КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • 7 лекции што ги научивме во 2020 година и што не смееме да ги заборавиме во 2021 година

    7 лекции што ги научивме во 2020 година и што не смееме да ги заборавиме во 2021 година

    На многумина им е тешко да извлечат нешто позитивно од 2020 година, но секоја тежина носи лекции кои, иако се сосема неочекувани и несакани, можат многу добро да ја обликуваат вашата иднина. Прочитајте што ни донесе 2020 година и обидете се од овие ситуации да извлечете лекции што ќе ги понесете со себе во 2021 година.rnrn7 лекции што ги научивме во 2020 година и што не смееме да ги заборавиме во 2021 годинаrn

    Ценете го друштвото, но научете како да преживеете сами

    rnПандемијата на коронавирусот го научи целиот свет колку е важно да се ценат другите. Годината на карантин и изолација ни покажа дека е многу важно да знаеме како да живееме сами, да имаме поддршка и вистински пријател внатре во себе и со тоа нè потсети колку е полесно понекогаш да ги правите работите заедно или во група.rn

    Да се биде едно во трагедиите, но и во најобичните ситуации

    rnИ оваа година покажавме колку можеме да бидеме сложни. Трагедиите нè поттикнаа да оставиме намирници пред вратите на соседите кои се изложени на ризик, да им донираме пари, намирници, облека и други потребни работи на бездомниците итн. Она што треба да го понесеме со себе во 2021 година се солидарноста и заедништвото што ќе се појават не само во катастрофи, туку и во секојдневни ситуации.rn

    Ништо не е трајно

    rnИзгубени работни места, откажани соработки и летови што водеа до најблиските, пропуштени можности, финансиска нестабилност и, за жал, изгубени животи – ова се само некои од работите што ни покажаа дека ништо не е трајно. Затоа, во наредната година, треба да цениме сè што имаме бидејќи 2020 година ни покажа дека сето тоа може да исчезне за еден момент.rn

    Секој неуспешен план може да биде основа за нешто ново

    rnИако никој не сака неуспешни планови и откажани можности, тие можат да бидат камен-темелник за нешто ново. Многу луѓе гледаа како нивните планови се рушат еден по друг, но многумина решија да се борат до крај и да направат нешто со тоа што останало и да го претворат во нешто ново. Многумина успеаја во тоа и тие треба да бидат нашата инспирација во 2021 година.rn

    Редовните паузи се повеќе од пожелни

    rnПаузите од светот, од виртуелните друштва, од социјалните мрежи, од Интернетот, од вестите, од другите луѓе, па дури и од најблиските се пожелни и сосема нормални. Во одредени моменти, на сите ни беше тешко оваа година и тогаш беше важно да се одмориме и да си посветиме внимание себеси. Не заборавајте да го правите тоа редовно во 2021 година.rn

    Грижата за емоциите и менталното здравје е исто толку важна како и грижата за телото

    rnОваа година нè научи колку е важно да се грижиме за своето ментално здравје и да се негуваме себеси однатре. Исто како што ги третираме болката во грлото или скршеница на ногата и како што вежбаме за да бидеме поздрави, така ни треба и редовен преглед на емоциите, на мислите и на сè што често криеме од другите. Оваа година нè научи дека никогаш не е доцна да се побара помош.rn

    Да се биде љубезен и емпатичен е едноставна работа и може да спаси нечиј живот

    rnВо текот на оваа година многупати се прашувавме меѓу себе дали е сè во ред. Секој пат го поставувавме ова прашање искрено, внимателно и со подготвеност да помогнеме. Исто така, 2020 нè потсети дека е многу поубаво и подобро да се трошат пари на донации отколку на скапи пијалаци што ќе ги испиеме за дочекот на новата година. Оваа година нè потсети дека е многу поважно да инвестираме време во помагање на сиромашните отколку во бесцелно лутање на Интернет и нè научи дека да се биде добар и емпатичен не бара многу труд, а е доволно за да се спаси нечиј живот.rnrnПрочитајте зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата.

