КАФЕ ПАУЗА

Tag: лекции

  • 5 лекции за компатибилноста во врските на кои може да ве научи вашиот мобилен телефон

    5 лекции за компатибилноста во врските на кои може да ве научи вашиот мобилен телефон

    Покрај неговата употребливост и ефикасност во функциите што ги овозможува, од него можат да се научат уште некои работи. Компатибилноста е главна компонента на една значајна и успешна врска. Па, како може да се препознае компатибилноста? Во следниов текст нема да погледнеме подалеку од мобилниот телефон за да ви претставиме една аналогна илустрација која е сумирана во пет лекции. Напомена: Ова е „модерен“ начин на аналогно прикажување.rnrnrn

    1. Треба да работи и „надвор од кутијата“

    rnВо денешно време, постои компетиција на пазарот за смартфони, а за многу корисници важна е способноста на уредот да биде веднаш подготвен за употреба одма после приклучувањето. Нема ништо што фрустрира повеќе од преубаво дизајниран уред, негово отворање, отстранување на заштитната фолија и чекање за да почне да симнува и да инсталира ажурирања за да би можел да почне со работа. Не се работи за тренирање на трпението, но првото искуство со телефонот треба да биде лесно и примамливо.rnrnИстото е и со новата врска. Почетната средба и првиот состанок треба да одат како „подмачкани“ и да бидат пријатни. Разговорот треба да тече слободно без прекинувања и препреки. Дури и кога е присутна мала непријатност, треба да постои заедничка желба за да се создаде средина која ќе овозможи пријатно искуство. Ако првите неколку состаноци ве прават фрустрирани и збунети, тогаш имате проблем со компатибилноста која можеби нема да можете да ја поправите со трпение и истрајност.rn

    2. Вградениот софтвер и додатоците треба да работат беспрекорно

    rnГо вклучивте уредот и работите изгледаат добро. Сега е време да се спои уредот со сите додатоци или да се симне софтверот кој е обезбеден од производителот за да се засили искуството на корисникот. Земете го во предвид нивото на иритација што ја чувствувате кога вашите напори се соочени со пораки кои укажуваат на грешка и ви велат да се обидете подоцна повторно. Се прашувате како може ова да не работи?rnrnИскреноста, квалитетното време и способноста се како додатоци на една врска. Ако зборовите на вашиот партнер и неговите постапки се дијаметрално спротивни или слободното време изгледа како луксуз што се искористува штедливо тогаш постојат пречки во компатибилноста кои најверојатно нема да се решат сами од себе. Убавината на новите врски е тоа дека двајцата можете да уживате во слободното правење распоред за да поминувате повеќе време заедно и тоа да ви биде приоритет.rnrnАко некој не е во можност или не сака да создава можности за да ве види или зборува со вас тогаш треба да прифатите дека не сте негов приоритет и најверојатно никогаш нема ни да бидете.rn

    3. Не би требало да има потреба од фабричко ресетирање

    rnУживате во вашиот нов смартфон и во сите негови забавни карактеристики и одеднаш замрзнува. Го држите копчето, му правите „рестарт“ и повторно почнува да работи совршено сè додека не се случи истото. Потоа пробувате и со фабричко ресетирање, па постојано го исклучувате и го вклучувате за да може да работи правилно. На некој начин, вие сте во искушение да се откажете од вашите лични податоци за да би можеле да го доведете во состојба како да е нов.rnrnСите кратки прекини во врската што се чини дека го продолжуваат нејзиното траење всушност имаат свој рок на траење. После секој прекин кога ќе си ветите дека е засекогаш, шансата за помирување е присутна. Носталгијата и добро познатото камуфлирање на конфликтите кои го иницирале прекинувањето и наградата доколку се обидете повторно се кратки моменти на блаженство проследени со потсетување зошто врската била завршена. Овие „фабрички ресетирања“ најверојатно ќе ја поттикнат желбата да се вратите на фабричките функции – да бидете целосно слободни.rn

    4. Не би требало да има барање за „решенија од трето лице“

    rnИновативноста и креативноста започнаа целосно натпреварувачки битки помеѓу потрошувачите и производителите на смартфони. Секоја компанија се натпреварува не само со корисникот туку со сопствените права на новиот софтвер и хардвер кој ветува дека ќе креира уникатно искуство за да би можел да се купи од одреден бренд. Овој обид за да се зачува креативноста создаде нов пазар за хакерите кои ветуваат поправки за некомпатибилноста. Проблемот е што решението од третото лице е ретко такво какво што е ветено. Честопати градењето софтвер создава повеќе проблеми од оној што бил планиран да го поправи.rnrnВрската би требало да биде создадена, конструирана и одржувана само од две лица. Онаа која дозволува константно вмешување на пријателите и фамилијата најверојатно нема да има долг рок. Нивното повремено инволвирање со надеж дека врската ќе успее е само „фластер“ кој ги покрива недостатоците.rn

    5. Ажурирањата не би требало да го менуваат искуството на корисникот

    rnГо користите новиот смартфон со месеци и дури сега откривте нови опции и соодветно ниво на вештини што го прават есенцијална компонента од вашиот животен стил. Одеднаш ви стигнува порака на вашиот екран за да ви најави нови софтверски ажурирања кои нудат нови карактеристики и поправање на дефекти кои претходно не сте ги забележувале. Со колебање ги прифаќате овие предлози за симнување и инсталирате нов софтвер надевајќи се дека нема да има никакви проблеми.rnrnИнсталирањето е готово, го вклучувате телефонот и гледате дека сè се променило. Вашите апликации не се таму каде што сте ги поставиле, а вашиот екран изгледа непознат како случајно да сте зеле туѓ телефон. Што е полошо, апликациите кои ги употребувавте секојдневно не работат како претходно. Некои од нив бараат повторно внесување на податоци со сосема нови шифри. Пребарувате на Интернет да проверите дали и други корисници ја искусиле оваа агонија.rnrnРаботите се менуваат во животот и тие промени носат со себе нови искуства, барања и можности. Успехот на врската не би требало да се одржува беспомошно за да резултира со неопходни животни промени. Нова работа, нова шанса, промена на животниот стил или новите одговорности не треба да го уништат континуитетот. Мора да постои силна основа која ќе овозможи регулирање на сите промени. Обидите за врската да се промени на подобро не смеат да бидат проследени со несовладливи пречки. Доколку таа не може да ги поднесе периодичните „ажурирања“ тогаш најверојатно постои некомпатибилност која била игнорирана.rnrnАналогијата се користи за да би можела да се создаде живописна слика на некоја идеја или концепт. Не може целосно да се направи споредбата, но главната идеја е изнесена. За да бидат успешни, врските бараат постојано одржување и труд. Компатибилноста дава сигурност дека направен е вистинскиот избор.rnrnДали се согласувате со лекциите на кои можат да ве научат телефоните? Во колку од нив можете да најдете сличности со некоја ваша врска?rnrnПогледнете ги и овие 10 работи за кои никогаш не треба да се извинувате во врската.

