Маслодајната репка вообичаено цвета во лето и е позната по златно-жолтите цветови. Нејзиното масло, познато како канола масло, се користи за готвење, печење и преработка на храната.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте повеќе за хранливата содржина, но и негативните ефекти на маслото од маслодајна репка.rn
Видови масло
rnВажно е да се прави разлика меѓу двата вида масло: индустриското масло и маслото за кулинарски потреби кое уште се нарекува и канола масло.rnrnИндустриското масло од репка се користи во автомобилската и хемиската индустрија, додека канола маслото се користи за готвење. Двата вида значително се разликуваат во поглед на нивната генетска структура и содржината на еруцинска киселина која може да биде штетна за организмот доколку се внесе повеќе од дозволените количини.rnrnМаслото од канола мора да содржи 2% еруцинска киселина или помалку и мора да ги исполнува меѓународните стандарди.rn
Позитивни ефекти
rnКанола маслото е чисто масло, без протеини и јаглехидрати. Сепак, претставува добар извор на витамини и здрави масти. Така, содржи Е витамин кој е неопходен за здравјето на очите и кожата. Освен тоа, богато е со незаситени масти кои ја помагаат функцијата на срцето. Меѓу другото, неодамнешно истражување покажало дека редовното консумирање масло од канола ги намалува нивоата на лошиот холестерол во организмот, и на тој начин помага во спречување на срцевите заболувања.rn
Негативни ефекти
rn
Генетски модифицирано
rnНајголем дел од маслото од репка што ќе го најдете во супермаркетите е генетски модифицирано. На сите нам ни е добро познат фактот дека производителите со цел да добијат поголеми приноси ги модифицираат гените на растението репка при што тоа станува отпорно на разноразни штетници. Повеќето истражувања тврдат дека генетски модифицираната храна е безбедна и нема никакви негативни здравствени ефекти, сепак потребни се повеќе испитувања во однос на поврзаноста на овој тип храна со појавата на алергии, отпорноста на антибиотици или ракот.rn
Преработено
rnПовеќето масла кои се користат во прехранбената индустрија се преработени, а маслото од маслодајна репка не е исклучок. Така, за да се „исчисти“ маслото се користи хемиски растворувач познат како хексан, а потоа се отстрануваат слободните масни киселини преку процес на филтрација.rnrnДоколку сакате поздрава алтернатива на маслото од маслодајна репка можете да пробате со ладно цедено масло – станува збор за метод на преработка кој му овозможува на маслото да ги задржи повеќето хранливи материи.rnrnОткако прочитавте за канола маслото, можеби ќе сакате да прочитате и за разликата меѓу маслиново и авокадово масло.rnrnИзвор: healthline.com

rnrnДоколку редовно го користите, смирувачките антиоксидантски дејства на маслото значително ќе го намалат воспалението и црвенилото на вашата кожа.rn






