Секој од нас знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој има улога на гориво кое ни помага да го издржиме темпото во напорниот ден и затоа е многу важно овој оброк да биде здрав и богат. Но, многумина и понатаму го прескокнуваат. Прочитајте ги следниве 7 причини поради кои би требало да започнете да појадувате уште денес. Еве кои придобивки ги имаат луѓето коишто редовно појадуваат.rnrn
rn
1. Повитки се
rnЕдна студија од 2003 година проценила дека оние кои го прескокнуваат појадокот се за четири и пол пати посклони на дебелеење, отколку оние кои редовно појадуваат. Во истата студија, во која е следена исхраната на 499 луѓе, е откриено дека оние кои се прејадуваат за вечера и за појадок, се посклони на дебелеење.rn
2. Поздрави се
rnЕдна американска студија од 2003 година открила дека оние кои редовно појадуваат најчесто имаат нормално ниво на шеќер во крвта и чувствуваат помалку глад подоцна, во текот на денот. Произлегло дека оние кои редовно појадуваат имаат помал ризик од заболување од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rn
3. Имаат повеќе енергија
rnДоколку изедете појадок богат со умерена количина влакна и јаглени хидрати, ќе се чувствувате помалку уморно во текот на денот. Обратно, масниот појадок доведува до поголем замор.rn
4. Имаат подобар холестерол
rnОние кои го прескокнуваат појадокот имаат поголемо ниво на холестерол и послаба чувствителност на инсулин од оние кои појадуваат, открила една американска студија. Истото истражување покажало дека оние кои појадуваат внесуваат 100 калории помалку на дневно ниво, од оние кои го прескокнуваат.rn
5. Имаат подобро помнење
rnДобриот појадок може да ја подобри краткорочната меморија, тврди една студија извршена на 319 тинејџери на возраст 13-20 години. Истражувачите откриле дека висококалоричниот појадок ја ослабува концентрацијата.rn
6. Внесуваат повеќе хранливи материи
rnЛуѓето кои ретко појадуваат внесуваат повеќе масти, а помалку хранливи материи како што се калциумот, калиумот и влакната, во споредба со оние кои редовно појадуваат.rn
7. Имаат изговор да изедат нешто здраво за појадок
rnОние кои појадуваат обично јадат здрава храна – овесна каша, јајца, грејпфрут и пијат кафе. Овесната каша е добра за нормализирање на нивото на холестерол и ја подобрува меморијата и вниманието кај децата кои редовно појадуваат. Грејпфрутот содржи многу витамини Ц и А и го подобрува дејството на лековите кои се борат против ракот. Доколку за појадок изедеме јајца, ќе бидеме сити и ќе јадеме помалку во подоцнежниот дел од денот. Кафето го смалува ризикот од депресија, некои врсти на рак и дијабетес тип 2.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rnrnПа така, доколку во одредена ситуација ви треба зголемена мозочна активност и енергија, да речеме кога учите за некој испит, не е на одмет да почнете да консумирате повеќе здрава храна, која докажано ја подобрува работата на мозокот. Еве некои видови храна кои треба да започнете да ги применувате во секојдневната исхрана, доколку сакате да ја подобрите и зголемите мозочната активност.rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn


rnrnМеморијата е нешто многу моќно. Некои луѓе се сеќаваат на целосните имиња на нивните пријатели од детството, додека пак други не можат да се сетат ни каде ја паркирале својата кола пред 10-тина минути. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот. За да го промените тоа, погледнете ги наредниве 7 начини со кои можете брзо и лесно да ја подобрите вашата меморија:rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rnrn



Вашиот мозок не соработува со вас бидејќи не е задоволен со вашиот избор за појадок – на оброкот му недостасувало шеќер за кој мозокот копнее. Тоа се случува кога нивото на шеќер во вашата крв ќе падне многу ниско. Од гледна точка на вашиот мозок, шеќерот е неопходен за функционирање и ќе направи сè што е во негова моќ за да ве убеди да јадете шеќер што почесто можете.rnrnМилијардите неврони во вашиот мозок имаат потреба од константна доза на шеќер за да можат да ја одржуваат нивната способност за продуцирање енергија и за комуникација со другите неврони. Доколку ги лишите од шеќер, дури и на неколку минути, тие почнуваат да изумираат. Поради тоа, како што се