Според народната традиција, но и научните сознанија, кантарионот (познат и како Богородична трева), успешно го победува лошото расположение и депресијата. Но, тоа не е неговото единствено лековито својство. Билката која ја красат цветови со силна жолта боја може да се најде во облик на чај или масло. Таа има изразено антибактериско дејство и е природен антисептик. Покажува поволно делување при третирање вирални и ретровирални инфекции. Во моментов се прават повеќе испитувања за влијанието кај вирусните заболувања како ХИВ и хепатитис Ц.rnrn
rnrnОд друга страна пак, вагиналетите со кантарион се применуваат како дезинфекција, бидејќи имаат широко антибактериско дејство. Во народната, но и традиционалната медицина, вагиналетите со кантарион се користат при голем број гинеколошки проблеми. Тие помагаат при обнова на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстрануваат последиците на воспаленијата и белото прање кои се проследени со чешање, болка и чувство на пецкање.rnrnКантарионот се употребува и за лечење депресија, како средство за смирување. Во последниве години, кантарионот станува сè попопуларно кога станува збор за борбата против депресијата. Тој е одобрен како лек за употреба блага и умерена депресија во Германија, а признат е и од страна на Светската здравствена организација. Тој се користи и при справување со стравови, промени во расположението при менопауза и опсесивно компулсивно нарушување. Екстрактот од кантарион помага и при вознемиреност, неспокојство, лошо расположение и несоница.rnrnПрочитајте ги и овие 7 нешта што треба да ги знаете за антибиотиците.
Tag: масло
-

Прочитајте зошто треба да имате чај или масло од кантарион во секое време во домот
-

Неверојатен трик за намалување на маснотиите при готвење: Направете сами масло за пржење!
Најдобрата опција за подмачкување на тавата е масло во спреј. Но, тоа кај нас го нема во секоја продавница. Дури и кога ќе наидете на вакво масло, цената не е достапна за секого. Затоа можете да се послужите со овој трик што ќе ја олесни работата при пржење и печење на многу готвачи.rnrn
rnrnЗа да направите вакво масло, потребно ви е само едно пластично шише со распрскувач, коешто ќе прска што е можно поситно. Посипете масло по ваша желба и спрејот за пржење е готов!rnrnЧувајте го маслото во фрижидерот, а пред употреба оставете го неколку минути на собна температура. Најдобро е да ставате мала количина во шишето за да ви биде полесно неговото користење.rnrnhttps://youtu.be/qzoGoxTolxArnrnМожете да користите секаков вид масло, а доколку се одлучите за кокосово масло, пред употреба треба да го ставите спрејот во топла вода за да се растопи и да биде што е можно потечен.rnrnДоколку сакате пикантно масло, наполнете едно шише лути пиперки, а потоа полијте ги со масло.rnrnПогледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви. -

Подгответе ги стапалата за пролетните и летните сандали
Кога станува збор за негата на телото, слободно можеме да кажеме дека стапалата се најзапоставениот дел од нашето тело. Но, со приближувањето на пролетните и летните топли денови, треба да имаме на ум дека и на стапалата им е потребна соодветна нега, со цел да можеме слободно да носиме отворени сандали. Токму затоа и денес ви ги издвојуваме овие едноставни совети, со чија помош, во удобноста на својот дом, можете да им овозможите соодветна нега на вашите стапала и да ги направите.rnrn
rn1. Етерично масло
rnНаполнете кофа со топла вода и капнете неколку капки етерично масло во неа. Етеричното масло помага при борбата против габите и бактериите, а со тоа и ја омекнува кожата на вашите стапала. Покрај антибактериските својства, по оваа купка за стапала, старата кожа целосно ќе се отстрани.rn
2. Одберете добра турпија за пети
rnПо омекнувањето на кожата, најдобро е да ги отстраните самите остатоците од старата кожа, а тоа можете најдобро да го направите со турпија за пети. Истријте ги сите груби места, со цел повторно да ги направите вашите стапала нежни и мазни.rn
3. Хидрирајте ги стапалата
rnКога ја мачкате вашата кожа со хидратантен лосион по туширањето, големи се шансите дека заборавате на вашите стапала. Овој пат, имајте ги и нив на ум откако ќе излезете од туш кабината и обрнете им повеќе внимание, односно ставете поголем слој лосион.