  • Најважните лекции што можете да ги научите од самотијата

    Најважните лекции што можете да ги научите од самотијата

    Секој поминал низ период кога му било неопходно да помине време сам со себе, да ги среди своите мисли и да научи некоја животна лекција. Понекогаш самотијата навистина е единственото нешто што ви е потребно, а ова се најважните лекции што можете да ги научите од неа.rnrnНајважните лекции што можете да ги научите од самотијатаrnrn1. Вие се познавате најдобро. Вашите пријатели едноставно не можат да научат сè за вас и да ве разберат во секоја ситуација. Во овие моменти би требало да поминете време насамо.rnrn2. Понекогаш, само самите можете да ја согледате големината на вашите проблеми, па нема потреба да ги споделувате со другите. Сигурно не сакате некој да ги потцени.rnrn3. Наместо да барате совети од други, најдоброто решение ќе го најдете во себе.rnrn4. Вие сте единствената личност којашто е одговорна за вашиот живот. Само вие можете да ги исправите вашите грешки и треба да го слушате вашиот внатрешен глас.rnrn5. Понекогаш, молчењето навистина вреди злато.rnrn6. Потребно е да се соочите со сопствените стравови.rnrn7. Ќе сфатите дека после секој неуспех, самите морате да се кренете на нозе.rnrnПонекогаш, кога чувствувате доза несигурност, одберете да се повлечете во себе. На овој начин ќе најдете решение за вашите проблеми и ќе започнете со ново животно поглавје.rnrnПогледнете и што ќе се случи кога ќе почнете да уживате во самотијата.

  • Суровата лекција што треба да ја научите овој април според вашиот хороскопски знак

    Суровата лекција што треба да ја научите овој април според вашиот хороскопски знак

    Веќе помина третина од април и досега сигурно ви се случиле многу нешта. Можеби сте постигнале нешто или сте исполниле некоја ваша желба, а можеби и сте се соочиле со неуспех. Сепак, месецот сè уште не е завршен и има уште неколку лекции за вас. Понекогаш е тешко да ги прифатите овие лекции, но погледнете што треба да научите овој месец според вашиот хороскопски знак.rnrnСуровата лекција што треба да ја научите овој април според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnНема секогаш да добивате сè во моментот кога ќе го посакате. Мора да научите да бидете трпеливи. Ако не вреди да чекате за нешто, можеби тоа воопшто не ви значи.rn

    Бик

    rnЛичноста во која сте вложиле многу не секогаш ќе ви ја врати услугата. Понекогаш луѓето нема ни да ги ценат безбројните добри нешта што сте ги направиле за нив.rn

    Близнаци

    rnЛошите нешта им се случуваат на добрите луѓе. И добрите нешта им се случуваат на лошите луѓе. Ова се случува постојано, а вие не можете да направите ништо во врска со тоа.rn

    Рак

    rnНе можете да направите сè за секого. Мора да прифатите дека ќе има ситуации во кои ќе бидете немоќни, кога ќе треба да отстапите и да им дозволите на саканите да ги решат нивните проблеми без ваша помош.rn

    Лав

    rnВие не сте ангел. Нема секогаш само вие да бидете со скршено срце. Понекогаш, и вие ќе повредите некого.rn

    Девица

    rnНе можете да се вратите назад во времето. Не можете да ги избришете нештата што сте ги кажале. Не секогаш добивате втора шанса.rn

    Вага

    rnНема секогаш да ја добиете потребната утеха. Нема секогаш да добиете објаснување зошто некој ве повредил. Понекогаш треба да го прифатите ова и да продолжите понатаму без одговор.rn

    Скорпија

    rnНе можете да ги контролирате другите луѓе. Не можете да ги спасите другите луѓе. Не можете да ги натерате да сфатат нешто.rn

    Стрелец

    rnНе може секој ден да го сметате како ден за себе. Потребно е да одвоите време и за продуктивност. Потребно е да завршите некои работи. Во спротивно ќе зажалите.rn

    Јарец

    rnПостојаното работење без пауза за јадење или спиење, не е нешто со коешто треба да се фалите. Понекогаш токму ова ќе ве повреди.rn

    Водолија

    rnВашата удобна зона ве држи назад. Ве држи во едно место. Не ви дозволува да го постигнете вашиот полн потенцијал.rn

    Риби

    rnПонекогаш треба да се оттргнете од луѓето коишто ги сакате. Понекогаш треба да се збогувате пред да бидете подготвени за тоа.rnrnПрочитајте го и вашиот месечен хороскоп за овој април.

