КАФЕ ПАУЗА

Tag: масло

  • Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?

    Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?

    Веројатно и вие размислувате слично како и повеќето луѓе. Си велите „Што може да се згреши во подготовката на шпагети?“, се ставаат тенџере со загреана вода, се варат неколку минути и тоа е тоа. Но, при подготовката на шпагети се прават неколку грешки кои влијаат на нивниот вкус и квалитет кога ќе се сервираат во чинијата (тоа најдобро го знаат нивните добри познавачи). Кои е најчестите грешки?rnrn(1) Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?rn

    1. Користите мало тенџере

    rnОва е една од најчестите грешки. Веројатно повеќето луѓе се одлучуваат за помали тенџериња затоа што подоцна е полесно да се измијат. Но, големото тенџере ќе овозможи шпагетите да се сварат рамномерно, истовремено и што е најважно, да не се залепат едни за други.rn

    2. Не ја посолувате водата

    rnСпоред готвачот Џастин Смили од ресторанот „Upland“ во Њујорк, водата треба да биде „солена како море“ пред да ги додадете шпагетите. Доколку водата во која што ги варите шпагетите е доволно солена, подоцна, додека ги јадете нема да има потреба да ги досолувате.rn

    3. Го полните тенџерето со однапред загреана вода

    rnСекако, на овој начин подготовката ќе оди побрзо, но доколку ставите студена вода и оставите да зоврие, со тоа сте сигурни дека се отстраниле евентуалните нечистотии во водата и во тенџерето и оти тие нема да навлезат во вашата вечера.rn

    4. Додавате маслиново масло додека се варат

    rnДоколку ги варите во тенџере со соодветна големина, тогаш нема причина да се залепат вашите шпагети. Затоа не трошете си залудно од маслиновото масло ставајќи го во водата. Чувајте го да го измешате во шпагетите откако ќе бидат сварени и исцедени или да го додадете врз нив како дополнителен сос од масло и зеленчук.rn

    5. Точно ги следите инструкциите напишани на кесичката

    rnНо, тие се само генерални водичи низ процесот на подготовка. Најважно е да следите што се случува во тенџерето пред вас и кога ќе мислите дека се сварени, земете 1 или 2 шпагети и пробајте. Доколку се по ваш вкус, тогаш може да ги тргнете од оган.rn

    6. Ги плакнете тестенините

    rnАко правите салата со макарони, кои треба да се изладени за да се измешаат со останатите состојки, тогаш е во ред да се измијат, но доколку ги ставате во чинија и ги мешате во сос, тогаш нивното миење е сосема непотребно. Добро би било да зачувате малку од водата во којашто се вареле, за да ја измешате со сосот што го подготвувате, тоа ќе му даде еден посебен вкус.rn

    7. Додавате премногу сирење

    rnДозволете им на шпагетите да зборуваат сами за себе. Не ги покривајте со купови сирење и кашкавал, кои ќе им го одземат приматот на чинијата. Доволно е да наросите сосема малку од омиленото сирење или пармезан, како и малку од сосот, што сте го подготвиле.

  • Домашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зраците

    Домашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зраците

    Домашно масло за сончање кое е одлично за вашата кожа

    rnДомашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зрацитеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Маслиново масло
    • rn011

    • Моркови
    • rn011

    • Ореви (исечкани)
    • rn011

    • Цветови од лаванда, смил или жалфија
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо поголемо стаклено шишенце ставете неколку исчистени моркови, неколку исечкани зелени ореви и цветови од лаванда, смил или жалфија. Со оваа содржина, шишенцето би требало да се наполни до половина, а потоа до врвот дополнете го со ладно цедено маслиново масло. Смесата треба да се остави на сонце од 20-25 дена и е потребно секој ден да ја примешувате. Кога ќе помине назначениот период, содржината од шишенцето треба да се исцеди низ газа.rn

    Зошто токму овој рецепт?