-

Масло од диво оригано: Најмоќниот природен антибиотик
Иако фармацијата е многу напредната, сè повеќе луѓе сакаат да го заштитат својот организам на природен начин, бегајќи од штетното влијание на хемијата. Маслото од диво оригано со векови се користи за лечење најразлични здравствени тегоби. Неговите лековити својства им биле познати уште на античките Грци, а исто така постојат записи и дека Хипократ го користел како антисептик. Ова масло е еден од најсилните природни антибиотици, па затоа и мора да се внимава со количината која се внесува и да се комбинира со други масла за најдобар ефект. Продолжете да читате за да ги откриете неверојатните придобивки од ова магично масло.rnrn
rn1. Успешно се бори против бактериските и габичните инфекции
rnМногу истражувања покажале дека маслото од оригано има силни антибактериски својства и успешно се бори против 30 видови бактерии, меѓу коишто се наоѓа и познатата ешерихија коли. Подеднакво добро се бори и против голем број габични заболувања. Често се користи за борбата против габите под ноктите, како и за атлетското стапало.rn
2. Ги заблажува тегобите за време на менструацијата
rnОва масло одамна се користи за намалување на болките за време на месечниот циклус, како и за нередовна менструација. Но, имајте на ум дека го стимулира протокот на крвта и контракциите на материцата, па затоа не се препорачува за трудници.rn
3. Ги намалува последиците од кожни болести
rnМногу луѓе благодарение на ова масло пронашле спас од псоријаза и егзем. Кога станува збор за кожните заболувања, тоа се меша со маслиново масло или масло од јојоба и на тој начин се нанесува на кожата. Резултатите се скоро инстантно видливи.rn
4. Содржи многу витамини и минерали
rnМагнезиум, цинк, витамини Ц и Е, железо, манган… сите овие хранливи состојки се содржат во маслото од диво оригано.rn
5. Помага при проблеми со дишењето
rnМаслото од диво оригано е ефикасно против бронхитис, астма и проблеми со дишењето предизвикани од настинка. Тоа има благо седативно дејство и кај дишните проблеми предизвикани од алергија, но исто така и ја ублажува реакцијата на телото на алергените.rn
6. Штити од кардиоваскуларни болести
rnБлагодарение на силните антиоксиданси во него, тој ги штити срцето и вените од штетата предизвикана од слободните радикали. Исто така го намалува лошиот холестерол и го спречува насобирањето на мастите во организмот.rnrnДознајте кои се 3-те најсилни природни антибиотици за коишто не ви требаат рецепти.
-

Направете сами: Масло за тело од лаванда за студените, зимски денови
Ако сте одушевени од миризбата на лаванда и користите многу козметички производи со оваа состојка, тогаш имаме одличен предлог за вас – направете масло за тело, што е одлично за сувата кожа и многу е лесно за подготовка. Тоа исто така се користи и за заблажување на грчевите, како и за нега и обнова на кожата.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- Базично масло (маслиново или сончогледово)
- Цветови лаванда
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо чиста тегличка или друг вид стаклено шишенце, ставете цветови од лаванда така што ќе наполните 2/3 од садот и потоа наполнете ја со маслото до врв. Ставете ја тегличката или шишенцето на сончево место и оставете ја да отстои месец дена, но не заборавајте секојдневно да ја промешувате. Откако ќе помине месецот, процедете го маслото низ густо сито или низ газа и ќе добиете чисто масло, спремно за употреба.rn
Дополнителен совет:
rnПо два, три дена од процедувањето, повторете ја постапката уште еднаш, со цел да избегнете заматување на маслото со талог. Исто така чувајте го на темно и ладно место и искористете го во рок од максимум една година.rnrnЗа подеталната постапка, можете да го погледнете и ова видео:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=g6syy927iAcrnrnДознајте и како да го користите маслото од лаванда против анксиозност.