намалува количеството на шеќер во вашата крв, постепено по последниот оброк, вие почнувате да копнеете по храна, по нешто поблаго.rnrnОткако ќе се најде во мозокот, шеќерот исто така се употребува за една многу важна невротрансмитерна хемикалија наречена ацетилхолин која ви дозволува да учите и да помните, го регулира вашето внимание и расположение и го контролира вашето движење. Најбрз начин за да го поттикнеме овој процес во мозокот е со помош на различни благи како крофните или пак, колачињата кои содржат и чоколадо. Поради тоа, вкусно чоколадо прелиено на крофна рано наутро ќе му овозможи на вашиот мозок сè што му е потребно за да го одржува вашето внимание и да учи нови нешта. За жал, вашиот солен појадок не може да ви го овозможи ова.rnrnНо, како што поминува денот ќе почнувате да забележувате дека вашето внимание како и менталната активност се намалуваат. Лекот за ова е едноставен – кафе. Додека сте биле зафатени со размислување и учење, друга невротрансмитерна хемикалија се зголемила и полека, но сигурно ги исклучувала вашите ацетилхолински неврони. Оваа хемикалија се нарекува аденозин. Таа ги инхибира функциите на ацетилхолинските неврони во мозокот и колку подолго сте будни, толку повеќе ќе го чувствувате нејзиното влијание. Кофеинот во кафето има способност да ја спречи работата на аденозинот и да ги ослободи нашите ацетилхолини од неговите упорни „канџи“ и со тоа нашето внимание се подобрува и сме подготвени за сè – барем додека не исчезне ефектот од кофеинот.rnrnПа, утре наместо да ги одбегнувате потребите за кафе и крофни (или друг вид благи), дозволете си себеси да направите еден мал експеримент за да видите како ќе реагира вашиот мозок. И за крај, ве замолуваме да се вратите на почетокот и да ја прочитате првата реченица уште еднаш.rnrnrn
Од истражувањето на психолозите од британскиот универзитет Нортумбрија, се утврдило дека вдишувањето арома од масло од рузмарин помага во јакнење на долготрајното помнење, будноста, концентрацијата и менталните способности. Тие откриле дека мирисот на оваа лековита билка може да ја зголеми меморијата за 75%.rnrnАнглиските научници тврдат дека вдишувањето на овој мирис ја подобрува способноста за присетување на минати настани и способноста за помнење задачи кои треба да се извршат во иднина. Преку серија од различни тестови, истражувачите покажале дека лицата кои вдишуваат мирис од масло од рузмарин, ги помнат задачите кои треба да ги извршат за 60-75% подобро, во споредба со лицата кои воопшто не помирисале рузмарин.rnrnУчесниците биле подложени на серија тестови за меморија, кои вклучувале сокривање на предмети и нивно повторно пронаоѓање по извесно време или подавање на одреден објект на истражувач, во точно определено време кое било претходно специфицирано. Оние волонтери кои биле изложени на овој мирис, се присетиле на седум зададени задачи, а останатите се сетиле само на четири и тоа многу побавно од првата група.
Во крвта кај лицата кои доаѓале од ароматизираната просторија било детектирано повисоко ниво на 1,8-синиол, супстанца која се наоѓа во маслото од рузмарин и влијае на помнењето.rnrnРузмаринот се користел уште во древен Египет на свадбени церемонии за поттикнување на помнењето и верноста. Во современата билна медицина, рузмаринот се користи како благ анелгетик против мигрена и дигестивни болести.rnrn
Оваа студија е прва досега која ги испитувала влијанијата од процесирање на порнографски фотографии врз помнењето. Делот од мозокот кој е одговорен за чување на информациите додека завршувате друга задача, е клучен за работната меморија која ги опфаќа разбирањето, сфаќањето, решавањето проблеми и донесувањето одлуки.rnrnГерманските истражувачи им дале задача на 28 мажи, хетеросексуални и во просек со 26 години, да гледаат неколку компјутерски фотографии. Некои од нив не биле со сексуална содржина. Непорнографските фотографии вклучувале луѓе кои прават голем број активности, како смеење, спортување или носење оружје. Како што испитаниците ги разгледувале фотографиите, тие притискале „да“ или „не“ за да дадат до знаење дали станува збор за истите фотографии кои тие ги виделе четири слајдови претходно.rnrnМажите добиле значително поголем број неточни одговори кога гледале порнографски фотографии, отколку кога ги гледале оние со несексуална содржина. Во просек, тие одговарале точно само 67% од времето кога гледале порнографија, но 80% во случајот со непорнографски содржини. Нивното помнење при изложеност на порнографија било доста послабо и мажите изјавувале дека во тие ситуации на некој начин биле преокупирани со зголеменото сексуално возбудување, како и зголемената потреба за мастурбирање.rnrn