  • 28 животни лекции што би требало да ги научите до 28 години

    28 животни лекции што би требало да ги научите до 28 години

    20-тите години од животот можат да бидат навистина збунувачки. Ова е периодот кога станувате возрасни, самостојни и одговорни за вашиот живот. Па, сосема нормално е понекогаш да се чувствувате изгубено или заглавено. 20-тите се период на голема животна транзиција, а следниве лекции ќе ви помогнат полесно да ја преживеете.rnrn28 животни лекции што би требало да ги научите до 28 годиниrnrn1. Треба да го следите вашето срце. Иако можеби постојано го слушате ова, за секоја одлука што треба да ја донесете, важно е да го следите вашето срце. Вие сте единствената личност која може да каже дали нешто ве прави среќни или не. На оваа возраст, поважно е како вие се чувствувате за одредени нешта, наместо другите.rnrn2. Вреди да ризикувате за љубовта. Можеби сметате дека љубовта е преценета, но таа е нешто прекрасно. Можеби досега неколкупати ви го скршиле срцето, но немојте никогаш да се откажете од љубовта. Секогаш вреди да ризикувате за неа. Подобро е уште еднаш да бидете повредени, отколку никогаш повеќе да не почувствувате љубов.rnrn3. Потребни ви се само неколку вистински пријатели во животот. Ова не значи дека треба да отстраните голем број пријатели и да ги одберете омилените, туку како што созревате, ќе сфатите дека квалитетот на пријателството е многу поважен од тоа да имате стотици пријатели кои воопшто не се грижат з вас.rnrn4. Немојте самите да си поставувате дијагнози. Можеби Гугл ги има одговорите на сите ваши прашања, но понекогаш е потребно да побарате помош од професионалец. Она што ќе го прочитате на Интернет може да ве вознемири, за на крај да излезе дека воопшто не е вистина. Па, опуштете се и кога има потреба, одете на лекар.rnrn5. Грижете се за вашето здравје. Навистина посветете се на ова. Веќе ги привршувате 20-тите, па не можете да јадете нездрава храна како кога сте имале 18 години. Нештата се поразлични сега. Потребно е да научите да се грижите за себе, за подоцна да ги почувствувате придобивките.rnrn6. Бидете трпеливи. Животот нема да ви се случи преку ноќ. Потребно е напорно да работите за нешто што навистина го сакате. Не заборавајте дека сè што е тешко да го добиете, вреди да го имате.rnrn7. Бидете оптимисти, но не премногу. Најчесто оптимизмот е клучен за успех. Кога сте позитивни за нешто, постои голема можност да успеете. Бидете позитивни, но не претерувајте со самодовербата. Понекогаш нештата нема да одат по вашиот план и само ќе бидете повредени или обесхрабрени.rnrn8. Понизноста е клучна. Бидете скромни во секој дел од животот. Можеби се чувствувате одлично кога се фалите за новиот автомобил или кога победувате во сите дебати. Но размислете што навистина добивате од тоа. Нема да станете поубави или побогати само затоа што сте победиле во секој расправа. Не заборавајте дека врските се поважни од сите материјални нешта што ги имате.rnrn9. Вашата среќа не треба да зависи од никој и ништо. Вие сте убави и сте на овој свет со причина. Не ви треба ничие признание, ниту пак треба да се чувствувате поважно од другите ако имате повеќе. Важно е да знаете дека сте убави, дури и без никој да ви го каже тоа.rnrn10. Вие ги учите другите како да ве третираат. Веројатно сте слушнале дека не треба да им го правите на другите она што не сакате да ви го прават вам. Па, бидете добри со луѓето околу вас, научете да ширите љубов и добрина, и за возврат ќе го добиете токму тоа.rnrn11. Научете да простувате. Ова значи да им простувате на другите, но и да си простите себеси. Кога ќе можете да си простите за грешките од минатото, ќе можете да продолжите да се движите напред. Немојте да ја оставате омразата во вашето срце бидејќи само ќе ве кочи.rnrn12. Прифатете ги нештата што не можете да ги промените. Постојат многу работи во животот што ќе ве полудат, но за жал не можете да ги промените. Ќе се соочите со многу нешта кои нема да можете да ги контролирате. Во овие ситуации треба само да го прифатите тоа. Ќе биде тешко поголемиот дел од времето, но потребно е да имате верба и да верувате дека вистинските работи ќе се случат во вистинско време.rnrn13. Научете да покажете благодарност. Кога ќе научите да се заблагодарите, ќе можете да кажете како навистина се чувствувате за одредени нешта. Размислете за работите за коишто сте благодарни и покажете го тоа со добри дела. На овој начин ќе дадете нешто назад, дури и кога нема потреба.rnrn14. Храброста не е отсуство на страв. Стравот секогаш ќе биде со вас. Она што треба да го сфатите е да погледнете над него и да го направите потребното, без разлика колку е страшно.rnrn15. Сакајте се доволно за да го пуштите она што не ви е потребно. Доколку, на пример, сте во токсична врска, важно е да ја знаете вашата вредност и да се ослободите од тој товар. Заслужувате да бидете со личност која ве сака онакви какви што сте. Заслужувате личност која ќе ве прави среќни и којашто ја знае вашата вредност. Ова важи и за сè останато во вашиот живот.rnrn16. Не можете да ги поправите луѓето. Ова само ќе ве фрустрира. Луѓето ќе прават грешки без разлика на вашето дело, а по пат ќе грешите и вие. Саканите ќе ве разочараат, ќе ве повредат и ќе ви го скршат срцето, а вие ќе треба да се справите со тоа. Луѓето ќе се променат на подобро само ако сфатат дека тоа е подобро. Она што можете да го направите е да ги инспирирате и да ги потсетите што е добро и правилно.rnrn17. Пијте повеќе вода. Нанесувајте заштитна крема. Грижете се за кожата и за телото. Не станувате помлади. Доколку не го правите ова сега, почнете што е можно побрзо.rnrn18. Престанете да се жалите. Има милиони луѓе ширум светот во полоша состојба. Некои луѓе немаат храна, некои немаат дом. Некои деца се целосно осамени, а некои страдаат од неизлечиви болести. Нормално е да имате лоши денови, но секогаш обидете се да бидете благодарни за она што веќе го имате. Поради постојаното жалење, често забораваме дека имаме нешта за кои другите можат само да сонуваат.rnrn19. Најдете време да ги цените другите околу вас. Никогаш не можете да погодите низ што минува некој. Не можете со сигурност да кажете дека личноста којашто се смее е навистина среќна. Научете да ги цените луѓето, дури и за нивните најмали обиди и успеси. Бидете добри со сите околу вас. На сите им е потребно тоа.rnrn20. Слушајте. Престанете толку многу да зборувате и научете како да ги слушате другите. Слушнете што имаат да кажат. Понекогаш толку многу сме внесени во нашите проблеми, што забораваме на другите. Учете од другите, бидете скромни и имајте отворени ум и срце. Никогаш не знаете колку можете да созреете слушајќи ги луѓето околу вас.rnrn21. Користете ги социјалните мрежи само за добро. Факт е дека социјалните мрежи се голем дел од нашите животи. Па пред да објавите или да коментирате нешто, добро размислете дали вреди и дали ќе повредите некого.rnrn22. Никогаш не престанувајте да сонувате. Секогаш имајте некаква цел, така што секој ден ќе бидете инспирирани. Сонувајте големо и кажувајте си дека еден ден ќе успеете. Нема да биде лесно, но што и да се случи, дајте сè од себе за да успеете.rnrn23. Научете да преземате ризици. Ќе го разберете животот само кога ќе им дозволите на неочекуваните нешта да се случуваат. Звучи навистина страшно, но нема да научите ништо доколку не излезете од удобната зона. Зачекорете во вистинскиот свет и направете нешто. Нема секогаш да успеете и нема да биде лесно. Ќе правите грешки, а некои одлуки ќе предизвикаат лоши последици. Но, на овој начин учите. На овој начин созревате како личност.rnrn24. Светот не е секогаш среќно место. Веројатно често сакате да мислите дека светот е убаво место со убави луѓе. Тоа е одлично, но не очекувајте премногу за да не бидете разочарани. Понекогаш светот може да биде навистина суров. Ова не треба да ве обесхрабри, туку да ве инспирира да направите нешто добро, без разлика колку е мало.rnrn25. Правете го она што ве прави среќни. Како што станувате постари, треба да научите мудро да го трошите вашето време. Доколку вашата работа ве прави мизерни, сериозно размислете да ја промените. Животот е премногу краток за да не правите нешта што навистина ве радуваат.rnrn26. Постојано кажувајте им на саканите дека ги сакате. Повторно ќе нагласиме – животот е премногу краток. Можеби вашата девојка знае да биде досадна, или најдобриот пријател ве иритира со неговите навики, но овие луѓе се во вашиот живот со причина. Бидете благодарни што постојат. Секогаш давајте им до знаење дека ги сакате и дека сте благодарни што се во вашиот живот.rnrn27. Престанете да мислите дека сте сфатиле сè. Можеби не сакате да го признаете ова, но тоа е вистината. Можеби и никогаш нема да сфатите сè, и тоа е сосема во ред. Токму на овој начин ќе учите и созревате. Па, прифатете ги предизвиците на животот и продолжете напред.rnrn28. Молете се. Без разлика дали верувате во Бог или во универзумот, ќе се чувствувате подобро кога ќе знаете дека некој или нешто ве води. Дури и да не верувате во ништо, кога ви е лошо, кратката молитва ќе ви помогне да се опуштите.rnrnПогледнете и кои се очигледните животни лекции кои пребрзо ги забораваме.

