КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • 6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та година

    6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та година

    Неколку жени решиле да ги споделат најважните љубовни лекции што ги научиле оваа година. Од сфаќање дека треба да се грижат за пријателите, до стапување во врска откако го прифатиле сингл животот, овие жени проживеале многу годинава.rnrn6 важни љубовни лекции што ги научиле жените во 2018-та годинаrnrnНајважно од сè е што успеале да препознаат одредени нешта кои се случиле во нивните љубовни животи и да созреат. За ова е потребна свесност, емоционална зрелост и вистинска сила. Погледнете ги нивните лекции и можеби и вие ќе научите нешто ново.rn

    1. Платонската љубов е исто важна колку и романтичната

    rn

    „Изјавата на Кери Бредшо дека најдобрите пријатели ви се сродни души е вистина. Без разлика што се случува во вашиот љубовен живот, луѓето кои ве сакаат (и ве сакале со години) токму онакви какви што сте, ќе бидат најголемите и најважните љубови во вашиот живот. Мислам дека најголемата лекција што ја научив во 2018-та година е да го ценам тоа.“ – Кајли, 29

    rn

    2. Подобро е да бидете сингл отколку да прифатите врска што не ви одговара

    rn

    „Вашите чувства се важни и не треба да дозволите да станат неважни само затоа што некој не се чувствува исто или не може да ги разбере. Вашето срце навистина ќе го буни вашиот ум, но не треба да го дозволите тоа. Слушајте ја вашата интуиција и внимавајте на предупредувачките знаци – секогаш се реални и точни.“ – Доминик, 20

    rn

    3. Уживајте во сингл животот пред да започнете врска

    rn

    „Открив дека треба да го прифатам сингл животот бидејќи којзнае колку долго ќе трае. Што ако се вљубам утре и никогаш повеќе нема да бидам сингл? Кога го запознав дечко ми набрзо потоа, со самодоверба донесов одлука да бидам во врска. Знаев дека ја одбирам врската бидејќи навистина сакав да бидам со него, а не бидејќи не сакав да бидам сингл.“ – Хана, 25

    rn

    4. Надминете го стравот од скршено срце

    rn

    „Ја најдов љубовта на мојот живот. Тој е дел од мојот живот, како дишењето или будењето секое утро. Не знаев дека ми требаат многу од начините на кои се грижи за мене и некои делчиња од мене што порано не се поклопуваа одеднаш се поклопија. Навистина сум среќна што најдов совршен човек за мене.“ – Шери, 28

    rn

    5. Не треба да се менувате за партнерот

    rn

    „Да бидете вљубени не подразбира дека треба да се менувате за партнерот. За да имате добра врска треба да бидете искрени кон себе.“ – Сара, 21

    rn

    6. Партнерите треба да вложуваат исто во врската

    rn

    „Во ред е ако се потребни многу грешки за да разберете што сакате и што можете да понудите. Но штом ќе ги знаете овие нешта, ќе можете да одбирате партнери кои ќе ви ја дадат врската што ја сакате. Беа потребни многу болни грешки за да ја сфатам таа вистина и добро да се запознаам себеси за да можам да ја понудам оваа мудрост на кого било.“ – Естер, 35

    rnПогледнете ги и љубовните лекции кои морате да ги научите во вашите 20-ти.

  • 15 мудри лекции за зголемување на вашата внатрешна сила

    15 мудри лекции за зголемување на вашата внатрешна сила

    Животот секојдневно ни приредува предизвици. Се разбира, постојат и убави моменти, но добро е да бидете подготвени за претстојните потешкотии. Важно е да бидете издржливи за време на тешките периоди. Внатрешната сила и подготвеноста ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот. Ова се лекциите што треба да ги научите ако сакате да ја зголемите вашата внатрешна сила.rnrn15 мудри лекции за зголемување на вашата внатрешна силаrn

    1. Секој и сè е привремено

    rnСите што ги знаете, дури и вашите сакани, еден ден нема повеќе да бидат овде. Ова е голема вистина што треба да ја прифатите. Сите ваши материјални добра, статус и позиција ќе имаат крај. Можеби ќе одбивате да верувате, но колку побрзо го сфатите ова, толку повеќе ќе ја зголемите љубовта кон саканите. Уживајте во убавите моменти со саканите додека сè уште се овде.rn

    2. Животот е полн со изненадувања

    rnЖивотот доаѓа со цел комплет изненадувања. Некои од нив ќе ве разочараат, но некои ќе ви донесат вистинска радост. Има многу нешта над кои немате контрола, и тие ќе доаѓаат без никакво предупредување. Пуштете ги работите што не можете да ги контролирате и подгответе се за изненадувања.rn