  • 5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијата

    5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијата

    Пандемијата на коронавирусот го парализира светот, а борбата со заедничкиот непријател продолжува. Здравствената криза влијае и врз психата на луѓето, а сите знаеме колку е важно менталното здравје. Но, во овој турбулентен период треба да сфатите кои се придобивките од самоизолазијата, а тие ќе ви помогнат во иднина полесно да се снајдете во тешките животни ситуации.rnrn5 позитивни работи на коишто нè научи самоизолацијатаrn

    1. Психолошка отпорност

    rnАко некој минатата година ви кажеше што ве чека во 2020 година, сигурно немаше да верувате во тоа. Но сега, кога веројатно сте ја отпишале оваа година, можете да кажете дека животот во неизвесност и страв ве научи дека всушност можете да преживеете сè и да станете посилни.rnrnСо помош на лошите животни искуства, ги зајакнувате психата и отпорноста на телото и стекнувате нови механизми за справување со тешки ситуации.rnrnОвој период треба да ви биде потсетник дека имате доволно сила да постигнете чувство на контрола врз стресните ситуации во иднина.rn

    2. Важноста на менталното здравје

    rnЗа време на пандемијата, многу луѓе беа вознемирени или депресивни. Но, оваа тешка состојба нè научи дека понекогаш не можеме сами да се справиме со стресот и со депресијата, туку треба да се побараме експерт кој ќе нè врати во нормала. Научивме дека е важно да зборуваме за нашите грижи и проблеми, да разговараме со семејството и со пријателите затоа што разговорот е навистина важен за менталното здравје.rnrnЗа да ги избегнете психичките последици што може да следуваат по пандемија, веднаш започнете да работите на себе и бидете си поддршка едни на други.rn

    3. Чувство на заедништво

    rnВо последниве неколку месеци најмногу се зборува за поддршката и за чувството на заедница. Поради пропишаните мерки за физичко растојание, луѓето ја зголемуваат блискоста.rnrnВо психологијата, овој феномен се нарекува кохезија на групата пред надворешниот непријател. Кога се соочуваме со закана што доаѓа однадвор, чувството на заедништво и припадност кон групата расте затоа што ги вложуваме сите сили во постигнувањето на една заедничка цел: спречување на ширењето на вирусот.rn

    4. Лична одговорност

    rnНе би го постигнале сето ова ако не преземевме лична одговорност за да се заштитиме себеси и другите. Пандемијата може да биде потсетник дека одговорното однесување на поединците е многу важно. Треба да ја задржиме свеста и да ја применуваме во иднина и во други ситуации што ни ги носи животот, со цел да ги промениме работите на подобро.rn

    5. Грижа за себе

    rnВо овој неизвесен период научивме многу работи за себе, што претходно не сме ги забележувале. Посветивме повеќе време на нашите мисли, емоции и животни вредности. Научивме што е важно, развивме стратегии за справување и се адаптиравме на новонастанатата ситуација.rnrnПрочитајте како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени.

  • 20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачки

    20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачки

    Ако сте сопственик на мачка, со текот на годините ќе ги научите овие лекции што ќе ви помогнат да разберете како функционира животот и како да го извлечете максимумот.rnrn20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачкиrnrn1. Не можете да принудите некого да ве сака.rnrn2. Не може секој директно да каже што му треба или што сака. Набљудувањето на говорот на телото и на однесувањето се важни за да разберете како правилно да се грижите за другите околу вас.rnrn3. Може да сакате некого или нешто на начинот на којшто мислите дека треба да бидат сакани и можеби тоа нема да ве однесе никаде. Мора да научите на каков начин суштествата сакаат да бидат сакани и тоа е моментот кога гледате напредок.rnrn4. Никој не ви го должи своето време. Дури и ако го храните.rnrn5. Разбудете се секој ден знаејќи што сакате и побарајте го тоа.rnrn6. Љубовта може да се покаже на многу различни начини.rnrn7. Трпеливоста е клучна. Не можете да сакате без да работите на тоа.rnrn8. Секогаш однесувајте се со почит кон оние што ги сакате.rnrn9. Говорот на телото открива повеќе од зборовите.rnrn10. Љубовта не се зема, туку се дава.rnrn11. Секој мора да постави свои граници. Одобрението може да се повлече во секое време.rnrn12. Никогаш не земајте го здраво за готово времето што го поминувате со некого. Покажете му дека го сакате 24/7.rnrn13. Ништо не е недостижно.rnrn14. Во ред е ако вашето расположение одеднаш се промени.rnrn15. Никогаш нема да го достигнете врвот ако сте загрижени за неуспехот.rnrn16. Почитувајте, дајте простор, бидете трпеливи.rnrn17. Во ред е да жалите за домашното милениче повеќе отколку што би очекувале повеќето луѓе.rnrn18. Животот вреди да се живее.rnrn19. Секогаш очекувајте го неочекуваното.rnrn20. Понекогаш кога животот ви оди во погрешна насока, сè што треба да направите е да прегрнете мал крзнен и сладок предатор.rnrnПрочитајте зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор.

  • Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

    Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

    Откако ќе ја прочитате оваа порака, ќе го гледате животот со други очи.rnrnВажни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевкаrn

    „Во животот, секој наметнува некои правила врз основа на кои наводно треба да живееме. Вистината е далеку од тоа, животот е онаков каков што ние самите ќе го осмислиме. Единствениот диригент во вашиот живот сте вие и никој друг“, ја започнува приказната психологот Мери Хејл.

    rnПовеќето од нас ги усвојуваат овие правила, цврсто се придржуваат кон нив и на крајот жалат за работите што ги пропуштиле и во коишто не уживале, а можеле, само да биле малку похрабри.rnrnЗа луксуз се смета сè она што е материјално, поради што целиот живот го поминуваме во потрага по пари, губејќи од предвид една голема вистина – најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара.rnrnЛуксузот не е ниту шминка, ниту ресторани, ниту високи потпетици. Вистинскиот луксуз е да живеете онака како што сакате. Во удобни чизми и боја на кармин што ви се допаѓа или воопшто без шминка. Да го јадете она што го сакате, да се дружите со некого со кого ви е убаво, да бидете заедно од љубов, а не поради чувство на должност.rn

    „Научете да ги отфрлате непотребните работи, оние што се застарени и истрошени, но чувајте го она што го сакате. Петгодишната ќерка на мојот пријател целиот живот носи лажичка кога оди на гости. Таа може да си го дозволи луксузот да јаде со лажицата што ја сака. Нејзината мајка се срами од ова и се обидува секогаш да се оправда. И јас почнав на излети да носам свои садови затоа што не сакам да јадам од пластика. И не ми е грижа што мислат другите за тоа.“

    rnЛуксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз.rnrnВо животот се случува сè, тој тече, се случуваат лоши работи, но и убави нешта и сите треба да бидат прифатени.rnrnПокрај тоа, луксузот значи да имате избор да одлучите кога и каде ќе одите. Никој друг нема право да ги креира вашиот живот и вашите избори, освен вие.rnrnЛуксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.rnrnПрочитајте ги овие 7 лекции што ќе ве научат да живеете поубаво, да сакате повеќе и да се грижите помалку.

  • 7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

    7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки

    Насилството и злоупотребата на девојчињата и на жените се сè почеста појава и може да го загрижат секој родител. Поради тоа, треба да ги научите вашите ќерки како да ги избегнуваат нездравите врски и да носат правилни одлуки поврзани со нивниот љубовен живот. Секоја ќерка треба да ги знае овие 7 лекции за љубовта и за здравите врски.rnrn7 важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќеркиrn

    1. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе

    rnВашата ќерка треба да знае дека нејзината интуиција е моќна алатка за одлучување, затоа прво треба да верува во себе.rnrnКога девојките имаат средба со некое момче, иако нивната интуиција нема секогаш смисла, таа е моќен начин да се избегне сексуалниот притисок од врсниците и може да им помогне да изберат соодветен партнер и да ги знаат своите сексуални граници.rnrnНаучете ја вашата ќерка да се потпира на својата интуиција така што ќе ја прашате: „Што вели твојата интуиција или твојот инстинкт за тоа?“rn

    2. Размислувајте критички

    rnНаучете ја вашата ќерка дека дури и музиката што ја слуша, книгите што ги чита и веб-страниците што ги посетува влијаат врз нејзината слика за здрава врска.rnrnЗа да ја научите да размислува критички, научете ја вашата ќерка да си ги поставува следните прашања: „Што верувам дека е вистина?“, „Зошто верувам во тоа?“, „Дали е тоа вистина?“, „Што е невистинито во врска со тоа?“rn