    rnМаслиновото масло има природен заштитен фактор 2, па во комбинација со морковите и оревите, значително ќе ја зголемите неговата моќ, како и дополнително ќе ја негувате и хидрирате кожата. Морковот е богат со бета-каротен и витамин А, па се користи и во модерните препарати за сончање бидејќи ја обновува кожата и го забавува стареењето, ја спречува чувствителноста на сончевите зраци и го забрзува потемнувањето. Жалфијата, лавандата и смилот освен што даваат прекрасен мирис, одлични се и за негата на кожата. Делуваат антивоспалително на акните и изгорениците, а жалфијата го намалува и целулитот.

  • Збогувајте се со лошата циркулација: Одличен трик за загревање на вашите стапала

    Збогувајте се со лошата циркулација: Одличен трик за загревање на вашите стапала

    Иако зимата официјално почнува за неколку денови, веќе не е толку пријатно да се шета надвор поради ниските температури, особено рано наутро и во текот на ноќта кога температурите се спуштаат и под нулата. Овој студ најпрво се чувствува во стапалата, па токму затоа и многумина имаат проблем да се згреат дури и кога се во својот дом. Тие едноставно имаат лоша циркулација.rnrnЗбогувајте се со лошата циркулација: Одличен трик за загревање на вашите стапалаrnrnНо, за среќа постои еден одличен трик со чија помош можете да ги загреете вашите стапала за само неколку минути. Сè што ви е потребно е едно шишенце масло од сусам и пар волнени чорапи.rnrnСипете малку масло на дланката и добро измасирајте ги стапалата од сите страни, како и помеѓу прстите. Потоа облечете ги волнените чорапи и за само неколку моменти ќе почувствувате подобрување. Тајната се крие во богатството хранливи материи од кои се состои маслото од сусам, како и неговите способности за брза апсорпција.rnrnМеѓу другото, сусамовото масло ќе ви помогне и да ги намалите чувствата на тегоби и ќе го подобри вашиот сон. Да не заборавиме и на фактот дека кожата на вашите нозе ќе биде помека од кога било претходно.

  • Едноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањето

    Едноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањето

    Станува збор за неверојатна маска која со помош на лук и масло го стимулира растот на коса и го спречува нејзиното опаѓање. Исто така не треба да се грижите за миризбата на лукот, бидејќи тој го губи својот непријатен мирис во оваа маска.rnrnЕдноставна маска за коса од само 2 состојки која го враќа нејзиниот сјај и го спречува опаѓањетоrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 1/4 лажичка лук во прав
    • rn011

    • 50 милилитри маслиново или кокосово масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и употреба:

    rnИзмешајте ги состојките и добиената мешавина загрејте ја на 30 секунди во микробранова печка. Вашата маска е спремна за употреба.rnrnМасирајте ја со неа кожата на главата, оставете да отстои 20 минути, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

  • Совети од фризерите: 5 најдобри масла за секој тип коса!

    Совети од фризерите: 5 најдобри масла за секој тип коса!

    Маслото за коса е омилен производ на сите фризери – и поради добра причина. Маслата се богати со хранливи состојки кои ја обновуваат и штитат косата, но и го поттикнуваат нејзиниот раст. Затоа стручњаците Кевин Манкус, креативен директор на „Nexus“ и Герет Маркенсон, стилист од „Reverie“ открија кое масло е најдобро за секој тип коса.rnrn1-soveti-od-frizerite-5-najdobri-masla-za-sekoj-tip-na-kosa-www.kafepauza.mk_rn

    1. За тенка коса: Масло од авокадо

    rnАко вашите влакна се истанчени, ве советуваме да пробате масло од авокадо кое позитивно ќе влијае на растот на косата и ќе ѝ пружи фантастичен сјај. Притоа нема да имате чувство дека вашата коса е претешка или слепена. После примената, маслото од авокадо одлично се апсорбира, па бидете сигурни дека вашата коса нема да се измрси. Секогаш имајте на ум дека што полесно е маслото, толку е подобро за тенката коса.rn