    3. Никој не е одговорен за вашите постапки

    rnМногу е лесно да ја префрлате одговорноста или вината на некој друг. Како што созревате, важно е да ја препознаете важноста од преземање одговорност. Ако преземете одговорност за вашите постапки, имате и можност да ги поправите грешките. Не заборавајте дека ова е клучно за вашето подобрување. Ќе станете подобра и поефективна личност.rn

    4. Потребно е да бидете практични

    rnПонекогаш луѓето можат да бидат навистина емотивни. Но ако секогаш им дозволувате на емоциите да владеат со вас, нема да го постигнете посакуваниот успех. Личноста со којашто се справувате можеби и воопшто да не се грижи за вашите емоции.rnrnАко донесувате одлуки не размислувајќи за последиците, резултатот може да биде навистина лош. Никогаш не преземајте нешто поради импулс или емоции.rn

    5. Потребно е да бидете дисциплинирани

    rnМечтаењето и одолговлекувањето им се добро познати на сите. Понекогаш е сосема во ред да сонувате за вашиот спортски автомобил, но постојаното мечтаење е бескорисно. Ако не го преземете првиот чекор, нема воопшто да е доближите до вашиот сон. Дисциплината е многу поважна од талентот.rn

    6. Малите нешта му даваат значење на животот

    rnДодека дисциплината е неопходна вештина, некои луѓе ја сфаќаат премногу сериозно. Се разбира дека ќе ве направи поуспешна личност, но понекогаш ви е потребен и одмор. Уживајте во вашето опкружување одвреме-навреме. Бидете благодарни за тоа што сте живи. Бидете благодарни за сè што имате. На овој начин ќе најдете ментален и внатрешен мир. Сепак, сеќавањата се оние што го прават животот посебен и уникатен.rn

    7. Мора да научите да бидете независни

    rnЗа жал, саканите нема секогаш да бидат овде кога ќе имате проблеми. Потребно е да научите самите да се соочите со нив. Независноста носи ментална сила и ве прави подинамични. Колку помалку зависите од другите за вашата среќа, толку посреќни ќе бидете. Туѓото признание не носи секогаш среќа. Не ви е потребно постојано друштво за да останете смирени.rn

    8. Секој треба да биде подготвен за лоши времиња

    rnПостојат бројни приказни за луѓе што успеале дури и во неверојатно сурови околини. Тие поминале низ навистина тежок период, но благодарение на издржливоста и вредното работење, го постигнале нивниот успех.rnrnВажно е да запомните дека лошите времиња ви нудат две опции – да не правите ништо и да се откажете, или да се борите за успех.rn

    9. Не треба да очекувате премногу од другите

    rnКолку повеќе очекувате од другите, толку понесреќни ќе бидете. Кога некои луѓе нема да ги исполнат вашите очекувања, ќе бидете разочарани. Мнозинството луѓе што ќе ги сретнете нема да имаат големо влијание во вашиот живот. Па зошто да очекувате премногу од сите што ги знаете?rn

    10. Невозможно е да ги задоволите сите

    rnВие сте уникатни и поразлични од сите други луѓе на планетата. Секогаш ќе имате ваши верувања и мислења. Потребно е да го почитувате вашиот индивидуален идентитет. Бидете свесни дека не можете да ги задоволите сите бидејќи и тие се уникатни.rn

    11. Парите се важни

    rnПарите не можат да купат среќа, но никогаш нема да бидете среќни ако имате огромни долгови. Финансиската стабилност не е само за преживување, туку ви помага подобро да се подготвите за претстојните предизвици.rn

    12. Грешките се дел од животот

    rnГрешките се како водичи. Сите тие ќе ви кажат каде и зошто сте тргнале во погрешна насока. Ако постојано жалите за вашите грешки, нема да стигнете никаде. Искористете ги неуспесите да научите повеќе и да се подобрите. Тие се вашиот најдобар учител.rn

    13. Неопходно е да ги избегнувате токсичните луѓе

    rnСекогаш ќе има негативни луѓе во вашиот живот. Ваша должност е да ги препознаете и да ги отстраните. Овие луѓе никогаш не ги земаат предвид туѓите чувства и само го полнат нивното его. Колку повеќе контактирате со нив, толку полошо ќе ви биде.rn

    14. Понекогаш мора да го направите она што е најдобро за вас

    rnВажно е да го прифатите фактот дека навистина треба да се сакате себеси. Грижата за себе не е себичност, туку покажува дека се цените. Сигурно често сте жртвувале нешто за доброто на другите, но не секој би го направил ова за вас. Па, бидете си приоритет. Инвестирајте во вас.rn

