КАФЕ ПАУЗА

Tag: масло

  • Колоритна уметност од капки масло погледнати под микроскоп

    Колоритна уметност од капки масло погледнати под микроскоп

    Кога фотографите во својата работа користат макро леќи, крајниот резултат може да биде навистина непредвидлив и вреден за восхит. Чешката фотографка Адријана Капралова Хаузнерова е една од овие артисти, која може да ги пронајде убавите детали, дури и во најсекојдневните работи. Нејзината фотосерија насловена „Oil Spills“ се состои од прекрасни апстрактни фотографии на кои нема ништо друго освен капки масло, разлеани на различни колоритни позадини.Колоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопНејзините фотографии промовираат моќен контраст помеѓу хаосот и хармонијата и го привлекуваат човечкото око. Преку разнобојните уметнички дела, Адријана нè потсетува нас луѓето, дека честопати ги игнорираме многуте магични, микроскопски детали кои постојат во светот околу нас.Колоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскопКолоритна уметност од капки масло погледнати под микроскоп
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите домашен тоник за чистење шминка?

    Како да направите домашен тоник за чистење шминка?

    Препорачливо е секогаш убаво да ја отстранувате шминката од лицето, поради спречување на несаканите последици или стареењето на кожата. Па доколку во моментот ви се потрошил тоникот кој сте го купиле или доколку едноставно сакате да заштедите некој денар, ова е рецептот за подготвување домашен тоник за чистење на лицето.Како да направите домашен тоник за чистење шминка?Потребни ви се:rn

      rn011

    • 20 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица детски шампон што не ги надразнува очите
    • rn011

    • 1 лажица кокосово или маслиново масло
    • rn

    rnНачин на подготовка: Трите состојки убаво измешајте ги и сипете ги во помало шишенце. Пред секоја употреба на препаратот, убаво протресете го шишенцето, за состојките одново убаво да се измешаат. Нанесете на памукче, убаво истријте го лицето и исплакнете го со вода.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудната историја на сончогледот

    Чудната историја на сончогледот

    Сигурно ќе си помислите дека нема многу што да се знае за сончогледот. Ова растение е практично насекаде. Но сепак, тоа има повеќе од едноставна историја и патувачко искуство кое не можете да го замислите. За неговото потекло и опстанок низ вековите може да се направи холивудски филм. Ова е неговата приказна проследена со фантастични фотографии.Чудната историја на сончогледотСончогледот потекнува од Северна Америка, но потоа ќе патува во Стариот свет и назад и повторно ќе се врати, за да стане растението кое го знаеме денес. Тој, веројатно бил една од првите култури кои се одгледувале во Северна Америка. Пред да почне да се одгледува како култура, најверојатно бил употребуван како природен извор на масти. Сончогледовото семе се меша со брашно и од него се прават различни видови питички кои ги јадеме и денес. Чудната историја на сончогледотПред околу 5 илјади години луѓето во јужните делови на Америка (денешната држава Мексико), почнале да го култивираат растението. Како што го одгледувале, во текот на генерациите сончогледовото семе станувало сè поголемо. Тоа значи дека сончогледот кој го знаеме има големи разлики со нативното растение поради влијанието на луѓето во текот на овие илјадници години.Чудната историја на сончогледотСе смета дека сончогледот бил „припитомен“ дури и пред пченката од страна на Чероките и другите нативни Индијански племиња. Тој станал многу важен дел од нивната исхрана и добар извор на масти, така компензирајќи го недостатокот од нив поради исхраната со сурово месо. Исто така, и Ацтеките го култивирале сончогледот, па дури и го обожувале. Тие правеле венци за глава од сончогледови лисја во нивните обреди кон богот на Сонцето. Неговото минато носи и поголеми тајни. Сепак, никој не би претпоставил какви сè не патувања ќе издржи билката на Сонцето.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотДенес, семките од сончогледот се многу хранлива и здрава ужина. Тој се употребува за производство на леб како и за познатото масло од сончоглед. Исто така, се употребува за добивање на пурпурна боја за сликање на облека, тело и на други објекти. Останатите делови од растението се користат во медицината како лекови против каснување од змија. Маслото од семето е убаво за подмачкување на косата и кожата со што им дава извонреден сјај. Во античките времиња, сувите стебла на сончогледот биле употребувани и како градежен материјал.Чудната историја на сончогледотЧудната историја на сончогледотМногу луѓе и не го знаат точното потекло на сончогледот со оглед на тоа дека неговото семе било транспортирано од Новиот Свет од страна на Европејците преку Атлантикот во Европа и подалеку. Се претпоставува дека тој пристигнал во Шпанија на почетокот на шеснаесетникот век. Но, поради неговата големина и раскошност, најпрво бил употребуван само како декоративно растение. Употребата на семето за производство на масло била откриена дури во 1716 година во Англија.Чудната историја на сончогледот Својата најголема популарност сончогледот ја достигна во 18-тиот век и тоа благодарејќи на Рускиот крал Петар Велики. Тој на своите освојувања, за првпат се сретнал со оваа билка во Холандија заслепен од нејзината убавина, па така тој понел семиња назад во Русија. Еден од поважните моменти во историјата на сончогледот е тоа што за време на Големиот Пост за време на христијанските празници, Руската православна црква забранила консумирање на секакво масло, освен на она добиено од сончоглед. До третата деценија на 20-тиот век сончогледот стана еден од најупотребуваните суровини за производство на масло.Чудната историја на сончогледотВо тој период Русија била преплавена со џиновските цвеќиња и се одгледувале преку 2 милиони хектари годишно. Биле идентификувани два типа, едниот за производство на масло и еден за лична употреба. Руската влада дури инвестирала пари во проекти за истражување на сончогледот. Научникот В.С Пустовоит е еден од основоположниците на овие проекти за размножување и наградите кои се доделуваат во оваа област го носат неговото име. Следната фаза во развитокот на сончогледот е во 1830 година кога тој повторно се враќа на Американско тло.Чудната историја на сончогледотТака се случува една иронија во историјата. Сончогледот се враќа во Америка, но како руски изум. Се смета дека имигрантите кои пребегале во Америка и Канада го донеле сончогледот назад во мајчината земја. Било потребно време, Американците да ги искористат предностите на ова растение како готова култура. Најпрво го употребувале како храна за кокошки. Тогаш, во 1926 година Асоцијацијата на одгледувачи на сончоглед од Мисури, започнала да го преработува сончогледовото семе во масло. Тајната конечно била откриена и од тој момент па натаму, ништо нема да биде исто за оваа раскошна билка. Канаѓаните исто така, следејќи ја идејата на Американците, почнале да одгледуваат сончоглед околу 1930-тата година според програмата на владата. И во двете земји семето било дојдено од страна на членови на руската заедница.Чудната историја на сончогледотПа така трката била започната. Хектарите со сончоглед се зголемувале со зголемената побарувачка за масло. Во 1946 година огромен број семиња биле засадени во Канада, Северна Дакота и во Минесота со што овие земји се вклучиле во трката за најголеми култиватори на сончоглед. Сепак, за поголем принос се користел планот на русинот Передовиќ (денес, во негова чест има вид сончоглед кој дава црно масло). Потоа пристигнале седумдесеттите со новите технологии за одгледување и хибридизацијата.Чудната историја на сончогледотВо раните осумдесети, Америка располагала со 5 милиони хектари сончоглед. Но, во тој период побарувачката за масло во Европа нагло пораснала, поради што руските култиватори не можеле да произведат онолку колку што било потребно. Па затоа, сончогледот повторно допатувал во Европа каде почнал да се одгледува скоро во сите земји. Така, Америка денес не е толку голем извозник на сончогледово масло.Чудната историја на сончогледотПа така, во еден чуден, но комплетиран круг на патувања, сончогледот е дома и се надеваме ќе остане таму подолго. Древните Американски племиња можат да се гордеат со своето растение на Сонцето, бидејќи всушност тие биле оние кои ги откриле неговите огромни потенцијали и придонеси во исхраната.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Како да ги отстраните тврдокорните дамки?