Една ноќ тие двајцата ќе доживеат тешка сообраќајна несреќа. Лео ќе помине со полесни повреди, но Пејџ сериозно ќе настрада. Оштетувањата на мозокот ќе предизвикаат губење на меморијата од последните неколку години. Таа нема да се сеќава на својот сопруг, на романсата со него, ниту на нивната венчавка.rnrn
Лео ќе се најде во многу непријатна ситуација, која понатаму само ќе се влошува. Ќе даде сè од себе за да ја потсети Пејџ на нештата кои ги заборавила. Ќе ја однесе во станот каде што живееле, на местата каде што излегувале, на местата за кои ги врзуваат спомени… но тоа нема да му донесе ништо. Таа ќе се врати на својот поранешен начин на живот. Ќе се пресели кај родителите, времето ќе го поминува со старите пријатели, повторно ќе се запише на правен факултет, а ќе се сретне и со поранешното момче Џереми чудејќи се зошто не се сè уште во врска.
Во меѓувреме состојбата со меморијата на Пејџ никако не се подобрува. Лео делува загубено, но силната љубов нема да му дозволи да ја загуби надежта и ќе продолжи да се бори за одново да го освои нејзиното срце.

rn
Зошто одморот ѝ помага на меморијата? Според еден популарен поглед на оваа тема, паузата ни помага да ја зајакнеме трагата на тоа што сме го научиле пред неколку моменти. Потоа кога ќе имаме потреба да ги извлечеме тие информации од нашиот мозок, ќе ни биде многу полесно да ги пронајдеме.rnrnНаучниците успеале да го покажат овој ефект со истражувања во кои биле вклучени стаорци. На пример, нервната активност кај стаорците кои само што научиле нешто ново (на пример патот до местото каде што ги чека храна), изгледа многу слично со активноста во мозокот која се појавува за време на учењето. Ова ни укажува дека тие автоматски ги повторуваат новонаучените информации во нивната глава со цел подобро да ги запомнат. Интересно е и тоа што научниците дознале дека повторувањето на новонаучените информации е уште поефикасно доколку се случува за време на „буден“ одмор – кога животните само си седеле и не правеле ништо посебно.rnrnЗа да проверат дали одморањето имало некаква врска со подобрување на меморијата кај луѓето, психолозите од Универзитетите во Единбург, Мисури и Оксфорд спровеле едноставен експеримент. Тие побарале од постарите возрасни доброволци, на возраст од 61 до 81 година да учествуваат во истражувачка сесија која се состоела од два дела во период од 2 недели. На почетокот од првиот дел, цела група слушала една иста приказна, а по нејзиното завршување тие биле делени на две групи од кои едните седеле со затворени очи и одморале, а другите играле игра во која било потребно да се забележат разликите на две наизглед исти фотографии. По една недела, за вториот дел од истражувањето, сите добиле изненаден тест поврзан со приказната од почетокот.rnrnТестот го поддржал истражувањето кое било спроведено со стаорците. Онаа група на испитаници кои одморале по слушањето на приказната запомниле околу 75% од нејзините детали. Групата која ја играла играта помнеле само околу 60% од приказната. Што е уште поинтересно, мал број од луѓето за време на 10-минутното одморање изјавиле дека размислувале за приказната. Изгледа дека без разлика дали се обидуваме да запомниме нешто или не, доколку се одмораме веднаш по новонаучените информации – тие ќе остават подлабока трага во нашата меморија.rnrnВо денешниот „брз“ начин на живот каде што постојано сме бомбардирани со информации, многу е логично дека дел од нив нема да успеат да останат запомнети во нашите мисли. Поради тоа секогаш кога ќе можете, без разлика дали се работи за тест, документ од работа или пак за обична порака од вашите најблиски, најдете начин на само неколку секунди да ги затворите очите и да се опуштите. Во брзо време ќе забележите дека изреката „Леле, извини ама сосема заборавив на тоа…“ нема повеќе да биде дел од вашето секојдневие.rnrn