    15. Луѓето со отворен ум се поуспешни

    rnСекогаш треба да сакате да се движите напред. Отворениот ум ќе ви помогне да станете многу подобра личност. Луѓето со отворен ум се жалат помалку и работат на проблемот со којшто со соочуваат, па постигнуваат многу повеќе во животот.rnrnНе заборавајте дека животот е краток. Се разбира, некогаш ќе наидете на некоја пречка, но животот сепак е убав. Ако добро ги сфатите овие лекции, ќе го извадите најдоброто од него.rnrnПогледнете и како да ја вратите вашата внатрешна сила.

  • Најважната работа што секој хороскопски знак мора да ја научи пред крајот на 2018-та година

    Најважната работа што секој хороскопски знак мора да ја научи пред крајот на 2018-та година

    Секоја година учиме многу лекции. Иако сите од нив се важни, некои лекции се многу поважни од другите. Секоја година секој хороскопски знак доживува нешто ново и иако можеби никој не очекува, бројот на настани ќе се зголеми во наредните месеци.rnrnНајважната работа што секој хороскопски знак мора да ја научи пред крајот на 2018-та годинаrnrnДознајте што би можел да ви донесе крајот на оваа година. Бидете свесни за лекциите кои би требало да ги научите, но немојте повеќе да трошите време размислувајќи за тоа како ќе ги научите.rn

    Овен

    rnДо крајот на оваа година ќе доживеете целосна промена. Иако сте вредни и имате силна волја, ќе имате проблеми со овие работи. Ќе сфатите дека животот понекогаш не е организиран како што сакате да биде. Неочекувани нешта се случуваат и кога не можете да најдете решение, мора да поминете низ нив.rn

    Бик

    rnДо крајот на оваа година ќе научите многу, но најважно од сè, ќе научите да бидете трпеливи. Мора да престанете да се откажувате. Кога ќе го направите тоа, нештата ќе имаат подобар крај. Опуштањето и откажувањето се навистина различни работи и мора да го сфатите тоа.rn

    Близнаци

    rnДо крајот на годинава ќе се соочите со големи промени. Вашиот живот ќе почне да се движи во сосема нова насока, а тоа ќе ви биде заморно. Мора да научите дека не секој го заслужува вашето време. Некои луѓе се токсични и оддалечувањето од нив ќе ви биде од голема помош.rn

    Рак

    rnМорате да излезете од вашата удобна зона и да научите да бидете личноста којашто навистина сте. Крајот на годината ќе ве присили на тоа. Дознајте како да го изразите вашето вистинско јас и сè ќе биде подобро.rn

    Лав

    rnЌе се чувствувате малку депресивно. Причината е што конечно сфативте дека не ве исполнува да бидете во центарот на вниманието. Забележувате дека околу вас има лажни луѓе и тоа навистина почнува да ви пречи.rn

    Девица

    rnСе наоѓате на раскрсница. Сте залутале и воопшто не сте сигурни каде одите. Излезете од вашата депресија и донесете одлука, најдобро сами. Морате да научите како да ги надминете овие пречки. Целиот живот ви бил рутина, но оваа година тоа ќе се промени.rn

    Вага

    rnДо крајот на оваа година ќе научите тешка лекција за љубовта. Може да станува збор за романтична или каква било љубов. Секогаш им давате премногу на погрешните луѓе. Мора да постои момент во кој ќе сфатите дека и вашите потреби се исто важни.rn

    Скорпија

    rnВие сте личност која дозволува проблемите да ја мачат однатре, а никогаш не го препознавате проблемот надвор. До крајот на годината ќе научите како да се залагате за себе. Повеќе нема да им дозволите на емоциите да ве газат.rn

    Стрелец

    rnОваа година ќе научите како да ги оставате работите зад вас. Знаете да бидете непостојани, но сепак задржувате премногу луѓе и нешта. Вашиот живот е полн со движење, но носите преголем товар. Тоа е нешто што треба да се промени.rn

    Јарец

    rnДо крајот на годината ќе откриете многу. Ќе сфатите кои сте и каде сакате да одите, но мора да престанете да им дозволувате на другите да ве кочат. Се разбира, имајте блиски пријатели и семејство, но тие не треба да ве контролираат. Вашиот живот е ваш и само вие сте задолжени за тоа.rn

    Водолија

    rnКрајот на годината дефинитивно ќе ви биде напорен и луд. Ништо нема да ви изгледа исправно и околу вас ќе има голем неред. Ова ќе ви помогне да научите неколку работи. Ќе научите како да живеете среќен живот и покрај осудувањето и грешките. До крајот на годината, сè ќе си дојде на своето место.rn

    Риби

    rnДо крајот на оваа година ќе научите како да ги совладате вашите стравови. Сè што не ви дозволува да ги следите вашите соништа ќе исчезне. Иако звучи премногу добро за да биде вистинито, крајот на годината ќе биде преубав за вас.rnrnДознајте и дали ве очекува голема љубов оваа зима според вашиот хороскопски знак.