  • Што научија хороскопските знаци во првите месеци од 2019-та година?

    Што научија хороскопските знаци во првите месеци од 2019-та година?

    Иако поминаа само два месеца од 2019-та година, тоа не значи дека досега не сте научиле ништо. Според вашиот хороскопски знак, дознајте на што ве научила оваа година досега.rnrnШто научија хороскопските знаци во првите месеци од 2019-та година?rn

    Овен

    rnОваа година ве научи да забавите. Сега можете да си дадете дозвола да не правите ништо, наместо да се преморувате со преполниот планер.rn

    Бик

    rn2019-та година ве научи да престанете да вложувате и да се трудите за луѓе кои не би го направиле тоа за вас.rn

    Близнаци

    rn2019-та година ве научи да се трудите повеќе, да ги барате пријателите и да не се оддалечувате од другите.rn

    Рак

    rnОваа година ве научи да се грижите помалку и да престанете да мислите за другите повеќе отколку што мислите за себе.rn

    Лав

    rn2019-та година ве научи понекогаш да се откажувате од контролата и само да се движите со текот.rn

    Девица

    rnОваа година ве научи да бидете свои, да престанете да мислите што ги прави другите среќни и да се грижите само за вашите среќа и радост.rn

    Вага

    rnОваа година ве научи да престанете да бидете толку добри и да ги отстраните токсичните луѓе од вашиот живот.rn

    Скорпија

    rnОваа година ве научи да си дадете одмор, бидејќи постојаното работење само ќе ве уништи.rn

    Стрелец

    rn2019-та година ве научи да им верувате на вашите инстинкти, да се откажувате од помалку можности и да престанете да им дозволувате на другите да ве газат.rn

    Јарец

    rnОваа година ве научи да имате повеќе верба во вашите способности, бидејќи вие сте поталентирани отколку што мислите.rn

    Водолија

    rn2019-та година ве научи грижата за себе да ја направите приоритет. Ве научи да се грижите за вашето ментално физичко здравје.rn

    Риби

    rnОваа година ве научи да барате некој кој ги исполнува вашите стандарди, без разлика колку се високи.rnrnДознајте и каква карма ве очекува оваа година според вашиот хороскопски знак.

  • 18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та година

    18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та година

    Без разлика дали 2018-та ви била неверојатно тешка или најдобрата година досега, без разлика дали ви поминала за миг или траела засекогаш, и без разлика дали ќе ја завршите со благодарност или со тага, добро е да сте ги научиле следниве нешта. Обидете се да најдете утеха, без разлика што ви приредила 2018-та. rnrn18 нешта што би требало да ги научите до крајот на 2018-та годинаrnrn1. Љубете без двоумење и без страв од тоа дали ќе ви ја возвратат љубовта. Ова е единствениот начин да љубите безусловно и бестрашно, што е најчистата форма на љубов.rnrn2. Простувањето станува полесно кога го правите почесто. Истото важи и за извинувањето. Гордоста е навистина скапа. Не треба да дозволите да ве чини врска или вашиот мир.rnrn3. Не треба да бидете совршени за да бидете среќни, туку треба да бидете автентични. Ценете се бидејќи на крајот од денот вие треба да живеете со вашите одлуки.rnrn4. Добрите, лошите, здодевните периоди, сите тие ви се дар. Тие ве подготвуваат за нешто подобро или се прослава за надминување на тешките моменти. Овие периоди се вашиот живот.rnrn5. Никој не ви должи ништо, освен вие самите. Вие си должите многу. Само важно е дали ќе го направите она што е потребно за да го добиете она што го сакате.rnrn6. Понекогаш да го добиете она што го сакате не е исто со тоа да го добиете она што ви е потребно.rnrn7. Гневот и неучтивоста се знак дека личноста чувствува длабока болка. Ова не е причина да се однесувате лошо. Полесно ќе биде да ѝ простите на личност која чувствува болка, отколку на личност која е гневна „без причина“.rnrn8. Покажувањето на вашите лузни е многу поефективен начин на создавање значајна врска. Ова вреди многу повеќе отколку да ги покажете материјалните нешта што ги поседувате.rnrn9. Надраснувањето не е исто со откажувањето. Незабележлив начин да се откажете и да се убедите дека не го правите тоа е ако продолжите да правите нешто, дури и кога знаете дека заслужувате повеќе.rnrn10. Обидите се добри. Грижењето е добро. Вниманието е добро. Во тренд е да се однесувате како животот да е нешто што треба да го поминете наместо да го искусите. Но, вие добивате од животот онолку колку што ќе вложите.rnrn11. Луѓето не се секогаш оние коишто мислите дека се. Местата нема секогаш да бидат онакви какви што очекувате. Нештата нема секогаш да се одвиваат по вашиот план. Па, грижењето е само трошење време.rnrn12. Единственото конечно нешто во врска со животот е смртта. Кога ќе го земете ова предвид, може да се случи што било. Ова е едноставна изјава, но кога навистина ќе размислите за неа, вистински ќе се ослободите.rnrn13. Моментите кога се чувствувате најлошо се моментите кога најмногу се лажете. Ако верувате дека никој не се грижи за вас, никој не ве забележува и дека никој не сака да успеете, грешите.rnrn14. На сончев ден, понекогаш треба да застанете под сенка за да си го изострите видот и да гледате појасно. Истото важи и за животот. Но, ако ви стане удобно во темнината, ќе ја испуштите целата топлина.rnrn15. Понекогаш оние што ги сакате најмногу ќе ви кажат нешта што не сакате да ги слушнете. Најчесто ова се нешта што најмногу ви треба да ги слушнете.rnrn16. Наместо да си кажувате дека не можете да сакате некого додека не се сакате себеси, почнете да размислувате за фактот дека не можете да му се посветите некому додека не се посветите на себеси. Љубовта е лесна, тешка е посветеноста. Ако не можете да стоите на вашиот збор, како ќе цените кој било? Не само тоа, потребен ви е ваш живот пред да можете да го споделите со некој друг, па почнете да работите на тоа.rnrn17. Немојте да верувате во сè што ќе слушнете или ќе прочитате. Сите имаат нивен начин на разбирање на светот кој можеби нема да одговара со вашиот.rnrn18. Животот е дар, не привилегија. Заблагодарете се што сте можеле да го искусите уште една година и заколнете се дека во 2019-та ќе бидете само свои.