    3. Научете ја разликата помеѓу љубовта и заслепеноста

    rnДопишувањето и профилот на некоја личност на социјалните мрежи може да ви остави погрешен впечаток дека навистина ја познавате таа личност, но тоа што луѓето го прикажуваат за себе на социјалните мрежи не е секогаш поврзано со нивниот вистински карактер.rnrnНаучете ја вашата ќерка дека треба да помине многу време за да запознае некого и дека за успешна врска се потребни многу време и труд.rn

    4. Љубомората не е знак на љубов

    rnЉубомората значи дека го контролирате партнерот, а не дека го сакате и таа е главен фактор за насилство во љубовните врски. Ако имате здрава врска, нема потреба да го контролирате партнерот.rn

    5. Другите жени не ви се конкуренција

    rnАко партнерот ве изневери, тоа значи дека тој има проблем да ви се посвети само вам и да ви биде верен, а не дека девојката со којашто ве изневерил е подобра од вас. Исто така, вашиот партнер веројатно ќе се однесува кон вас исто како што се однесувал кон неговата поранешна девојка и веројатно вие не подобри од неа.rn

    6. Откријте ги вашите потреби

    rnЕдна од карактеристиките што ги имаат жените е и можноста да чувствуваат емпатија и желба да им помогнат на другите.rnrnОвие карактеристики се многу потребни во денешниот свет, но ако секогаш правите сè за другите на штета на вашите сопствени потреби, може брзо да станете фрустрирани.rnrnНаучете ја вашата ќерка дека единствениот начин да им помогне на другите е да биде свесна за сопствените потреби и дека тоа треба да му го каже и на својот партнер, признавајќи дека можеби се чувствува отфрлено.rn

    7. Љубовта кон себе е најважната љубов

    rnЖените многу често ги ставаат потребите на другите луѓе пред своите. Дали сте забележале дека постојано се грижите што мислат другите за вас? Или можеби сте се чувствувале незадоволно од другите кога правите сè за нив, одвојувате време и ги ставате нивните потреби пред вашите?rnrnНаучете ја вашата ќерка да ги стави своите потреби пред потребите на другите.rnrnДа ја научите вашата ќерка да се сака себеси и да го цени односот што го има со партнерот е најважната љубовна лекција што треба да ја научи за да има здрава, силна и среќна љубовна врска.rnrnПрочитајте зошто е подобро да ја послушате вашата мајка ако таа ви рече дека не ѝ се допаѓа вашето момче.

  • Трите лекции што Том Хенкс ги научил од најљубезната личност на светот

    Трите лекции што Том Хенкс ги научил од најљубезната личност на светот

    Најпопуларниот американски водител Фред Роџерс го подигна концептот на љубезноста на едно сосема ново ниво. Со неговата програма „Соседството на господинот Роџерс“ израснале повеќе од една генерација Американци, а неговата популарност кај децата се споредува со онаа на Дедо Мраз. Иако Том Хенкс не го запознал лично господинот Роџерс (бидејќи тој починал во 2003 година), улогата во филмот „Убав ден во соседството“ му донесе на актерот шест номинации за Оскар. Во продолжение прочитајте што научил Том Хенкс при подготовките за таа улога.rnrnТрите лекции што Том Хенкс ги научил од најљубезната личност на светотrn

    1. Поврзувањето со луѓето и обидот да им продадете нешто се две различни работи

    rnРоџерс никогаш не сакаше да ѝ се наметне на публиката, тој само сакаше да се поврзе со неа. Тој кажал една прекрасна фраза: „Сосема е нормално понекогаш да се чувствувате тажно“. Иако звучи како вовед во некој семинар за самопомош, вистината е дека господин Роџерс само сакал да ѝ каже на публиката дека тагата е нормална и вообичаена состојба.rn

    2. Секој треба да ја покаже својата ранливост

    rnСекој очекува водачот секогаш ќе биде самоуверен, упорен и решителен, но господин Роџерс често покажуваше колку е ранлив.rnrnСите сакаат сочувство, но не сфаќаат дека мора да покажат колку се ранливи. На пример, можете да кажете: „Загрижен сум за тоа и тоа“.rnrnНо, никој не сака да му открие на светот колку е чувствителен.rn