  • 5 лекции за менталната сила од успешните луѓе

    5 лекции за менталната сила од успешните луѓе

    Што би можеле да направите да имавте малку повеќе ментална сила? Во комбинација со малку страст, ќе постигнете речиси сè. Менталната сила е важна одлика на успешните луѓе, а најдоброто од сè е што можете да ја постигнете и вие. Овие одлични лекции ќе ви помогнат во тоа.rnrn5 лекции за менталната сила од успешните луѓеrn

    1. Најважна е упорноста

    rnПовеќето луѓе не сакаат да дадат сè од себе за да постигнат некоја цел. Најуспешните луѓе одамна одлучиле дека без разлика колку време ќе им треба, својата желба ќе ја направат реалност.rnrnОвој начин на размислување е заштитен знак на успешните луѓе и е неопходен за остварување на која било цел. Кога ќе доживеете неуспех, а тоа ќе се случува често, треба да знаете како да се исправите на нозе. Реалноста е дека не можете да ги избегнете предизвиците. Потребно е или да се соочите со нив, или да го прифатите фактот дека никогаш нема да ја постигнете посакуваната цел.rn

    2. Нашето искуство зависи од нашата перцепција

    rnКако ги интерпретираме нашите искуства зависи од разните верувања кои влијаат на начинот на којшто размислуваме и се однесуваме. Успешните луѓе го разбираат ова и знаат дека светот е буквално онаков каков што го гледаат. Тие се обидуваат да ги усогласат нивните верувања со целите и соништата што сакаат да ги остварат.rn

    3. Успешните луѓе ги разделуваат емоциите и делувањето

    rnОва им дозволува да реагираат на многу попродуктивен начин и да ја спречат штетата што може да настане од променливоста не емоциите.rn

    4. Успешните луѓе знаат како да ја користат нивната креативна енергија

    rnКреативноста не е вештина корисна само за уметност. Таа има многу поширока примена и е потребна во речиси секој аспект од животот. Креативноста има влијание на речиси сè што правиме. Особено се истакнува во решавањето проблеми, вештина што е потребна во сите аспекти од бизнисот и животот.rnrnУспешните луѓе ја знаат моќта на нивните идеи и знаат како да ја разбудат својата креативност. За да го направите ова, почнете да се бавите со некоја креативна активност за да го исчистите вашиот ум. За истото може да ви помогне и медитацијата.rn

    5. Неуспесите гледајте ги како можности, а не како пречки

    rnОва е јасно, но е навистина важно. Предизвиците со кои се соочувате во животот се можности да се искачите на повисоко ниво. Кога се соочувате со предизвиците често учите важни лекции и ја добивате менталната сила што ви е потребна за да ја постигнете целта.rnrnМенталната сила е заштитен знак на успешните луѓе и таа претставува колекција од разни вештини и способности кои можете да ги развиете и вие. Успешните луѓе работеле напорно да го променат начинот на којшто го гледаат и реагираат на светот. На овој начин постојано созреваат и ги постигнуваат нивните цели.rnrnПогледнете и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.

  • 3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

    3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик Епиктет

    „Прирачник за живеење“ на стоичкиот филозоф Епиктет се смета за една од најголемите стоички класици. Практичната мудрост на стоицизмот повторно се појави минатата деценија со авторите како Рајан Холидеј и Тим Ферис кои понудија нивна рефлексија на оваа филозофија. Иако можеби не е познато како „Медитации“ (Meditations) на Аврелиј или „Писма од еден стоик“ (Letters from a Stoic) на Сенека, прирачникот на Епиктет има исто моќни совети. Погледнете 3 од неговите најдобри лекции.rn

    1. Потребни се концентрација и жртва за остварување на целите

    rn3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик ЕпиктетrnrnПомеѓу смартфоните, социјалните медиуми и Интернетот, сè почесто се соочуваме со намалено внимание и проблеми со концентрацијата. Ако посакувате нешто големо, ако имате сон што го сакате повеќе од што било, мора да му го посветите целото ваше внимание. Во спротивно, шансите да го направите реалност речиси и да не постојат. Ова значи да се откажете од некои работи, или барем да ги тргнете настрана додека го следите вашиот сон.rnrnПокрај концентрација, вашиот сон ќе бара и жртва. Епиктет смета дека треба да ја гледате целата слика, работата што треба да ја завршите, од што се откажале другите пред вас и треба да ја завршите таа работа и да ги направите потребните жртви.rn