  • 14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врски

    14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врски

    Понекогаш и покрај вашиот труд и најдобрите намери, врската завршува, а вие останувате со неудобни емоции како очај, гнев и тага. Но наместо да мислите зошто ви се случува тоа, почнете да размислувате што можете да научите од тоа искуство. Скршеното срце може да ве научи на многу мудри лекции. Ова се 14-те лекции што сите можеме да ги научиме од неуспешните врски.rnrn14 убави лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врскиrn

    1. Не ги поседувате луѓето

    rnКога сме вљубени, понекогаш свесно или несвесно мислиме дека го поседуваме партнерот. Но факт е дека ова не е вистина. Вашиот партнер има право сам да донесува одлуки за неговиот живот, без разлика дали ви се допаѓаат или не. Не можете да контролирате каде ќе оди, како ќе се однесува или што било слично, без разлика колку долго сте заедно. Најдоброто нешто што можете да го направите е да имате отворен разговор за вашите избори, но потребно е да ја цените неговата индивидуалност.rn

    2. Љубовта не е зависност

    rnЉубовта не значи дека не можете да преживеете еден без друг, како што гледаме во холивудските филмови. Во овој случај станува збор за зависност. Љубовта е слободна вежба на избор. Двајца луѓе се сакаат само кога можат да живеат одвоено, но одбираат да живеат заедно.rn

    3. Љубовта е одделување

    rnЉубовта е дружба помеѓу двајца кои се спојуваат за да си помагаат и да се поддржуваат, без да го изгубат нивниот идентитет во процесот. Љубовниците треба да си остават простор да ги следат своите страсти и да се развиваат. И двајцата партнери треба да поминуваат време насамо за да ја исполнат нивната животна цел, а потоа да се вратат кај партнерот за да ги споделат даровите.rn

    4. Вашиот партнер не е проект што треба да се поправи

    rnАко сакате да промените нечиј изглед или неговите основни карактеристики, тогаш не го цените онаков каков што е. Луѓето созреваат кога се инспирирани и кога сакаат да се променат, тоа доаѓа од нив. Притисокот за промена можеби ќе работи некој период, но на долгорочен план ќе заврши лошо. Ако имате огромна листа со нешта што сакате да ги промените кај вашиот партнер, добро размислете за врската.rn

    5. Страста не останува засекогаш

    rnКога на почетокот сме привлечени од некого, чувствуваме доток на неколку хемикалии во нашиот мозок. Поради ова чувствуваме пеперутки во стомакот и сакаме секој миг да го поминеме со таа личност. Но оваа фаза не трае долго. Дури откако ќе помине ќе знаете дали навистина ја сакате личноста. Ако се грижите за неа и после оваа фаза, тогаш навистина сте вљубени.rn

    6. Некои врски се само лекции, а некои ќе траат засекогаш

    rnЦелта на некои лекции е да ве научат да простувате и грациозно да заборавате. Тие ви помагаат да еволуирате и да станете подобра верзија од себе. Кога ќе ја научите лекцијата, ќе се подготвите и емоционално и духовно за подобра врска во иднината.rn

    7. Врските во кои влегувате се директен показател на вашата вредност за себе

    rnВрските што ги започнувате рефлектираат каде се наоѓате во животот. Ако создавате премногу проблеми, тоа значи дека имате рани кои не заздравиле целосно. Проблемите со кои се соочувате во врските можат да ви покажат на што треба да работите. Некои луѓе доаѓаат во вашиот живот за да ве направат подобра личност и си одат кога нивната улога ќе заврши.rn

    8. Врските се само дел од убавиот живот

    rnВрските се само дел од животот. Постојат многу нешта што треба да ве исполнуваат – пријатели, страст, работа, забава… Не треба да чекате да бидете во врска за да го живеете вашиот најдобар живот.rn

    9. Вашиот капацитет да бидете сами го одредува вашиот капацитет за љубење

    rnЉубовта кон себе е најважниот вид на љубов. Не можете да им го дадете на другите она што го немате за себе. Покажете си безусловна љубов и сочувство. Грижете се за себеси и приоритет нека ви бидат активностите што прават да се чувствувате живо и исполнето.rn

    10. Имајте партнер кој ви е и најдобар пријател

    rnКако што споменавме, фазата исполнета со страст не трае долго. Па ако сакате вашата врска да трае, потребно е да се поврзете на подлабоко ниво со партнерот. Ако партнерот ви е и најдобар пријател, тогаш имате врска која е многу повеќе од само физичка и ментална компатибилност.rn

    11. Компромисот е улица со две насоки

    rnЉубовта значи да направите нешто за доброто на другиот. Но компромисот е улица со две насоки, а вие и партнерот треба да се најдете на средината од патот. Ако само едниот партнер се жртвува и прави компромиси, ова не е љубов, туку саможртвување.rn

    12. Бидете свои

    rnТреба да ви биде доволно удобно за да бидете целосно свои пред партнерот. Ако сметате дека треба да глумите за да го импресионирате, ова е голем предупредувачки знак. Не можете да лажете дека сте некој друг целиот ваш живот. Ако партнерот не ве прифаќа онакви какви што сте, тогаш тој не е вистинската личност за вас.rn

    13. Компатибилноста е клучна

    rnБез разлика колку сте вљубени, ако не сте компатибилни со партнерот, вашата врска нема да трае. Иако нема двајца луѓе кои се согласуваат за сè, потребно е да имате неколку заеднички нешта. Потребно е да бидете компатибилни кога станува збор за животните избори и вредности. Ако вашиот партнер не сака деца, а вие сакате, или ако вие сакате да патувате, а партнерот не, може да настанат многу проблеми.rn

    14. Љубовта нема обврска да направи да се чувствувате целосно исполнети

    rnНе треба да барате љубов и одобрување надвор од вас. Кога барате некој друг да ве дополни, само ќе си создадете проблеми со зависност. Ако не се чувствувате среќно и исполнето кога сте сами, речиси неверојатно е да го чувствувате тоа кога сте во врска.rnrnПогледнете и кои се љубовните лекции кои треба да ги научите во вашите 20-ти.