    2. За густа или виткана коса: Бабасу масло

    rnАко имате густа коса со богат волумен или бујни локни, сигурни сме дека сте во вечна потрага по производ со кој ќе можете да ја обликувате и дефинирате вашата фризура. Можете да престанете со потрагата, бидејќи за вас е идеално бабасу маслото. Шеа путерот и кокосовото масло се исто така добра опција, но омилениот производ на Манкус е бабасу маслото кое се добива од палма. Ова масло не е мрсно и не иритира, а се покажало како одлично средство за обликување на густата коса.rn

    3. За бојадисана коса: Марула масло

    rnАко вашата коса е сува и оштетена од бојадисувањето, тогаш најверојатно знаете дека водата е ваш природен непријател. Но, добрата вест е дека секако можете да користите природно средство кое ќе ѝ ја даде потребната влажност на косата и ќе ѝ го врати здравиот сјај. Затоа омиленото масло на Маркенсон е маслото од марула кое се добива од плодот на дрвото марула. Ова хранливо масло е богато со витамини Е и Ц, па затоа е многу делотворно и ја обновува оштетената коса.rn

    4. За сува или масна кожа на темето: Масло од чајно дрво

    rnМожеби мислите дека ви се потребни две различни масла во борбата со овие проблеми, но со оглед на тоа дека станува збор за хемиска нерамнотежа на темето, може да ви помогне само едно масло. Станува збор за маслото од чајно дрво кое е познато по антифугалните и антибактерски својства. Ова масло е одлично за ослободување на мрснотиите кои се собираат на темето како и изумрените ќелии кои предизвикуваат појава на првут. Исто така, ова масло е познато по одличниот поттик за раст на косата.rn

    5. За сува коса: Масло до арган

    rnКако времето станува поладно, сувата коса може да стане сѐ поголем проблем. Маслото од арган е одлично за овие проблеми, бидејќи ја ревитализира косата и ги обновува оштетените краеви.rnrnrn

    Како се користат маслата за коса?

    rnПостојат неколку начини на кои можете да ги правите овие мали бјути третмани. Прво и основно е да знаете дека може да користите производи за коса кои во себе содржат повеќе видови масла или ладно пресувано масло – кое најверојатно го имате во кујната.rnrnИсто така, маслото може да го аплицирате на сува или влажна коса, кога ја правите фризурата или како производ за длабинска нега и хранење. За длабинска нега, ви препорачуваме после шампонирањето и плакнењето со вода, да го исцедите вишокот вода (што повеќе можете) и потоа со рацете да нанесете масло на косата (од темето до врвовите). После тоа ставете ја косата во капа за туширање. Оставете маслото да постои на главата околу 45 минути или во текот на ноќта – ако вашата коса е премногу оштетена.

  • Оваа жена (48) открива неверојатен турски рецепт за целосно отстранување на брчките под очите

    Оваа жена (48) открива неверојатен турски рецепт за целосно отстранување на брчките под очите