    2. Бидете свесни што е во ваша моќ, а што не

    rn3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик ЕпиктетrnrnСтоицизмот понекогаш има лоша репутација бидејќи може да биде мрачен. Негативноста не е само тема што одвреме-навреме се спомнувала помеѓу грчките и римските филозофи, туку нешто за коешто се дискутирало надолго и нашироко. Причината е што животот е полн со предизвици, а стоицизмот сака да ве научи да живеете подобро. Секој кој смета дека треба да се фокусирате само на позитивното и да го избегнувате мрачното живее во лага.rnrnОвде спаѓа свесноста за вашата моќ. Важно е да знаете што е, а што не е во ваша моќ. Постапките на другите, туѓото мислење за вас и што се случува со другите е надвор од ваша контрола. Кога се обидувате да ги контролирате овие нешта станувате фрустрирани и страдате. Потребно е да сакате да ги исправите негативните работи во светот и да ги следите вашите соништа, но важно е да разберете дека имате ограничено време, енергија и ресурси и некои нешта не можете да ги контролирате.rn

    3. Не заборавајте дека смртта е блиску

    rn3 лекции од „Прирачникот за живеење“ на легендарниот стоик ЕпиктетrnrnВо земјите на истокот од каде што потекнува будизмот, рефлектирањето на смртта било навистина често. Но на запад ја избегнуваме смртта како мрачна тајна. Нормално, никој не сака да размислува за фактот дека еден ден ќе умре, но ова е вистината. А бидејќи ова е најголемата вистина во животот – непостојаноста на нештата, ако можете да се справите со неа ќе живеете многу подобро.rnrnЕпиктет сака да запомниме дека смртта е секогаш блиску бидејќи тогаш нема залудно да потрошиме ниту една секунда. Животот ќе стане многу повозбудливо патување кога одвреме-навреме ќе се сетите на непостојаноста.

  • 10 животни вистини од Софија Лорен

    10 животни вистини од Софија Лорен

    Познатата актерка Софија Лорен го прослави својот 84-ти роденден, а зад неа има успешна кариера и богат живот од кој многу научила. Софија е родена во 1934-тата година во Рим, а нејзината кариера ја започнала на 20 години.rnrnrnrnВо текот на кариерата и животот таа постојано откривала нешто ново за себе и притоа научила многу лекции. Секоја од нив е еднакво важна. Погледнете ги 10-те животни лекции што ги научила и со нас ги споделува италијанската убавица.rnrn

    „Сексапилот е 50% она што мислите дека го имате и 50% она што другите мислат дека го имате.“

    rnrn

    „Морате да уживате во животот. Секогаш опкружувајте се со луѓе кои ви се допаѓаат и со кои можете да разговарате. Постојат толку многу позитивни работи за кои треба да размислуваме.“

    rnrn

    „Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица – ја остварува својата цел без да ја попречува глетката.“

    rnrn

    „По сите овие години сè уште сум во процес на себеоткривање. Подобро е да го истражите животот и да направите грешки отколку да играте безбедно. Грешките се долгови што ги плаќате за да водите богат живот.“

    rnrn

    „Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе и еднаш за своето дете.“

    rnrn

    „Фонтаната на младоста постои. Тоа се вашиот ум, вашиот талент, креативноста што ја поседувате и луѓето што ги сакате. Кога ќе научите да го користите овој извор, тогаш навистина ќе победите во животот.“

    rnrn

    „Погрешно е да мислите дека штом ќе завршите со образованието, нема да научите ништо ново.“

    rnrn

    „Вашите очи не можат да бидат убави ако никогаш немате заплакано.“

    rnrn

    „Многу луѓе мислат дека сакаат некои нешта, но немаат ни сила ни дисциплина. Верувам дека ќе го добиете она што го сакате само ако го сакате доволно силно.“

    rnrn

    „Мислам дека привлечноста доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имате или го немате и нема никаква врска со градите, стомакот или полните усни.“

    rnrnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе направат да се чувствувате одлично.