  • 20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

    20 животни лекции што секој треба да ги научи пред да наполни 20 години

    Сигурно мислите дека сте го сфатиле животот и знаете што сакате и што очекувате од него. Но заборавате дека дури да наполните 20 години, вашите мислења и погледи ќе се променат, и тоа не само еднаш. Овој период полека почнувате да станувате возрасна личност, а тоа може да биде застрашувачко. За полесно да ја преминете транзицијата, добро е да ги знаете овие вистини пред да наполните 20 години.rnrnrn

    1. Одговорноста е навистина важна, но не премногу

    rnСè што чувствувате е емоционална реакција од вашиот мисловен процес. Ако можете да го запомнете ова, тогаш можете да запомнете дека никој не може да ве натера да се чувствувате на одреден начин. Самите ги предизвикувате вашите чувства во зависност од вашите мисли за ситуацијата. Не заборавајте го ова и кога ќе сакате да се чувствувате на одреден начин, размислете. Но ако некој ги оправдува неговите токсични постапки само затоа што не може да направи да чувствувате ништо, оставете го. Ова е манипулација и не ви е потребна.rn

    2. Не правете ги другите премногу важни

    rnЈасно е дека во 90% од случаите, луѓето ќе ве разочараат. Немојте да вложите сè во некого бидејќи луѓето, освен семејството, се привремени. Инвестирајте во луѓето, но поставете граници.rn

    3. Судењето на другите жени ќе ве парализира

    rnКога судењето на изборите или изгледот на друга жена направило да се чувствувате подобро во врска со себе? Никогаш. Можеби мислите дека на овој начин ја зголемувате вашата самодоверба, но само испуштате негативна енергија во светот која ги нагласува вашите несигурности. Само затоа што некој е убав и успешен, не значи дека и вие не сте такви.rn

    4. Луѓето кои мислите дека се неверојатни, најверојатно не го заслужуваат тоа

    rnСекоја личност е различна, но длабоко во себе сите сме еднакво исплашени едни од други. Нашата основа е иста.rn

    5. Вие сте она што сте, сè додека не сте

    rnЛесно е да си создаде притисок да бидете посвесни, полесно да простувате и слично. Но, вашето време ќе дојде и потребно е трпение. Ќе еволуирате со темпо кое ви одговара само вам.rn

    6. Дозволете му на тајмингот да работи

    rnНе откажувајте се од себе. Имајте верба. Имајте трпение.rn

    7. Дозволете си да заборавите

    rnСекогаш кога ќе се почувствувате консумирани од некоја мисла, ситуација или личност, обидете се да се запрашате дали ќе го чувствувате истото 5 години од сега. Ако одговорот е не, заборавете.rn

    8. Потранспарентни сте отколку што мислите

    rnЛуѓето можат да ве прочитаат како сликовница, но вие треба да ја создадете содржинатаrn

    9. Ако сте гласни не значи дека имате самодоверба

    rnЛуѓето мислат дека гласноста зрачи со самодоверба. Но кога сте гласни, се гледа само вашиот напор. Го зафаќате истиот простор без разлика дали сте во центарот на вниманието или не. Самодовербата значи дека можете да го зафаќате тој простор и во тишина.rn

    10. Кога некој ќе ви даде комплимент, заблагодарете се

    rnОдрекувањето на комплиментот можеби изгледа скромно, но само го полни вашиот сомнеж кон себе и му дава дозвола на луѓето да размислуваат лошо за вас.rn

    11. Деловите од себе што сакате да ги сокриете се оние коишто ќе ве ослободат

    rnНемојте да се откажувате од нешто што ве интересира само затоа што другите не го ценат. Она што вие го имате е страст, а таа страст ќе направи вашата идеја да стане реалност.rn

    12. Направете ваш манифест бидејќи туѓиот нема да ви одговара

    rnИзреката на Ганди „Бидете промената што сакате да ја видите во светот“ најверојатно не ви одговара. Што ви е потребно да слушнете? Размислете и запишете го. И вашите зборови имаат моќ.rn

    13. Не опкружувајте се со луѓе кои се постојано уморни

    rnИзморените луѓе ќе ви го расипат расположението само затоа што ќе чувствувате како да не можете да направите ништо за нив. Не заморувајте се и вие за да им помогнете. Нема да функционира.rn

    14. Вашето тело е како возило што сте го изнајмиле привремено

    rnВие не сте вашето тело. Тоа е резултат на околностите. Можете да контролирате како ќе го движите и што ќе правите со него, но не можете да контролирате како ќе го гледаат другите.rn

    15. Размислете за селфи фотографиите

    rnВеројатно секогаш кога објавувате селфи фотографија помислувате дека тоа е залудно. Нема потреба секојдневно да барате признание од онлајн заедницата. Од друга страна, кога се чувствувате добро и убаво, слободно споделете со остатокот од светот.rn

    16. Не користете ја традицијата како мерка за успех

    rnНатерајте се да бидете креативни и да преземате ризици. Имате речиси 20 години и сега сте поотпорни од кога било. Сега е време да правите грешки и да учите од нив.rn

    17. Со прифаќањето на туѓите мислења за вас само им давате лажно право на другите

    rnНикој освен вие нема право да одреди на кои делови од вас им е потребно подобрување.rn

    18. Во ред е да имате очекувања од пријателите, но ако се премногу ќе станете антисоцијални

    rnЕдно е да очекувате вашите пријатели да бидат добри и да ве поддржуваат. Но ако постојано очекувате пријателите да бидат смешни, достапни и позитивни е нечовечки. Имате разни пријатели за разни цели и никој од нив нема да биде совршен. Прифатете ги онакви какви што сте.rn

    19. Ако можете да се шегувате на ваша сметка, се движите по правиот пат

    rnМала победа е да можете да се смеете на себе.rn

    20. Нема да го достигнете врвот во средно училиште

    rnЕден ден можеби ќе ви биде драго што сте созреале подоцна. Сигурно сте мислеле дека личноста којашто сте во средно ќе го одреди вашиот живот. Но по само 3 години ќе имате целосно ново мислење за себе, нова социјална мрежа и ќе го гледате светот на поинаков начин. Ништо не е постојано, па само продолжете да се движите.rnrnПогледнете и кои се кратките животни лекции што кога-тогаш мора да ги научите.