    Голем број од жените кои ја надминуваат својата 40-та година се соочуваат со појавата на првите брчки. Кај дел од нив тие се мали и скоро незабележливи, но кај некои се многу изразени. Но, без разлика на нивниот интензитет, секоја жена би направила сè што е во нејзина моќ за целосно да ги отстрани. Токму затоа една жена од Сараево одлучила со сите да сподели неверојатен стар турски рецепт кои ги отстранува брчките околу очите и со чија помош се постигнуваат исклучителни резултати.rnrnОваа жена (48) открива неверојатен турски рецепт за целосно отстранување на брчките под очитеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnИмам 48 години и до неодамна имав силно изразени брчки на моето лице. Почнав да забележувам дека кога ставам пудра, тие сè повеќе се исцртуваа, бидејќи пудрата пропаѓаше во нив и делував како порцеланска кукла. Овој проблем почна многу да ми смета и чувствував како никогаш повеќе да не можам да бидам убава.rnrnЗнам дека сите ние мора да старееме, но јас тешко можев да се помирам со фактот дека за некоја година ќе бев целосно збрчкана. Немав пари за скапи третмани, ниту пак за било каква естетка корекција, па станував сè повеќе незадоволна од својот изглед. Но, мојот живот целосно се промени кога запознав една Турчинка.rnrnТаа беше постара од мене, но нејзиното лице беше целосно мазно и чисто. Нејзиниот прекрасен тен ме одушеви, па токму затоа ѝ дадов комплимент и ја прашав што користи за нега на лицето. Таа ми одговори дека лицето го негува само со вода и чисто арганово масло, па ме посоветува да го пробам истото и јас. Според нејзините зборови, по само 15 денови треба да забележам значајна разлика.rnrnПо нејзината препорака, најдов чисто арганово масло, па почнав да го нанесувам наутро и навечер по миењето на лицето. По само 7 денови употреба забележав дека лицето ми е како свила, а по 15 дена брчките почнаа целосно да исчезнуваат. Доколку решите да го пробате овој третман, внимавајте при изборот на маслото, бидејќи доколку тоа не е навистина чисто, нема да добиете добар ефект.rnrnПоминаа 4 месеци откако го користам ова масло и мора да признаам дека сум многу задоволна од тоа како моето лице изгледа. Јас сè уште секое утро и секоја вечер со радост го нанесувам маслото врз мојата кожа и гледам како секојдневно брчките се повеќе исчезнуваат. Оние подлабоките се сè уште тука, но и тие полека се намалуваат. Среќна сум бидејќи конечно најдов природен препарат кој е ефективен и чија цена е прифатлива.rnrnВи препорачувам да го пробате овој рецепт за кој гарантирам дека ќе ви донесе добри резултати!rnrn[/message_box]

  • Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство

    Ретки се среќниците кои немаат стрии. Овие грди линии на телото најчесто се појавуваат во пубертетот поради брзото растење, но многу често се и несакана последица од големото варирање на тежината, особено во периодот за време на бременоста. Па, доколку и вие имате стрии, тогаш ви препорачуваме да го пробате овој ефикасен домашен метод на отстранување.rnrnЕдноставен домашен рецепт против стрии со магично дејствоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица шеќер
    • rn011

    • 1 лажица рицинусово или маслиново масло
    • rn011

    • ½ лимон, исцеден
    • rn011

    • 1 капсула витамин Е
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги сите состојки сè додека не се соединат и потоа со кружни движења нанесете ги на местото каде што имате стрии. Најдобро е да ги триете со четка, бидејќи на тој начин ќе ја подобрите циркулациите на оние места од телото каде што стриите најчесто се појавуваат.rnrnПовторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер и до 3 недели. За подетални упатства погледнете го следново видео…rnrn

  • Жабуркање масло во устата: Зошто и како?

    Жабуркање масло во устата: Зошто и како?

    Жабуркањето маслиново, сончогледово или сусамово масло е одличен начин да ги елиминирате бактериите и нечистотиите во устата и грлото. И тоа не е сè, жабуркањето може да ви помогне при отстранувањето на токсините од целото тело, како и при лечењето на одредени заболувања.rnrnЖабуркање масло во устата: Зошто и како?rnrnНајпознатите здравствени придобивки од оваа пракса се:rn