-

Ако имате над 20 години, треба редовно да користите сквалано масло!
Помина времето кога единствената можност за подмладување на кожата ни доаѓаше во форма на инјекции. Кога станува збор за одржување на лицето, денес постојат илјадници креми и серуми што се вистински фонтани на младоста, но како да го пронајдете тоа што е најдобро за вас? Ние откривме вистинско чудо, што може да биде вашиот одговор на ова прашање – дозволете ни да ве запознаеме со еден мал продукт познат како сквалано масло!rnrn
rnrnСкваланото масло (со „а“) е природен биопродукт од скваленото масло (со „е“), што веќе се произведува во нашето тело. Скваланот скоро секогаш се одбива од растенија, како маслинки, ориз и шеќерна трска, но тоа што го издвојува од останатите е фактот што нема да ги затвори вашите пори. Тоа толку брзо се впива што нема да забележите никаква трага од него, секунди по нанесувањето.rnrnСтанува збор за магичен продукт што помага при предвременото стареење, а можете да го користите во истиот момент штом наполните 20 години бидејќи токму тогаш почнува да се намалува и нашата природна продукција на скваленот. Ова масло исто така е и одлично за навлажнување на кожата, како и за борба против одредени состојби како егземот. Тоа исто така помага и при заштита од нечистотиите од околината и слободните радикали, притоа намалувајќи ја хиперпигментацијата и знаците на стареење.rnКако да го користите?
rnЗа да ја одржувате кожата младолика, сè што треба е да го нанесете на лицето во комбинација со вашата дневна крема. Доволни ви се само неколку капки наутро и неколку капки навечер за да ги искусите неверојатните придобивки на овој производ.rnrnОд друга страна пак, тој е одличен и за зацелување на кршливата коса. Исто како и со кожата, ако го користите на косата тој ќе ви помогне да ја одржувате нејзината мекост. Доволно е да ставите неколку капки на вашите дланки и потоа да поминете по краевите на косата.rnrnЗа крај, ова масло може да ви помогне и со сувите кутикули. Тоа брзо се апсорбира, па кожата околу ноктите скоро инстантно ќе ви стане помека. Доволно е да капнете по една капка на основата од секој нокот и да ги измасирате кутикулите.rnrnПрочитајте и за овие одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице!
-

Магично африканско масло кое е најдоброто решение за сувата кожа
Направете место во вашата козметичка торбичка, бидејќи денес ви откриваме вистински еликсир за убавина. Станува збор за најценетата африканска тајна во форма на чудотворно масло за кожа и коса.rnrn
rnrnОвој еликсир за убавина се добива од африканското стебло марула. Домот на ова стебло е Јужна Африка и расте на отворени тревници овозможувајќи сенка во облик на сонце. Стеблото расте до висина од 15 до 20 метри и има интересна и разгранета крошна со жолти плодови. Неговиот плод има меко тело и цврста семка која е богата со масло.rnrn
rnrnМаруловото масло содржи високо ниво протеини, лимонска и јаболкова киселина, овошен шеќер, фосфор, магнезиум, бакар, цинк, тијамин. Се користи за произведување пијалаци, најчесто алкохолни, но во последно време го освојува и светот на козметиката и тоа со добра причина.rnrn
rnrnОва масло има богата традиција кај африканските жени. Маруловото масло е идеално за сувата кожа, бидејќи има исклучително хидратантно делување и ефект. Високото ниво на палмитинска и стеаринска киселина е идеално за јакнење на липидниот филм на кожата. Освен тоа, маслото штити од околните влијанија, го намалува црвенилото на кожата и содржи многу витамин Ц кој е заслужен за создавање колаген.rnrnДоколку сакате да ја унапредите вашата рутина за убавина и да ја збогатите вашата козметичка торбичка со масло за нега, тогаш дознајте и кое е најдоброто масло за вашиот тип кожа и нејзините потреби. -

Одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице
Маслата против стареење се тајни состојки на многу креми против брчки, а благодарение на нив кожата станува мека. Маслото ѝ дава сјај, младешки и свеж изглед на кожата. Тоа се нанесува на лицето со триење, во вид на блага масажа и на тој начин побрзо и подобро се впива во кожата, притоа хранејќи ја и правејќи ја поздрава. Погледнете кои масла помагаат во борбата против стареењето, хидрирајќи ја вашата кожа и бришејќи ги брчките од лицето.rnrn
rnАрганово масло