    3. Ако го отфрлите натпреварувачкиот дух, комуникацијата ќе биде успешна

    rnКога избувнува судир меѓу луѓето, општо е прифатено дека едната страна е исправна, а другата греши. Хенкс сфатил дека ако се ослободиме од оваа претпоставка, може да најдеме решение за проблемот.rnrnКога во расправијата луѓето ќе дојдат до точка да се подготвени да постигнат договор, тогаш зборовите звучат волшебно.rnrnПрочитајте ги најдобрите животни лекции од Џулија Робертс.

  • 6 лекции од будистичките монаси што сите треба да ги знаат

    6 лекции од будистичките монаси што сите треба да ги знаат

    Познатиот инструктор за медитација Роберт Пајпер се соочил со сериозен животен предизвик кога имал 18 години, а здравјето и психичката состојба му биле сериозно нарушени. Иако мислел дека нема излез од таа ситуација, тој ги собрал последните атоми сила и следните 9 години ги посветил на учење за медитацијата и општо за животот со помош на еден будистички монах. Благодарение на лекциите што ги научил од него, неговиот живот се променил од корен.rnrn6 лекции од будистичките монаси што сите треба да ги знаатrnrnШто е тоа што младиот човек го научил од монахот? Што е тоа што го променило неговиот живот засекогаш? Тој живее според овие принципи и вели дека никогаш не бил позадоволен.rn

    1. Никогаш не престанувајте да се обидувате

    rnНикогаш не се откажувајте! Без разлика што се случува во вашиот живот, без оглед на тоа во какви околности се наоѓате, продолжете да се обидувате. Бидете трпеливи и издржливи, а на крајот сè ќе си дојде на своето место.rn

    2. Сите одговори се во вас

    rnСамо вие сте одговорни за сè во вашиот живот. Никој нема да го живее вашиот живот наместо вас или да ги реши вашите проблеми. За да уживате во постигнатото, прво мора да вложите труд. Верувајте само во вашите способности.rn

    3. Без пораз нема успех

    rnБез да паднете, нема да го цените доволно успехот. Секој во животот треба да помине низ лоши животни фази. На тие фази гледајте како на сериозни животни лекции и не дозволувајте да ве спречат да продолжите понатаму.rn

    4. Никогаш не се споредувајте со другите

    rnСекој е единствен и секој има уникатни квалитети. Споредувањето себеси со другите никогаш нема да ве одведе далеку.rn

    5. Немате поголем непријател од вас самите

    rnНикој не може да ви го спречи патот кон успехот освен вие самите. Ако не верувате во себе, никој друг нема да верува во вас. Имајте позитивни мисли и храбро чекорете напред кон целта. Сите пречки се во вашата глава. Секој може да го постигне тоа што го замислил ако се осмели да се движи кон целта.rn

    6. Среќата е во вас

    rnСреќата ја создавате вие. Ако не се потрудите самите да ја создадете, никој нема да го стори тоа за вас.rnrnПрочитајте ги и овие 20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни.

  • 7 најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки

    7 најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки

    Постојат лекции коишто само мајките можат да ни ги пренесат. Некои од тие поуки се поврзани со романтичната љубов бидејќи мајките по тоа прашање имаат повеќе искуство и мудрост за разлика од нивните ќерки. Секоја мајка ѝ го посакува најдоброто на својата ќерка. Кога ќерката ќе ги научи најважните љубовни лекции тогаш таа е подготвена да започне сериозна врска.rnrnrn

    1. Ти си доволна

    rnАко постои само една порака којашто ќерката треба да ја научи од својата мајка, тогаш тоа е оваа. Знаејќи дека е доволна, ќерката секогаш ќе има на ум дека не мора да се менува за да биде сакана. Научете ја својата ќерка дека ако некој се обиде да ја увери во спротивното, тој не е вистинска личност за неа. Кога некој не може да види колку таа вреди – не заслужува да биде во нејзиниот живот.rn