  • 30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

    30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

    Една девојка решила да помине 30 дена без социјални мрежи. Без Снепчет, Инстаграм, Фејсбук или што било слично. Таа научила неколку работи за животот, пријателството, созревањето, но и за самата себеси.rnrn30 нешта што можете да ги научите од 30 денови без социјални мрежиrnrn1. Животот е скапоцен. Кршлив е. Важно е да препознаете што е важно, а што не.rnrn2. Важно е да бидете благодарни за времето што го имате со луѓето.rnrn3. Не е важно ако другите ве сакаат, важно е дали вие се сакате.rnrn4. Луѓето кои не треба да бидат во вашиот живот обично самите се отстрануваат.rnrn5. Знаете дека сте созреале и сте се посветиле на љубовта кон себе, кога туѓиот успех и среќа ве прават среќни наместо љубоморни.rnrn6. Ретко ќе промените нечие мислење на дебатите на социјалните мрежи. За важните нешта се разговара во живо.rnrn7. Мора да преиспитувате сè што ве научиле, дури и вашите родители. Вашата вистина зависи од вас и ја бара вашата љубопитност.rnrn8. Важно е да поминувате време сами со себе.rnrn9. Важно е да се помирите со себе, со она што е внатре во вас, со вашата душа, карактер, чувства, размислувања.rnrn10. Најчистиот вид слобода што можете да ја имате е можноста да бидете тоа што сте.rnrn11. За да имате толеранција, треба да ги цените разликите. Треба да разберете дека разновидноста не мора да значи неповрзување.rnrn12. Должни сте кон себе да ја создадете вашата вистина.rnrn13. Кога сте присутни во моментот, времето минува многу побавно.rnrn14. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате додека можете.rnrn15. Нема ништо лошо да поставите граници со семејството, дури и ако тоа значи целосно да се оддалечите од нив.rnrn16. Само затоа што пријателите не ве бараат секој ден, не значи дека не ве сакаат.rnrn17. Ако научите да ги регулирате вашите емоции ќе спречите многу непотребни конфликти во животот.rnrn18. Дозволено е да се менувате, да еволуирате и да станувате нови толку пати колку што ви е потребно.rnrn19. Само затоа што другите размислуваат на одреден начин, не значи дека тој е правилен или дека вие треба да се менувате.rnrn20. Внимавајте каде ја трошите вашата енергија.rnrn21. Слушајте повеќе отколку што зборувате.rnrn22. Грижете се за вашето тело. Здравјето никогаш не треба да го занемарувате.rnrn23. Во ред е да не одговорите на одредени нешта.rnrn24. Нема смисла да се обидувате да ги контролирате исходите или нештата што се надвор од вашата контрола.rnrn25. Вашата најдобра верзија се менува од ден на ден.rnrn26. Сакајте повеќе отколку што се жалите.rnrn27. Најдете начин да ви биде удобно во сопствената кожа.rnrn28. Правете нешта што ве плашат.rnrn29. Формирајте подобро разбирање за светот и користете го за да се мотивирате, инспирирате и за да го најдете вашиот мир.rnrn30. Молете се често, без разлика во што верувате. Наречете го ова момент на благодарност.rnrnПогледнете ги и животните лекции што ќе ги научите од негативците во вашиот живот.

  • Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…

    Сè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси…

    Можеби не се наоѓате на она место во животот, на коешто планиравте да бидете во 20-тите, 30-тите или 40-тите години, бидејќи Господ ве учи дека не можете да продолжите да го живеете вашиот живот според очекувањата коишто ги има општеството, вашите родители или пак, ги имате самите вие.rnrnСè уште ја барате вашата среќа? Можеби Господ сака прво да научите нешто за себеси...rnrnМожеби лекцијата којашто морате да ја научите е дека треба да се ослободите од сите очекувања, да заборавите на сите временски рамки и да престанете да фантазирате дека до одредена возраст морате да бидете поуспешни од другите луѓе или дека морате постојано да сте физички и психички спремни за сè што се случува во вашиот живот.rnrnМожеби сè уште сте сингл, бидејќи Господ се обидува да ве научи на поинаков вид љубов, на пример онаа којашто им ја давате на вашите пријатели, на семејството, во работата или на самите себеси.rnrnМожеби сака да научите како да живеете исполнето без да ја имате постојаната гаранција, утеха и потврда од партнерот. Можеби Господ знае дека вашиот животен пат е исполнет со многу патувања, себе-истражување и постојано движење, па врзувањето со партнер нема да биде соодветно за вас. Можеби се обидува да ве научи како да чекорите пред да почнете да трчате.rnrnМожеби се обидува да ве научи на истите лекции одново и одново, бидејќи Тој сака да ја научите уметноста на повторните обиди, уметноста на неоткажувањето, уметноста на учењето да живеете со разочарувањата и препреките, бидејќи тие секогаш ќе ве следат во животот.rnrnМожеби Господ се обидува да ве научи дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Можеби лекцијата упатена кон вас е да уживате во животот онаков каков што е, наместо да си поставувате крајни рокови за остварување на вашите цели. Можеби, животот е безвременски и неминлив и ние едноставно треба да го прифатиме како таков.rnrnМожеби чекањето е само збор, којшто означува дека треба да напуштите некој или нешто и да продолжите понатаму со животот. Сфатете го тоа како Господ да ви дава знак да оставите нешто, без да се грижите за последиците коишто ќе следуваат од таквата одлука, бидејќи Тој ќе ве награди со нешто уште подобро во иднина.rnrnМожеби Тој не сака да бидете толку опседнати со временски рамки и начинот на којшто другите луѓе ве доживуваат. Можеби Тој сака да се ослободите од сите овие илузии и фантазии коишто ги имате за самите себеси и да научите како да живеете спокојно во реалниот свет.rnrnМожеби пак, Тој ве принудува да почекате бидејќи колку подолго чекате, толку повеќе ќе го цените она што ќе го добиете на крајот. Колку подолго чекате, толку подолго ќе го зачувате она што Тој ќе ви го подари. Можеби Тој едноставно сака да не бидете неблагодарна личност, туку сака да ги вреднувате даровите коишто ќе ви ги испрати, а планира да го стори тоа во моментот кога ќе знае дека вие сте подготвени да се погрижите добро за нив.rnrnМожеби Господ сака да сфатите дека сите временски рамки се измислени од страна на луѓе коишто имаат тврдокорни замисли и идеали, луѓе коишто живееле во различни околности од вас, луѓе коишто никогаш не ве ни запознале и луѓе коишто водат поинаков живот од вашиот. Можеби Господ едноставно сака да сфатите дека сите овие временски рамки и рокови не се однесуваат на вас, бидејќи не биле измислени за вас.rnrnМожеби Господ сака да сфатите дека вашиот живот никогаш нема да биде совршен и никогаш нема да тече според план, а вие морате да се обидете да го сакате и него и животот, без разлика на тоа.rnrnМожеби Тој ве подучува да чекате, бидејќи сака да знаете дека не можете секогаш да имате контрола врз вашиот живот, без разлика колку и да се обидувате, бидејќи тоа е Негова, а не ваша работа.rnrnПрочитајте ги и овие моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ви е на најниско ниво.

  • Нешта што ќе ги научите во јули според вашиот хороскопски знак

    Нешта што ќе ги научите во јули според вашиот хороскопски знак

    Иако летото е време за одмори и забави, не значи дека нема да научите ништо. Можете да го искористите целото слободно време и да работите на себе, да станете подобра личност. Секој хороскопски знак ќе научи по некоја важна лекција во јули, па погледнете која е вашата.rnrnНешта што ќе ги научите во јули според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnЌе сфатите дека вашето семејство се луѓето кои се овде дури и кога ви е најлошо. Луѓето кои никогаш нема да ве напуштат и да се однесуваат лошо со вас. Луѓето коишто ве виделе во најлошо издание, а сепак останале со вас бидејќи сакаат да бидете дел од нивниот живот.rn

    Бик

    rnЌе најдете начин да се утешите без да го барате бившиот партнер. Нема да ви бидат потребни неговите оправдувања за она што се случило. Вие само треба да го прифатите она што се случило. Дури тогаш ќе бидете во можност да се придвижите кон посветла иднина.rn

    Близнаци

    rnЌе научите што значи да имате меко срце. Ова значи дека некои луѓе ќе ја ценат вашата добрина, но некои ќе ве искористат поради неа. Потребно е да бидете внимателни бидејќи не сите имаат добри намери.rn

    Рак

    rnЌе научите како да си простите за тоа што прифаќате помалку отколку што заслужувате. Важно е да запомните дека нема потреба да ѝ простувате на личноста што ве повредила. Потребно е да си просите самите што сте си дозволиле да се однесуваат со вас на тој начин.rn

    Лав

    rnЌе ја научите важноста на трпеливоста. Ќе работите напорно секој ден, дури и кога нема да гледате резултати. Нештата што го менуваат животот не се случуваат преку ноќ. Потребно е многу време да стигнете до посакуваната цел, но не заборавајте дека навистина вреди.rn

    Девица

    rnЌе научите кој искрено се грижи за вас, а кој само ве лаже. Ќе се соочите со неколку пречки овој месец и ќе сфатите кој е на ваша страна во овие периоди, а кој нема време да се грижи за вас.rn

