КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • Што значи да се биде човек?

    Што значи да се биде човек?

    За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:rnrnШто значи да се биде човек?rnrn1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.rnrn2. Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.rnrn3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.rnrn4. Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.rnrn5. Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.rnrn6. Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.rnrn7. Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.rnrn8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.rnrn9. Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.rnrn10. Ќе заборавите на сево ова.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

    Декември, се одбројуваат деновите до Новата година. Како се чувствувате? – Нестрпливо, возбудено, разочарано? Потрошете 30-ина минути и искрено одговорете на овие 7 прашања. Тестот ќе ви открие некои важни работи и ќе ви даде добри насоки за да бидете позадоволни и посреќни следната година.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    1. На скала 1-10, колку сте задоволни од себе за оваа година?

    rnОценете се себеси во оваа година. Ова е едноставна вежба со која ќе дојдете до прецизен одговор, а бројката ќе ви биде показател за многу работи во вашиот живот.rn

    2. Зошто се оценивте така?

    rnВажно е да разберете која е причината за таквото себе-оценување. На пример, ако си дадовте оценка 3/10, дали е тоа заради запоставувањето на вашиот љубовен живот и здравјето на сметка на работата или пак бидејќи не ги остваривте сите цели кои ги зацртавте? Кои и да се причините, запишете ги некаде.rn

    3. Кои беа вашите најголеми достигнувања изминатава година?

    rnОвде одговорите опфаќаат какви било успеси на кои сте горди: унапредување во кариерата, влегување во долго-посакуваната врска, доследност во физичките активности…rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnОва за некои луѓе може да биде тешко бидејќи треба строго да се погледне кон 365 изминати дена и да се даде оценка дали тие биле добро искористени. Благодарение на одговорите, ќе можете да се ослободите од неважните работи и да го фокусирате вниманието само на она што е вистински важно.rnrnПонекогаш, веруваме дека сме успеале во нешто, но и тогаш треба да се запрашаме дали со тој успех сме си помогнале себеси или на некој друг. Можеби сакате да им помагате на другите и нема ништо лошо во тоа, но не заборавајте на вашите соништа. Искреирајте ги во вашата глава и догодина повторно запрашајте се истово. Ќе се изненадите колку можете да успеете во остварување на своите соништа.rn

    4. Кои се најзначајните лекции кои ги научивте годинава?

    rnШто сè научивте од сè што ви се случи изминатава година?rnrnСекојдневните искуства не прават помудри, сите го знаеме тоа. Но, не сите се однесуваат исто со работите кои им се случуваат во секојдневното опкружување. Без разлика дали добри или лоши, новите искуства ни додаваат нов слој мудрост врз постоечкиот. Запишувајќи ги научените лекции од секојдневните искуства ќе бидете свесни за големата мудрост која ви се натрупала низ годините.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    5. Кои се целите кои сакате да ги постигнете следната година?

    rnОва прашање можете да си го поставите уште во 2 други варијанти:rn
    rn

    „Како можам да направам следната година да ми биде најдобра во животот?“rnrn„Ако сега е 31 декември следната година, што би сакал/а да видам во својот живот?“

    rnОткако ќе си одговорите на прашањата, поставете си ги целите со согласност со нив.rnrnШто би требало да ви се случи за да си дадете оценка 10/10 кога следната година ќе го правите истово? Кои се целите кои сакате да ги постигнете и соништата кои сакате да станат реалност? Запишете си ги одговорите како цели за следната година.rn

    6. Кои нови навики би сакале да ги стекнете/одржите?

    rnЗа да ги остварите вашите цели со успех, мора прво да си создадете добри навики. Кои нови навики би сакале да ги стекнете? Луѓето обично се одлучуваат за медитација, вежбање, рано станување, рано легнување, пиење повеќе вода, откажување од цигарите… Кога ќе почнете да негувате одредени позитивни навики, природно станувате подобра личност, за себе и за другите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrn

    7. Кои се вашите идни итни чекори кои треба да ги преземете?

    rnОткако ги запишавте вашите намери за следната година, одредете ги оние кои се однесуваат на најитниот период. Што би требало да почнете да правите за да почнат работите да течат во одредена насока? Закажете си точни датуми за овие планови и запишете ги.rnrnНа крајот, не заборавајте да почнете веднаш. Почнете од почеток уште пред да заврши старата година. Размислувајте однапред за работите кои ќе ве очекуваат во иднина. Така ќе бидете пред сите.rnrnТест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годинатаrnrnАко ви помогна тестот во прецизирање на вашите цели за следната година, споделете ги размислувањата и чувствата во коментар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.