rnАргановото масло исто така е познато и како мароканско масло. Тоа се подготвува рачно, цедејќи ја пастата добиена од плодот арган. Богато е со олеинска киселина, витамин Е и бета-каротен. Покрај тоа што ја освежува кожата и ја прави млада, ова масло е идеално за користење од страна на личности со сува кожа, бидејќи ги регенерира ќелиите и делува против воспаленија. Исто така тоа е одлично за нега на нокти и коса, а за тоа сведочи и податокот дека Мароканките со векови наназад го користат ова масло за разубавување.rn
Масло од маракуја
rnОва масло се добива со ладно цедење на семето од плодот „Passiflore edulis“. Тоа е хранливо масло, богато со есенцијални масни киселини, минерали и антиоксиданси, длабоко ја хидрира кожата и има регенеративен ефект. Високиот процент есенцијални масни киселини и својствата на антиоксиданси, го прават овој производ идеален за третмани против стареење. Витаминот Ц прави кожата да изгледа посвежо и посветло. Ова масло исто така е богато со полифеноли а со тоа има и антистресно влијание на кожата, па може да се користи како замена за ноќна хидратантна крема. Кожата во текот на ноќта за обновува, а хранливото масло го подобрува овој природен процес.rn
Масло од авокадо
rnОва масло содржи витамин кој речиси самиот е доволен за подмладување на сувата кожа. Витаминот Е во суштина е една од најважните супстанции кога станува збор за здравјето на кожата. Може да се користи секојдневно, а покрај подмладувањето, тоа исто така е и добро средство за хидрирање на кожата. Кората од авокадото содржи материи кои ја задржуваат течноста во кожата на лицето, така што дури и внатрешноста на кората може да се користи за масажа на кожата на лицето. Со негова помош може да се отстранат флеките или да се прави маска за лицето. Исто така е добар во борбата против некои видови рак и е силен антиоксиданс.rn
Масло од кучешки трн
rnОва масло илјадници години било дел од народната медицина во Индија, Тибет и Кина. Оваа билка е погодна за негување на здравјето и убавината. Маслото од кучешки трн содржи повеќе од 190 хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц, чијашто присутност е 12 пати поголема од онаа во портокалите. Тоа има највисок процент на ретки омега 7 масни киселини, а е единствено растително масло кое во својот состав има омега 3, 6, 7 и 9. Омега 7 масните киселини помагаат во борбата против брчките, сувоста и губењето на еластичноста на кожата. Бидејќи има ефект на хидрирање, тоа ги обновува ќелиите на кожата и е идеален за третмани против стареење. Високото ниво на витамините Е и Ц делува на намалување на видливоста на брчките, а исто така ја затегнува и кожата.rnrn
rnМасло од семе од калинки
rnОва масло е одличен третман против стареење. За добивање половина литар од ова драгоцено масло, потребни се повеќе од 100 килограми свежи семки од калинки. Ова масло има уникатен состав кој делува против воспаленија и ја стимулира регенерацијата на кожата. Исто така тоа го стимулира производството на колаген и честопати се користи како состојка во луксузната козметика. Затоа што е густо и тешко, се препорачува да се комбинира со други масла.rn
Масло од индиски смокви
rnМаслото од индиски смокви се смета како едно од најскапите во светот. Тоа се добива од малите семки на кактуси кои успеваат во топлите и суви предели. Тоа е многу ефикасно кога станува збор за третманите против стареење. Поради екстремно високиот процент есенцијални масни киселини, ова масло ја чува еластичноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и го забавува нејзиното стареење. Содржи висок процент палмитинска киселина која е одлична за хидратација.rn
Масло од чиа семе
rnПоради високиот процент на антиоксиданси, маслото од чиа семе е совршен додаток за јадењето што овозможува идеална нега на сувата кожа. Високиот процент на омега 3 масните киселини помага во одржувањето на младешкиот изглед. Исто така тие се одговорни за интензивната хидратација на кожата, што овозможува помала видливост на брчките.rn
Ореово масло
rnОреовото масло е богато со витамини и минерали. Тоа е многу делотворно за кожата и ги намалува знаците на стареење и е ефикасно во борбата против брчки. Потребно е редовно да го користите и со текот на времето ќе ги отстраните брчките од лицето. Исто така ова масло е добро за сончање и за нега на косата.