      rn011

    • Посветли и побели заби
    • rn011

    • Поздрави непца
    • rn011

    • Спречување на лошиот здив
    • rn011

    • Зголемување на енергијата
    • rn011

    • Намалување на појавата на главоболки
    • rn011

    • Ублажување на алергиските реакции
    • rn011

    • Подобар сон
    • rn011

    • Почиста кожа
    • rn011

    • Подобрување на здравјето на лимфниот систем
    • rn011

    • Регулирање на менструалниот циклус
    • rn011

    • Ублажување на симптомите на ПМС
    • rn

    rnОвој метод на жабуркање е едноставен и евтин. Сè што ви е потребно е една лажичка квалитетно маслиново, сончогледово или сусамово масло. Доколку сте загрижени за вкусот, можете да додадете и една капка есенцијално масло по ваш избор. Жабуркајте го маслото во устата полека и погрижете се да поминува и помеѓу забите. Препорачаното време за овој третман е 20-тина минути, но на почетокот обидете се да издржите барем 10 минути.rnrnМаслото ќе ги апсорбира сите токсини и бактерии, па токму затоа се препорачува да го плукнете по жабуркањето. Оваа техника можете да ја повторувате од 2 до 3 пати дневно. Најдобро е да ја применувате наутро, пред миењето заби и потоа уште 2 пати во текот на денот, пред оброк. По жабуркањето измијте ги забите како и секогаш.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како дома да направите природен и здрав шампон?

    Како дома да направите природен и здрав шампон?

    Доколку сте загрижени поради опасните хемикалии во козметичките производи, тогаш зошто да не направите некој од нив дома? Помеѓу најопасните артикли за лична хигиена се шампоните, бидејќи поголемиот дел од нив содржат канцерогени супстанци, па затоа повеќето лекари предупредуваат за нивното негативно дејство.rnrnКако дома да направите природен и здрав шампон rnrnНа многу едноставен и природен начин можете да направите здрав шампон за вашата коса, кој ќе биде подеднакво ефикасен колку и купечкиот.rnrnВо сад за готвење ставете 250 мл дестилирана вода и оставете ја на оган додека не почне да врие. Потоа во водата додадете две лажици сушена камилица. Доколку немате сушена камилица можете да ставите 3-6 кесички чај од камилица. Покрај камилица можете да користите и чај од коприва, нане или жалфија.rnrnОткако водата та ќе се обои, исцедете го чајот и вратете го во садот за готвење. Потоа додадете две лажици природен сапун, кој можете да го најдете во сите продавници каде што се продава природна козметика. Убаво измешајте за смесата да се соедини, па додадете една лажица билно масло (најдобро да употребите ладно цедено маслиново масло) и повторно измешајте. На крајот додадете 10 до 15 капки есенцијално масло по избор.rnrnШампонот кој го добивте чувајте го во сад кој може херметички да се затвора или во амбалажа од некој купечки шампон.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете домашно масло за сончање

    Направете домашно масло за сончање

    Овој рецепт се појавил во времето кога на пазарот не постоеле продукти за заштита од сончевите УВ зраци, а на луѓето им била потребна заштита.rnrnНаправете домашно масло за сончањеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • неколку моркови
    • rn011

    • неколку млади зелени ореви
    • rn011

    • неколку цветови лаванда
    • rn011

    • жалфија
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn

    rnВо мала тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани млади зелени ореви, неколку цветови од лаванда, а можете да додадете и жалфија. Околу 60-70% од теглата наполнете ја со овие работи, а потоа теглата до врв наполнете ја со маслиново масло. Теглата ставете ја на сонце да отстои 20-25 дена и секојдневно протресувајте ја. Откако ќе пројдат дваесетина дена, течноста исцедете ја низ неколку слоеви газа.rnrnМаслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење на сонцето, но поголем фактор имаат морковите и оревите, па одлично се надополнуваат, а покрај тоа ова масло ја негува кожата.rnrnМорковите се богати со бета-каротен и витамин А и се користат во сите модерни препарати за заштита при сончање, бидејќи ја обновуваат кожата и го успоруваат нејзиното стареење, а истовремено го забрзуваат потемнувањето.rnrnЛавандата и жалфијата исто така се одлични за негување на кожата, делуваат противвоспалително на акни, изгореници, рани, а жалфијата дополнително го намалува и целулитот. Покрај овие предности, тие на маслото му даваат и прекрасен мирис.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.