    Вага

    rnЌе ја научите важноста на грижата кон себе. Ќе почнете да си пружите повеќе љубов и ќе се променат многу нешта. Вашата самодоверба ќе се зголеми. Вашите несигурности ќе исчезнат. Ќе бидете многу посреќни за разлика од изминатиов период.rn

    Скорпија

    rnПолека ќе сфатите колку многу можете да постигнете кога работите. Нема да си дозволите да бидете мрзливи. Нема да го поминете цело лето на забави. Ќе постигнете многу овој месец. Дури и самите ќе се изненадите од вашата продуктивност.rn

    Стрелец

    rnКонечно ќе сфатите каде сте упатени. Ќе ги откриете одговорите на прашањата што сте си ги поставувате долго време. Ќе одберете насока и ќе се држите до неа. Ќе имате вистинско откровение за тоа што сакате да правите со вашето време.rn

    Јарец

    rnЌе научите колку сте силни. Овој месец ќе ви донесе многу стресни моменти, но вие ќе останете со чиста глава. Ќе останете смирени. Ќе се изненадите колку сте созреале изминативе неколку години.rn

    Водолија

    rnЌе научите подобро да се грижите за себе. Наместо да очекувате другите да ве направат среќни, сами ќе ја пронајдете вашата среќа. Наместо да бидете на дното од вашата листа со приоритети, ќе се ставите највисоко. Ќе почнете да ја откривате љубовта кон себе.rn

    Риби

    rnЌе научите колку е важно да излезете и да се претставите. Нема да го поминете целото лето внатре. Ќе го напуштите домот и ќе ја напуштите вашата удобна зона. А тогаш ќе пронајдете навистина неверојатни работи.rnrnДознајте и што ве очекува во текот на целото лето според вашиот хороскопски знак.

  • 15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

    15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

    Секој очекува најдобрите пријатели да му излезат во пресрет кога се соочува со тежок период. Но за жал не секогаш ќе имате на кого да се потпрете во овие ситуации. Сепак, тоа не е толку лошо бидејќи ќе научите некои многу важни нешта. Погледнете за кои станува збор.rnrn15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпретеrnrn1. Ќе сфатите дека понекогаш можете да се обидувате да им објасните нешто на другите, но тие ќе го сфатат тоа дури кога и нив ќе им се случи истото.rnrn2. Ќе почнете да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете и дури тогаш ќе почнете активно да ги решавате проблемите.rnrn3. Полесно ви е кога не разговарате за некои работи бидејќи потсвесно почнувате да ги очекувате, а потоа се разочарувате бидејќи не се случиле.rnrn4. Сфаќате на кого навистина му е грижа за вас, а кој глуми. Во тешките моменти се познаваат вистинските пријатели.rnrn5. Ќе сфатите дека некои од вашите најдобри пријатели познаваат само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.rnrn6. Некои луѓе ќе ги намалуваат вашите проблеми бидејќи „не се опасни по живот“. Држете се настрана од тие луѓе.rnrn7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од вас. Ова значи дека ќе работите според вашата проценка.rnrn8. Ќе научите како да бидете одговорни за вашиот живот. Ако нешто погрешите, вие сте виновни и нема да ги обвинувате другите за вашиот неуспех. Едноставно ќе научите како да ги водите вашите битки бидејќи не секој е на ваша страна.rnrn9. На тежок начин ќе научите да се прифатите. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е да мислите дека не сте криви за тоа. Ќе мислите дека сте лош пријател, но на крај ќе престанете премногу лично да ги сфаќате работите и ќе бидете силни дури и кога сте сами.rnrn10. Ќе научите да се носите со осаменоста. Ќе ги прифатите вашите мисли, стравови и збунетост. На крај ќе бидете непобедливи.rnrn11. Ќе почнете да сфаќате како секој има некоја улога во вашиот живот, а улогата на некои луѓе не е толку важна. Некои се овде само повремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.rnrn12. Ќе станете внимателни кога се во прашање идните врски. Веќе не им верувате на сите толку лесно. Ќе си поставите граници за оние кои баш и не ви мислат најдобро.rnrn13. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да не им кажувате на другите сè за вас бидејќи не знаете кој и кога ќе го искористи тоа против вас.rnrn14. Ќе сфатите дека можете и самите да се кренете кога ќе паднете и дека не треба да се потпирате на никого.rnrn15. Ова е најтешката лекција, но и најважната. Можете да преживеете само сами бидејќи многу луѓе ќе сакаат да ве повлечат кон дното.rnrnПогледнете и како да ѝ дадете поддршка на личноста која страда.