-

Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото
Можеме слободно да кажеме дека се работи за идеалната комбинација од одличен зачин и природен лек. Сигурно малкумина од вас чуле дека воопшто постои масло од цимет, како и дека се користи за специфична намена – чистење на вашиот организам од токсини. Најдобриот дел е што можете да го направите и во вашиот дом, користејќи само две состојки: Цимет и маслиново масло. Во продолжение следува рецептот кој целосно ќе ви го промени животот.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- Неколку стапчиња цимет
- Чисто маслиново масло (рафинирано)
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги целите стапчиња цимет во една тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло така што ќе бидат целосно потопени. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 3 недели на собна температура. Секој ден добро протресувајте ја, а по 3 недели исцедете ја низ газа во темно стаклено шишенце и добро затворете.rnrnВашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува произволно, но најдобро би било доколку целосно ја наполните теглата (најмалку 5 до 6 стапчиња на пола литар масло). Што поголем број искористите, толку подобро ќе биде за вас.rnrnДоколку не можете да пронајдете стапчиња, можете да употребите и прав, во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Но, сепак се препорачува употреба на стапчиња бидејќи со преработката на циметот се губат и неговите долготрајни лековити својства.rnrnМаслото ќе има прекрасен мирис и вкус. Комбинацијата на веќе лековитото и здраво маслиново масло со корисните и лековити состојки на циметот е вистински еликсир за здравје, како за надворешна, така и за внатрешна употреба. Ова масло е силен антиоксиданс кој ги спречува оштетувањата и ги штити клетките од слободните радикали што ги предизвикуваат најтешките болести.
-

10 едноставни трикa за поцврсти и поздрави нокти
Ноктите се огледало на секој човек. Многу жени одат на маникир и на педикир за да ги доведат до совршенство. Но, постојат и неколку едноставни трикови, коишто можете да ги применувате дома. Со малку труд ќе добиете прекрасни здрави и цврсти нокти.rnrn
rn1. Натопете ги во маслиново масло
rnСлабите и оштетени нокти натопете ги во квалитетно маслиново масло. Така држете ги околу 10 до 15 минути, секој ден во период од еден месец. Потоа, продолжете со истиот третман, но два пати неделно. Неверојатните состојки во маслиновото масло ќе ги зацврстат вашите оштетени и излупени нокти.rnrnСпоред д-р Венџау Сунг, примената на растителни масла ја враќа влажноста и ги отстранува причините за пукање на ноктите. Според експертот од Лос Анџелес, маслата продираат подлабоко во подлогата на нокотот и на тој начин ја обезбедуваат потребната влажност.rn
2. Секојдневно користете крема за нокти
rnДенес на пазарот можат да се најдат голем број креми специјално создадени за одржување на здравјето на ноктите. Најдете една којашто најмногу ви одговара и користете ја редовно. Најдобро е добро да ги премачкате ноктите пред спиење. На тој начин ноктите и делот околу нив ќе ги добијат потребните материи кои ќе ги зацврстат и заштитат од дневните активности.rn
3. Внимавајте како и за што ги користите вашите нокти