  • Кои лекции сте требале да ги научите од 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?

    Кои лекции сте требале да ги научите од 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?

    И на оваа година полека ѝ се ближи крајот, па сигурно ви донела многу искуства, успеси, грешки, но и лекции. Дали сте се запрашале што е најважното нешто што сте требале да го научите оваа година, или од 2016-та досега? Можете да откриете во продолжение.rnrnШто требало да научите помеѓу 2016-та и 2018-та година според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rn2016: Требало да направите разлика помеѓу она што вие го сакате и она што мислите дека другите го сакаат од вас. Ова ви било година на себеоткривање, година што ве предизвикала и ве натерала да се сомневате во вашите верувања.rnrn2017: Кога сте дознале што треба да се промени, сте почнале да делувате. Ова е годината кога веројатно сте искусиле голема промена и сте го виделе светот на многу поразличен начин. Ова ново разбирање ви ја променило перспективата.rnrn2018: Ова е годината кога треба да одлучите што понатаму. Ќе се ослободите од некои од најголемите прашања кои сè уште постојат во вашиот живот. Ќе си го вратите фокусот во љубовта и во работата, и ќе почнете да ги продлабочувате тие корени и наредната година.rn

    Бик

    rn2016: Требало одново да измислите нешто. Без разлика дали е тоа промена на кариерата или пријателите, она што навистина се променило е вашата слика за себе. Имало делови од вас кои ви требало долго време да ги прифатите. Оваа година сте направиле нешто што не било направено претходно.rnrn2017: Целта било да си поставите граници. Вие сте социјално битие, но во 2017-та требало да научите кога да кажете не, што значи да истапите за себе и што значи да не ви е страв од тоа да не им се допаѓате на другите.rnrn2018: По толку месеци несигурност, новости и барање, ова е годината кога ќе одморите. Вашите лични врски и бизнис подвизи се опкружени со среќа.rn

    Близнаци

    rn2016: Потребно било да ги прифатите промените во домот. Оваа година владеела со вашето блиско семејство и ова бил период на нови предизвици. Сте ги поминале последните неколку години фокусирани на работата и на себеси, но нешто направило да сфатите што е навистина важно – луѓето што ви се најблиски.rnrn2017: Оваа година веројатно сте сфатиле кои ви се вистинските пријатели. Толку време сте се грижеле за погрешните луѓе, па 2017-та ви покажала со кого треба да го минувате вашето време. Оваа година сте го обновиле социјалниот календар и сте посветиле време на нештата и луѓето што ве прават среќни.rnrn2018: Треба да почнете да работите на проектот за кој сонувате отсекогаш. Ова е година кога треба да излезете од зоната на удобност и да изградите нешто за себе. Постои причина зошто понекогаш ви било неудобно – нешто ви кажувало дека треба да направите поголеми нешта. Оваа година ќе го направите првиот чекор кон нив.rn

    Рак

    rn2016: Требало да ѝ дозволите на оваа година да ве изненади. Во 2016-та сте доживеале неочекуван напредок и некои избори оставиле силен впечаток на годините што следуваат. Сте созреале многу. Конечно сте откриле што и кого сакате во вашиот живот.rnrn2017: Ова е годината кога требало да трчате кон вашите цели. Сте почнале да ги живеете вашите амбиции. Зад вас се деновите на мечтаење, сте презеле одговорност и вистински сте се предизвикале.rnrn2018: Потребно е да ја пуштите љубовта внатре. Не е важно дали сте сингл или во среќен брак, оваа година најважна ви е љубовта. Без разлика дали станува збор за партнер, пријатели или љубов кон себе, оваа година направете ги приоритет важните нешта – луѓето кои ги сакате, нештата што ги сакате и работата што ја сакате.rn

    Лав

    rn2016: Требало да се ослободите од планот. Во овој период требало да прифатите дека нештата нема да се одвиваат како што сте планирале, но тоа не значи дека ситуацијата е лошо. Иако понекогаш сте се прашувале што следно, најдобро е да му дозволите на животот да ве води. Обично кога губите нешто, тоа е за ваше добро.rnrn2017: Оваа година требало одново да се најдете себеси. Неуспесите од 2016-та влијаеле на вашата самодоверба, а ова ви се случува навистина ретко. Ако сте ја преживеале минатата година, можете да преживеете сè.rnrn2018: Оваа година е потребно да отидете каде што не сте биле досега. Ќе ги проширите вашите граници, ќе се состанувате со нови луѓе, ќе пробувате нови нешта. Ќе откриете дека во животот ве чека многу радост, но само ако ѝ дадете шанса.rn

    Девица

    rn2016: Ова е годината кога сте се соочиле со нештата што не функционирале за вас. Требало конечно да го оставите вашето минато во минатото.rnrn2017: Требало да следите нов сон. Ова е годината кога веројатно сте тргнале на нова, долгоочекувана авантура. Можеби тоа било нова врска, нова кариера или пак некое патување. Оваа година требало да преземате ризици и да се ослободите од нештата што ви сметаат.rnrn2018: Потребно е да донесете некои одлуки. По двете години војна помеѓу она што мислите дека ќе функционира и она што знаете дека нема, ова е годината кога ќе се одлучите. Или ќе успеете како никогаш досега, или ќе се помирите со идејата дека сте пробале нешто ново, што не траело засекогаш.rn

    Вага

    rn2016: Претходните години биле полни со промени, а сè започнало со 2016-та кога ви се осветлил патот за нови конекции. Можеби овие конекции биле со партнер, колеги, па можеби дури и со самите себе.rnrn2017: Требало да сфатите како се кочите самите. Оваа година требало да ги откриете нештата што ви штетат и да се ослободите со нив.rnrn2018: Потребно е да научите како да уживате во резултатите. Оваа година ќе заврши она што започнало во 2016-та. Ќе се посветите на врската, ќе станете финансиски стабилни и ќе ја следите вашата визија за себе.rn