    Колкав дел од вашата омилена гардероба била жртва на дамки кои се создале поради инциденти при јадење, незгоди или други непредвидени случувања? Никогаш не треба да брзате, откажувајќи се од нивното отстранување. Ова се неколку начини како да се справите со нив.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Основни правила за поголема ефективност:

    rn

      rn011

    • Запаметете дека со дамките треба да се справите најбрзо што можете, бидејќи имате поголеми шанси да ги отстраните додека се свежи.
    • rn011

    • Пред да употребите некакво средство за отстранување дамки, проверете на мал дел, дали облеката може да ја загуби бојата при процесот на чистење. На овој начин ќе се осигурате дека нема да ја отстраните дамката, притоа оштетувајќи го парчето облека.
    • rn

    rn

    Дамки од црвено вино

    rnДоколку материјалот може да се пере само на суво (со хемиско чистење), употребете растворувач за суво перење. Во случај да нема ограничувања, прво директно нанесете отстранувач за дамки, а потоа преминете на процесот на перење според побарувањата на материјалот. Исто така, наместо со отстранувач, дамката можете да ја накиснете со минерална вода пред перењето.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од чоколадо

    rnНајпрво, оставете го чоколадото да се стврдне. Потоа со остар предмет нежно отстранете го чоколадото од материјалот. Ставете крпа под дамката и врз неа нанесете средство за суво чистење. Протријте ја дамката со прсти и полијте ја со топла вода. Доколку е потребно повторете ја постапката.rn

    Дамки од трева (зеленило)

    rnЗа материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од крв

    rnСо дамките од крв морате да се справите најбрзо што можете. Започнете со ставање на дамката под млаз ладна вода и тријте ја со прсти. Доколку тоа не е доволно, употребете средство за суво чистење или пак отстранувач за дамки што се употребува при перење. Како домашен „лек“, можете да употребите микс од амонијак и вода и да го оставите парчето облека покиснато 20 минути.rn

    Дамки од кафе

    rnНабрзина нанесете отстранувач за дамки врз дамката. Потоа исплакнете ја со вода, загреана до температура која ја дозволува материјалот. Доколку дома немате ваков отстранувач, пробајте истото да го сторите со сјај за садови.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrn

    Дамки од мастило

    rnПоставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.rn

    Дамки од масло за готвење

    rnНајпрво на мрсната дамка нанесете прашок што апсорбира (бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона) и оставете го некое време. Доколку дамката се уште не е излезена, употребете средство за суво чистење и не заборавајте под дамката да ставите крпа или старо парче материјал.rnrnКако да ги отстраните тврдокорните дамкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еротика од масло на платно

    Еротика од масло на платно

    Kim Sung Jin е уметник од Кореја кој слика применувајќи ја техниката масло на платно. Неговите дела се карактеристични бидејќи очигледно ја истакнуваат неговата опсесија со полни румени усни. Со оглед на тоа што устата е во фокусот на неговата работа, малку иронично, но неговите слики можат да ве остават без зборови, но и да го разгорат жарот во вас.Еротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платноЕротика од масло на платно