    2. Не можеш да добиеш почит од некого ако ти прво не ја дадеш

    rnИ ова не важи само за романтичната љубов туку и за љубовта што ја чувствуваме кон пријателите и семејството. И само мора да покажете почит каква што барате од партнерот. Кога се грижите за сопственото тело, убаво се храните, доволно се одморате и физички сте активни, тогаш ќе ве привлече личност што го прави истото.rn

    3. Немој да се изгубиш себеси во врската

    rnКога ќе се заљуби жената може да заборави која е таа всушност без нејзината втора половина. Сопствената несигурност или врска не смеат да ја спречат да го живее животот како што заслужува. Затоа, научете ја ќерката секогаш да ги задржи своите интереси, пријатели и време коешто ќе го поминува сама. Сето тоа ѝ е потребно за да има здрав живот и да се чувствува исполнето без оглед колку ќе трае нејзината љубовна врска. Во секоја личност има доволно простор да се сака себеси и да сака некој друг.rn

    4. Обрни внимание на зборовите и однесувањето на партнерот, но и на потенцијалниот партнер

    rnТоа може да ја спаси од скршено срце. Ако дечкото којшто ѝ се допаѓа вели дека во моментот не бара девојка, кажете ѝ да му верува. Ако има испади кон неговата мајка тоа треба да се сфати како предупредување. Ако личноста не се однесува добро кон некој друг тоа е знак дека најверојатно нема да се однесува убаво ниту кон партнерката. Луѓето често со своето однесување и нивните зборови откриваат за нив сè што мора да знаеме. Кажете ѝ на вашата ќерка да не се залажува со верувањето дека таа знае „што всушност тој мислел“.rn

    5. Влези во врска и остани во неа од вистински причини

    rnМајките мора да ги научат нивните ќерки дека вистинската љубов значи поврзаност, несебичност и великодушност. Ако таквите квалитети ги нема во врската тогаш не би требало да се биде во неа. Осаменоста, повторното доживување на минатото, надворешните притисоци и заедничките пријатели не се причини за да се остане со некого во врска. Немојте да чекате вашата ќерка да доживее криза за да ѝ дадете совет. Помогнете ѝ да научи како да ги препознава знаците коишто ѝ говорат дека не треба да остане со некој пред да мора да ја донесе таа одлука.rn

    6. Дознај што сакаш и остани верна на тоа

    rnПонекогаш врската однадвор може да изгледа совршена, но внатре не е сè така убаво. Можеби вашата ќерка дава премногу, но не добива доволно или едноставно чувствува дека во врската нешто недостасува. Кажете ѝ да сфати што сака и да не отстапува од остварување на тие желби за да може да го реши тој проблем и да продолжи понатаму. Научете ја својата ќерка да има силна самосвесност, а не да биде личност каква што другите ја замислуваат.rn

    7. И скршеното срце носи нешто добро

    rnНа вашата ќерка најмногу ѝ треба совет и утеха отколку кога срцето ќе ѝ биде скршено. Кажете ѝ дека е во ред да чувствува болка, но и дека прекинот на врската може да биде лекција. Кога ќе ја изгуби љубовта, жената може да научи за себеси многу повеќе отколку во која било друга ситуација. Начинот на кој ќе се носи со својот прв прекин ќе ги обликува нејзините идни врски на многу силен начин. Тоа ќе ја научи што сака да прифати, а што навистина ѝ треба и како треба да се откаже.rnrnПрочитајте ги најдобрите љубовни совети кои би ги добиле од најдобрите пријателки.

  • 7 корисни лекции за љубовните врски што можат да се научат од самоуверените луѓе

    7 корисни лекции за љубовните врски што можат да се научат од самоуверените луѓе

    Самоуверените луѓе низ животот чекорат со свесност за својата вредност и тоа не значи дека се полни со себе туку едноставно знаат колку вредат. Тој факт се одразува и на начинот на кој ги формираат личните и професионалните односи. Самодовербата е главната причина поради која тие се успешни во љубовните врски. Луѓето со високо ниво на самоувереност едноставно полесно се снаоѓаат во овој дел од животот, поради што нивните совети за врските може да бидат многу корисни. Во продолжение прочитајте ги 7-те корисни лекции што можат да се научат од ваквите луѓе!rnrnrn