    Скорпија

    rn2016: Требало да научите како да си гледате за себе. И покрај тоа што често сте сигурни во себе, навистина сте загрижени за туѓото мислење. Оваа година требало да почнете да верувате во вашата моќ.rnrn2017: Требало да ги прифатите чувствата што толку долго сте ги криеле. Оваа година требало да се соочите со емоциите, се разбира со цел. Следната година е за вашето обновување.rnrn2018: Треба да почнете од почеток и време е да го изградите животот од соништата. Врските, работите, предизвиците и изборите што ќе ги направите сега ќе имаат позитивно влијание многу години во иднината.rn

    Стрелец

    rn2016: Оваа година сте се соочиле со неуспесите и начинот на којшто можете да се подобрите. Оваа година веројатно ве споила со луѓе со кои најмалку сте очекувале. Ова било година на истражување на умот, телото и духот.rnrn2017: Потребно било да научите како одново да се поврзете. Без разлика дали тоа бил родител или далечен роднина, ова е годината кога одново сте го отвориле вашето срце за вистинските луѓе.rnrn2018: Потребно е да направите значителна промена во вашиот живот. Ова може да значи да се преселите, да ја промените кариерата или само да ја промените секојдневната рутина. Оваа година ќе се срушат сите нестабилни мостови, а тоа е за ваше добро.rn

    Јарец

    rn2016: Лесно ги прифаќате туѓите идеали како ваши, а оваа година требало да престанете со тоа. Требало да научите како да размислувате и да чувствувате автономно.rnrn2017: Потребно било да откриете што не функционира. Оваа година не ве држела назад – сте сфатиле кои врати се затворени, кои луѓе се лоши и кои бизниси би биле успешни.rnrn2018: Потребно е да започнете патување кон непознатото. Оваа година ќе направите нешта што не сте ги направиле досега. Ќе се изненадите себеси со вашата способност и ќе живеете само за себе.rn

    Водолија

    rn2016: Требало да научите да бидете трпеливи. Некои години се револуционерни, некои се мирни, а некои само постојат. 2016-та спаѓала во последната група и ви изгледало како ништо да не се придвижува.rnrn2017: Требало да научите да верувате. Не е лесно да ги пуштите другите во вашите идеи за бизнис, љубов или живот, но ова е неопходно. Оваа година сте почнале да се отворате кон потенцијалот за кој не сте знаеле дека го имате.rnrn2018: Изминативе години сте сфатиле дека тимската работа е важна. Па, од ваш интерес е да бидете најдобриот партнер, или во некои случаи најдобриот шеф. Ова значи да се потпрете на вашата емпатија и да останете фокусирани на поголемата визија.rn

    Риби

    rn2016: Требало да погледнете во вашето минато. Оваа година сте се потсетиле на некои од најмрачните трауми од животот. Ова не било за да страдате, туку за да сфатите дека треба да ги оставите во минатото и да продолжите понатаму.rnrn2017: Требало одново да ја најдете страста. Изминативе години сте биле помалку задоволни од животот бидејќи страста ви била потисната од одговорностите и загубата. Оваа година сте откриле што навистина сакате, или сте забележале некоја погрешна одлука.rnrn2018: Треба да го промените вашиот живот на подобро. Со сите докази што сте ги собрале изминативе години, сега е време за делување. Знаете каде сакате да одите, само треба да знаете дали сте доволно храбри за да се упатите натаму.rnrnДознајте и што да очекувате во следната кинеска година на земјената свиња.

  • Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците

    Секогаш враќајте ја услугата: 8 животни лекции што можете да ги научите само од Јапонците

    Ејми Чавез е американска новинарка што живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозната земја. Кога прв пат зачекорила во Јапонија, не можела да си поверува колку е сè ефикасно и средено. Улиците се чисти, возовите стигаат на време, а луѓето се тивки и љубезни. Некои можеби и малку ексцентрични, но токму тоа им дава посебен шарм. Во секој случај, никој не се враќа од оваа земја онаков каков што бил. Погледнете во продолжение кои се лекциите што таа ги научила од Јапонците, и што секоја земја би требало да почне да ги применува.rnrnrn

    1. Секогаш враќајте ја услугата, без разлика на сè

    rnВо Јапонија, многу брзо ќе научите дека ако прифатите услуга, мора и да ја вратите. Тоа не мора да биде нешто големо, но би требало да покажува благодарност. Ако, на пример, некој ви помогне да внесете нов кауч во домот, тогаш би требало да возвратите барем со еден пијалак.rn

    2. Љубезноста е многу повеќе од „благодарам“ и „пријатно“

    rnЉубезноста и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако на улица прашате некој да ви помогне со насока, тие или ќе ви нацртаат мапа или ќе ве одведат онаму каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи и несебичност.rn

    3. Ставајте ги другите пред себе

    rnНајдобриот начин да им покажете на другите колку ви се важни, е доколку ги ставите на прво место. Правете им мали услуги, обрнете им внимание. Во јапонските домови дури постои и специјално место за седење на гостите, што е најубавото место во куќата.rn

    4. Никој од групата не е исклучен

    rnВо Јапонија сите се секогаш поканети. Затоа и нема непријатни моменти помеѓу познајниците, пријателите и семејството. Токму оваа вклученост нè учи да бидете толерантни кон сите, дури и оние што се целосно различни од нас.rn

    5. Слушајте ги сите

    rnЈапонците секогаш ќе ви дадат шанса да го изразите своето мислење. Тие умеат да слушаа! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој ќе го има последниот збор. Така стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме туѓите погледи и мислења. Исто така, Јапонците секогаш настојуваат да разговараат мирно, да не се караат и да не ги наметнуваат своите ставови на другите.rn

    6. Не треба да бидете националисти

    rnСите ние (помалку или повеќе) ја сакаме земјата од која потекнуваме. Но, нема поента да им докажувате на странците дека вашата земја е најубава и најдобра на целиот свет. На крајот од краиштата, не постои нешто што е „најдобро на целиот свет“ – секој различно и субјективно ги доживува нештата.rn

    7. „Ганбару“ – работете најдобро што можете

    rnНе постои превод за овој збор во нашиот речник. Тоа значи дека не треба да се откажете кога нештата ќе станат малку потешки, и кога треба да се вложи повеќе време, пари и енергија од планираното. Во Јапонија се очекува да се заврши до крај секоја работа што е почната, без разлика на околностите.rn

    8. Ветувањето треба да биде исполнето

    rnВо Јапонија, ако некој нешто ви вети, тој навистина мисли да го направи тоа. Ветувањето не се заборава, без разлика на сè. Дури и вие да заборавите, кога-тогаш, тој што ветил ќе си го оствари своето.rnrnЧудесни Јапонки: 5 тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и кои живеат најдолго.