатели на духовната зрелост се способноста да сакате и способноста да се справите со осаменоста. Најдобрите работи ги правите кога сте сами.rnrn5. Незрелата личност често има знаење, но не знае како да го примени. Зрелата личност има знаење и знае како да го примени. Поради тоа, незрелата личност ги критикува другите, а зрелата личност дејствува.rnrn6. Не знам кој е патот до успехот. Но, знам кој е патот до неуспехот, а тоа е желбата да им угодите на сите.rnrn7. Не постои машка или женска логика. Постои само способност или неспособност за правилно размислување.rnrn8. Сакате да дознаете кој е вашиот најголем непријател? Погледнете во огледалото. Победете го него, па потоа останатите ќе ви се покоруваат.rnrn9. Постигнете успех, навредите ќе поминат.rnrn10. Убаво е да разговарате со пријателите. Корисно е да разговарате со непријателите.rnrn11. Постои само една оправдана причина зошто да ја напуштите работата или да ја прекинете врската со некого, а тоа е неможноста да постигнете личен развој во тие околности.rnrn12. Со пријателите и со непријателите треба да ја споделувате само радоста. Вашите пријатели ќе бидат среќни, а вашите непријатели вознемирени.rnrn13. Не трчајте по среќата и среќата е тоа што ќе го пронајдете. Среќата се наоѓа во вас, а патот до неа е максимален развој на сите ваши способности.rnrn14. Среќата е производ на убаво организиран живот.rnrn15. Ако сакате да докажете нешто некому, вие постоите само за таа личност. Ако постоите за себе, тогаш не треба да докажувате ништо на никого.rnrn16. Имагинацијата е гласот на сите ваши способности. Јас не сонувам да пеам во опера бидејќи немам глас за тоа. Но, ако сонував за тоа, тогаш би ги зајакнал моите способности и би направил сè што е потребно за да станам оперски пејач. Вие треба да размислите како да ги направите вашите соништа реалност. Не брзајте, а потоа соновите брзо ќе се реализираат. Добро е кога човекот ќе рече: „Јас сакам само да ги остварам моите соништа“.rnrn17. Подобро е да комуницирате со добра книга отколку со празен човек.rnrn18. Кога човек нема што да каже добро за себе, а сака да каже нешто, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.rnrn19. Ако сакате да стиснете нешто во вашите раце, тоа нека биде знаење, а не вратот на најблиските.rnrn20. Депресијата му се дава на човекот за да може да размислува за себе.rnrnПрочитајте ги и овие 5 совети за среќа од најсреќниот човек на планетата.