    1. Ги знаат своите граници

    rnТие секогаш се верни на вистинското ЈАС, на своите желби и граници. Нема да ги ставаат нивните чувства и потреби на страна за да задоволат нечии други, а во секој момент знаат дека врската може да биде здрава само ако двете страни чувствуваат дека се почитувани. Ако личноста со самодоверба не го добие почитувањето што го заслужува, таа ќе си замине од таа врска наместо да остане во лош однос.rn

    2. Не ги преиспитуваат чувствата на својот партнер

    rnМногумина се грижат дали ќе ѝ се допаднат на личноста што и ним им се допаѓа. Самоуверените луѓе едноставно знаат дека ѝ се допаѓаат бидејќи знаат дека се симпатични, забавни, драги и дека еден ден другата личност тоа еден ден ќе го види. Не губат време на преиспитување и не доживуваат стрес за секој потег.rn

    3. Не се фалат

    rnВо фазата на запознавање овие луѓе немаат потреба во разговорот одма да изнесат сè за себе за да изгледаат подобро. Колку и да се сјајни и успешни, тоа нема да ѝ го набијат на нос на другата личност. Сакаат сите факти полека да се откриваат, со текот на времето. Исто така, не се плашат да ги покажат нивните мани бидејќи знаат дека никој не е совршен.rn

    4. Ги признаваат грешките

    rnНикој не знае сè и никој не е секогаш во право – самоуверените луѓе ова го знаат и затоа немаат проблем со признавање на грешките. Тоа е за нив најдобар начин за спречување кавги и решавање на потенцијалниот проблем. Нивната цел не е победа туку постигнување компромис со некој што им значи. Знаат да прифатат туѓ совет, ги знаат своите граници и кога е добро да се консултираат со некој друг.rn

    5. Не анализираат премногу

    rnИндивидуите што можат да се пофалат со самодоверба нема да губат време на мерење на секој збор и анализирање на секоја ситница. Наместо тоа, понекогаш само ќе речат „добро“ и ќе тргнат понатаму. Во животот не е баш сè комплексно, а кога тоа ќе се сфати тогаш нема да се бараат скриени значења во работите и тој ќе биде полесен.rn

    6. Дозволуваат да бидат ранливи

    rnНишто не е попривлечно од индивидуа која е способна да ги покаже нејзините вистински чувства. На луѓето што блескаат од самодоверба не им е непријатно да ги покажат нивните најдобри, но и најлоши моменти. Ако се чувствуваат тажно, несигурно или загрижено тоа и ќе ви го кажат. Исто така, ако имаат силни чувства кон некого тоа и ќе го признаат без оглед на тоа дали тие чувства се взаемни. Самоуверените луѓе едноставно се чувствуваат доволно добро за да ги покажат сите нивни мани и доблести, односно да ја претворат ранливоста во сила.rn

    7. Знаат кога да се откажат

    rnСекоја љубовна врска не е осудена да трае, а личноста со самодоверба ќе признае кога лошото ќе го надвладее доброто. Ќе вложи труд за нешто да успее, но ако едноставно не оди, таа ќе биде прва којашто ќе каже дека е време за промена. Ваквите луѓе не се плашат од раскинување и нема да го жртвуваат своето ментално здравје поради врска туку ќе соберат храброст и ќе ја прекинат. На раскинувањето на врската нема да гледаат како на личен неуспех туку како на нешто што едноставно се случува.rnrnСледниот пат кога некој ќе ви се допадне, пробајте да му пристапите на начин на кој тоа би го направила самоуверена личност. Искористете ги сите овие совети од кои вашата врска може да има само успех, а вие ќе ја пронајдете самодовербата која отсекогаш сте сакале да ја имате. Сè што правите, правете го со самодоверба и бидете свои! Успехот е загарантиран!rnrnДознајте кои работи ги прават поразлично жените со висока самодоверба во љубовната врска.