rnСекогаш имајте на ум дека вашите нокти не се отворач за конзерви и други цврсти материјали. Наместо со нив, бидете паметни и искористете некој друг предмет за отворање на лименките.rn
4. Носете заштитни ракавици
rnКога миете садови, кога чистите или ја средувате градината, секогаш носете ракавици. Средствата за чистење при директниот контакт, ги оштетуваат вашите нокти и тие веднаш добиваат некоја белузлава боја, стануваат рапави и набрзо пукаат и се раслојуваат.rnrnД-р Елизабет Танци од Одделот за дерматологија на Медицинскиот центар при Универзитетот Џорџ Вашингтон, посочува дека најдобра заштита на нашите нокти е всушност да избегнуваме нивно сушење. Според неа, врз здравјето и квалитетот на нашите нокти, во голема мера влијаат и силните антибактериски сапуни за миење раце. Таа советува да се користат нежни средства за миење раце. Пред спиење е добро да се нанесува лесна крема којашто ќе ги освежи нашите дланки и нокти.rn
5. Јадете храна богата со витамин Б7
rnНоктите се одраз на нашето внатрешно здравје. Затоа, доколку забележите влошување на нивниот изглед, побарајте лекарска помош. Исто така, многу е важно да се внесува доволно количество витамин Б7, којшто го има во џигерот, варените јајца, житарките, карфиолот, авокадото и во друга храна. Исто така, доколку е потребно, можете да го консумирате и како додаток во исхраната.rnrn
rn6. Земајте мултивитамини
rnВитамините се од суштинско значење за општата здравствена состојба на човечкото тело, а истовремено можат да направат чуда и за вашите нокти. Недостиг на витамин А, витамин Ц и калциум, доведуваат до суви и кршливи нокти. Обезбедете си ја дневната доза од овие витамини и калциум, а освен како додатоци, можете вашето мени да го збогатите со храна која изобилува со протеини.rn
7. Избегнувајте ги вообичаените отстранувачи на лак
rnДоколку сакате здрави и цврсти нокти, не употребувајте од вообичаените отстранувачи на лакови кои содржат ацетон повеќе од два пати во месецот, секако доколку е можно. Најдете некоја алтернатива, а на пазарот денес можат да се набават средства од природни состојки.rn
8. Најдете си „магичен“ третман
rnПотрудете се да сфатите што е тоа што најмногу им штети на вашите нокти, кога се тие најранливи и најкршливи. Според тоа, најдете си свој третман, којшто ќе го применувате редовно. Ноктите се специфични и различни кај секој човек. Затоа гледајте ги нив и тие самите ќе ви кажат што им одговара најмногу. Можете да направите различни состојки дома, а може и да најдете средства и креми кои совршено ќе се погрижат за изгледот и квалитетот на вашите нокти.rn
9. Масирајте ги ноктите и прстите
rnПреку масажата се стимулира протокот на крв во тој, краен дел од нашето тело, со што се овозможува ноктите да растат подолги и поцврсти. Исто така, се препорачува по миењето на рацете да се нанесува лесен лосион на дланките, кој преку лесна масажа ќе се впие во делот околу ноктите и ќе ја обезбеди потребната влажност.rn
10. Пијте многу вода
rnВодата е витална за здравјето на секој дел од нашето тело, па така и на ноктите. Водата не дозволува дехидрација на нашата кожа, како и на делот околу ноктите.rnrnДоколку во моментов вашите нокти се оштетени, го немаат потребниот сјај и не изгледаат добро, не очајувајте. Со примена на горенаведените совети, како и со консултација на стручни лица, може да добиете совршени и цврсти нокти во период од три до шест месеци.