  • 5 лекции што можат да се научат само од неверството

    5 лекции што можат да се научат само од неверството

    Дали некогаш сте биле изневерени? Неверството е една од најсилните причини за прекин на една врска. Никој не го посакува, но сепак се случува многу често. Па, што може да се научи од ситуацијата во која многумина се нашле, а сепак успеале да ја надминат и да продолжат со животот?rnrnrnrnВо врска сте, задоволни и среќни, а не можете да го игнорирате чувството дека нешто се случува со вашиот партнер. Можеби мечтаете за брак, веќе имате испланирано сè до најситен детаљ, дури најдовте и имиња за идните деца и почнавте да ги планирате вашите идни заеднички патувања. Потоа се случува пресврт!rnrnДознавате дека вашиот дечко имал паралелна врска со друга девојка, одредени луѓе околу вас знаеле, но го криеле тоа поради некоја причина. Моментот кога го откривте неверството е премногу болен за да се опише со зборови. Ве болат предавствата од двете страни, и таа од вашиот партнер, но и онаа од луѓето кои немале храброст да ве соочат со вистината.rnrnАко бидете изневерени кај вас ќе се разбудат чувства што никогаш претходно сте ги немале во таков степен: се исполнувате со ужас, гнев, бес, лутина, разочарување…. Ако сте поминале низ ова, сигурно сте ги научиле и овие 5 лекции…rn

    1. Не можете да промените личност што не сака да се промени

    rnМожеби нема да зажалите поради тоа што сте биле вљубени, но дефинитивно ќе зажалите што сте се обидувале да ја покажете вашата вредност и сте дозволиле некој друг да доминира врз вас. Ова се случува кога се носат очила обоени во розова боја. Тие не дозволуваат да го забележите црвеното знаме.rn

    2. Постои разлика помеѓу чувствата на „скршеност“

    rnНа почеток не правите разлика во вашите изјави. Можете да изјавите дека „тој ве скршил“ или „дека сте се чувствувале скршено“ како резултат на тоа што тој кон вас се однесувал мизерно. Но, откако ќе се пронајдете себеси, можеби дури и откако ќе решите да посетите терапевт кој ќе ви помогне полесно да се соочите со ситуацијата, ќе сфатите дека тоа било само чувство. Тој темен, изолиран и беспомошен свет во кој сте живееле постоел единствено во вашата глава. Сте му дозволиле да ја преземе контролата врз вашиот живот иако не сте повеќе во врска. Мора да се изборите за повторно да ја преземете контролата која многу лесно сте му ја дале на вашиот поранешен партнер.rn

    3. Тагувањето не е линеарен процес, затоа не се плашете да бидете лути или тажни

    rnСо секој прекин на врска вие тагувате за загубата на заедничката иднина со некој со кој сте си го замислувале животот. Кога ќе го додадете на ова и неверството имате оправдани причини да чувствувате сè што чувствувате. Сите различно реагираат на неверството: некои се исполнуваат со гнев и желба за правда, а некои се обидуваат да пронајдат зрно светлина и во целосниот мрак. Сепак, мора да работите на чувствата што ви се појавиле бидејќи во тој процес можете да откриете некои ваши внатрешни верувања и тие ќе ви помогнат да сфатите каква е вистинската ситуација. Поради тоа, мора да бидете трпеливи со себеси, да не се обвинувате и да си дадете онолку време колку што ви е потребно за да закрепнете!rn

    4. Верувајте им на инстинктите бидејќи вашето време е драгоцено за да го трошите залудно

    rnАко некој внатрешен инстинкт ви вели дека нешто се случува, послушајте го и сериозно разговарајте со вашиот партнер. Чувствата што ви се јавуваат во врска со вашиот однос не ги потиснувајте и обрнете им внимание бидејќи не се појавиле залудно. Не му дозволувајте на партнерот да преземе целосна контрола врз вашите инстинкти, а вие само немо да набљудувате од сенка.rn

    5. Простувањето е свесен избор кој мора да го правите повеќепати

    rnДали сте слушнале дека кога одбивате да простите е исто како да пиете отров и да очекувате некој друг да се отруе? Ако вашиот партнер нема грижа на совест за тоа што го направил можеби ќе мислите дека тој не заслужува да му се прости. Но, простувањето нема ништо со него, туку со вас и со вашето ментално здравје. Невозможно е да продолжите понатаму ако гневот ви го исполнува умот. Простувањето нема да го избрише тоа што се случило, само ќе ви помогне да продолжите со другите поглавја од вашиот живот.rnrnДознајте и кои се тие работи што се менуваат во врската после неверството.